Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Политика (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=2)
+--- Thread: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 (/showthread.php?tid=4097)

Pages: 1 2


РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 06-09-2019

ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИОТ ЦИВИЛ МЕДИЈА?


Quote:Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе


Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?

August 14, 2019
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА

[Image: fake-news-vecer-600x375.png]

243
SHARES
9.1k
VIEWS


Што дозна порталот вечер.мк во својот текст објавен на 11 август? Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 – “Тоа е политички прогон!“ – се вели во бомбастичниот наслов. Тоа што три дена подоцна се испостави дека е учебнички пример за лажна вест, го презедоа дваесетина портали од истата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ. На социјалните мрежи се крена бран од реакции, преполни со говор на омраза и поддршка на напаѓачите на Македонското собрание на 27 април 2017 година.
Во текстот на порталот вечер.мк се вели:


Quote:„Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.“


Оваа сензационална „вест“ за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна.
Амбасадорот на Кралството Шведка, Матс Стафансон, во изјава за ЦИВИЛ Медиа вели:


Quote:„Постои решение од Окружниот суд да го задржи Дејан Давидовски во притвор сè додека не се донесе одлука за екстрадиција. Нема ништо во оваа одлука од Окружниот суд што се однесува на барање азил. Би било многу чудно ако некој од Окружниот суд даде коментар на било кој штпо аплицирал за азил. 
Што се однесува до процесот за екстрадиција, нема решение. Барањето сега е доставено до Врховниот суд за да испита дали постојат правни основи да се одобри екстрадицијата под услови утврдени со закон. По овој преглед, ова мислење ќе биде доставено до Владата во Шведска за понатамошно испитувањето и донесување на одлуката за случајот. 
Значи, нема одлука за екстрадиција, Владата во Шведска не донесе никаква одлука за овој случај. Единствената одлука е од Окружниот суд да се задржи Дејан Давидовски во притвор.“


Значи, напаѓачот е во притвор и, за сега, останува во сила одлуката тој таму и да се задржи, до конечната одлука на шведската Влада! Каде порталот вечер.мк ги виде 18-те точки врз кои го темели својот став дека Дејановски е мета на политички прогон останува мистерија. Исто така, останува отворено прашањето дали сите портали што ја пренесоа лажната вест на порталот вечер.мк, сега ќе ја објават и оваа „исправка“. Останува отворено и прашањето, дали и некои пратеници што ретвитнуваа отровни коментари на оваа лажна вест, ќе имаат доблест да ја кажат вистината или барем дека биде изманипулирани. И, се разбира, сѐ уште изостанува институционалниот одговор на оваа лажна вест во која се имплицира правосудството и на една пријателска држава.
Џабир Дерала
 
ЦИВИЛ МЕДИЈА



RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 06-09-2019

Quote:Лажната вест има кратки нозе

август 23, 2019




[Image: 2.jpg]

[Image: 3.jpg]


Оваа е онаа за што овие од  треба да добија кривична пријава:



[Image: 4.jpg]






[Image: news-logo.png]

СВЕТОТ ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО МК F2 N2  



Quote:Кој се F2N2


[Image: news-logo.png]


ЗА F2N2
Од ноември, 2018 година, Граѓанската асоцијација МОСТ1 започна да го имплементира проектот Fighting Fake News Narratives F2N2 (Борба против лажни вести и наративи)*, кој се состои од дневен систематски мониторинг на одбрана програма од ТВ канали, социјални мрежи и интернет портали, преку употреба на разни алатки, развиени програми и софтвер со отворен код.
Главната цел на F2N2 е да придонесе кон обновување на довербата кај граѓаните во демократијата и демократските вредности преку сеопфатно и систематско следење на развојот на наративите, борејќи се против дезинформациите и лажните вести.
F2N2 се бори против дезинформативните наративи, кои што содржат лажни информации, а се претставени како факти, лажни и непотврдени вести, погрешно интерпретирани факти и бројки, сé со цел да ги манипулираат и збунат граѓаните. F2N2 продуцира и објавува кратки-брзи стории, како и долги разобличувачки/ истражувачки стории и анализи и ги детектира каналите на дистрибуција на дезинформациите. Фокусот е на дезинформативните наративи (домашни и странски) кои се појавуваат околу клучните настани поврзани со Евро-атлантската интеграција на Северна Македонија.
*Акронимот F2N2 ќе се користи на сите три јазици достапни на порталот.
1Граѓанската асоцијација МОСТ е домашна, невладина и непартиска организација, основана во мај 2002 година.



RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 06-09-2019

Quote:ТЕШКА ЛАГА НА ЏАБИР ДЕРАЛА ЗА СЛУЧАЈОТ НА ДЕЈАН ДАВИТКОВСКИ



[Image: c3698948bbef8e01b61b372d4a29088b_L.jpg]

Јордан Петровски 16.08.2019
Еве што објави Џабир Дерала на својот портал во врска со превостепената одлука за неекстрадирањето, одосно постапката за екстадиција на Дејан Давидовски: 

Quote:Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе

Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?

[Image: image.jpg]
 
 
Ке постсетам само на онаа што се случуваше, како одеше постапката пред неколку дена со екстадицијата на  Томор Морина! 

Судот донесе решение да не го екстрадира Томор Морина но тој остана во притвор додека Врховниот не ја потврди одлуката.
Значи Џабир Дерала ЛАЖЕ дека Окружниот суд во Шведска донел ЕДИНСТВЕНО одлука за задржување на Дејан Давидовски во притвор што не е точно Окружниот суд ДОНЕЛ одлука да не се испорача и ја образложил , онаа што го пренесе ВЕЧЕР! Таа одлука не е правосилна се додека Врховниот суд на Шведска не ја преиспита одлуката на Окружниот суд! Но Дерала вели дека  Врховниот суд на Шведка ке цени дали има услови на екстадиција а Владата ке оцени дали ке ја почитува или не таа одлука. Споед Дерала Владата е над судската власт во Шведска !! Оваа Дерала го има научено од Заев 
вистината е следна Окружниот суд на Шведска  ДОНЕЛ одлука и таа одлука ја пренесе ВЕЧЕР, сега се чека одлуката да ја ПОТВРДИ или одбие Врховниот суд.

Чудно е што никој од НВОата и Заевата агенција за спречување на лажни вести не реагираа на оваа лага на Дерала !



RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 06-09-2019

Quote:РУСКОСКА-КАЦАРСКА, ШТО ПРАВИМЕ СЕГА? „Вечер“ ја објави преведената пресуда за Давидовски на Судот во Шведска

[Image: 27-april-1.jpg]
 06.09.2019

Ова е пресудата на шведскиот Врховен суд по барањето на Македонија за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за тероризам за настаните од 27 април.
Шведска одбива да го испорача Давидовски, затоа што смета дека Давидовски нема да добие фер судење во „Северна Македонија“, каде „корупцијата е широко распространета“ и каде, како што наведува судот, некои учесници во настаните од 27 април биле тепани за да го признаат кривичното дело. Како после оваа пресуда, тандемот Рускоска-Кацарска с ечувствува, не ни е познато.
Порталот Вечер, пак, меѓудругото, наведува:
„Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк… објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија.
Еве ги документите, оригиналот е преведен од овластен судски преведувач и сега е достапен за нашата јавност. Извинување од медиумите на СДСМ не очекуваме.“


[Image: vecher-1-480x640.jpg] [Image: vecher4-480x640.jpg]
[Image: vecher3-480x640.jpg]
[Image: vecher5-480x640.jpg]


ДЕНЕШЕН.МК



RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИОТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 07-09-2019

Quote:Еве го написмено судот од Шведска! Прогонот е политички, а медиумите на СДСМ пак лажат! (ФОТО)

6 Sep 2019 - 15:44
[Image: x41270-eve-go-napismeno-sudot-od-shvedsk...kgNJfx.jpg]

Порталот ВЕЧЕР на 11 август прв објави дека судот во Шведска пресудил по барањето за екстрадиција, испорака, на Македонецот Дејан Давидовски кој е еден од лицата што е гонето за влез во Собранието на 27.04.2017 година и барано по интерпол за во Македонија да му се суди - за тероризам.

Шведскиот суд пресуди дека нема основ за испорака на Дејан Давидовски во Македонија затоа што делото за кое е гонет според шведските закони - не е тероризам, и дека постапката на македонскто обвинителство и судовите ја сметаат за политички мотивирана. Ова е трет случај европски суд да пресуди политички прогон од страна на македонско обвинителство и суд бидејќи тоа, освен судот во Шведска го сторија и судовите во Унгарија (Никола Груевски) и Грција (Горан Грујевски и Никола Бошковски). Со ова сериозно се поткопува угледот и работењето на мекдоснкиот обвинителски и судски систем, а Македонија станува земја со дефиниран политички прогон пред судовите.

Quote:ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 - “Тоа е политички прогон!“

11 Aug 2019 - 21:09

[Image: x4-toa-e-politichki-progon.jpg.pagespeed...c5dUby.jpg]
Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.
[Image: thumbnail_dejan-davidovski-foto.png]
Ова е трет случај европска држава да издаде решение за политички прогон во Македонија и да одбие екстрадиција на лица барани од македонските власти. Пред Шведска, Унгарија тоа го реши за поранешниот премиер Никола Груевски, а Грција заради политички прогон одби екстрадиција на функционерите на МВР Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк... објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија. 

Еве ги документите, оригиналот е преведен од овластен судски преведувач и сега е достапен за нашата јавност. Извинување од медиумите на СДСМ не очекуваме.


[Image: x70314229_381996969408101_84180969362166...yu-KcX.jpg]

[Image: x70738861_373281946699876_77556115924519...xj1rvm.jpg]

[Image: x70006701_1349990528510077_6233651667250...Qhwpkq.jpg]

[Image: x69581131_3413526438657829_2347308792447...r0lJxz.jpg]

ВЕЧЕР.МК



RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИОТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 07-09-2019

Власта продолжува да не прави будали!!


Quote:Манипулација со пресудата на Врховниот суд на Шведска

360степени | 7 септември, 2019 12:29
Во пресудата воопшто не се доведува во прашање кривичното дело за кое е обвинет Дејан Давидовски (настаните од 27 април) туку тоа се поистоветува со делата од Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска, кои се т.н. „политички кривични дела“ (насилно уривање влада, насилно попречување на влада, парламент, шеф на држава, суд…) и за кои, според нашироко применетото меѓународно-правно начело (дел од шведското законодавство), може и да не се одобри екстрадиција. Тоа начело е содржано и во нашиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја.
Пресудата на Врховниот суд на Шведска, со која се одбива екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, се интерпретира на сосема погрешен начин, со што се доведува во заблуда јавноста, вели експерт по меѓународно казнено процесно право кого го консултираше „360 Степени“.
„Не станува збор за проценка на шведскиот суд дека во земјава се води политички процес или политичко судење за настаните од 27 април ниту се доведува во прашање делото за кое се товари Давидовски. Станува збор за примена на меѓународно-правен стандард дека за дела кои спаѓаат во групата на ,политички кривични дела’ може и да не се одобри екстрадиција“, вели експертот. Тој појаснува дека и “политичките кривични дела” се кривични дела за кои се одговара во секој демократски систем.

[Image: Presuda-na-Vrhovniot-sud-na-Svedska-768x1024.jpg]
Факсимил од преводот на пресудата на Врховниот суд во Шведска

Во преводот од пресудата, објавен во дел од медиумите, може да се прочита дека Врховниот суд во Шведска го подвел делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за кое е обвинет Давидовски, во групата „политички кривични дела“ и го поистоветил со кривичните дела од Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска. Во членот 1 од таа глава може, на пример, да се види дека за дело слично со она за кое се товари Давидовски во земјава, во Шведска се оди во затвор и до 10 години.
[Image: Krivicen-zakonik-Svedska-1.png]
Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска
Откако констатирал дека станува збор за акт од групата на „политички кривични дела“, Врховниот суд на Шведска се повикал на членот 6 од шведскиот Закон за екстрадиција од 1957 година, кој вели дека за такво дело може и да не се одобри екстрадиција.
[Image: Zakon-za-ekstradicija-Svedska-1024x269.png]Член 6 од Законот за екстрадиција на Шведска од 1957 г.
„Ова начело е содржано во Европската конвенција за екстрадиција и се применува и во нашата земја“, вели соговорникот на „360 Степени“.
Во Законот за меѓународна соработка во кривичната материја експлицитно пишува дека „екстрадиција нема да се одобри за политички кривични дела“.



360 степени





Многу јак експертов, од тоа што е јак се срами да се представи со име и презим

[Image: 2.jpg]

„Експертуткава“ вели може да не се одобри екстрадиција тоа значи дека не се прифаќа како кривично дело за да потоа скине зелена за да и годи на власта па вели се одговара во демократски систем . Шведска ти била НЕДЕМОКРАТСКА !






[Image: 3.jpg]


RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИОТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 20-09-2019






RE: ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИОТ ЦИВИЛ МЕДИЈА? - ЈорданПетровски - 07-10-2019

Врховниот суд на Унгарија ја потврди одлуката на понискиот суд Груевски да не се екстадира за обвининијата за 27.04.
Дали и после оваа одлука Врховниот суд на Македонија нема да донесе одлука за ослободување на осудените за 27.04 а инститиуциите да покренат кривична одговорност за обинителката Русковска и судиката Кацарска!!
Само заради двете пресуди за ненекстрадирање донесени од Шведска и Унгарија за настаните од 27.04 Севрнамакедонија несмее да добие датум за почеток на преговори. Поголем и појасен доказ дека идството е под капата на власта од оваа здравје!


