Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски европратеник: Македонија е држава без своја историја

Погледнете ја оваа емисија на бугарската телевизија БНТ која изобилува со навреди кон Македонија и македонскиот народ.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9...0F32E5A43A
Без Ботев няма България
15-10-2012, 04:04 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[undefined=undefined]ВИДЕО: На натпреварот Бугарија - Данска изваден транспарент „Бугарски јунаци, Македонија е со вас!“[/undefined]

Фудбалски фанови, најверојатно од нашава земја, со транспарент на кој е испишано: „Бугарски јунаци, Македонија е со вас!“ и даваат поддршка на репрезентацијата на нашиот источен сосед на квалификациската средба против Данска.
Мечот се одржа во петокот на стадионот „Васил Левски“ во Софија во рамките од третото коло од групата Б во квалификациите за СП 2014 во Бразил. Бугарите успеаја да извадат реми од 1-1 иако во средината на првиот дел останаа со фудбалер помалку.

http://www.sitel.com.mk/node/38709
Без Ботев няма България
16-10-2012, 08:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[undefined=undefined]Повторувањето е мајка на знаењето во бугарија има се’, само бугари не’
[/undefined]
Пишува Тодор ПЕТРОВ

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето... ...Македонија не е држава без историја, како што мислат во Софија. Македонците се стара цивилизација.

Еее, заврши векот на лагите за Македонците и за Македонија! Во Балканските војни 1912-1913 година, Македонија по волја на големите колонијални сили, беше поделена меѓу Албанија, Бугарија, Грција и Србија, режимите во овие земји извршија геноцид врз Македонците кој трае до денес... По дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, во 1992 година, повторно реинкарнира темата Македонија... Ќе престанат да лажат: Не е до името и дали некогаш сме биле, до окупацијата и геноцидот е, во тоа е вистината и затоа агресијата по сите основи и од сите страни! Кога веќе сме околу Софија, со сите маала со Македонци од цела Македонија, вреди да си припомниме: Во Бугарија има се’, само Бугари не’! Во Бугарија нема македонско малцинство, затоа што Македонците се мнозинство!



Во Бугарија само Ѓупците и Турците не се Македонци! И не е прашањето, дали Македонците во Македонија се Бугари, туку има ли Бугари во Бугарија без македонски корени? Поточно, Бугарија е исто што и поранешна Југославија. Ако ја разложите на Македонија, Мизија и Тракија, њама Б’лгарија, од Бугарија ништо не останува! Впрочем, проблем за Софија не се Македонците... ако продолжат процесите на емиграција и депопулација, Ромите и Турците стануваат мнозинство во Бугарија. Тука лежи зајакот. Затоа на Софија и’ се потребни Македонците и Македонија, да го одржат етничкиот баланс во просторот и времето. Со приклучувањето на Бугарија во Европската Унија, 40.000 Македонци од Македонија како “Бугари“ со бугарски пасоши, транзитно виа Бугарија до земјите во Европската Унија, по работа за егзистенција, не ја менуваат демографијата на нашиот источен сосед. Проблемот на оваа земја е што со приклучувањето на Бугарија во Европската Унија, од неа иселени се околу два милиона, претежно млади и образовани... епилогот е катастрофално брзото стареење на нацијата... ...

Па, не случајно Македонија е најголемата романса за Бугарија. Културата и историјата на Македонците се инкорпорирани како државна култура и историја на Бугарија и затоа се’ е исто. Славиме исти датуми, настани и личности, само зависи кој од која страна на границата е, за да каже мои се. А, во основа, никој од никого ништо не краде, затоа што основата и на Бугарија е Македонија! Егејските, солунските дијалекти на македонскиот јазик се основа на современиот литературен бугарски јазик, како производ на современата бугарска политичка нација. Поради тоа Софија не го признава македонскиот јазик. Бидејќи ако Софија го признае македонскиот јазик, сосема логички си го поставува прашањето “Што ќе биде тогаш нашиот јазик (современиот литературен бугарски јазик)“? Затоа Софија не го признава македонскиот јазик! Македонците не се креација на Коминтерната, ниту идеолошка конструкција на Студената Војна! Патем, што беа Бугарите кога градеа сојуз со Фашистичка Германија во Втората Светска Војна? Зошто Софија ги депортира македонските Евреи во концентрационите логори на Хитлер и Химлер? Што беа Бугарите кога со децении коленичеа пред Сталин во Москва?! Кои беа поправоверни комунисти, Македонците во Македонија или Бугарите во Бугарија? Патем, мала гимнастика со умот. Ако Татарите се протобугари, а во Бугарија денес имаат статус на малцинство, што се мнозинството? Зошто Светскиот Бугарски Конгрес нема седиште во Софија, туку во главниот град на Татарстан - Казан? Дали Бугарија е втора татарска држава? А зошто Татрстан не се вика Бугарија?

Зошто Тодор Живков своевремено на Стане Доланц му реплицирал “Како да го поставам македонското прашање во Бугарија, кога мнозинството од членовите на Политбирото на Централниот Комитет на Бугарската Комунистичка Партија се Македонци?“ Тоа самиот Тодор Живков го вели во своите мемоари. Зошто Георги Димитров му предлагал на Тито обединување на Пиринска со Вардарска Македонија, обединување на македонскиот народ од двете стани на границата? Зошто корените на современите Бугари како политичка нација им ги врзуваат за Кина и Монголија, а упорно бегаат од генезата на Македонија, своевремено Империја се’ до Индија? Впрочем и во Софија има историска школа, која ги кине заблудите за врските на Бугарија со Најдалечниот Исток и современата бугарска историја ја врзува за старата, една и единствена Македонија! Сега... има кај нас и платеници и (нео)врховисти, кои сметаат и агитираат за Македонците како Бугари, ама таа квази-историја е трајно минато свршено време. Лешинарат од мршите што соседните метрополи им ги фрлаат, како одродени и продадени, да агитираат во Македонија против Македонците и своите корени, бедни во џебот, душата и умот...

Тие луѓе и таа историја за Македонија, од другата страна на границата, треба да ги разбереме и да им помогнеме, иако долго време комунизмот им го перел умот, затоа што се наши! Јаничарите не ги измислиле Бугарите, од пусто турско се тие, нели? Индоктринацијата, поделбите и времето го правеле своето... Други и туѓи, за свои интереси и сфери на влијание на овие простори создавале држави, им носеле суверени од свои династии, тие со себе влечкале историчари од земјите од каде што доаѓале за да им напишат истории за териториите што ќе ги владеат како свои колонии, цртале граници, ретуширале вистини... Се разбира, не носеле нови народи, туку историјата и културата на поделените Македонци ја инкорпорирале како државна во државите-нации на овие простори. И затоа се’ е исто, од сите страни на границите, бидејќи Македонија е основата на “Балканите“! Не живееме на Балканскиот, туку сите заедно на Македонскиот Полуостров. Кога и да е, таа вистина ’рти и никне. Како Феникс од пепелта Македонија повторно е тука! Аладин од волшебната ламба е надвор и никој не го враќа назад во затвореното шише. И после се’ и покрај се’, Македонија повторно е држава! Македонија повторно е држава и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Историјата на Македонија повеќе не се пишува во Тирана, Софија, Атина и Белград, во Брисел и Стразбур, во Лондон, Берлин, Париз и Москва, туку во Македонија! Историјата на Македонија ја пишуваат Македонци и на македонски јазик!

