Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Михајло Пупин: првиот македонист или заложбеник за великосрпската кауза
Author Message
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 42
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#1

Деновиве налетав на текст (види подоле) на Блаже Миневски во порталот denesen.mk насловен „ВУДРО ВИЛСОН ДО МИХАЈЛО ПУПИН: Букурешкиот договор е на корумпираните балкански буржоазии, инсистирај на автономна Македонија“. Текстот е од 9.9.2018 година, и до сега бил споделен преку две илјади пати, а бил лајкуван 81 илјада пати. Текстот е тешка манипулација и е школски пример за извртувањето на историските факти и нивното селективно нагласување и премолчување со цел да се задржи лажната слика за македонската историја која ни ја сервираат режимски одобрените историчари на србокомунистичката клика.

Секако, Миневски како режимски слуга, само си ја врши должноста. „Историчар“ како него не би можел ниту да дипломира во меритократски систем, а не пак да добие прилика да издава трудови. Нејсе, ниту е македонското општество меритократија, ниту е Миневски историчар. Македонското општество е отворен затвор најсродно со култашка комуна, а Миневски само еден од мегафоните чија задача е народот да го држат во бунило. Меѓутоа, текстовите како овој на Миневски не би биле толку ефективни колку што очигледно се доколку немаше публика која сака да ги чуе лагите кои тој и оние како него ги шират. Таа публика, свесна за својата ништожност, за фактот дека нема ништо постигнато во животот и свесна дека нема намера во догледно време да го менува својот мрзешлив карактер, сака некој да ја лаже и да ја величи. Па така, кога Миневски вели дека објективно големиот научник од доцниот 19 и раниот 20 век, Михајло Пупин се залагал за автономна Македонија по барање на Вудро Вилсон, таа ништожна публика скока од радост и вели, „Еј, видете бре копуци! Големи сме биле, големи ќе останеме!“

Поентата на Миневски е да покаже дека отсекогаш имало Македонци со македонска самосвест, и дека „бугаршките“ слуги на бугарскиот дворец од ВМРО се вистинските непријатели на македонската кауза. Како и во случајот на претходниот „македонист #1“, Крсте Петков Мисирков, изложувањето на сите факти покажуваат нешто сосема друго! Тие покажуваат дека македонската самосвест била речиси непостоечка во апсолутна смисла, и дефинитивно непосточека во смисла на денешното сваќање на работите, сѐ до втората половина на 20 век. Ова значи дека имаме многу посериозна задача пред нас во однос на оформувањето на вистински македонски идентитет, идентитет кој мора да биде заснован на фактите, и кој мора да биде опрезен од опасноста која постојано нѐ бдее: склоноста на македонското население да бара експресно решение за своите проблеми преку правење на зделки со Ѓаволот.

Додека не почнеме да се соочуваме со вистината, ќе останеме заробеници во тој отворен затвор. Во продолжение на темава ќе постирам: епизода 33 од видео-подкастот „Гласот на слободна Македонија“ во кој ја дискутираме колумната на Миневски; поглавјето „Југославија“ и релевантни извадоци од поглавјето „Бугарија“ од книгата „Париз 1919“ од Маргарет МекМилан; извадоци од „Црна рука врз Европа“; научното дело „О НАЦИОНАЛНОМ РАДУ МИХАЈЛА ПУПИНА“ од Гласникот на српското географско друштво; извештајот на Ангел Којунџиев до ЦИА во кој е прикачен меморандумот на Џемс Бушѐ кој го спомнува Миневски; четрнаесетте точки на Вудро Вилсон.



(This post was last modified: 24-09-2019, 02:57 PM by Црн Душко.)
24-09-2019, 02:51 PM
Reply


Messages In This Thread
Михајло Пупин: првиот македонист или заложбеник за великосрпската кауза - by Црн Душко - 24-09-2019, 02:51 PM