Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Совети за здравјето - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Секоjдневие (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=7)
+--- Forum: Здравjе, Храна, Вино (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=15)
+--- Thread: Совети за здравјето (/showthread.php?tid=55)

Pages: 1 2 3 4 5


Совети за здравјето - mence - 04-01-2010

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=221D5D874536094FA1ПРАВИЛНА ИСХРАНА


Грицкајте здраво!


Здравите маснотии со кои изобилуваат оревите, бадемите, лешниците и останатите коскести плодови го намалуваат ризикот од рак, нивото на лошиот холестерол, ги штитат крвните садови и го забрзуваат зараснувањето на рани. Им се препорачуваат на сите кои се бават со потешка физичка работа

Бадеми против заборавеност
Најновите истражувања покажале дека некои влакна кои се наоѓаат во бадемите ја блокираат апсорпцијата на маснотии. Тоа значи дека иако се калорични од нив нема да се здебелите. Еден грст бадеми дневно обезбедува 35% од дневните потреби за витамин Е, моќен антиоксиданс кој е одлична превенција од Алцхајмерова болест.
30 грама содржат: 163 калории, 6 г протеини, 14 г маснотии

Кикиритките го регулираат шеќерот
Ова растение официјано не спаѓа во јаткасти плодови туку во мешунки како што е гравот и грашокот. Кикиритките му помагаат на организмот да го избалансира нивото на шеќерот во крвта.
30 грама содржат: 166 калории, 7 г протеини, 14 г маснотии

Индиски ореви за опуштање
Индиските ореви содржат многу железо што е значаен податок за вегетаријанците и бремените жени. Освен железо богати се и со цинк кој ја зголемува отпорноста на организмот, а особено го јакне лимфниот систем. Содржат и магнезиум, кој го опушта нервниот систем и мускулите.
30 грама содржат: 175 калории, 7 г протеини, 14 г маснотии

Ф'стаци за имунитет
Стручњаците ги препорачуваат бидејќи содржат многу витамин Ц, каротен, калиум, фосфор, железо и калциум. Ф'стаците се добри за косата, видот, кожата, крвните садови, бубрезите и за јакнење на имунитетот.
30 грама содржат: 168 калории, 5 г протеини, 12 г маснотии

Лешниците ублажуваат болка
Мешавината од витамините Б во лешниците благотворно делува на нервниот систем и, заедно со липидите и масните киселини, ја подобрува работата на мозокот. Лешникот ги ублажува и хроничните тегоби бидејќи содржи состојки кои го стимулираат лачењето на серотонин, хормон на среќата. Овој хормон ја намалува чувствителноста па се препорачува кај оние со хронични болки.
30 грама содржат: 213 калории, 4 г протеини, 20 г маснотии

Ореви против воспаленија
Ако јадете ореви ќе го подигнете нивото на добриот, а ќе го намалите нивото на лошиот холестерол. Оревите се богати со омега-3 масни киселини, па ги ублажуваат воспаленијата кои се опасни за артериите, покажала една нова студија. Тие помагаат и во зараснувањето на скршените коски.
30 грама содржат: 185 калории, 4 г протеини, 19 г маснотии



#

008BDDB0A81C8C


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 04-01-2010

Ослободете се од тврдата столица

Човекот во текот на животот просечно вари 60 тони храна. Во завршниот сегмент од процесот на варењето во дебелото црево, можно е да настанат проблеми поради погрешната исхрана, недоволното движење или несакани дејства на лековите. Сево ова може да предизвика проблем со столицата, односно запек. Ако столицата премногу се задржува во дебелото црево, станува премногу тврда, што е резултат на слабото работење на мускулите во ѕидовите на дебелото црево. Голем број луѓе секојдневно се соочуваат со овој проблем.
Постојат бројни заблуди во врска со лекувањето на оваа појава.

