Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Луѓе отпорни на рак и шеќерна болест
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Во заборавено ќоше на планините во Еквадор, научниците откриле група луѓе кои меѓу себе делеле единствено заедничко здравствено пореметување: сите до еден биле со хормонално пореметување кое го ограничило нивниот раст. Тоа би предизвикало потсмев кај пошироката популација заради нивниот мал раст, меѓутоа научниците исто така откриле дека нивното хормонално пореметување ги штити од двете болести на модерниот свет за кои ние сеуште немаме лек: дијабетесот и ракот.
Генетското пореметување што го предизвикува џуџестиот раст го ограничува нормалниот процес на двоење на клетките при што во нормалниот организам се создаваат нови клетки. Меѓутоа истово генетско пореметување го спречува двоењето на канцерозните клетки. Само еден од илјадниците во таа заедница има болувано од рак и тоа од доброќуден (бениген) тумор и се има успешно излечено.
Во истата популација, научниците забележале зголемено ниво на обеситост меѓутоа ниту еден од групата нема болувано од шеќерна болест, иако обеситоста и дијабетесот во модерниот свет идат рака под рака.
Антином на џуџестиот раст е гигантизмот, каде хормонално пореметување придонесува за неприродно зголемен раст на заболениот и како третман му се даваат лекови кои го спречуваат понатамошното двоење на клетки. Доколу клиничките проби со тие лекови против гигантизмот се покажат успешни кај заболените од рак и дијабетес, се чини дека конечно можеме да кажеме дека е откриен лекот против ракот и дијабетесот.
Племе во Еквадор го држи клучот за лекувањето рак и дијабетес