За жените во години
Кога шминката прави да изгледате постари
Со созревањето и годините потребно е да се менува стилот на облекување, но и препаратите за нега на телото. Сепак, многу жени и покрај видливите промени во физичкиот изглед продолжуваат да ја користат веќе познатата шминка на начин кој не го менуваат со години. Но, токму користењето на несоодветна шминка може да биде причина да изгледаме постари отколку што сме. Еве на што треба да се обрне особено внимание:
Погрешна боја на кармин
Јаките впечатливи бои, темните и металик нијанси се претешки за старите усни. Така ќе изгледаат вештачки, а малите неправилности кои природно се јавуваат со текот на годините уште повеќе ќе дојдат до израз. Изберете природни розови нијанси и користете сјај наместо кармин кој дополнително ќе ги пополни усните.
Маскара на долните трепки
Визажистите советуваат постарите жени маскарата да ја нанесуваат само на горните трепки и притоа да користат и виткач на трепки. Кога се нагласени само горните трепки очите визуелно се зголемуваат, изгледаат почисти и посветли, а погледот е поотворен.
Моливче на долните капаци
Моливче на долниот дел од капакот вашите очи визуелно ќе ги намали, а вниманието ќе го насочи на темните кругови под очите. Моливчето користете го само на горниот капак, а линијата нека биде потенка на надворешниот раб, бидејќи тој дел со тек на годините се спушта.
Сјајна сенка на надворешниот раб од окото
Малку сјај ќе ја направи вашата шминка погламурозна. Но, на постарите жени сјајот на надворешниот раб од окото само ќе им додаде години. Ако сепак се одлучите за сјајна сенка, нанесете ја само на внатрешниот раб од капакот, средниот дел или покрај веѓите.
Бракот ги дебелее жените
Општопознато е дека жените по породувањето ставаат некој килограм повеќе, меѓутоа, дури и кога немаат деца жените што се во брак се дебелеат повеќе од оние што се сами, покажаа резултатите на неодамнешното истражување што го спроведе австралискиот универзитет во Квинсленд.
Бидејќи нема индиција дека животот со партнерот доведува до промена во метаболизмот, истражувачите дошле до сознание дека вишокот килограми кај жените што се во брак е поврзан со промена во однесувањето. Според Анет Добсон, професор по биостатистика, причината би можела да лежи во психолошките промени. Венчавката, животот со партнерот и децата претставуваат важни животни промени што можат да доведат до прекумерна тежина, наведува Добсон, кој советува поголемо внимание во овие ситуации.
Претходните истражувања покажаа дека и кај мажите што се во брак и имаат деца доаѓа до зголемување на телесната тежина што наведува на заклучокот дека друштвениот фактор и однесувањето се многу важнi.
Пет заблуди за стомачните вежби
Стомачните мускули се првото нешто што се забележува кога некој има убаво тело и обратно. Без рамен стомак и убаво обликувани плочки на абдоменот, ретко за кого би рекле дека има убаво тело. Поради тоа сите настојуваат да ги оформат овие мускули, но често пати се во заблуда и грешат. Еве некои од грешките.
1. Многу работа на стомачните мускули ќе ги отстрани масните наслаги кои се наталожиле на предниот дел од вашиот стомак. Мускулите и маснотиите се различни видови ткиво, не е можно да се отстранат масните наслаги со напорните вежби за мускулите, бидејќи тие се наоѓаат под масното ткиво. Најдобриот начин за отстранување на вишокот масни наслаги е да го редуцирате количеството на храна. Можете да вежбате стомачни вежби дури и три часа дневно, но без баланс меѓу исхраната и вежбите ќе имате дефицит на калории во организмот и никогаш нема да ги отстраните масните наслаги на стомакот. Стомачните вежби нема да ги отстранат масните наслаги, но ќе ги обликуваат вашите мускули.
2. Вежбите со вртење ќе ги согорат маснотиите околу вашиот појас. Ако прошетате до вежбалница или фитнес-центар, ќе сретнете мажи и жени со појаси околу рамената кои напорно прават вежби со завртување од лево кон десно и обратно. Тие веруваат во митот дека таквите вежби ќе ги согорат масните наслаги околу појасот. Некои од нив го прават тоа и со години без никаков успех.