Прва од нив е дека човекот барем еднаш дневно треба да има столица. Гастроентеролозите велат дека нормално е да се има столица од еднаш дневно до трипати неделно. Исто така, не е точно дека опстипацијата го труе телото. Столицата се состои од несварени остатоци на храната, клетки на цревниот епител, бактерии, воздух и вода. Ништо од сето тоа не е отровно, а телото ја апсорбира само водата.
Обичното шетање не помага. Морате да вложите повеќе напор, возење велосипед, брзо одење, трчање, пливање и гимнастика. Обичното движење помага само ако стомачните мускули се многу ангажирани. Масажите се многу важни, повеќепати дневно со кружни движења масирајте го пределот околу папокот во насока на движењето на сказалките на часовникот.
Консумирањето огромни количества течности не помага. Ова е неточна констатација. Иако големо количество течности се апсорбира во тенкото црево, тие сепак стасуваат до дебелото, каде што се „врзуваат“ на пример во влакнестите материи. Тие ја омекнуваат столицата, го зголемуваат нејзиниот волумен, со што се поттикнува движењето на мускулите во ѕидовите на цревата. Земајте секој ден една до две лажици семе од лен со вода и отпосле уште една чаша вода.
Средствата за чистење на цревата ги намалуваат килограмите. Ова е исто така неточно. Кога затворот ќе помине, организмот ги губи течностите, но не и маснотиите. Ако редовно користите средства за прочистување само за да ослабнете, ќе изгубите премногу течности, кои може да предизвикаат нарушување на срцевиот ритам. Само понекогаш за омекнување на столицата, ваквиот начин е дозволен.


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 04-01-2010

НЕГА


Отстранување на брчките со нежна масажа


Ситните мимички брчки и дупчиња на кожата делуваат симпатично оти покажуваат дека не си ги криеме емоциите. Но, оние другите брчки можете да ги отстраните со масажа

За опуштање на челните и очните мускули:
Ставете ги показалците над веѓите во висина на зениците и правете мали кружни движења, благо притискајќи.
За затегнување на пределот на брадата:
Со показалците масирајте ги вдлабнатините пред виличниот зглоб. Дополнителен ефект од масажата: јакнење на ослабените мускули на лицето.
Спречување на појава на брчки околу очите:
За притисокот да не биде премногу силен, користете го средниот прст. Притискајте ги вдлабнатините покрај веѓите за да ги зајакнете мускулите на очите.
Го ублажува брчките околу усните:
Нежно масирајте ја точката меѓу врвот на носот и устата, внимателно кружејќи со показалецот околу 60 секунди.
За ублажување на вертикалните брчки на челото:
Ставете го палецот меѓу веѓите и благо притискајќи масирајте десет минути во текот на целиот ден.
За пополнување на кожата на образите:
Притиснете ја точката која се наоѓа под зениците, во висина на носниците. Оваа масажа ги ублажува и брчките кои под носот се спуштаат кон краевите на усните.


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 04-01-2010

Трикови за гозба без грижа на совеста

Обилната исхрана во најстудените месеци од годината има долга традиција. Впрочем, каква е таа зима без раскошното празнично мени? Со нашите совети ќе можете добро да јадете и пиете а притоа да ја сочувате витата линија, и одлично да се чувствувате

* Минерална вода
Едноставно, но ефикасно: ако половина час пред јадењето испиете чаша вода, ќе го смирите апетитот и нема да го преоптоварите желудникот. Ќе уживате во секој залак, но автоматски порано ќе престанете да јадете. Така ќе го внесете и потребното количество течност, што во зима често се заборава.

* Ананас наутро
По јаболките, ананасот е втор на листата најдобри овошја во зима. Уште пред појадокот изедете дебела кришка свеж ананас. Причина е ензимот бромелин, кој ја забрзува размената на материите. Покрај тоа, калиумот, железото, магнезиумот, јодот и цинкот ќе го спречат насобирањето на масно ткиво.

* Кикиритки
Грицкањето кикиритки (без сол) за божиќните празници е навика од која тешко се одвикнува човек. Но не ни треба да се одвикнува, бидејќи кикиритките содржат биотин кој го спречува ненадејното силно чувство на глад и го одржува нивото на шеќерот во крвта! Само не претерувајте - максимум еден грст!

* Зелен чај
Овој чај е полн со доблести: го забрзува метаболизмот и ги согорева маснотиите, ги зајакнува врзивните ткива и убаво ве грее.

