Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: FOLK FEST VALANDOVO 2010
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
ЗАВРШИ ФОЛК ФЕСТ "ВАЛАНДОВО 2010"

Победа на стумичанките Благица Калева и Ленче Кукиќ

Благица Калева со Групата "Модус" од публика и Ленче Кукиќ од жири се годинашниве победнички на 26-тото издание на фолк фест "Валандово", што заврши завчера во Валандово. Второто место од публика им припадна на Верица Русева и групата "Пицикато", а третото на Виданка Ѓеориевска. Второто место од жири му припадна на Влатко Миладиновски, а третото на Јасмина Гуњова.
Наградата за текст ја доби Огнен Неделковски за песната "Ако сакаш мирно море", а ја отпеа Игор Ангелов, кој ја доби наградата за интерпретација, а оваа песна ја доби и наградата за нај аранжман. Нај дебитанти беа "Легато бенд", а најслушана песна меѓу двата фестивала беше песната "Чудо чуда направив", што лани ја отпеа Ленче Куќиќ. Нино Величковски ја доби наградата за 20 години континуирано учество на фестивалот.
Фестивалот имаше уште едно бледо издание, кое место чекор напред со комплетниот плејбек се врати чекор назад. Таман се помисли дека се ќе помине туку така скандал се случи на крај на финалето. Момо Николовски, кој беше дел од жирито беше бесен кога неколку минути пред почетокот на финалето видел дека некои од отпаднатите дебитанти, сепак, се најдоа во финале. А кавга имаше и околу наградата за аранжман. По одлука на жирито неа трбало да ја доби Сашо Ливрински, а на сцената за добитник го прогласија Тони Христов. Тој налутен бараше објаснување, но никој од одговорните не знаеше да му каже како за дестина секунди се менуваат имињата, од канцеларијата на горниот кат, каде заседаваше жирито до бината.
- Ова што се случува не можам да го премолчам. Не ми дозволува совеста. Едно одлучуваме а друго гледам на сцена. Шокиран сум. Одлучивме Сашо Ливрински да ја добие наградата за аранжман а на бина го чув името на некој друг. Кога побарав образложение ми рекоа дека реагирам зашто Ливрински ми бил кум а песната наводно била плагијат на стара бугарска песна. Ако сум му кум не сум му го дал талентот, а освен тоа ни не ја оценувавме песна туку аранажманот. Искрено се срамам а и срекен сум што лани ставив крај на моето учество на фестивалите, рече налутен Момо.
Рутинска победа на Ленче Кукиќ и Благица Калева

Ноторната констатација дека Фолк-фест „Валандово“ веќе со години од национална е сведен на локално ниво, годинава, по 26. издание, е разочарувачки засилена - дека фестивалот веќе не им е интересен ниту на валандовчани. Дури ни дождот не е оправдување за полупразната сала за финалето на фестивалот и уште попразните улици, кога се' уште се живи спомените за ренесансата на градот во време на одржување на Фолк-фест „Валандово“.

Во таков амбиент на апатија и незаинтересираност, некако се чини дури и депласирано да се зборува за песните. Апсурдно, но чувството незибежно се наметнува.

Дека фестивалот се одржал и во оваа 2010 година официјално може да се потврди (освен со снимките на МТВ, ако останат) со доделените награди. Победите на Ленче Кукиќ, со песната „Вино и љубов“ (од жирито), и на Благица Калева, „И на јаве, и на сон“ (од публиката), по нивното речиси неизбежно присуство меѓу наградените, со години наназад - изгледа сосема рутински. Ленче Кукиќ доби и признание за најслушана песна меѓу два фестивала за минатогодишната песна „Чудо чуда направив“.

Публиката ги награди со своите гласови за второто место Верица Русева со „Пицикато“ („Денес е денот наш“), а за третото место Виданка Георгева ја испеа „Славно Мариово“. По традиција, третата награда од жирито ја поделија Ефто Пупиновски за песната „Ако сакаш мирно море“ и Јасмина Гуњова, пеејќи „Убаво ми е“. Втората награда жирито му ја додели на Влатко Миладиновски за песната „Аманет“.

Наградата за интерпретација му припадна на Игор Ангелов, кој ја испеа „Камбани стари не бијте“, песна што му донесе признание за најдобар аранжман на Јосиф Христов. Огнен Неделковски е награден за најдобар текст на фестивалот за стиховите во песната „Ако сакаш мирно море“. Нино Величковски од фестивалот се здоби со признание за 20 години континуирано учество на Фолк-фест „Валандово“. (Ј.П.)