![]() |
ДОКАЗИ ДЕКА МПО Е СО ГОДИНИ РАКОВОДЕНО ОД УДБА - Printable Version +- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca) +-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1) +--- Forum: Политика (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=2) +--- Thread: ДОКАЗИ ДЕКА МПО Е СО ГОДИНИ РАКОВОДЕНО ОД УДБА (/showthread.php?tid=4406) |
ДОКАЗИ ДЕКА МПО Е СО ГОДИНИ РАКОВОДЕНО ОД УДБА - ЈорданПетровски - 24-08-2022 ФОНДАЦИЈА „СОРОС“ -ВЛАДЕ МИЛЧИН, МАКЕДОНСКА ТРИБУНА-ГЕОРГИ МЛАДЕНОВ ФИГУРИРААТ ВО ПЛАНОВИТЕ НА УДБА ЗА ШИРЕЊЕТО НА БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА Јордан Петровски 10.08.2022 година Документи кои денеска ке ги прикачам и обзнанам ги имам добиено пред десетина и повеке години. Mногу пати сум се подготвувал да ги објавам но секогаш помислата дека не се „актуелни“ текстови со таква тематика, бидејки нема многу заинтересирани за такво нешто а тоа го ценев преку интересот и немањето на коментари, ниту пак полемики за нашите објавени текстови „УДБа ФАБРИКА НА БУГАРАШИ“, „УДБа ГИ РАБОТИ БУГАРИТЕ КАКО БАВЧА„ и други ме спречувало да ги објавам. Моментов во кој се наоѓа сега Македонија, односно Македонците е да се остане Македонец или не, ме натера да го објавам и така да допринесам кај оние што навистина сакаат да ја добиеме битката против заверата која ја подготвуваат комунистите и да ја поништат Македонската држава и Македонците како етникум и да осознаат против кого треба да се бориме. Затоа ке го објавам документот: ПЛАНОТ за конкретните мерки и активности на ДБК-II УПРАВА : ![]() ![]() ![]() ![]() RE: ДОКАЗИ ДЕКА МПО Е СО ГОДИНИ РАКОВОДЕНО ОД УДБА - ЈорданПетровски - 24-08-2022 Во ПЛАНОТ стои дека ќе се направи „доведување“ на Георги Младенов во Македонија и „расчистување“ со истиот!! ![]() Георги Младедов бил навистина „доведен“ во Македонија: Quote:Макар и в напреднала възраст, той отрано долови значението на новите технологии и още от 2003 г. започна да издава онлайн списанието „Македонска трибуна“ и да поддържа едноименния патриотичен портал. За своите заслуги към българската патриотична кауза г-н Младенов е избран за почетен член на Македонския научен институт в София. Междувременно той посещава Скопие, води разговори с президента на новата Република Македония г-н Киро Глигоров, среща се със стари познати и близки приятели, които убеждава в необходимостта между Република България и Република Македония да съществуват близки добросъседски отношения, като се признават общите корени на народа в двете съседни държави. Времето на „доведувањето“ на Георги е за време на мандатот на Глигоров, значи точно по планот на УДБа! Quote:- Вие сте председател на МПО “Тодор Александров”, Брюксел. Каква е дейността, която провеждате?- След организацията МПО “Любен Димитров”, Торонто, ние сме най-болгарското, най-чистото от предавници и най-многобройното, но веке разцепило се МПО. Имаме 11 организации во светот, кои теглат кон Болгария! Организацијата на МПО „Љубен Димитров“ која ја води Георге Младенов е нај-бугарска, нај-чиста од предавници и нај-многубројна а на нејзиноо чело е Георги Младенов чист соработник на УДБа! Прашање кое се наметнува дали најтврдиот заговорник и пропагатор дека нема Македонци, (признават общите корени на народа в двете съседни държави) признавање на заедничките корени на луѓето во двете соседни земји го работел сето она што го работел во договор со УДБа! Јас сум убеден дека е така! А убеден сум од онаа што УДБа ми го даде како задача на мене кога сакаше да ме направи нивен соработник. УДБа се обиде да инсценира преку наплата мои пари од должник од Бугарија дека тоа се пари кои ги дава државата Бугарија за финсирање на ВМРО ДПМНЕ. ![]() Скенираново е причина за отворање на мое досие и е напишано на 13.04.1993 година!! Јас со ниту една државна фирма не сум соработувал во