Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Da znaeme povece za sekojdnevieto !!!!!
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Ne e loso da naucime, da sme posigurni za sekojdnevnite raboti od zivotot ili pak koga ce procitame ce bideme posigurni vo sebe.....



Тајната на совршеното ракување



Просечен човек го прави тоа околу 15 илјади пати за време на неговиот живот.
Но, барем една петина од луѓето на земјата - оние кои се левораки- се загрижени дека тоа го прават погрешно.

Еве зошто еден британски професор измисли формула за совршеното ракување.

Историја

Тоа е симбол на пријателство и посветеност која што трае низ вековите.

Археолошките докази покажуваат дека луѓето запечатувале договори со тоа што се ракувале уште од пред две илјади години.

Но, јас на пример како левучар, отсекогаш сум се чувствувал малку непријатно околу праксата која изгледа дека се прави исклучително со десна рака.

И јас не сум единствениот кој има зддршка околу ракувањето.

Истражување напревено од Универзитетот Манчестер во Британија откри дека повеќе од две третини од луѓето немаат баш самодовреба кога се ракуваат.

Всушност оваа непријатност на еден или друг начин сме ја искусиле сите ние - испотената дланка, неподвижниот глужд или пак уште полошо- силното зграпчување и стегање на раката.

Тајната

Сега професорот Џефри Бети идентификуваше 12 фактори кои овозможуваат да се подобри квалитетот на ракувањето.

И тој дојде до формулата за СР - или Формула са Совршено Ракување.

SR = x:y x (2+z)+.....

И ако со ова работите не стануваат појасни тогаш еве го советот на Бети преведен на говорен јазик: фатете ја дланката на со-ракувачот целосно и стиснете ја, протресете ја три пати и држете ја максимум три секунди пред да ја пуштите.

Одржете контакт со очите. И најважно од се' направете го тоа со десната рака.