Затоа, дами и господа од Софија, и Вие кои ја претставувате Бугарија во Европската Унија, Македонија не е држава без историја. Нека се без гајле во БАНУ, не им ја крадеме историјата на Софија за Болгарите од Татарстан, корените во Кина и Монголија! Таа историја не е ниту наша, не е ни Ваша! Изнарадувајте им се уште малку на заблудите, пак ќе се вратите на прапочетокот во Македонија! Тоа што Македонија денес не е поголема од Албанија, Бугарија, Грција или србија, е дело на големите колонијални сили кои ги кроеле границите на Македонскиот Полуостров. Санстефанска Бугарија била голема, ама само на хартија, како фатаморгана која никогаш не била, ниту ќе ја биде! И после се’ и покрај се’, браќа и сестри Бугари и Бугарки, добредојдовте во Македонија... таа е многу голема... од Јадранското Море се’ до Индија... А, таква, колку е наша, е и Ваша, браќа и сестри Македонци и Македонки! Амин!
Без Ботев няма България
17-10-2012, 08:31 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

За това ще са вечно там,където са!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
17-10-2012, 08:56 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

дубъл
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 17-10-2012, 08:56 PM by TATAP.)
17-10-2012, 08:56 PM
Website Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[undefined=undefined]Моторџиска група во Бугарија се населува во Биково - село во јужна Бугарија[/undefined]

Членови на моторџиска група во Бугарија, одлучиле целосно да се населат во едно село во јужна Бугарија, каде сите по ред си купуваат куќи, јавуваат бугарските медиуми. Селото Биково во близина на Сливен очигледно е привлечно за моторџиите не само поради името, туку и поради благата клима и ниските цени на недвижности. Членовите на групата купуваат недвижности по цена од 500 до 2.500 евра во кое 90 од 220 куќи зјаат празни. Локалните власти и останатите жители не само што не се плашат од брзите моторџиите, туку и се радуваат на нивното присуство. Дел од моторџиите веќе и започнале услужни дејности во селото.

http://www.sitel.com.mk/motordzhiska-gru...a-bugarija
Без Ботев няма България
20-10-2012, 05:34 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[undefined=undefined]Бугарите тврдат немале ништо со фашизмот, само фашизмот владеел со нив[/undefined]

Пред промоцијата на филмот Трето полувреме" бугарските политичари и историчари тврдеа дека филмот е тенденциозен и измислува дека тие биле окупатори и фашисти. Сепак, документите издадени од бугарската држава за македонските граѓани во времето на бугарската окупација 1941-1944 сосема прецизно покажуваат дека бугарската држава била фашистичка, била окупаторска и издавала документи кои го потврдуваат токму тоа.

Наш читател од Центар ни достави документ - легитимација за граѓанинот Витомир Георгиев од Скопје, на која е напишано дека е Бугарин и му ставиле фашистички печат во фашистичката легитимација.

Што ќе кажат на овој доказ нашите источни соседи? Или за нив и натаму тази фашизам не е фашизам".

http://vecer.com.mk/?ItemID=BDD37589D952...91C10EC4E6

Това на мен барем ми прилича повече на някакъв кайгански коментар от форум патриот отколкото на статия от "сериозен вестник" . За вас не знам
Без Ботев няма България
20-10-2012, 05:38 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Децата од Македонија и од Бугарија - поука за политичарите

Преку изградба на заеднички градинки и меѓусебно дружење, децата од општината Василево во соработка со општината Струмјани, Бугарија, започна со имплементирање на проектот „Рака за рака: малите Бугарчиња и Македончиња“, кој е дел од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија



Целта на проектот, финансиран од Европската Унија, е создавање услови за чување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст во општината Василево, како и подобрување на условите за чување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст во општината Струмјани. Тоа треба да се постигне преку создавање услови за социјални контакти помеѓу воспитувачите и родителите на децата од предучилишна возраст во двете прекугранични општини.

- Со реализацијата на овој проект ќе решиме едно големо прашање за жителите во Василево. Родителите ќе имаат место каде што ќе можат да ги згрижат своите мали деца додека тие се на работа, а децата ќе добијат можност во современа установа да се дружат со другарчиња од иста возраст. Овој проект претставува прв чекор на економска и социјална соработка на општините Василево и Струмјани. Покрај тоа, се овозможува и зближување на граѓаните од двете општини преку меѓусебно запознавање со посредство на културата и сличните традиционални и морални вредности што нѐ поврзуваат - изјави Ванчо Стојанов.

Се предвидува изградба на детска градинка во селото Василево за згрижување на 50 деца, енергетски ефикасна со соларни панели за искористување на сончевата енергија.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22709
Без Ботев няма България
20-10-2012, 05:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бериша и Борисов за правата само на своите малцинства

За туѓото молчат но за своето се борат. Додека Бугарија и Албанија не го признаваат македонското малцинство, нивните државници бараат права за нивните народи во другите земји.

[Бериша и Борисов за правата само на своите малцинства]

Бојко Борисов и Сали Бериша на заедничка средба во Тирана се договорија во нивниот случај да се приддржуваат до европските принцип.Бугарските новинари јавно прашаа дали Албанија ќе го призне буграрското малцинство кај нив.

„Секој граѓанин на оваа земја во која живееме, е целосно слободен да се декларира по етнички принцип каков сака, и како се чувствува. Сметам дека тоа е стандард на кој треба да се придржуваме сите ние. Во Албанија нема ограничувања, нема ни да има, за самоопределување. Нема ограничувања за овие албански граѓани кои сакаат да се самоопределуваат како такви, какви што се, или - како што сакаат да бидат. Ние сме за таква етничка припадност, која да не изведе побрзо напред кон Европа“, изјави Сали Бериша.

Но, колку овие збороуви имат тежина кога и Бугарија и Албанија ги прекршијаа човекови права за само определување во случајот со македонското малцинство. Јавно Македоници кои живеат во двете земји сведочеа за притисоците и нерегуларностие што ги паравеа на пописите. Но бугарските и албанските власти молчат.

Борисов и Бериша зборувале и за европската инртеграција на Балканот. Борисов и од Тирана напоменал дека Бругарија силно ќе ја поддржува интеграцијата на Македонија. Вчера бугарскиот европратеник Ковачев за Канал 5 рече дека на декемврискиот самит Македонија не треба да очекува негативен одговор од Бугарија за старт на преговори.

Ѓорги Томиќ

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=98000
Без Ботев няма България
23-10-2012, 11:15 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Чиј е Солун: грчки или бугарски?

За Грците, ВМРО е основана во град што отсекогаш бил грчки. За Бугарите, Солун во 1893 година бил централен град на бугарска Македонија. Така, ние Македонците имаме една суштествена дилема која, како крадци на историјата што поради тоа немаат добри односи со своите соседи, не можеме да ја решиме: чија историја всушност крадеме? Грчка или бугарска? А, тоа не го решиле ни самите Грци и Бугари



Денес, веројатно најголемиот број Македонци знаат зошто 23 октомври е неработен ден. Но, исто така, веројатно најголемиот дел од Македонците не знаат ни збор повеќе за настанот од празникот. Основачи на ВМРО? Можеби некој чул за Христо Татарчев, но најмногу затоа што пред десетина и повеќе години во Бугарија негов внук беше јавен обвинител. Иван Хаџи Николов? Кој е тоа? Можеби книжарот, со кого всушност ни почнуваат проблемите околу основањето на ВМРО. Зашто неговата книжарница, во која е основана организацијата, се наоѓала во Солун. По ѓаволите, а каква е таа тајна македонска организација што се основа во овој град, кој, нели, отсекогаш бил грчки. А за тоа, еве не мора да се праша во Атина, може и во Брисел, Лондон и Вашингтон.

Се разбира, може да се потсмеваме на недоветноста на основачите на ВМРО, кои наместо во Скопје, организацијата ја основале во еден град што не е македонски. Односно бил македонски, ама грчки, со тоа што тогаш, во 1893-та, во градот во кој пред речиси 20 години беше одржан милионскиот антимакедонски митинг, Грците биле малцинство. Збунувачки, зар не? Како е можно тоа? Особено што Грците не се некоја нација што може да се пофали дека освојувала територии и простори со висок наталитет.

