Најнови пораки

Страници: [1]
1
Цитат

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“


[video=facebook]hthttps://www.facebook.com/vladimir.todorovski.585/videos/788356991904858/UzpfSTEwMDA0MDc3NDM5NDc0MDpWSzoyMzc5NzM1NDM4OTk4NzU4/?multi_permalinks=2379764215662547%2C2379743832331252%2C2379735438998758%2C2379726338999668%2C2379714289000873¬if_id=1594442940117087¬if_t=group_activitytp://[/video]

11.07.2020
На социјалните мрежи, утринава, се појави нова аудио бомба на која може да се препознае гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од соддржината на самото аудио се дознава за комбинаторики и шеми кои биле правени за да паднат судски случаи, со кој беа опфатени повеќе луѓе од поранешната власт. Филмовите се правени за да нема притвори, вели Заев.
 
Цитат: 'Quote:'

Паѓа Tалир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, но тој е ризикот, вели Заев мислејќи на случаите за кои СЈО покрена истраги.


Понатаму во еден момент вика дека позадинскаата игра била правена со знаење на Оливер, Радмила, Катица… и дека тие за се’ биле информирани.

Цитат: 'Quote:'

Она знае што треба да прави, најверојатно мислејќи на Катица Јанева.


За да се случат измените на Уставот кои треба да поминат во Парламентот, Заев вели „доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се’ знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се’. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа“, вели Заев.
Заев се паши дека ќе биде цел на силна критика од граѓанските организации за правдата која нема да ја испорача.

Интергалниот текст од аудио разговорот:

Зоран Заев: И доаѓаа два- три пати тука кај мене, значи Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стига е таа одлука. Доле гледаш заебаваат, основни… не знаат како да постапат, лавираат… Ние политички не смееме многу ова заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме дека материјалите важат до 30 јули 2017-та, финито, готово тоа и за ДУИ е важно и тоа е дел од решенијата кои ги нудиме. Со самиот закон се затвора, се што е после 30-ти, остануват живи само 18-те предмети.

Зоран Заев: Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот (Мијалков), тоа е, сум го кажувал тоа.

Зоран Заев: Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат сите овие работи, значи комбинациите кои што се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители тука, да знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки, до се… филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имат си дела, нека си одговараат… итн и готово. И кога слушнаа за Врховен суд, знаеа, не се паднати од Марс. Јас на сите сум кажувал принципиелно, таа работа мора да ја истераме до крај, 18-те ќе се тераат.

Зоран Заев: Паѓа талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, и готово целиот тој ризик е тој.

Зоран Заев: Почнаа да тепаат невладините организации, граѓанскиот сектор… знаејќи го тоа се’, ако го издржавме тоа, нема како. Она знае што се случува во тој момент и знае што мора да се случи, значи ако она не ги заврши работите, судот ќе ги заврши. Така одат работите, судот носи одлука и спротивно мислење. Така да во тој период тоа се случи.
Инаку на почетокот на оваа година излегоа аудио материјали, каде Заев тврдеше дека со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, заедно договарале паѓање на судски случаи.


https://www.youtube.com/watch?v=mRamnQ8H7WM&feature=emb_logo


Во нејзе се вели:

З.З.: Со Јово и сум бранел во јавност, и сум јадел… Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд. Врховен суд тоа сам не мооже да брка. Им реков почекајте, ќе видите одлука на врховен суд, оп се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас-трас готово. Ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши. Одлуката на Врховен суд е донесена.



НЕТПРЕС
2
ПОЛЕМИКИ / RE: АНДОВ-ПЕТРОВСКИ
« Последна порака ЈорданПетровски на Ноември 11, 2017, 11:48:41 am »
Цитат

Тоа не би било ништо чудно и спорно доколку во Координативниот одбор на партијата не ги вклучува Дане Попоски и Данчо Бојковски, без да ги извести и да добие согласност од нив. Попоски и Бојковски се луѓе од врвот на ВМРО-Правда, десничари чија идеја била Македонија под протекторат на Америка. Првичното име на ВМРО Правда е ВМРО СДРМА (Слободна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка). За овој потег Богдановски за првпат ги известува двајцата во февруари 1990. Во тој разговор Поповски на Богдановски му го пренесува ставот на ВМРО дека тие го условуваат своето учество во формирањето на партијата со тоа, пред ДПМНЕ да стои ВМРО. Богдановски го одбива предлогот. Кај Драган Богдановски постои одбојност кон ВМРО. Тоа може да се заклучи и од неговите пишани работи. Тој скоро никаде не го споменува ВМРО, ниту пак се повикува на ВМРО како историска организација со заложба за изедначување на Македонците со останатите светски народи. За тоа сведочи и Дане Попоски.
 Драган Богдановски иднината на Македонија и по распадот на Југославија ја гледа и понатаму со комунистичка идеологија како дел од „Обединета Советска Македонија“ или „Балканска Федерација.“

[img=601x312]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/2-2.png[/img] 

Ова не треба да зачудува или пак да предизвика посебно изненадување. Проучувајќи ги подлабоко гледањата на Богдановски, тој по сѐ бил левичар и русофил, поточно сталинист, како што исправно забележал и Андов.
По разијдувањето меѓу Богдановски и вмровците, на 15 март 1990, тој во „Млад Борец“ го објавува Манифестот на ДПМНЕ без да направи корекција во Координативниот совет, односно, без да ги повлече Дане Попоски и Данче Бојковски. Не ги повлекува бидејќи во меѓувреме игра на друга карта—преземање на МААК. По неуспехот за преземање на МААК, Богдановски ги обновува преговорите со ВМРО и на крајот на 26 април 1990 во Царев Двор, ресенско, оди во куќата на Дане Поповски, кој доаѓа во Македонија за да се завршат преговорите и ако не се постигне договор, ВМРО-Правда да отпочне подготовки за самостоен настап.
Мојот текст ќе заличи на каша-попарата на Андов, односно нема да биде комплетен ако аргументирано не ги побијам манипулациите со кои сака Драган Богдановски да го претстави како голем и единствен вистински борец за македонската кауза.
Еве го оргиналниот, а воедно и прв документ, освен летките, кои зад себе ги оставале основачите на ВМРО-Правда. Тоа е програмата и името на партијата која носителите на континуитетот на ВМРО се подготвувале да ја регистираат. Програмата и името се правени пред да се направи разговорот со Ванчо Михајлов, а за да се задржи асоцијацијата на ВМРО, односно да се даде јасно до знаење дека ВМРО е вистинското име на партијата на ДПМ, се додава ПРАВДА!

[img=747x176]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/1-3.png[/img]

Забележувате дека името ѝ е ДПМ ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА, името кое — каква „случајност“ — Богдановски го дал на неговата партија!
Инаку, Драган Богдановски во 1950 бил осуден за кражба, а не поради судир со југословенските власти заради определбата за создавање на македонска независна држава како што вели г. Андов!


[img=646x59]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/4.png[/img]

