Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ,ПО СЕ НЕ КРАДАТ,ИСТИ,ИСТИ ... - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Политика (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=2)
+--- Thread: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ,ПО СЕ НЕ КРАДАТ,ИСТИ,ИСТИ ... (/showthread.php?tid=440)

Pages: 1 2 3 4


ОГРОМНО БОГАТСТВО "НАЈДЕНО" ВО СКРИВНИЦИТЕ НА Б.Ц, Љ.Г, Н.Г ... - ЈорданПетровски - 20-02-2011

Дали ке читаме вакви наслови во Македонија:огромно богатство најдено во скривниците на Црвенковски, Герогиевски, Груевски ....


Quote:Огромно богатство најдено во скривници на Бен Али


20.02.2011 - 15:02 |


Дијаманти, злато и пари биле најдени во скривници на неодамна соборениот претседател на Тунис, Бен Али, јавува “Ројтерс“, повикувајќи се на информација на туниската државна телевизија, пренесува Нетпрес.

Според објавената информација, Бен Али го криел ова богатство во специјално направени скривници во библиотеката на неговата претседателска палата. Точната вредност на најдените скапоцености не е позната, но според државната телевизија на Тунис, станува збор за “милиони долари и евра, дијаманти и златни огрлици“.

Се очекува ова богатсво да биде искористено за потребите на државата и на народот во Тунис. Новинската агенција ИАНС објави информација дека семејството на Бен Али, кој ја напушти својата земја веднаш откако почнаа демонстрациите за неговата оставка, во Канада поседува имот вреден околу 20 милиони американски долари.

\Netpress



RE: ОГРОМНО БОГАТСТВО "НАЈДЕНО" ВО СКРИВНИЦИТЕ НА Б.Ц, Љ.Г, Н.Г ... - Душан Јордан Петровски II - 20-02-2011

(20-02-2011, 03:48 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дали ке читаме вакви наслови во Македонија:огромно богатство најдено во скривниците на Црвенковски, Герогиевски, Груевски ....


Quote:Огромно богатство најдено во скривници на Бен Али


20.02.2011 - 15:02 |

Се очекува ова богатсво да биде искористено за потребите на државата и на народот во Тунис. Новинската агенција ИАНС објави информација дека семејството на Бен Али, кој ја напушти својата земја веднаш откако почнаа демонстрациите за неговата оставка, во Канада поседува имот вреден околу 20 милиони американски долари.

\Netpress

Канада му порача на Бен Али да не ни помислува да бара азил тука, а мислам дека и имотот и сметките, кои се на име на негов зет или баџанак (brother-in-law) се замрзнати и ќе бидат ставени на располагање на Тунис. Како што ја слушнав веста, која е веќе две недели стара е дека богатството е поголемо од $20 мил.



RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - ЈорданПетровски - 07-03-2011


Quote:Браќа по криминал (7)
недела, 06 март 2011 22:53

БРАНКО И НИКОЛА ГИ ВРЗУВА(ЛA) И АФЕРАТА НПК!




Во последниот број на македонскиот неделник Фокус објавено е интервју со лидерот на Либерално Демократската Партија Јован Манасиевски, во кое човекот дава објаснување за тајните врски меѓу Црвенковски и Груевски. Уште една потврда за нашата теза дека елитите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, се всушност, „браќа по криминал“


[Image: images?q=tbn:ANd9GcT5npjyoPRwcXE-rVZt2Mn...7LyfMp6X8w]


Таман помисливме дека е време овој серијал текстови со наднаслов „Браќа по криминал“ да го прекинеме и да побараме нови инспирации од македонската транзициска реалност, кога се појавија нови сведоштва кои одат во прилог на темава.

Имено ние постојано, искуствено и фактографски согледувајќи ги работите, тврдиме дека елитите на двете најголеми политички партии што се менуваат на власт и опозиција во Македонија во изминатите 20 години, оддамна ја имаат напуштено почетната идеологија и шаблоните по кои ги менаџираа работите.

Барем од 1995 па наваму, сигурни сме дека во владеењето на двете партии не постои никаква идеологија, туку станува збор само за два едноставни лајт мотиви по кои се раководат нивните најтесни политички елити, како и елитите на партиите сателити околу нив, вклучувајќи ги и албанските партии. Тие два лајт мотиви се моќ и пари.

Зошто ја лоцираме 1995 како година пресвртница? Затоа што тогаш, за моќ и за пари, решија да направат нешто непростливо, со што си го покажаа вистинското лице. Решија да учествуваат во заговор против државата, правејќи сојуз со најцрниот ѓавол и учествуваа во помагање во атентатот врз Киро Глигоров, со крајна цел да ја дестабилизираат државата, за после да можат да ја „стабилизираат“ и да ги забетонираат мафијашките шеми на криминален профит, што е всушност заднинаната на сите политички „заебанции“ со кои се среќаваме сите овие години.

