Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: ВМРО НП ВС ПРЕДСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Quote:ВМРО-НП: Иванов постхумно дели ордени на бранителите, кои во 2001 ги нарекуваше убијци!


[Image: vmro-np.jpg]

ВМРО-Народна партија го поздрави вчерашното постхумно доделување на ордени за храброста на загинатите бранители од претседателот на Македонија, потсетувајќи ја, како што наведува, македонската јавност дека улогата на актуелниот шеф на државата во времето на воената криза била срамна, затоа што ги нарекувал убијци и криминалци македонските бранители.

„Хипокризијата на оваа власт, менувањето на историјата и подалечна и поблиска, стана секојдневна пракса во нашата држава. Затоа, несмееме да заборавиме дека кога на Македонија и беше најтешко и нашите бранители гинеа во борбата за Македонија, Ѓорѓи Иванов беше главниот организатор на подземната пропаганда во тогашната опозиција. Ѓорѓи Иванов беше главниот креатор на пропагандите од типот дека војната ја договориле Георгиевски и Џафери, дека македонските бранители се крадци и убијци. Тој беше главниот пропагатор да се бојкотира одбраната на Македонија и серија други измислици за кои вистинските учесници во таа криза добро се сеќаваат“, соопшти партијата.

Народната истакнува дека има луѓе кои сè уште добро ја паметат срамната улога на „граѓанинот Ѓорѓи Иванов, кој во најтешките денови за Македонија се трудеше да ја претстави негативната улога на македонските бранители“.
]PLUSINFO


Quote:Иванов бара извинување и се заканува со тужба за клевета до ВМРО-НП
08/05/2013

[Image: ivanov-gjorgje.jpeg]

На лидерот на ВМРО – Народна партија, би му порачале наместо да шири клевети од најнизок вид, да размисли за своите постапки во 2001, за договорите за поделба на државата и размена на население и територии. Не би го повикувале да размисли за своето национално чувство и патриотизам, бидејќи за тоа веќе се има определено, стои во реакцијта од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на Република Македонија е згрозен од подмолните лаги во т.н. соопштение.
Претседателот Иванов бара јавно извинување од партијата до сите бранители, до членовите на семејството на Претседателот кои во 2001 беа на браникот на татковината, и извинување до него лично како граѓанин и како Претседател на Република Македонија. Во спротивно, ВМРО – Народна Партија ќе се соочи со тужба за клевета.

Претседателот Иванов досега никогаш нема реагирано на ваков начин во случај кога имало критика кон него, па дури и лични дисквалификации и лаги, но овој пат станува збор за нечии синови и татковци, браќа и роднини, за хероите на Република Македонија.

A1 ON
Quote:ВМРО-НП: Претседателот слободно нека тужи

08/05/2013



По повод реакцијата на господинот Ѓорге Иванов, ВМРО-Народна партија му порачува слободно нека отпочнува какви сака процеси затоа што постојат многу новинари но и јавни политички личности кои ги убедувал во тие негови ставови изнесени во нашето претходно соопштение, велат од ВМРО-НП.

Исто така ке му ги посочиме и луѓето преку кои лобирал за неговиот брат кој бил мобилизиран, преку врски да биде повлечен додека вистинските бранители гинеа.

Улогата на господинот Ѓорге Иванов во кризата 2001 година на нас во ВМРО-Народна партија ни е многу добро позната а тој својот патриотизам нека го објаснува на денешните вмровци во ДПМНЕ.
A1 ON