Очекувам г. Андов да ја понуди пресудата со која Богдановски во 1950 во Белград е осуден како македонски националист!
Постои документ дека Богдановски воопшто не бил во Аргентина! Целта на патувањето на Богдановски во Бразил, според описот на г. Андов, има многу нелогичности! Богдановски за Бразил можел да замине најрано на почетокот на 1951. Зарем не е чудно, младо момче, веднаш по излегувањето од затвор, кое не знае друг јазик освен македонскиот и српскохрватскиот да тргне на патешествие во Бразил?
За ова интересно е сведочењето на Јоне Шикалевски, човекот кој во логорот во Грција влегол со првата група бегалци а излегол последен и кој веќе после првата година од престојот во логорот одлично го владеел англискиот јазик, станал преведувач на логорската управа, составена од американската војска. Кога воената управа веќе почнала да им дава „визи“ за заминување на логорниците тие сами избирале во која држава ќе заминат. Според сведочењето на Шикалевски излегува дека тврдењето на г. Андов оти Богдановски не можел да замине за Европа, не држи.  Богдановски во логорот доаѓа некаде во 1951 а во тој период веќе немало никакви ограничувања за избор на државата каде ќе сакал да замине секој логораш! Скоро сите логорници, откако пристигале на своите избрани дестинации му пишувале писма на Јоне, со деталите каде се, така што Шикалевски контактирал со сите кои му се јавувале.
Тука се јавуваат прашањата кои ќе си ги постави секој разумен човек: кој му ги обезбедил врските на Богдановски во Бразил и со кого; и кој му го финансирал патувањето и џепарлакот додека не се снајде во Бразил? Во Бразил имало само една група на ВМРО и тоа групата од Богданци. Значи, многу пологично е Богдановски да оди во САД, или во Европа, каде има вмровци и од Куманово и кумановско со кои би имал можност полесно да стапи во контакт.
По враќањето од Бразил, Богдановски останал во Европа. Со што се занимавал во периодот по враќањето од Бразил, па сѐ до 1961, не би коментирал бидејќи нема цврсти докази за тој период. Во 1961, во Париз Богдановски бара начин да влезе во организацијата „Лозари“. Зачестено оди во центарот за емиграција со цел да се сретне со лозарите — по сѐ првото македонско организирано движење во Европа после војната — кои дел од своето слободно време го поминувале во центарот за да им помогнат на новодојдените Македонци. До средбата доаѓа кога Богдановски започнува расправија со некои Бугари во која ја нагласува посебно својата македонска определба. Таа расправија прераснала во тепачка помеѓу Богдановски и Бугарите. Тогаш во тепачката се замешале Данче Бојковски, Петре Јовановски, водачите на Лозарите и уште некои Македонци со цел да го одбранат Богдановски. Од тој момент Богдановски заради својата јасно искажана македонска определба станал нераздвоен придружник на Данче и Петре. Чудно е што Драган дотогаш доаѓал во центарот ама никогаш не се закачал со Бугарите, кога за првпат таму биле Данче и Петре, Богдановски ја покажал својата омраза кон Бугарите!?
Документите за Драгановото кодошење на Данчета како човек кој работел за ЦИА, ги поседувам.
Драган не учествувал во формирањето на ОКМ — организација која подоцна ќе се преименува во ДООМ, па потоа во НФМ. Тој ќе се заинтересира за ОКМ откако таа ќе почне да добива на масовност кај Македонците во емиграција.

[img=725x216]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/3-1.png[/img]

Од тој момент во ОКМ, односно во ДООМ, почнуват внатрешните кавги и расправии, а со тоа организацијата наместо да се занимава со она за што е формирана, таа е опструирана со внатрешни кавги. Еве дел од писмо на д-р Андоновски од кое јасно се гледа формата на опструирање на работењето на ДООМ. Метод на опструкција, обиди за формирање на паралелни организации, и партии кои ќе бидат применувани и после формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.


[img=711x375]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/1-2.png[/img]

Еве дел од Службена белешка бр.1014 од 27.07.1988 г. од кој јасно се гледа соработничката улога на  Драган:

[img=600x102]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/3.png[/img]
[img=604x142]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/2-1.png[/img]
[img=599x101]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/1-1.png[/img]
[img=598x122]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/2.png[/img]

(Легенда: „Брест“ – д-р Андоновски; „Рашомон“ – Драган Богдановски)
Што била целта на СДБ се гледа од овој дел од едно писмо на д-р Андоновски упатено до Драган:

[img=612x95]http://fokus.mk/wp-content/uploads/2017/11/1.png[/img]

Заради ограничениот простор ќе се задржам само на уште еден бисер од герданот на манипулации на г. Андов, а кој е обид да се објасни од каде Богдановски добивал пари за својот живот, прашање кое сум го поставил на скоро сите подржувачи на тезата дека Драган не бил соработник на УДБа/СДБ.


