Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Грција го ратификува Договорот од Преспа
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Quote:Грција го ратификува Договорот од Преспа

[Image: Screen-Shot-2019-01-25-at-2.19.35-PM-960x535.png]
25.01.2019
По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, грчкиот Парламент го ратификува Договорот од Преспа.
Со прозивање, сите 300 пратеници кажаа дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.
Договорот го поддржаа 153 пратеници, 146 беа против, а еден пратеник беше воздржан.
Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.
Денес воздушниот простор на Северна Македонија, на Скопје го контролираат, одговорноста ја имаат грчките Ф16. Пред договорот во овој процес беа турски борбени авиони. Сакам да кажам дека кога постои надворешна политика што е во тек важно е да го гледаме целиот спектар на интересите и да не се фокусираме само на една област. Договорот што беше потпишан, меѓу другото беше и договор што го покрива грбот на земјата во случај да имаме интензивни проблеми што кулминираат со Турција, вели Боларис




https://vecer.mk/node/21358