Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Месиќ: Белград тешко ќе го докаже геноцидот над Србите
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Месиќ: Белград тешко ќе го докаже геноцидот над Србите

02.01.2010

[Image: stipe-mesic1.jpg]
Стјепан Месиќ

Ниту еден хрватски војник не ја преминал границата со Србија, не убил, не запалил куќа и не бомбардирал за време на војната во 90-тите.

Со овие зборови хрватскиот претседател Стјепан Месиќ го коментираше евентуалното поднесување на тужба против Хрватска што го најавија српските власти.

Според неговите зборови, главниот интерес на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ, била србите од Хрватска да се вратат во својата татковина, поточно на Косово кое претходно имал намера да го исчисти од Албанци.

Претседателот Месиќ, во петок присуствуваше на новогодишниот концерт во Виена, а негов домаќин беше австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Двајцата претседатели меѓу другото разговарале и за политичката состојба во Хрватска како и за вториот круг од престојните претседателски избори.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118195