30-10-2022, 09:34 PM
Quote:Миодраг Лабовиќ
пред 8 часа
Почитувани пријатели, се обидувам да разјаснам некои работи во сложениот мозаик, со оглед на тоа што очигледно коцките во тој мозаик не успееа да ги сложат дури и некои мои најблиски пријатели и колеги. Имено, ова емисија уште еднаш јасно покажа , како пред вештите ораторски способности на мојот соговорник “кровот“ може да стане “темел“ и на таа искривена перцепција повторно и повторно да се воодушевуваме на инаку сосема точните констатации, кои не одат подалеку од тоа (хиперболично и метафорично да се изразам), кога на пример полагаме испит по математика на факултет и се воодушевуваме дека сме го знаеле одговорот на прашањето дека 1+1=2 и тука да ја завршиме целата дискусија. Во тој контекст, прашањето за потребата од утврдување ОДГОВОРНОСТ за судиите и ЈО. е надвор од секоја дискусија, бидејќи ние 30 г. констатираме дека е потребно да се утврди ОДГОВОРНОСТ. Но, вистинското прашање не е дали ни треба одговорност, оти ван секоја дискусија е дека тоа е повеќе од потребно, оти без одговорност нема конкуренција, без конкуренција нема квалитет, а без квалитет нема развој во ниту една област . Според тоа, вистинското прашање ( равенка со 99 непознати) е кој и како да ја утврди оваа одговорност, кога исто така, знаеме дека 30 г. во судството и обвинителството, но и во сите други значајни сфери, фактичката контрола ја има извршната власт врз телата кои се надлежни да ја утврдуваат одговорноста. Оттука, логиката вели дека најпрво треба темелни структурни реформи во системите, со цел да се на нов квалитативен начин конституираат оптимално независни институции (тела), имајќи предвид дека апсолутна независност нема, а потоа да се изведе доследно развиен систем на поделба на власта, со меѓусебна контрола на круцијалните државни институции на највисоко ниво, во кое ни една институција, не само владата, нема да остане надвор од контрола. Ние и сега имаме независни институции, но само од формално правен аспект. Фактички, се покажува дека 30 г. со помал или поголем обем и интензитет извшрната власт има фактичка контрола врз формално правно независните институции, какви што се на пример, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители итн. За да има утврдување на вистинска, објективна одговорност, освен прашањето дали ние сега во нашиот правен систем имаме оптимално независни институции, кои ќе го прават тоа, треба да се постави прашањето ( а прашањето е веќе поставено и дадени се одговори на причините и решенијата во научната студија на проф. д-р Миодраг Лабовиќ), за тоа што друго треба да се направи освен конституирањето на независни институции и нивна меѓусебна контрола. Тоа е третото ниво ( а ги има дури девет -9 нивоа, но заради просторот овде неможам да ве оптеретувам). Во ова трето ниво , потребна е темелна структурна реформа во политичкиот систем, во која една од најважните цели е Владата да се ослободи од огромната концентрација на неконтролирана моќ, имајќи го предвид неспорниот емпириски факт дека во трипартитната поделба на власта, владата е повеќе од доминантна ( своевидна четврта власт е уставниот суд, како и други државни институции кои декларативно се само независни). За таа цел, меѓудругите многубројни решенија, во научната студија се предвидени и решенија како владата да се демонополизира од нетипичните владини функции, на главен кадровик, главен работодавач и главен инвенститор во државата. Оттука, погрешни се заклучоците дека Лабовиќ заговара развалстување на Валадата, деконцентрација или децентрализација не нејзините оригинерни функции. Напротив, сите типично владини функции остануваат, како што се водењто на тековните економски, финансиски, енергетски, надворешни, безбедносни, еколошки, здравствени, образовни и други политики. Владата реба да се ослободи само од нејзините нетипични ингеренции, кои во едно фрагилно општество добиваат сосема други димензии отколку што е тоа случај со општествата кои имаат долготрајни праламантарни традиции, сосема поинаков тип политичка култура, правна свест, долготрајна државност, некои од водечките земји во ЕУ и НАТО до скоро беа империјални колонијални сили, така што заради сите тие фактори имаат и различен менталитет итн Оттука, само со темелни структурни реформи во системите, независните институции ќе можат да бидат во состојба на баланс, ќе моѓат меѓусебно да се контролираат и да ја утврдуваат неселективно и објективно одговорноста на сите. Иначе, постојат разни модуси, како тоа да се направи. ВЕТИНГОТ ЗА кој зборуваше почитуваниот Г-дин Давидовиќ е една од најслабите варијанти, затоа што тоа може да биде кампањска хајка на едни партиски инструментализирани чинители против други партиски послушници. Впрочем, ветингот не ги даде очекуваните резултати ниту во Ачлбанија, која се споменува. Факт е дека Албанија останува закопана во високата корупција и дека таму допрва се потребни вистински темелни реформи. Решението е во системски втемелена перманентна постапка за утврдување одговорност, која нема да зависи од тоа дали имамло или немало политичка воља, без оглед која политичка партија ќе ја има власта. За жал, заради честите прекинувања и забрзување на дискусијата, не можеше ова сталожено да се објасни на самата емисија. Се надевам дека барем малку нешто појаснив, во инаку доста обемниот и сложен мозаик, во кој повторувам: не им е лесно ниту на универзитетските професори, ниту на експертите, да ги сложат коцките.