12-06-2022, 07:38 PM
Quote:„БИТОЛСКИОТ" МИХАЈЛОВИЗАМ“
Фросина Ременски, фејсбук статус 12.06.2022
Дали беше потребно палењето на бугарскиот културен клуб во Битола, за да почне дебатата за михајловизмот?
За жал, дебатата се отвори заради оправдување на чинот на палење на клубот, а помалку за вистинската цел на михајловизмот како идејнополитички дискурс кој е присутен колку што трае дебатата за Македонија и за тоа, кој за што се борел во минатото и денес.
За овој (внатрешен) проблем зборував и пишував многу одамна (пред повеќе од 12 години) кога немаше ниту клуб, ниту палби, во контекст на еден од системско-подривачките процеси чии резултати ги гледаме денес.
Тоа беше ЛУСТРАЦИЈАТА која ја спроведуваше еден битолчанец - Томе Ациев
Прочитајте повеќе за целиот процес на лустрација и тоа што го напишав/напишавме во 2012
(https://www.google.mk/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://fosm.mk/wp-content/uploads/2019/01/kniga-makedonskata-lustracija-mk.pdf&ved=2ahUKEwi-wZP8v6L4AhWQlP0HHZtJDOEQFnoECBMQAQ&usg=AOvVaw3xapOsbp2HymVcLM173q1C)
Без да навлегувам во промоторите, начинот и ефектите од промашениот процес на лустрација (прочитајте повеќе на линкот), кој божем требаше да спроведе европска резолуција за расчистување со минатото, ќе го истакнам моментот што малкумина го препознаа, а тој момент го означи почетокот на РЕВИТАЛИЗАЦИЈА на МИХАЈЛОВИЗМОТ во Македонија
Во периодот на лустрација (особено 2011-2013) со големи медиумска помпа за достигнувања се читаа имиња на т.н., кодоши, информатори, соработници на УДБА, СДБ, ДБК. Беа лустрирани околу 300 лица, и според извештајот на Аџиев прегледани биле околу 30.000 досијеа од Архивот.
И тогаш и сега за многумина термините "соработник", "кодош", "информатор" или "оперативна врска" се виша математика, за да можат да разберат кој, за што и од кои причини влегол во аналите на документацијата на безбедносните служби.
Со тој процес на лустрација беше промашена ЛИНИЈАТА НА РАБОТА на СДБ која требаше да биде оценета како недемократска, а за сметка на тоа, преку процесот на лустрација суптилно беше заштитена, односно рехабилитирана
првата поткатегорија на линијата на работа на СДБ "внатрешен непријател" во која влегуваа сите структури кои за време на антифашистичката борба биле колаборационисти со фашистите, нацистите, одметници, дезертери итн.
По оваа линија на работа секоја управа на СДБ во бившите YU републики на национално и на сојузно ниво ги именувале структурите и идејнополитичките доктрини со кои ги означувала соработници со фашизмот, нивните идеопоклоници, промотори и поддржувачи и со право ги третирале како антидржавни идеологии и лица.
Хрватското СДБ ги имаше "Павелиќи" и се бореше против усташкото повоено движење и следбениците на Анте Павелиќ;
Срското СДБ се бореше против четничките структури на Дража Михајловиќ кој во 1946 беше погубен заради соработка со нацистите;
Македонското СДБ ги имаше "ванчомихајловистите" и се бореше против структурите и поддржувачите на соработникот со фашистите Ванчо Михајлов кој до својата смрт во 1990 годинс делуваше од Италија,
Сојузната СДБ и сите републички управи заедно се бореа против "сталинистите" (поддржувачите на Информбирото), иредентисите и сите либерални и анархолиберални структури насочени против еднопартискиот систем (овие последните две требаше да бидат во фокус на лустрацијата како недемократски).
За време на таа лустрација во обидот да глуми голем патриота и антикомунист, Аџиев на тапет стави луѓе кои работеле или биле на линија на тој анти-михајловизмот, бидејќи нивни информации за делување на тие михајловистички структури биле споменувани во извештаи на службата за безбедност која легитимно обработувала промотори на идеите и делото на Ванчо Михајлов.