3
Цитат

ОБСЕ/ОДИХР со силни критики за ДИК – ДИК молчи!


  Тео Блажевски   02/11/2017 
[img=600x450]http://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2017/11/353076.jpg[/img]


Шефот на НМ на ОБСЕ/ОДИХР Одри Гловер на избирачко место во Тетово. Фото: ОБСЕ/Томас Ример
Поврзани написи
 
„Загорзено владеење на правото“, „поткопана разделеноста на партијата и државата“, „неразумни основи за отфрлање“, „лишување на право на гласачи на глас“….ова се дел од формулациите во забелешките на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај по вториот круг од локалните избори во Македонија, за кои ДИК реши да молчи иако голем број од забелешките се однесуваат токму на оваа институција
 
Пишува: Теофил Блажевски
 
Иако генералната оценка на највлијателниот набљудувач на локалните избори во Македонија ОБСЕ/ОДИХР беше позитивна, во нивниот извештај има бројни забелешки за работата на Државната изборна комисија (ДИК), која, пак, не реагира и не одговора на новинарски прашања за ваквите ставови.

[img=640x116]http://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2017/09/lOK-IZB-1024x185.png[/img]
Од друга страна, Владата транспарентно и навремено одговара дека нив ги интересира генералната оценка, како и дека процесот бил во рамките на законот. Ексеперт, пак, кој е упатен во материјата, вели дека забелешките се сериозни, дека се повторуваат уште од 2011, дека тоа не е добро за Македонија и дека треба да се преземат мерки за отстранување на ваквите аномалии.
 
ОБСЕ/ОДИХР: „ВО НЕКОИ СЛУЧАИ ЗАГРОЗЕНО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО“
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која е сместена во земјата уште од почетокот на септември, излезе со два прелиминарни извештаи за спроведените локални избори на ден по одржувањето на првиот и на вториот круг од изборите. И во двата извештаја се констатираа силни забелешки најмногу за работата на Државната изборна комисија, во првиот од 16.10.2017 за транспарентноста на процесот на решавање по приговорите (затворени седници), а во вториот од 30.10.2017 за начинот на решавање на тие приговори:

Цитат

ДИК ги одби сите приговори, при што членовите решаваа долж политичките линии, спротивно на барањето за непристрасност. Иако многу случаи беа испитувани суштествено, темелноста варираше. Во некои случаи, основите за отфрлање беа неразумни, а во некои недостасуваше јасна и солидна правна основа. За неколку случаи разгледувањето беше ускратено на техничка основа, спротивно на меѓународната добра пракса.
Начинот на кој се постапуваше по многу приговори го загрози владеењето на правото и гарантираниот процес, спротивно на обврските што произлегуваат од членството во ОБСЕ.


ОБСЕ/ОДИХР има забелешки и на ажурирњето на избирачкиот список и на остварување на правото на секој полнолетен граѓанин да го даде својот глас:

Цитат

Ажурирањето на избирачкиот список помеѓу двата круга не е предвидено со законот, што, како последица, ги лиши од можноста да го остварат правото на глас гласачите што во овој период наполнија 18 години. Над 900 гласачи во казнените институции не можеа да го остварат своето избирачко право во обата круга, зашто немаа валидни лични документи. Покрај ова, ДИК усвои одлука со која на гласачите, кои се наоѓаат на избирачкиот список, но чии лични документи беа истечени, не им беше дозволено да гласаат.

