Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Пациентите од Сител и Канал 5 ги дешифрираа пораките на семејството Верушевски
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Пациентите од Сител и Канал 5 ги дешифрираа пораките на семејството Верушевски

Почитувани !
Конечно откако МВР не успеа ги ги дешифрира пораките од мобилните телефони на семејството Верушевски тоа го сторија пациентите во истурените оделенија на психијатриската болница познати како Сител и Канал 5

Ви ги пренесуваме интегралниот текст од пораките на семејството Верушевски :

Транскрипт 1 :

Пораки меѓу Сопругот Верушевски и неговата сопруга

Верушевски :
Ручекот готов ли е ?

Сопругата :
Додоека стасаш ќе биде !
Сега уште запршката да ја ставам .Малце кромидче малце брашненце .

Верушевски :
Мори краво стопути сум ти кажал да не ставаш брашненце .

Сопругата :
Абе вол што јадат сите и ти тоа ќе кркаш .

Транскрипт 2:
Пораки мѓу таткото Верушевски и синот .

Верушевски :
Кај сездржа до сега бе .Те пратив сирење и чајна да купиш како по смрт да те пратив .Се стемни више помина доручекот .

Синот :
Абе забораив дека ми рече биено сиренце а ја купив обично па се враќав па расправија со касиерката што да ти кажам .

Верушевски :
Стоко една две работи неможеш да запамтиш .

И така почитувани вакавите дешифрирани пораки беа доставени до јавниот обвинител Зврлевски кој со воодушевување ги прими како несоборлив доказ за инкриминираноста на Верушевски во случајот пуч.