Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: СДСМ се што кажа се излажа ама затоа ние остваруваме
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
СДСМ се што кажа се излажа ама затоа ние остваруваме

Овие од СДСМ се што кажаа се излажаа абе Бранкова школа .
И сакаат со нас да се споредуваат.
Ние се што кажавме се реализиравме дури и повеќе од тоа што сме ветиле .

И во време на СДСМ ништо не се градеше а ете ние се ново .
Така денес пушивме во употреба нов пат .
Како тоа веќе бил направен ?
Абе да направен беше ама тоа бе комуњарски пат за нигде тоа комунистите го граделе пред 50 години и плус само комуњари го користеле со тоа комуњарските автомобили , комуњарски чевли , комуњарски мoтори ,велосипеди ...
А ете сега ние ставивме два сантима НОВ слој асфалт врз него и тоа е гланц НОВ ПАТ и тоа демократски .

Исто така денес премиерот постави нов камен темељац на нова зграда .
Како тоа зградата веќе била изградена на 5 спрата ?
Абе да точно зградата веќе си беше изградена ама тоа темелите немаа градежна дозвола и ако ние ги ископавме темелите тогаш цела зграда ќе паднеше а вака истите темели со градежна дозвола плус попови осветија камен темељац плус премеиерот со лопатата фрли воздух во воздухот и ете ти гланц НОВА ЗГРАДА .

А не како овие од СДСМ лажеа ќе вработат по еден од секое семејство .
Па уште малку ако останеме ние на власт ќе нема невработени во Македонијава .
Како тоа веќе нема народ .?
Абе да точно се исели цел народ за време на наше вледеење ама ние ветивме дека луѓето поубаво ќе живеат и тоа и го остваруваме.Ете луѓето се иселија во странство и таму навистина поубаво живеат отколку да останеа во Макеоднијава .Ете сме го исполниле ветувањето плус нема невработени оти сите се вработија во странство и таму убаво си живеат .
И што само не клеветат дека сме ветиле осум милијарди евра инвестиции во Македонија а демек не сме исполниле ветување .
Како не сме исполниле ветување кога парите ние ги имаме ама ете народот се исели во странство па на кого сега ќе ги трошиме тие осум милијарди евра .

Абе ај се нервирам вака ...Бранкова школа ...се што кажаа се излажаа .
Него добро е барем ние остваруваме , реализираме ......речено сторено....луѓе од збор ...луѓе од доверба