Од друга страна, за Бугарија, Солун во кој е основано ВМРО (или поточно кажано ТМОРО) е град во Македонија, која не е грчка, туку бугарска. Така барем вели секоја изјава што во оваа смисла доаѓа од нашиот исток. Или можеби Бугарите за бугарска ја мислат само Вардарска Македонија, која пред 100 години, во Првата балканска војна, била окупирана од Србите. За денешна грчка Македонија, во која се наоѓа и Солун, каде што е донесена одлуката за востанието во 1903 година, каде што, патем, се случиле и солунските атентати, каде што се одржала последната средба на Гоце Делчев и Даме Груев пред овој првиот да замине во смртта, не сме ги чуле да кажат дека е бугарска. Така, гледано од овој аспект, имаме Македонија што од Табановце до Гевгелија е бугарска, но веднаш потоа, на некој чуден начин, за Бугарите, 51 отсто од таа Македонија на која мислеле основачите на ВМРО стануваат грчки. Инаку, веројатно дека тие досега би ги обвиниле Грците за кражба на историјата, односно на оној дел од нивната историја што е означен како најромантичен, додека Грците, по истата логика, би ги обвиниле Бугарите дека ја крадат нивната историја. Оти ако Македонија е грчка, таа по дефиниција не само што не може да биде македонска туку не може да биде ни бугарска. Така сигурно мисли грчкиот претседател Каролос Папуљас, така сигурно мисли и грчкиот премиер Андонис Самарас. Но, со тоа секако не се согласуваат бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, бугарскиот премиер Бојко Борисов, а за бугарскиот европратеник Кирилов и другите од тој ред и да не зборуваме, кои нѐ збунуваат, зашто, кога зборуваат за бугарска Македонија, секако не мислат на Куманово и Старо Нагоричане, туку мислат на онаа од Сан Стефано, која стигнувала до Костурско Езеро. Друго поимање, не би имало смисла.

На тој начин полека доаѓаме до ситуација од која произлегува дека двете членки на ЕУ и на НАТО, Грција и Бугарија, си ја крадат меѓусебната историја, само што никому досега не му паднало на памет од тоа да прави проблем. И колку што нѐ држи умот, никому досега не му паднало на памет да каже дека Грција и Бугарија треба да си ги средат соседските односи, како што тоа еднострано се бара од нас. А, кога за овие две земји станува збор, не е само Македонија во прашање туку и Тракија, чиј јужен дел, оној што излегува на Егејско Море источно од Кавала, Бугарите го изгубиле не затоа што е грчки, туку затоа што во Првата светска војна биле на страната на губитниците.

Како и да е, ние имаме сериозен проблем. Првиот е дека крадеме туѓа историја и дека поради тоа немаме добрососедски односи со јужниот и источниот ни сосед. Вториот, кој се чини е посериозен, е дека и да сакаме нашата грешка во овој момент не можеме да ја исправиме. Бидејќи во согласност со погоре кажаното, не знаеме чија историја крадеме. Така, ако им се извиниме на Бугарите, пак ќе имаме проблем со Грците, а ако им се извиниме на Грците, ете ни ги Бугарите на врат. Како и да се свртиме, ние со некого ќе имаме нарушени добрососедски односи, а тој некој е членка на ЕУ, која може да ни го блокира приемот. Всушност, ние имаме една суштествена дилема од која не можеме да најдеме излез само со мудро чешкање на главата: кога на 23 октомври го крадеме Солун, чија историја присвојуваме? Грчка или бугарска?

И се разбира, не треба многу за да се сфати дека оваа дилема ние не можеме да ја решиме. Не сме толку умни. Да бевме, веројатно немаше да дојдеме до ова дереџе. Не можат да ја решат ни Бугарите ни Грците. Да можеле тоа веќе ќе го стореле. И денес ќе имавме ферман со „султанов“ мур за тоа. Оттука, не ни останува ништо друго освен проблемот да му го изложиме на претседателот на Европската комисија, Мануел Баросо, и понатаму по тој редослед. И да побараме од него за тоа да ги извести премиерите и министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, пред овие да почнат да се состануваат во ноември и декември. Нека се подготват луѓето, нека седнат и нека кажат: чиј е Солун во кој е основана ВМРО? На маса може да им биде ставено и досието на оној несреќник Македонец, кој во тие стари времиња војувал во грчката, бугарската и српската војска. Би биле благодарни ако ни објаснат и за неговата припадност.

Се разбира, патем не би штетело ако добиеме одговор и на прашањето за тоа како Грција и Бугарија можеле да станат членки на ЕУ без овие сериозни прашања да бидат решени. Оти, нели, врз нив почива добрососедството, а тоа е принцип на ЕУ, кој во овој случај не се почитувал. Оти, ако било така, сега не ќе имавме проблем. Точно ќе знаевме чиј е Солун и чија е Македонија, и чии сме ние што мислевме дека сме на мама и тато. А, што биле тие? За тоа секако нема да слушаме некој бирократ со дрвена глава.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22711
Без Ботев няма България
24-10-2012, 06:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[undefined=undefined]Гоце Делчев: Бугарија да не ни се меша во работата![/undefined]

Го објавуваме Планот за основање на револуционерната организација" што го најавиле уште во јули 1892 година при средбата во Софија К. Шахов, Г. Делчев и И. Хаџиниколов. Меѓу неговите пет точки, макар и формулирани во подоцнешните спомени, гласат: 1. Организацијата да се основе во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. Притоа таа треба да биде тајна. 2. Основачите да се Македонци...


Македонската револуционерна организација (натаму. МРО) е формирана во Солун на 23 октомври 1893 година. Тоа беше всушност континуитет на револуционерната компонента од ослободителната борба на македонскиот народ што имаше веќе доста значајна историја. Истовремено, МРО претставуваше продолжение на лозарската" антиегзархиска борба со други средства". И Ѓорче Петров, еден од главните дејци на оваа Организација, признава: Ова движење доаѓа паралелно со појавата на таканаречениот од некои македонски 'сепаратизам', изразен преку списанието 'Лоза' во Софија, раководено од Арсов, Баласчев, Хаџиниколов и др. Кружокот 'Лоза' - додава Ѓорче - претендира и денеска дека ова движење во Македонија е резултат на нивната агитација. Ова исто 'сепаратистичко' движење се појави во Солун меѓу учителите во гимназијата. Реченото раздвижување, што продолжи неколку години, го толкувам како реакција против долгогодишниот стремеж на Егзархијата да го сконцентрира во свои раце диригирањето на општествениот живот, а освен тоа, го сметам и како нов чекор кон самодејност во земјата."

МАКЕДОНЦИТЕ ШЧО ПРЕБЕГАА
Не случајно самиот Иван Хаџиниколов во своите необјавени Спомени кажува дека уште во јули 1892 година дошол во Софија за токму преку Коста Шахов, еден од организаторите и едно време и водач на лозаритее, да побара човек што ќе дојде во Солун и ќе застане на чело на револуционерната организација за ослободување на Македонијаа. Самиот Шахов, заедно со Д. В. Македонски, во весникот Македониаа повеќепати настојуваше да се продолжи борбата одново преку едно такво организирано револуционерно движење. Од друга страна не беше случајно што меѓу шестмината основачи на МРО се најдоа и Даме Груев и Петар Попарсов, некогашните бегалци од егзархиската гимназија во Солун, но и од студиите во пазувите на српската пропаганда во Белград, едни од главните основачи на Младата македонска книжовна дружина во Софија и бегалци од бугарската престолнина. Затоа и Крсте Мисирков уште во 1903 година напиша дека имено таа разбегана по балканските престолнини македонска интелектуална генерација застана и во темелите на МРО. Немајки во Бугарија почва за национален сепаратизм - вели Мисирков во За македонцките работи" - македонците, шчо пребегаа од Белград во Софија, се зафатија со образуајн'е на револ'уциони организации во Бугарија и Македонија."

ОСНОВАЧИТЕ ДА СЕ МАКЕДОНЦИ
Го објавуваме Планот за основање на револуционерната организација" што го најавиле уште во јули 1892 година при средбата во Софија К. Шахов, Г. Делчев и И. Хаџиниколов. Меѓу неговите пет точки, макар и формулирани во подоцнешните спомени, гласат:
1. Организацијата да се основе во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. Притоа таа треба да биде тајна.
2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, преку кое полесно ќе ја спечалат и довербата на населението.
3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз членот 23 од Берлинскиот договор за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија значи да ја откинеме не само од Турците, туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србите и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија.
4. Организацијата треба да биде самостојна и независна. да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади.
5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без притоа да ни се мешаат во работата..

АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Во таков или сличен дух се и искажувањата во спомените на другите основачи на МРО. Оригиналните документи (Правилникот-Устав и др.), меѓутоа, не се зачувани. Она што сега се прокламира како Устав на МРО од 1893 година воопшто не може да се прифати како автентичен нејзин акт, зашто во почетокот оваа организација, пред се, никако не можела да го носи името Бугарски македонско-одрински револуционерни комитетии! Освен тоа, Петар Попарсов во сп. Билетинн, орган на бившата Внатрешна македонска револуционерна организација во Софија (1919), и децидирано наведува дека првото име на МРО било Комитет за придобивање на политичките права на Македонија дадени од Берлинскиот конгресс. И Ѓорче Петров сосем конкретно наведува дека првин, се до 1896 година, имало само еден краток правилник од неколку члена, изработен од Дамета (клетвата и др.)), дека тоа правилниче било литографираноо и дека основната цел на Организацијата била автономијата на Македонија и тоа во рамките на чл. 23 од Берлинскиот договор. Во статијата во Блетинн пак Петар Попарсов и директно го поврзува основањето на МРО со лозарите:
Првата мисла за револуционерен отпор - пишува тој - се фрли во Софија преку весникот на К. Шахов 'Глас Македонски' (всушност авторот мисли на неговиот претходен весник Македониаа - Бл. Р.). Околу неа се водеше и една доста оживена полемика - имаше и противници. Таа мисла беше на Младата македонска дружина што си го додаде и епитетот 'книжовна' за да ги прикрие своите вистински намери, а тие беа: врбување сомисленици што да заминат во Македонија и таму, на местото, како некогаш Левски и неговите другари, да подготвуваат почва за револуционерното движење, во сообразност со месните услови. Една комисија од потесен круг подготви устав и правилник за организирањето, но од нив не остана никаков материјален спомен: изгореа заедно со печатницата во Романија, каде што ги занесе специјален човек..

ВЕЧЕР пренесува дел од книгата на академик Блаже Ристовски, главниот редактор на првата "Македонска енциклопедија". Издавач на делото, едно од петте томови од избраните дела на авторот, е "Матица"


ПРОДОЛЖУВА: Гологанов во 1891 г: ние Македонците имаме мака од Грците, Бугарите и Србите

ПОДГОТВИЛ: Де.Т.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B2D454F468E0...91F380A44D
Без Ботев няма България
24-10-2012, 06:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

писмо

Нека го следат примерот на Вили Брант

(Повод: колумната „Бугарско-македонските односи“, „Дневник“, 13 октомври)


Господине Бучковски, Вие ~ припаѓате на т.н. путер-генерација, која не видела војна, ни партизани, ни Германци, ни вооружени бугарски војници и затоа изјавувате дека сте „заглавени во минатото“. Јас како припадник на генерацијата што ги видела сите горенаведени војски, како дете, Ве прашувам дали на вашите студенти по Римско право им предавате гачки или факти од пред 2.000 години? Верувам дека сте стручњак за таа област од историјата на правните науки и затоа немојте многу да го третирате односот на Република Македонија со Република Бугарија бидејќи треба да се симне дискусијата на факти, кои се докажани, сме ги виделе и доживеале. Не случајно статистиката бележи дека во времето на НОБ Македонија дала 24.000 човечки жртви во борбите со германската и бугарската војска, не случајно е направен споменикот во село Ваташа и многу други. Тоа се непобитни факти и ниедна генерација бугарски интелектуалци не можат да ги побијат собитијата направени на територијата на денешната Република Македонија.

Филмот, кој го гледав со особено внимание, е еден мал дел од окупацијата на Македонија од страна на српската и бугарската војска, меѓутоа треба да се знае и дека од страна на Царска Бугарија во 1941 година е окупирана територијата и во источна Србија и во северна Грција околу градот Kавала, па тоа никој од историчарите на Бугарија не можат да го анулираат.

Тоа дека биле на страната на фашистичка Германија е побитен факт и знам дека овие млади генерации ги боли вистината ама тоа е и „де факто“ и „де јуре“ докажано. Затоа има еден лек кој го презентираше човек од бившата фашистичка Германија по име Вили Брант, социјалист по убедување, кој клекна на две колена во Варшава - Република Полска пред споменикот на незнајниот јунак, со цел да им се извини на сите Полјаци за злоделата што им ги направи неговата земја за време на Втората светска војна. Ако сакаат Бугарите да се извинат на македонскиот народ и да признаат дека биле со фашистите рака под рака треба да го следат примерот на Вили Брант и тогаш нашите два блиски народи можат да ги заборават историските собитија кои зборуваат за злоделата од нивна страна.

А тоа дека историјата на Македонија е „Најромантичката част од бугарската историја“ не е точно зашто ако се анализираат сите востанија на македонскиот народ и собитијата од 1941 до 44 година, ќе се констатира дека тоа е една голема невистина бидејќи тие сакаат да се китат со туѓо перје. На сите настани кои се подготвиле против турското ропство, во минатото, кумувале бугарските царски органи и со најголеми ветувања за помош и никогаш не помогнале. Анализирајте ги само Kресненското и Илинденското востание. За Kресненското востание ветувале 3.000 пушки кои никогаш не стигнале во Берово и околината. Ветувале воена помош и таа не стигнала и покрај тоа нашите храбри комити го ослободиле Малешевскиот крај и го држеле како ослободена територија една година. Анализирајте го Смилевскиот конгрес пред Илинденското востание. Сарафов и други околу него, ветувале и парична и материјална помош и војска која никогаш не стасала до востаниците и самостојно сме го дигнале Илинденското востание. И сега со која смисла бараат да славиме заедно, божем е тоа заедничка историја. Бугарија бара да е заедничка, но не е и не може да биде оти фактите говорат друго.

Дали се запрашуваат новите историчари на Бугарија зошто е убиен цар Борис од страна на Германците во 1943 година. Го убиле зашто не ги давал Евреите кои живееле во Бугарија да одат на кланица во Аушвиц. Јас сум го видел филмот во кој се носи посмртниот сандак со телото на цар Борис на отворен вагон, како оди низ Бугарија, а сум ги видел и бугарските војници кои упаднаа во нашиот стан на 9 март 1943 година, во 3 часот наутро за да проверат дали тука живеат Евреи. Влегоа со вперени бајонети. По два дена на 11 март улицата се испразни, бидејќи сите Евреи беа депортирани во фашистичките логори.

Вие како млади не можете да го доживеете тоа и да не го доживеете, но е непобитен факт дека се жртвувани Евреите во Македонија за да се оправда бугарската држава дека е рака под рака со фашистите од Германија. Тој европратеникот од Бугарија во Брисел, што барал да се запре снимањето на филмот на Дарко Митревски, треба да оди на курс по историја, а верувам и многу други, зашто еднаш треба Бугарија машки да признае дека во Македонија не била само администратор туку окупатор со војска, со која се војувало и која е избркана од Македонија со народното востание. Мојот братучед Љубомир Гајдов во една прилика рече дека „Бугарите се раѓаат со чип во главата“ во однос на македонското прашање зашто ако се земе податокот дека во 1948 година на пописот во Бугарија имало 200.000 Македонци, а сега ги има само 1.654, се гледа дека тоа не е романтика туку тортура врз населението во Пиринскиот дел на Бугарија.

Во однос на взаемната омраза треба да се престане со таа категорија и треба да се живее меѓусоседски на највисоко ниво, зашто е и мал светот, а тие ни се први комшии.

БлагоЈ ГаЈдов, СкопЈе

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...536F2A0E07
Без Ботев няма България
24-10-2012, 07:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија и Бугарија се' поблиску до заедничка историја?