Најдоцна од тогаш, а можеби и од порано, во македонската политика нема ништо нормално и оправдано за нормална политичка анализа, обмислување или желба да се поправи нешто во рамките на постоечкиот систем.

Од тогаш, а можеби и од нешто порано, наместо нормална политичка борба на вредности во полза на Македонија и нејзините граѓани, наместо судир на политички и економски идеи на нормална левица и десница, со крајна цел унапредување на демократскиот систем, на човековите права и на изградба на ефикасен економски и социјален систем, ние имаме квази судир од најниско ниво, многу често фингиран, наменет за забава на народ, зад чија заднина стојат криминални интереси.



Парите и моќта им почиваат на криминал



Криминални, да повториме, по два основа. Мафијашки операции на организиран криминал (наркотици, цигари, алкохол, оружје, трговија со луѓе и со берзански вредни стоки) и корупција (која исто така има два столба врз кои се потпира – корупцијата од претходно наброените мафијашки операции и корупција по основ на јавни набавки).

Ако од теоријата е познато дека еден од најефикасните начини на перење на нелегално стекнатите пари по кој било основ е вложување во недвижнини и ако погледнеме како низ деценивии во Македонија, во која ништо не се гради, пазарот со недвижнини контунуирано е активен и расте, сосема е јасно што ни се случува сиве овие години.

Она што е бедно и жално е што со децении, веќе цели две, овие елити кои се еднакви на високоорганизирани банди, постојано му нанесуваат зло на сопствениот народ, држејќи го и него и државата во своевидно заложништво и не дозволуваат никаков напредок. Нивниот стил на владеење е чекор напред, два назад, континуиран страв кај граѓаните предизвикан од нивната социјална несигурност, зачинето со вешта употреба на војните во поранешна Југославија и меѓуетничките односи како средство за заплашување и порака од типот „не дај боже, да биде и полошо“. На тој принцип на страховладение врз широко осиромашени народни маси, тие успеваат да манипулираат како со еден вид масовна хипноза, терајќи ги луѓето да мислат дека утре можеби може да биде подобро ако го изберат „Мурто наместо Курто“.

Фрчко „да зборвит“ како сме стигнале до ова дереџе

[Image: 2yo3j0i.jpg]

Широката лепеза на докази за нивните злодела се на увид на секој што сака да ѕирне преку плотот и на секој што има повеќе од два грама мозок. Кога денес го слушаме Љубомир Д. Фрчкоски, како ни зборува дека Македонија никогаш не била попонижена и побесперспективна благодарение на петгодишното владеење на Груевски и на ВМРО ДПМНЕ, просто не можеме, а да не се присетиме на минатото, почнувајќи од настаните од Битпазар од зимата 1993.


Човекот, во тоа време веќе министер за внатрешни работи, беше детално упатен во сите тајни на организираниот шверц на цигари, во кој масовно учествуваше и тогашната државна власт.
Човекот беше упатен во тајните на делењето на фри-шопови на државните граница на Македонија, од каде еден дел од цигарите потоа се враќаа на црниот пазар.
Човекот беше упатен и во тајните дека во заднината на сето тоа стоеше тогаш се уште моќната италијанска мафија (SCU) со своите експозитури - српската и албанската мафија.
Човекот конечно, и на својот брат му имаше доделено еден таков фри-шоп, по што почнаа да „фрчат“ брендираните костуми, вратоврски-пепрутки, копчиња за манжетни на кошулите украсени со драги камења, ултраскапи часовници, пури и ретки коњаци, итн, итн.

Е тој човек, во таа мрачна зима 1992/1993, кога граѓаните крпеа крај со крај борејќи се со инфлацијата, заробените и украдени заштеди по банките, со стравот од војните во Хрватска и Босна, со блокадата од страна на Грција, итн, тој човек влезе во филмот на познатите трик мајстори на политичките банди и направи меѓуетнички инцидент на Битпзар, гонејќи деца што продавале цигари.
Кога револтирани до таквата лицемерност се кренаа локалните мафијаши и граѓани, тогаш овој човек се претвора во локален Наполеон и качен на отворена полициска „кампањола“, командува напад со сите оружја за да го зачувал мирот, унитарноста, системот и државниот поредок, освојуваќи аплаузи од наивните Македонци и се разбира, од „браќата“ Срби. Зад себе остави пет жртви, од кои двајца граѓани беа колатерлана штета.

Слични манипулации од него видовме уште десетина пати, но најречити беа оние со истите такви тепачки во Ѓорче Петров, Мала Речица, манипулациите во врска со атентатот врз Глигоров, манипулациите со претседателот Борис Трајковски за време на 2001, итн, итн.

