Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА СУДИРОТ ПОМЕЃУ ПОДРЖУВАЧИТЕ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА БОГДАНОВСКИ
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Quote:Реакција во врска со публикувањето на „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“

четврток, 16 декември 2021, 11:18

Реакцијата е објавена од НЕТПРЕС  од каде и јас сум ја превзел


[Image: Untitled-3.jpg]

Неодамна  од печат излезе изданието „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“, кое официјално не беше промовирано, туку информацијата за неговото печатење проструи меѓу почитувачите на ликот и делото на Драган Богдановски. По детално анализирање на содржината на изданието, сметавме дека е повеќе од потребно добронамерно да реагираме за низа пропусти што се направени во создавањето на т.н. „Дневник“.
Најпрво, ја поздравуваме и ја разбираме почитта на Македонците од Перт, Аделаид и цела Австралија спрема сето она што го остави Драган Богдановски во својот живот како заслуга за Македонија. Убедени сме дека членовите на техничката редакција на изданието се вложиле од приврзаност и патриотизам, кој многупати е докажан. Секој донатор на финансиски средства за печатење на изданието извоил лични средства верувајќи дека помага да се открие уште еден мозаик од вистината за една голема личност од македонската историја, кој со своето дејствување ги поврзуваше матицата и емиграцијата.
Сепак, во интерес на вистината и на научната заснованост како и во однос на квалитетот на самото издание, на техничката редакција требало да ѝ бидат предочени неколку услови и барања пред да премине на финансирање и печатење на т.н. „Дневник“:
  • Според Законот за авторски права на Република Македонија издавачите требало да побараат авторско право за издавање на овој ракопис од семејството (правни наследници на Драган Богдановски). Носителот на авторското право треба да се наведе во изданието, а тоа не е направено. Член 64 од истоимениот закон вели дека авторското право тече и до 70 години по создавањето на делото.
  • Доколку постои оригинален ракопис од т.н. „Дневник“, издавачот претходно требало да му го достави во оригинална, или во скенирана форма на семејството. Тоа е морална и етичка должност.
  • Во самото издание не е вклучен ниту еден факсимил од оригиналот на т.н. „Дневник“, а тоа е задолжително за да се потврди автентичноста на она што го содржи изданието, кое во овој случај е само компјутерски обработено.
  • Изданието нема уредник а задолжително мора да биде наведен.
–     Стручно-методолошкиот пристап за подготовка на издание подразбира пред печатењето издавачот да го достави изданието на историчари и истражувачи чија потесна специјалност е дејноста на Богдановски за да утврдат дали оригиналот на т.н. „Дневник“ е навистина ракопис на Драган Богдановски врз основа на критички и компаративен метод, или е подметнат од Службата за државна безбедност, која долги години го следеше, го тормозеше и правеше обиди за негова компромитација.
–     Содржината на изданието не е стручно-методолошки обработена односно нема појаснувања, фусноти и обработка на ракописот, туку како „суров“ материјал е препуштен на читателот самиот да вади заклучоци врз основа на неговите претходни знаења.
–     Изданието нема свој ЦИП-запис и ИСБН број и не е регистрирано во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, што е исто така задолжително за секое издание.
Од анализата на содржината на изданието, која ја направија семејството и соработници на Драган Богдановски како и истражувачи што многу години го истражуваат неговото дејствување, заклучивме дека овој ракопис не е на Драган Богдановски. Според сите параметри, почнувајќи од стилот на пишување и изразување, многуте неточни податоци за местото каде што бил испрашуван Богдановски, фактографските грешки и низа други пропусти, сметаме дека т.н. „Дневник“ се состои од надградени полициски конструкции од времето на постоење на Службата за државна безбедност. Постојат живи сведоци на присилниот престој на Богдановски, чии тврдења за условите и за објектот во кои бил сместен и престојувал се сосема спротивни од она што го пишува во т.н. „Дневник“.
Понатаму, не постои ниту еден документ во огромното досие на Драган Богдановски, ниту, пак, тој некогаш му се доверил на некој од семејството, или на соработниците дека пишува дневник. Општо е познато дека кога се пишува дневник се пишува според денови, недели или месеци и најчесто се почнува од раното детство, што во овој случај не е така. Тука е обработен само периодот кога Драган Богдановски е испрашуван од иследниците на УДБА. Мораме да потенцираме дека содржината го наведува читателот да мисли дека Богдановски е патриот, но и соработник на југословенските служби, теза која самата Служба за државна безбедност му ја прилепува за да го дискредитира и да создаде недоверба кај неговите најблиски соработници. Следствено, избраниот наслов „Дневникот на македонскиот страдалник Драган Богдановски“ е циничен и спротивен на делови од содржината на изданието.
Ние, почитувачите и истражувачите на делото на Драган Богдановски од Република Македонија и од македонската емиграција, со децении настојуваме да го рехабилитираме Драган Богдановски и со аргументи да ги побиеме етикетите и лагите што тајните служби му ги прилепија и ден-денес се искористуваат од неговите противници. Ова издание, според нашето мислење, оди во прилог на оспорувачите на вистината за Драган Богдановски и само ќе послужи за објавување на подметнати компромитирачки „изјави“ на Драган Богдановски.
Апелираме до техничката редакција на изданието да ги земат предвид сите наши укажувања и да ги проверат, а печатеното издание да биде времено повлечено додека не се расчистат сите дилеми. Ги повикуваме членовите на редакцијата да ја испитаат целата постапка на публикување на изданието, од давањето на иницијативата до излегувањето од печат.
Уште еднаш напоменуваме дека ги разбираме нивните добри намери и ја почитуваме нивната заложба за да го добие Драган Богдановски конечно заслуженото место во колективната меморија на македонскиот народ. Веруваме дека со заеднички напори тоа може да го направиме во интерес на Македонија.
Со братски македонски поздрав!
Скопје, 16 декември 2021 г.
Раде Станковски, брат на Драган Богдановски;
Драган Петковски, внук на Драган Богдановски;
Владо Транталовски, еден од основачите на
ВМРО-ДПМНЕ и близок пријател на
Драган Богдановски;
Диана Транталовска, една од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и
м-р Марјан Гијовски, докторант на докторскистудии за македонската политичка емиграција.
На реакцијата на семејството, почитувачите и истражувачите на делото на Драган Богдановски одговри Професор Виолета Ачкоска со фб статус:


[Image: image.jpg]
[Image: 1.jpg]
На реакцијата на емејството, почитувачите и истражувачите на делото на Драган Богдановски одговрија и издавачите:

Quote:ОДГОВОР НА ИЗДАВАЧИТЕ НА „ДНЕВНИКОТ НА МАКЕДОНСКИОТ МАЧЕНИК ДРАГАН БОГДАНОВСКИ“ -ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ Е ЦЕЛОСНО АВТЕНТИЧЕН

Го пренесувам одговорот на издавачите на „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ на реакцијата на дел од семејството и на пријатели на Драган Богдановски објавено во НЕТПРЕС,под наслов: Реакција во врска со публикувањето на „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ бидејки одговорот не е објавен во ниту еден медиум во Македонија а за да се дознае вистината секогаш треба да се слушнат и двете страни!

