Автор Тема: Македонските медии за България  (Прочитано 592395 пати)

Февруари 24, 2013, 07:19:32 am
Одговори #870

Топорчо

  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 1000
    • Погледај го Профилот
Датум: 22.02.2013, 16:48
БУГАРСKАТА ЗИМА И НАШЕТО НЕЗАДОВОЛСТВО

Политиката тактизира со етиката




Прво, папата Бенедикт, давајќи оставка, рече: "Не сум важен јас, туку црквата". Потоа Бојко Борисов, давајќи оставка, рече: "Не сум важен јас, туку граѓаните". Најпосле, Бранко Црвенковски, бојкотирајќи, изјави: "Не сум важен јас, туку државата". Kога етиката влезе на голема врата во политиката, во која, како што тврдат познавачите, нема место за неа?

Прашањето за моралната одговорност на врвот на еден систем се чинеше податно за отворање по оставката на папата Бенедикт Шеснаесетти, кога тој, уморен од годините и товарот на обврските, порача: "Не сум важен јас, туку црквата". Ама, потоа се јавија активистите за човекови права и отворија дузина мрачни тајни на Kатоличката црква и на папскиот кандидат за пензија, па тоа што звучеше како високоморална норма ја (под)изгуби својата калорична вредност стекната по првото слушање.

Потоа, прашањето на моралната одговорност на владејачот (уште еден врв, ама на друга, поинаква структура) повторно се стори податно за отворање кога од пред два дена поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, по пресметката на полицијата со граѓаните кои протестираа против високата цена на струјата во Бугарија, поднесе оставка со драматичните реченици: "Нема да учествувам во влада во која полицијата ги тепа луѓето" и "Секоја капка крв е срам за нас". Ама, потоа се јавија познавачите на бугарските состојби и проценија дека тоа што на прв поглед се чинеше како високоетички чин е всушност добро вкалкулирана тактика за подобрување на рејтингот на ГЕРБ, партијата на Борисов, кој на 4 месеци пред изборите е подопаднат.

Се разбира, прашањето за моралната одговорност, кое одамна веќе виси како Дамоклов меч во воздухот околу нас, постојано се отвора и последниве 60-ина дена, а особено откако Бранко Црвенковски ја објави одлуката на СДСМ за бојкот на изборите со обраќање, драматично колку и тоа на Борисов, во кое порача: "Не е во прашање партијата, туку државата и демократијата". Уште повеќе, пак, откога неделава најави и дека ќе се откаже од пензијата во името на оваа кауза. Ама, потоа и без да се јават познавачите и аналитичарите, се активираа сеќавањата на почетните години од поновата историја на македонската независност, менаџирани од оваа партија, кога етичките преиспитувања на нивните постапки беа исто толку контроверзни, колку и отворањето на ваквите прашања денес, за актуелната, а богами и за која и да е власт.

Значи, има ли воопшто простор за морални прашања во модерното практикување на политиката. Познавачите велат не.

- Нема идеали во политиката. Само следете ги трагите на интересите и ќе дојдете до вистинската причина за секоја оставка или отстапка, кои редовно се од прагматична природа - вели Јован Ананиев, политиколог и декан на Правниот факултет при универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.

И по оставката - протест

Што всушност се случи во Бугарија? Граѓаните протестираа против поскапувањето на струјата, премиерот Бојко Борисов понуди оставка, која беше прифатена, и изрази спремност за нови избори, кои би се одржале пред регуларниот јулски термин. Но протестите во Бугарија продолжија и по владината оставка. Граѓаните, како што јави БТА, велат дека не сакаат предвремени избори кои би ги довеле на власт луѓето што ја управуваа државата во последните 23 години, туку само сакаат "пониски цени за струјата". За утре (недела) се закажани уште поголеми демонстрации против, како што јавуваат бугарските агенции, целата политичка класа.

- Протестите во Бугарија навистина се експлозивни, а начинот на нивната политичка артикулација го надмина првичниот граѓански порив да се искаже незадоволство против високите цени на струјата. Згора на с`, граѓаните знаат дека наближуваат избори, а се чини дека и оставката на Борисов ја прозреле како политички исплатлива одлука. Што стори тој? Практично, го киднапира ова протестно движење, ги киднапира неговата енергија и политичката мобилизација на граѓаните, каква што досега немало на Балканот - вели аналитичарот Артан Садику од Центарот за општествени науки и хуманизам - Скопје.

Поради таквата експлозивност, како што вели Садику, и тектонските поместувања што ги предизвикаа, протестите кои веќе го добија симболичното име "бугарска зима" бргу станаа тема на опсервација и анализа на сите реномирани агенции. Ројтерс од Софија оцени дека оставката доаѓа во момент кога партијата на Борисов се обидува да ја врати поддршката за јулските парламентарни избори. Американските медиуми појаснија дека илјадници демонстранти ја обвинија владата за неуспехот во подобрувањето на стандардот на луѓето. АФП констатира дека демонстрациите што почнаа како протест против високите јануарски сметки за струја во најсиромашната европска земја, прераснаа во масовно незадоволство против неспособноста на владата да го ограничи проширувањето на привилегиите на своите пријателски кругови и да се справи со корупцијата и монополот.

Што и да е вистинската причина, искрите од високите сметки за струја и парно веќе го пламнаа огнот на јавното незадоволство. И тој, еве, прераснува во пожар, оти на Борисов, како што сега изгледа, очигледно веќе од поодамна му горело под нозете. Или како што тоа метафорично го прикажаа бугарските коментатори, уличниот пожар му ја потпали чергата и на Борисов.

- Никој никогаш не поднесува оставка без да има претходна процена дека тоа ќе му оди во прилог. Така е секаде, дури и во демократиите со подолга историја од бугарската или нашата. Земете ја, на пример, британската практика, таму постојано се распишуваат предвремени избори, тогаш кога владејачката партија ќе процени дека има добар рејтинг или кога сака изборите да ги претвори и во референдум за некое битно прашање - вели професорот Ананиев.

А, моралната вертикала? Што стана со неа?

Граѓаните веруваат

Нема морал во политиката, вели универзитетскиот предавач Љубомир Гајдов.

- Да бараш етика во политика е исто како да си искажал оксиморон, од типот дрвено железо. Политиката е многу повеќе математика отколку етика. Или уште поконкретно операција во која се пресметуваат интерес и прагматизам, ништо друго - вели Гајдов, кој е и новинар со петдецениско искуство.

Но, ако речиси полувековното следење на политиката несомнено упатува до ваква констатација, обичните луѓе очигледно с` уште негуваат верба дека политичарот, меѓу другото, треба да биде и чесен и етички чист. Во сите анкети за посакуваните карактеристики на политичарите, кои вообичаено кај нас се прават пред избори, моралноста и чесноста ги заземаат првите две места. Потоа следуваат спремност за компромис, смислата за организација и менаџирање и други особености, неопходни за управување со поголеми системи.

Слични се преференциите и на бугарските граѓани, на оние илјадници луѓе што деновиве бараат поевтина струја и топлинска енергија, протестирајќи по улиците на бугарските градови. Изјавата "Не сакаме предвремени избори, кои ќе ги вратат старите на власт, само сакаме поевтина струја" зборува за своевиден умор во граѓанските, очигледно неисполнети, очекувања за подобар живот и за почесни политичари.

Kонечно, и Словенија неодамна стана на протести, насочени не конкретно против овие или оние, туку генерално против политичарите. Дали е тоа можеби некаква задоцнета рефлексија на југоисточна Европа на минатогодишните протести во европските градови, кога десетици илјади европски граѓани бараа поправеден систем?