Но, имињата на третираните михајловисти кои според Аџиев биле "жртви" и требало да бидат рехабилитирани преку лустрацијата никогаш не беа откриени. Спротивно на тоа, на тапет беа ставени лица кои бил против нив
Уште тогаш прашував јавно и пишував:
Дали за нас како држава е вреден процес на лустрација кој беше изместен од својата основа и цел
и,
Дали врховизмот, михајловизмот, сталинизмот и иредентизмот се идеологиите кои треба да се штитат преку лустрацијата и да ги рехабилитира ванчомихајловистите
И тогаш и сега никој нема да сака да одговори на ова прашање кое како бумеранг ни ги вратија неофашистичките идеологии, зад превез на некаква култура, права, малцинства итн., преку една модерна хибридна разузнавачка операција во која се произведуваат лажни жртви, инстант херио, предавници, патриоти и буди задоцнет антифашизам.
Од 300-те лустрирани во тој процес околу 230 се на линија - "михајловизам", па видете вие за што бил наменет тој "антикомунистички проект"
Останатите 70 добија поништување на решенијата на Аџиев и значки на "кодоши".
Во контекст на сето кажано, кога ќе се сетам дека дел од бугарскиот државен врв застапуваше барање за расчистување со комунистичкото минато во Македонија, тоа во превод би значело дека:
Се' што работела СДБ по линија "врховизам-михајловизам" и сите следбеници на Ванчо Михајлов и неговата антимакедонска идеологија треба да бидат рехабилитирани, односно да се пригласат за репресирани; и,
Дека "расчистувањето со Титовото минато" за Македонците ќе значи отповикување на бугарското признавање 1945-1948 година, дека во Бугарија имало/има Македонци, имало попис и имало културна автономија како заслуга на меѓудржавната соработка помеѓу тогашните комунистички партии.
И на крајот, се' додека овие процеси се гледаат одделно и секој се удира во гради кој бил поголем или помал Македонец, антифашист, патриот, херој и сл., и додека не се разбере дека во позадина на видливата сцена лежи гранката која долги години сами сме си ја сечеле преку квази- процеси, реформатори и патриоти, до тогаш ќе се гледа кратко и ќе се "плива" (размислува) плитко.
На битолчанецот Томе Аџиев, во екот на овие протести во Битола, ниту ќе му фали влакно од главата, ниту пак некој ќе го праша што повампири со неговиот "антикомунистички придонес", а најмалку ќе се најде некој "Ламбе" да му ја потп'рли брадата (вратата).
Македонија пати од заборавот на вредното- вистинитото поблиско и подалечно минато.
Quote:Јордан Петровски
Се надевам дека прифатите полемика со мене околу овој ваш текст!
Ке тргнам од овој ваш навод:
-„Македонското СДБ ги имаше "ванчомихајловистите" и се бореше против структурите и поддржувачите на соработникот со фашистите Ванчо Михајлов кој до својата смрт во 1990 годинс делуваше од Италија,“
УДБа и СДБ после 1945 година ја продолжија шемата на работа на Српските служби и власт која е започната на крајот на 19 и почетокот на 20 век кога Србија почнува да уфрла во Вартдарскиот дел на Македонија свои чети претежно составени од воени лица за да го заштити „СРПСКОТ живаљ“ од Бугарскиот терор. Србите припадниците на ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО чии чети се бореле против Турците вели дека тоа биле Бугари а тоа го прави за да не признае дека во Македонија живеат Македонци бидејки тогаш ке признае дека Србите упаѓаат на територија на Македонија и се борат против Македонци!
Затоа УДБа и СДБ не признаваа дека гонат, судат и затвараат Македонци кои се бореа за Обединета и Самостојна држава надвор од рамките на Југославија.
На што според Уставот на ДФЈ, ФНРЈ и СФРЈ кој гарантираше право на народите на Југославија право на раздружување до отцепување од Југославија. Ако УДБа и СДБ признаеле дека прогонуваат Македонци од причина што тие барала раздружување до отцепување од Југославија ке признаела дека не почитува права и слободи гарантирани со Устав!
Еве еден од доказите за тоа :
„Ванчомихајловистите“ кои го гонеше УДБа а потоа СДБ беа припадници и основачи на ВМРО СДРМА , ВМРО Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка!
Дали „ванчовимахловизам“ е барање со политички средства на Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка?