Автор Тема: УКРАИНА-КАДЕ КЕ СЕ ПРИКЛОНИ?  (Прочитано 29000 пати)

Февруари 20, 2015, 03:29:37 am
Одговори #75

МрачниотКоњаник

  • stop the brainfcuk
  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 1391
    • Погледај го Профилот
Аааа Јордане само ти држи се до она што ти го сервираат американските медиуми. Откаде тоа “илјадници ракети смерч, град и ураган“?
Како поранешен тенкист, само ќе демонстрирам колкава е твојта тапост и ќе ти кажам дека тенк троши 100 литри дизел на 100 километри. Највеќе 300 по терен надвор од утабан пат. Планини и тесни премини не видов на ниеден извештај од боиште. Значи рамен терен, како создаден за тенковско војување.
Режимот во Киев е нацистички режим, сите други малцинства во Украина после мајданскиот пуч повикале влади на нивните матични земји да праќаат војска да ги брани од новоосоколените фашисти. Еврејското малцинство бараше војска од Израел. Етничките Чеси и Унгарци истите барања до владите на Чешка и Унгарија. Ова е од Ерусалем Пост, не од твојте си-ен-ен извори, ниту е руска пропаганда. Конфликтот во Украина е строго цензурирана тема низ американските медиуми. Дури и дебелиот пораз во Дебелцево и повлекувањето на режимските трупи низ американските медиуми беше портретирано како Србите што го портретираат нивниот пораз во Косовскиот Бој- тие храбро бегале а клети Турци кукавички ги тепале.
Без храбрење и хушкање од Америка, дали воопшто на Украинците би им текнало да војуваат против сопствените сограѓани, а Јордане?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!

Февруари 20, 2015, 03:38:13 am
Одговори #76

МрачниотКоњаник

  • stop the brainfcuk
  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 1391
    • Погледај го Профилот
И тешко Јордане да контрираш на ова:
Цитат
Na pitanje o odnsosu sa EU Putin je rekao: "Teško je razgovarati sa ljudima koji šapuću u svojim domovima, plašeći se da ih Amerikanci slušaju".
кога знаеш дека Америка прислушкува цел свет.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!

Март 20, 2015, 08:21:56 am
Одговори #77

hristo

  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Moderator
  • Пораки: 2955
    • Погледај го Профилот
 За причини  за војната во Украина:

 http://www.blitz.bg/news/article/325836

Април 22, 2015, 01:33:56 am
Одговори #78

ЈорданПетровски

  • ЈорданПетровски-ЦРНИ
  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 17489
    • Погледај го Профилот
Цитат

Реквием за слободата на Украина



21.02.2014

Борис Камчев
Старо сениште броди по Европа деновиве - сеништето на граѓанската војна. Берлин, Брисел и Вашингтон се сплотиле да го придобијат Киев, историската колепка на Русија. Иако цела земја падна во депресија поради хокејскиот пораз од Финска, Москва е нестрплива да ги заврши Олимписките игри за да го избрка исконскиот непријател пред нејзините порти.

Најновото крвопролевање во Украина, каде само во последниве три дена загинаа околу стотина луѓе, покажува дека во ерата на интернет технологиите, социјалните мрежи и слободниот пристап до информации, настаните се одвиваат со неверојатна брзина.

За да созреат, порано на револуциите им требало децении, па и цели векови. Но денес, пред нашите очи, инстантно пренесени на мобилните екрани, тие се одвиваат во временски рамки од само неколку години, и помалку месеци: војната во Грузија од август 2008, арапската демократска пролет во Северна Африка и Блискиот Исток, која започна во декември 2010 и со војната во Сирија сѐ уште трае, дотогаш незамисливи, опозициските протести во Москва 2011-2012, а еве, сега и втора револуција во Украина за помалку од десет години.

Со повторното отворање на украинското прашање, уште еднаш се нагласува тежината и сложеноста на етничките и културни разлики на еден народ кој дели иста држава или територија. Украина е во слична ситуација како и Македонија.

