Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Нова инвазија врз Ирак
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Турција испратила оклопен батаљон во Ирак близу Мосул. Преку ноќ, без ниеден истрелан куршум, почната е новата инвазија врз Ирак, од страна на верното американско слугинче во регионот- Турција. Истите политичари кои хистерично инсистираа дека рускиот авион е соборен заради заштита на сувереноста сега кршат туѓа сувереност и мува не ги лази.
Неколку дена пред инвазијата Обама најави испраќање засилувања на веќе присутните 50 специјалци во Ирак. Овојпат 200 војници. Откако фати Русија да ги бомбардира исламистите, многу клопчиња почнаа да се одмотуваат. Веќе е сосема јасно каков интерес штитат Америка и нејзините сојузници инволвирани во регионот: протокот на ефтина нафта. Русија почна да ги бомбардира нафтените конвои на Исламската Држава кон Турција, Турците соборија руски авион. Русија ги бомбардира нафтените полиња во посед на Исламската Држава, а едно такво поле е близу Мосул- Турција и Америка испраќаат своја војска во Ирак.
Франција и Британија барем декларативно, се вмешаа во наводната војна на западот против исламистите во Сирија и Ирак. Вистинската цел не е уништување на Исламската Држава: вистинската цел е руската база во Сирија.