Од каков човечки материјал е составен овој човек, кој денес бесрамно изјавува дека Македонија поради ВМРО ДПМНЕ и Груевски никогаш не паднала на подолно дереџе и кој се заканува со граѓански немири и со граѓански бунт ако власта сама оди на избори, на овие вонредниве?


Тука, „драги мои“, што би рекол Фрчолина, не станува збор за човечки материјал, туку за изрод без никаква морална и хумана вертикала. Транзициски и удбомафијашки продукт на локална величина, која во добар дел за она што го прави се мотивира и од комплексите што си ги влече од младоста. Нереализирана личност на која моќта пред се а, потоа и парите му служат за пополнување на дупките што ги имал од детството до адолесцентниот период, кога можеби „другарчињата и другарките не го играле“...Но, тоа ќе го оставиме за неговиот психо-аналитичар, а ние да се вратиме на темата.

Такви докази за прикривање на криминалните интереси со наводна политика и длабок политички интерес, а кои докажуваат дека станува збор за браќа по криминал, има уште многу.

Од настаните во Гостивар во 1997, кога брутално се постапуваше со население од цел еден регион во Македонија само и само да се затскријат трагите од криминалот од пирамидалните штедилници, криминалот кој доведе и до првата девалвација на денарот, што јасно укажуваше на неуспех, преку лажните изборни ветувања за расчистување со криминалот по 1998 од страна на Љубчо Георгиевски, кој само продолжи онаму каде што Бранко застана, до фарсата со војната во која загинаа стотици луѓе а, илјадници беа раселени.

Докази има и после тоа, се до денешни дни. Од амнестијата од какво било законско гонење на Георгиевски и најблиските до него од страна на Црвенковски кога се врати на власт, се до селективното делење правда од страна на Груевски по 2006 година. Се е фарса до фарса, а доказите за нивното братство само се множат и се множат.


Бранко ја стопирал истрагата за НПК!



[Image: 2j8dbb.jpg]

Претходно рековме дека идеологијата е заменета со организиран криминал и со корупција, која во еден голем дел почива врз системот на јавни набавки во Македонија. За еден таков пример и доказ, во најновиот број на неделникот Фокус зборува лидерот на ЛДП, пратеник и човек кој не е од вчера во политиката, Јован Манасиевски.


„Ние бевме убедувани од страна на Црвенковски(во 2002 година откако како коалициони партнери на СДСМ станаа власт-н.з.), дека прашање на денови е кога огромниот материјал за поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ќе биде операционализиран и процесуиран. Ништо од тоа не видовме, напротив, токму од информациите кои што ги имаме отпосле, тој имал клучен удел во затворањето на случајот со Националната платежна картичка во Антикорупциската комисија...Токму човек на Црвенковски го водеше тој случај и го затвори како таму ништо да нема. Се разбира, тоа тогаш беше правено во функција на инсталирање на новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски“ - вели Манасиевски во интервјуто.

На прашањето дека, „..Овој после му возврати, кога за да биде избран за претседател му го дополни потребниот цензус“, мислејќи на претседателските избори од 2004 кога БЦ стана претседател, Манасиевски децидно одговарара: „Се согласувам. Затоа ви велам дека Црвенковски е омилениот опозиционер на Груевски. По негов налог е затворен случајот национална платежна картичка во Антикорупциска“!

После ова, се разбира молк. Фокус ова интервју го објави заедно со друг истражувачки текст во кој детално се расветлува каде завршиле парите од Министерството за финансии, раководено тогаш од Никола Груевски, како јавна набавка за опремување на новата институција што требаше да го замени Заводот за платен промет.

Имено, од приложените докази недвосмислено се гледа дека пари во висина од неколку милиони евра(околу 4, тврди Фокус), завршиле на сметка на извесна фирма „Виста процесинг“, која била должна да купи банкомати и пост терминали за тие пари. Фирмата која била основана од извесен Стефан Пулејковски и синот на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Благородна Дулиќ, нецела година откако ги примила парите отишла во стечај, а парите нема од каде да се наплатат затоа што фирмата била формирана со два влога од по 1500 евра ли, марки ли, господ ќе знае што.

Едниот од основачите, денес е нешто во Пливачката федерација на Македонија и тесно соработува со државата преку Агенцијата за млади и спорт, каде се вртат големи буџетски пари преку ватерполо репрезентацијата на Македонија. Работел и еден куп други бизниси, меѓу кои и нешто со некаков си кол центар во МВР. Другиот е некаков си шеф за истраги и криминал во Царинската управа на Македонија и директно му е подреден на Влатко Мијалков, брат на Сашо Мијалков, големиот маг на тајните операции во Македонија, инаку и двајцата синови на покојниот Јордан Мијалков, вујко на Никола Груевски.