* Магдонос
Печива со сирење или јајца за доручек, печење за ручек итн. Кога можете, ставете во нив свеж магдонос - тој содржи етерични масла кои го подобруваат варењето и исфрлувањето течности од телото, и е извонреден сојузник во одржувањето на телесната тежина.

* Јаболки по јадењето
Тие содржат пектин, кој како сунѓер го впива мрсното од печената мисирка и калоричните торти и помага во нивното излачување од телото, пред да се наталожат како мал потсетник на божиќните гозби врз вашите колкови во вид на масни перничиња.

* Арома наместо маснотија
Наместо со павлака, чорбите и сосовите зачинете ги со коријандер, кардамом и со божиќниот зачин, цимет. Позитивна нуспојава: нема да ви помогне само во слабеењето, туку и јадењата ќе бидат повкусни.

* Еспресо
Шолјичка еспресо по јадењето ќе ви помогне полесно да ја сварите храната. Имено, тоа ќе го забрза метаболизмот и согорувањето на маснотиите.

* Портокали против маста
Чаша свежо исцеден сок од портокал пред јадење ќе го поттикне излачувањето на соковите за варење. Желудникот подобро ќе го свари празничното печено, а маснотијата побрзо ќе се исфрли.

* Ракија за варење
За чашка ракија по обилниот оброк не ви треба изговор, ако се работи за ликер од зачински билки. Тој ја подобрува циркулацијата во слузокожата на желудникот, што значително му ја олеснува работата. Освен тоа, се зголемува и лачењето на жолч, со што хемиски почнува разградувањето на маснотиите.


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 05-01-2010

Мас­лин­ки­те по­сил­ни од ан­ти­би­о­тик

Екс­трак­тот од лис­то­ви­те со­др­жи суп­стан­ци кои дејс­тву­ва­ат ан­ти­бак­те­ри­ски, го јак­не иму­ни­те­тот, го на­ма­лу­ва зго­ле­ме­ни­от кр­вен при­ти­сок, ка­ко и кон­цен­тра­ци­ја­та на ше­ќе­рот во крв­та

Ко­га ќе се спо­ме­не мас­лин­ка пр­во се мис­ли на неј­зи­но­то мас­ло, ме­ѓу­тоа, и лис­то­ви­те од оваа бил­ка се ко­рис­тат во ле­ку­ва­ње­то. Екс­трак­тот од лис­то­ви­те со­др­жи суп­стан­ци кои дејс­тву­ва­ат ан­ти­бак­те­ри­ски, го јак­не иму­ни­те­тот, го на­ма­лу­ва зго­ле­ме­ни­от кр­вен при­ти­сок, ка­ко и кон­цен­тра­ци­ја­та на ше­ќе­рот во крв­та. Број­ни ме­ди­цин­ски сту­дии ука­жу­ва­ат де­ка по­ма­га и во слу­чаи на си­ну­си­тис, хер­пес, грип, вос­па­ле­ние на моч­ни­те па­тиш­та, зго­ле­ме­ни­от хо­лес­те­рол, ар­три­тис, гас­три­тис и хро­ни­чен за­мор.


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 05-01-2010

Зе­ле­но­то ја­бол­ко го сми­ру­ва и чи­рот

За ле­ку­ва­ње на гас­три­тис струч­ња­ци­те пре­по­ра­чу­ва­ат ја­бол­ка, но тие од зе­ле­ни­те сор­ти. Ка­ша­та од сит­но рен­да­ни­те ја­бол­ка би тре­ба­ло да се изе­де ра­но на­ут­ро и по­тоа ниш­то да не се ја­де и да не се пие пред 11 ча­сот. Тоа се­кој­днев­но би тре­ба­ло да се пра­ви еден ме­сец, а ид­ни­от ме­сец рен­да­ни­те ја­бол­ка ја­де­те ги 2-3 па­ти не­дел­но, а тре­ти­от ме­сец са­мо ед­наш не­дел­но. Во те­кот на те­ра­пи­ја­та не би тре­ба­ло да се пие мле­ко, јак чај или ка­фе, ни­ту да се ја­де лу­та и за­чи­не­та хра­на и свеж леб.
За­бо­ле­ни­те од гас­три­тис не би сме­е­ле да ја­дат ја­бол­ка пред спи­е­ње, заш­то тие пре­диз­ви­ку­ва­ат га­со­ви и по­ду­е­ност на сто­ма­кот.


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 05-01-2010

Несолената храна подмладува

Освен што влијае врз покачувањето на крвниот притисок, поголемото количество на натриум, тврдат научниците, може да го забрза и настанокот на ракот на желудник. Решението е едноставно - намалете го внесувањето на сол, плакнете ги солените продукти (сардини и туна во конзерва), па добро исцедете ги. Ако може да мерите и да се држите до границата од 1,6 мг натриум дневно (пожелно е и помалку) тогаш би се чувствувале и би биле помлади за 2,8 години.


RE: Soveti za zdravjeto - mence - 05-01-2010

Диеталните сокови ги расипуваат забите

Соковите кои содржат мал процент на шеќер или вештачки засладувачи се добри за зачувување на витата линија, но се убиствени за забите. Ваквите сокови содржат вештачка лимонска киселина која го оштетува забниот глеѓ. За да го спречите тоа, по сокот може да земете мастика за џвакање без шеќер која за неколку минути ќе ги отстрани наслојките на оваа киселина од забите. Освен тоа, научниците напоменуваат дека светлите газирани пијалаци и ладните чаеви повеќе ги оштетуваат забите отколку темните. Најдобар пијалак, и за забите и за телото воопшто, се водата и безалкохолното пиво.


RE: Совети за здравјето - mence - 06-01-2010

Ослободете се од тврдата столица

Човекот во текот на животот просечно вари 60 тони храна. Во завршниот сегмент од процесот на варењето во дебелото црево, можно е да настанат проблеми поради погрешната исхрана, недоволното движење или несакани дејства на лековите. Сево ова може да предизвика проблем со столицата, односно запек. Ако столицата премногу се задржува во дебелото црево, станува премногу тврда, што е резултат на слабото работење на мускулите во ѕидовите на дебелото црево. Голем број луѓе секојдневно се соочуваат со овој проблем.
Постојат бројни заблуди во врска со лекувањето на оваа појава.

Прва од нив е дека човекот барем еднаш дневно треба да има столица. Гастроентеролозите велат дека нормално е да се има столица од еднаш дневно до трипати неделно. Исто така, не е точно дека опстипацијата го труе телото. Столицата се состои од несварени остатоци на храната, клетки на цревниот епител, бактерии, воздух и вода. Ништо од сето тоа не е отровно, а телото ја апсорбира само водата.
Обичното шетање не помага. Морате да вложите повеќе напор, возење велосипед, брзо одење, трчање, пливање и гимнастика. Обичното движење помага само ако стомачните мускули се многу ангажирани. Масажите се многу важни, повеќепати дневно со кружни движења масирајте го пределот околу папокот во насока на движењето на сказалките на часовникот.
Консумирањето огромни количества течности не помага. Ова е неточна констатација. Иако големо количество течности се апсорбира во тенкото црево, тие сепак стасуваат до дебелото, каде што се „врзуваат“ на пример во влакнестите материи. Тие ја омекнуваат столицата, го зголемуваат нејзиниот волумен, со што се поттикнува движењето на мускулите во ѕидовите на цревата. Земајте секој ден една до две лажици семе од лен со вода и отпосле уште една чаша вода.
Средствата за чистење на цревата ги намалуваат килограмите. Ова е исто така неточно. Кога затворот ќе помине, организмот ги губи течностите, но не и маснотиите. Ако редовно користите средства за прочистување само за да ослабнете, ќе изгубите премногу течности, кои може да предизвикаат нарушување на срцевиот ритам. Само понекогаш за омекнување на столицата, ваквиот начин е дозволен.


RE: Совети за здравјето - mence - 07-01-2010

HRISTOS SE RODI !!!!