Бугарија. Во Русија не сум работел ништо, не сум имал деловни контакти со ниту една фирма. Сум соработувал со фирми во Украина за да најдам пласман за производите на нашата фирма, затоа што пазарите на просторот на бивша Југославија на кој го пласиравме нашето производство веке беа зафатени со војна а и извозот за Германија беше прекинат заради губењето на транспортните врски, несигурната достава до купувачот во Германија. Во Бугарија сум соработувал само со две приватни фирми. Сум увезувал пченица, зејтин, сол во времето кога тие стоки недостасуваа во Македонија. Бидејки мојот извоз за Украина одеше преку една од двете фирми со кои соработувам таа фирма ми должеше пари во секое време. Кога 1992 година фирмата престана да ми плаќа 1993 годна бев приморан да ја тужам во суд во Софија. Ако мојата фирма била од интерес на државата Бугарија зошто моите побарувања државата Бугарија не ми ги исплатила на мене таа, па таа да води спор со мојот бизнис партнер во Бугарија за да си го наплати долгот? За да го исполни зацртаното УДБа мораше да најде човек кој ке биде со мене, се обидела со неколку мои пријатели од бизнисот но сите не прифатиле и затоа морала да ангажира нов човек! Тоа беше Димковски Предраг или ОО „РИМЉАНИН“ кој ке води Оперативна Обработка по линија Ванчомихајловизам: -В М- ![]() Бидејки говореше француски , англиски и бугарски а имаше свој бизнис беше слободен да патува со мене. И скоро на сите патување доаѓаше со мене. Кога одевме во Софија многу често инсистираше да одиме заедно во Пиротска, седиштето на ВМРО на Каракачанов. Зошто не сум отишол незнам ни сам а важам за љубопитен човек. Во ПЛАНОТ за работо од моето досие стои дека секогаш кога ке излегувам од Куманово ке бидам следен.Откако завршил неговиот дел од задачата бил завршен УДБа го префрла на ОК ФОРТ ВЕЈН!! Кога ги исполнувал задачите на УДБа во мое следење бил со псевдоним ОО „РИМЉАНИНИ! УДБа му го менува псевдонимот, бидејки оди на нова задача и му се менува и надреденио а со тоа и псевдонимот!! ![]() Овој увод го направив од причина што ОО „МАЈНХОВ“, ( псевдонимот е по групата Бадер-Мајнхов која во седумдесетите години изведуваше атентати врз германски политичари и бизнисмени), го префрлаат на нова задача , односно и тој влегува во Оперативната Комбинација „ФОРТ ВЕЈН“ ![]() „Оперативните позиции околу МПО добиваат „Ванчомихајловист“ и тоа добро трениран, бидејки мора да се засили „пропагандата на МПО“ за ширеше на нивното „бугараштво“ , „бугарофилсвото“ и „притисок“ врз Македонците да се „освестат“ и да ги отфрлат „комунистичките лаги“ дека се Македонци!! Пропаганда која ја шират луѓето на УДБа!! RE: ДОКАЗИ ДЕКА МПО Е СО ГОДИНИ РАКОВОДЕНО ОД УДБА - ЈорданПетровски - 24-08-2022 Бранко Димчев: ![]() ![]() Бранко Димчев заедно с Ванчо Михайлов
Quote: Сведочење кое е добиено од македонски извори:
Quote: За Бугарите е Димчев, во Македонија е Добревски!! Да бидеш офицер на ЈНА, да убиеш офицер на ЈНА и да избегаш во тоа време преку граница е малку чудно!! Има уште една чудна работа врзана за Бранко тој од логорот Леврон по се заминува за Бразил со групата во која е и Драган Богдановски! Фондација „СОРОС“: ![]() Престојот на тие групи помлади членови на МПО за што е користен? Кој го плаќал? Што била улогатана Фондацијата „ СОРОС“? А што улогата на УДБа? На овие прашања би требало да одговори тогашнит директор на Фондација Владимир Милчин!Дали тие млади членови на МПО биле врзани за преминување на МПО во рацете на Македонците или пак работеле од МПО да се одстранат Македонците : Quote: Затоа е УДБа тука да му го продолжува векот на МПО !! ![]() Да одам понатаму: ![]() Да појаснам кој е ОО „СТАРИ“ со кого УДБа и контактира: ![]() Крис Еванов од членсво во ЦК на МПО преминува за член на советничкиот одбор на ОМД!? Сега материјал од службена белешка за извршените задачи од ПЛАНОТ! |