- Не мислам дека овие протести се рефлексија на тоа што лани се случуваше во Шпанија и во Португалија, на пример, туку дека се одраз на соочувањето со последиците од падот на структурата на социјалистичкиот систем. Kога тој систем се демонтира, најмногу изгубија граѓаните зашто исчезна квалитетот на јавните услуги во образованието и во здравството, кои дотогаш им беа достапни. Така е и со Бугарија. Луѓето очекуваа дека со влезот на државата во ЕУ стандардот ќе се подобри, а се случи спротивното - вели Садику, анализирајќи ја "зимата на нашето незадоволство".

И странските дописници нотираа дека Борисов, кој не направи големи кратења во буџетот, како што тоа го сторија многу европски влади, туку само ги замрзна платите и пензиите, до скоро се чинеше релативно имун и поштеден од граѓанското незадоволство. С` до овие протести. Патем, бугарската просечна плата изнесува 800 лева, или 550 долари. Довербата во политичарите е уште пониска.

Политичарите ветуваат

Се чини дека и политичарите добро ја прозреле потребата на граѓаните од чесни и високоморални лидери штом така несебично ја користат ваквата артилерија во одбрана на сопствените позиции. Во услови на рецесија и трескавична должничка криза што соочи многу европски влади со речиси целосен банкрот, кога е неминовно кратењето на буџетите, единствен инструмент за менаџирање на незадоволството останува - етиката. Не чини многу, единствено чини образ, достоинство и интегритет. А тоа се денеска нископрофитни вредности за политичарите, а високоценети за граѓаните. Идеална комбинација на корисно и евтино.

Исти препораки

Може ли да се направат паралели помеѓу бугарската и македонската зима? Многу аналитичари, и кај нас и во Бугарија, ја направија оваа споредба користејќи евентуални препознавања во граѓанското незадоволство, во неговото манифестирање на улиците, во политичките настапи, во тоа што премиерите го рекле и во тоа што го премолчале. А, споредбата, ако веќе може да се воспостави, може да биде дидактичка или само забавна. А може и да не се воспостави.

- Не гледам дека постои сличност зашто контекстот е сосема различен. Точно е дека и ние имавме граѓанска иницијатива за поевтина струја, која беше прилично анемична за разлика од набојот што го манифестираа бугарските граѓани. Сепак, сметам дека причината треба да се гледа во конечното соочување со последиците од падот на претходниот систем. Народот нема трпение да чека подобар стандард зашто нема никакви индикатори за унапредување на услугите од јавниот сектор, кои претходно им беа достапни - вели Садику.

И тука можеби може да се најде сличноста. "Борисов им имаше ветено на граѓаните дека ќе ја санира земјата, ќе се бори против корупцијата, ќе ја либерализира економијата и ќе ја ликвидира невработеноста. Но, и во 2013 година Бугарија останува најсиромашната земја во ЕУ", напишаа германските медиуми.

Многу изневерени економски очекувања има и кај македонското граѓанство. Списокот со желби со таков предзнак постојано вклучува исти параметри: намалување на невработеноста и подобар животен стандард. Македонија е во нова транзиција, кон ЕУ. Од ова евроинтегрирање, ние, исто како и бугарските граѓани, очекуваме подобар живот.

- Да, тоа постојано повикување на транзицијата им оневозможува на граѓаните да сфатат дека тој процес е веќе завршен и дека сме во новиот јасно воспоставен систем, кој е ваков и таков ќе биде и во иднина. Новата транзиција кон Европа е друго прашање - вели Садику.

Што е друго идентично во евентуалната македонско-бугарска паралела? Начинот на кој н` третира европската заедница. На пример, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле (а би можел да биде кој било) апелираше до сите партии во Бугарија заеднички да најдат решение.

- Ова се околности кои во Бугарија бараат големо чувство за одговорност на сите политички сили - порача Вестервеле во изјава што би можела да биде позајмена од која и да е меѓународна препорака што последниве два месеца, по 24 декември, им беше упатена на партиите-сопернички во најновата домашна криза.

Ваквата споредба би можела да отвори и нов мегдан за проценување на етиката, ама на Европа, што е одамна апсолвирана теза со древната нејзина определба како, да го употребам политички коректниот израз, комерцијална сексуална работничка.

Приходот по домаќинство во Бугарија во четвртиот квартал лани се зголемил на 592 евра, што претставува раст од 16,1% во споредба со 2011 година, соопшти националниот Институт за статистика.

Заработувачката на вработените сочинува 52,2% од приходите на домаќинствата. Просечната заработувачка во истиот период се зголемила за 18,9% на годишно ниво, така што изнесува 309 евра.

Пензиите учествуваат со 25,1% во вкупните примања, а износот на просечната пензија е непроменлив, односно 148 евра.

Трошоците на домаќинство, меѓутоа, се зголемиле на 542 евра, што е зголемување од 13,4% на годишно ниво. Трошоците за храна и комуналии сочинуваат 52,3% од вкупните.

Бетмен и Чак Норис

Борисов, кој на политичката сцена се појави како лидер на ГЕРБ, откако беше познат како бодигард на поранешниот бугарски претседател Тодор

Живков, во јавноста беше нарекуван Бетмен. Прекарот му го доделија медиумите. Општа оцена е дека дури и се гордеел со него. Во најновите бугарски премрежиња јавноста во соседството не пропушти да нотира: Е, па, Бетмен сега си оди.

Груевски, поради сеприсутноста, медиумите кај нас умееја да го споредат со Чак Норис, човекот што може с`. Нема сознанија каков однос има премиерот кон овој неофицијален прекар. Но има една паралела со актуелната позиција на Бетмен во Бугарија. Е, па, Чак Норис останува.

Јасна Франговска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A9FC0B97C503045BA47A867D3AB342D
Без Ботев няма България

Февруари 24, 2013, 07:48:35 am
Одговори #871

Топорчо

  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 1000
    • Погледај го Профилот
МАКЕДОНИЈА | 22. FEBRUARY 2013 - 16:50
Македонско-бугарски дуел во Албанија!!!



Новата мисија на бугарските експерти за докажување на бугарските корени на македонското население во Албанија овојпат заврши неславно.

На меѓународната научна конференција во Тирана ,,Албанија и националните и културните малцинства‘‘, од која дел поставена на јутјуб, музикологот Веселка Тончева од Институтот за фолклор при Бугарската Академија на науките и уметностите се најде во небрано по тврдењата дека со формирањето на албанската држава и се дадени чисти бугарски делови, како Мала Преспа, Голо Брдо и Поле, јазикот што го зборуваат е бугарски и тоа најзападниот македонски дијалект, а песните на ова заедница се чисто  бугарски.

Провокативните тврдења на Тончева наидоа на остра реакција на Васил Стерјовски од партијата на Македонците во Албанија и Претседател на здружението Гора.

ТОНЧЕВА: Знаеме како се случува. Кога јас одам во Голо Брдо тие се Бугари. Кога Васил Стерјовски оди, тие се Македонци.

СТЕРЈОВСКИ: Но, јас живеам таму, јас не одам таму. Јас живеам во ова место. Различно е, ти доаѓаш од Бугарија во моето место и велиш Вие сте Бугари. Но, јас живеам тука, голема е разликата.

ТОНЧЕВА: Ти живееш во Мала Преспа.

СТЕРЈОВСКИ: Но, ти велиш Мала Преспа, Гора и Голо Брдо.

ТОНЧЕВА: Да, различно е, тоа се различни области.

СТЕРЈОВСКИ: Госпоѓата доаѓа во Преспа и вели: ,,Јас сум туристка, не ме интересира политика. Какви песни пеете? Чекај да ги запишам‘‘. И после оди во Софија и објавува книги, еве ги Бугарите во Преспа.

Стерјовски додаде дека Македонците од Албанија имаат има ист јазик и фолклор со Македонците од другата страна на границата.

Бугарија вештачки се обидува да направи бугарско малцинство во Албанија, Косово и Грција, за да докаже дека не може да постојат Македонци во Република Македонија, затоа што самата држава е оградена со Бугари.

