29-12-2009, 04:18 AM
Животната приказна на денешните канадски државјани Зоран и Драгица Ингески, кои се по потекло од селото Тајмиште, Кичевско и од Битола, почна како и илјадниците други македонски печалбарски приказни
Како електро техничар Зоран во тогашна Југославија работеше насекаде по државата, а подоцна успеа да заврши двегодишни студии за погонски инженер во Љубљана. И татко му на Зоран бил печалбар, ама во Белград. Таму работел како касап. Децата го гледале само за Петровден, селската слава на Тајмиште. До ден денес ова печалбарско село заживува само тој ден. Како погонски инженер во тогашното железничко-транспортно претпријатие Белград, на Зоран му било предложено да се зачлени во Комунистичката партија на Југославија. Во тоа време зачленувањето во партијата значело и отворање на можностите за напредување во професионалната кариера. Зоран одбил да стане член на КПЈ. Потоа, занел што го очекува во однос на кариерата. Решава да замине на печалба.
Во тоа време Канада нудела најдобри услови за барателите на иселенички визи со високо образование. Во Торонто на 30 годишна возраст прво заминува Зоран (1966 година), а три години подоцна и неговата сопруга Драгица Бектеш Ингеска. Во Хамилтон, град до Торонто, се раѓаат нивните две ќерки Виолета и Јасмина (1971 и 1974 година). До 1977 година Зоран работи како електроинженер по разни челичарници и текстилни фабрики, по што решава да почне свој бизнис - ја основа фирмата за електрични инсталации „Фултон електрикс“. Оваа фирма работеше цели 30 години, досега сработила електрични инсталации за многу фабрики, училишта, пензионерски домови, куќи... Ниту една од ќерките не го наследува неговиот бизнис и Зоран и Драгица решаваат да ја продадат компанијата и да се пензионираат.
Ова е класичниот дел од приказната за македонското печалбарство. Она што во ова семејство отскокнува од таа наша традиција се токму ќерките Јасмина и Виолета. Јасмина денес е десна рака на канадскиот премиер Стивен Харпер. Двете ќерки на Зоран и Драгица во Канада главно се посветуваат на образованието, а не на семејниот бизнис. Јасмина завршува факултет по политички науки на универзитетот во Онтарио. Виолета докторира по филозофија и комуникации и денес е професорка на универзитетот во Хамилтон.
И двете ќерки многу рано решаваат да станат активни членови на Конзервативната партија на Канада. Јасмина во овој дел отиде и најдалеку. Таа во партијата брзо напредува, па прво станува претседател на младината на партијата на државата Онтарио, а подоцна и за цела Канада. Сите оние што ја знаат Јасмина, велат дека освен што е исклучителен интелектуалец и работник, таа е и извонреден познавач на електрониката. Вистински мајстор по електроника за по дома. Знаење што очигледно го наследила од татко си, секојдневно како дете вртејќи се околу него и неговиот бизнис. Но ниту Виолета ниту пак Јасмина решиле да го наследат бизнисот на таткото Зоран.
Многу брзо и со таква импресивна биографија во своето образование, Јасмина станува човек од доверба на тогаш претседателот на Конзервативната партија Харпер. Во периодот кога оваа партија беше во опозиција, Јасмина ја водела програмата за директен контакт со гласачите. По последните избори од пред три години Харпер станува премиер, а Јасмина десна рака на премиерот. Во весникот „Стар“ Јасмина е претставена како личност што и е целосно посветена на својата работа.
Освен на работата, и Јасмина и Виолета не забораваат и на своето македонско потекло. Таа и покрај обврските наоѓа време и за проблемите на македонската заедница во Канада. Посетата на Харпер во февруари годинава на македонска црква во Торонто сигурно не беше случајна работа и само дел од вообичаените активности во трката по гласачи. На ова се надоврза и неодамнешната посета на македонскиот премиер на Канада и средбата со Харпер.
Денес и Зоран и Драгица главно се посветени на засега само двете внуки од ќерката Виолета, кои веќе го научија и македонскиот јазик, како всушност и нивниот англиски зет.
Автор: А.Д
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21867