RE: Soveti za zdravjeto - dzandar - 07-01-2010

(05-01-2010, 02:06 PM)mence Wrote: Зе­ле­но­то ја­бол­ко го сми­ру­ва и чи­рот

За ле­ку­ва­ње на гас­три­тис струч­ња­ци­те пре­по­ра­чу­ва­ат ја­бол­ка, но тие од зе­ле­ни­те сор­ти. Ка­ша­та од сит­но рен­да­ни­те ја­бол­ка би тре­ба­ло да се изе­де ра­но на­ут­ро и по­тоа ниш­то да не се ја­де и да не се пие пред 11 ча­сот. Тоа се­кој­днев­но би тре­ба­ло да се пра­ви еден ме­сец, а ид­ни­от ме­сец рен­да­ни­те ја­бол­ка ја­де­те ги 2-3 па­ти не­дел­но, а тре­ти­от ме­сец са­мо ед­наш не­дел­но. Во те­кот на те­ра­пи­ја­та не би тре­ба­ло да се пие мле­ко, јак чај или ка­фе, ни­ту да се ја­де лу­та и за­чи­не­та хра­на и свеж леб.
За­бо­ле­ни­те од гас­три­тис не би сме­е­ле да ја­дат ја­бол­ка пред спи­е­ње, заш­то тие пре­диз­ви­ку­ва­ат га­со­ви и по­ду­е­ност на сто­ма­кот.


mence ako smem da te dopunu: mi u kumanovo za chir prepishuemo mastiku. ali u umereni doze, zasto ako predoziras, t'ga se predizvikue glavoboljka! Party1


RE: Совети за здравјето - dzandar - 07-01-2010

(07-01-2010, 02:59 PM)mence Wrote: HRISTOS SE RODI !!!!

VAISTINA SE RODI!


RE: Совети за здравјето - mence - 08-01-2010

Blagodaram Dzandar na dopolnuvanjeto...
Toa e mnogu dobar sovet....


RE: Совети за здравјето - mence - 12-01-2010

Опуштете се со јога

Јогата е многу добар начин за подобрување на флексибилноста и за намалување на стресот. Седењето во работната фотеља во текот на работното време може негативно да влијае на вашето тело. Лесното растегнување и јога вежбите ќе ви помогнат да се справите со негативното влијание од работниот стол.
Одвојте барем пет минути во текот на работното време за јога вежбање. Исклучете го звукот на вашиот телефон, затворете врата и замолете ги колегите да не ви сметаат. Важно е да се сконцентрирате на вежбите и да го блокирате влијанието на околината, за да биде успешно вежбањето.
* Седнете на стол со двете нозе спуштени на земја. Главата мора да ви биде во иста линија со кичмата. Мора да седите исправено, а истовремено да го опуштите вашето тело.
* Пред да почнете со вежбите за опуштање, затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Вдишете и издишете полека опуштајки го своето тело. Замислете си дека внатре во вашиот стомак има балон кој се шири и се собира со секое ваше вдушување и издушување. Стресот од вашето тело полека излегува со секое ваше издишување.
* Полека вртете го телото во пределот на рамената прво на десната па на левата страна. Со секое вртење на едната или на другата страна ќе почувствувате благо растегнување на грбот.
* Растегнете го вратот со тоа што брадата ќе ја спуштите кон градите при секое издишување. Кога ќе вдишувате пак, мрдајте ја главата во спротивен правец, односно дигнете ја кон таванот.
* Доколку сте имале прилика да посетувате часови по јога и знаете неколку дополнителни вежби за растегнување на рацете и рамениците, тогаш тоа дополнително ќе ви помогне во ослободувањето од стресот и опуштање на телото.
* Откако ќе го намалите стресот, ќе бидете попродуктивни во работата.