3. На стомачните мускули им е потребна секојдневна работа. Иако стомачните мускули можат да толерираат поголема работа отколку останатите делови од телото и тие можат да се заморат, односно да претерате со вежбите, па да добиете воспаление на мускулите.
Напорното вежбање на овој дел од телото е поради мислењето дека ако правите многу стомачни вежби ќе се редуцираат наслагите на овој дел од телото. Најдобро е да ги вежбате стомачните мускули 2-3 пати неделно.
4. За да ги вежбате вашите стомачни потребна ви е опрема. Некои апарати ако правилно се користат вршат навистина добра работа и добро ги обликуваат стомачните мускули. Како и да е, не постои ништо кое помагалата за вежбање можат да го направат, а вие не би можеле преку најразлични вежби, секако ако правилно ги правите.
Многу од таквите помагала можат да бидат дури и опасни. Најдобро е да се задржите на правење стомачни без никакви помагала.
5. Електрична стимулација на мускулите е лесен начин да добиете тонирани стомачни. Има придобивки од електричната стимулација на мускулите во физикалната терапија, но кај здрав маж и жена тие придобивки не можат да се споредат со класични вежби. Мора да се движите, да вежбате, да се потите и постојано да го зголемувате напорот ако сакате да ја промените формата на вашето тело.
Зимска нега на косата
Во текот на ладните, влажни и ветровити денови, вашата коса ја губи цврстината и станува безживотна и сува. Постојат неколку типа на оштетена коса, кои се јавуваат во текот на зимата, па ако се пронајдете во некои од нив, почнете со лекување или со превентива. Советите се сосема едноставни.
СИНДРОМ НА ТАЖНА КОСА. Синдром на очајна коса настанува со недостиг од сончева светлина и со честа употребена на фен. Ниските температури, високата влажност на воздухот комбинирани со користењето на фенот и производите за стајлинг на косата, ја прават обична и безживотна.
СИНДРОМ КОСА ВО САХАРА. Овој синдром е предизвикан од ладно и суво време и од изненадувачки промени на температурата. Во текот на зимата косата е изложена на екстремните услови, кои често и многу брзо се менуваат, како што се преминување од загреани простории и сув воздух на леден ветар, влага и снег. Овие нагли промени ја влошуваат состојбата на косата правејќи ја безживотна. Дури ни топлиот и пријатен воздух што го создава парното греење или клима-уредите не се корисни за вашата коса.
Напротив, косата е изложена на топлотен шок, кој е еднаков на излегување на сонцето во Сахара.
СИНДРОМ КАПА НА ГЛАВАТА. Синдромот настанува поради секојдневното користење на капата, која штити од ладното, но во исто време стимулира претерано потење на темето и произведува првут и себум.
СОВЕТИ ЗА НЕГА. Кратете ја косата на три месеци за да бидат врвовите здрави, обновени и да не цветаат. Додека ја фенирате, задолжително користете „финиш“ препарат, кој се развива под влијание на топлината од фенот и ја штити косата од исушување. Вашиот фризер нека ви препорача препарат за вашиот тип на коса.
Еднаш неделно третирајте ја косата со серуми, ампули или со креми. Користете спрејови кои не се испираат за да заштитуваат подолго. Поради сувиот воздух (греењето, ветрот, зачадена просторија и смог) потребно е барем еднаш неделно да употребувате шампони, таканаречени чистачи кои длабински ја чистат косата од наталожената нечистотија.
Шампоните мора да бидат благи и наменети за вашиот тип и евентуално на проблемот на косата. Ако одите на скијање задолжително понесете со себе колекција за сонце со заштитен фактор, бидејќи на планините индексот на УВ-зрачењето е посилен.
Скријте го мешето
Доколку имате вишок килограми во делот на стомакот, а сакате да ги скриете, има неколку трикови што ќе ви помогнат.
Заборавете на тесните маички, тие дополнително го оцртуваат стомакот и му даваат акцент на салото. Избегнувајте панталони со големи џебови. Не носете панталони тесни кај бутовите, а широки на дното. Потрудете се да најдете модели со рабен патент.
Што се однесува до палтото и џемперот, одберете модел кој не е претесен, не стега, а со тоа и не го истакнуваат стомакот.
Внимавајте со изборот на материјали. Полиестерот и ликрата го прават вашиот стомак уште поголем отколку што навистина е, а тоа особено важи за фустаните. Многу е подобро да комбинирате сукња и маица.