Морничаво колку што може да звучи, но нејзината државност, историја и народ се негирани од Москва, исто како што Софија ни ги негира нацијата, историјата и јазикот, или Грција идентитетот. Затоа, секое сеирџиско и потценувачко гледање на трагичните слики од Киев (порака до некои македонски твитерџии), е елементарно непознавање на сопствената историја и денешнина. Граѓанската војна во Киев денес е она што може да биде Москва задутре ако Путин одбие да замине од власт, но и Скопје утре, после евентуално нелегитимните претседателски избори во април.

Украина отсекогаш била поделена земја. За населението во западниот дел, советската власт секогаш била окупаторска, и по колапсот на Советскиот Сојуз народот сосема комотно го изразувал тоа. Украинското национално движење, пред и во текот на Втората светска војна предводено од Степан Бандера, херојот на украинските патриоти, кокетирало со нацистите, а се борело против советскиот болшевизам.


Сега, во најнови околности и поттикнати од економскиот развој на соседите како Полска, Словачка и Унгарија, луѓето во западна Украина, посебно жителите од регионалниот центар Лавов, се толку проевропски настроени, што тој град е еден од првите каде од страна на демонстрантите е заземена администрацијата на областа, дотогаш под контрола на Партијата на регионите на Виктор Јанукович. Сѐ започна после неговото неочекуванo salto mortale во Вилнус, ноември 2013 - отказот да го потпише со години наназад планираниот договор за асоцијација со Европската Унија. Судбоносен чекор што беше прогласен какo успех на руската дипломатија.

Магарешкиот инает на Јанукович, предизвикан под силно влијание на Владимир Путин, кој вети кредити за замрената украинска економија во висина од 15 милијарди долари, овде беше примен со неверување и шок. Големи делови од западното население се активни приврзаници на идејата за Украина во ЕУ, и секој акт на Путин овде се пречекува отворено непријателски. По јаловите преговори помеѓу власта и опозицијата, меѓу другите предводена и од Виталиј Кличко, депутатот во Радата и боксерски шампион, настаните станаа вжештени и неповратливи.
Следуваа насилни заземања на административни зданија во многу западни украински градови. Се појавија неколку радикални движења како „Самоодбрана“ и „Заедничко дело“ кои формираа паравоени формации, и од внатрешноста со автобуси праќаат доброволци на Мајдан, плоштадот на независноста, да ги бранат барикадите. Бандеровци, така е наречено екстремното крило што ги пополнува овие формации. Предводено од националистот Дмитриј Јарош, власта го обвинува „Десен сектор“ за есктремизам и тероризам и дека тој всушност ја координира герилата во Киев. Приврзаници на европските интеграции живеат и во северните делови на земјата.

На спротивната страна е населението од руско-јазичната говорна група, кое го поддржува Јанукович и е концентрирано во југоисточниот дел на земјата. Според официјалната статистика, во Украина живеат околу 9 милиони Руси или 17 до 20 отсто од населението. Не се знае со точност колкав дел од популацијата говори руски, но со сигурност е познато дека полуостровот Крим, единствената автономна република во земјата, е целосно населен од Руси. Во текот на моите неколку патувања во источна Украина, забележав дека таму слободно царува рускиот бит, јазик и култура. На пример, кога поранешниот претседател Виктор Јушченко, избран од прозападните гласачи по Портокаловата револуција, во 2004 потпиша указ за забрана на руска надсинхронизација на филмовите по телевизиите и кино-салите, протести против тој закон најмногу имаше во источниот дел на земјата.



Русија, како и Србија, е една од ретките европски земји чија средновековна престолнина не се наоѓа на нејзина територија. За Кремљ, Украина отсекогаш била суштествен дел од руската империја во текот на речиси сите фази од нејзиното постоење. Уште повеќе, колепката на стара Рус е токму Киев. Во тукашните учебници по историја, започнувајќи од трето одделение, Киев, покрај Новгород и Смоленск, зазема видно место на мапата на Рус, древен руски ентитет што опфаќал големи делови од денешна Украина и европска Русија. Таа средновековна држава, всушност, и се нарекувала Киевска Рус (Киевская Русь).

