The following warnings occurred:
Warning [2] count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable - Line: 871 - File: showthread.php PHP 7.4.29 (Linux)
File Line Function
/showthread.php 871 errorHandler->error





Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 3.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Иран
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Обама против „неправдата во Иран“


Американскиот претседател Обама изрази солидарност со оние кои беа уапсени во иранските анти-владини протести и побара нивно итно ослободување.
Тој рече дека Соединетите држави остро го осудуваат според него, „насилното и неправедно потиснување на невините ирански граѓани".

Апсења

На вчерашните демонстрации загинаа најмалку осум лица. Иранските власти притворија неколкумина водечки опозициски личности, вклучувајќи го тука поранешниот министер за надворешни работи Ибрахим Јазди и активистот за човекови права Емадедин Багхи.

Неговиот син Халил, кој живее во Америка, смета дека може да се повтори апсењето на лидерите како што се случи по изборите.


Демонстрации во Иран
   

Уапсени се и неколку советници на лидерите на опозицијата Мусави и Хатами.

Реакции

Германскиот лидер Ангела Меркел го осуди задушувањето на анти-владините протести во Иран како неприфатливо. Канцеларката го повика Техеран да ги исполни меѓународните обврски за почитување на човековите права.
Германија, најголемата земја во Европската унија, е клучен трговски партнер на Иран.
Во остро сроченото соопштение, канцеларот Меркел ги осуди неодамнешните судири во Иран во кои загинаа луѓе поради, како што таа ги нарече, неприфатливи акции на безбедносните сили.

Правото на слободно изразување преку мирни демонстрации не смеат да бидат ограничени или потиснати со насилство, рече Меркел.
Таа побара од Иран да ги исполни обврските од повелбата на Обединетите Нации за човекови и политички права.

Глас
Нејзиниот глас е критичен.

Имено, по Кина, Германија е вториот најголем извозник во Иран, кој се потпира на германското машинство и инженерство за модернизирање на економијата.
Франција беше првата земја од Европската унија која го осуди апсењето и насилството врз демонстрантите.
Синоќа, портпарол на француското министерство за надворешни работи повика на политичко решение.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, чија земја моментно претседава со Унијата, изрази загриженост за она што тој го нарече растечка репресија во Иран.
(This post was last modified: 29-12-2009, 05:02 PM by mara-popara.)
29-12-2009, 04:56 PM
Reply


Messages In This Thread
Иран - by mara-popara - 29-12-2009, 04:56 PM
RE: Иран - by mara-popara - 29-12-2009, 05:35 PM
RE: Иран - by mara-popara - 29-12-2009, 05:46 PM
RE: Иран - by NACIONALIST - 29-12-2009, 06:39 PM
RE: Иран - by basilius_2 - 01-01-2010, 06:31 PM
RE: Иран - by basilius_2 - 01-01-2010, 10:16 PM
RE: Иран - by basilius_2 - 26-04-2010, 08:29 PM