Како се случи Борис Сарафов да биде единствениот заслужен Македонец за покривот на МНР?

Слободанка Јовановска


Македонија и Бугарија се се' поблиску до славење заедничка историја. Иако општиот впечаток е дека двете страни и натаму спорат околу историските личности, спомениците на Симеон Радев, на Тодор Александров, а од завчера и на Борис Сарафов не' водат во пресрет на барањата на Бугарија во иднина да славиме исти личности и историја.

Дали е тоа така и како се случи Сарафов да биде единствената личност поврзана со Македонија што доби почесно место на покривот на новото Министерство за надворешни работи е тема која вчера ја отворија први бугарските медиуми.

Според агенцијата Фокус, статуата на Сарафов изгледа многу неприродно меѓу Черчил, Аденауер, Вашингтон, Јустинијан и Ганди, која потоа го цитира текстот со кој се објаснува неговата личност „како единствен Македонец претставник“, „контроверзна личност на македонската историја“ и „Македонец кој мислел дека бил Бугарин и станал бугарски офицер“. Откако, според Фокус, не успеал обидот Симеон Радев да биде претставен како основач на македонската дипломатија во, како што се нарекува, „скопскиот Ермитаж“, била поставена фигурата на Сарафов, чија биографија е доволно „тивка“ за да не биде тргнат.

Поранешниот премиер Владо Бучковски не смета дека со овој гест државниот врв прави чекор кон заедничко славење на историјата, туку, напротив, дека се бега од тоа.

„Поставувањето на овие споменици ВМРО-ДПМНЕ го прави заради приближување на своето членство кое го задојуваше со идеите дека меѓу нашите дејци рамо до рамо се и Тодор Александров и Борис Сарафов. Од пиар-аспект, ја голтнавме таа приказна и како што тргнало ќе стане неспорна улогата на Александров и Сарафов, бидејќи се најдоа аргументи зошто да се слават“, вели Бучковски.

Тоа што испадна дека нема ниту еден Македонец освен Сарафов заслужен да се најде на покривот на МНР меѓу Черчил, Моне, Аденауер и други светски политичари, владетели и дипломати, за Бучковски е апсурд.

„Ако не можевме да најдеме некој од периодот кога не бевме држава, можевме од АСНОМ наваму“, оцени тој, посочувајќи ги како такви фигури Димче Беловски и Лазар Мојсов, кои очигледно сега се бело петно на нашата историја.

Стојко Стојков од ОМО „Илинден“-ПИРИН смета дека Сарафов не е контроверзна историска фигура како Симеон Радев, дека имал добри и лоши страни, но најјасно од останатите се изјаснувал како Македонец. „Можеби некои луѓе работат со таа мисла да се дојде до заедничко славење на историјата, но како Македонци не треба да дозволиме нашите историски личности да ни ги присвојуваат соседите“, вели Стојков.

Сепак, тој смета дека спомениците попрво ќе го распалат огнот меѓу двете држави отколку што ќе доведат до некое историско приближување, се' додека Софија сака да ја славиме историјата само како бугарска. Сарафов, според него, бил неосновано маргинализиран во македонската историја.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека станува збор за личности кои се' уште не се доволно расветлени, па поставувањето нивни споменици е избрзано. Според него, прво требаше да се утврди нивната вистинска посветеност за македонската кауза, па потоа да се претставуваат јавно.

„Не е спорно дека многу нешта во нашата историја треба да се преиспитаат и постават во реални рамки, бидејќи во минатиот систем приодот беше доста ригиден“, оценува тој, додавајќи дека, сепак, не го гледа ова како како некакво приближување кон бугарските позиции и како исчекор кон заедничко славење на историјата.

„Тоа не смее да се прави додека Бугарија не расчисти дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, вели тој, оценувајќи, исто така, дека има Македонци од југословенскиот период кои заслужиле да се најдат со статуа на МНР. „Изборот е субјективен, но не е дефинитивен“, вели Никовски, според кого на покривот на новата зграда има уште место.

Професорот Стево Пендаровски не гледа план и концепт на државниот врв околу овие споменици, бидејќи такво нешто има само за антиквизацијата. „Славењето на овие личности може да биде признавање на дел од заедничката историја, но може да биде и причина да се изиритира некој од нашите соседи“, оценува тој, забележувајќи дека за него е спорно тоа што нема официјално објаснување зошто токму тие личности добија статуи на МНР.

„Се работи за криминален начин на поставување декорација на МНР. Никој не кажа досега имало ли комисија која го направила изборот, како се правела селекцијата, кој учествувал во неа. Можеби сите заслужуваат да бидат таму, но не ни е позната процедурата“, коментира тој, додавајќи дека овој е еден од најнетранспарентните потфати од проектот „Скопје 2014“.




Статијата е прочитана 4279 пати.

Испрати коментар

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E361BDCF71
Без Ботев няма България
25-10-2012, 05:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Селективно читање на историјата


Бугарите тврдат дека ги спасиле Евреите?!


И додека нашиот источен сосед селективно ја чита историјата, во Грција неофашизмот зема замав. Златна зора стана трета политичка сила. Што е со Евреите во овој крај? Секогаш кога има економска криза национал социјализмот или национализмот расте. Прашањето не е само за Грција, прашањето е генерално. Како да се превенира говорот на омраза, вели Горан Садикаријо, директор на Фондот


Ја менуваат ли Бугарите историјата во функција на своите интереси или навистина го заборавиле блиското минато? Го премолчуваат фактот дека токму во нивните вагони биле товарани Евреите кои завршиле во логорите на смртта. За време на Втората светска војна бугарската фашистичка влада депортирала повеќе од 11 илјади Евреи во логорот Треблинка во Полска. Стотици невини жртви од Македонија, Тракија и Пирот биле затворани во само неколку квадрати. Воздух дишеле од овие прозорчиња. Вака им почнувала голготата. Биле транспортирани во логорот каде прво биле измачувани и на крај задушувани во гасни комори.

И после ваквите историски факти, бугарскиот претседател Плевнелиев лично го покани шефот на Израел Шимон Перез, в година да присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од превенција на депортација на бугарските Евреи во логорите на смртта.

Еве како го коментираат ваквиот чин од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија.
Историски факт е дека цивилното општество во Бугарија ја спречува депортацијата заедно со Црквата. Така што бугарскиот народ го има правото да го одбележи спасувањето на бугарските Евреи. Од друга страна треба да се има предвид дека бугарската фашистичка влада за време на Втората светска војна учествуваше активно во депортацијата и холокаустот на Евреите во окупираните територии и испрати во логорите на смртта во Треблинка повеќе од 11 илјади Евреи од Тракија, Македонија и Пирот", вели Горан Садикарио, директор на Фондот.

И додека нашиот источен сосед селективно ја чита историјата, во Грција неофашизмот зема замав. Златна зора стана трета политичка сила. Што е со Евреите во овој крај?
Секогаш кога има економска криза национал социјализмот или национализмот расте. Прашањето не е само за Грција, прашањето е генерално. Како да се превенира говорот на омраза. Се надевам дека еврејската заедница во Грција ја мониторира ситуацијата заедно со сите останати институции и дека доколку има некакви последици ќе се превенира", вели Садикарио.
Македонскиот фонд пак вчера со изложба во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје потсети на трагичните приказни од фашизмот, раскажани од преживеаните Евреи од Централна Европа.

Бојана Димитријевска

http://vecer.com.mk/?ItemID=CDFC2AB243D0...DCC6C00C6E
Без Ботев няма България
29-10-2012, 06:07 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Две балкански племиња му држат лекција на Брисел

И ние и Србите изминативе години се изнаслушавме приказни за тоа како не треба да гледаме наназад, туку само напред. Истовремено, и ние и Србите сме некакви „црни овци“ на Балканот, земји и народи што се означени како неспособни да изградат добри односи со соседите. Поради тоа и нам и на Србија ни е блокиран напредокот кон ЕУ, а нам ни беше забрането и членството во НАТО. Причината е една и иста: малку-малку, па сме се оптоварувале со историјата



Гледано од српски аспект, во изјавата на нивниот претседател Тома Николиќ дека денешна Република Македонија може да му ја должи својата државност и на српското учество во Првата балканска војна, нема ништо страшно. Ако се следи редот на подоцнежните настани, можеме само да жалиме што Србите во 1912/1913 година не се спуштиле некој километар појужно од Гевгелија. Впрочем, токму српското инсистирање, наспроти грчкото, во Букурешт 1913 година, односно во деновите пред почетокот на фамозната Букурешка конференција, довело до тоа денес Гевгелија да е македонски, а не грчки град. Тоа е, како што рековме, српскиот аспект на работите поврзани со Балканските војни.

