Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
FOLK FEST VALANDOVO 2010
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#2

Рутинска победа на Ленче Кукиќ и Благица Калева

Ноторната констатација дека Фолк-фест „Валандово“ веќе со години од национална е сведен на локално ниво, годинава, по 26. издание, е разочарувачки засилена - дека фестивалот веќе не им е интересен ниту на валандовчани. Дури ни дождот не е оправдување за полупразната сала за финалето на фестивалот и уште попразните улици, кога се' уште се живи спомените за ренесансата на градот во време на одржување на Фолк-фест „Валандово“.

Во таков амбиент на апатија и незаинтересираност, некако се чини дури и депласирано да се зборува за песните. Апсурдно, но чувството незибежно се наметнува.

Дека фестивалот се одржал и во оваа 2010 година официјално може да се потврди (освен со снимките на МТВ, ако останат) со доделените награди. Победите на Ленче Кукиќ, со песната „Вино и љубов“ (од жирито), и на Благица Калева, „И на јаве, и на сон“ (од публиката), по нивното речиси неизбежно присуство меѓу наградените, со години наназад - изгледа сосема рутински. Ленче Кукиќ доби и признание за најслушана песна меѓу два фестивала за минатогодишната песна „Чудо чуда направив“.

Публиката ги награди со своите гласови за второто место Верица Русева со „Пицикато“ („Денес е денот наш“), а за третото место Виданка Георгева ја испеа „Славно Мариово“. По традиција, третата награда од жирито ја поделија Ефто Пупиновски за песната „Ако сакаш мирно море“ и Јасмина Гуњова, пеејќи „Убаво ми е“. Втората награда жирито му ја додели на Влатко Миладиновски за песната „Аманет“.

Наградата за интерпретација му припадна на Игор Ангелов, кој ја испеа „Камбани стари не бијте“, песна што му донесе признание за најдобар аранжман на Јосиф Христов. Огнен Неделковски е награден за најдобар текст на фестивалот за стиховите во песната „Ако сакаш мирно море“. Нино Величковски од фестивалот се здоби со признание за 20 години континуирано учество на Фолк-фест „Валандово“. (Ј.П.)
10-06-2010, 02:53 AM
Reply


Messages In This Thread
FOLK FEST VALANDOVO 2010 - by mence - 10-06-2010, 02:48 AM
RE: FOLK FEST VALANDOVO 2010 - by mence - 10-06-2010, 02:53 AM