(Делови од овој Дневник своевремено се објавени уште додека Драган беше жив и со негова дозвола)
На 14.12.2021 на порталот Нетпрес објавена е реакција со забелешки за книгата „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“, која неодамна е објавена во Австралија. Потписници на Реакцијата се: Раде Станковски, брат на Драган Богдановски; Драган Петковски, внук на Драган Богдановски; Владо Транталовски, потпишан како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и близок пријател на Драган Богдановски; Диана Транталовска, една од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и м-р Марјан Гијовски, докторант на докторски студии за македонската политичка емиграција, за кого не знаеме во какво својство ја потпишал оваа реакција кога (според нашите сознанија) нема објавено ништо за ликот и делото на Драган Богдановски. Очигледно овој млад историчар уште на почетокот на својата кариера направил сериозно промашување кога наивно потпишал писмо во кое, без никакви аргументи, Дневникот на Драган Богдановски се прогласува за „лажен“. Иако потписниците на оваа реакција се обидуваат да се прикажат како „добронамерници“, суштината и содржината на нивната реакција недвосмислено е злонамерна со крајна цел: Дневникот да се прогласи за „лажен“, а книгата да се повлече од јавноста. Јасно е дека тие тоа го прават поради неостварени лични амбиции на некои од нив што во продолжение ќе го објасниме. А сега, да поминеме на фактите. Ќе направиме осврт на нивните забелешки во врска со книгата заедно со нашите одговори. На почетокот тие пишуваат (цитираме):

„Според Законот за авторски права на Република Македонија издавачите требало да побараат авторско право за издавање на овој ракопис од семејството (правни наследници на Драган Богдановски). Носителот на авторското право треба да се наведе во изданието, а тоа не е направено. Член 64 од истоимениот закон вели дека авторското право тече и до 70 години по создавањето на делото.“

НАШ ОДГОВОР: Точно е дека во Законот за авторски права на РМ пишува така, но не знаеме каква врска има тоа со потписниците на оваа реакција. Имено, во истиот закон точка 64 став 3 пишува: „На наследувањето на авторското право, доколку со овој закон поинаку не е определено, се применуваат прописите за наследување“. Значи наследувањето на авторското право е регулирано според прописите за наследување. Во самиот Закон за наследувањето, пак, јасно пишува што се подразбира под наследници кои (во случајов) би можеле да го наследат авторското право. Во Глава II, 1 член 13, пишува: „Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и неговиот брачен другар.“ Значи доколку некој треба да праша за авторските права на овој Дневник, тоа треба да биде единствениот жив син на Драган Богдановски по име Пер-Арне Богдановски, а не негови браќа, внуци, правнуци, снаи или зетовци... Понатаму, во продолжение ќе видиме дека делови од Дневникот на Драган Богдановски (објавени во оваа книга) веќе беа објавени и во в. „Маcedonia Weekly Herald“ од Мелбурн уште кога Драган беше жив, т.е. со негово знаење и дозвола, па ние овде само направивме дополнето издание на тој веќе објавен материјал.

Во продолжение „добронамерните“ потписници на реакцијата пишуваат:

„Доколку постои оригинален ракопис од т.н. „Дневник“, издавачот претходно требало да му го достави во оригинална, или во скенирана форма на семејството. Тоа е морална и етичка должност“.

НАШ ОДГОВОР: Се согласуваме со ова, но повторно не знаеме зошто тоа ги засега потписниците на реакцијата. Единствен законски наследник на Драган е неговиот син, со кого ние направивме напори (и ќе правиме и во иднина) да му доставиме копија од Дневникот, иако тој засега не покажува интерес за такво нешто. Немаме намера копија од Дневникот да испраќаме на сите роднини на Драган, туку само на неговиот единствен законски наследник.

Во продолжение на реакцијата читаме:

„Во самото издание не е вклучен ниту еден факсимил од оригиналот на т.н. „Дневник“, а тоа е задолжително за да се потврди автентичноста на она што го содржи изданието, кое во овој случај е само компјутерски обработено“.

НАШ ОДГОВОР: Во ниту еден закон не пишува дека е задолжително да се објави факсимил од Дневник. Постојат бројни изданија кај нас и во светот со историски документи каде не е наведен ниту еден факсимил, туку е наведен нивниот извор. Многу поважно е дали тој Дневник е автентичен или не, а во случајов се работи за автентичен Дневник (мемоари) на Драган Богдановски од кои делови веќе беа објавени уште додека тој беше жив.

Понатаму „добронамерните“ автори на Реакцијата пишуваат:

„Стручно-методолошкиот пристап за подготовка на издание подразбира пред печатењето издавачот да го достави изданието на историчари и истражувачи чија потесна специјалност е дејноста на Богдановски за да утврдат дали оригиналот на т.н. „Дневник“ е навистина ракопис на Драган Богдановски врз основа на критички и компаративен метод, или е подметнат од Службата за државна безбедност, која долги години го следеше, го тормозеше и правеше обиди за негова компромитација“.

НАШ ОДГОВОР. Дневникот пред неговото објавување го прегледа д-р Виолета Ачкоска која во моментов е најголемиот експерт за македонските илегални организации по Втората светска војна. Во врска со Дневникот, во неговиот Предговор, д-р Ачкоска пишува (цитираме): „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски е последниот напишан документ за неговите страданија и мачеништво од страна на македонските, југословенски удбаши... Благодарение на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ од Перт и Аделаид дневникот ќе биде само уште еден дел од историската борба и страдања на духовниот водач и основоположникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски.“ Д-р Ачкоска и на својот фејсбук профил објави текст со поддршка на Дневникот и тоа откако ја прочита Реакцијата на „добронамерниците“.

Во продолжение на Реакцијата читаме:

„Содржината на изданието не е стручно-методолошки обработена односно нема појаснувања, фусноти и обработка на ракописот, туку како „суров“ материјал е препуштен на читателот самиот да вади заклучоци врз основа на неговите претходни знаења“.

НАШ ОДГОВОР: Ова е субјективно мислење. Во книгата се објавени податоци за тоа кој бил Драган и каква била неговата активност, т.е. негова кратка биографија, но наша цел беше во книгата доминантен да биде неговиот автентичен Дневник (мемоари).

Во продолжение читаме:
„Изданието нема свој ЦИП-запис и ИСБН број и не е регистрирано во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, што е исто така задолжително за секое издание.“

НАШ ОДГОВОР: Навистина се чудиме на ваквата забелешка. Авторите на реакцијата добро знаат дека книгата е објавена во издание на австралиски субјекти (иако формално е печатена во Македонија – таа сепак е издадена во странство). Ова значи дека законите на РМ од областа на издаваштвото не важат за оваа книга.

Во продолжение на Реакцијата нејзините автори пишуваат:

„Од анализата на содржината на изданието, која ја направија семејството и соработници на Драган Богдановски како и истражувачи што многу години го истражуваат неговото дејствување, заклучивме дека овој ракопис не е на Драган Богдановски. Според сите параметри, почнувајќи од стилот на пишување и изразување, многуте неточни податоци за местото каде што бил испрашуван Богдановски, фактографските грешки и низа други пропусти, сметаме дека т.н. „Дневник“ се состои од надградени полициски конструкции од времето на постоење на Службата за државна безбедност. Постојат живи сведоци на присилниот престој на Богдановски, чии тврдења за условите и за објектот во кои бил сместен и престојувал се сосема спротивни од она што го пишува во т.н. „Дневник“.

НАШ ОДГОВОР: Овде авторите на реакцијата го направиле најголемото промашување! Тие тврдат дека Дневникот не бил напишан од страна на Драган Богдановски (!?). Пак ќе повториме дека делови од овој автентичен Дневник ВЕЌЕ БЕА ОБЈАВЕНИ УШТЕ ДОДЕКА ДРАГАН БЕШЕ ЖИВ!!! Со негова дозвола и знаење, извадоци од неговиот Дневник, како мини фељтон, беа објавени во в. „„Маcedonia Weekly Herald“ од Мелбурн и тоа уште во 1990 година. Овие весници со малку труд секој може да ги набави и да се увери во тоа, а овде приложуваме копија од првото продолжение каде јасно се гледа дека текстот е сосема ист како во книгата во која само се преобјавени сите овие делови дополнети со други делови од неговиот Дневник. Навистина нѐ интересира каков коментар ќе дадат на ова „добронамерните“ потписници на реакцијата.