Од друга страна, нема македонски политичар што лесно би поминал доколку на грчки или на бугарски претставници им дозволи некакво чествување на нивните жртви во Македонија од тие денови, како што тоа ѝ е дозволено на српската делегација на Зебрњак. Дали имаме двојни аршини кон Србите наспроти преостанатите наши соседи? Дали на мала врата не го враќаме односот кон северниот сосед од времето на СФРЈ, и тоа токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? Можеби да, можеби не, допрва ќе видиме, но едно нешто е факт: за Србија, македонскиот народ и македонската држава не се спорни, па кога веќе од нив не се чувствуваме загрозени од тој аспект, немаме голем проблем со тоа како тие гледаат на настаните од пред сто години и што слават. За Бугарите, спорни се народот и јазикот, за Грците, државата, народот и јазикот. Во таква ситуација, тоа што за Србите Балканските војни се ослободителни, а за нас окупаторски, изгледа дека е најмалиот проблем што во овој момент го имаме.

Меѓутоа, има нешто друго во целата приказна што збунува. И ние и Србите изминативе години се изнаслушавме приказни за тоа како не треба да гледаме наназад, туку само напред. Истовремено, и ние и Србите сме некакви „црни овци“ на Балканот, земји и народи што се означени како неспособни да изградат добри односи со соседите. Поради тоа и нам и на Србија ни е блокиран напредокот кон ЕУ, а нам ни беше забрането и членството во НАТО. Причината е една и иста: малку-малку, па сме се оптоварувале со историјата.

И тие две држави, означени со црн фломастер, одеднаш во меѓусебните односи немаат проблем околу историјата. Реално гледано, ако ние, Македонците, не сакаме некој друг да ни го менува нашиот став за карактерот на Балканските војни, тогаш зошто би отворале „војна“ со Србија за да го смениме нивниот став за истите тие војни. Ако Србите сакаат да ги чествуваат нивните загинати војници, каде е проблемот? Се чини дека го нема, сеедно што, и без да ставаме рака на срце, јасно е оти тие не гинеле за еден ден оваа територија да биде самостојна држава со македонски народ за кого Србите се само еден од соседите.

Паралелно со ова, истата таа Македонија која, нели, гледа наназад, со години не може глава да крене поради две членки на ЕУ и на НАТО, Грција и Бугарија, особено поради првата, која е во друштвото на тие што ни делат лекции за нашата оптовареност со историјата. А и грчката и бугарската „аргументација“ не потекнуваат од погледот кон иднината, туку од погледот кон минатото. И сега, дури и со најдобра волја, една работа тешко можеме да сфатиме. Како е можно да немаме проблеми од ваков вид со една држава како Србија, а да имаме со земји-членки на ЕУ? Кој тука гледа наназад: ние или членките на ЕУ, заедно сосе нивниот Брисел? Ние или оние демократи што среде Скопје ни ги вртеа стрелките на часовникот за, демек, како на последни малоумни случаи во светот, да ни нацртаат што треба да правиме?

Точно, со Србија го имаме црковниот проблем. И тој е дел од времето кога и Србија гледаше со очите на тилот. Непризнавањето на МПЦ од страна на Српската црква е само дел од мозаикот за целосно негирање на македонскиот народ и неговата држава. Тој е дел од мозаикот изграден во Атина за да се покаже дека народ што е непризнат од сите соседи (не се помалку наивни во таа приказна ни Албанците) не може да е во право и во спорот со нив. Оттука, проблемот меѓу МПЦ и СПЦ всушност не е никаков црковен проблем, освен ако не се гледа од технички аспект. СПЦ е само обично орудие на таа стратегија, која има своја политичка заднина. Во спротивно, и нашиот проблем со негативниот однос на Бугарија кон македонскиот јазик ќе беше лингвистичко, а не политичко прашање, како што и нашиот проблем со Грција ќе беше правно прашање (за тоа дали може во меѓународниот сообраќај да постои забуна ако на дел од територијата наречена Македонија се оформи држава со име Република Македонија).

Одговорот на сето тоа е чист, па оттука не е сосема јасно зошто изјавата на српскиот претседател дека ќе ни го испорача томосот за автокефалност на МПЦ ако биде помилуван Јован Вранишковски, во Скопје беше дочекана на нож. Белки не мисли некој дека Николиќ е уличен мангуп, кој ќе го поплука својот збор само и само за да издејствува слобода за некојси проневерител на донирани пари. Па дури и тоа да се случи, што ќе добие, освен недоверба од македонскиот народ и држава кон српскиот народ и држава, кои нема да можат да се повратат со години.

Затоа, се чини, наместо да се однесуваме како бикови со отапени рогови во корида, вреди да си го ставиме прстот на чело. Ако тоа ни помогне да сфатиме дека нашиот црковен спор со СПЦ е пред сѐ со политичко-историска димензија, која во овој момент, освен на Атина, не му служи на никој друг, тогаш сме завршиле голема работа. Впрочем, тирадите за тоа дека меѓу црквите и државите постои некаква апсолутна поделеност, како што минува времето, стануваат сѐ посмешни. Тие, на запад, потекнуваат од стравотното искуство со католичката црква и времето на инквизицијата, а кај нас од времето на социјализмот кога црквата и религијата беа опиум за народот. Патем, едно наградно прашање за сите што се држат до апсолутизмот во оваа сфера: ако двете цркви веќе утре ги повикаат своите верници на војна едни против други, секоја заради одбрана на своите аргументи, дали политиката ќе остане настрана од тоа?

Факт е дека односите меѓу МПЦ и СПЦ ги влошуваат односите меѓу Македонија и Србија и меѓу македонскиот и српскиот народ (нивните православни делови). И кога работите ќе стигнат дотаму, тогаш тоа е знак дека прашањето излегло надвор од просториите со икони и дека во решавањето на тоа прашање стапчето мора да го кренат политичарите.

Автор: Дарко Јаневски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22715

Егати патриотите. Представям си кога дойдат предавниците на власт какво ще се случва.Razmisluva
Без Ботев няма България
29-10-2012, 06:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија | 30. октомври 2012 - 14:22
Младенов за бугарско – македонските односи му се жали на Филе


Бугарија ќе му се жали на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за односот на Македонија.

Николај Младенов на утрешната средба со Филе во Софија ќе бара од него Европската комисија да ја предупреди Македонија на обврските за добрососедство.

Шефот на бугарската дипломатија, тврди дека на разговорите ќе го отвори прашањето и за односот на Бугарите во Македонија, како и за бугарските претприемачи.

Сетоа тоа ќе биде и дел од најавената стратегија за политиката со соседите што бугарската влада ја подготвува како критериум за нивна поддршка за земјите од регионот кои се на пат за приклучување кон Европската унија.

- Целта никогаш не ни била да ја блокираме Македонија или друга земја на патот кон Европа. Бугарија не треба да стравува да говори јавно и да ги постави проблемите во односите со Македонија, затоа што само така ќе може да ги заштити своите интереси, вели Младенов.

Веќе извесно време бугарските власти заговараат политика во која тврдат дека ја поддржуваат Македонија, но не по секоја цена.

