Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
ЛАГИТЕ НА ДЕНКО МАЛЕВСКИ ВО "ПОЛИТИКО" - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Политика (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=2)
+--- Thread: ЛАГИТЕ НА ДЕНКО МАЛЕВСКИ ВО "ПОЛИТИКО" (/showthread.php?tid=1799)



ЛАГИТЕ НА ДЕНКО МАЛЕВСКИ ВО "ПОЛИТИКО" - mickey - 25-11-2011

Е емисија која се емитува на Наша ТВ секој понеделник, среда и петок со почеток од 17 часот.

Денеска ќе биде гостин Љубчо Георгиевски
Во понеделник ќе биде Ванчо Чифлиганец ек директор на Бучим
А во среда ќе биде градоначалникот на Охрид Александар Петрески


RE: Политико - ЈорданПетровски - 26-11-2011









Оваа интервју со Денко Малевски е најголемото фјаско на Саше.
Послушајте го што вели Денко од 9:40 и продолжението на второто видео. На ваква лага Саше не реагира.


RE: Политико - acko - 26-11-2011

Југословенскиот комунизам не беше наметнат. Секоја година си имавме избори, Денко беше лидер на една од партиите кои губеа од комунизмот. Icon_razz))

Јордан, Саше не реагира поради неколку работи. Тој тешко дека и знае за што точно се зборува, како тоа е избран или не е избран комунизмот, понатаму не верувам и дека има проблем со фалењето на нашиот ’измеѓу комунизам’.

Една убава анализа за нашиот ’измеѓу коумнизам’, за самоуправниот социјализам:

’„Samoupravni“ oblik komunizma ili titoistički „socijalizam sa ljudskim licem“, bismo pre i ispravnije mogli shvatiti kao krajnji oblik totalitarnog nasilja, tačnije, kao „socijalizaciju“ nasilja, koje treba da prožme sve pore društva (tako da uključuje i same komuniste), nego kao njegovu „humanizaciju“ ili „liberalizaciju“. „Samoupravni socijalizam“ je socijalizam koji sebe shvata ozbiljno, njegova potpuna „staljinizacija“ - totalitarno nasilje koje više ne treba ideološki legitimitet, koje je nasilje u svom „čistom vidu“. Nestala je i poslednja distanca između režima i društva – režim ju je sam izbrisao okretanjem terora prema samoj partiji, a jugoslovensko društvo je izbrisalo i poslednji mogućnost da se odredi prema komunističkoj ideologiji (iako se stalno time bavilo). Uzalud, ideologije više nije bilo, postojalo je samo konstantno nasilje upereno prema svima.’

Целиот текст за нашиот добар комунизам и неговото наследоство тука.


RE: Политико - ЈорданПетровски - 26-11-2011






Втората голема манипулација е од 4:20. Малевски го објаснува комунистичкиот терор како борба помеѓу Титовисти и Сталинисти. Борбата на Македонците против со сила наметнатиот комунизам и Југославија не ја споменува. Бројките зборуваат сосема нешто друго.

Според „Пописот на казненици на општествено корисна работа и осуденици по ИБ-то“, изработен од страна на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, на Голи Оток биле затворени 16.101 лица, од кои 15.173 мажи и 928 жени. Од нив, според овој попис, 801 лице или 5% од сите затвореници биле Македоци.

По основ на "ванчомихаловизам" и бугарофилство само од 1946 до 1950 година се затворени 7330 СРЕДНОШКОЛЦИ, кои биле членови на ВМРО С.Д.Р.М.А која се преименувала во ВМРО ПРАВДА. За слоработка со ванчомихајловисти е обвинет и осуден и Ченто.


RE: Политико - ЈорданПетровски - 26-11-2011








Случајно добил стипендија да оди во САД.

Владата не била формирана за внатрешнопартиски проблеми. Hи збор дека Глигоров го прекрши Уставот.

Глигоров го избрал заради неговите написи а тие бе ПРОЈУГОСЛОВЕНСКИ.


RE: Политико - ЈорданПетровски - 26-11-2011







Владата не дискутирала за НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА. Кога владата не дискутирала. Дали дискутирал парламентот.
Дали е свесен Денко дека признава оти Глигоров вовел ДИКТАТУРА.

6:20 од кого добиле Глигоров и Малевски согласност да работат на сочувување на Југославија.




RE: Политико - ЈорданПетровски - 26-11-2011






Овој дел 9:03 е многу интересен.

На Саше му ја пратив оваа изјава

[Image: scan0011_1.jpg]

Quote:Jordan Petrovski-Sashe Ivanovski


Прашање прво за Денко Малевски:

-Дали оваа изјава на Блаже Ристевски е точна : "самостојност само без него"
Саше веродостојноста на оваа можеш да ја провериш. Оваа е излезено во Нова Македонија од 03.јули.1992 година и се наоѓа на трета страница


Прашање второ за Денко Малевски:

-Дали кога Глигоров му ја образлагал понудата на Денко Малевски да стане министер за надворешни работи, му предочил дека ке треба да работи за осамостојување на Македонија.

— with Тони Вучевски, Boris Lazarov and Laste Ivanovski.


Quote:Jordan Petrovski Еве малку од преписката помеѓу мене и комуњарчето Саше:

14 OctoberJordan Petrovski
Ti prativ na zid prashanje za Malevski

15 OctoberJordan Petrovski
zoshto ne komentirash za Denko

15 October Sashe Ivanovski
pa samo prashanja se
i kje mu gi postavam




RE: Политико - ЈорданПетровски - 27-11-2011







Многи интересен дел е од:

Quote:3:40 Малевски вели: Јас кој ИНСИСТИРАВ да РЕЧЕМЕ во делегациите мои кога одев надвор, еве овааа ке го кажам прв пат, кај председателот Глигоров да дозволи луѓе од опозицијата да седат со мене, да видат како е тоа таму надвор и дека МОРА ДОМА да се разговара. Тој велеше и дека МОРА дома дасе разговара со нив, дека надворешната политика има домашна задача. Дека мора со Георгиевски да се зборува. Тој кажува дека со часови на ред зборува. Не разбирам !!!!


Е сега слушнете го Денко што зборувал предходно. Во истото интервју, па ке стане јасно за каков ноторен лажго се работи или соработник на странска служба.









Quote:1:20 Вака беше, надворешната политика ВООПШТО не беше во владата, значи јас не се сеќавам да сме дебатирале за една тема од областа на надвореШната политика во во владата на Никола Кљусев прво и една година во владата на Црвенковски. Надворешната политика беше да не речам ONE MAN BAND, Глигоров беше или TWO MAN BAND нека биде и јас.


2:59 На таа сцена требаше да се настапи со СТАВ, КОЈА Е ПОЗИЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА? СО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА, ДОГОВОРОТ БЕШЕ ЈАС ДА НАПИШАМ НА ХАРТИЈА НА КОЈА КЕ ЈА ИЗЛОЖАМ ПОЗИЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА....



Каде е ПАРЛАМЕНТОТ.!!!???????????? Такво нешто непостои во умовите на Глигоров и Малавески но постои кога треба да лаже неколку минути подоцна.



RE: Политико - ЈорданПетровски - 06-07-2012

Од рецензијата го пренесувам делот за Глигоров. Го пренесувам бидејки само човек со нула карактер ке постапи вака.
Зошто Малевски ова не го објави додека Глигоров беше жив.



Quote:Рецензија на „Бебето од катран“ - Македонија во меѓународните односи (1991-1993)“ на проф д-р Денко Малевски
Автор: Љубомир Фрчкоски


Но клучно за димензијата на етиката во политиката и одговорноста за историските одлуки за државата, е делот од книгата кој го опишува разминувањето на Денко со неговиот политички ментор Глигоров (405 стр и натаму).

Во тој дел се опишува и ситуација која и мене не ми беше позната, а која е клучна за македонската надворешна политика, поточно за политиката на спорот за името и неговите консеквенци .

Имено, од настаните кои се опишани и кои ги знаеме, можете да направите разлика за етички опуси во политиката на дел од нас инволвирани тогаш во неа и Глигоров. Денко вели дека Глигоров никогаш јасно и одлучно не му се искажал дека е ЗА компромис околу спорот со Грција, ако до одржлив предлог се дојде (тоа го сторил само еднаш лице-во-лице, нервозно на исистирање на Денко во кратка расправа во неговиот кабинет) .

Јасно разликувате дилеми и спорови во начинот на кој ја разбирате и остварувате политичката одговорност за одлуките. Имено, Денко би сакал да биде „‘на чисто“‘ со политиката на компромис која е наша основа и да се бори на линија на добар, одржлив компромис кој би можел да се појави. Зад таквата политика очекува Киро да застане и да се изјасни! Глигоров, од друга страна, дури и да е за таква политика, за неа нема јавно да се изјасни и посебно не сака сам да понесе одговорност за некое преименување на државата на меѓународен план. Таа политика и барањето решение ја тера во поделена, дифузирана одговорност, одговорност „без име и презиме“‘ ,со намера сите да се вклучат во одлуката (денес наречена „народот ќе одлучи на референдум“).

Овие разлики стануваат болно воочливи во еден настан опишан во книгата на средба на Глигоров и Денко во Даунинг Стрит 10 со Мејџор и Херд !

