Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: TESTOVI - da se otkrirme kakvi sme
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Тест

Како реагирате на стресни ситуации?



1. Во продавница стоите во редица пред каса. Пред себе забележувате некој што во кошницата има повеќе од пет производи. Вие...

а) ќе го викнете одговорниот

б) нема да реагирате

в) ќе се пожалите на лицето зад вас



2. Точно знаете кои ситуации ве излудуваат...

а) секогаш

б) никогаш

в) понекогаш



3. Количеството стрес што го доживувате во тешки ситуации е поттикнато од...

а) вашите мисли и чувства

б) вашето однесување

в) се' од горенаведеното



4. Дали се подготвувате за стресни ситуации однапред, вежбајќи како би ги решиле?

а) секогаш

б) никогаш

в) понекогаш



5. Секој ден одделувате време за вежбање и за забава...

а) никогаш, немате време

б) секогаш

в) само за време на викендите



6. Шефот директно ве критикува. Вознемирени сте и ...

а) мислите дека тоа го заслужувате

б) викате на него

в) чекате да се смирите



7. Вашиот пријател во последен момент го откажува заедничкото патување. Вие...

а) луто ја спуштате слушалката

б) наоѓате некој друг пријател

в) излегувате и се забавувате



8. Кога работите ќе тргнат лошо, помислувате...

а) ова е хорор - не можам да издржам

б) ова е предизвик за мене

в) си одам одовде



Решение

Запишете 10 поени за следниве одговори:

1Б, 2A, 3В, 4А, 5Б, 6В, 7Б, 8Б

Запишете 7 поени за следниве одговори:

1В, 2В, 3A, 4В, 5Б, 6А, 7В, 8В

Запишете 0 поени за следниве одговори:

1А, 2Б, 3Б, 4Б, 5А, 6Б, 7А, 8A



Од 0 до 20 поени

Склони сте кон таложење стрес додека не ја досегнете критичната точка. Обидете се да разговарате за сите прашања и проблеми што ве мачат пред да станат премногу тешки. Одделете повеќе време за да се релаксирате и да најдете начин да го исфрлите стресот преку вежбање, џогирање...



Од 25 до 55 поени



Разговарате за стресни ситуации, но често со оние што не можат вистински да ви помогнат. Обидете се да ги визуелизирате ситуациите што се стресни за вас и замислете си како ги решавате. Избегнувањето на стресни ситуации не помага многу. Прифатете ги проектите што ќе ја зголемат вашата самодоверба.



Од 60 до 80 поени

Знаете што ве доведува до стрес и успешно се носите со проблемите. Добро проценувате се' што ви се случува во животот и секогаш знаете да реагирате на најдобар можен начин. Стресот е нешто со кое се живее, а вие сте секогаш подготвени за стресни ситуации. Сметате дека стресот понекогаш може да биде и поттикнувачки.