Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна

1)
Самата закана

На митингот во Охрид граѓанинот Никола Груевски освен што ветуваше “брда и долини “ на граѓаните упати и закана за граѓанска војна .
Груевски јасно кажува дека “базата” едвај чекала да добие СИГНАЛ да и возврати на опозицијата со “ВМРО-вски одговор” и тоа од причина што опозицијата првоцирала и се заканувала .

Тоа го кажува (час минут секунд според снимката)

од 00:21:35 до 002340

Никола Груевски народен собир Охрид 2 дел






2)

На можноста од граѓанска војна укажува и Љубчо Георгиевски во најновиот број на Фокус

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: АКО НЕМА АМНЕСТИЈА МОЖЕН Е КОНФЛИКТ МЕЃУ САМИТЕ МАКЕДОНЦИ!

Џелал ХОЏИЌ
Ако груевизмот ги преживее „бомбите“ и налетот на опозицијата, тогаш диктатурата во Македонија ќе наликува на оние во африканските држави, што е полошо од оваа досегашната

ФОКУС БР 1020 ОД 24 АПРИЛ 2015

http://fokus.mk/vesnik/1020/

Тоа што го кажува Љубчо беше отфрлено од СДСМ а потоа и ДПМНЕ
Но амнестија нее ниту возможна .
СДСМ нее суд да суди или претседател да амнестира .Од друга страна и граѓанинот Ѓоѓе Иванов кој неовластено влегува во Претседателскиот кабинет неможе ама баш никого да амнестира .Граѓанинот Ѓорѓе Иванов исто како и граѓанинот Никола Груевски неовластено влегуваат во службени простории .
Никаде во свет мафио злосторнички здруженија не се амнестираат.
Плус тука работите отишле предалеку .Злосторничкото здружение чиј водач е Груевски се занимавало (и сеуште тоа го прави ) со пљачка на државнот буџет (разврат) , киднапирање луѓе (Кежаровски) , нанесување на огромна материјална штета на други луѓе (случајот Космос ) , неразјаснети самоубиства (новинарот се самоудавил во кофа) , неразјаснети несреќни случаи (Никола Младенов ) , заташкување убиства (Мартин Нешковски ) , уцени , рекет ,пљачки , заташкување со дрога (синот на Вељановски ) крадење на туѓи фирми и нивно присвојување како свој под закана , изборен криминал ,политички затвореници , монтирани судски случаи итн итн итн .
Имаме криминал од гигантски размери направен од Груевски и неговото злосторничко здружение .

3)

На можноста од граѓанска војна предупредува и Универзитетскиот професор Јове Кекекновски

(ВИДЕО): Амстердамската тројка се обрати преку медиумите во Белград и побара преодна влада

Објавено во: Ексклузивно Автор: Фаланга Датум: 24 Април, 2015
Ексклузивно обраќање на Амстердамската тројка.

Поранешен претставник на високо ниво во Владата на Република Македонија, и членови на ВМРО-ДПМНЕ на власт, познати како Амстердамска тројка, бара од премиерот Никола Груевски да поднесе оставка поради длабоката политичка криза во земјата.

Тројката се обрати преку медиумите во Белград.

Тие велат дека Македонија ја има изгубено слободата, демократијата и правото на глас, и дека Груевски со своите постапки ја загрози стабилноста на државата.

Премиерот, велат тие, никогаш немал искрена намера за Македонија кон Европската Унија и Евро-Атлантските интеграции.

За последниот инцидент на Косовската граница тврдат дека е монтиран процес, исто така тврдат дека во Македонија владее сиромаштија и БЕСПЕРСПЕКТИВНОСТ што е причина за ГОЛЕМО ИСЕЛУВАЊЕ на населението надвор од државата.

Амстердамската троја нуди решение во формирање на преодна влада и бараат опозицијата да се врати во Парламентот за да се распишат избори.

Амстердамската тројка ке има обраќање и во Приштина и Софија, а во Скопје ке се појават многу брзо.

Повеќе информации од Белград има Ѓорѓе Костиќ.

Слушнете

http://falanga.com.au/video-amsterdamska...odna-vlada


Kostić o obraćanju Amsterdamske trojke







Слободен печат бр 453 од 25-26 апр 2015

Универзитетскиот професор Јове Кекекновски , еден од основачоте на ВМРО-ДПМНЕ ,кој неодамна беше исклучен од партиските органи , рече дека со Македонија владее една политичка олигархија која го сочинува нелигитимното раководство предводено од Никола Груевски.
- Неговиот став дека народот и државата може да се урнат , но тој мора да остане на власт .Стравувам дека ситуацијата ЌЕ ЕСКАЛИРА кога граѓаните ќе излезат на улица зошто демократските средства се ИСРПЕНИ -рече Кекеновски .

http://www.slobodenpecat.mk

4)

Груевски и неговото злосторничко здружение си ја пробаа среќата со меѓуетнички тензии но засега неуспешно а тоа може да биде причина отсега Груевски повеќе да форсира граѓанска војна .

Блиц: Власта сама го огранизирала нападот во Гошинце

од НОВА објавено на: 25-04-2015

Српскиот "Блиц" тврди дека нападот на полицијата во македонското село Гошинце е исцениран за да се пренасочи вниманието од шпионската афера во чиј центар е премиерот Никола Груевски. „Блиц“ се повикува на информации на српските безбедносни служби.

Во текстот под наслов "Шпиунска афера: Самиот врв на власта им платил на Албанците за нападот" се тврди дека за нападот биле издвоени два милиони евра, а го организирале двајца водачи на криминално-терористички организации Сами Укшини, викан Сокол од Ѓаковица и Ризе Бега од околината на Пеќ.

Тие двајца само еден ден претходно имале средба со претставници на ДУИ.

"Сознанијата укажуваат дека парите им се дадени за намерно да ја нападнат станицата. Претставници на ДУИ биле против тоа сценарио и на средбата побарале акцијата да не биде изведена. Очигледно е дека двајцата постапиле според упатствата на некој многу повлијателен", вели за „Блиц” извор кој ги знае информациите на безбедносните служби

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21882

НО

Па тогаш што го прави Груевски толку многу сигурен самоуверен .

ДА и јас лично мислам дека Груевски навистна има силни аргументи за вакво сценарио во кое веќе му е загарантирана победата

Ќе ги разгледаме во продолжение на темата .
27-04-2015, 12:01 AM
Reply


Messages In This Thread
Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна - by Flok - 27-04-2015, 12:01 AM