Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: ЕТИКЕТИТЕ И НИВНАТА ЧУДОТВОРНА МОЌ
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Етикетите кои се лепат на неистомислениците со цел нивно оцрнување, по се изгледа, се најрелевантен фактор за креирање на јавното мнение во Република Македонија. Примери има милион, ги среќаваме во нашето секојдневие. На пример, за оној кој не се сложува со реториката на сегашната власт, најчести етикети се "предавник","сестра","комуњар", независно од наведените факти кои ќе ги прикажеш или кажеш против нив. Кај оние пак од левата стра,а кои се всушност и децата и следбениците на оние кои го имплементираа етикетирањето како библија за брзо и ефикасно уништување на политичките и идеолошки неистомисленици. Тие пак, изобилуваат со цел арсенал на етикети подготвен да го изрешета противникот. Ако им се спротиставиш, ти си веднаш "вмровец", "сељак", "Бугарофил" ( оваа етикета е можеби една од најмоќните со цел да се дискредитираат оние кои се малку повеќе националистички и анти-комунистички настроени, зашто ако не си за Србија и ако не го сакаш Тито ти си веднаш одметник и Бугараш), и уште стотици други примери. Етикетата, на гледачот, читателот или слушателот му делува сугестивно, многу поприфатливо одошто аргументите на другата страна. Затоа и политичкиот дијалог ни е на катасрофално ниво, засновано на навреди и клевети, со цел да се избегнат вистинските проблеми на граѓаните со кои инаку би се занимавале. Што би додале вие за овој феномен? Јас често не можам да го кажам моето мислење, без притоа да бидам етикетиран, иако ни за таа етикета мојот соговорник нема никакви аргументи ,туку ја лепи онака, од ракав. Сте го доживеале ли овој феномен на ваша кожа?
Етикетите се лесно прифатливи, заради тоа што народот е издесиран да ги почитува етикетите на "авторитетните" личности. Згора на тоа, аргументите бараат труд од читателот или слушателот. Затоа, клучно е да се знае кои се тие "опинион мејкери", т.е. како "авторитетните" граѓани станале тоа, за разлика од некои други, што на пример, никогаш не се поканети да гостуваат на некој медуим или да дадат мислење во новинарски текст.

Поткрепа дека "поранешниот систем" сеуште (како и во 1946) владее е фактот дека секој со македонска ориентација се етикетира како "бугараш", па друи и СДБ обработува луѓе то таа линија.
Етикетите се мојата животна приказна...случајно или не , јас имам обичај секогаш да сум критички настроен спрема оние работи кои ми сметаат независно од тоа кој ги прави.Бидејќи актуелната власт е на ВМРО критикувајќи ги континуирано јас се добив со етикетата “главен комуњар“ сеуште актуелна за мое вербално препознавање.Практичното искуство односно она искуство кое го стекнав водејќи конверзации со сегашните млади ’дејци’ на ВМРО ми дава до знаење како што и рече Никола дека тие се всушност немоќни и нормално човек кога се брани не бира средства.Тоа денеска станува толку честа пракса што во јавноста и без причина највулгарно се дискредитираат луѓе за што и да е.
Се губат вистинските вредности на демократијата , а со тоа и на човештвото...во последно време моралот и совеста изгледа станаа космички поими употребувани скоро од никој.
Без конкретни аргументи пуштени да го омаловажат спротивставениот соговорник не се свесни што зборат , ни во најмала рака.Но тоа според мене се должи на партизирањето на сите сегменти на општеството почнувајќи уште од прва година средно(ако не и порано).После сакаме од тие луѓе да очекуваме објективност , одговорност и признавање на пораз кога за СЕ е крив другиот , оној ’сељакон комуњарски/Бугарофилски/Удбашки/славомакедонски...’
(11-01-2011, 09:08 PM)Тозовац Wrote: [ -> ]Етикетите се мојата животна приказна...случајно или не ,

Of-topic
Тозовац да ти пожелам добредојде на форумот од екипата на Котле

Што е всушност вистинскиот проблем со етикетите?? Тоа што некои поими по автоматизам се земаат за негативни и таа негативност се прифаќа како аксиома. А аксиомите се типична карактеристика на Македонецот, тој обожава да си го етикетира животот и сѐ околу него, без да пречекорува некои граници и да преиспита некои свои сфаќања кои му биле на готово турени во главата. Тоа е многу тешко за него, па затоа му е многу полесно да ти залепи етикета. Арно ама има уште нешто тука: дури и некои „добри момци“, кои биле („)жртви(“) на етикетирањето, понекогаш си ги покажуваат „роговите“ - кога се бранат со зборови од типот „не ме етикетирај, не сум комуњар*, бидејќи и јас ги мразам комуњарите*“. Без разлика дали ќе ве наречат комуњар, фашист, бугарофил, србоман, анархист, селанец, првото нешто на кое треба да помисли секој кој има демократски капацитет, е: АКО САКАМ, ИМАМ ПРАВО да бидам и комуњар, и фашист, и анархист, и гркофил, и бугарофил, и албанофил и анархист, и сѐ истовремено. Devil3 Сите овие „епитети“ веќе долго време фигурираат во македонскиот ментален склоп како нешто неоспорно лошо, но сеуште никој кој се служи со нив не се потрудил да даде одговор што има толку лошо во нив, особено во општество кое божем претендира да биде демократско.

