Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДПМНЕ Одбива создавање и на анкетна комисија
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

ДПМНЕ Одбива создавање и на анкетна комисија

ДПМНЕ мољакаше да се вратат пратениците во Собранието после државниот удар со ветување дека настаните од 24 декември ќе биле расветлени со анкетна комисија .
Е ај што заклучоци на таа анкетна комисија не се обврзувачки за никого па сега се произнесува дека и не сака да се формира и да ги расвелат случувањата од тој ден .Финтата била само да се намамат пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието со единствена намера дека така би се легализирал државниот удар-насилното менување на Уставно-правниот поредок на Репубика Македонија која од 24 декември 2012 година престана да постои .

Еве :

Нема договор кој ќе ја води комисијата за „црниот понеделник“
Објавено: 20.03.2013

И на третата средба меѓу генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Кирил Божиновски и Андреј Петров, за да се избере претседател на експертската комисија за настаните во и пред Собранието на 24 декември, денеска не се постигнал договор кој ќе претседава со комисијата, која сè до избор на овој кадар нема да почне со работа во Собранието.
Шефот на претседателскиот кабинет, Борис Јосифовски имал одвоени средби со претставниците од двете партии, но не бил постигнат консензус за петтиот член на анкетната комисија.
Во составот на комисијата која треба да го расчистува инцидентот од „црниот понеделник“, од владејачката партија членови се пратениците Илија Димовски и Благородна Дулиќ, а од СДСМ - универзитетските професори, Љубомир Фрчковски и Рената Десковска.
Според информации од кабинетот на шефот на државата, планирани се уште две средби во истиот состав, во обид да се избере првиот човек на комисијата која ќе ги расчистува настаните кои доведоа до политичка криза во земјава.

http://www.plusinfo.mk/vest/85472/Nema-d...ponedelnik-

И со цел да се забошоти целата работа да се избегне дури и создавањето и работа на таква анкена комисија се применуваат познатите трикчиња со некакво вербално терминолошко пропагандно замаглување на реалноста .
Па така во моментов како ете непотрено создавње на таа-таква коисија се наведуват неколку причини од кој некој ќе ги рагледаме сега .

1 )
Како причина за непотребност од таква комисија се наведува дека ете пратениците се вратиле во Собранието а со тоа ....... “состојбата се стабилизирала “
И ај сега треба да мозгаме што му значи тоа ..“стабилизирана состојба “ .
Абе луѓето-пратениците издоа ќотек и беа исфрлени од својте работни места за да се украдат 200 милијони евра од буџетот со кој ДПМНЕ победи на локалните избори а потоа се донесоа некакви закони во услови кога пратениците под закана од нови терористички напади загрозеност на својте животи оправдано неможеа да присуствуваат на својте работни места . А бидејќи беа нападнати од трета страна – надворешен фактор тоа значи ..државен удар – насилно менување на Уставно правниот поредок .
Е сега и со тоа што се вратиле во Собрането што е стабилизиранто ?
Во моментов Македонија е само географска територија без воспоставен Уставно -правен поредок . Ако се оди на варијанта да се легализира држаниот удар бидејќи беше донесен буџет и други закони без оправдано отсутната опозициај треба да се менува уставот и така со дво-третиснко мнозинство буџетот и другите закони кој беа донесени без опозицијат да станат легални со сите ризици дека ако се смени власта секоја наредна власт ќе има право да го прави истото значи да избрка-истепа пратенци од Собрание со закана за нивни животи додека си донесе закони кој и одговараат а потоа да ги кани да се вратат во Собранието .Тоа е еднствениот начин друг начин непостои .Тоа ако се оди на варијанта дека ќе се заборави е сулуда идеја .При сите сведоци , видео аудио записи е смешна и самата помисла .

Демек :
Ете ги се вратија во собранието ништо не и ме на луѓето – живи се !
Ова како медицински извештај .... “ пациентот е во стабилна состојба навистина во безсонание ама ставен е на апарати за вештачко дишење а бидејќи ваквата состојба трае неколку последователни дена значи ....состојбата на пациентот е стабилизирана ..уште дава знаци на живот “ ...хахахах глупости невидени .

Ова испаѓа ако одиме по таа логика дека ќотекот од 24 декември имал “делотворно стабилизирачка улога“ тогаш :
Ако им тратат уште еден ќотек на пратениците од опозицијата тогаш ќе добиеме “уште постабилна состојба “ оти магарињата ќе се научат да јадат ќотек а бидејќи се навикнале – кожичката им отрпнала на ќотек нема потреба од грижи оти ќе им помине како на кутриња
Ако после им тратат уште еден ќотек ќе добиеме “ептен стабилизирана состојба“ а на магарињата од опозицијата кога ќе им поминат модриците ќе биат џоа нови дури ќе се чуствуваат како подмладени ..
Е ако после тоа им пратат некој батки онака робусни да ги раскршат од ќотек да ги стават под нога додека не осетат дека им крцкаат ковчињата под нога ууууууу човече па ние би добиле една армирано – челично-бетонска конструкција една “стабилизирана состојба на трајни основи “ со сите можни адитви , конзерванси и запршки .Ова последната состојка – запршката е задолжителна оти баш таа го одредува вкусот а со тоа и квалитетот на “состојбата “

Бе ај што се просераваат со глупости .На 24 декмври имаме насилна промена на Уставно правниот поредок – систем укината е Република Македонија и може да има само едно решение а тоа е :
По Дефиниција :
Мора да има правна - судска разрешница за настаните од 24 декември 2012 година за сите кој биле директно инволвирани во тој настан . А тоа најпрво се самите организатри кој се гледаат на снимките лицата Јанкуловска Гордана и Ставревски Зоран како и лицето Груевски Никола кој самиот призна дека активно учествувал заедно со претходно наведените лица со кој формирале злосторничко здружение со цел насилно уривање -менување на Уставно-правниот поредок на Република Македонија .
Тоа е единственото решение .
Се друго е распад на Македонија .Крај на прикаската .

