mence
Moderator
    
Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation:
2
|
Eve uste nesto da doznaeme za pivoto.
Пивото е најздрав алкохолен пијалак
Доколку се пие во умерени количини, пивото е најздравиот алкохолен пијалак, се наведува во извештајот на организацијата „Beer academy“ која им помага на луѓето да уживаат во пивото.
Пивото е богато со витамини, минерали и антиоксиданти, содржи значителен процент на растворливи влакна, и има релативно ниска калорична вредност во однос на другите алкохолни пијалаци, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.
„Пивото содржи витамини кои ви помагаат да задржите урамнотежена здрава исхрана, минерали како силициум кои го намалуваат ризикот од остеопороза, и лесно ги апсорбира антиоксидантите“, изјави портпарол на „Beer acadey“ .
Спроведеното истражување покажало дека 61 отсто од Британците, сметаат дека пивото е нивни национален пијалак, десет отсто рекле дека пивото содржи маснотија, додека 13 проценти мислат дека овој алкохолен пијалак се прави од хемикалии а не од јачмен, наведува британскиот весник.
|
|
22-06-2010, 03:47 AM |
|