Во продолжение читаме:

„Понатаму, не постои ниту еден документ во огромното досие на Драган Богдановски, ниту, пак, тој некогаш му се доверил на некој од семејството, или на соработниците дека пишува дневник. Општо е познато дека кога се пишува дневник се пишува според денови, недели или месеци и најчесто се почнува од раното детство, што во овој случај не е така. Тука е обработен само периодот кога Драган Богдановски е испрашуван од иследниците на УДБА. Мораме да потенцираме дека содржината го наведува читателот да мисли дека Богдановски е патриот, но и соработник на југословенските служби, теза која самата Служба за државна безбедност му ја прилепува за да го дискредитира и да создаде недоверба кај неговите најблиски соработници. Следствено, избраниот наслов „Дневникот на македонскиот страдалник Драган Богдановски“ е циничен и спротивен на делови од содржината на изданието.

НАШ ОДГОВОР: Овде авторите на реакцијата го достигнале дното на својот памфлет. Како прво во книгата е јасно наведено дека ова е само ДЕЛ од неговиот Дневник, што значи дека постои и друг дел или делови кои нам не ни се достапни. Понатаму, поимот „Дневник“ овде е употребен во поширока смисла на зборот (во смисла на мемоари) од аспект дека тој самиот запишувал што му се случувало за време кога бил во затвор. Ирелевантно е дали Драган известил некого од потписниците на оваа реакција околу тоа дали пишува дневник (мемоари) или не (иако ни ваквото нивно тврдење не е точно). Имено, Драган почнал да го пишува својот дневник (мемоари) недолго по излегувањето од затвор. На 10 јуни 1990 година, тој лично му го дал првиот дел од дневникот (мемоарите) на долупотпишаниот Јордан Груев во Шведска и тоа скенирани во ПДФ формат. Тогаш Драган го известил Јордан дека вториот дел дополнително ќе им го достави откако истиот ќе го заврши. Истата година Груев го доставил делот од дневникот што го добил до Панко Стамкоски, сопственик и уредник на в. „Маcedonia Weekly Herald“ од Мелбурн. Веднаш потоа (со знаење и дозвола од Драган) истата 1990 година Панко почнал со објавување на овој материјал во форма на фељтон. Во меѓувреме Драган го доставил до Панко и вториот дел од Дневникот (мемоарите). По неколку објавени продолженија Панко предложил сето тоа да се објави како книга, а не како фељтон. Но, поради низа главно објективни околности оваа иницијатива прво се одложила, а потоа останала во мирување заради други обврски од страна на Панко. Во 2007 година Панко почина, а копија од првиот и примерок од вториот дел од Дневникот (мемоарите) на Драган останаа кај сопругата на Панко, која потоа ги продала на лице од Мелбурн, кој пак ги доставил до еден поранешен премиер. По безуспешните напори да дојдеме до вториот дел, ние долупотпишаните решивме да го објавиме само првиот дел што му беше доставен на Јордан. Значи, не е точно дека никој не знаел за постоењето на овој Дневник. Освен Груев, Стамкоски, неговата сопруга и други лица, за постоењето на овие материјали знаеја и бројните читатели на в. „Маcedonia Weekly Herald“, каде истите беа делумно објавени во продолженија. Конечно, за постоењето на овој Дневник сосема добро знаеше и потписничката на Реакцијата Диана Транталовска која во 2015 година и самата безуспешно се обиде да го набави од Австралија за што постојат сведоци. Се прашуваме доколку таа го набавеше и го објавеше овој материјал, дали сега ќе се критикуваше самата себе? Или доколку сметала дека овој Дневник е „фалсификат“ зошто толку упорно се обидуваше да го добие? И конечно, ако Дневникот бил „фалсификат“ зарем Драган немаше да реагира на објавувањето делови од истиот во 1990 година од страна на неговиот близок соработник Панко Стамкоски? По потреба можеме да приложиме страници од Дневникот заедно со други писма од Драган, за да се види дека се пишувани со иста машина за пишување. Значи премногу докази има за да се побие дрската лага на „добронамерниците“ според која овој Дневник наводно бил „фалсификат“. Потписниците на Реакцијата, велат дека наводно УДБ-а стоела зад овој Дневник, па поради фактот што лично Драган го одобрил неговото објавување, испаѓа дека тие инсинуираат дека тој дозволил да се објават во негово име материјали подготвени од УДБ-а (!?). Ако некој навистина така мисли тогаш самиот тој го понижува и потценува Драган Богдановски. Впрочем, за карактерот на Дневникот зборува и самата негова содржина. Дневникот е полн со критики и омраза против УДБ-а и поедини нејзини инспектори, а во него Драган графично ги опишува и методите на измачување што биле применувани против него. Еве еден извадок од книгата каде Драган ги опишуватортурите што ги доживеал:
„...Ги собув чорапите и милиционерите ме легнаа на мевот. Притоа двајцата од нив ми седнаа на грбот. Третиот од нив ми ги превитка нозете кај колениците и триножното столче го подметна под нив, така да стапалата стоеја во хоризонтална положба врз столчето. Од првите удари со гумениот пендрек по стапалата ми севнаа искри во мозокот. Болките беа толку длабоки и остри што ми се чинело дека ме сечат на парчиња со ножови. Знам дека при првите удари извикав колку што можев: „Убијци! Фашисти! Српски џандари!“, но после од мене се слушаше слабо офкање и гргорење на човек во агонија. По моите стапала со пендрек маваше удбашкиот началник Илиевски и од време на време повторуваше: „Ќе признаеш ли да престанам да мавам“. Јас не одговарав на неговите прашања. Почувствував како од стапалата џврка топла крв. Тепањето продолжуваше и јас потонав во несвест. Ме пробуди ладната вода што ми ја истурија врз главата. Ги гледав ѕверските лица на удбашките началници како душмански ме гледаат. Милиционерите ми врзуваа синџири околу глуждовите на рацете, потоа ме кренаа на раце ме однесоа до дрвениот столб, ја завртеа рачката на механизмот и јас виснав во воздухот обесен на алките за столбот за мачењето. Испружен на синџирот со сета моја тежина и со боловите од тепањето по стапалата ми се чинеше дека моето тело пукна на илјадници парчиња.
„Ќе зборуваш ли сега или нема да зборуваш?“ – ме праша Илиевски.
„Се зборува со луѓе, а не со кучиња. Вие сте кучиња, а не луѓе.“ – одговорив.“
„Ќе зборуваш, ќе зборуваш, мамето твое фашистичко.“ –рече Илиевски и ми ги повлече долните гаќи и ги фрли на подот во ќелијата. Потоа со обете раце ме фати за тестисите, ги стегна колку што можеше и со сета своја тежина се обеси на нив. Крикнав од болка и паднав во некое бунило на полусвест...“ (стр. 102 - 104 од книгата).
Зарем некој навистина може да верува дека УДБ-а би напишала вакво нешто за самата себе? Вакви потресни сведоштва провејуваат низ целата книга од Драган Богдановски и надвор од здравиот разум е да се тврди дека УДБ-а „напишала книга“ против самата себе... Вон секаква логика е и тврдењето дека од книгата се „стекнувало впечаток“ дека Драган бил „соработник на УДБ-а“ (!?). Само човек со бујна фантазија може да помисли такво нешто, посебно по читањето на сите измачувања низ кои поминал Драган.
Што се однесува до барањето на потписниците на реакцијата книгата да биде „привремено повлечена“ (веројатно мислејќи дека тие треба да ја одобрат), таквото барање е смешно и е во спротивност со нивното декларирање дека се почитувачи на делото на Драган Богдановски. Доколку и навистина се почитувачи на неговото дело, нека објават и тие нешто корисно, наместо да се обидуваат залудно да го попречат објавувањето на оваа книга со автентични сведоштва за тортурите над Драган Богдановски, која веќе предизвикува голем интерес во јавноста.

За издавачите на книгата од Австралија:
Ангело ВРЕТОСКИ vretoski@gmail.com
Мендо ВУЛКАНОВСКИ xyzalki@gmail.com
Јордан ГРУЕВ jordan.gruev@gmail.com
Трајче Т. ТРАЈКОСКИ vmro@bigpond.net.au
Предраг ИВАНОВСКИ predragivanovski@hotmail.com
и други кои помогнаа во објавувањето на книгата
Реакцијата на семејството, почитувачите и истражувачите на делото на Драган Богдановски на текстот насловен како „Дневникот на Драган Богдановски е целосно автентичен“ потпишан од Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Трајче Т.Трајкоски и Предраг Ивановски!