Валентин Николоски

http://sitel.com.mk/makedonsko-bugarski-duel-vo-albanija
Без Ботев няма България

Февруари 25, 2013, 12:42:49 pm
Одговори #872

Топорчо

  • *****
  • Information
  • Hero Member
  • Пораки: 1000
    • Погледај го Профилот
Епидемија на протести

Ако Груевски во подбив го нарекуваат боксер, Борисов има многу потемно минато и поголеми боречки вештини. Демократскиот капацитет и не е нешто што се добива со брз курс, но факт е дека и Борисов победи на избори (а не е исклучено дека може да се врати)
   
   
   
Коинциденција или сличности меѓу општествата, ама сведоци сме на протести во Бугарија со ист мотив (струјата и нискиот стандард) како и овде. По оставката на премиерот Борисов мнозина едвај дочекаа да кликнат од восхит и да издивнат од очај што нашата влада не е европска и одговорна, а граѓаните не се толку решителни како Бугарите. Паднаа вицови за Трпе, дека е ова крунски доказ дека не сме с’што итн. Заклучокот е: ете, зашто Бугарија е во ЕУ, а ние не сме. Тие имаат европска политичка култура, а политичарите се одговорни и го слушаат гласот на народот, особено кога е гневен. Во уште еден обид да најдат добри примери од соседството за да му ги прилепат на нашиот (слаб) Отпор, мнозина ги затворија очите пред неколку куриозитети. Ако Груевски во подбив го нарекуваат боксер, Борисов има многу потемно минато и поголеми боречки вештини. Демократскиот капацитет и не е нешто што се добива со брз курс, но факт е дека и Борисов победи на избори (а не е исклучено дека може да се врати). Поинтересен е начинот на кој замина (наводно) во стил на државник. Имено, по „случувањето народ“, прво оставка даде министерот за финансии, што е навистина чин каков што ние не сме доживеале дури и по атентати врз претседатели или потонување на брод со туристи. Респект! Но кога протестите продолжија, Борисов изјави „јас не сум од овде“ и „не сакам да бидам на чело на влада што го тепа својот народ“ - небаре на таа позиција бил како експерт, а не премиер пред кого одговара министерот за полиција. Уште покомична беше изјавата на конкретниот министер, кој ај што е кабаетлија, па уште му оддаде почест на премиерот велејќи дека неговата оставка била државничка. Не знае човек дали да се смее или да плаче; но, секако, ова е илустрација за тоа дека популизам и миење раце од одговорност на перфиден начин има и кај членките на ЕУ. (Патем, бунтовите во државите на ЕУ се помасовни затоа што таму нема лижавче за залажување, ниту порака „бидете мирни или ќе добиете негативен извештај“. Мантрата се истроши и ова е момент на вистината.) Детаљот што не го споменаа запалените отпораши се однесува на „народот“. Се испостави (како што ми кажаа колеги од Софија) дека и Бугарите си имаат навивачки групи организирани по паравоен терк, т.е. дека тие биле онаа критична маса што мирните протести ги претвори во насилни. Опозициското замешателство веќе испливува на површина заедно со калкулациите за руските интереси. А државничкиот чин се случи само четири месеца пред редовните избори. Да, Бугарите ја симнаа Владата, ама и таму си ја чукаат главата за кого да гласаат на изборите. Најболната точка во една демократија е немањето алтернатива во свет што одамна се подвоил и станал црно-бел. Изгледа познато, нели? Протестите продолжуваат, сега е веќе како фонија на гласови, меѓу кои најинтересни се најрадикалните: „Долу партиите!“, „Враќање на власта на народот“, „Смена на сите политичари“. „Граѓански комитет“ ги артикулира барањата на демонстрантите во Бугарија, а би требало да излезе со предлог за нов устав и нов облик на политички систем. Но артикулацијата на барањата застанува тука. Во бугарската јавност се води истата битка на „идиоти“ (сеирџии) и „граѓани“, истите обвинувања, па дури и контрапротести (кои во меѓувреме никнаа и во Словенија). Во Грција артикулацијата на колективна фрустрација се искристализира во вид на крајна десница (Златна зора) и крајна левица (СИРИЗА). Кај нас се појави Отпор без поголеми амбиции, освен предвремени парламентарни избори, со закани за соборување на режимот од улица, преку активен бојкот и граѓанска непослушност (спрема владејачките исклучиво македонски елити, но со преголема послушност кон опозициските, повторно исклучиво македонски елити). Додека некогашниот докторанд-повторувач се пенави да операционализира стратегија на активен бојкот, проф. Пуховски (учителот) е дециден во изјава за хрватски „Индекс“: „Единствено што е полошо од лошата власт се простаците на улиците. Повикувањето на протести покажа катастрофални резултати во Словенија, каде што луѓето прво бараа смена на едните, па на другите, повикуваа на диктатура, без некаква јасна цел. Рекоа, едноставно не ја сакаме оваа влада, но не знаат што всушност сакаат“. Осврнувајќи се на бугарскиот, но и на хрватскиот случај, вели: „Протестите по кои падна Владата се нешто што ги радува посматрачите, новинарите или активистите, но јас тука не гледам ништо што би можело да се реши од улица. Тоа е фалсификат, многу повеќе се случува поради метежот што никако не личи на демократија... Ако и случајно ваквите протести ја ослабат власта, прашањето се сведува на тоа кој ќе дојде по неа. Оние што беа таму пред нив, кои не ги сакавме, и така сѐ од почеток“. Пoентата е дека модерното општество не може без управувачки слој, а кога ќе тргнете некого од владејачка позиција, просторот веќе го зазема друга елита; непосредната демократија може да биде само коректив на претставничката. Тиранијата на демократските институции лишени од динамиката и духот на демократската политика доведоа до слабеење и на институциите и на политиката. Институциите заземени од неодговорни елити, чии господари се корпорациите и банкарите, немаат легитимитет од разочараните граѓани. А гневот е лош советник...

Арапската пролет не беше нешто што се очекуваше на почвата на Европа. Сега, нејзината европска верзија станува помодарство, во вид на епидемија на протести, кои се непродуктивни гледано низ призма на демократијата и крајниот исход. Ако смената на избраните е главна цел, како што се бара од Словенија до Шпанија и Бугарија, дали е тоа заговарање власт на оние што немаат изборен легитимитет, а кои (наводно) го претставуваат народот? Ако веќе се враќаме на извориштата, и особено на Аристотел, вредно е да се потсети на неговата одбивност спрема владеењето на масите, односно на толпите (мобократија, оклократија), зад која секогаш има харизматични демагози, кои на бранот на незадоволството на луѓето ќе испливаат како спасители, ама не и како одговорни владетели.
Претставничката демократија е во криза и во развиените земји; до толку појасно зошто е така кај нас.
Партиите престанаа да бидат (ако некогаш воопшто биле) демократски устроени, репрезентативни, идеолошки препознатливи (напротив, тие се catch all партии), членството е мало и елитно, а симпатизери се главно оние разочарани што како вејка на ветрот се во потрага по казна за едните со давање власт на другите. Како тргнало, прашање на време е кога единственото важно прашање ќе биде колку луѓе ќе треба да излезат на улица и колку долго ќе треба да протестираат (по можност со некоја крвава глава и насилна сцена за да ја предизвика јавноста) за да се урне една влада што била избрана на легитимни и легални избори. Изборите стануваат вишок. Правото на протест е длабоко легитимно, ама ќе биде продуктивно само ако се фокусира не само на проблемот (дијагнозата) туку и на решението (терапија). Демократските институции во капитализмот систематски ја умртвија демократската политика, ја обесхрабрија и направија немоќна дури и да создава нови форми на партиципација и самоуправување во џебовите на општеството (за да стигне до врвот). Контролните механизми се во рацете на ривалите-близнаци, а не кај граѓаните. И покрај поразот, „Аман“ е демократски многу позрел обид од бугарските протести. Тоа е вистинскиот начин, а поразите не смеат да ја обесхрабрат јавноста на земја што практикува демократија само 20 години. Ни Рим не бил изграден за еден ден. Погубно е ако вонредната состојба се користи како пократок пат, а претходно немало ни обид за користење на сите институционални механизми. Тоа што партиите се „маскираат“ или прикачуваат како крлежи на автентичните движења или самите формираат „фронт на народот“ не е ништо друго туку доказ за поразот на внатрепартиската демократија, на лажниот и во основа безидеен плурализам, незнаење како да се користат контролните механизми и непрепознавање на општ интерес и јавно добро. На крајот, никој од нас не е невин кога дозволуваме скандалозни нешта да ни се случуваат пред носот, од градинките до државните институции, каде што живееме и работиме.