Јужниот дел на Украина отсекогаш се сметал за значаен воен, економски и културен регион на Русија.

Во 2010, Москва издејствува продолжување на наемот на воената база во Севастопол, на Крим. Тоа е најважната руска воена база и пристаниште со пристап до топлите мориња, и Москва за неа плаќа годишна рента од околу 100 милиони долари. Додека Одеса, третиот по големина град во Украина, удобно расположен на брегот на Црното Море недалеку од границите со Романија и Молдавија, покрај Санкт Петербург и Москва, се смета за важен сегмент од историјата на руската уметност и култура.

Во Одеса се родени и твореле такви руски и советски автори како Исак Бабељ, дуото Иљф и Петров, но и славната поетеса Ана Ахматова. Исто така, значаен дел од своите творечки години овде поминале големите уметници и поети како Пушкин, Гогољ, Кандински, Мајаковски, и низа други. Градот, всушност бил летна културна резиденција на дворот на Романови и подоцна на Советскиот Сојуз. Одеското наречје е широко познато и распространето во руската литературна традиција, своевиден локален денди говор создаден под влијание на разни јазици, како јидиш, молдавскиот или францускиот. Градот е населен претежно со Евреи и хуморот на одеситите содржи специфичен бунтовнички опортунизам при опишувањето на дефектите и апсурдноста на советскиот режим. Уште од епохата на самиздати, говорот на досетливиот советски Евреин станал важен дел од московскиот интелектуален дискурс.
Одовде, Кремљ смета дека има легитимно национално и културно право да влијае на случувањата во земјата. Затоа, меѓу другото, агресивно бара Украина да се приклони кон руската орбита, овојпат преименувана во некаква нова Путинска ЕУ (Евроазиска унија), обвинувајќи ги САД и ЕУ за мешање во внатрешните работи на земјата и разгорување на кризата.



Од друга страна, напорите на последниве побргу да го изгасат огнот се разбирливи. Доколку војната што денес се одвива по централните улици на Киев, на Мајдан, се разгори низ цела Украина, земја со 45 милиони население и територија речиси колку онаа на Франција, ЕУ ќе биде преплавена од милиони бегалци на своите источни граници. Тоа ќе биде етнички и хуманитарен армагедон. Нешто уште пострашно од Балканските војни во деведесеттите години на 20 век. После тоа, секаква идеја за некакви европски интеграции ќе стане бесмислена.
Украинците веќе неколку месеци се наоѓаат во тотална конфузија. Дали да се приклонат кон Исток или да се свртат на Запад? Колку релативистичко и наивистичко поедноставување на комплексноста на современиот свет. Што е Запад, а што Исток, каде се границите? Прашањето ја втурна земјата во непремостлива политичка криза. Народот се наоѓа во состојба на раздор и своевиден идентитетски курцшлус, а во земјата деновиве владее насилство и анархија. Украина е поделена и крвари, и како никогаш досега има потреба од вистинско лидерство во лицето на ЕУ, САД, но и Москва, кои, се покажа дека не можат да го обезбедат.

Агенти на промосковската власт, нивни бандити или вооружени провокатори тренирани од западни структури (никој не знае кои, бидејќи носат цивилна облека) демнат по улиците на Киев, снајперисти стрелаат по демонстрантите, сомнителни лица киднапираат ранети од болниците. Се заплашуваат сите: градската интелигенција, партиските активисти и новинарите, станаа жртви на киднапирања, тортури и убиства.

„Историјата можеби не се повторува, но сигурно се римува“ е мисла што му се припишува на американскиот литературен бард Марк Твен. Поетична и тажна мисла за неминовноста на историјата, за нејзината цикличност, од чиј темен и огромен морски вртеж Украина е повторно повлечена.

Студената војна 2.0 и геополитичките игри на сфери на влијание на САД и Брисел од една и Москва од друга страна, направија од земјата еден пачворк на историјата на 20 век.