 
ОБСЕ/ОДИХР делумно вината за ова ја префрла и во изборното законодавство за кое вели дека „не регулира јасно определни апсекти на процесот што ја ја намалува кохерентноста на изборното законодавство“.
Набљудувачката мисија нотира дека од партии-учеснички во изборниот процес примиле приговор за мешање на државата со партијата и дека тоа се однесува најмногу на учеството на премиерот Зоран Заев, кој што е и лидер на СДСМ, на митинзите во кампањата пред вториот круг од изборите, во средините каде за градоначалничко место се бореа кандидати од албанските политички партии:

Цитат

Премиерот, повремено во своето официјално својство, се обраќаше на електоратот на митинзите на СДСМ и го користеше Твитер за да испраќа пораки од кампањите. Тој промовираше инклузивност, локален развој и интеграција во Европската Унија и НАТО. Некои партии изразија загриженост околу тоа што премиерот ветува владина поддршка за општините со градоначалник од СДСМ или од ДУИ. Овие постапки ја поткопаа разделеноста на државата и партијата, спротивно на обврските што произлегуваат од членството во ОБСЕ.


Како што може да се види ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај дава и оценка дека партиите што се пожалиле на ова прекршување на изборниот процес имале и право, со оценката дека овие постапки ја поткопаа разделеноста на државата и партијата.
 
НОВАКОВСКИ: ОЦЕНКИТЕ НИ СЕ ПОВТОРУВААТ – ЗА ЗАЕВ, НЕМА ДОКАЗИ
Александар Новаковски, сега адвокат, а порано претседател на Државната изборна комисија, коментирајќи ги за „Вистиномер“ ваквите наоди и речникот на ОБСЕ/ОИДХР, се фокусира, пред сѝ, на работата на ДИК и вели дека не е добро што ваквите наоди ни се повторуваат. Новаковски прави дистинкција и помеѓу речникот што го говорат политичарите и речникот што го употребува ОБСЕ/ОДИХР, сепак вадејќи заклучок дека темелните човекови слободи и права во врска со изборите се обезбедни:

Цитат

[img=150x100]http://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2017/11/aleksandar-novakovski-mz-1-480x320.jpg[/img]Сите политички партии кои победуваат на изборите ја користат фразата, слободни, фер и демократски. Како и во сите претходни циклуси победникот ја користи оваа формулација. Не случајно ниту еден победник-политичар досега во историјата не користел друга формулација.[/b]
 Но, факт е дека првично оценката е оти изборниот процес беше КОНКУРЕНТЕН, а ПОЧИТУВАЊЕТО НА ТЕМЕЛНИТЕ СЛОБОДИ придонесе да се одржат демократски избори. Оваа внимателно избрана формулација е поради сѝ уште незавршениот процес, се чека постапување на ДИК и на судовите по приговорите и жалбите. Но, факт е дека државата направила доволно да се почитуваат темелните слободи и имало демократски амбиент.


За Новаковски е загрижувачки што забелешките се поизраени по вториот изборен круг и што некои од овие забелешки ни се повторуваат не само во последните два изборни циклуси, туку уште по изборите од 2011 година:

Цитат

Веќе втор изборен процес, а и претходно од 2011 па наваму, се даваат сериозни забелешки за работата на изборната администрација, посебно за ДИК, а во оваа првична оценка најтешка формулација има околу загрозување на владеење на правото од страна на ДИК, што е повреда на копенхашките критериуми, па ако се повтори во постапувањето по приговорите од вториот круг, тогаш во конечниот извештај оценката ќе е лоша за ДИК. Исто така, има сериозна забелешка дека го повредиле Кодексот за добра пракса (Венецијанска комисија) поради повреда на правото на техничка основа. Има и забелешки за едукација, оставање 10 општински комисии без средства и друго.


Според Новаковски, ОБСЕ/ОДИХР нема доволно аргументи во прелиминарната оценка за мешањето на државата со партијата од страна на премиерот:

Цитат

Мислам дека ОБСЕ од една изјава на Премиерот заклучува дека овие постапки ја поткопуваат разделеноста на државата и партиите, но факт е дека овој изборен процес во овој дел нема други забелешки и ова се добронамерни укажувања, а се споменува и градоначалникот на Штип од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека секој избран и именуван функционер кога е на функција, а учествува во кампања мора да внимава за секој настап. Тоа се надминува и во овие избори тоа е незначително, но загрижуваат забелешките за многу посериозни работи и тешките формулации околу работата на ДИК, а се од суштинско значење за гарантирање на владеење на правото и остварување на основните права.