Quote:Отворено писмо до Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Трајче Т.Трајкоски и Предраг Ивановски, членови на техничката редакција на изданието „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“

петок, 24 декември 2021, 10:53

Текстот сум го превзел од НЕТПРЕС


[Image: 268476980_1127676701327279_593301899555295056_n.jpg]

Ние, долупотпишаните реагираме на текстот насловен како „Дневникот на Драган Богдановски е целосно автентичен“ потпишан од Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Трајче Т.Трајкоски и Предраг Ивановски кој се споделува на социјалните мрежи. Овој текст е одговор на нашата реакција објавена на 14.12.2021 г., во неколку портали и притоа изразуваме вчудоневиденост од личните дисквалификации, недоверба и обвинувања изречени во наведениот текст. Нашата реакција беше протолкувана како напад кон потпишаните лица, за што апсолутно немаме никаков мотив бидејќи во најмала рака не ги познаваме лично. Да почнеме со ред:
На социјалните мрежи и во наведениот текст поединци обвинија дека нашата реакција објавена на 14.12.2021 г., и барањето за времено повлекување на книгата е „поради лични амбиции на некои од нив“. Зошто господата потписници се плашат јавно со име и презиме да кажат кои се тие со лични амбиции и како може со таква леснотија да поаѓаат во претпоставки кој од нас што мисли и чувствува ?!
Во однос на историчарот м-р Марјан Гијовски, кој е наведен како млад, очигледно нивниот извор во Скопје тенденциозно ги брифирал за да ја намали вредноста како потписник на реакцијата. Правото да ја потпише реакцијата му го дава огромниот обем на прочитани документи и литература и 10-годишна широка општествена активност за рехабилитација на
Драган Богдановски. Како судите за некој што воопшто не го познавате?
Легитимно е прашањето зошто се дрзнале да го објават т.н. „Дневник“ пред да стапат во контакт и да побараат дозвола од синот на Богдановски, „единствениот законски наследник““? За омаловажувачките ставови кон потесното семејство на Драган Богдановски нема да коментираме. За ваша информација треба да знаете дека Раде Станковски има ополномоштено адвокат, кој работи на судската рехабилитација на Богдановски.
Следно, се цитира Законот за наследување, па оттука сакаме да ги прашаме потписниците, од каде вие знаете дали постои поведена постапка за наследство во семејството на Станковски-Богдановски? Кој ги има авторските права, или кој се откажува од нив? Тоа е ваш пропуст што си дозволувате да навлегувате во семејни односи.
Почитуваните потписници, веројатно погрешно наведени од нивниот извор во Скопје, не знаат дека со закон не се регулира вметнување на факсимил во издание, туку е во делот на методологијата на потготовка на издание. Понатаму, темата на Драган Богдановски е многу суптилна и бара многу внимателност затоа што во целиот свој живот и по смртта е жртва на подметнувања.
Ги информираме потписниците на текстот дека најголем стручњак за ликот и делото на Драган Богдановски е д-р Марјан Иваноски од Институтот за национална историја кој во 2014 г. одбрани докторска дисертација. Зошто не го контактиравте него, или зошто вашите познаници од Скопје не ве упатија на него? Жално е што нивниот извор во Скопје пропуштил тоа да им го укаже. Во тој ред спаѓа и истражувачот Ставре Џиков, кој голем дел од својата кариера има посветено на делото на Драган Богдановски. Имате можност да им се обратите бидејќи има најава дека ќе објавите ново издание – писма од Драган Богдановски.
Предговорот на книгата е посветен на ЗК Перт и Аделаид, а не на самата содржина. Биографскиот дел за Драган Богдановски може да се најде на Википедија, толку за квалитетот на изданието. Читалелот мора да добие појаснувања и упатувања од професионален историчар. За фотографиите што се преземени и вклучени во изданието задолжително мора да се наведе од каде се преземаат. Овие прашања треба да им ги поставите на рецезентот, или на уредникот, кои не се наведени во изданието, а можеби сте им исплатиле солиден хонорар.
Попатно, Ве замолуваме лично да се обратите во НУБ „Свети Климент Охридски“ и да прашате дали секое издание што е печатено во Република Македонија мора да има ИСБН број и ЦИП-запис. Лицето што сте го навеле „За издавачот“ е граѓанин на Република Македонија и како „За издавачот“ (во превод „директор на издавачка куќа“) презема целосна одговорност за квалитетот на изданието. Тоа можете да го проверите во Законот за издавачка дејност. Пет задолжителни изданија мораат да се достават во НУБ„Свети Климент Охридски“ за да се внесе изданието во датабазата на НУБ. Инаку, Задграничен комитет не е правен субјект.

[Image: 1-5.jpg]
[Image: 22-1.jpg]

Македонските иселеници од Австралија донирале над 10.000 австралиски долари за ова издание
Табелата е преземена од изданието „Дневникот на Македонскиот маченик Драган Богдановски“  страна  246 и 247

На вашата прозивка до „добронамерните потписници“ да ги коментираат мини-фељтоните во „Macedonia Weekly herald“, што ве спречува да покажете макар еден скениран документ од оригиналот?  Зошто го одземате правото на семејството да го провери ракописот и евентуалниот потпис кај вештак?
Во делот каде што појаснувате дека постои и друг дел од дневникот, кој вас не ви е достапен, нашето прашање  е зошто објавувате парцијално делови од Дневник?  Што е суштината на објавувањето, читателите да читаат недоречености?
Прераскажувањето за патувањето на т.н. „Дневник“ од Драган Богдановски преку Јордан Груев до семејството Панкоски треба да го потврди член на семејството Панкоски. Нашите информации говорат дека Драган Богдановски лично му предал на покојниот Панко Стамкоски ракопис Мемоари за активноста во македонското движење во Европа, а не Дневник за испрашувањата во Јасен. Оттука сакаме да знаеме како вие господа сте толку убедени во веродостојноста на тој т.н. „Дневник“?
Детална анализа на содржината за јавноста на „Дневникот“ ќе следи дополнително и ќе има детална објава од повеќе истражувачи. Она што потписниците на текстот споменуваат дека лицето наведено како За издавачот на својот фејсбук профил објавило текст за т.н Дневник, слободно може да констатираме дека  се користи фактот што голем број од луѓето не се доволно информирани за животот и за дејствувањето на Драган Богдановски, не знаат како методолошки се создава издание, па се нафрлаат „патриотски изливи“ за да се замаскираат недостатоците.
Обратете се и на други професионални историчари и побарајте мислење за изданието, за квалитетот и за веродостојноста. Научната јавност и фелата на историчари, за жал, со потсмев гледаат на изданието, а ние сме крајно шокирани од вашата иронија кон најтесното семејство на Драган Богдановски. Од каде го црпите тоа право да се ставате над нив? Ние имаме материјали и желба за публикување изданија за Драган Богдановски, но немаме на располагање 10.000 австралиски долари (кои веројатно се трошат за хонорари). Тоа се ваши пари, пари на македонските иселеници стекнати со труд. Висината на исплатата на хонорари ја знаете само вие. Инаку, во македонска печатница печатењето чини од 500 до 800 евра (инаку тиражот на изданието никаде не е наведен).
На крајот, уште еднаш напоменуваме дека нашата реакција не беше насочена да дискредитира, па за возврат да добиваме етикети, навреди и оцрнувања. И заклучно, се бега од темелните прашања. Имаме длабок сомнеж дека некој од Скопје погрешно ве брифира и ве насочува на конфликт со нас. Напротив, ние се надеваме на средба со вас, каде што ќе ги расчистиме сите дилеми. Не барајте ја вината кај нас, ние само ви укажуваме. Вината барајте ја кај тој што ве известува делумно. Не дозволувајте да ве манипулираат и да правите непријатели таму каде што ги немате.
Останува надежта дека вие и ние се бориме за иста цел и не очекувавме таква пизма од вас драги браќа Македонци од Австралија.
Доколку го почитувате Драган Богдановски, треба да му го почитувате семејството, а не да рангирате кој е повеќе важен, а кој помалку.  Дали ќе се избориме Драган Богдановски да го добие вистинското место со клевети и претпоставки? Одговорот е не.
Раде Станковски, брат на Драган Богдановски;
Драган Петковски, внук на Драган Богдановски;
Владо Транталовски, еден од основачите на
ВМРО-   ДПМНЕ и близок пријател на Драган
Дијана Транталовска, една од основачите на ВМРО-ДПМНЕ
М-р Марјан Гијовски, докторант на докторски студии за македонската политичка емиграција.
Богдановски Богдановски