Quote:Врховниот суд во Унгарија по втор пат одби екстрадиција на Груевски

07.10.2019
Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски ниту за настаните поврзани со 27 април, дознава „А1он“. Информацијата ја потврдија од Министерството за правда.

Quote:Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал, велат од Министерството за „А1он“.

Веќе еднаш Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување  двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО.



RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 08-10-2020

Quote:Марјан Спасески 24.05.2020

Добрила Кацарска vs Душко Лазаров

[Image: 71289730_2666276310095522_83023766702878...e=5FA23257]

- Кацарска: “Не е сеедно после 33 години докажан судски стаж да бидете повикани во  Судскиот совет. Морам да признам дека не се чувствував баш пријатно  и убедена сум дека во ниедна демократска земја за вакви наводи во вакво писмено барање за разрешување на судија не бил повикан судијата да биде сослушуван со саати и да се чувствува како на обвинителна клупа.”- изјави Добрила Кацарска која без ниеден матерјален доказ му изрече 15-годишна затворска казна,  на:
- Душко Лазаров, дипломиран правник со 30-годишно работно искуство во МВР, со бројни меѓународни сертификати во делот на воспоставувањето на јавен ред и мир и справување со хулиганството, носител на бројни признанија и награди од меѓународни институции и организации (ОБСЕ, УЕФА, амбасади...), како и главен офицер за организација на УЕФА Супер Купот, чиј домаќин беше градот Скопје, а за чија беспрекорна организација беше пофален од Европската куќа на фудбалот – УЕФА...
Душко Лазаров е началник на сектор во МВР, кој целиот свој професионален стаж го има одработено во министерството и на браникот на татковината, но единствениот “грев” кој му се става на товар е фактот што на дотичниот 27ми април само тој бил присутен во оперативниот штаб на МВР и тоа во улога на советник, без притоа да има никаква командна одговорност согласно Упатството  на МВР за златна, сребрена и бронзена команда. Упатство, во чие креирање и самиот учествувал (како дипломиран правник), а пазете: согласно пресудата на Кацарска – Лазаров не преземал мерки согласно Упатството кое, очигледно Лазаров го знае наизуст. Каков парадокс...
Токму Душко Лазаров, денес сеуште е во притвор и повеќе од 6 месеци чека Врховниот суд да одлучи за мерката притвор, до одлучувањето на обжалената првостепена пресуда пред Апелациониот суд. Претходно пишував како со првостепената пресуда на Кацарска, беше укината гаранцијата како мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот, со што директно се прекрши ЗКП и со што ваквата пресуда стана НЕЗАКОНСКА!!! Впрочем, денешното сослушување на Кацарска пред Судскиот Совет не е единствено... Судскиот Совет и претходно по поднесок од страна на Народниот правобранител расправаше за постапувањето на Кацарска во предметот за 27ми Април 2017 год. и утврди неправилности во целата постапка, особено во делот на изрекувањето на пресудата и мерката притвор до правосилност на пресудата, без притоа (не/свесно) да ја поништи претходно дадената Гаранција за Душко Лазаров. Во тој процес, Кацарска се бранела со тезата дека направила НЕНАМЕРНА ГРЕШКА што не ја укинала Гаранцијата. Замислете ваква грешка да направи хирург во операциона сала и да се одбрани со тезата: Извинете, направив ненамерна грешка и поради тоа Вашиот сопруг/татко не е повеќе меѓу нас!!!
И покрај сè Судскиот Совет утврдил НЕПРАВИЛНОСТИ во постапувањето на Кацарска при водењето на предметот за 27ми Април, но политичката спрега е преголема за “Бисерот на правосудството на СДСМ” – Добрила Кацарска биде разрешена од функцијата, а не пак кривично да одговара.
Затоа и денешново парадирање пред Судскиот совет за случајот со Јанкулоска е само замајување на јавноста, бидејќи исходот е однапред познат...
Но, правдата иако е бавна, сепак ги стига оние кои се огрешиле пред Законот...

[Image: 71042154_2666276486762171_46083140052435...e=5FA475FA]

P.S. Душко Лазаров е скромен, чесен и пред сè НЕВИН човек!!! Ќе издржи токму поради неговата професионалност и отсуство на било каква вина. Неговата храброст и доблест ќе се пишува во учебниците по историја,  но ликот на Добрила Кацарска и нејзините дела ќе станат задолжително четиво за студентите по казнено право како НЕ треба да се практикува правото и не/правдата!!!



RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 09-12-2020

Конечно Дерала се обиде да го демантира напипаното од мене за неговата лага околу објавата на Вечер за пресудата на Врховниот суд на Шведска

[Image: image.jpg]


RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 09-12-2020

[Image: 1.jpg]
[Image: 2.jpg]


RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 09-12-2020

[Image: 4.jpg]


RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 09-12-2020

Да нема сомневања дека сум сечел и лепел


[Image: 3.jpg]


RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 22-12-2020

Quote:Судски вештак ја урна конструкцијата на “Нинџа” и Русковска за 27 април

[Image: ruskoska_kacarska_nindja.jpg]

December 22, 2020

Судски вештак кој ги анализирал базните станици преку кои се гледа движењето на клучниот сведок на обвинителството покажува фрапантни вистина која целосно го поништува сведочењето на Александар Василевски Нинџа врз основа на чии искази се осудени и се гонат луѓе.

Според вештакот Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред критичните настани на 27-ми април.

Според анализата на базните станици и мобилните телефони кои ги поседувал Александар Василевски Нинџа, “златната кокошка на Вилма Рускоска пеел нарачана песна на судењето за 27-ми април.

На денешното рочиште вештакот проф. д-р Мирослав Котевски ја презентираше неговата стручна анализа на движењето на Нинџа според алгоритамот на базните станици на кои биле регистрирале неговите два мобилни телефони.

Вештакот Котевски тврди дека за прв пат телефоните на Нинџа се регистрирани на базната станица која го покрива седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по 22 часот, а не во 17:00 (како што тврдеше Нинџа за времето во кое дошол во ВМРО-ДПМНЕ според една верзија), 18:00 (како што тврдеше во друга верзија), односно 18:45 (како што Нинџа тврдеше во трета верзија).

Која и верзија од четирите на Нинџа да се земе дека е вистинита, иако самото постоење на четири верзии укажува дека сведокот Нинџа лажел, не е поткрепена со материјални докази и податоци како презентираните од базните станици од страна на професорот Котевски.

„Корисникот на бројот 076 44**06 (во сопственост на Александар Василевски
Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на
политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” во временски период помал од 1 минута
(22:19) и корисникот на бројот 075 28**51 (во сопственост на Александар Василевски
Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на
политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” единствено во временски период од 5
минути (22:08 до 22:13 часот)”, вели професорот и судски вештак за движењето на Нинџа.

Она што е нејасно е зошто самата Вилма Рускоска не нарачала вакво вештачење уште во првиот случај во кој со помош на сведочењето на сведочењето на докажаниот сведок соработник Нинџа, 15 луѓе беа осудени на над 200 години затвор.