Авторката е универзитетска професорка    
     
Автор: Билјана Ванковска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22513937457&id=13&prilog=0&setIzdanie=22814
Без Ботев няма България

Март 01, 2013, 12:37:15 am
Одговори #873

Valkanizater

  • ****
  • Information
  • Sr. Member
  • Пораки: 431
    • Погледај го Профилот
Не му е мястото тук - но нищо...
Честита ви Баба Марта и първа пролет!
Бял и червен конец - и готово - магията става - животът започва отначало...

http://www.google.co.uk/search?q=martenitza&hl=bg&tbm=isch&tbo=u&source=univ&sa=X&ei=__cvUbrHLMfjswbAy4DIBg&sqi=2&ved=0CD8QsAQ&biw=811&bih=462

Јули 23, 2013, 07:30:24 am
Одговори #874

Valkanizater

  • ****
  • Information
  • Sr. Member
  • Пораки: 431
    • Погледај го Профилот
Датум: 21.07.2013, 19:03

„Јовано, Јованке“ и „Заjди, заjди“ на протестите во Софиjа
 
Не сакаме влада од олигарси, мафијаши и комунисти

Не протестираме за пари или за работа, собрани сме за да си ги одбраниме честа, моралот и достоинството пред нас и пред светот. Не дека немаме што да работиме, луѓето овде што ги гледате сите си имаат плата, која и не е нешто посебно, но барем е редовна. Ретко кој е дојден поради сиромаштијата, но мора да им докажеме дека не сме будали. Ние не ја избравме оваа влада составена од олигарси, мафијаши и комунисти. Е, сега ќе седиме тука до крајот с` додека не се повлече тајфата на чело со Пламен Орешарски, ни вели младо момче, нагрнато со бугарско знаме, седнато настрана од демонстрантите пред бугарското Народно собрание. „Мавнете се комунисти“, „Слобода или СССР“, „Оставка“..., скандира толпата под силното сонце насобрана на централниот софиски плоштад Независност на 35. ден од протестите во престолнината на Бугарија. Навидум мирните софиски улици, кои водат до Собранието, околу 18 часот одеднаш се преполнуваат со луѓе. Од убаво облечени мажи, нашминкани и дотерани жени, некој директно од работа, некој по одморот дома и со пиво или вода в рака, па с` до бездомници и со лица буквално оголени од сиромаштија, се движат околу бината кај парламентот и извикуваат погрдни зборови за премиерот Орешарски. Забележително се тажни, како што велат поради секојдневјето, но и среќни што успеваат да се соберат во толкав број и да бидат солидарни со сите Бугари на кои име преку глава од тешкиот живот.

Секој што првпат се наоѓа на плоштадот меѓу нив, не може, а да не увиди една заедничка нишка кај сите нив - очи полни со гнев, но истовремено и со желба да докажат пред самите себе и пред светот дека се единствени. Попладне е, с` уште е жешко, но реката луѓе не престанува да се слева. И сите, тивко и речиси неразбирливо коментираат штом ќе разберат за нас. На многумина не им е мило што некој друг, небитно дека е од Македонија, се заинтересирал за нив. Се чини, не сакаат многу да говорат за својата несреќа со други, надвор од границите на земјата. Некои дури и главата ја вртат настрана и со лутина на лицата манифестираат незадоволство кога ќе им се обратевме[/u]. Со чудење се погледнуваме меѓу себе, но полека ни станува јасно. Се обидуваме и со други демонстранти да разговараме за причините за собирот на плоштадот, одговор добивавме со молк. Ретко со зборови. Често и со доза на цинизам протечен меѓу сиромашните реченици.

Софија во изминатиот период е место на големите протести. Повеќе од еден месец централниот плоштад е собиралиште на незадоволните граѓани од социјалистот Орешарски и од составот на неговата техничка влада. Орешарски дојде на чело на Бугарија кога по изборите во мај Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ не успеаја да состават влада затоа што не добија поддршка од помалите партии.

- Гледате дека и деца се дојдени. Цели семејства, млади, стари, богати, сиромашни. Овде нема партии. Тука се работи за сите нас - со доза на иронија и со повисок тон ни објаснуваат оние што сепак се решија да разговараат, повеќето од нив како и младото момче од почетокот на овие редови, нагрнати во бугарското знаме и опремени со сите потребни реквизити потребни за создавање поголема врева. На денот на раѓањето на бугарскиот апостол Васил Левски, музиката на бината започнува со препознатливите за нас „Јовано, Јованке“, „Зајди, зајди“ и „Море, сокол пие“ испеани на бугарски јазик. Подзастануваме за да ни се потврди познатиот звук. Слушаме и продолжуваме да се провлекуваме низ толпата. Се движиме меѓу луѓето, ама чувството на натрапници не н` напушта. Се обидуваме да прашаме што им згрешил Орешарски кога реално немал време ни за лошо ни за арно, ама ни одмавнуваат со рака. „Добар ден, како сте? Зошто сте тука?, прашуваме едно момче. Со свирче во устата и со видно опуштено лице почнува да ни објаснува:

- Видете, не е работата за пари. Бараме нештата да бидат какви што треба. Јас имам добра работа, добро сум платен, но не е во тоа. Оваа власт е многу корумпирана. Не дека другата беше подобра, но ова е преседан - ни објаснува. Вели дека проблем се и никогаш непрекинатите врски меѓу олигарските и политиката, кои, според него, ја задушуваат Бугарија.

Средовечна жена, малку понастрана од него, со широка насмевка се обидува да дополни:

- Друга партија чесно си ги доби изборите. И не сум задоволна од управувањето со земјата. Оваа екипа на Орешански има лоша програма, сега сакаат да земат и заем од една милијарда евра, што не го правевме ниту во најтешките денови на економска криза. Сакаат да ја заглават државата во долгови. Ние предлагаме да се седне, да се преговара и набрзо да добиеме шанса да гласаме на нови избори - вели и потоа продолжува со скандирањето за оставка на владата. „Не си одиме додека оваа екипа не се повлече. Имаме поддршка од цела Бугарија, од сите градови“, додава. „До кога плоштадот Независност ќе ви биде центарот на животот?“, прашуваме. „До крајот!“, весело одговара.

Истото го потврдуваат сите со кои разговаравме. Овој пат нема повлекување, велат тие. Скептично одмавнуваме со главата, но, од друга страна, ако издржаа повеќе од еден месец без да има ниту мало намалување на нивниот број, посебно сега кога е време на летните одмори, нема причина да не биде така и во иднина. Им посакуваме успех и полека си заминуваме додека плоштадот с` уште се полни.

Во непосредна близина малку поинаква слика. Спокојни граѓани со книги во рацете, деца со слушалки на ушите, безброј млади друштва со шишиња пиво и гласна музика седнати во блискиот парк и, се разбира, пензионери седнати на клупи со шаховските табли пред нив. Kолку и да се силни впечатоците од плоштадот, сепак влегуваме во онаа другата Бугарија и во Софија, кои не се на протести. Полни кафулиња и ресторани, насмеани лица и исполнети маси укажуваат на тотална незаинтересираност на овие луѓе за борбата што за подобра Бугарија ја водат демонстрантите. Но, сите не мора да се заинтересирани за тоа.
 
