Автор Тема: БОГОЕВСКИ ГО ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАЛОТ НА ЛАГИ !!  (Прочитано 817 пати)

Февруари 18, 2015, 10:35:48 pm
Прочитано 817 пати

ЈорданПетровски

  • ЈорданПетровски-ЦРНИ
  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 17489
    • Погледај го Профилот
Цитат


Јордан Петровски 18.02.2015

Многу опасно но и добро е оваа што го прави Богоевски во соработка со Секуловска. Опасно е во тоа што се обидува да прикрие злостор. Добро во настапот на Богоевски е тоа што не предупредува на тоа дека полициско политичкото подземје  е сеуште битен фактор во збиднувањата во Македонија. Зборувајки за прислушкувањето сега, за материјалите кои ги има Заев, Богоевски се обидува да го минимизира прислушкување кое траело цели ОСУМ години а кое е многу посериозно и од оваа што сега го вади Заев.
Богоевски прислушкувањето на почетокот на деведесетите години се обидува да го представи како акција која допринела да се спаси Македонија од војна??
Да се потсетиме, имало повеке Оперативни Акции на СДБ кои биле насочени кон паријата ВМРО ДПМНЕ за нејзина дискредитација. Ке споменам само неколку:
"Бугарските летоци", "Сина Птица", "ДУВЛО", "РАСКОЛ", "Бугарската Амбасада".....
Сите овие Оперативни акции кои се одвивале во периодот 1991-1998 година се вршени за да се ПОПРЕЧИ ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО на Македонија и за тоа постојат непобитни докази, меѓу другото и сведочење на самиот Богоевски, дадено во интервјуто:"Атентаторот на Глигоров барајте го дома",  во кое изјави:

Цитат

"Героски-Имаше ли Мијалков какви било врски со Контраобавештајната служба на ЈНА (КОС)?

Богоески- Што се однесува до Мијалков, од сопствени принципи, не би сакал ништо повеќе да зборувам за еден починат човек. Но, би сакал да кажам нешто за поширокиот контекст на ваквата шпекулација, нешто што сега првпат ќе го кажам отворено. Експертската влада беше составена под големо влијание на тие сили од надвор, кои не извираа од автентичните македонски интереси, кои, за жал, дури и денеска го злоупотребуваат симболот ВМРО, за да ги контролираат процесите во Македонија. Конкретно, четворица од министрите беа со подолга историја на ембрионална и институционална врска со службите надвор од Македонија.


Затоа и прашањето дали јавните истапи на Богоевски, Бабановски, Пивоваров, Фрчкоски, Андов ... се дел од стратегијата на СДСМ или пак се стратегија на полициско политичкото подземје. Одговор на ова прашање ке ни каже дали Заев навистина води битка да нема повеке составување на влади по директива од надвор, да нема повеке прислушкување, следење од тајната полиција за партиски и идеолошки цели или како и досега битката е само внатрешен судир во самато полициско политичко подземје-тајната полиција, битка на Милошевиќевата УДБа со "ОПЕРИСТИТЕ" на КОС ...

Од интервјуто на Богоевски го симнав делот кој е школски пример за прочуената "пита г*мнарка', специјалитет на КОС и УДБа.

www.youtube.com/watch?v=fdL4LnEhZ_4&feature=youtu.be

Да тргнам по ред. Првин да ја побијам лагата на Богоевски дека Комисијата за надзор на СДБ донела заклучок во кои стои дека СДБ постапувала законито.
Нова Македонија од 22 декември 1992 година на страна 3 ги објaви заклучоците на Kомисијата за надзор на СДБ:




Одговорот на Владата која го отфрли обинувањето  го пренесе весникот Нова Македонија од 19 фебруари 1993 година, на страна 4 го пишува следново:



И тогаш владата не се повикува на со Устав пропишаниот начин на законско прислушкување.

Вo СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ од VII-то продолжение на 56-та седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 21 април 1993 година, стои дека тоа се незаконски и неуставни методи и средства кои се надвор од овластувањата што ги има Министерството за внатрешни работи и актерите што се вклучени во овие три случаи.
Ивештајот ги опфаќа случаите: Бугарски Летоци, Сина Птица и ДУВЛО



Еве како се однесувал Богоевски кон работата на Комисијата за надзор на ДБК:



Втората голема манипулација на Богоевски е приказната за прислушкувањето, следењето, тонското снимање.Тој вели:
" Љупчо Георгиевски, покојна Димовска постојано во јавноста го истакнуваа дека се жртви на незаконското тонско снимање, прислушкување и следење.!!
Богоевски наведува, за да делува убедливо и за да питата г*омнарка биде успешна дека Љупчо заговарал Јужен фронт и затоа бил прислушкуван.
Каде е СУДСКИОТ налог за да биде законско прислушкувањето, каде е прашањeто на Секуловска дали СДБ имала суски налог за да го прислушкува  ВМРО ДПМНЕ и врвот на партијата. Такво прашање нема. Aко се потсетиме на изјавата на министерот Чокревски дека имало полициско новинарски бракови многу работи стануват јасни, посебно кога се прават интервјуа со Богоевски, Фрчкоски ... новинарите и водителите секогаш ги забораваат клучните прашања ...
Заев обзнани дека V управа ја води братучедот на Груевски а јас ке потсетам дека тое е традиција. Во времето на ДУВЛО , Сина Птица ... во времето на демократија на Глигоров, демократија која велат дека ке ја вратат и СДСМ а и оние кои се нудат да го наследат Груевски во партијата,  V управа ја водел ВНУКОТ на Глигоров. Извештаите од прислушкувањето завршувале на столот на Глигоров !!!



Овие денови многу експерти ја објаснуваа постапката која овозможува законско прислушкување и во кои случаи е тоа применливо. Името сите а тоа и Уставот децидно го вели, мора да има Судки налог.
Дали некој судија, зборам за непартиски судија би издал налог за прислушкување во акцијата ДУВЛО. Дали некој нормален човек би прифатил аргумет во стилот тие зборуваа, се среќаваа ...
Но да не бидам и јас како Богоевски, да не излезе дека и јас правам пита г*омнарка, еве еден "доказ" кои го прибрала ДБК, па сами уверете се кој ја играл играта и кој ја плел мрежата, онаа мрежа која ја планирал и градел КОС и УДБа a ja објаснува генерал Мамула во своите мемоари а во која требело да се фати ВМРО ДПМНЕ, поточно оние кои биле експонирани заговорници на Самостојна и Демократска Македонија или како спред линиите за работа на ДБК ги третирала "Македонската" ДБК, ТЕРОРИСТИ и ЕКСТРЕМНИ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИСТИ, МАКЕДОНСКИ ВРХОВИСТИ!!!
Линии на работа:
 
1.ТЕРОРИЗАМ НА МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИСТИ
2.МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМЕН НАЦИОНАЛИЗАМ
3.МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИЗАМ И ВРХОВИЗАМ



 
Богоевски на видеото уште вели :немала континуирано под вакви мерки повеке од десетина лица!! И дека прислушкубањето траело седум до осум дена!! Дали било така? Доказите, досиеата од тоа време го говорат спротивното. Имено во период 1991 - 1995 се отворени скоро ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ досие, колку од старите оние  14 600, отворени пред 1991 година се продолжени да се водат тоа само во ДБК го знаат. Вообичаена мерка на ДБК кога следи некој е ПРИСЛУШКУВАЊЕТО. Значи не биле во прашање десетина лица , туку биле во прашање ИЛЈАДНИЦИ лица.
Ке дам еден интересен пример од моето досие. Имено јас сум имал ТРИ телефона но ДБК дава налог да се прислушкуваaт ПЕТ телефона, чии се другите два?? На мои роднини, на мои пријатели?



Зар тоа не отвара сомнеж дека шпекулацијата која се однесува на бројот на прислушкуваните во периодот 1991-1998 година се движи околу 50 илјади е точна.

Според докумeнтите со кој располагам прислушкуван сум НЕПРЕКИНАТO 19 месеци, во период март 1993 октомври 1994 година и од 03.09.1996 година па до, решение за прекин на прислушкувањето нема во досието а тоа може да значи дека см бил прислушкуван се до моето заминување во декември 2000 година.
И за почетокот на второто прислушкување немa судска одлука??

На секој разумен човек, човек кој сака еднаш за секогаш да се прекине со практиката на злоупотреба на ДБК, да се прекине со користење на ДБК во ИДЕОЛОШКИ и ПАРТИСКИ цели ваквиот обид за минимизирање, поточно за прогласување за законско и легитмно кршењето на Уставот кое го правела ДБК во време на владеење на СДСМ на медиумите блиски до СДСМ отвара сериозен сомнеже дека од растурање и конечно поведување на кривична одговорност за лицата кои тоа го правеле ке нема ништо , туку дека тие луѓе постои голема веројатност да се вратат на челните позиции во ДБК.

пс. "изненадува" молкот на ваквите изјави на водството на партијата ВМРО ДПМНЕ и на оние кои се нудат да го сменат тоа водство кои се колнат дека ке ја вратат партијата на изворните ВМРОвски принципи.


 



There are no comments for this topic. Do you want to be the first?