RE: Совети за здравјето - mence - 12-01-2010

Зелката ги смирува цревата

Зимата не може да се замисли без зелка, не е важно дали е кисела или свежа. И добро што е така. Зашто, во зелката има многу витамин Ц, најдобриот сојузник против настинките, но и витамин Е (антиоксиданс), К (важен за коагулација), од групата Б, а во киселата зелка витамин У (еден од најретките, а се смета дека лекува чир (надворешен - на кожата, и внатрешен - на желудникот и на дванаесетпалачното црево). Исто така, во зелката има многу калиум, калциум, фосфор, сулфур, железо, бакар, цинк и магнезиум. Но, со готвењето се губи витаминот Ц, па се препорачува да се јаде колку што може повеќе свежа и кисела зелка. Сите тие елементи ја прават зелката одличен продукт, но само ако се зема во свежа состојба. Ако не можете секогаш да ја јадете зелката свежа, тогаш може да ја варите на пареа или во текот на готвењето да додадете малку ким.


RE: Совети за здравјето - mence - 21-01-2010

Правила на исхрана според СЗО

* По препорака на Светската здравствена организација (СЗО), би требало дневно да се јадат по 5 оброка. Одете на спиење по 2 часа по последниот оброк.
* Во лето внесувајте дневно по 3,5 литри, а во зима по 2,5 литри течности.
* Разновидно хранете се.
* Не гладувајте, но јадете само кога ќе почувствувате глад.
* Избегнувајте солена храна.
* Избегнувајте мрсна храна.
* Избегнувајте ги простите шеќери (бонбони, колачи, чоколадо).
* Избегнувајте ги производите од бело брашно.
* Овошјето јадете го умерено, никогаш не заменувајте ја вечерата со овошје и не јадете го веднаш по оброкот.
* Јадете многу зеленчук.
* Користете само ладно цедено масло - маслиново, сончогледово, од тиква и од сусам.
* Јадете производи од интегрално јачменово, овесно и р'жано брашно.
* Јадете посни меса, без кожа - телешко, пилешко, мисиркино, риба.
* Користете млечни производи од делумно масно млеко
* Кога ќе ви се пријаде нешто што не е здраво, овозможете си го тоа, но само понекогаш.


RE: Совети за здравјето - mence - 26-01-2010

СОВЕТИ ЗА ПОДОЛГ ЖИВОТ

Јадете полека и уживајте во храната
Ако јадете пребрзо, вашиот мозок нема да стигне да го прими податокот дека сте заситени онака како што би требало, па поради таа причина само ќе натрупувате храна во себе се додека не се прејадете.
Ако, пак јадете споро, ќе му дадете на мозокот време да свати дека вашиот организам е веќе заситен од храната што ја јадете.
Истото се случува и ако јадете невкусна храна- мозокот ќе почне да се досадува, ќе се исклучи и нема да ви јавува дека ви е доста од храната, односно дека сте заситени. Поради тоа јадете само вкусна храна и слушајте го сопствениот мозок. Кога сме веќе кај вкусната храна, добро е вкусот на храната да се подобро со зачини или билки. На тој начин нема да морате да ставате големи колични на сол.
Јадете вистинска, а не нискокалорична храна. Звучи изненадувачки, но вистина е дека помали количини од полно масната храна, ја прават храната неизмерно здрава, па дури и поздрава од оние безброј нискокалорични видови на храна.
На пример, во нискокалоричното чоколадо обично се ставаат разни видови на нездрави состојки, со кои се компензија вкусот што исчезнал кога од млекото со кое се прави чоколадата е извлечена маснотијата.
За да го задржите срцето здраво, наместно преголеми количини на путер или обично рафинирано масло, храната гответе ја на маслиново или пак на растително масло.
Внимавајте во текот на денот да не се "предозирате" со јаглехидрати. Имено јаглехидратите како тестенините или компирот ги активираат хормоните кои делуваат антистресно, ви даваат чувтсво на опуштеност и поспаност, па затоа е подобро да се конзумираат навачер кога сакате да се опуштите, а не за време на ручекот.