2)
Како втора главна причина дека нема потреба од форирање дури ниту на анкетна комисија што се пропагира е дека за лицата Јанкуловска Гордана , Ставревски Зоран и Груевски Никола доволна казна ќе биде што ќе сноселе ...“морално -политичка одговорност “

Ајбе бе ...се шегуваш ....морално – политичка одговорност велиш а ?
Е ајде давидиме што тоа значи практично .
а)
Политичка одговорност ...абе тоа дали партијата (ДПМНЕ )ќе ги осуди или не дали ќе ги смени или не се внатре-партиски проблеми што имаме ние врска со сето тоа .
Си имаат партиски статут си имаат партиски органи и тоа си е нивна внатрешна работа што има нас да не замараат со нивните проблеми .
А башка што самата партија ДПМНЕ јасно се произнесе дека се согласува со државниот удар – укинувањето – непостоењето на Република Македонија дека е против постоењето на државата Репубилка Македонија
б)
Морална одговорност
Што ќе рече ..одговорност според накекви морално етички кодекси дека ќе трпат ЈАВНА осуда од општеството од другите луѓе .
Е сега тоа дал некој ќе им реќе “ уа срам да ви е “ или нема да им рече е приватана работа и нее обврзувачка и задолжителна . Морално-етичките кодекси имаат некаква превентивна улога ПРЕД некој да направи кривичнодело .
Оти ако некој направи -стори кривично дело значи е ПРОПИШАНО СО ЗАКОН тогаш државата си има свој инструменти -иснтитуции како да ги санкционира прекршителите на законот . Додека морално -етичките кодекси поимаат ненасилно дејствување како вербални дофрлања , игнорирање , бојкотирање итн кај државата имаме случај и на УПОТРЕБА НА СИЛА кон прекршителите на законот ако треба се активираат војска полиција итн .

Е сега лицата Груевски Никола , Ставревски Зоран и Јанкуловска Гордана не се прешители на некави морално-етички кодекси туку се СТОРИТЕЛИ НА ТЕШКИ КРИВИЧНИ ДЕЛА од типот неовластен упад во Собранието , раководење со терористички банди , нанесување на тешки телесни повреди на пратеници и тоа на нивно работно место и најтешкото кривично дело насилно менување на Уставно правниот поредок на Репулика Макеоднија ..
Државите покрај другите функции се занимаваат со санкционирање – прогон и казнување на сторители на кривични дела а не со морано етички кодекси кој им се препуштени на други организации или општо на совеста и свеста на секој поединец во општеството .

Тука имаме сторители на тешки кривични дела а не прекршители на некакви морално -етички кодекси .
Ако одиме по таа логика да им се даде избор на лицата Груевски Н, Ставревски З и Јанкуловска Г . да бираат дали како сторители на тешки кривични дела пропишани со Закон дали сакаат да им се суди според Законот (кој свесно – плански го прекришле самите се организатори )или сакаат да трпат санкции од некакви НЕПИШАНИ морално -етички кодекси ( значи НИКАКВА КАЗНА ) тогаш ИСТОТО Право МОРА да им се даде и на сите осомничени и на сите осудени лица кој издржуваат казна затвор поради некакви сторени кривични дела .
Треба секој затвореник да се праша дали и понатаму сака да издржува затворска казна заради стореното кривично дело или може да бира да шета слободен да трпи некаква морално -етички осуда од другите луѓе . Исто и секој осомничен за сторено кривично дело итн.

Непојавувањето на лицата Груевски Никола , Јанкуловска Гордана и Ставрвски Зоран пред суд каде би одговарале за строрените тешки кривични дела значи распад на целиот правен систем (судови , јавни обвинителства итн) комплетно .
Веќе никој нема да биде должен да одговара ниту за кривични дела а камоли за прекршочни и други поситни дела пропишани со закон .Ако не се појаат на суд да одговараат за сторените тешки кривични дела тогаш сите судски процеси мора веднаш да се прекинат . Исто така и сите затвореници веќе ќе немаат статус на осудени лица туку на лица кој се противправно лишени од слобода бидејќи Уставот и Законите и целиот правен систем се комплетно распаднати и престанале да важат .Исто така и полицијата и сите органи нема да смеат да лишуваат од слобода други лица оти законите престанале да важат оти целиот правен систем се распаднал а кога ќе биде воспоставен сеуште не се знае .Самата работа на полицијата и другите државни институции ќе стане незаконска и никој ќе нема обврска да ги почитува ниту да се придржува кон било кој закони .

Се додека лицата Груевски Никола , Јанкуловска Гордана и Ставревски Зоран не се појават на суд да одговараат за сторените тешки кривични дела .

Какви морално – етичка -политичка одговорност какви бре срања што си играат играчки .
26-03-2013, 03:03 AM
Reply


Messages In This Thread
ДПМНЕ Одбива создавање и на анкетна комисија - by Flok - 26-03-2013, 03:03 AM