Борис Камчев е македонски новинар и писател од Санкт Петербург. Неговата книга Русија на Путин: Записи од опачината на светот, неодамна излезе во издание на Темплум


Април 23, 2015, 11:49:45 am
Одговори #79

hristo

  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Moderator
  • Пораки: 2955
    • Погледај го Профилот
Секој со своја вистина за некоја работа. Некогаш објективно ,некогаш поради парите кои се земаат.Еве, една друга вистина за истите работи. Доаѓа од самото место на случките :

  Piše: Irina Laškevič
Ja sam Ukrajinka bez ikakve mešavine krvi. Rodbina su mi samo Ukrajinci. Ovakve ljude kao što sam ja, Farion je nazvala „titularna nacija”.
Imala sam dve bake. U kući jedne od baka na stolu je bila često čitana knjiga – stihovi Tarasa Ševčenka. Baka je sa mnom učila stihove i moram da kažem – veoma uspešno.
U prvom razredu znala sam polovinu stihova iz te knjige. Učitelji su za sebe organizovali zabavu, dok traje odmor postave me na stolicu u zbornici i ja recitujem Katerinu.
Recitovala sam sa tugom u glasu i izražajno. Verovatno je bilo smešno zato što su učitelji plakali od smeha.
Druga baka bila je inteligentna i tiha. Stalno je vezla, tkala ćilime na razboju koji je imao stotinak godina. Za svadbu mi je poklonila vezeni peškir i tradicionalnu ukrajinsku vezenu košulju.
Roditelji su bili glumci u amaterskom ukrajinskom pozorištu. Sve probe i predstave ja sam pratila iza kulisa. Od prvog razreda znala sam napamet „Kajdaševu porodicu” i „Zašto volovi riču kad su jasle pune”.
Moja porodica je poštovala sve iz ukrajinske tradicije, pevali je ukrajinske pesme za sve praznike i kod kuće smo govorili samo na ukrajinskom jeziku.
Završila sam ukrajinsku školu.
U vreme studija bila sam u Peterburgu. Prvo sam posetila Umetničku akademiju, pogledala beleške Ševčenka, bila u sobi u kojoj je on živeo pri akademiji. O Ševčenku znam sve, barem ne manje od današnjih poznavalaca Ševčenka. Prikupljala sam svako zrno materijala.
Volim ukrajinsku književnost, ništa manje od ruske. Tako su nas učili. Bilo je sramota ne čitati. Bilo je sramota ne znati dva jezika.
Moja kućna biblioteka je mala, oko 300 knjiga, ali samo one koje sam čitala. Polovina knjiga je na ruskom, druga polovina na ukrajinskom jeziku.
Zbog čega ja ovo detaljno pripovedam?
Želim da pitam naciste koji su došli na vlast posle amerikos Majdana: kako ste za tako kratko vreme uspeli, posle svih pokreta koji su bili usmereni na uzdizanje nacionalne ideje, nacionalnog duha i patriotizma, da kod mene izazovete alergiju na ukrajinsku zastavu, na himnu, na tradicionalnu ukrajinsku vezenu košulju?
Kako ste uspeli da izazovete u meni, Ukrajinki do srži kostiju, mržnju prema svemu ukrajinskom? Čak ne mržnju, nego stid zbog zemlje?
Kako ste uspeli da uništite sve živo, nacionalno što je u njoj postojalo? Kako ste uspeli da za nekoliko meseci moju Ukrajinu pretvorite u naseobinu izmučenih, bespravnih, siromašnih i ozlojađenih ljudi?
Ko vam je dao pravo da sudbinu zemlje rešavate na Majdanu, a ne a izborima?
Ko ste vi? Skinite maske!
Pravi Ukrajinac neće činiti ono što će naneti štetu njegovoj Otadžbini. Pravi Ukrajinac se neće radovati smrti hiljada civila.
Gospodo, vi ste zveri, gospodo! Vas će prokleti sopstvena zemlja!

http://www.intermagazin.rs/evo-sta-o-amerikos-majdanu-i-ukrajinskim-neonacistima-misli-jedna-prava-ukrajinka/