Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Извезени 30.000 јагниња пред католички Божиќ
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Дарко Штаргоски

[Image: jagninja.jpg]

Македонското јагне и оваа година беше главниот специјалитет на Божиќните трпези во Италија и Грција. Во периодот пред католички Божиќ биле извезени 30.000 јагниња.

Задоволни и одгледувачи на овци кои постигнаа добра цена од 200 денари за килограм. Оваа цена е далеку подобра од онаа од 130 денари, колку што се откупуваше македонското јагне за време на Велигденскиот период.

Но, сточарите признаваат дека за жал иако цената е добра, во зима тие имаат помалку јагниња отколку на пролет.

„Нормално сега луѓето се задоволни од оваа цена, добро е, во април цената беше 130 денари што не ни одговараше“, вели Душан Ристески, претседател на здружение на одгледувачи на овци во Прилеп.

„Па да кажам дека сега цената е прилично добра, но за жал нема јагниња сега, малку се“, рече Мирко Димитриоски, одгледувач на овци.

И кланиците во Македонија велат дека државава не поседува доволно јагниња. Им препорачуваат на сточарите да се преориентираат повеќе јагниња да имаат сега, кога цената е висока, и да го зголемат бројот на овци кој моментално се движи околу 600 илјади, бидејќи тука имало чист девизен прилив без надворешни инпути.

„Македонија нема толку јагниња колку што производствените капацитети кај нас можат да преработат и колку што фирмите откупувачи можат да извезат на странските пазари. Тука имаме чист девизен прилив, нема надворешни инпути при производството на јагнињата, имаме домашна храна, домашна трева, вода и ангажирани се домашните извозни капацитети, значи чист девизен прилив“, изјави Ристо Николовски, директор на „Кланекс“ - Прилеп.

Годишно Македонија на странските пазари извезува околу 300 илјади јагниња.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118009
hehe, neka crknat ovija amerikanci! u makedonija jagneto go krkaat za 200 denari kilo, a ovija glupacive plakjaat 15 do 20 dolari za kiloPos23