Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНКО БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ СТАВОВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#81



Quote:БАЧЕВ: ПРИФАТЕТЕ ГО ПЛАНОТ НА НДМ И АЈДЕ СИТЕ НА ИЗБОРИ

Петок, 25 . 02 . 2011


Повод за денешното мое обраќање до јавноста е запознавање на јавноста со планот на НДМ за отстранување и на последниот предуслов СДСМ да се врати во Собранието и најпосле да започне процедурата за распишување избори кои нема да бидат бојкотирани од никого.








За нас во НДМ нема дилема. Недозволиво е Република Македонија во очите на демократските држави да се претставува како незрела демократија која не може да обезбеди учество на сите политички партии на претстојните вонредни парламентарни избори.

Затоа, еве го нашиот предлог план:

НДМ предлага договор, според кој, телевизиите А1 и Сител за време на предизборната кампања нема да емитуваат изборна пропаганда.

Нивното известување во предизборната кампања да се сведе само на корисни информации за граѓаните оклу начинот и техниките на гласање.

Се разбира, со ова А1 и Сител не треба да трпат финансиски последици, бидејќи познато е дека медиумите најголем приход имаат токму од изборната пропаганда за време на предизборната кампања.

Затоа, предлагаме на овие телевизии да им се додели еднократен паричен износ како своевидно обештетување.

За спроведување на овој план предлагаме да се формира едно тело со претставници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, А1, Сител и Советот за радиодифузија кое ќе ги прецизира сите неопходни детали.

Ова тело меѓудругото да предвиди и најстрога казна – одземање на лиценцата за работа на А1 и Сител доколку го прекршат договорот за неемитување на изборна пропаганда.

Дотолку повеќе што, Сител и А1 нема да трпат последици со тоа што само петнаесетина дена колку што трае предизборната кампања нема да имаат изборната пропаганда, бидејќи најважното прашање за нив ќе биде решено - финансиски ќе бидат обештетени.

НДМ изразува надеж дека во постоечките околности, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе го сфатат ваквиот план како најдобар можен начин за разрешување на проблемот со неучеството на СДСМ на изборите.

Всушност, со овој план на НДМ го постигнуваме за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ толку поскакуваното избалансирано известување во време на предизборната кампања.

Ја користам приликата да ја запознам јавноста со двете барања на НДМ во контекст на собраниската расправа која ќе започне деновиве за Изборниот законик:

Прво, територијата на Република Македонија да биде определена како една изборна единица со што се овозможува доследна реализација на демократското начело - секој глас да има еднаква бројна вредност и најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати.

Дотолку повеќе што, според постојниот неправеден изборен модел од шест изборни единици, некоја партија може да освои и 30 до 40 илјади гласови, и пак да остане без пратенички мандат.

Второ, право на надомест од буџетот да имаат сите претставници на сите политичи партии кои на избирачките места на денот на изборите го контролираат изборниот процес.

Имено, во Македонија има околу 2900 избирачи места во кои партиите предлагаат претставници кои го следат зборниот процес.

Меѓутоа, според Изборниот законик претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во избирачките одбори во тие околу 2900 избирачки места, на денот на изборите добиваат надоместок од Буџетот, а претставниците на другите партии се на финансиски товар на самите партии.

Познато е дека на денот на одржувањето на изборите, од започнувањето на изборите во 7 часот наутро, па, се до затворањето на гласачките кутии во 19 часот навечер, на избирачките места се присутни претставници на сите политички партии како овластени предлагачи и извршуваат иста задача – контрола на изборниот процес.

Оттука, претставниците на сите политички партии учесници на изборите, треба да добиваат надоместок од Буџетот, а не само претставниците на владеачката партија и оние на најголемата опозициска партија.

На крај, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека НДМ подржува распишување на избори. На потез се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се искрени и не блефираат нека го прифатат планот на НДМ и ајде да се соочиме со народот на избори.
02-03-2011, 04:10 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: ЈАНКО БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ СТАВОВИ - by ЈорданПетровски - 02-03-2011, 04:10 AM