Дали револтот на семејството, почитувачите и истражувачите на делото на Драган Богдановски лежи во следново:

Quote:Ние имаме материјали и желба за публикување изданија за Драган Богдановски, но немаме на располагање 10.000 австралиски долари (кои веројатно се трошат за хонорари). Тоа се ваши пари, пари на македонските иселеници стекнати со труд. Висината на исплатата на хонорари ја знаете само вие. Инаку, во македонска печатница печатењето чини од 500 до 800 евра (инаку тиражот на изданието никаде не е наведен).
Quote:
Quote:Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ!

[Image: 1dra1212.jpg]
Неодамна излезе од печат книгата под наслов „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ во која е објавен значаен дел од автентичниот дневник на овој можеби најголем македонски револуционер во периодот по Втората светска војна, а воедно и основач на ВМРО ДПМНЕ.
Издавачи на овој дневник се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид (Австралија), а во техничката редакција за подготовката на книгата се: д-р Виолета Ачкоска, Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Александар Донски, Трајче Т. Трајкоски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Перт) и Предраг Ивановски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Аделаид).
Драган Богдановски (1929 – 1998) е познат во поновата македонска историја по тоа што преку својата активност во дијаспората ја промовирал, одржувал и застапувал идејата за обединета и независна македонска држава со македонската нација како нејзин носител. Тој е основач на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) кое во 1970-те и 1980-те години одиграло голема улога во националното осознавање на Македонците во дијаспората, но и во самата тогашна СР Македонија, посебно преку својот печатен орган списанието „Македонска нација“ и други печатени материјали. Во 1990 година тој ја основа и партијата ВМРО ДПМНЕ и е прогласен за нејзин почесен претсеател.
Поради својата активност, Драган Богдановски се нашол на удар на југословенската, грчката и бугарската служба за државна безбедност, а посебно на југословенската, која во јуни 1977 година го киднапирала во Париз, по што тајно бил префрлен во Југославија, каде бил осуден на 13 години затвор, од кои одлежал 11 во злогласниот затвор Идризово.
Во неговиот Дневник во детали се опишани сите овие настани, како и тортурите низ кои поминал во долгото поминато време во предистражниот затвор.
Еве како го опишува чинот на самото киднапирање Драган Богдановски:
„На 4ти јуни точно во договореното време дојдов во станот на Ѓорѓи Јовановиќ. Часот беше дванаесет, пладне. Хотелот во кој Јовановиќ живееше се наоѓаше на една мала улица која започнуваше на самиот влез на метрото “Пигал“ спрема картелот “Монтемарт“....Кога влегов во големата дневна соба бев зачуден кога видов осум за мене непознати луѓе кај седат и пијат на една долга маса. Од осуммината непознати една беше жена.
Гледајќи го моето чудење, Ѓорѓи ми рече: “Драгане да те претставам, ова се мои гости, кратовчани, дошле во посета на Париз, па како кратовци дошле да ме видат и ми донеле неколку шишиња домашна ракија и ми донеле поздрав од татко ми и мајка ми. Запознај се со нив“.
Се ракував со нив, ми беше понудена столица и ми беше налеана чаша ракија. Само неколку минути потоа, некој ме чукна толку силно одзади по главата, што јас си помислив дека главата ми прсна на парчиња. Во истиот момент радиото кое свиреше музика некој го пушти толку силно да не се слуша ништо горе на катовите.
Свеста не бев ја загубил од ударот, затоа почнав да викам на сиот глас на француски јазик “О секур“ – “На помош!“, меѓутоа неколкумина се нафрлија врз мене, ме легнаа на подот, а жената од својата женска чанта извади шише со етер, натопи памук и ми го притисна врз носот. Веднаш почувствував како ја губам свеста. Потоа почувствував како во вратот жената ми удри две инјекции. Етерот и инјекциите го направија своето, само како на сон се сеќавам дека бев пренесен во спалната бев фрлен на една софа (тросед).
Подоцна во Македонија од моите удбашки иследници разбрав дека жената која ме онесвести со етерот и со инјекциите била специјалист лекар анестезиолог, и дека удбашите ја довеле специјално за акцијата.
Првото делумно враќање на свеста беше нешто како бунило, чувствував дека само се возам некаде во кола, но каде се возам и со кого не знаев. Од средствата за наркоза, а можеби и од ударот главата ме болеше ужасно, додека костумот ми беше целиот извалкан од повраќање.
Во колата сум повраќал од мака. Бев фрлен на задното седиште во колата на Ѓорѓи Јовановиќ и притиснат од обете страни од по еден сопатник, од кои едниот беше жената што ме дрогираше. Колата ја возеше Ѓорѓи Јовановиќ, а патем се менуваше со еден од луѓето што ме нападнаа... До француско-италијанската граница бев двапати дрогиран, а пред самата италијанска граница со сила ми беше отворена устата и во грлото ми беше истурена ракија за да мирисам на ракија, да изгледам тотално пијан човек во случај италијанските царинарници посомневаат нешто. Дел од ракијата ми беше истурена и врз алиштата. При секое мое будење мажот што седеше до мене ми покажуваше една полна инјекција и ми велеше доколку почнам да викам за помош ќе ми ја удри инјекцијата и само за неколку секунди ќе сум бил мртов...“.
Во продолжение читаме за сите измачувања низ кои поминал Драган Богдановски за време на сослушувањето од страна на југословенската Служба за државна безбедност кое се одвивало на неколку тајни локации каде Драган бил воден со врзани очи со автомобил или со хеликоптер. Воедно, преку процесот на неговото сослушување, во оваа книга се објавени и повеќе детали за неговата револуционерна дејност.
Оваа возбудлива книга, која буквално се чита во еден здив, е објавена во две посебни изданија на македонски и на англиски јазик.
Македонската верзија во Република Македонија може да се набави кај: Владо на неговиот моб. 077 842 815
Верзијата на англиски јазик во Австралија може да се набави кај: Трајче Т. Трајковски на:
vmro@bigpond.net.au
ili +614 23 23 74 84

Со почит
Трајче Т. Трајковски


Никој нема право да си поигрува со угледот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот идеолог Драган Богдановски

[Image: ilievski-1-696x399.jpg]