Како што рековме, Манасиевски не е случаен и не е од вчера во македонската политика. Човекот на крајот на краиштата е пратеник и во секоја нормална демократска држава после вакви обвинувања би следеле, ако ништо друго, деманти или некаква друга реакција. Во Македонија, јок. Груевски во преполна сала во Битола се храбри меѓу своите делегати на партискиот конгрес дека ќе го победи Бранко по шести пат. Овој пак, и натаму глуми „млад мајмун“ кој би излегол на избори само ако се одблокирала сметката на Велија Рамковски, кој според поранешниот министер за финансии од времето на Црвенковски, Никола Поповски, и порано бил амнестиран од истрага по политичка наредба!

Ако некој треба да ги бојкотира изборите тоа се избирачите!

Во споменатиов случај, како и во сите погоре споменати и неспоманети случаи, пред очи ни се мафтаат очигледните докази за двете банди во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, за сите нивни сојузништва и лицемерија во водењето на полтиката во Македонија, а во име на нивното „братство по криминал“.

Бидејќи нормален алтернативен и неоктроиран политички субјект во Македонија се уште не е створен, апелираме до сите што сакаат да си го зачуваат здравјето, здравиот ум и мирот во себе и семејството, овие избори што ни претстојат, да ги бојкотираат, односно да не излезат на гласање.

Единствената мирна и демократска казна што ни стои на располагање во овој момент, е бојкот на изборите од страна на избирачите. Така барем, ќе им се одземе легитимитетото на управување на која било од овие две банди што сакаат да добијат уште еден мандат.

А со одземен легитимитет ќе се одзема, малку, по малку и од нивнат моќ. Така ќе се создаваат услови за промена, преку активирање на сите напори за правење нови политички субјекти, кои како што рековме, мора да бидат неоктроирани, што значи не смеат да бидат дело на странските служби или на удбомафијата преку нивните трикчиња со уфрлање на соработници на тајните служби и со готови агенди за нови политички партии, какви што се изнагледавме за овие дваесет години.

Така ќе се одзема моќта на сегашниве банди и браќа по криминал. Малку по малку, зашто праксата и домашна и светска, сепак покажа дека, за жал, ништо не бидува преку ноќ.

Владимир Костовски






RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - ЈорданПетровски - 07-03-2011


Quote:Груевски фатен во пајажината на Националната платежна картичка?

Ревизорот направил проверка на буџетот за 2002 година и тогаш открил дека Министерството за финансии, каде што министер беше актуелниот премиер Груевски, во два наврата и исплатило на „Виста процессинг“ (фирма на Дарко Дулиќ, син на пратеничката Благородна Дулиќ) дури 3 милиони евра. Работата не се завршила, а фирмата откако ги добила парите, отишла во стечај, објави неделникот „Фокус“.


[Image: 99AF0929.JPG]

09:30 | 07.03.2011 | Автор: Шпиц

Фирмата на Дарко Дулиќ, син на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, во 2002 година добила бизнис од три милиони евра од Министерството за финансии, кога министер беше сегашниот премиер Никола Груевски, за потребите на Националната платежна картичка, каде што, пак, директор бил неговиот денешен претпоставен Владимир Мијалков, братучед на Груевски, објавува во најновиот број најтиражниот политички неделник „Фокус“.

Овој случај, пак, пренесува „Фокус“, стои и во иницијативата за поништување на приватизацијата од сегашниот министер за правда, Михајло Маневски, тогашен прв антикорупционер.
Првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, на седница во јули 2001 година го одобрила проектот Национална платежна картичка, кој бил дел од трансформацијата на некогашниот Завод за платен промет (ЗПП), а проектот стартувал на 1 октомври, кога ова АД било заведено во трговскиот регистар.
Според зборовите на тогашниот министер за финансии, Груевски, НПК требало да стартува со работа на 1 јануари следната 2002 година. За почеток требало да бидат пуштени 60.000 картички, односно половина од административците во тој момент планирано било да земаат плата преку НПК и тоа за првпат на картичка, а не во кеш.
Целата коруптивна мрежа, пренесува „Фокус“, ја открил и државниот ревизор уште во 2002 година при проверка на буџетот.
„Имено, ревизорот направил проверка на буџетот за 2002 година и тогаш открил дека Министерството за финансии, каде што министер беше актуелниот премиер Груевски во два наврата и исплатило на „Виста процессинг“ (фирма на Дарко Дулиќ, син на пратеничката Благородна Дулиќ) дури 3 милиони евра. Односно, Груевски како министер ја купил оваа опрема во името на Националната картичка, која ја водел, да потсетиме, неговиот братучед Владимир Мијалков. Министерството за финансии прво и платило на „Виста процессинг“, 2,5 милиони евра за хардвер, софтвер и за апликациони пакети, а потоа и платило уште дополнителни нешто повеќе од 400.000 евра за набавка на 20 банкомати“, тврди „Фокус“.
Интересен е фактот, се вели понатаму во текстот, дека ревизорот увидел оти недостасуваат документи со кои може да се потврди дека опремата воопшто пристигнала!

Министерството за финансии и платило на фирмата само врз основа на профактура, без да има конечни фактури, а при ревизијата недостасувале и испратници и единствен царински документ. Така барем вели ревизорот во 2004 година, кога и препорачал да се преиспита оваа набавка.
Според „Фокус“, интересно е дека откако оваа и друга опрема биле бесплатно пренесени од името на Министерството за финансии во НПК, ревизорот увидел дека вредноста на опремата во документите на Министерството не соодветствува со онаа вредност во судската регистрација на Картичката.
„Ваква фирма на интернет во моментов не постои, а на Гугл може да се најде само компанија со исто име и со отприлика иста дејност, но оваа компанија има седиште во САД, поточно во Њујорк. Ќе се сложите дека е чудно што оваа фирма ја нема на македонскиот интернет-простор, иако е компанија која се занимава со информатичка дејност, но оваа мистерија ја разрешува еден број на Службен весник. Имено, ова државно гласило, во март 2003 година ќе напише дека Основниот суд Скопје 2 објавува дека се отвора стечајна постапка над должникот друштво за трговија и услуги „Виста процессинг“ со седиште во скопската населба Аеродром на булеварот АВНОЈ“, се вели во текстот од неделникот.
СДСМ на прес-конференција обвини дека оваа фирма е формирана во истата година кога е формирана и НПК, а според информациите на „Фокус“ мистериозно згаснува само половина година откако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ заминуваат од власт. Токму во периодот кога беа најжестоки апсењата и притисоците на сдсмовската власт врз поранешните функционери, во времето кога Хари Костов е се уште министер за внатрешни работи во владата на Црвенковски.
„Навистина е чудно како тоа новоформирана фирма добила тендер вреден речиси 3 милиони евра во 2002 година, а во следната пролет едноставно толку многу се задолжила и заглавила во проблеми, па морала да оди во стечај“, прашува авторот на текстот во „Фокус“.



RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - hristo - 08-03-2011

Е, Јордане. Помниш кога имаше повик против ФОКУС и А1 на форумот! Јас ги бранев со ставот : не ми ги земајте А1 и ФОКУС. Сега го цитираш ФОКУС, кој нашол волја да остави простор за вакви теми. Исто, ШПИЦ да се затвореше, сега, немаше да цитираш текстови од таму. Така е тоа. Па, ако се промени власта, тогаш од Сител, Вечер, Канал 5 ке читаме слично текстови. Нормално, ако нивните газди не променат страна.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - ЈорданПетровски - 08-03-2011

(08-03-2011, 12:54 AM)hristo Wrote: Е, Јордане. Помниш кога имаше повик против ФОКУС и А1 на форумот! Јас ги бранев со ставот : не ми ги земајте А1 и ФОКУС. Сега го цитираш ФОКУС, кој нашол волја да остави простор за вакви теми. Исто, ШПИЦ да се затвореше, сега, немаше да цитираш текстови од таму. Така е тоа. Па, ако се промени власта, тогаш од Сител, Вечер, Канал 5 ке читаме слично текстови. Нормално, ако нивните газди не променат страна.



Дали ФОКУС објави нешто против Брат Љубе, Борјан Jовановски и Васко Ефтов. Немали што да објави.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - Solenik - 08-03-2011

(08-03-2011, 12:54 AM)hristo Wrote: Е, Јордане. Помниш кога имаше повик против ФОКУС и А1 на форумот! Јас ги бранев со ставот : не ми ги земајте А1 и ФОКУС. Сега го цитираш ФОКУС, кој нашол волја да остави простор за вакви теми. Исто, ШПИЦ да се затвореше, сега, немаше да цитираш текстови од таму. Така е тоа. Па, ако се промени власта, тогаш од Сител, Вечер, Канал 5 ке читаме слично текстови. Нормално, ако нивните газди не променат страна.