Посебо прашање е зошто судијката за 27 април а сега уставна судијка Добрила Кацарска не увидела ваков евидентен факт, туку својата пресуда ја темели во огромен дел на евидентно лажното сведочење на Василевски-Нинџа?

Одговорите се очигледни за сите што разбираат право и политика.



RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 24-12-2020

Quote:Богдан Илиевски
1h

Кој е човекот кој веднаш треба да биде назначен за министер за правда и почесен професор по право?

Ситуација 1.
Двајца сведоци под заклетва на суд тврдат дека Митко Чавков на 27.04 меѓу 18 и 19 часот се наоѓал во канцелариите во „Технометал Вардар“ кои ги изнајмувал од 2016-та. Нинџа, кој не е сведок под заклетва, туку обвинет кој дава одбрана, вели дека Чавков бил во штабот на ВМРО - и он го видел и слушал, паралелно слушајќи уште 5 други луѓе, како вистински супер-нинџа.
Судијката му верува на Нинџа, а не на двајца сведоци под заклетва. Во пресудата го цитира Нинџа, а не сведоците под заклетва. Чавков добива 18, Нинџа 8 години (2 помалку од минималната казна).
Судијката е унапредена.
Ситуација 2.
Овластен вештак, професор д-р Мирослав Котевски, вели дека според неговото вештачење на базните станици за мобилни телефони, Нинџа НЕ БИЛ во штабот на ВМРО кога вели дека бил (и го видел Чавков, слушал петина луѓе паралелно како, со кого и што зборувале).
Обвинителката ова вештачење го отфрла, и му верува на Нинџа, а не на проф д-р вештак, технологијата и фактите.
Обвинителката е унапредена.
Реторичко прашање 3.
Кому веруваат судските работнички?
Еве дел од делата на човекот кој ужива најголема доверба:
Предизвикување на општа опасност; Изнуда на група, банда со употреба на огнено оружје со последици и со значителна материјална корист; Предизвикување општа опасност; Измама; Предизвикување на општа опасност со тешки последици; Грабнување; Разбојништво; Убиство во обид; Предизвикување општа опасност; Предизвикување опасност со помош на експлозив. (извадоци од кривично-правната евиденција).
Но, бидејќи на теоретско ниво е сосема возможно и човек кој се огрешил 700 пати еднаш да е во право, еве уште една околност...
Околност 4.
ЧЕТИРИ пати го менува исказот за 27-ми април. Секоја верзија е различна од претходните во многу аспекти - време, луѓе, средби, присутни.
Но, во ред. Да се корегирам - и човек кој згрешил 703 пати, може еднаш да ја кажува вистината. Затоа, еве уште една околност...
Околност 5.
...еве уште едно дело, важно во однос на довербата која ја ужива овој човек од еден Уставен судија и од една Шефица на обвинителство:
Истиот човек во 2013 година, по 12 години одеднаш „се присеќава“ на нови детали во случајот Ровер. Во исто време, откако му се враќа меморијата, преиначено му е друго дело од обид за убиство во насилство. Злобниците велат дека лажно сведочел во еден предмет, за да добие поволности во други предмети. Верниците во него тврдат дека се работи за случајност.
Но, не е само случајност кај човеков, туку има и голема огромна среќа (и чест) да ти веруваат судии и обвинители тебе, а не на сведоци под заклетва, стручни вештаци, податоци и факти.
Кај и да е ќе започнам да му верувам и јас и ќе почнам сериозна потрага по парите кои сум ги зел, како што посведочи супер-сведокот и човекот кој ужива најголема доверба од првите ведети на македонското правосудство.
Воедно, фер би било веднаш да му се прекине казната и да биде назначен за главен реформатор во судството, министер за правда, врховен судија и божји справедник кој само ќе сведочи за вистината и ќе зборува, а другите ќе го слушаат и ќе молчат.
Бидејќи пред фактите можеби молчат Боговите, но пред нинџите молчат унапредените.
А јас неосамен и неуморен, ќе трагам неочајно по мојте миЉон долари ?



RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 24-12-2020

Quote:Рускоска демонтирана, срамот на Заев на површина- еве докази СВЕДОК НЕ ГИ ИСКЛУЧИЛ ТЕЛЕФОНИТЕ (детали од доказниот материјал)

23. декември, 2020
Александар Василевски Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврдеше, пред да се случат настаните на 27-ми април. Ова е заклучокот на вештото лице, Проф. Д-р Мирослав Котевски после анализата на базните станици, односно движењето на Александар Василевски Нинџа анализирано преку неговите два мобилни телефони.

Ова вештачење од темел го затресува сиот конструкт за 27-ми април, претходниот случај во кој 16 луѓе се осудени на 211 години затвор, и овој во кој четворица се гонат за истото дело, а за т.н. организирање на настаните.

Но, ваквото вештачење не беше прифатено „со радост“ од обвинителката Вилма Рускоска, за која се доби впечаток дека дупките во обвинението за првиот случај ги пополни со сведочење од Нинџа „како по нарачка“, а речиси сиот втор случај го базира на неговите искази, иако тоа е самото по себе скандалозно имајќи предвид дека Василевски досега кажал четири различни верзии за случувањата на 27-ми април.

Обвинителката Рускоска вчера изјави дека Нинџа не бил забележан на базната станица кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти вештакот, бидејќи „ги исклучил двата телефони, едниот кај 16 часот, а вториот кај 18 часот“, пришто обвинителката која жестоко го брани исказот на Нинџа рече и дека тој повторно ги вклучил двата телефони по 22 часот.



Но, еве што велат фактите односно анализата на листинзи-докази кои Рускоска ги користеше уште во претходниот предмет за 27-ми април, во кој со помош на искази на Нинџа (прва, втора и трета верзија од случувањата) на над 200 години затвор осуди 15 други луѓе, а Нинџа доби казна под минималната.

Еве ги податоците кои покажуваат дека Александар Василевски Нинџа не само што не ги исклучил телефоните во 16, односно 18 часот, туку има бројни записи за негови активности на истите телефони, кои активности се регистрирани на различни базни станици во Скопје. Сите податоци подолу се преземени од доказите со кои работи судот, односно и Рускоска и одбраната. Извештајот за телефоните на Нинџа се користеше и во претходниот случај за 27-ми април кој го судеше Добрила Кацарска.

Според обвинителството, Нинџа користел два телефони кои за потребите на оваа анализа ќе ги наречеме Нинџа 1 (076 44**06) и Нинџа 2 (075 28**51).