Новаковски е сигурен дека треба да се преземат мерки, од измена на законската регулативи до обезбедување на правото да се гласа на сите подеднакво, вклучувајќи го и правото гласот да се даде по електронска пошта:

Цитат

Треба да има промени во Изборниот закон околу начинот на гласање на лицата кои се отсутни, така наречено предвремено гласање или гласање и преку пошта. На голем број лица им се ускратува правото на глас со невоведување на предвременото гласање и гласање преку пошта. Овие се мои предлози, па постепено да се оди кон гласање електронски. Треба да има ревизија и околу ревизија на избирачкиот список и околу законските решенија за денот на затворање на избирачкиот список и неможноста лица кои во меѓувреме наполните 18 години да гласаат, како околу строгата регулатива и толкување од надлежните што се важечки и неважечки лични исправи – вели Новаковски

 
ВЛАДА: ИЗБОРИТЕ БЕА ДЕМОКРАТСКИ, ЗАЕВ НАСТАПУВАШЕ ПО РАБОТНОТО ВРЕМЕ
За разлика од ДИК, која реши да молчи на новинарски прашања, Владата навремено го достави коментарот што го побаравме за прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, вклучувајќи ја и оценката за Премиерот. За Владата, очигледно, е најважна генералната оценка за изборите што ја потврдила и набљудувачката мисија:

Цитат

[img=150x112]http://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2017/11/vlada.jpg[/img]Владата на Република Македонија смета дека изборите беа спроведени во фер и демократска атмосфера, а граѓаните на земјава демонстрираа слободна волја.[/b]


Првичните оценки на меѓународната заедница ги потврдуваат овие заклучоци, а според прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР изборите биле компетитивни и почитувањето на основните слободи придонело кон подобрување на демократските процеси.

Премиерот Заев не наравил повреда на изборите и не ги измешал ресурсите на државната администрација во партиски цели, смета Владата:

Цитат

Претседателот на владата Зоран Заев, во рамките на предизборните активности настапуваше исклучиво по истекот на неговото работно време и никогаш не беа користени ресурсите на владата.
Право на секој политички субјект е на каков начин и со кои други политички субјекти ќе оствари соработка. Граѓаните на Република Македонија ги оценуваа понудите на политичките субјекти како и тоа на кого го дадоа својот глас.
Владата на РМ ќе соработува со сите градоначалници од сите општини во Република Македонија


Поентата во одговорот на Владата во последната реченица, е, всушност, одговор на критиките забележани и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, дека со настапите и говорите Заев фаворизирал едни кандидати наспроти други, односно, како што рече шефот на набљудувачката мисија, Одри Гловер на прес конференцијата, не се спорни коалициите и говорите, но спорно е ако ветувате пари од централаната кон локалната власт само ако победи кандидатот на оваа или онаа партија.
 
4
[img=821x1041]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/9869aeb5-d147-4f1d-812b-8c5b557b4ec6.png[/img]



Цитат

[img=486x491]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/02a177ef-084c-4422-aa58-dcc1bd5e1de6.png[/img][img=486x0]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/02a177ef-084c-4422-aa58-dcc1bd5e1de6.png[/img]

[img=821x0]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/9869aeb5-d147-4f1d-812b-8c5b557b4ec6.png[/img]

Цитат

[img=444x174]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/85757f28-9c88-45ec-9124-6b872bf05e43.png[/img][img=444x0]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/85757f28-9c88-45ec-9124-6b872bf05e43.png[/img]
5
[img=845x4274]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/babe41cf-f659-4cde-a5fc-4f878ed8918d.png[/img]
6
Политика / RE: „РЕФОРМАТОРИ“
« Последна порака ЈорданПетровски на Ноември 03, 2017, 11:57:34 am »
Цитат

ДАЛИ ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ ЗА ЗАЕДНИЧКО ПЕЕЊЕ НА ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА Е МОЖНО СО ИЗБРАНАТА ВЛАДА И СО НЕЈЗИНИТЕ ПОДРЖУВАЧИ


02.06.2017
Заев 2015 година деде една многу интересна, поточно ТодорАлексанровска или ВанчоМијаловистичка изјава, оваа карактиристика ја давам според пресудите кои ги изрекувал Комунистичкиот суд на они кои ја пееле и почитувале оваа химна .
 Изјавата на Заев гласи:
  
 

 
www.youtube.com/watch?v=g8ALZg5csCo

Кога Заев ја говори вистината, поточно кога Заев го покажува вистинското лице и намерите? Кога ја давал изјавата дека првата Химна на Македонија и Химна на ВМРО ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА   сите заедно да ја пееме повторно или денеска со обзнанувањето на министрите, од калибарот на министерот за култура и неговото „кумровачко“  друштво ?  Умните луѓе велат за човек се суди според делата а не според зборовите! 
 
 
Цитат

 



 
Viktor Kanzurov
Ако ова е екипата на новиот министер за култура, можам само да констатирам, без да генерализирам за сите луѓе на сликата, дека ниту во времето на најголемиот и најцентрализиран југоунитаризам, Службата за државна безбедност, со денови и недели да комбинирала, пак не би успеала да го екипира Министерството за (не)култура со посоодветен за ТОЈ и ТОГАШЕН момент кадровски потенцијал.
Овде го гледаме југословеноидниот шовинист и бугарофоб Перо Арсовски, па догматизираниот Југословен, бесен противник на ИСТОРИСКАТА ВМРО-вска традиција и не многу успешен поранешен заменик министер за (не)култура Златко Теодосиевски, потоа југокомунистичкиот екстремист и своевремено неуспешен градоначалник на скопската општина Центар, Мирослав Грчев, кој (исто како и актерот Перо), од дното на душата, го мрази ИСТОРИСКОТО ВМРО и без никаква аргументација, го става во ист (идеолошки и секаков) ранг со денешното клептоманско ДПМНЕ-Ваљево, тука е и лустрираниот соработник на „старата“ служба и непара успешен некогашен министер за (не)култура Ѓунер Исмаил, а до новиот министер се истопорило едно, со потекло од „Плоштад Неслобода“, ѓомити прикриено и суптилно, но патолошко неонацистче од антибугарска провиниенција, инаку апологетче на филмски памфлети, произведени од режимот на ДПМНЕ-Ваљево и потпрени на историски фабрикации, од типот на „Ослободување на Скопје“.
Претпоставувам дека овие петмина прво ќе посакаат да удрат на паметникот на Тодор Александров во Скопје и на секој музејски и каков и да е друг белег, кој асоцира на македонската борба против поробувањето и асимилирањето од 1913-1915 и од 1918-1941 година.
 

 
пс.  на сликава недостасуваат уште неколкумина битни ВМРО мразачи: Владе Милчин, Југослав Петровски, Ѓорѓе Марјановиќ, Жарко Трајаноски , Мирјана Најчевска !! Се надевам при следното фотографирање „министерот“ нема да ги заборави.



7
Политика / RE: „РЕФОРМАТОРИ“
« Последна порака ЈорданПетровски на Ноември 02, 2017, 09:51:47 pm »


На линкот пд фотографијава послушајте ги бисерите на Грчев!
Овој е најголем:

[align=left]
Цитат

македонската држава буквално беше измислена (6:15)

[/align]





http://www.muzej-jugoslavije.org/yugoslavia/miroslav-grcev/#modal



https://www.youtube.com/watch?v=N42vCqvf_2c&feature=youtu.be
Страници: [1]