Лепа Ѓоргиевска


 
Самозапалувањата беа изолирани случаи
 
Извршната власт ја преземаа социјалистите на чело со Орешарски кога премиерот Бојко Борисов си поднесе оставка на почетокот од годината поради с` поголемото незадоволство на граѓаните од неговото владеење. Потоа следуваа парламентарни избори, на кои Борисов ја доби мнозинската поддршка од граѓаните, но не успеа да состави влада. Тогаш за предводник на технократската влада беше назначен поранешниот министер за финансии Орешарски. Неговиот тим е составен од неколку експерти - секој во својата област, а власта ја доби со поддршка од партијата на етничките Турци. Почетокот на протестите пред речиси два месеца беше одбележан и со неколку самозапалувања во знак на незадоволство од сиромаштијата во земјата. При посетата на Софија граѓаните н` уверуваа дека тоа биле изолирани случаи, кои во иднина нема да се повторат и оти станувало збор за навистина сиромашни луѓе, кои друг излез од кризата не гледале.
 
Утринско кафе пред парламентот
 
Протести во Софија има и преку ден. Тоа го нарекуваат „утринско пиење кафе пред парламентот“. На наше разочарување, на 35. ден од протестите, плоштадот беше празен. Сведоци на собирот од претходната вечер беа само неколку транспаренти залепени на заштитните огради. Го користиме времето до вечерта за разговори со жители на Софија. Повеќето од нив се вработени, земаат за нивни услови просечна плата и сметаат дека имаат скромен, но не и лош живот. Се разбира, сакаат и повеќе. И очекуваат повеќе од Европската Унија. Некои од нив мислат дека на ваков начин не може ништо да се постигне. Ги има и такви што организираат контрапротести, кои почнуваат точно напладне, но бројот на учесници на нив е занемарлив.

- Слабо се посетени. Ни стотина души нема - љубезно ни рече една од нашите соговорнички, но без објаснување си замина инсистирајќи да не ја прашуваме за име и презиме.

Влегуваме во такси. Возачот веднаш препознава туѓинци. „Од Македонија сме“, велиме. „Дојдени сме за протестите“. Со израз на лицето и со негодување ни објаснува дека не се согласува со своите сограѓани, кои истовремено беа на плоштадот.

- И тие не знаат зошто протестираат. Сите политичари се исти. Нам ни требаат пари. Борисов ги зема и сега ужива некаде со нив. И новиот премиер сака исто да направи - со уморен глас раскажува. „А ви се допаѓа ли Софија?“, н` прашува во обид да ја смени темата. Kонечно, вообичаен муабет.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=039D61D9EFF94E47B715EC8D0CFFD3EF

Датум: 22.07.2013, 18:22

СОФИЈА НА ДНЕВНО СВЕТЛО
 
Од ЕУ очекувавме повеќе

Лепа Ѓоргиевска
 
Тоа што сме земја-членка на европското семејство е добар момент за нас, иако некое особено подобрување на живејачката с` уште не сме почувствувале. Во земјите од Европската Унија се живее европски, но кај вас во Македонија барем платите се повисоки. Точно е дека на некој начин живееме демократски и слободно, меѓутоа ако споредиме со останатите балкански земји, ние фактички едвај преживуваме со просечна плата од околу 240 евра - што може да се каже дека е една од повисоките. Видете, Софија е голем град, преполн со динамика, убави, средени луѓе и навидум преполни угостителски објекти, но верувајте дека ние навистина не живееме така сјајно како што изгледа. И знам дека сето тоа е малку збунувачки, но и ние не знаме зошто е така – ни раскажува продавач на брендирана стока во еден бутик во центарот на Софија.

Нема ќар од ЕУ

Со него е средовечна жена, која го почна разговорот со нас и која со широка насмевка ни посака добредојде и н` покани да го пречекориме прагот на објектот. Со многу позитивна енергија и расположение какво сме одвикнале да гледаме по продавниците, срдечно се труди да ни го објасни секојдневјето во Софија. Приказната е иста: с` е убаво, само што парите не стигнуваат. И н` зачудува нивниот впечаток дека кај нас, во Македонија, се живее побогато. Ние овде се отепавме докажувајќи дека е обратно.

Влегуваме во друга продавница. Убаво средена климатизирана просторија, гласно коментираме за топлиот ден во Софија, а потоа се обраќаме до продавачката на англиски јазик. - Од каде сте? – н` прашува. – Од Македонија.

- Па што зборувате на англиски јазик. Зборувајте македонски. Ние си се разбираме. Братски народи од Балканот – ни вели смеејќи се и прекорувајќи не што сме го почнале разговорот на странски јазик. Не пропуштаме можност да ги ѕирнеме цените. Брендирани машки пантолони чинат 50 евра, а женските маички од 10-ина евра, па нагоре. „Не се скапи, земете си нешто“, на смеа додава продавачката. Ни објаснува дека работа има, но не за сите и оти на Бугарија одамна ~ недостига средната класа. Луѓето или имаат многу пари, вели, или живеат во сиромаштија.

- Мислам дека може и подобро – истакнува. Младо момче до неа само кимнува со главата како потврда на тоа што таа го зборува. Не сакајќи да се наметнува во разговорот, со тивок глас додава: „А ништо поарно не почувствуваме ни по влезот во ЕУ“.

Бутиците во Софија ги нудат речиси истите производи како во центарот на Скопје. Цените се речиси еднакви, но може да се најде и нешто поевтино. На летните чевли речиси секаде стоеше цена од 10 евра, па нагоре, небрендираните чанти чинат 30 евра, додека патики од познат светски производител во Софија може да се купат за 50-ина евра. Граѓаните со кои по пат зборувавме се поделени во ставовите за живејачката во Софија. Некои велат дека има работа за сите, други, пак, се уверени дека нема доволно, а и оти таа што ја има, не е добро платена.

Полни ресторани и просјаци на улиците
Kако и во Скопје, и во Софија кафулињата и рестораните се преполни. Имате чувство како да е неработен ден во кој безмалку цела Софија решила да се релаксира со кафе и сок, по цена пониска од таа во центарот на Скопје. Во близина се слуша пријатна музика од уличен свирач на гитара. Свири со блага насмевка на испеченото од топлите денови лице, бос и подседнат на клупа. Минувачите не се многу заинтересирани за неговата музика. На ќебенцето пред него од сонцето светкаат само неколку ситни лева што му ги оставиле минувачи. Не престанува со свирењето иако се обидуваме да поразговараме. Си заминуваме. Kако се приближуваме кон собранието на земјата лидер во ЕУ по сива економија, така однекаде изникнуваат просјаци. Зборуваат повеќе за себе, неразбирливо и тивко. Веднаш спроти нив, преполн ресторан со голема тераса каде што се бара место повеќе за ручек. Седнуваме. Љубезни келнерки н` послужуваат, а ручек за тројца и пијалак не чинат 20 евра.

С` ни се чини дека во милионскиот град, храната е поевтина од таа во Скопје, сеедно дали станува збор за ресторан или за продавница, но од друга стана, жителите на Софија ни велат дека и тоа е скапо за нив. Вработена во маркет за храна ни објаснува дека лебот и млекото го плаќаат по цена помала од 50 центи. Kоментираме гласно меѓу нас дека тоа е слично како во Македонија.

- Да, ама вашите плати се поголеми. Јас имам пари за од 1 до 10-ти во месецот, а земам плата помала од 250 евра. Мојот сопруг не работи, а чуваме двегодишно дете. Навистина тешко живееме, затоа кажувам дека кај вас е подобро – вели таа со тажен израз на лицето, но истовремено и блага насмевка, уверувајќи н` со тивок тон дека следуваат подобри времиња.

Надежта изгледа е универзална и нема националност.
 