четврток, 30 декември 2021, 11:37
Како организационен секретар на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека сум повикан да реагирам во врска со Фејсбукот статусот на поранешниот претседавач на Унија на ветерани, Манојил Јаковлески објавен на 29 декември 2021 година на официјалниот Фејсбук профил на Унијата на ветерани, каде што именуваниот напишал: „Ѓорги каде ја гледаш грешката на објавената книга за Драган“. Како и за објавата во која правно појаснувам како е постапката за издавање издание, именуваниот ми реплицирал: „Оваа објава која е објавена е без консултација со мене, и целосно се оградувам“ (за мене, а верувам за оние што ја следат оваа страница и смешно и трагично).
Веќе втора недела по ред ги следиме коментарите и реакциите во однос на книгата „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ за чие издавање и пишување биле запознаени само тесен круг на луѓе.
Мора да укажеме дека членови на Задграничниот комитет во Перт и Аделаид од Австралија, кои се потпишани како техничка редакција на книгата без овластување и консултации со врвните партиски органи си презеле издавачка дејност и собирање на донации (над 10.000 австралиски долари) од членовите на комитетите и други добротвори. И дури откако книгата е веќе отпечатена за тоа не се информирани Изршниот и Централниот комитет, а Унијата на ветерани е целосно игнорирана. Ваквиот потег за „операцијата“ која се одвивала во очигледно голема тајност покажува дека посочените лица (техничката редакција) не почитуваат хиеархија, Статут на партијата и преземаат обврски кои не се нивни и го доведуваат во прашање угледот на задграничните комитети. Посебно што пристапиле кон издавање на тема која е многу суптилна и бара стручност и компететност.
Самиот начин на чување на целата постапка во тајност буди сомнежи и со право треба да бидат поставени неколку прашања. Деновиве порталот „Македонска нација“ чиј главен и одговорен уредник е Манојил Јаковлески даде медиумска поддршка на потписниците на одговор на реакцијата на семејството на Драган Богдановски, така што го објави делумно нивниот одговор, но не ја објавил реакцијата на семејството, што е крајно непрофесионално. Насловот на текстот „Дневникот на Драган Богдановски ги бранува водите меѓу матицата и емиграцијата“ е  наведувачки затоа што четири или пет лица од техничката редакција не се цела македонска емиграција во Австралија.
Во оваа прилика, бидејќи авторот на текстот во „Македонска нација“ не се потпишал ќе му упатиме неколку прашања на главниот и одговорен уредник:
  1. Дали сте вие главен иницијатор да се издаде овој „Дневник на македонскиот маченик Драган Богдановски“ кое спротивно на повеќе закони, на научната методологија без согласност на живиот му брат на Драган Богдановски, па дури и без негово информирање?
  2. Зошто на вашиот портал „Македонска нација“ две недели не ги објавувавте реакцијата и отвореното писмо од семејството на Богдановски?
  3. Господине главен и одговорен уредник, кога на македонската јавност ќе и’ обезбедите да види макар еден ОРИГИНАЛЕН ФАКСИМИЛ од „Дневникот“?
Неколку лица од техничката редакција се членови на Иницијативниот одбор за возобновување на „Македонска нација“, па оттука јасни се релациите меѓу главниот и одговорен уредник и тие лица.
Исто така упатуваме неколку прашања до професорката Виолета Ачкоска:
  1. Дали сте вие конспираторот на издавањето на овој „Дневник“ и што ве натера да се впуштите во ваква тајна операција која донесе многу немир меѓу нашето членство?
  2. Како вие како професор кој предавал методологија на научно-истражувачка работа на студенти, ставивте потпис на ваков памфлет кој е сосема спротивен изработен од она како се прави едно издание?
  3. Дали сте свесна дека како За издавачот сте одговорна пред законите на оваа држава за нелегално испечатено издание?
  4. Дали пред да пишувате предговор и биографија го видовте со свои очи оригиналот од „Дневникот“ или добивте само компјутерски исчукан текст?
  5. Со кое лице го рекламирате „Дневникот“ на вашиот фејсбук профил доведувајќи многу луѓе во заблуда и покрај реакцијата на живиот му брат на Драган Богдановски?
Вашето мудро молчење нема да не’ одврати од намерата да побараме мислење од ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИСТОРИЧАРИ за самото издание и за оценка на вашиот професионализам.
После се’, следуваат прашања и до техничката редакција на изданието (Ангеле Вретоски, Трајче Т.Трајкоски, Предраг Ивановски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев):
1.Дали вие ја имате преземено улогата на реализиратори кои преку вашите лични профили ги жигосувате сите што не се слагаат со начинот на кој е издадена оваа книга и имаат сомнеж во содржината? Знаете ли дека со напаѓањето на видни личности од ВМРО-ДПМНЕ внесувате раздор помеѓу членството кое ги следи преписките на социјалните мрежи?
2.Кое е вашето искуство во издавање книги и од каде е вашето знаење како тоа се прави, па толку грчевито застанувате во одбрана на содржината на книгата или некој одовде ве насочува како да ставате етикети?
3.Дали Јордан Груев водел судски процеси против покојниот Панко Стамкоски на кој се повикувате за дневникот и поради тоа Стамкоски останал на улица? Иако тој преку весникот „Македонија“ вршеше голема патриотска мисија во Австралија.
4.Како може Јордан Груев да биде во техничката редакција на книга за Драган Богдановски кога од тоа што се гледа на социјалните мрежи е жесток противник на ВМРО-ДПМНЕ?
Почитуван главен и одговорен уредник на „Македонска нација“, Манојил Јаковлески, За издавачот проф. д-р Виолета Ачкоска, членови на техничката редакција кога веќе сте решиле да ја експонирате оваа тема, треба да знаете дека за историјата треба факти, ОРИГИНАЛИ, а не прераскажувања и исчукани текстови на компјутер. Зошто баш сега и на ваков начин сакате да се истакнете со помош делото на Богдановски останува енигма, до кога со криенки и подвали за овој човек?
Врз основа на горенаведеното сметам дека треба да се поведе дисциплинска постапка пред највисоките партиски органи за инволвираните и да заседава партискиот суд на честа. Унијата на ветерани треба да застане одлучно и решително во одбрана на својот авторитет и на единството во ВМРО-ДПМНЕ.
Коментар за автентичноста на содржината: На страна 29 од книгата, Драган Богдановски наводно ословува Република Македонија?!. Според тврдењето на техничката редакција, Богдановски го пишувал дневникот во 1990 година за периодот на 70-те кога сеуште е Социјалистичка Република Македонија. Имено Богдановски секогаш во сите преписки ословувал со Републиката или македонската Република. Еден мал пример за „автентичност“ што треба да ги замисли читателите.

Автор: Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес
Quote:Реакција: Манипулациите на Ѓорѓи Илиевски во врска со „Дневникот на Драган Богдановски“

[Image: ilievski-1-696x399.jpg]