Датум: 27 април 2017

Податоците се во следниот формат: час/ минути/ секунди/ активност/ базна станица на која се наоѓа телефонот на Нинџа

ПЕРИОД 16:00 – 17:00

16:05:48 Нинџа 1 прима повик, базна станица ССМ (Сојуз на Синдикати на Македонија)
16:13:20 Нинџа 1 користи интернет, базна станица НОВА ЦЕНТРАЛА НА Т-МОБИЛЕ (кеј на Вардар)
16:25:26 Нинџа 2 врти на 078 2****5, базна станица ТЕЛЕКОМ ЦЕНТАР (стара пошта)
16:32:07 Нинџа 1 пишува СМС на 071 3****6, базна станица Телеком Центар
16:35:13 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:48:35 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Телеком Центар
16:48:49 Нинџа 1 врти на 078 8****8, базна станица Телеком Центар
16:49:21 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:51:05 Нинџа 1 врти на 070 3****9, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:53:12 Нинџа 2 прима повик од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:54:39 Нинџа 2 прима СМС од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле

ПЕРИОД 17:00 – 18:00

17:02:02 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:02:03 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:02:13 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:05:11 Нинџа 1 прима СМС
17:06:03 Нинџа 1 врти на 070 3****1, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:09 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:13 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:17 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:17 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Телеком Центар (значи е во движење од кеј на Вардар кон објектот
на старата пошта)
17:12:40 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица АЛМАКО (наспроти ТЦ Палома Бјанка во правец кон старата пошта)
17:12:52 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Алмако
17:14:31 Нинџа 1 прима СМС, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:43:36 Нинџа 2 прима повик од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле

ПЕРИОД 18:00 – 19:00

18:04:31 Нинџа 1 прима СМС
18:04:32 Нинџа 1 прима СМС
18:24:27 Нинџа 1 прима СМС
18:24:28 Нинџа 1 прима СМС
18:57:08 Нинџа 1 врти на 070 3****1, базна станица ДОМ НА АРМ (позади Собранието на Република Македонија)
18:58:29 Нинџа 1 прима повик од 071 2****0, базна станица ЕСМ (централа на Електростопанство Македонија, кај Триумфална капија)
18:59:24 Нинџа 1 прима повик од 071 2****0, базна станица ССМ (Сојуз на Синдикати на Македонија, наспроти Жена-парк и ГТЦ, позади Градска болница)

ПЕРИОД 19:00 – 20:00

19:01:29 Нинџа 1 прима повик од 075 3****5, базна станица ССМ
19:13:40 Нинџа 2 не одговара на повик
19:17:02 Нинџа 1 прима повик од 077 7****9, базна станица ЕСМ
19:50:33 Нинџа 1 прима повик од 076 6****9, базна станица Дом на АРМ
19:50:56 Нинџа 1 прима повик од 076 6****9, базна станица Дом на АРМ
19:52:40 Нинџа 2 прима СМС, базна станица Дом на АРМ
19:52:45 Нинџа 2 прима СМС, базна станица ССМ

ПЕРИОД ОД 20 ДО 22 ЧАСОТ

20:07:01 Нинџа 1 прима повик од 072 3****3, базна станица ЕСМ
20:12:43 Нинџа 2 не одговара на повик
20:12:45 Нинџа 2 добива СМС, базна станица ЕСМ
20:12:50 Нинџа 2 добива СМС
20:14:00 Нинџа 1 прима повик од 072 3****3
20:16:55 Нинџа 2 прима повик од 076 4****7, базна станица ССМ
20:20:35 Нинџа 1, базна станица ЕСМ
20:36:27 Нинџа 1, базна станица ЕСМ
20:42:59 Нинџа 2 прима повик, базна станица ЕСМ
20:48:16 Нинџа 2 се движи од базна станица ССМ кон базна станица ЕСМ

Како што лесно може да се забележи, и двата броја кои ги користи Нинџа се активни во периодот по 16 часот, а Нинџа не ги исклучува телефоните ни по 18 часот како што рече Рускоска, туку ги користи и истите се забележани од базните станици.

И најголемите поддржувачи и обожаватели на Рускоска од овие податоци би заклучиле дека обвинителката вчера кога камерите застанаа пред неа, се обрати на македонската јавност и – ја излажа. Не е точно дека Нинџа исклучувал телефони, еден по 16, еден по 18 часот. Двата броеви имаат активност во целиот период.

Одбраната на рочиштето одржано на 22.12.2020 имаше за цел да докаже преку докази дека Нинџа лаже и дека не бил во штабот на ВМРО-ДОМНЕ пред немилите настани.

Ако Рускоска преку оваа лага за исклучените мобилни сакаше да го побие обидот на одбраната и да ги одбрани ставовите на Нинџа од нејзе познати причини, се што успеа да направи е да се покаже како обвинителка која не ја говори вистината.



RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 24-12-2020

Quote:Русковска во “офсајд” , Нинџа не бил во ВМРО, бил ли во Мериот?

[Image: Ep8dzUHXcAEEAhL?format=jpg&name=small]
24.12.2020
Анализа на телефонските повици кои се дел од првото судење за настаните од 27 април покажуваат дека обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска не ја говори вистината која изјавува дека телефоните на клучниот сведок на обвинението не биле исклучени за време на немилите сцени во Собранието.

Обвинителката Рускоска изјави дека Нинџа не бил забележан на базната станица кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти вештакот, бидејќи „ги исклучил двата телефони, едниот кај 16 часот, а вториот кај 18 часот“, при што обвинителката која жестоко го брани исказот на Нинџа рече и дека тој повторно ги вклучил двата телефони по 22 часот.

Но што велат фактите односно анализата на листинзи-докази кои Рускоска ги користеше уште во претходниот предмет за 27-ми април, во кој со помош на искази на Нинџа (прва, втора и трета верзија од случувањата) на над 200 години затвор осуди 15 други луѓе, а Нинџа доби казна под минималната.

Податоците покажуваат дека Александар Василевски Нинџа не само што не ги исклучил телефоните во 16, односно 18 часот, туку има бројни записи за негови активности на истите телефони, кои се регистрирани на различни базни станици во Скопје.

Сите податоци се преземени од доказите со кои работат судот, односно и Рускоска и одбраната. Извештајот за телефоните на Нинџа се користеше и во претходниот случај за 27-ми април кој го судеше Добрила Кацарска.

Според обвинителството, Нинџа користел два телефони Нинџа 1 (076 44**06) и Нинџа 2 (075 28**51).