Христо, го "обравме бостанот" ако за гласила на вистината се сметаат списанија кои еднаш во сто пати ќе објават нешто вредно. Но, ништо не чуди што "Фокус" објавува инкриминирачки работи во врска со Грујо, тие отсекогаш беа спротив него. Туку, еден интересен податок: не се сеќавам дали беше Христо или Ацко што еднаш напиша дека за случајот на Јордан Петровски прв пат се имаат запознаено преку "Фокус", па зедов да ги разгледам неговите објавени писанија во магазинот. Трендот е текстовите на Јордан да се објавуваат исклучиво во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ (мислам дека има еден од 2003). Од моите разговори со Јордан разбрав дека всушност тој им нудел текстови и во времето на вториот мандат на СДСМ, но секогаш бил одбиван. Последниве текстови на Јордан и Дане Поповски кои се обидовме да ги пиштиме преку "Фокус", а кои останаа необјавени, се текстовите кои јасно ги врзуваат ДПМНЕ со раководството на СДСМ (причината за немање на лустрација).

Кога сето ова ќе се стави во контекст на најновите изјави што ги дава Никола Младенов во врска со Бранко Црвенковски (колку тој бил загрижен за државата), се' повеќе се добива впечаток дека "Фокус" е на платниот список на Гробарот.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - hristo - 08-03-2011

Соленик, не знам колку време не си во Македонија. Изгледа подолго и не можеш да ги пратиш добро работите во Македонија. Јас сум тука цело време. Фокус го следам од раните 90-ите години. СЕКОГАШ е бил антивладино ( значи опозиционо) настроен. Во периодот до 1998 година , беше еден од главните критичари на СДСМ ( тогашната власт). За време на Љубчо Георгиевски ( 1998-2002) три месеци не го дираше, после удри по него. Исто и после со владите на СДСМ ( 2002-2006) и сега владата на Груевски. За време на Бранковата власт ( 2002-2006) по изгубените судски спорови ( за клевета) Никола Младенов мораше да плати по 25.000 евра на Бранко Црвенковски ( за швајцарските сметки на Бранко) и Хари Костов. Еднаш Никола Младенов и беше тепан за своите текстови. Можеби требаше да биде убиен, за да пред некого се потврди како независен новинар??? Во однос на Јордан Петровски ФОКУС има објавено најповеќе негови текстови. Првите текстови беа од 1999 година. После Јордан, нешто објави и во Време. Од еден неделник и сопственик ( Никола Младенов) доста. Кој знае да цени.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - Solenik - 08-03-2011

Христо, стандардите за што е доста ти се многу ниски. Но, бидејќи го пратиш Јордан, дали отприлика се согласуваш дека неговите текстови се објавуваат во "Фокус" само кога СДСМ не е на власт? Како што ти реков, минатава година "Фокус" почна да одбива текстови на Јордан кога почна комплетно да ја врзува комунистичката мрежа.

Тепањето на Младенов го имаш споменато и друг пат. Според мене тоа не е мерило за колку тој пречи. Еве, дали ти некогаш си бил физички нападнат? Сигурно каков што си опозиционер, во твојата средина те знаат што зборуваш и што пишуваш, та доколку сакаат, можат да те претепаат кога ќе посакаат, и тоа без лошиот публицитет.

Мина времето кога Црвените Кмери се пресметуваа со нивната опозиција со ќотек. Научија дека вистинки да го контролираш човекот треба само да му го контролираш дотурот на пари. Без пари нема јадење, нема вода, нема огрев, нема покрив. А богами кога го нема сето тоа, и душата боли. Сега физички се пресметуваат само бандитите.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - acko - 08-03-2011

Соленик, околу текстовите нема да се мешам, вие знаете подобро, но тоа за Бранко беше кажано во иронија...

Нешто друго сакам да кажам, добронамерно, разбира се... Icon_razz Со затварање на врата кај опозицинори (да не навлегуваме кои се и какви се) се губи секоја шанса за добивање простор и подршка за било какво делување (против власта). На пример, Комитет не може да се бори за демократизација на Македонија, а сето тоа да го темели со нападите врз опзоцијата, за да би добил простор кај провладините (не велам дека Комитетот не ја напаѓа власта, туку дека такво нешто нема да биде објавено)... Сега може и да се добие простор во провладин медиум, како што беше случајот со Нова Македонија, но зарем мислиш дека ќе продолжат да објавуваат доколку се работи за текстови кои што ќе можат да му наштетат на Груевски? Впрочем, и објавеното е малку. Зошто не пишуваш и не бидеш толку строг и против другите? Ти или Јордан напишавте дека никој не го објавил известувањето од Комитетот за скопското Кале, а во него немаше ништо друго освен повик за мир и за ладење на глави, а сите правеа приказна неколку дена од известувањето на ОМД за името.

И ти и Јордан премногу енергија трошите на работи како што се А1. Со нив има кој да се справи, власта се справува со нив, доволно е да се каже ставот (за или против) и нема потреба од прекумерно трошење енергина за такви работи. Интересно е што и Рикер во последната изјава кога збореше за тоа дека очигледно Груевски не ги прифатил критиките, дури и ја именуваше А1. Овие од власта влегле во филмот на Милошевиќ и почна да се расправаат со западот, немој да мислиш дека Бранко ќе седи мирен и нема да им се наметне како алтернатива (без разлика дали друг ќе биде премиер), а исто така немој да мислиш дека тие нема да го прифатат. Сигурно тоа нема да е опција по нивен мерак, но многу помил ќе им е од Груевски кој изгледа чека да се појават ’црвените тенкови’.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - ЈорданПетровски - 08-03-2011

(08-03-2011, 11:45 PM)acko Wrote: Соленик, околу текстовите нема да се мешам, вие знаете подобро, но тоа за Бранко беше кажано во иронија...

Нешто друго сакам да кажам, добронамерно, разбира се... Icon_razz Со затварање на врата кај опозицинори (да не навлегуваме кои се и какви се) се губи секоја шанса за добивање простор и подршка за било какво делување (против власта). На пример, Комитет не може да се бори за демократизација на Македонија, а сето тоа да го темели со нападите врз опзоцијата, за да би добил простор кај провладините (не велам дека Комитетот не ја напаѓа власта, туку дека такво нешто нема да биде објавено)... Сега може и да се добие простор во провладин медиум, како што беше случајот со Нова Македонија, но зарем мислиш дека ќе продолжат да објавуваат доколку се работи за текстови кои што ќе можат да му наштетат на Груевски? Впрочем, и објавеното е малку. Зошто не пишуваш и не бидеш толку строг и против другите? Ти или Јордан напишавте дека никој не го објавил известувањето од Комитетот за скопското Кале, а во него немаше ништо друго освен повик за мир и за ладење на глави, а сите правеа приказна неколку дена од известувањето на ОМД за името.

И ти и Јордан премногу енергија трошите на работи како што се А1. Со нив има кој да се справи, власта се справува со нив, доволно е да се каже ставот (за или против) и нема потреба од прекумерно трошење енергина за такви работи. Интересно е што и Рикер во последната изјава кога збореше за тоа дека очигледно Груевски не ги прифатил критиките, дури и ја именуваше А1. Овие од власта влегле во филмот на Милошевиќ и почна да се расправаат со западот, немој да мислиш дека Бранко ќе седи мирен и нема да им се наметне како алтернатива (без разлика дали друг ќе биде премиер), а исто така немој да мислиш дека тие нема да го прифатат. Сигурно тоа нема да е опција по нивен мерак, но многу помил ќе им е од Груевски кој изгледа чека да се појават ’црвените тенкови’.



Нема да коментирам многу. Бранко нема никакви шанси да ги добие изборите. А1 не се отвора кон опцијата која навистина е потенцијална опасност за Грујо. Ниту пак Фокус. Ние се обидуваме да укажеме на проблемот дека А1 и Фокус се лажната надеж. Латас ти го препознаваш и знаеш дека од него треба да се "браниш" но на Велија му веруваш . Ако сакаше власта да се справи со А1 тоа ке го стореше досега без проблем.




RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - Solenik - 09-03-2011

Не си ми јасен Ацко. Велиш не сме биле критични спрема власта? Мислам дека си се збунил некаде. Текстот во Нова Македонија чекаше преку еден месец да се објави и во никој случај не беше не-критичен.

За А1 се држиме за да се докаже како треба да се се спроведе законот. Ако сме за демократизација, тоа значи држење до законите.

ОМД е блиска со Керим, затоа добива медуимски простор.

А Младенов воопшто не ми делуваше дека зборува со иронија кога го фалеше Бранко.

Види Ацко, ние не сме партија и немаме намера да задоволуваме некого. Нашата работа е проста: да се држиме до вистината. Ние немаме миленичиња, ниту пубертетски симпатии, како некои други. Она што е вистина, до тоа ќе се држиме, нема да си ја свиткуваме кичмата и да бацуваме газови за да добиеме 5 минути на ТВ или една страница во весник. Впрочем да бевме од таков ков, ќе си бевме или со ОМД, или со СДСМ или со ДПМНЕ или со ХЦУЃШ.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - acko - 09-03-2011

Соленик, никаде не напишав дека не сте биле критични против власта, туку дека не можеш да очекуваш во провладини медиуми да објавуаат нешто што ќе оди на штета на власта!!!

Не ми беше намерата за ’бацување газови’... Едноставно е, мора тоа што го правиш да допре до некого за да има фајде...





RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - ЈорданПетровски - 09-03-2011


Што мислиш Ацко кој не хакна.
Дали хакирањето е одраз на демократијата или на диктатура.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - acko - 09-03-2011

Размислував за тоа кој не хакираше...

Дали од Македонија или од надвор како што се претставуваат?

И ако се од Македонија кои се?

Најверојатно е некој од Македонија. Не сме имале ништо антиисламско на овој форум, плус тешко некој од таму да го знае македонскиот јазик. Icon_razz Останува опција некој да им пренел за некое такво мислење, но и тоа не е за верување, во светот има милион страници на кои може да се прочита нешто исламофобско, а само во Македонија и регионт илјадници. Така да многу наивно ми е за верување дека се работи за заштитниците на исламот.

Некои наши се, а најверојатно и ќе зачестат нападите како се доближуваат изборите!



RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - ЈорданПетровски - 09-03-2011


Заради исламски верски побуди не е хакнат. Мој сомнеж е дека колумната за платежната каричка на Грујо е причината. Се случија уште неколку работи во период од 12 часа кој ни даваат потврда на нашите сомневања. Од нашата досегашна истрага луѓето од Брунеи работат по нарачка, за пари ги продаваат своите услуги.



RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - Makedonec - 09-03-2011

Дај бе не се правете толку заостанати и неинформирани....па ако не сте знаеле постојат форуми како овој но со таа разлика што на тој форум сите членови се натпреваруваат кој повеќе web страни ќе хакне(со тоа стекнуваат репутација)....

...принципот е едноставен...на пример некој член на тој форум за да се докаже си седнува,ги уклучува своите хакерски способности,и плива низ интернетот се до дека не наиде на слабо заштитени сајтови(како овој)...и тогаш ги употребува своите вештини,го хакнува сајтот,го става линкот од форумот или web страната на која што му е матична,и со тоа твојот сајт влегува во нивната база на податоци на успешно хакнати страници...т.е доказ дека страната ти е недоволно заштитена и дека треба да си побараш некој да ти ја среди поквалитетно!

Значи нивната цел(целта на поединецот кој ја хакнува страната) е да ги објават на својот web сајт сите хакнати страни од страна на нивните членови,со тоа што нивниот форум(на кои има збир од хакери) на пример би конкурирал со друг таков форум...целта е кој е подобар во својата работа Icon_razz(јас лично проверив на линкот кој беше поставен,и таму дневно хакнуваат по 100тина страни,и јавно ги објавуваат на главната страна,така да не си ласкајте дека некој се замара со вашата дејност)

И најбитното од се е...ако хакерот имал цел да го хакне баш форумот Котле,заради текстовите кои ги содржи,тогаш немаше да ви го смени само фонтот на главната страна,туку ќе ви ги избришеше сите теми,и ќе ви ги одземеше администраторските ингеренци и ќе ви го отераше форумот у курац...

Така да спијте си мирно и не се потресувајте многу многу...бидејќи децата денес се докажуваат и преку своите информатички способности,и ова им е само начин да ја покажат својата креативност пред оние кои што се занимаваат со истото!!!



RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - Solenik - 09-03-2011

@Makedonec:
Јордан веќе рече дека дечкиве работат за пари, така што ако ставаат "скалпови" на нивиот сајт, тоа им е рекламата. Нашата хостинг компанија вели дека во 7-те години работа, ова им е прв напад врз нивни муштерија оф ваков тип. Содржината што не е избришана не е од причината што не сакале, туку, токму поради добрите заштити и системи кои ги имаме да го спречиме таквото нешто.


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - Solenik - 09-03-2011

(09-03-2011, 12:09 AM)acko Wrote: Соленик, никаде не напишав дека не сте биле критични против власта, туку дека не можеш да очекуваш во провладини медиуми да објавуаат нешто што ќе оди на штета на власта!!!

Не ми беше намерата за ’бацување газови’... Едноставно е, мора тоа што го правиш да допре до некого за да има фајде...

Значи цената на медиумскиот простор која би ја платиле мора да е самоцензура, така ли е? Гледај каде не се рабираме: "Фокус" обајвуваше само додека поголемиот дел од критиката беше насочен кон Груевски, кога почнавме да ги врзуваме операшките новинари и бранковисти, дружбата престана. Ако се тие објективен медиум, не гледам зошто имаат да го чуваат СДСМ од било какви напади, особено ако се основани.

Дури до нас да стаса новиот "Фокус" ќе минат неколку недели, па да прашам: тестот за НКП од минатиот петок дали го поставува прашањето зошто СДСМ не отпочнале истрага по прашањето?


RE: КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ.. ПО СЕ НЕ КРАДАТ...ИСТИ,ИСТИ,ИСТ - acko - 09-03-2011

(09-03-2011, 04:03 AM)Solenik Wrote: Значи цената на медиумскиот простор која би ја платиле мора да е самоцензура, така ли е?

Не...