RE: Совети за здравјето - mence - 28-01-2010

Пијте вода на празен желудник

Луѓето што живеат во Јапонија имаат навика да пијат вода веднаш штом ќе се разбудат. Голем број испитувања ја докажале предноста на оваа техника. Лекувањето со вода дава резултати за голем број сериозни заболувања.
Познато е дека пиењето вода на празен стомак делува во лечењето на следниве болести: главоболка, болки во телото, срцевиот ситем, забрзана работа на срцето, епилепсија, масти во крвта, бронхитис, астма, туберкулоза, менингитис, болести на бубрезите и мочните органи, повраќање, гастритис, дијареја, хемороиди, дијабетис, запек, сите болести на очите, болести на матката, менструални пореметувања, болести на увото, грлото и носот.
МЕТОД НА ЛЕЧЕЊЕ:
* Штом се разбудите наутро, пред да ги исчеткате забите, испијте 4 пати по 160мл (640 мл) вода.
* Измијте ги забите, но немојте ниту да јадете ниту да пиете во наредните 45 минути.
* По 45 минути можете нормално да јадете и да пиете.
* По доручекот, ручекот и вечерата, немојте да јадете, ниту да пиете ништо во наредните два часа.
* Оние кои се стари и болни и неможат да испијат 4 чаши вода на празен стомак, додека не се привикнат на одредената доза нека почна со пиење вода колку што можат, а потоа секој нареден ден нека ја зголемуваат количината се додека не стигнат до потребните 640мл.
* Овој метод ќе ги излечи вашите болести, а оние што се здрави ќе уживаат во енергијата што ќе им ја даде водата.

КОЛКУ ДЕНА СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ЛЕЧЕЊЕ:
* за висок крвен притисок - 30 дена
* за гастритис - 10 дена
* за дијабетис - 30 дена
* за запек - 10 дена
* за туберкулоза - 90 дена
Најдобро би било овој метод на пиење вода да се применува во текот на целиот живот. Така ќе бидете поздрави и полни со енергија.
* Напомена: оние кои имаат артритис, овој метод на лечење можат да го прават само три дена во првата недела, потоа треба да паузираат една недела, па одново да почнат да го применуваат секојдневно. Ова лечење нема пропратни ефекти освен што често ќе мокрите. Значи пијте вода и останете активни.


RE: Совети за здравјето - mence - 28-01-2010

Протеините го намалуваат апетитот

Најновите истражувања од светските стручњаци за правилна исхрана потврдуваат дека оние кои за ручек ќе изедат високо протеински продукти (риба, месо), за вечера, по правило, внесуваат 30 отсто помалку калории од оние кои за ручек ќе изедат друга храна. Причина за тоа се протеините кои во мозокот ослободуваат хормони, а тие го намалуваат апетитот и создаваат чувство на ситост.


RE: Совети за здравјето - mence - 03-02-2010

Темно чоколадо против слаба циркулација

Крвните згрутчувања можат да предизвикаат тромбоза, емболија, па дури и срцев удар и смрт. Слабата циркулација може да се спаси ако јадете темно чоколадо. значи љубител сте на темното чоколадо, а имате слаба циркулација на крвта? Тоагш вие го имате правото решение за вашиот проблем.
Ако јадете темно чоколадо, вашата циркулација значително ќе се подобри, бидејќи такво влијание има вашето омилено чоколадо. Темното чоколадо им овозможува на крвните садови да се шират и на тој начин спречува создавање на стетни згрутчувања во крвните садови.
Крвните згрутчувања, во зависност од тоа каде се наоѓаат, можат да предизвикаат тромбоза, емболија, мозочен удар, срцев удар или ангина. Сто грама темно чоколадо ја поправа функцијата на крвните садови кај помладата популација на најмалку три часа.
Заштитната функција на темното чоколадо, кое содржи голема количина на антиоксиданси е одамна позната. Меѓутоа во неколку неодамнешни ситражувања се докажало дека темното чоколадо ја подобрува работата на тенкиот слој кој ја прекрива внатрешноста на крвните садови.
Новите резултати, исто така откриваат дека тој внатрешен слој ги штити крвните садови од штетните влијанија на слободните радикали, кои можат да ги оштетат келиите.
Обичното чоколадо го зголемува нивото на антиоксиданси во крвта за околу 20 отсто. Млечното чоколадо, пак, нема такво дејство бидејќи млекото му смета на процесот на апсорпција.
http://IZVOR

Ovaa e navistina mnogu dobar sovet. Navistina znam nekoi lugje koi jadat dosta cokolada, ama navistina takvi problemi nemaat.