Чантата го чува стомакот. Модните детали можат многу да ви помогнат.
Ако носите подолг шал или мала, но долга чантичка и тоа може да го прикрие стомакот
Вистини и заблуди за убавината
Советите кои сте ги собрале од вашите мајки и баби , кои во вашата младост ви се чинеле како стручњаци за убавина, често се покажале како измислици.
Некои од тие совети имеле смисла, додека други биле потполно апсурдни. Еве ги главните митови за убавината:
1. Отстранувањето на седите влакна го предизвикува нивниот раст
Овде станува збор за заблуда. Нашата коса станува седа како дел од природниот процес на стареење, но кај некои луѓе тој процес започнува порано. Само ни се чини дека имаме многу повеќе седи влакна, бидејќи нашиот ум кој откако го открил првото седо влакно автоматски се активира да бара и други побелени влакна, па затоа и постојат поголеми шанси дека ќе ги пронајдеме.
2. После бричењето се здебелуваат влакната
И ова е дефинитивно заблуда. Избричените влакна изгледаат подебели отколку пред бричењето, но тоа е бидејќи со бричењето го отстрануваме видливиот, површински дел. Кога тие повторно ќе пораснат, дебелиот дел од влакното излегува на површина, па затоа нашето око го гледа како здебелен.
3. Ставање на мраз на кожата ги намалува порите
Ништо не може да ги намали порите. Тоа што некои луѓе имаат проширени пори е резултат на генетиката, а не на температурата која се применува на кожата.
4. Пастата за заби, лечи мозолчиња
Вистина е дека забната паста која содржи ментол и други активни состојки може да ги исуши мозолчињата на вашето лице или да направи тие да исчезнат побрзо. Меѓутоа во забните пасти постојат и состојки кои ја сушат и иритираат кожата, па затоа е попаметно да користите соодветен крем против мозолчиња.
5. Ако се намачкате со пиво пред сончање, ќе добиете бронзена боја на кожата
Не е вистина. Реалноста вели дека пивото како подлога за сончање треба да се избегнува, односно да се замени со млеко со голем УВ фактор. Дали ќе фатите боја одма или ќе поцрвените како рак, зависи само од вашата генетика. Пивото и маслиновото масло, ја штитат кожата, но не помагаат во сончањето.
6. Вкрстените нозе не влијаат на здравјето
Тоа е една од најлошите навики. Освен што колковите, кичмата и вратот ги исфрла од рамнотежа, ова е еден од главните причинители на хронични болести во половината, главоболки и проширени вени.
7. Миењето на нозете кога сте уморни предизвикува проширени вени
Вистина е дека вените на нозете се шират кога сте уморни. Да би се спречило тоа, најдобро е уморните нозе да ги ставите во топла вода, со цел да се зголеми циркулацијата на крвта.
Сода-бикарбона во служба на убавината
Освен што може да се користи и како ефикасно средство за чистење во домаќинството, сода-бикарбоната многу успешно може да се користи и во секојдневните или повремени ритуали за убавина и нега. Овие совети се резултат од најразлични истражувања, но и искуства. Таа е лесно достапна, а освен тоа не содржи штетни додатоци, не е штетна за околината и е во потполност еколошка.
КОСА
- Во секое средство за нега на косата има многу штетни состојки. За да го намалите нивното таложење на косата, помешајте 1 лажица сода бикарбона со шампонот и потоа измијте ја косата.
- Содата е одлична за суво миење на косата. Ставете малку сода бикарона на косата, потоа расчешлајте, па исушете со фен.
- Сода-бикарбоната помага и кај испуканите врвови. Помешај половина лажичка сода со еден филџан топла вода и смесата нанесете ја на косата, а по неколку минути исплакнете.
- Со содата може да ги исчистите четките и чешлите за коса. Само натопете ги во раствор од 3 лажици сода и половина чаша вода.
КОЖА
- Содата е добра за чистење на лицето. Помешај на дланка малку сода и средство за чистење на лице, па со лесни кружни движења нанесете на кожата. Таа ќе стане помека, а ќе го намали и црвенилото предизвикано од акни.
- Одлична е и за грубата кожа на петите. Помешај три дела сода со еден дел вода и втриј ја смесата на петите.
