RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - ЈорданПетровски - 15-12-2012
Quote:НАМЕТНАТО ЦРКОВНО-ПАРТИСКО РЕШЕНИЕ ЗА ДВЕ ЕПАРХИИ ВО АВСТРАЛИЈА
Во услови на силни притисоци, уцени и мешање на политички партии, Здружението на македонски заедници од Австралија вели дека е принудено да ја прифати одлуката на Синодот на МПЦ за подделба на Австралиската епархија на два дела. Едната под администраторство на владиката Петар, за втората ќе се чека Синодот да назначи владика.
Претседателот на Здружението Игор Александров повтори дека договорите со Синодот на МПЦ оделе во добра насока, се` додека не се вмеша политиката, односно ВМРО ДПМНЕ во црковните работи. Оваа партија на денот на преговорите излезе со соопштение дека поддржува поделба на епархијата на два дела, со што само го продолжи расколот, изјави Александров.
Реагирале и кај пратеникот на оваа партија избран од дијаспората од Австралија, но добиле одговор дека тој не е запознаен со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое партијата на денот на преговорите објави дека поддржува поделба на Епархијата. Здружението на македонски заедници не е задоволно од ова решение но го прифаќа со надеж дека владиката кој ќе раководи со втората епаргија набргу ќе види како владиката Петар раководи со неговата епархија и дека во иднина МПЦ сепак ќесе реши за обединување на двете епархии.
RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - ЈорданПетровски - 24-12-2012
RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - ЈорданПетровски - 22-02-2016
Quote:СКАНДАЛ: Интерпол потерница по Владиката Петар
ЕДЕН ВЛАДИКА, ДВЕ ИМИЊА, ТРИ ПАСОШИ
![[Image: vladikapet6a74.jpg]](http://w77.imgup.net/vladikapet6a74.jpg)
Деновиве Австралиската федерална полиција побара од Интернационалната полиција (ИНТЕРПОЛ) во Австралија да го доведат Македонскиот Владика - Петар Каревски за да му се суди за криминалот што го направил во Австралија. Голем страм за Македонската Православна Црква е податокот дека Администраторот на Епархијата за Австралија и Нов Зеланд нечесно ги извршувал работите во Австралија каде се соочува со барање на ЕКСТРАДАЦИЈА од Македонија во Австралија. Во Австралија Петар/Јован Каревски живеел под две имиња и поседувал три државјанства и три пасоши (македонски, австралиски и италијански) што е спротивно на Австралискаите закони и плус поседувал и финансиски сметки во сите тие држави. Владиката Петар/Јован Каревски во Австралија поседува шест имоти на негово име - секако дека некои имоти се на Петар Каревски а некој на Јован Каревски, што е спротивно на Австралиските закони. Кој му помогнал Митрополитот Петар да ја напушти Австралија ако се знае дека во меѓу време бил под истрага тоа ќе се докаже на судот каде треба да се појави Петар/Јован Каревски. За да се заштити тој самиот од Екстрадиција во Австралија побарал лекарска помош на денот кога ја прекина Богослужбата во Донибрук и на други два наврати во Македонија побарал лекарска интервенција за да применува иста тактика како диктаторот Пиноче кога се правеше болен само да избегне апсење, но нашето прашање ако бил болен во Австралија зошто се решил на таков потег тивко да ја напушти Австралија каде од Сиднеј си заминал во Македонија? Кој побргу ке стигне да ја покаже праведноста во пресудата за Владиката Петар да пресуд СИНОДОТ преку расчинување за или ИНТЕРПОЛ со екстрадиција и одговорност во Австралискиот суд? Ако се знае функционирањето на Австралискиот правен систем колку професионјално и чесно ги извршува поставените задачи сме многу уверени дека Петар Каревски наскоро присилно ќе биде доведен во Австралија за да му се суди. На Синодската седница која се одржа пред некој ден на Митрополитот Петар Каревски му е изречена последна опомена околу работата во Епархијата во Австралија и Нов Зеланд. Опомената била: ОВАА ТИЕ Е ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА И НАЈДОБРО Е ЗА ТЕБЕ ДА СИ ПОДНЕСЕШ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА АДМИНИСТРАТОР ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД И АРХИЕПИСКОПОТ г.г. СТЕФАН ГО ОПОМЕНАЛ г. ПЕТАРСО ЗБОРОВИТЕ КАКО ДА ОПОМЕНУВА ПРВАЧЕ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ГИ КОРИТЕЛ ЗБОРОВИТЕ : ШТО СИ ДРОБЕЛ ТОА КЕ СИ СРКАШ. Дефинитивно членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ - ОА се запознати за потерницата од ИНТЕРПОЛ за Петар, исто и Македонските надлежни органи кој соработуваат со ИНТЕРПОЛ и тие се информирани и сега се чека постапката да се спроведи во дело, дефинитивно Петар нема каде да се крие затоа што е јавна личност.
![[Image: vladikapet89d8.jpg]](http://g74.imgup.net/vladikapet89d8.jpg)
Дефинитивно Петар Каревски не може да патува во Австралија и за да патува му е потребна виза затоа што државјанството му е одземено, доколку е така после пропуштена Канонска посета на својата Епархија според каноните СИНОДОТ треба да му се одзема титулата Администратор Австралиско - Ново Зелански дека еден Митрополит мора својата Епархија да ја посети секој шест месеци, со што би се смириле страстите и поделабата на македонците во Австралија.Наскоро ќе ги објавиме и новите Канонски прекршоци на Митрополитот Петар во Австралија каде што дал дозвола да се одржи опелото на жена што сама си го одзела животот и самиот тој венчал на два наврати Македонски Православни верници каде немаат црковен развод, и со таа постапка СИНОДОТ треба да го екскомуницира и даму го одземе Владичкиот чин.
Пишува: Никола Ставрески - 22 февруари 2016 година - Мелбурн Австралија
|