Марјан Николовски

http://sitel.com.mk/node/41124
Без Ботев няма България
30-10-2012, 04:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Матеус ги нарече бугарите криминалци

Прославениот германски фудбалски ас, Лотар Матеус неодамна објави автобиографска книга под име „ Се или ништо" за годините минати во Бугарија како селектор на репрезентацијата на нашиот источен сосед.
Во книгата Матеус открива скандалозни работи за бугарскиот фудбал, за репрезентацијата и за местење резултат од страна на БФС.
"Канцеларија на БФС е во стара соцзграда, подготвена за уривање, која се наоѓа во центарот на Софија. Мебелот внатре е наследство од Источниот блок. Тука е сместено седиштето на БФС. Стојам против Борислав Михајлов, наречен уште Боби. Како претседател на локалната федерација тој ми подава рака, јас ја стиска и следниот чекор е факт: селектор. Уште пред сум назначен знам дека бугарскиот фудбал живее во минатото, не во сегашноста. Нема успеси на клубско ниво, недостасуваат спонзори, да не зборуваме за работата со младите.Репрезентацијата веќе имаше 2 порази и пласманот за Евро 2012 изгледаше како невозможна мисија. Затоа му велам на Боби, дека е подобро да се размислува за Мундијалот во Бразил во 2014 година Идејата ми е да го реорганизирам тотално фудбалот во Бугарија. Матијас Замер ми го даде бесплатно концептот на германската федерација за развојот на адолесцентите.Почеток всушност е повеќе од добар. Тимот освои во дебито против Велс три бода со победа од 1:0, а потоа освоивме по бод на натпреварите против Швајцарија и Црна Гора. Потоа доаѓа летната пауза, во која очигледно се случило нешто. До ден денешен не знам што е тоа. Можеби фудбалерите забележале дека имам се помала поддршка меѓу шефовите на бугарската федерација. Кога бев во Партизан, сите таму сакавме едно: успех. Се разбира одлично, во Србија никој не работеше против мене. Во Бугарија се е различно. Постојано имаш чувство дека секој е против секој. Опуштени и без контрола настапивме против Белорусија, како игравме навистина страшно. За време на патувањето до Минск, сепак со Михајлов си фативме рака за нов 2-годишен договор. Претстојат 2 натпревари од крајот на квалификациите за европското - со Англија дома и со Швајцарија надвор. Паѓаме од Британците кои ни постигнаа 3 погодоци од 4 удари, а ние не успеваме да се погодиме од 6 шанси . Против Швајцарија се претставивме навистина кошмарно . Причината е што некои фудбалери не се придржуваат кон тактички упатства.Успеавме да поведеме, но губиме со 1:3 и тоа со помош на зетот на Боби Михајлов ( Живко Миланов), кој си заработи црвен картон. Во овој момент разбирам дека тоа бугарско поколение нема ништо заедничко со Стоичков, Балаков и останатите кои не елиминираа од САД'94. По средбата со Швајцарија, осеќам дека работите не се во ред. Наместо да седне на нашата маса, како што прави секогаш, Михајлов не кажува ниту збор и оди кај својот син, кој е и голман на националниот тим. Неколку дена подоцна ми се јавува прес –офицерот на БФС и ме извести дека договорот ми е прекинат еднострано. Но, тоа е против правилата и мораше да ги вклучиме адвокатите во спорот помеѓу нас. Во бугарскиот фудбал очигледно нема место за доверба, отворени односи и меѓусебна почит. Играчите во оваа земја немаат желба да тренираат, да се научат на дисциплина, да стануваат рано, да гледаат видеа, да ги дискутираат. Се разбира, ова не се однесува за сите, само за поголемиот дел од нив. Бугарскиот фудбалер не сака ништо. Тој не го познава менталитетот на победник - да го постигнеш тоа за што сонуваш, со цената на сè. Но, Бугарите не си даваат многу зорт, изгледа се задоволуваат со она што го имаат. Да не зборуваме дека им недостасува фудбалска интелигенција. Во еден момент побарав да избркам одреден играч, за да им служи за пример на останатите, но претседателот Борислав Михајлов не ми дозволи.Било табу! Го прашав : "Боби, зошто всушност ме ангажира? Не беше ли токму за да внесам дисциплина, професионален однос, па дури и иновации во овој тим? ". А тој ми одговори: "Остави момчињата да се наспијат. Што сакаш од нив - да тренираат по 2 пати на ден? Тие не се навикнати на такви оптоварувања ". Одеднаш ветувањата дадени на почетокот на престојот ми се покажаа заборавени. Наместо да ги прифатат предлозите за нови спонзорски договори, тие ги отфрламе.Со образложение дека овие трансакции можат да спречат поголеми такви чекори. Вистината е дека во федерацијата се грижеа првенствено за интересите на својата клика. И каде се денес овие поголеми спонзори, за кои ми објаснувате?Ги нема. За време на престојот во Бугарија се случи уште нешто непријатно: наместен натпревар од тотомафијата. Уште на самиот почеток ми се стори чудно што претседателот Михајлов многу инсистира да одиграме конкретна пријателска средба. Ривал ни беше Естонија, но дуелот требаше да се одржи во турскиот град Анталија. Имам сведоци дека недели наназад се противев на овој апсолутно непотребен натпревар.Ова не беше прв ваков случај. Четири месеци порано се среќаваме со Саудиска Арабија во Истанбул. Дуелот се одржа пред 150 гледачи на тренинг игралиште. Претходната вечер требаше да се подготвуваме на терен надвор од градот, кој беше осветлен од 4 смешни светилки. Не можевме да ја гледаме топката. Кога побарав објаснување ми рекоа дека такви маргинални средби се по вкусот на компанијата која ги организира.За судирот со Саудиска Арабија не знам, но за овој со Естонија, со посета од самоп 80 гледачи, стана јасно дека бил наместен. Се трудеа да го отстранат од сите офиицални статистики. Гледав да се фокусирам повеќе на настаните на теренот и воопшто не ми текна дека судиите немаат лиценца и свират под туѓи имиња.Изненадувачки, кога сфатив дека дуелот е организиран од страна на тајландски посредници. Крајниот резултат беше 2:2, а сите голови беа постигнати од пенали. Како се мести една средба? Во конкретниот случај беше судијата, друг пат може да е некој тренер или играч. Многу често потенциалните жртви се „клиенти" на казината. Станува збор за фудбалери кои имаат натрупано сериозни долгови и сакаат да ги исплатат. Очајни од ситуацијата, тие се согласуваат да продадат даден меч .Потоа тие вклучуваат во лошата шема двајца-тројца соиграчи на кои им даваат пари, претходно добиени од мафијаши. И така залог од десетици илјади евра одеднаш се претвора во добивка од милиони. За мене секој играч со докажано учество во црно тото треба да биде казнет доживотно. Во таа смисла мојата авантурата во Бугарија беше како продирање со нож во срцето. Се чувствував излажан. Затоа беше најдобро за сите да ставиме крај на ова едногодишно недоразбирање во декември 2011-та.

http://sitel.com.mk/mateus-gi-nareche-bu...kriminalci
Без Ботев няма България
30-10-2012, 04:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Младенов го шири списокот на поплаки

Денес еврокомесарот Штефан Филе е во Софија да ги слушне ставовите околу нашата препорака за преговори

Слободанка Јовановска

Шефот на бугарската дипломатија, Никола Младенов, го прошири списокот на забелешки кои ги има Софија на адреса на Македонија и кои планира да ги отвори како прашања на декемврискиот самит на Европската унија, кога ќе се решава за почеток на преговорите со нашата држава.

На листата, освен неисполнувањето на условот за добрососедските односи, се и правата на бугарското малцинство во нашата држава и првпат некакви проблеми што ги имале тука бугарските компании.

Она што е поголема вест е дека Младенов, откако го повика бугарскиот парламент да расправа за односите со Македонија, отиде во турнеја низ регионот што се граничи со нашата држава за да ги праша и граѓаните таму што мислат за односите и каква политика ќе поддржат со нас.