- За кожата која се иритира по депилација или бричење во филџан разматете 1 лажица сода и нанесете ја на кожата по бричењето. Вака кожата нема да се воспали.
НЕГА НА УСНАТА ШУПЛИНА
Содата го освежува здивот и ги избелува забите. Потопете ја четкичката во растопена сода бикарбона и со неа исчеткајте ги забите. Содата може да се додаде и на самата паста за заби. За чиста четкичка - оставете ја преку ноќ во раствор од вода и сода.
НОКТИ
Натопете стара четка за заби во мешавина од вода и сода и со неа поминете преку ноктите. На тој начин кожата побргу ќе омекне и полесно може да се отстрани, а ноктите ќе бидат поцврсти.
Мед за убав тен
Најубавата посластица е добро и евтино козметичко средство за зачувување на убавината. Теглата мед е вистинско богатство на фруктоза, глукоза, малтоза, протеини, аминокиселини, витамини и минерали. Еве се што можете да направите со медот:
* Пилинг од мед
Измешајте една лажичка мед, 2 лажички смелени бадеми и 2 лачичко сок од лимон. Благо трлајхте го лицето, а потоа измијте го со млака вода.
* Тоник за лице
Во миксер изматете една лажичка мед и излуштена јабола. Нанесете го тоа на лицето и оставете го да дејствува 15 минути. На крај измијте се со ладна вода и ставете хидрантна крема.
* Маска од мед
Измешјата две лажички мед и две лажички млеко. Сето ова нанесете го на вратаот и лицето и оставете го да дејствува 10-15 минути. Потоа, измијте го лицето со млака вода.
* Лосион за кожа
Измешајте една лажичка мед, една лачичка маслиново масло, и малку сок од лимон. Со ова истријте ги рацете, лактите, петиците , градите и секаде каде што ви е сува кожата. Сето ова нека останет 10 минути на вашата кожа, а потоа отстранете го со млака вода.
* Купка за кожа
Во када со топла вода ставете една чаша мед. Лежете и опуштете се. Можете да додадаете и малку млеко. По ова кожата ќе биде глата, сјајана и мека.
Финти за свеж изглед
Трагите од замор на лицето најдобро ќе ги сокриете со адекватна шминка. Доколку со неа употребите и некој професионален трик, вие на работа секогаш ќе изгледате свежо и одморено, дури и по непреспиена ноќ.
Бојата на праска за свежина
Ако на лицето ставите пудра со боја на праска, веднаш ќе добиете свеж тен. Тоа е најдобар начин да ги сокриете трагите од замор. Користете пудра во пена, која во себе содржи неколку проценти вода, затоа што таа кожата ја прави блескава и одморена. Течната пудра е идеална за оние кои сакаат да ја сокријат непреспиената ноќ. Таа содржи микрочестички од бел бисер и син пигмент, кои визуелно ја осветлуваат кожата.
Нежно руменило
Кога сте изморени, не заборавајте го руменилото. Тоа е најважно за враќање на свежината на лицето. Темните бои, на пример кафената и виолетовата, користете ги само ако лицето ви е премногу истоштено, затоа што во спротивно ќе изгледате уште поизморено.
Вратете им го сјајот на очите
Изморените очи ги освежуваат сенки во весели бои. Портокалови и црвеникави тонови ги прават очите блескави, независно дали нивната боја е кафеава, сина или зелена. Доколку сакате уште повеќе да ги отворите очите, под веѓите нанесете дискретно светлобежова сенка.
Сокријте ги подочниците
Коректорот е магично стапче за сокривање на подочниците и црвенилото околу очите. Најпрвин нанесете подлога од пудра, а потоа со врвот на прстите внимателно, со тапкање нанесете го коректорот под очите. Не заборавајте дека жолтата нијанса на коректор е најидеална за покривање на темните кругови.
Сјајни усни
За усните да ви бидат заводливи, избегнувајте мат кармини или јаки бои. Определете се за светликав и транспарентен сјај во пастелна нијанса, која, секако, ќе ви биде во скалад со шминката и руменилото. Но можете да нанесете само безбоен сјај, кој изгледа најприродно.