*На местото на зборот „комуњар“ замислете си ја било која етикета
Добро ве најдов ...само малце ова човечево со натписот ми боде очи или не е ништо важно :-)
Точно е тоа ...секој може да биде што сака , но секој не може да нарекува секого како сака бидејќи во одредени ситуации може да дојде до повреда на личниот интегритет.Да не го спомнувам фактот што етикетирањето е феномен кој се користи стриктно за дискредитирање на другиот , тоа е основната и единствена намена ...можеби таму треба да се бара негативноста на етикетирањето како појава.
(11-01-2011, 10:28 PM)Тозовац Wrote: [ -> ]Добро ве најдов ...само малце ова човечево со натписот ми боде очи или не е ништо важно :-)

Грешка, се извинувам.
(11-01-2011, 10:41 PM)Тозовац Wrote: [ -> ]Точно е тоа ...секој може да биде што сака , но секој не може да нарекува секого како сака бидејќи во одредени ситуации може да дојде до повреда на личниот интегритет.Да не го спомнувам фактот што етикетирањето е феномен кој се користи стриктно за дискредитирање на другиот , тоа е основната и единствена намена ...можеби таму треба да се бара негативноста на етикетирањето како појава.

Така е де. Само што јас со анализата заминав подалеку - ако се немаше црно-бели сфаќања и толку простачки сфаќања во Македонија, етикетите немаше да ја имаат таа „чудотворна моќ“ за дискредитирање, значи немаше да постојат. Значи прво децата треба да си ги воспитаме да размислуваат со своја глава. Icon_razz
Не можам , а да не ти кажам БРАВО!Точно во сржта на проблемот...воспитанието е апсолутно најважно во дефинирањето на личноста!
Quote:Датум: 12.01.2011, 10:20

ПИСМА

Етикетирање

Луѓето сакаат да ги употребуваат етикетирањата затоа што така не мора да аргументираат (Трошановски). Кога се употребуваат како реторички доказ, кај публиката предизвикуваат емотивни и нагонски негативни или позитивни асоцијации кон предметот на етикетирање. Тие се толку силни што јавноста нема потреба да добие рационални или етички докази и развива тврдокорен став. Овој став потоа лесно се манипулира бидејќи за да мотивира некаква постапка, реторичарот нема потреба да изнаоѓа мерливи и проверливи аргументи!

Доколку го апсорбираме ова научно сознание и го пресликаме во нашата реалност, ќе се добие сликата на денешните македонски „политичари“. На тој начин можат да се откријат нивните скриени намери во држењето јавен говор со цел да се компромитира и дискредитира политичкиот опонент, а со тоа да се изнудат ситнопартиски поени.

Етикетите се лесно прифатливи поради тоа што народот е издресиран да ги почитува етикетите на „авторитетните“ личности. Згора на тоа, аргументите бараат труд - од читателот или слушателот. Затоа, клучно е да се знае кои се тие „опинион мејкери“, т.е. како „авторитетните“ граѓани станале тоа, за разлика од некои други, што на пример никогаш не се поканети да гостуваат на некој медиум или да дадат мислење во новинарски текст.

Етикетирањето и аргументирањето се обратнопропорционални категории, што ќе каже - колку повеќе етикетирањето користи кај реторичарот кон политичките противници или неистомисленици, со толку помалку аргументи располага.

Етикетирањето нема цел создавање добри луѓе, туку со тоа се води душата на издресираниот народ - својство за духовните водачи од античкиот период на софистиката.

Оваа метода нуди можност, во иднина многу полесно и поточно да изградиме и заземеме свој став и мислење за определена индивидуа без оглед дали се наоѓа во нашето политичко, економско, социјално или културолошко опкружување.

„Јас не пишувам за да ви се допаднам, Вие треба нешто да научите“ (Гете, Питоми ксении според Шопенхауер, „Светот како волја и претстава“).

Трајче Арсов, адвокат од Велес
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9572FD095F...7A4D868772
(12-01-2011, 06:46 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: [ -> ]

Браво многу добар текст. Ама има тука и многу психологија. Значи на македонскиот народ му треба и психијатар за да се одвикне од некои работи.