среда, 5 јануари 2022, 11:01

На 30.12.2021 год. во угледниот портал „Нетпрес“ објавен е текст од Ѓорѓи Илиевски во врска со книгата „Дневник на македонскиот маченик Драган Богдановски“. Во својот текст Илиевски изнесува низа невистини и манипулации против книгата, но и против почитуваната проф. д-р Виолета Ачкоска, против ветеранот на ВМРО ДПМНЕ Манојил Јаковлески, против Задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид, против поранешниот активист на ДООМ Јордан Груев од Мелбурн, практично против сите кои на еден или друг начин учествуваа во објавувањето на оваа вредна книга, која веќе предизвикува голем интерес во јавноста. Кај нас и во светот речиси секојдневно се објавуваат книги со анти-македонска содржина, но не сме го виделе Илиевски да реагира против некоја од нив, а се нафрла против книгата со автентични мемоари на основачот на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски. Ваквата постапка
на Илиевски предизвикува зачуденост кај ветераните на партијата кои не можат да сфатат како и зошто некој може олку агресивно да напаѓа книга со мемоари на основачот на партијата? Но, да одговориме аргументирано на лагите на Илиевски.
Во стилот на некои мрачни минати времиња, Илиевски бара некаков „заговор и конспирација“ во објавувањето на оваа книга (!?). За негова жал, такво нешто не постои. Книгата е јавно објавена, средствата за неа беа јавно собирани, имињата на сите донатори се јавно објавени во книгата, а Задграничните комитети во Перт и Аделаид се горди што помогнаа за реализацијата на овој вреден проект и што фигурираат како издавачи на книгата. Во врска со забелешката за авторските права од страна на роднини на Драган Богдановски, со целосна почит кон сите нив, само
ќе кажеме дека во Законот за наследување (вклучително и на авторските права) глава ИИ, 1 член 13, пишува:
„Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и неговиот брачен другар“. Значи доколку некој треба да праша за авторските права на мемоарите (Дневникот) на Драган, тоа треба да биде неговиот единствени жив син по име Пер-Арне (роден од сопругата на Драган, која беше Норвежанка) и ниту еден друг негов роднина. Во врска со тврдењето дека Дневникот (мемоарите) на Драган не бил автентичен ќе кажеме дека ваквото тврдење е небулозно и злонамерно. Најголем доказ за автентичноста на Дневникот е фактот што делови од овој Дневник ВЕЌЕ
БЕА ОБЈАВЕНИ УШТЕ ДОДЕКА ДРАГАН БЕШЕ ЖИВ!!! Со негова дозвола и знаење, извадоци од неговиот Дневник, како мини фељтон, беа објавени во весникот „Мацедониа Њееклѕ Хералд“ од Мелбурн (чиј сопственик беше покојниот
Панко Стамкоски) и тоа уште во 1990 година! Овде приложуваме копија од првото продолжение на овој материјал. Ако се спореди текстот на објавените делови од тој материјал во 1990 година со текстот од книгата што ние ја објавивме ќе се види дека до збор тоа е истиот материјал! Притоа книгата ја дополнивме со оние делови од истиот тој материјал што ни беа достапни затоа што Панко тогаш не го објави це лиот добиен материјал во својот весник, надевајќи се дека ќе се објави како книга, иако таа иницијатива тогаш остана во мирување, се до неодамна кога ние конечно го реализиравме тоа. Како издавач на книгата ги пишавме ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид и тоа го направивме во знак на почит кон нашето партиско членство во Австр алија, а секако и во знак на почит кон другите македонски патриоти, кои финансиски го помогнаа нејзиното печатење. Па зарем направиме грев со тоа што објавивме
книга за страдањата на овој македонски патриот кој ја поддржувал идејата за независна македонска држава тогаш кога било најтешко? Ова автоматски значи дека пре тставуваат пукање во празно прашањата на Илиевски упатени до д-р
Ачкоска во врска со „одговорноста“ околу процедурите за издавање затоа што издавачот на книгата е странски субјект. Ова исто така значи дека ние како издавачи од странство не можевме да бараме ЦИП од македонска инситуција, па ако Илиевски и неговата менторка имаат забелешки околу процедурите за издавање нека се обратат до австралиските институции. Но, зарем е толку важно тоа дали книгата има ЦИП или не? Тоа ли е повод за ваквото несфатливо ширење патолошка омраза против книгата? Зарем не е поважна нејзината содржина од имањето или немањето ЦИП?
Содржина во која Богдановски графично го опишува своето киднапирање, но и сите маки и тортури низ кои поминал за време на испрашувањата и потоа. Илиевски спомнува и недостиг на некаков „методолошки пристап“, но оваа книга ниту е нечиј докторат, ниту пак е магистерски труд или дипломска работа за да се води сметка на такви формалности – оваа книга едноставно е само преобјавен Дневник (мемоари) на еден борец и маченик за Македонија без интенција дека претставува нечиј „научен труд“, а ако некој сака во иднина да ја искористи за свои научни истражувања, слободно може да го направи тоа.
Илиевски го „прашува“ членот на техн. редакција Јордан Груев дали учествувал потив судските процеси против Панко Стамкоски. Со ваквата ефтина провидна и подмолна маниулација (според која прашањето би требало да сугерира „позитивен“ одговор), Илиевски повторно пука во празно затоа што одговорот на ова прашање гласи НЕ!
2 Комитет на УЖ на ВМРО ДПМНЕ, комитет на УВ на ВМРО ДПМНЕ, комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ Јордан Груев не само што никогаш не учествувал во судските процеси против Панко Стамкоски, туку бил негов долгогодишен соработник и лично Јордан (како голем поддржувач на Драган Богдановски и долгогодишен член на ДООМ) му го има дадено на Панко првиот дел од Дневникот што Драган му го дал во Шведска во 1990 година, од кој Дневник Панко објави неколку делови, а ние сега само ги преобјавивме.
Илиевски лаже кога тврди дека Јордан Груев на „социјалните мрежи“ ги напаѓал ВМРО ДПМНЕ затоа што Јордан Груев воопшто не учествува и не членува на социјалните мрежи. Впрочем, не знаеме каква врска имаат политичките ставови на Груев со неговата помош во објавувањето на оваа вредна книга со мемоари на Драган Богдановски, па повторно го пашуваме Илиевски во кое време живее?
Илиевски лаже и кога пишува дека на нашите ФБ профили сме напаѓале „видни личности од ВМРО ДПМНЕ“, веројатно надевајќи се дека преку ваквата лага на своја страна ќе привлече партиски членови (!?). Но, и оваа негова лага лесно може да се докаже. Јавно го повикуваме истиот да покаже кои се тие „видни личности“ од
партијата што сме ги „напаѓале“ на нашите ФБ профили? Што се однесува до спомнувањето на „Република Македонија“ од страна на Драган Богдановски во книгата, Илиевски очигледно не знае дека Богдановски вака ја ословуваше
нашата држава уште пред официјално да и биде симнат префиксот „Социјалистичка“ за што поседуваме докази (извадоци од негова брошура). Но, ваквата забелешка на Илиевски всушност е голем доказ токму против небулозните тврдења на неговата менторка дека наводно УДБ-а стоела зад овој Дневник. Зарем УДБ-а би напишала „Република Македонија“ во времето на СРМ кога оваа полиција дејствуваше? Крунски доказ за автентичноста на Дневникот е самата негова содржина која никого не може да го остави рамнодушен и срамота е некој заради лични неостватерни амбиции да ги негира потресните сведоштва на Драган за неговите измачувања.
На крајот и ние имаме неколку прашања до Ѓорѓи Илиевски:
– Зошто го премолчувате фактот дека делови од овој Дневник веќе беа објавени во 1990 година со знаење и дозвола на самиот Драган Богдановски?
– Со кое право го злоупотребувате фејсбук профилот на Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ и заради лични побуди објавувате напади против книгата со мемоарите (Дневникот) на Драган Богдановски, а не ги објавувате нашите одговори на тие напади? Дали сте свесни дека со ова правите непоправлива штета на Унијата на ветерани и на самата партија ВМРО ДПМНЕ поради тоа што се обидувате да предизвикате смут и збунетост помеѓу ветераните?
– Вие очигледно не знаете дека во 2015 година Дијана Транталовска имаше безуспешен обид да ги набави истите овие мемоари од Австралија, но откако не успеа во тоа, сега се нафрла против нивното објавување. Ве прашуваме доколку таа ги набавеше и ги објавеше овие мемоари, дали ќе ја нападневте и неа денес?
За ваквата деструктивната активност што Вие и вашата менторка ја спроведувате против книгата ние со окружно писмо ќе ги запознаеме сите клучни фактори во партијата (каде веќе доставивме голем број примероци од книгата), па тие нека проценат чии аргументи се повалидни.
Пишува
Трајче Т. Трајковски
Претседател на ЗК
На ВМРО-ДПМНЕ
Перт Западна Австралија
Quote:Како се злоупотребуваат македонските патриоти од иселеништвото-преку примерот на т.н. Дневник на македонскиот маченик Драган Богдановски

[Image: Gjorgji-Ilievski.jpg]

четврток, 6 јануари 2022, 15:47
Одоговор на реакција од 5.1.2022 г. од Трајче Т.Трајковски, Претседател на
ЗК на ВМРО-ДПМНЕ, Перт Западна Австралија