Со билки против првут
Не е мал бројот на оние што мака мачат со првутот во косата, па ако сакате да се ослободите од него, сварете чај. За него, во 1 литар студена вода ставете по 20 г рузмарин, жалфија и мајчина душица, загрејте до пред вриење и сипете ја прецедената течност во стерилни шишенца. Еднаш дневно благо измасирајте го коренот на косата со чајот и бидете упорни, зашто комбинацијата на овие три билки дејствува против бактериите што ја напаѓаат кожата на главата и предизвикуваат првут.
Летни продукти за убавина
Искористете ја големата летна понуда на овошје и на зеленчук и пробајте некои од природните рецепти за нега
Ако се одлучите за подготвување на козметички препарати во својата кујна, секако дека треба да се придржувате кон следните упатства.
* Одберете ги најубавите и најсвежи плодови и набавете ги непосредно кај производителот. Тоа ќе ви биде гаранција дека сте набавиле овошје и зеленчук богати со витамини и со минерали.
* Темелно измијте ги сите плодови, во некои рецепти, имено, се бара нелупено овошје, бидејќи кората е преполна со интересни состојки.
* Што побргу употребете ги овошјето и зеленчукот, бидејќи некои состојки неверојатно бргу се губат, особено витамините.
Лимон за стегање
Тоа овошје е вистински рудник од вредни состојки: благодарение на витамините, минералите и овошната киселина, ја чисти кожата и ги стега порите, без да ја суши.
Рецепт: ноќен крем
Потопете го лимонот пет минути во топла вода, така ќе даде повеќе сок. Исцедете го и процедете го сокот. На пареа стопете 1 дкг какао-путер со една лажица маслиново масло. Тргнете го од шпоретот и додајте го лимоновиот сок со пет капки есенцијално лимоново масло. Секоја вечер нанесете крем на чиста кожа. Чувајте го кремот во фрижидер, а непосредно пред употреба извадете го да стои на собна температура.
Авокадото обновува
Содржи многу есенцијални масни киселини, кои го обновуваат хидролипидниот филм, и затоа е крал меѓу природната козметика.
Рецепт: хранлива маска
Извадете и изгмечете 1/4 од месото на излупеното авокадо. Додајте една лажица багремов мед, една лажица слатка павлака и една лажица ружина водичка. Добро промешајте ја смесата. Нанесете дебел слој на лицето и на вратот. По 10 минути, добро измијте се со млака вода.
![[Image: 6016955D8F116140A2F14B8E870D1CEA.jpg]](http://www.vest.com.mk/WBStorage/Articles/6016955D8F116140A2F14B8E870D1CEA.jpg)
Летни намирници за убавина
Искористете ја големата летна понуда на овошје и зеленчук и пробајте некои од природните рецепти за нега
Морков за исончаност
Неговиот главен адут? Бетакаротенот, кој помага да добиете убава темна боја. Но, морковот е расадник и на други вредни состојки: витамини од групата Б, кои ја јакнат кожата, и витамин Ц, кој дава сјај.
Рецепт: крем за по сончање
На пареа измешајте 1 дкг вазелин со 2 дл масло од пченични никулци. Исцедете сок од два убави моркова и смесата добро промешајте ја за да добиете мазен, хомоген крем. Нанесувајте го на лицето секоја вечер. Чувајте го во сад што се затвора херметички.
Јаболкото ја гаси жедта
Јаболкото содржи многу калиум. Благодарение на него, кожата ја задржува влагата и ја надоместува загубената.
Рецепт: Хидратизирачка маска
Јаболкото излупете го и исечете го на коцкички. Варете ја во 2 дл млеко, притоа гмечејќи ја за да се распадне. Потоа промешајте една лажица брашно и една лажица маслиново масло. Понатаму мешајте додека да добиете мазна смеса. Оваа маска се нанесува млака. По 20 минути темелно измијте ја и нанесете тонизирачки лосион.
Домат за лифтинг
Неговата тајна? Ликопенот, кој дејствува против стареењето. Освен тоа, доматот ја чисти кожата, ги ублажува ситните бели мозолчиња и го подигнува тонусот.
Рецепт: За мазна кожа
Излупете и изгмечете 2 домата, отстранете ги семките и измешајте со сок од 1/2 лимон. Сето тоа измешајте го со една лажица маслиново масло, па таа грутчеста смеса нанесете ја на лицето. По 15 минути темелно измијте го со млака вода.