Датум: 27 април 2017

Податоците се во следниот формат: час/ минути/ секунди/ активност/ базна станица на која се наоѓа телефонот на Нинџа

ПЕРИОД 16:00 – 17:00

16:05:48 Нинџа 1 прима повик, базна станица ССМ (Сојуз на Синдикати на Македонија)
16:13:20 Нинџа 1 користи интернет, базна станица НОВА ЦЕНТРАЛА НА Т-МОБИЛЕ (кеј на Вардар)
16:25:26 Нинџа 2 врти на 078 2****5, базна станица ТЕЛЕКОМ ЦЕНТАР (стара пошта)
16:32:07 Нинџа 1 пишува СМС на 071 3****6, базна станица Телеком Центар
16:35:13 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:48:35 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Телеком Центар
16:48:49 Нинџа 1 врти на 078 8****8, базна станица Телеком Центар
16:49:21 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:51:05 Нинџа 1 врти на 070 3****9, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:53:12 Нинџа 2 прима повик од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:54:39 Нинџа 2 прима СМС од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле

ПЕРИОД 17:00 – 18:00

17:02:02 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:02:03 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:02:13 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:05:11 Нинџа 1 прима СМС
17:06:03 Нинџа 1 врти на 070 3****1, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:09 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:13 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:17 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:17 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Телеком Центар (значи е во движење од кеј на Вардар кон објектот
на старата пошта)
17:12:40 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица АЛМАКО (наспроти ТЦ Палома Бјанка во правец кон старата пошта)
17:12:52 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Алмако
17:14:31 Нинџа 1 прима СМС, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:43:36 Нинџа 2 прима повик од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле

ПЕРИОД 18:00 – 19:00

18:04:31 Нинџа 1 прима СМС
18:04:32 Нинџа 1 прима СМС
18:24:27 Нинџа 1 прима СМС
18:24:28 Нинџа 1 прима СМС
18:57:08 Нинџа 1 врти на 070 3****1, базна станица ДОМ НА АРМ (позади Собранието на Република Македонија)
18:58:29 Нинџа 1 прима повик од 071 2****0, базна станица ЕСМ (централа на Електростопанство Македонија, кај Триумфална капија)
18:59:24 Нинџа 1 прима повик од 071 2****0, базна станица ССМ (Сојуз на Синдикати на Македонија, наспроти Жена-парк и ГТЦ, позади Градска болница)

ПЕРИОД 19:00 – 20:00

19:01:29 Нинџа 1 прима повик од 075 3****5, базна станица ССМ
19:13:40 Нинџа 2 не одговара на повик
19:17:02 Нинџа 1 прима повик од 077 7****9, базна станица ЕСМ
19:50:33 Нинџа 1 прима повик од 076 6****9, базна станица Дом на АРМ
19:50:56 Нинџа 1 прима повик од 076 6****9, базна станица Дом на АРМ
19:52:40 Нинџа 2 прима СМС, базна станица Дом на АРМ
19:52:45 Нинџа 2 прима СМС, базна станица ССМ

ПЕРИОД ОД 20 ДО 22 ЧАСОТ

20:07:01 Нинџа 1 прима повик од 072 3****3, базна станица ЕСМ
20:12:43 Нинџа 2 не одговара на повик
20:12:45 Нинџа 2 добива СМС, базна станица ЕСМ
20:12:50 Нинџа 2 добива СМС
20:14:00 Нинџа 1 прима повик од 072 3****3
20:16:55 Нинџа 2 прима повик од 076 4****7, базна станица ССМ
20:20:35 Нинџа 1, базна станица ЕСМ
20:36:27 Нинџа 1, базна станица ЕСМ
20:42:59 Нинџа 2 прима повик, базна станица ЕСМ
20:48:16 Нинџа 2 се движи од базна станица ССМ кон базна станица ЕСМ

Како што лесно може да се забележи, и двата броја кои ги користи Нинџа се активни во периодот по 16 часот, а Нинџа не ги исклучува телефоните ни по 18 часот како што рече Рускоска, туку ги користи и истите се забележани од базните станици.

“И најголемите поддржувачи и обожаватели на Рускоска од овие податоци би заклучиле дека обвинителката вчера кога камерите застанаа пред неа, се обрати на македонската јавност и – ја излажа. Не е точно дека Нинџа исклучувал телефони, еден по 16, еден по 18 часот. Двата броеви имаат активност во целиот период”, пишува порталот Курир.мк кој ги објавува изводите од сметките на Нинџа.

Одбраната на рочиштето одржано на 22.12.2020 имаше за цел да докаже преку докази дека Нинџа лаже и дека не бил во штабот на ВМРО-ДОМНЕ пред немилите настани.

Според профили на Твитер кои важат за добро информирани сведокот Нинџа за време на настаните не само што не бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ туку бил во хотелот Мериот кој е во сопственост на Сашо Мијалков кој не се гони за 27 април.


[Image: 27-04-ninxa.jpg]
[img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=LOADED&custom1=www.forum.kotle.ca&custom2=%2Feditpost.php&custom3=mikkiload.com&t=1608805588980[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=BEFORE_OPTOUT_REQ&t=1608805588982[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=FINISHED&custom1=www.forum.kotle.ca&t=1608805588986[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=OPTOUT_RESPONSE_OK&t=1608805589261[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1608805589270[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1608805589272[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=31af2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1608805589278[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1608805589594[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1608805589671[/img]


RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 05-02-2021





Ја гледав емисијата , беше многу интересна со многу нови докази! Но не разбирам зошто и вие како водители и вашите гости не ја споменувате одлуката на Врховниот суд на Шведска за не екстрадирање на Дејан Давитковски кој е обвинет за 27.04.
Во одлуката на Врховниот суд на Шведска стои дека делото неможе да се квалификува како тероризам, односно дека делото е ПОЛИТИЧКО а за политички дела нема екстадиција!!
Оваа одлука на Врховниот суд сега пред одлучувањето на апелација по жалбите на осудените за 27.04 е најсилен адут за укинување на пресудите и покренување судска постапка против обвинителката за лошата квалификација на делото и дополна со криењето на докази , онаа што го споменаа гостите. Тужбата мора да ја опфати и Кацарска која беше судија во процесот.

[Image: vecher3-480x640.jpg]


RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - ЈорданПетровски - 05-02-2021

Quote:Соопштение до јавноста од Јане Ченто, Игор Југ и Горан Ангелов во врска со емисиите на порталот Инфомакс.
............................................................................

Соопштение
04.02.2021
После емисиите на Инфомакс на г-динот Палевски, после емисијата на Алфа за 27ми Април една е вистината, ние сме жртви на оваа монтирана постапка и тоа го виде цел народ со свои очи, ако не беше сигурен досега народот, после овие емисии треба да биде убеден во тоа што го зборуваме ние четврта година од затвор.
Четврта година откако сме во затвор сеуште стоиме на тоа, ние сме жртвени јагниња на политичките елити и нивните пазари.
Слушнавме аудио запис и документи кои ги објави г-динот Палевски во кои јасно се гледа и слуша дека ние сме жртви, дека прикривани се запсинци, докази, лажно сведочење на загрозен сведок, и дека поединци од УБК и дел од политичките елитите за нивни лукративни цели решаваат да не изгорат нас за да се спасат тие, да бараат вина во нас кои немаме АПСОЛУТНО НИШТО со тие нивни тајни удбашки структури и планови.
Pushpin Тоа се слушна од аудио записот на Александар Василевски - Нинџа во делот каде што јасно и чисто вели - "Изгорени се патриотските здруженија" и дека тоа е организирано од радикални структури поединци на УБК, а на суд кажа и некои партиски функционери, ама на Кацарска и Русковска не им се слушаше во делот за нас, тоа што им одговараше го земаа од исказот на Нинџа тоа што не им одговараше го премолчуваа, се со цел да останеме ние виновни а да се скријат некои други.
Вистината треба да се дознае а не да се крие, истрагата тоа требаше да го покаже, дали треба и на кои сведоци да им се верува, дали е тоа поткрепено со материјални докази, кои се материјалните докази итн, а не да не судат невини луѓе за вакво измислено кривично дело.
Ние ја бараме вистината, и таа ќе се дознае еден ден со ново ОЈО и со нормален судија во фер и правична постапка, а не со судија која после нашата монтирана пресуда беше наградена за Уставен судија.
Pushpin Нинџа кажал во ОЈО кои структури на УБК го организирале тоа со име и презиме, и дека се ИЗГОРЕНИ ПАТРИОТСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА, ама тие не се во затвор туку ние сме одбрани за жртвени јагниња.
На Русковска и мастер планерите не им одговарало тоа па си премолчиле, и си рекле - нема да го кажиме тоа што го кажа Нинџа во ОЈО на записник кога се предаде, и да ја тераме истрагата во таа насока, туку ќе ги одбереме тие и тие луѓе да одат курбан за да се затвори овој настан и да не се најдат вистинските виновници и Русковска го крие тој записник од одбраната каде има нејзин потпис и печат.
Тоа е кривично дело обвинителке, ние сеуште не знаеме што има во тој исказ, до ден денешен освен она што го слушнавме од Палчо.
Pushpin Државен орган како ОЈО треба да одговори, каде е записникот од Нинџа на кој е потпишана самата Русковска и како на еден обвинет кој дава исказ во ОЈО со записник ние го немаме добиено во постапката??
Pushpin Зошто судот премолче кога Нинџа сред суд ги изваде двата записници каде едниот го држи во едната рака (веројатно овој што го има Палчо, а ние сеуште го немаме и не знаеме што пишува) а вториот го држи во другата рака каде што се брани со молчење??
Pushpin Зошто судот премолче на неговите аудио снимки што ги дал во ОЈО каде што тврди дека од тие снимки се знае кој се е вмешан во 27ми април алудирајќи на поединци во УБК и дека имал закани по живот, тоа треба да го прашате него, а тој да одговори на тоа.
После овие нови информации и моменти каде се криеле докази од нас, каде јасно и гласно се посочува кој е организитор на 27ми, сликата е појасна, а тоа се поединци од УБК и нивните луѓе таму од тие нивни УПРАВИ или како и да ги викаат, а не патриотските здруженија кои немаат сол во очи да си фрлат а не пак нешто да организираат.
Pushpin На Вилма Русковска во контра реплика СРЕДЕ СУДЕЊЕ и кажавме, еден ден ќе одговарате за ова монструозно сценарио, местите невини луѓе да лежат во затвор а други се виновни за тоа што се случи тој ден и тоа ќе го докажеме еден ден кога ќе има нормално обвинителството и судството.
И тогаш и денес ќе ви кажаме на цел народ, секој кој што тој ден беше ВО или ОКОЛУ Собрание беше мета да влезе со нас во затвор на вакво монтирано сценарио, но Русковска и другите виделе дека ќе дадат пример преку нас патриотските здруженија, за да седат мирни луѓето додека им се менува име, Устав, и се потпишува договорот од Нивици, оти ако протестираат ќе ги снајде иста судбина како патриотските здруженија и ќе завршат во затвор.
Правдата е спора обвинителке, ама ќе ве стигне, не ви кажавме џабе и на суд, од такви обвинители како вас Македонија крвари и страда, и дека чесни и искрени патриоти обвинувате за дело што не го сториле, а вистинските виновници ги криете.
Pushpin Ние како претставници на МПЗ кои лежиме во затвор не можеме да ги премолчиме овие нови моменти, секој има право од обвинетите да каже што мисли бидејќи ние сме таргетрирани во тоа монструозно сценарио како групи, едни од МПЗ, втори полицајци од МВР, трети пратеници, четврти од иницијативата за заедничка Македонија , а не се познаваме едни со други, а Вилма пазете, ни става на товар дека ЗАЕДНО сме го планирале и извршиле кривичното дело кое е НАДВОР ОД ПАМЕТ.
Pushpin Вилма Русковска и сите што беа дел од ова монструозно сценарио еден ден ќе одговараат пред лицето на правдата тоа ви го ветуваме.
Pushpin БАРАМЕ, овие нови моменти да не бидат премолчи од медиумите, политичките партии, од правните експерти, од судиите, од невладините организации кои се занимаваат во делот на правосудство, од луѓе кои се борат за правда да го дигнат гласот и после 4 години да бараат правда за нас, отворено, а не со пола уста.
Ако се борат за правда ова е таа борба а не да им слугуваат на оние кои имаат моќ и пари и да има селективна правда.
Pushpin Ние бараме фер судење, правото на правично и фер судење ни е загарантирано со Устав.
Пресудата на Кацарска е заснована на лаги, монтирано обвинение, лажен исказ, се со цел тие пратеници што гласаа за промена на името да бидат ослободени и да не се најдат вистинските виновници.
Еден ден ќе изгрее сонцето на слободата!
Вистината мора да излези на виделина, ние не сме терористи, туку искрени и чесни патриоти! Flag of Macedonia
#ПравдаЌеИма Folded hands
Да живее Република Македонија
Јане Ченто
Игор Југ
Горан Ангелов
04.02.2021 година



RE: РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 - vancevtodor - 24-04-2021

Quote:КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Да повториме – зошто „27 април“ не беше тероризам!



[Image: darko-janevski.png]


Дарко ЈАНЕВСКИ 24.04.2021
Првичните 211 години затвор за „27 април“, неодамна намалени за некоја година, колку да не е без ништо, беа изречени за делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ.
Дека во настаните од 27 април 2017 година не станува збор за тоа, туку за реакција на пучот кој внатре во Собранието беше извршен со дивиот, неуставен и неделовнички избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, зборував уште во декември истата година, иако тогаш мака имав да обезедам соговорници, бидејќи освен адвокатот Петар Василев, никој не сакаше да зборува. Таков страв каков што постоеше тогаш, немаше ни во средината на деведесетите кога СДСМ беше суверен и владеше без опозиција, а можеби е еднаков на стравот кој постоел во време на Втората светска војна или веднаш по неа (еден збор на кодошите и готови сте). Но, независно од тоа, нема да пречи ако денеска повториме за што точно стануваше збор.
Ова е тој член:
[Image: t-1-480x136.png]