Почитуван сопартиец Трајче Т. Трајковски, на почетокот од мојот одговор на твојата навидум реакција мора да напоменам дека неволно одговорам од две причини. Првата причина е тоа што се сомневам дека концептот на реакцијата е реално е твој, а второ тоа што воопшто не ја знам твојата професионална биографија. Додека пак мојата е јавно позната, над 35 години поврзаност со правото, контакти со универзитетски професори, со научници и високо образование. Токму тие контакти ги искористив во консултации за издржаност на мојата реакција од 30-ти декември, 2021 година.
Драг сопартиецу, во твојата реакција на почетокот доминира зборот „против“. И во тоа е суштината на проблемот, наместо сите реакции досега да ги разбереш како отворање на очи пред фактот како ве изманипулирала „почитуваната“, ти сите законски, издавачки, морални посочувања ги доживуваш како напад. Затоа не се разбираме, а се’ е толку јасно и покрај тоа што те повикав сам да се информираш за она што ви го предочив.
Свесен сум дека тоа издание (додавано, одземано, кумувано) мора да се брани по секоја цена. И тоа од почитуваната професорка Виолета Ачкоска, чиј углед во Македонија овде е сериозно разнишан, верувај ми, лично направив напори да дојде книгата до што повеќе нејзини колеги од Катедрата за историја од каде што се пензионираше до Институтот за национална историја. Реакциите секаде беа „зарем можно е ова да го направила“? И тука жалам што ти тоа не сакаш да го прифатиш, туку веруваш стопроцентно во она што таа ќе ти го соопшти. Сакам да ти посочам дека не ме чуди кога антимакедонски центри издаваат антимакедонски книги, но ме загрижува кога грст наши сопартијци од дијаспората се заслепени од нечија слаткоречивост и патриотски (неискрени) емоции.
Реакцијата која си ја испратил, почитуван сопартиец е полна со емотивни категории, со флоскули, со обид да бидам прикажан како негативец. Тоа е веројатно потребно за пред оние кои ја финансирале книгата. Но, упорно цел месец избегнувате да одговорите на клучни прашања и само се повторувате со едни исти тези. Морам да ти напоменам дека кога „спомнуваш“ мрачни минати времиња тоа треба да го правиш внимателно затоа што јас учествував во возобнобувањето на ВМРО во тие  времиња. Но вашата приредувачка на книга, почитуваната проф. д-р Виолета Ачкоска беше член на Сојузот на комунисти и стручен соработник на марксистичкиот центар „Мито Хаџи-Василев Јасмин“. Приврзаник на оној режим кој го гонеше Драган Богдановски, тебе, мене и затоа овде сите се чудиме како доверивте на таков историчар да крои и прекројува книга за нашиот Драган. Кој парадокс! Знам дека ова ќе те шокира, но вистината ослободува.

[Image: Ilievski1.jpg]
[Image: Ilievski1a.jpg]

И да се вратиме пак назад кај флоскулите: „книгата е јавно објавена“ што не е точно. Тајно е печатена, не е промовирана и набрзина испратена во Австралија за да на големи ѕвона се земаат заслуги за нејзиното излегување (кој за слава, кој за да наштети на Драган Богдановски, кој за пари). Велиш „Задграничните комитети во Перт и Аделаид се горди што помогнаа за реализацијата на овој вреден проект и што фигурираат како издавачи на книгата“. Кој го оспори тоа чувство на гордост, дел од вас навистина веруваат дека направиле нешто добро. Но не сте информирани, не ве информирала „почитуваната“ за многу нешта.
И пак во твојата реакција настапуваш со старите демантирани тези на наследување и трагикомично потврдуваш дека Пјер-Арне Богдановски НЕ СТЕ го консултирале пред да ја печатите книгата. Притоа воопшто немаш сознание како е регулирано тоа право во семејството. И внимавај колку смешно, ти (вие) се ставате над најблиското семејството на Драган Богдановски и одлучувате што може да биде издадено! Се лутите што ве оспоруваат, а тоа што оспорувате е во ред.
Во оној дел каде најзначајно ви е да не’ убедите сите нас дека „Дневник“ е оригинал, автентичен, а всушност наивно најмногу потврдувате дека не е така. Барате да ви веруваме на жими мајка! Со исказите „Делови од Дневникот беа објавени уште додека Драган беше жив“; „Притоа книгата ја дополнивме со оние делови од истиот тој материјал што ни беа достапни…“ потврдуваш дека вие сте СОЗДАЛЕ „Дневник“ со сечи-лепи и додавај!!! Ниту Драган Богдановски оставил „Дневник“, ниту било што слично. Вие и вашата „почитувана“ сте направиле Франкештајн дневник. И овде ќе те поканам да доставиш ОРИГИНАЛИ, не копии кои може секој да ги направи.
Никој не те обвинува тебе што сте ги пишале ЗК за издавачи, вина сноси „почитуваната“ професорка која многу добро знае како се подготвува книга, а ве навела на многу грешки и недостатоци со самото тоа што не ви укажала со време. И ова е преписка меѓу мене и неа која тебе и другите ве има како пиони пред себе, без да се навредиш…

[Image: Ilievski2.jpg]

Драг сопартиецу, јас не барам мене да ми веруваш, туку барам сам да отвориш закони, правилници, да се консултираш со други научници со Македонија и сам да дојдеш до вистината која е тажна, дека сте излизгани на тенок мраз. Попатно кога објаснуваш за ЦИП и ИСБН, те прашувам дали лично се обрати во НУБ „Свети Климент Охридски“ или доволно ти беше тврдењето на „почитуваната“?! Дали во Македонија праша било кој друг научник дали во ваква книга треба да пишува уредник, носител на авторско право, име на печатница, тираж или ќе и веруваш само на една личност и ризикуваш да се срамиш во иднина од ова што го тврдиш? Си слушнал ли за стручен коментар, фусноти, увод на содржина!?!
На страна 320 од книгата на проф. д-р Виолета Ачкоска „Осознавање на историјата“ е напишано: „тие ( спомени, сеќавања, дневници, биографии, животописи и друг вид изданија) може да се најдат објавени во изворна форма, на јазикот и писмото на пишувачот на истите, со предговор и објаснувања од научен работник…“. Се надевам ќе го провериш ова.
Во врска за ова тврдење: „Илиевски лаже кога тврди дека Јордан Груев на ’социјалните мрежи’ ги напаѓал ВМРО ДПМНЕ затоа што Јордан Груев воопшто не учествува и не членува на социјалните мрежи“, ќе ти одговорам со овие скриншотови:

[Image: Ilievski3.jpg]
[Image: Ilievski4.jpg]
[Image: Ilievski5.jpg]

Се надевам дека господинот Манојил Јаковлески веќе презел мерки кај нашето раководство да не’ заштити нас ветераните од вакви навреди и недолични содржини. Навистина жалам што ти си одбран да ги поднесуваш овие аргументи. Драг сопартиецу, се’ што се однесува за Унијата на ветерани, решаваме ние во Унијата, чиј организационен секретар сум јас. А, за се’ што се однесува за Драган Богдановски решава неговиот брат, научниците и партијата што ја основа! И пак дубиоза, обвинуваш дека сум внесувал смут кај ветераните, а најдолу на едно многу ниско ниво спомнуваш основач на партијата со малограѓански подметнувања.
За крај, сите прашања, целата лутина насочи ја кон личноста која ве подвела. А, за сите мои тврдења прашај други правници и научници, верувам дека во твојата следна реакција ќе напишеш со кого си се консултирал.
Ова нема да заврши овде, те уверувам веќе контактирани се неколку институции за што јавноста ќе биде подетално запознаена. Еднаш мора да се спречи градење слава врз делото на нашиот идеолог. И те повикувам да не браниш тоа што е неодбранливо, затоа што овие наши писанија ќе сведочат многу во иднина.
П.С. Кога ќе се консултираш со професорката Виолета Ачкоска прашај ја дали пред неколку години беше обвинета за плагијат во врска со нејзината книга „Методика на наставата по историја“ од српски научници и еден наставник од скопско училиште?
П.П.С. На 19 страна од т.н „Дневник“ , Драган Богдановски, прв пасус му се обраќа на читателот. Дневник кој се подразбира како крајно интимна работа се пишува за себе, а не за читатели. За читателите да се замислат околу автентичноста.
Поздрави до сите чесни членови од ЗК Перт и Адеалид кои го почитуваат ликот и делото на Драган Богдановски.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес