The following warnings occurred:
Warning [2] count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable - Line: 871 - File: showthread.php PHP 7.4.33 (Linux)
File Line Function
/showthread.php 871 errorHandler->error





Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЕЛЕШКИТЕ НА ЦИА ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Државниот Архив на Македонија 2019 година, преведувал белешки на СИС-ЦИА за периодот од 1946 па до 1995 година. Но во двотомното издание недостасуваат , не се преведени белешки кои фрлаат друга светлина на настаните во и околу Македонија.

[Image: CIA2korica.jpg]


Ние од Македонскиот Информативен Центар уште кога ЦИА ја симна доверливоста 2017/8 преведовме дел од белешките но до ден денеска не најдовме издавач кој сака да ги објави!
Инаку документите, оргиналите и преводот беа објавени на форумот КОТЛЕ, но набргу после објавата форумот беше хакиран и делот со белешките не можевме да го повратиме.
Еве една белешка врзана за ВМРО, поточно за преговорите на Југославија со Ванчо Михајлов во Анкара!!

[Image: 286238669_748032983039000_47630963599994...e=62CBF9CD]


Quote:ЦЕНТРАЛНА РАЗУЗНАВАЧКА АГЕНЦИЈА
ДРЖАВА: Југославија/Бугарија
ПРЕДМЕТ: Југословенски пакт со македонското суверенистичко движење
Датум на дистрибуција: 23 јуни 1949 година
1. Официјален состанок беше одржан во Анкара, Турција, за време на месец март 1949 година помеѓу југословенски делегати и делегати на ВМРО предводени од Ванча Михајлов. Михајлов побарал и добил од југословенската делегација писмен договор според кој Југославија ќе ги насочи сите свои дипломатски акумен и активности кон формирањето на независна македонска држава. Југословенската влада се согласи да го направи секој напор кон обезбедувањето на меѓународни концесии во прилог на оваа нова држава, и да повлијае врз јавното мнение во Грција, Бугарија и Југославија во прилог на овој план. Понатаму, југословенската Влада надополнително ќе се обврзе да ја субенционира ВМРО за период од две години следствено на заклучувањето на овој договор.
2. За возврат, Михајлов делувајќи во името на ВМРО, се обврза да воздржи од било какви анти-југословенски активности, и да ја промовира агитацијата за независност помеѓу Македонците во Бугарија. ВМРО ќе се обиде да ги сврти симпатиите на Македонците во Бугарија и Грција, во прилог на Југославија.
3. Значително, договорот предвидува македонската држава да биде демократски уредена, со влада којашто нема да биде ниту про- ниту анти-комунистичка.
4. Договорот понатаму предвидува заеднички одбрамбен пакт помеѓу новата држава и Југославија. Меѓутоа, пактот ќе престане да биде на сила во моментот кога Југославија ќе се обиде да изврши притисок врз внарешната политика на Македонија. Договорот понатаму одредува дека Разузнавачката служба на ВМРО, која е активна во Руманија, Бугарија, Грција и Албанија, ќе биде ставена во услуга на Југославија. Во случај на вооружен судир, на македонските отпорнички сили ќе им бида наредено да делуваат со силите на Југославија.
5. Југословенската делегација направи обид да вметне клаузула во договорот со која македонската држава би изразила поддршка за Балкански сојуз. Меѓутоа, Внатрешната македонска револуцинерна организација одби да се завети по ова прашање, и затоа беше оставено за друга прилика.
ХХХХХХ коментар: Мислење е на изворот дека ниедна од странките не делува целосно искрено при влегувањето во овој пакт. Југославија се надева да се здобие со контрола над ВМРО, додека вториве сметаат дека им е од полза да се здобијат барем со привремена поддршка за идејата за независна Македонија додека трае судирот помеѓу Тито и Коминтерната.
ХХХХХХ коментар: За време на првата половина на 1946 година беше известено дека Михајлов загинал во судир со бугарските безбедносни сили. За време на следните две години многу ретки беа извештаите поврзани со Михајлов и ВМРО, освен тоа дека Михајлов под лажно име, наводно се криел „некаде во Австија“. Во доцна 1948 и рана 1949 година различни југословенски извори во егзил известуваа дека Михајлов влегол во Италија и сега живее во Рим. Меѓутоа, за време на истиот период имаше извештаи дека неколку години Михајлов станувал во Буенос Аирес, Аргентина, и дека неодамна му пришле југословенски про-информбировци со предлог да повлијае врз Организацијата да отпочне активен отпор против Тито а за возврат да добие независна Македонија.
17-04-2022, 01:29 PM
Reply


Messages In This Thread
БЕЛЕШКИТЕ НА ЦИА ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ - by ЈорданПетровски - 17-04-2022, 01:29 PM