Турнејата, која треба да му даде аргумент на Младенов дека забелешките кон нашата политика се со референдумска димензија, а не само политика на една владејачка партија, тој ја почна во Благоевград, а трае три дена. Тие сознанија тој ќе ги презентира пред еврокомесарот Штефан Филе, кој денес ќе дојде во посета на Софија, а кој во последниот извештај ги маргинализираше поплаките на Бугарија во однос на Македонија.

Ова е еден од серијата се' почести настани со кои на високополитичко ниво се издигаат проблемите со нашата држава, а кое Младенов го потврди во петокот со обраќање во бугарскиот парламент иако, генерално, неговата порака беше дека Бугарија е „земјата која ќе добие повеќе од која и да е друга со интеграцијата на Македонија во ЕУ, па поради тоа ќе ја поддржи со цело срце“.

Притоа, тој изјави дека во нашата држава има тренд кој е во спротивност со декларацијата за добрососедски односи потпишана во 1999 година и дека историјата кај нас се толкува во „крајно националистички дух“. Тој нагласи дека предлог-документот што ни го понудила Софија за средување на односите – се' уште чека одговор од наша страна.

Сепак, за односите со Македонија тој рече дека не смеат да бидат предмет на партиска политика, а дека на самитот бугарската позиција ќе зависи од тоа дали македонската Влада ќе ја смени сегашната линија кон Бугарија и дали ќе го исполни тоа што го бара ЕУ, мислејќи на добрососедскиот услов.


Статијата е прочитана 120 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=965622CE2...5447107C2E

На тая Слободанка винаги мед и капе като плюе по България.
За отношението към български фирми , мога от първа ръка да разкажа това онова , ако някой се интересува.
Без Ботев няма България
31-10-2012, 05:54 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

Бугарија има свои услови, но ќе даде зелено светло за Македонија во декември

Бугарија во декември нема да се противи за почеток на македонските преговори со Европската Комисија. Николај Младенов ја потврдува стратегијата на неговата земја дека блокада нема да има. Бугарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции. (обновено во 14:38)

- Целта никогаш не ни била и нема да биде да ја блокираме Македонија или друга земја на патот кон Европа, изјави Младенов вчера во Благоевград.

Младенов и натаму стои на тезата дека Македонија и Бугарија треба да расчистат со минатото и да се фокусираат на иднината. Бугарскиот министер забележува што во извештајот за напредокот не се спомнува темата за меѓусоседските односи. Младенов вчера рекол дека Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но бараат и нивните соседи да немаат малцински претензии кон Бугарија.

- Зошто да не одбележуваме некои историски годишнини поврзани со Гоце Делчев, заедно со Македонија. Историјата треба да биде анализирана од историчарите, бидејќи станува опасно кога ќе се измешаат историјата и политиката - подвлекол министерот Младенов.

И покрај заострената реторика што пристигнува од официјална Софија од кабинетот на Младенов за Канал 5 велат дека не треба да пости сомнеж дали Бугарија во декември ќе даде зелено светло за старт на преговорите за Македонија. Слично пред две недели за Канал 5 изјави и бугарскиот европратеник Ковачев. Тој рече дека Македонија може да се надева на гласот на Бугарија.

Ѓорги Томиќ

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=98317
Let me hear you make decisions without your television.
31-10-2012, 09:29 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија секогаш прва пружа рака

Како некоја љубоморна девојка, лута поради евентуалното запоставување, Бугарија одвреме-навреме ќе нѐ потсети дека е тука


Македонија е повторно посочена со прст поради односите кон соседите, кои формулирани како добрососедски очигледно станаа главен услов за членство на нашата земја во ЕУ и во НАТО. Досега бевме навикнати за ова да добиваме директни сигнали, преку Атина, или индиректни, преку Брисел, но во изминатиот период сѐ почесто се вклучува и Софија. Како некоја љубоморна девојка, лута поради евентуалното запоставување, Бугарија одвреме-навреме ќе нѐ потсети дека е тука. Можеби загрижени дека, ете, повеќе енергија и внимание трошиме на спорот за името, па некој бугарски политичар ќе се огласи, јавно заложувајќи се за евроинтеграцијата на Македонија, но укажувајќи дека има некои работи што на официјална Софија ѝ пречат. Последен беше шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов, кој пред некој ден од Благоевград порача дека Бугарија го поддржува членството на нашата земја во Унијата, но не по секоја цена и дека треба да се исполнат определени услови за да продолжи бугарската поддршка.

- Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија, бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака - кажа Младенов.

Човек не треба да е многу мудар, ниту пак да има некои извонредни способности за читање меѓу редови, за да ја сфати пораката на министерот Младенов. Да, повторно критика упатена кон Македонија. Но неговата изјава е интересна и поради неколку моменти. Прво, да тргнеме одзади, за тоа колку некој во Бугарија „е слободен да се декларира како што сака“, најдобро знаат Македонците што живеат таму. Но нејсе... Второ, бугарските соседи „не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија“, а точно кој ги има? Колку што ни е познато, Македонија во изминатиот период речиси не го споменува малцинското прашање кога станува збор за Бугарија. Не дека го игнорира, туку нели, ете, во духот на добрососедските односи и во интерес на евроатлантските интеграции, проблемот со македонското малцинство кај источниот сосед е оставен да се решава преку меѓународни институции, како што е Европскиот суд за човекови права. Тогаш зошто Софија повторно го споменува малцинското прашање кога односите меѓу двете земји се движат во нагорна линија? Од што се плаши Бугарија? Нема друго објаснување, освен тоа за љубоморната девојка, на која малку ѝ се посветува внимание, па сака одоколу да порача дека е тука. Или, пак, сака да нѐ предупреди целосно да заборавиме на малцинското прашање, за да не добиеме уште една „Грција“ на нашата голгота кон ЕУ и НАТО.

Нема потреба од стравување. Уште од првите денови по осамостојувањето Македонија беше таа што, токму во интерес на добрососедските односи, го правеше првиот чекор, често голтајќи горчливи одлуки, додека нејзините соседи во политиката кон нас самите го ограничуваа изборот - или инает, или уцена. Не помина ниту една година како независна, Македонија преку амандмани го измени Уставот, порачувајќи им на соседите дека нема потреба да стравуваат. Па така, во јануари 1992 година, преку уставните измени јасно истакна дека „нема територијални претензии кон соседните држави“ и дека „нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Ова второто е посебно важно, бидејќи со него се дополнува членот од Уставот со кој се истакнува дека нашата земја се грижи за положбата и за правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците. Така што уште од пред 20 години постојат цврсти гаранции, запишани во македонскиот устав, дека Македонија ниту ќе се меша во работите на соседите, ниту пак сака дел од нивната територија.

И не е само Уставот. Македонија покажа дека е добар и пред сѐ разумен сосед кога, под огромен притисок на Атина, го смени државното знаме, ја прифати референцата БЈРМ, како и можноста под неа да членува во меѓународните организации. И не се само Грција и Бугарија. Нашата земја пружи рака и кон Србија, дозволувајќи му на српскиот државен врв на македонска територија да прославува победи во големи историски битки. Па така, српскиот претседател Томислав Николиќ, во друштво на премиерот Ивица Дачиќ, во неделата го посети Зебрњак, каде што ја одбележаа 100-годишнината од Кумановската битка. Фер е да очекуваме дека Србија за возврат ќе дозволи нашиот државен врв истото да може да го стори, односно слободно да отиде во Прохор Пчињски и да го одбележи АСНОМ, а не само еднаш, во 2009 година.

Има уште многу примери што јасно покажуваат дека Македонија е таа што прва пружа рака, за компромис, за договор и на крајот за добар и мирен Балкан, кој никако целосно да се интегрира во Европа.

П.С. Бугарскиот министер Младенов денеска во Софија ќе го прими еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со кого, меѓу другото, ќе разговара за добрососедските односи. Дали Филе ќе ја „потресе“ Софија, како што тоа неодамна го направи со Атина, најверојатно ќе зависи и од тоа што сѐ има Младенов да му каже во однос на Македонија...


Автор: Владимир Мијановиќ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22717
Без Ботев няма България
31-10-2012, 04:51 PM
Reply