Како што можете да видите, делото има три елементи:
-загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ;
– акт на насилство (овој втор елемент има повеќе делови, но за нас е битен актот на насилство)
-чувство на несигурност или страв кај граѓаните!
За да може некој да биде обвинет и осуден за ова дело, како што се осудени лицата кои се во затвор и како што се води постапка за наводните организатори на делото од член 313, треба да бидат исполнети сите три елементи. Ако недостига еден од нив, не постои делото.
Ајде да го разгледаме првиот елемент: намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ.
Значи потребно е да постои посебна намера и таа намера треба да се докаже. Таа е субјективен елемент, без што т.н. битие на делото не е исполнето.
Значи, во конкретниот случај, требаше да се докаже дека осудените имале намера да го загрозат уставниот поредок и безедноста на РМ. Дека влегле во Собранието на РМ со таква намера. Дека имале за цел да го сменат поредокот запишан во Уставот или дека сакале да ја загрозат безбедноста на РМ.
Не е потребно посебно право познавање за да се сфати дека никој од тие што влегоа во Собранието на РМ на 27 април, ниту пак некој осудените, имал намера да го загрози уставниот поредок. Всушност самите поставете си го прашањето: кој дел од Уставот овие лица го загрозија?
Бргу ќе дојдете до одговорот дека, напротив, нивната цел беше обратна: тие немаа намера да го загрозат поредокот, туку сакаа да се зачува уставниот поредок, нарушен со криминалниот начин на избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Дали го одобрувате начинот на кој тоа е сторено, е друго прашање, но намерата да се загрози уставниот поредок едноставно не постои. Со тоа не постои ни првиот елемент од член 313, бидејќи покрај непостоењето намера, не постои ни загрозување на поредокот. Посебно што седницата на Собранието беше завршена, па тие што беа нападнати не беа нападнати додека извршуваа службена должност како пратеници, туку напротив, беа нападнати откако на неделовнички и противуставен начин ја преземаа власта во РМ завладувајќи го закододавниот дом.
Патем, дека со нападот на неколкумина пратеници надвор од нивното работно време не е и не може да биде загрозена безбедноста на РМ, веројатно не треба посебно да се објаснува. РМ не е и не може да биде нападната и загрозена доколку без посебна намера за загрозување на безбедноста и уставниот поредок, некој нападне пратеници. Инаку, ризикувате да ве осудат за ова дело и ако го опсуете пратеникот или му удрите шамар поради кавга на семафор.
Значи, да резимираме за првиот елемент од чл. 313: намерата на осудените не беше да го загрозат уставниот поредок, туку да го зачуваат. Дали е тоа примерен начин, како то рековме е друг муабет, но елементот намера отпаѓа.

Отпаѓа и елементот загрозување на уставниот поредок бидејќи тој на ниту еден начин не беше загрозен. Самото влегување во Собранието на толпа луѓе, доколку не е со цел да го преземат законодавниот дом, не е загрозување на поредокот. Тоа не е ни насилството кон некој пратеник, бидејќи во тој момент немаше седница, па нападнатите пратеници беа граѓани кои на див начин изгласале избор на претседател на Собранието и всушност тие се тие кои го загрозија уставниот поредок на РМ.
Значи направено е извртување на тоа што се случуваше во реалноста. Тие кои го загрозија и нарушија уставниот поредок сега се власт во државата, а тие кои реагираа против загрозување на уставниот поредок, се во затвор.
Тоа е криминалот што го направија Кацарска, Рускоска и останатите од обвинителско-судската власт кои учествуваа во ова.
За безбедноста на РМ, рековме, не треба да се троши мубает.
Така што, веќе во старт, еден елемент од трите кои се потребни за да постои ова дело, отпаѓа и делото не постои.
Но да одиме на вториот елемент: насилство. Не е спорно дека некои пратеници беа нападнати и физички повредени, но тоа го сторија конкретни лица кон конкретни пратеници. Постојат посебни дела кои го санкционираат тоа (насилство, учество во толпа, нанесување телесна повреда итн), но не постоеше насилство со намера да се загрози уставниот поредок или безбедноста. А двата елемента треба да бидат поврзани, што во слупчајов не е така.
И третиот елеменет: предизвикување чувство на несигурност и страв кај граѓаните.
Како што можете да видите, делото постои ако, пкрај загрозување на уставниот поредок или безбедноста, покрај насилството, е предизвикано чувство на несигурност или страв кај граѓаните, за разлика од Кацарска и Рускоска кои велеа дека е предизвикано чувство на несигурност и страв кај пратениците.
Тоа е тотално погрешно, а таа грешка не е направена од незнаење, туку свесно. Целта на тој што врши терористичко загрозување е да предизвика страв не кај тој кој го напаѓа (во слулајов беа нападнати пратеници), бидејќи кај секој кој е нападнат се предизвикува чувство на страв (чувство на страв постои и кога жена оди по неосветлена улица, а не пак кај некој кој е нападнат – на улица, во кафеана и сл.). Ова дело ја казнува ситуацијата кога целта е несигурност да се предизвика кај општата популација, а не кај нападнатите кај кои стравот доаѓа сам по себе. Целта е општата популација да живее во страв, не знаејќи кога, каде и како може да биде нападната – од бомба во трговски центар, камион кој ќе влета во продавница, самоубиец во преполн маркет или ресторан, киднапиран авион кој ќе се удри во некоја зграда и слично. Тие дејствија предизвикуваат чувство на страв кај граѓаните, така како што бара ова дело, а не удирањето на некој пратеник кое нема за цел шреку тој чин да изврши напад и врз државата чиј составен елемент се жителите на таа држава.
Оттука, токму кај првиот и третиот елемент може да се види како е наместен овој случај спротивно на тоа што го бара Кривичниот законик. Тие два елемента не постојат кај ниту еден од осудените, а вториот кај некои од нив, но недоволно за да бидат осудени по чл. 313 од КЗ.
За жал, требаше да поминат четири години за да почне за ова поотворено и помасовно да се зборува. Како што реков, во декември 2017 година, повеќето, што би рекла Велиновска, си гледаа со главата надоле во пантолоните. Да не зборувам пак за оние, кои сега глумат опозиционери, а тогаш учествуваа и поддржуваа доаѓањето на Заев на власт на див начин и врескаа за што построги казни за „терористите“.
Во секој случај, осудата за терористичко загрозување и безбедноста на РМ на овие лица поради кои утре ќе се протестира, е еден од најголемите криминални акти во правниот систем и во историјата на оваа држава. Оттука, не е доволно само тоа што утре ќе излезат луѓето и ќе се извикаат, туку треба расчистување со сите тие кои учествуваа во креирањето на процесот и сите тие кои го поддржуваа сето тоа, а знаеја или можеа да знаат дека станува збор за криминален процес. Не може денес ортаци да ви се тие кои се сликаа со Заев по ручеци и кои беа свесни дека делото во овој случај не постои, а гласно или молкум го поддржуваа осудувањето на тие луѓе. Во спротивно, нема да има разлика меѓу утрешниот протест и фудбалски натпревар на кој сте отишле со семки и повремено сте викнале против судијата. А веќе утре сте го заборавиле.