Имено, во преломниот дел од средбата, Британците му предлагаат на Глигоров дека за нив (читај и нивните сојузници САД и др.) работата со приемот на Македонија во ООН ќе биде завршена (тие зборови ги употребуваат) ако ние аплицираме за прием под името Република Македонија ( Скопје ) !

Во таа преломна точка, кога вистинската можност се појавува – Глигоров (според мислењето на Денко, кое не го кажува експлицитно) се ПОВЛЕКУВА! На некој начин се исплашува од можноста.

Имено во што таа можност би се се состоела? Британците предлагаат ние самите да предложиме промена на нашето меѓународно име, не друг тој предлог да ни го наметнува или натура. Киро ја воочува таа разлика прецизно. Треба ТОЈ да предложи промена на името, а не да се повине на некој наметнат предлог. Од тоа тој се плаши, не може да ја понесе одговорноста за тоа, се повлекува! Киро претходно одржува еден говор во Собранието на Македонија бранејќи еден таков предлог Република Македонија (Скопје , после премрежијата на Лисабонската и Единбуршката Резолуција на ЕУ, спроти приемот во ООН) , но под услов тој предлог да се појави како решение од Европската унија за наш прием во Обединетите Нации .

Сега доаѓа друго, поостро и похрабро решение – можност: НИЕ самите да повлечеме потез, кој има добри шанси да го затвори проблемот. Во таа точка Киро „се распаѓа“. Не сака, ниту е спремен да ја понесе улогата која подоцна ја понесе Борис Трајковски – наспроти бранот народно незадоволство - да понесе одговорно, но непопуларно, историско решение за Охридскиот рамковен договор .

Киро не сака тој да предложи ново меѓународно име за својата земја. Поблиско и поприфатливо му е такво решение некој друг да предложи, а ние под притисок да го прифатиме. Така има алиби, како политичар и личност носи помалку одговорност за него и не влегува (според него) во матните води на популистички обвинувања за „предавство на името“.

Но проблемот е во тоа што така добро решение Република Македонија (Скопје ) други не предлагаат во тој момент. Малку подоцна, кога станува јасно дека ние не одиме по тој пат на предлогот Република Македонија (Скопје) како наш предлог, ќе ни предложат полошо решение ФИРОМ: тоа го чинат Шпанија, Британија и Франција, ние неволно ќе го прифатиме???

Во овој момент се прашувате: како е можно полошото решение да биде ПОДОБРО за нас! Можно е ако нема кој да понесе политичка одговорност за подоброто решение. Тоа да го изнесе во стварност на своите политички плеќи. Лично тоа решение ќе се поврзуваше со името на Глигоров. Па што, ќе речете, денес тоа ќе беше славна одлука. Со неа денес ние ќе бевме друга држава без овие проблеми кои ги имаме сега. Но тоа од денешна перспектива. Така е веројатно со сите историски одлуки и личности. Но не од тогашна перспектива, која на Глигоров му се чинела претешка за него. Не сакал да ги носи нападите од дел од јавноста дека е „предавник“ на името, да му падне рејтингот (како на Борис на 1,5 % по потпишување на Охридскиот ) и слично.

Глигоров ја испушта шансата да се обиде да избори подобро решение за сопствената земја со (за нас прифатливо) „себежртвување“. Подоцна, сепак, ја плаќа цената на лошото решение со ФИРОМ, тоа сепак се лепи за него и настанува кармакарашот кој трае до ден денес. На некој начин Глогоров не е доследен на политиката која самиот ја промовира, наспроти бранот на евтин популизам, за националните интереси со одговорни политички одлуки.

Секако се поставува прашањето, кога ги читате овие редови на книгата, дали претеруваме во проценката и оценката за таа можност? Дали сепак беше сè така? Но останува неспорно и сведочено вистинското прашање кое се отворило тогаш: дали мораше да се искористи таа можност! Дали мораше да се обидеме и со тоа, тогаш на почетоците? Тоа е вистинското прашање кое е испуштено во етер.

Останува секако свежо и возбудливо неговото анализирање во контекст на вака автентичното сведочење за него денес. За консеквенците кои можеа, а не се случија, за политичката одговорност, храброст и одважност на политичарите и нивните етоси и стравови. ЗА улогата на личноста во политиката и неговите морални дилеми и сила.

По оваа историска епизода дочекавме таа страна од политиката: стравот, суетата и лицемерството и манипулацијата да стане доминанта во водењето надворешна политика. Но така е тоа секогаш: потезите на обмислена храбра саможртва прават траги и создаваат историја, останатото е лоша бесконечност на политика без етос .