Зборувам само бугарски јазик
Не зборувам ниту еден друг јазик освен бугарски. Ако сакате нешто да купите обратете ми се на мојот мајчин јазик или терајте си по патот – ни вели уличен сликар застанат непосредно до Министерскиот совет во центарот на Софија со кого сакавме да поразговараме за неговата работа и живот во градот. Строгиот израз на лицето ни укажува дека е сериозен и оти навистина не сака да разговара со нас, но целокупниот негов изглед и побелената коса го издаваат неговото тешко секојдневје. „Добро, а може ли на англиски јазик“- прашуваме, додека тој одмавнува со раката. Непријатна сцена? Да, но можеби само лош ден на сликарот.
 
Најсиромашна членка на Унијата
Бугарија важи за најсиромашна земја-членка на ЕУ, со животен стандард двојно понизок од просечниот во Европа. Според официјалните податоци, во земјата невработени се 14 проценти од работоспособното население. Невработеноста меѓу младите е над 17 проценти. Во исто време, сивата економија опфаќа високи 31,9 проценти - највисоко во Европа.

Индустриското производство во земјата постојано бележи пад, а во мај годинава, споредено со мај лани падна за 6 проценти. Во првиот квартал, бугарската економија порасна за минимални 0,4 проценти, а според процените, Бугарија годината ќе ја заврши со раст на БДП од најмногу еден отсто.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=816D59829E57C644B3C65AE19682D919

На 40 ден от протестите в София...поглед от Скопие:
Па тайфата на лидера на социалистите Орешански...
Па тълпата по улиците...
Па тихият говор и нежеланието да се общува с чуждестранни журналисти...
Па македонски песни на български език...
Самозапалванията...
И други екстри - от типа на
Страна рекордьор по сива икономика...
Най-сиромашната страна на Европската уния...
Па и по-високите плати во Скопие...

Това съседът ти да се интересува от тебе и да ти съчуства си е направо "бог да чува" - т.е. "мерси"...

Разбира се, че Орешански се казва Орешарски и никога не е бил лидер на социалистите; разбира се, че той не е на чело на тайфа и че срещу него не протестира тълпа; разбира се, че хората не се притесняват да говорят пред чужденци...и т.н. и т.п.
А че страната води класациите по сива икономика и бедност в ЕС е факт - спор няма - добре, че съседите постоянно го напомнят - очевидно това е нещо което помага на Лепа Горгиевска и съответната гилдия да се чустват пресрекни...;

Незабележими детайли, предрасъдъци и т.н. и т.п....;

Ноември 04, 2013, 11:01:20 pm
Одговори #875

Valkanizater

  • ****
  • Information
  • Sr. Member
  • Пораки: 431
    • Погледај го Профилот
И бугарски и странски капитал ги влече Македонците кон Софија

Неколку стотини новодојдени Македонци живеат во бугарскиот главен град, нашле работа во некоја од интер¬на¬ционалните компании или кај домашни бизнисмени. Некои студирале тука, завршиле и останале, но имало и такви што дошле директно од Македонија во Софија во потрага по подобра работа и живот
Во Софија се доселуваат луѓе од многу земји

ПРЕСТОЛНИНАТА НА БУГАРИЈА ПОВТОРНО СО МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА

Од историските учебници сме научиле дека Софија била првата печалбарска и иселеничка дестинација на Македонците, уште во 19 век. Таа била првата станица, а потоа дијаспората се ширела и кон Белград, Романија, Русија, па на крајот, како што е познато, стигнала до сите континенти. Во револуционерните времиња Софија често била збирното место на македонската интелигенција и има значајно место во биографиите на македонските револуционери. Тоа било пред сто и повеќе години.

Но историјата како да заврти цел круг, па денес повторно Македонците, пред сѐ помладите, одат не само да студираат туку и да живеат и да работат во бугарскиот главен град. Точна бројка нема, но се претпоставува дека се неколку стотини. Повеќето студирале тука, па се навикнале, нашле работа и продолжиле да живеат. Еден помал дел се доселил по студирањето.
 Малку е чудно што станува збор за Бугарија, земја од која најмногу луѓе се иселиле во споредба со другите држави на Балканот. Но таа е истовремено земја во која во последниве години влегле доста странски компании што барале специфични профили - информатичари, лекари, фармацевти, нешто што нема доволно. Нудат добри работни услови и не прашуваат кој од каде доаѓа. Сличен менталитет прифатиле и домашните стопанственици. Невработеноста во Бугарија, како што објаснуваат економските експерти, е структурна. Луѓето што работеле во поранешните големи индустриски и други комбинати останале без работа кога тие пропаднале, но не знаат ништо друго да работат и потешко им е да се вклопат во новиот систем. Младите, пак, го немаат тој проблем, израснати се според современите текови, па полесно функционираат во новите услови, без оглед дали се од Бугарија или се доселени.

ПАТОТ ГО ВРАТИЛ ВО БУГАРИЈА

Со охриѓанецот Гоце Алексовски се запознавме на плоштадот пред Националниот дом на културата. Можеше да дојде само претпладне, потоа замина на работа, како фармацевт.

- Тука сум со прекини. Прво студирав, потоа работев една година, па отидов во Македонија. Таму отворив свој бизнис и работев три години, но не одеше. Потоа заминав во Црна Гора година и пол и веќе една година пак сум во Бугарија. Работам во аптека. Има многу предности, условите се подобри, а и теренот ми е познат - раскажува Алексовски.

Вели дека познавал барем четириесетина други Македонци што исто така живееле во Софија. Работеле главно во областите на информатичката технологија или на медицината, но и во други сфери.

- Трендот е релативно нов, луѓето да остануваат во Софија, да живеат и работат по студиите. Некои се враќаат кога ќе завршат, а има и такви што завршиле студии во Скопје, па успеале да се снајдат тука. Немаме здруженија или нешто слично, се собираме на забави што ги организираме. Порано имаше и македонски забави, а сега се балкански, со музика од Србија, Македонија и од други места - додава тој.
Софија, коментира Алексовски, станува сѐ повеќе шаренолика. Се доселуваат луѓе од многу земји, иако Бугарија се смета за најсиромашна држава во ЕУ. Има доста Грци и Турци, како и Срби. Заедно поминавме покрај, како што го нарече, грчко кафуле на булеварот Витоша, сега пешачка зона, и навистина таму немаше други гости освен Грци, полн локал. Можат да се видат и доста луѓе од Африка, Азија, арапските земји, особено околу старата отоманска џамија во центарот, за време на петочната молитва. Едни студираат, други работат, отвориле свои дуќани. За Сиријците, Бугарија е втората станица за бегство од тешката ситуација дома, по Турција. Има доста бегалци, како Амџед, кого го сретнавме во хотелот каде што бевме сместени. Чекаше да добие статус на жител на Бугарија и одбиваше да отпоздрави на „селам алејкум“, инаку сосема обичен поздрав што во превод значи мир со тебе, зашто не сакаше ништо да го потсетува на радикалите што ги видел дома.

Алексовски се сретнувал со Сиријци уште пред да почне војната таму. Доаѓале главно за студирање, но во поново време поради ситуацијата пробуваат да се доселат.

- Имавме колеги од Сирија и од Мароко, на пример. Некои доаѓаат поради пониските цени за студирање и потоа се навикнуваат тука. Но на Македонците им е полесно да се вклопат бидејќи лесно можат да го совладаат јазикот - објаснува Алексовски.

Можеби поради тоа им е полесно, но дали има нешто што им го отежнува престојот? Национализмот, на пример?

- Никогаш не сум се соочил со проблеми поради политичките македонско-бугарски прашања. Барем не во мојата сфера, а не сум слушнал ни некој друг да имал. Постојат ултранационалисти, како политичката партија АТАКА, но не сме имале отворени провокации. Се дружиме со Бугари и немаме никаков проблем - вели охриѓанецот.

На негови 32 години, мисли засега да остане во Софија, иако нема конкретен долгорочен план.
- Со мојата струка, со другите што Македонците ги работат во Софија, се наоѓа работа. Кој сака, може да работи и работните места се сигурни. Има доста странски компании што дојдоа и тие главно го собираат кадарот од Македонија и од другите земји, иако има Македонци што работат и во бугарски фирми - истакнува Алексовски.

Тој сепак е оптимист и за Македонија и се надева наскоро ќе се подобрат условите. Тоа би мотивирало многу Македонци да се вратат, иако голем број повторно би останале во Софија, зашто веќе се навикнале.

НОЌНАТА ШЕМА ВО МАКЕДОНСКИ РАЦЕ

Ако сте Македонец во Софија, човекот што треба да го знаете е Горан Митевски. На свои 26 години, овој пробиштипјанец веќе три години професионално менаџира два софиски ноќни клуба, „Котон“ и „Плејхаус“.
- Завршив средно училиште во Скопје и некако ми изгледаше логично да продолжам во уште поголем град, па така дојде Софија на ред. Беше некако различно овде, но имав пријатели и ми помогнаа полесно да се навикнам. Во тоа време имаше повеќе македонски студенти од сега, па заедно со уште два-тројца другари почнавме да организираме балкански журки. Тоа беа почетоците, а по некое време почнав и професионално да се занимавам со оваа работа - ја раскажува тој својата приказна.

Вели дека е задоволен, а како менаџер на клубовите е одговорен за организација на целиот забавен дел. Сѐ освен набавките, сметките и персоналот. Ја прави програмата на журките, маркетингот на дискотеките и многу други работи.

- Не верувам дека толку успешно би ми одело ако истово го работев во Скопје. Софија е сепак многу поголем град, речиси колку цела Македонија, затоа тука човек има поголеми шанси да успее. Овде сите патишта ти се отворени. Доволно е само да се потрудиш повеќе и да имаш желба за успех. Луѓето во почетокот не го прифаќаат најдобро тоа што сум странец, но кога ќе се покажеш како добар во тоа што го работиш, кога ќе покажеш квалитет, те навикнуваат. Макар што на многумина им е сѐ уште интересно како некој од друга држава се пробил во Софија - тврди Митевски.

Млад, но многу зафатен човек. Дури и разговорот моравме да го водиме во автомобил, додека патуваше од една кон друга обврска. За да може да го држи ноќниот живот во свои раце, мора многу работи да заврши додека сонцето сѐ уште свети. Но иако живее во Софија повеќе години и многу го навикнал градот, вели дека многу често се сретнувал со национализмот, дури се навикнал на него.

- Луѓето што ме познаваат знаат дека не треба со мене многу да разговараат на таа тема, освен можеби во ретки случаи кога се шегуваме. Само некои нови луѓе кога ќе сретнам може да префрлат по нешто. Но тоа не создава големи пречки, за да ми ја нарушат удобноста тука - вели тој.

Софија останува и во неговите планови за иднината. Но не и водењето на ноќниот живот. Барем не по секоја цена.

- Сега сум во потрага по друга работа, нешто посериозно, сакам да се развивам малку повеќе. Завршив маркетинг, а потоа и постдипломски студии по маркетинг и менаџмент, па сакам во таа насока и да се развивам - додава овој млад Македонец.

(утре: Местото што ја раскажува македонската приказна во Софија)
 
Автор: Гоце Трпковски наш известувач од Софија

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11413910113&id=9&prilog=0&setIzdanie=23018

Eдна от поредицата обективни /и положителни/ статии в Нова Македония за истока...

Ноември 14, 2013, 11:29:31 pm
Одговори #876

Valkanizater

  • ****
  • Information
  • Sr. Member
  • Пораки: 431
    • Погледај го Профилот
13.11.2013, 16:24
Бугарските факултети атрактивни за Македонците, ама не како порано

За „Бугарите од туѓина и за граѓаните на Македонија“ годинава беа резервирани 400 места на тамошните универзитети
Горан Адамовски

Бугарските универзитети и оваа година беа интересни за студентите од Македонија. Близината, релативно ниските трошоци за студирање, како и дипломата со ЕУ-печат ги прават Софија и Благоевград пожелни места за дошколување. Бугарските власти го кријат бројот на запишаните македонски студенти, но неофицијалните информации говорат за бројка помала од 400. Сепак, во споредба со последните години од минатиот век, станува збор за неколкукратно намалување на бројот на студенти од Македонија.

Процедурата за запишување е едноставна и може да се заврши директно на факултетите што вршат упис или во бугарската амбасада во Скопје. Студентите објаснуваат дека на секој кандидат му се остава можност да конкурира на пет факултети истовремено (се прави приоритетна листа), а не само на еден како што е кај нас.

„Јас запишав економија во Софија. Приемните испити ги полагав таму. Се одлучив за Бугарија затоа што ќе добијам диплома што ќе ми биде призната во цела Европа, а трошоците за студирање ќе ми бидат идентични како да студирам во Скопје. Да бидам искрен до крај, таму очекувам полесно да ги завршам студиите“, вели 18-годишен валандовчанец.

Искуствата на македонските студенти се различни. Едни се фалат, други се жалат на односот кон нив и на квалитетот на студиите.

„Дипломата не ти бега. Плаќаш и завршуваш факултет. Но, поради тоа не се стекнуваш со потребните знаења за во иднина“, коментираат студентите.

За упис на тамошните факултети, задолжително е да се положи предметот историја на Бугарија, како и одлично да се владеат бугарскиот јазик, граматика и литература. Приемниот е само на заокружување, по четири опции за одговор - еден е точен. Има четириесет прашања, од кои 25 за бугарски јазик и литература, а 15 за историја. На интернет-страницата на бугарското Министерство за образование се поставени неколку тестови за вежбање, во кои, на пример, се прашува во кој град е роден Христо Ботев или да се дополни која заменска форма недостига кога Павлина го испраќа Серафим да оди на лекар. На некои факултети има и дополнителни испити.

Колку точно македонски студенти се запишале во Бугарија - не добивме одговор. Од бугарската амбасада во Скопје ни рекоа да се јавиме во Министерството за образование во Софија, а оттаму не' вратија во амбасадата. На интернет-страницата од Министерството е назначено дека за „Бугарите од странство и за граѓаните на Македонија“ се оставени 400 места во државните квоти.

Трендот за уписи во Бугарија, во нашата земја стана активен околу 1995 години. Во тоа време, на тамшните факултети се запишуваа и по 1.500-1.600 студенти. Во меѓувреме, интересот спласна, пред се' поради квалитетот на нашите државни факултети, но и големиот број приватни универзитети.

Јавна тајна е дека студиите се многу поевтини и поедноставни за тие што ќе потпишат потврда за бугарско потекло што се вади во Бугарија. Со неа се студира како домашен, а не како странски студент. Студентите што учат во Бугарија велат дека не се прави притисок да се признае бугарското потекло, но оти разликата во цената на студирањето и на општите услови се големи.

„За странците, една година студирање, секако во зависност од факултетот, чини околу пет илјади евра, а за домашните околу 200 евра“, раскажуваат студентите. Дел од нашите соговорници тврдат дека односот кон македонските студенти честопати е недоличен.

Сместувањето во студентските градови, каде што има различни блокови, чини околу 50-60 евра од месец. За нив добивате кревет, топла вода во секој момент, парно и струја. Храна нема, но има студентска менза. Студентите се жалат дека храната не е вкусна, поради што се хранат надвор. Покрај Македонци, на бугарските факултети има голем број Грци (тие како членки на ЕУ плаќаат како домашни), Албанци, Косовци, Срби, Молдавци, Украинци и Казахстанци.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=E59C65FD7858614B99577CAB4E160E85

Във всеки случай на медицинските факултети в България - София, Пловдив, Варна, Плевен...има в пъти повече студенти от Гърция; а на техническите - от Турция...

Февруари 04, 2014, 10:59:28 pm
Одговори #877

Valkanizater

  • ****
  • Information
  • Sr. Member
  • Пораки: 431
    • Погледај го Профилот
Интерпретация и акценти в Утрински

„Нова Европа“: Грција и Бугарија ќе стават вето на кандидатурата на Филе за наследник на Ештон

Бугарија ќе биде втората земја по Грција што сигурно ќе стави вето на кандидатурата на Штефан Филе за висок претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ, објави бриселскиот неделник „Нова Европа“, кој се занимава со прашања поврзани со Европската унија и е во сопстевност на грчки бизнисмени и новинари.

Неделникот наведува дека Филе е директен виновник за лошиот извештај што Европската комисија неодамна го објави за напредокот на Бугарија во рамки на верификацискиот механизам за соработка, кој, според „Нова Европа“, е направен со цел да биде урната Владата на Пламен Орешарски, предводена од Социјалистичката партија и да и се даде поддршка на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Бојко Борисов.

- Еврокомисијата не смее да се меша во внатрешните работи на земјите-членки и сигурно некој ќе плати за ова. Прв, најверојатно ќе биде комесарот за проширување Штефан Филе, кој е одговорен за бугарскиот извештај. Тој се надева дека по изборите за Европарламентот ќе стане шеф на Европската служба за надворешни работи. Но, дознаваме дека по Грција, Бугарија ќе биде втората земја што ќе стави вето на таков ангажман, се наведува во текстот на „Нова Европа“ посветен на последниот извештај на Комисијата за Бугарија.

Ако грчката блокада за можен реизбор на Филе за еврокомесар уште поодамна е најавена поради неговото инсистирање за напредок на Македонија во евроинтеграциите и за силниот притисок врз грчките власти да дозволат земјава да ги почне пристапните преговори, според бриселскиот неделник, ова значи дека и Бугарија ќе биде против останување на чешкиот политичар во Европската комисија.

Се чини, грчко-бугарската соработка, која се рефлектираше со заедничко вето на македонските евроинтеграции минатата година, сега продолжува и со одмазда кон комесарот за проширување.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=AB55046530109E48A0D2E61048AC69EC

И оригинала


And yet it moves

Kassandra
 25.01.2014 - 16:50  

In an unethical move last week, the European Commission attempted to intervene in domestic Bulgarian affairs, with the obvious aim of trying to influence the outcome of the May European elections in Bulgaria, in favour of the opposition.

On January 22, the European Commission released the highly anticipated report to the European Parliament and the Council, “On the Progress in Bulgaria under the co-operation and Verification Mechanism.”

The report refers to an 18-month period, which only covered the the first three months of the new socialist government rule, but it once more brings to the surface the nomination, at the time the new government took over, of media leader Delyan Peevski to the post of National Security Advisor, which however, was revoked just two days later.

The issue, has been a national political issue in Bulgaria and has nothing to do with matters investigated by the Commission.

The fact that the revoked nomination, which ignited a series of daily demonstrations by supporters of the previous government, has been used as an element in the Commission’s report shows the attempt of the Commission to interfere in domestic Bulgarian political affairs.

Will remind our readers that early last summer, when demonstrations in Sofia against the legimately elected government were at their peak, the Commissioner from Bulgaria, Kristalina Georgieva, walked among the demonstrators and encouraged them to continue.

At the time, New Europe was wondering how much the Commission would have paid to Bulgarian citizens for damages on the grounds of Art.  340 (formerly 288) of the Treaty on ommissions and commissions by Commission staff, if demonstrations would have got out of control.

However, as the demonstration had no real substance, it faded out and nothing happened. Georgieva, however, was there and being one of the Commissioners of Europe and not the GERB/EPP Commissioner of Bulgaria to Brussels, she shoudn’t have been.

The Selective Leak

One day before the official release of the report, the Commission leaked it to a specific Brussels media outlet running a web site, an exclusive receiver of large funds from the Commission through... tenders (see New Europe this week pages 6 and 7) under the misleading title “Commission says Bulgaria broke partners’ confidence.” The report with the misleading title was widely spread in Bulgaria by a specific media group.

That was to damage the Bulgarian government, as no other media had the report to comment on the content, and the misleading perceptions were created one day before publication by this one and only leak. In the coming days, when the report was offically given to all media, nobody read it as it already was an “old story.” The European Commission knows very well how to handle “communication” matters, or to put it more accurately, “propaganda” matters.

The Coincidences

This little incident is one of the many at the expense of the new government in Sofia and is stemming from a series of coincidences, where certain functionairies of the European Commission, the Bulgarian Commissioner Kristalina Georgieva, the directors of the Commission representation in Sofia and oligarch Ivo Prokopiev are intrinsically linked.

Prokopiev favors the return of the previous Boyko Borisov government and controls, among others, a large media group in the country.

One of his media companies has a business association with the web site which got the privileged leak from the Commission of the Bulgarian report and presented it one day before its release with the misleading headline “Commission says Bulgaria broke partners’ confidence.”

The Director of the European Commission’s Delegation in Sofia, is a former employee of Ecomomedia, one of the media companies of the Prokoviev group, who was appointed last year by the reccommendation of Commissioner Kristalina Georgieva. Indeed, it is customary procedure for Commissioners to reccommend the head of the Commission’s Delegation in their countries.

Story with a Moral

The efforts of Ivo Prokopiev to play his political games with his media are legitimate and nobody can blame him for that. This is the way publishers behave all over the world.

It is also legitimate for Prokopiev to push his former employee to a post of influence such as the Head of the EU Delegation in Sofia.

It is also legitimate for the Commissioner from Bulgaria Kristalina Georgieva to reccommend the person of her choice as Head of the EU Delegation is Sofia.

What is wrong is all the rest.

It is not in the job description of the President of the Bulgarian Republic, Rosen Plevnieliev, to analyse in the media the ...analysis of a premediated leak of the Commission. Presidents are ment to look at more serious matters and primarily the unity of the people.

The European Commission has nothing to do with domestic political affairs of Member States and certainly someone will politically pay for this. First will probably be Commissioner Stephen Fule whose is responsible for the Bulgarian report and hopes to become the Chief of the External Action Service in the next Commission.

We understand that after Greece, Bulgaria will be the second country to veto such appointment.

But the issue is bigger than Fule. It is the attitude of the Brussels Eurocrats towards certain Member States.

We remind our readers, that before of the 2009 election in Bulgaria which brought in power the right wing GERB party of Boyko Borisov, then Mayor of Sofia, the Commission had frozen, for no real reason, €515 million financing to Bulgaria, producing serious political damage to the then Sergei Stanishev socialist government.

One week before the election, the Europeans’ People Party (EPP), in a joint press conference in Sofia with Boyko Borishov, announced the defreeze of the funding in support of the coming into power of the right wing party. From what we heard at the time, before the announcement of the funds defreeze, President Jose Barroso had visited Sofia and discussed with Boyko Borisov, who was likely to win the election and he did,  the defreeze of the funds and in exchange secured the support of the next government to his second term as President of the Commission.

Last but not least, the legitimate-looking financing of specific private media outlets in Brussels by the European Commission, for many years, and their use to play political games aiming at overthrowing legitimatelly elected governments in Member States.  This is unacceptable and constitutes an offense to our political civilization that sooner or later, as the winds of change blow all over Europe, will attract the attention of future Prosecutors.

http://www.neurope.eu/article/and-yet-it-moves

Т.е. Утрински пишат за конфликт между т.нар. олигарси в България на европейски терен /според мед/ по специфичен за Македония /и уви доста изненадващ - за мен/ начин...Струва ми се, освен това, че първо трябва да се случат европейските избори и едва след това Филе и/или други комисари ще имат повод за вълнения - със сигурност в момента Гърция, България или Хърватия /ако искате/ са последната му грижа...на този етап той зависи от тресящата се от корупционни /именно!/ скандали Чехия....