30-01-2013, 12:01 AM
Quote:Три невесте тикве б......
Во општото правење бурек од научноста и стручноста пуштена низ тунелот на политичката моќ, се истакнаа „три невесте стручне“, деновиве драги мои! Двете, да е трагедијата поголема, предаваат на факултет нешто како уставно право и политички систем и приде, а третата е стручњак од општа пракса и лупа наоколу за сенешто! Од секогаш ме нервирала измамата кога „ебани експерти“ го злоупотребуваат своето формално стручно звање – за да ги покријат своите лични политички фрустрации. Нивната надмена добронамерност, загриженост за темата и посегнувањето од торбата на слабите стручни аргументи е одвратно и достојно за презир. Тоа е измама кон научното звање што го носат и кон јавноста на која, истовремено, и се обраќаат.
Имено, првата невеста јавно искажа „стручен“ став дека имала инсајдерски информации оти се спремал пуч од опозицијата на 24-ти декември – и од тој „научен аспект“ ја оправдувала интервенцијата на полицијата, која на клоци ги избрка опозиционерите надвор од Собранието?!
Втората невеста, малку пософистицирано ја оправда полициската акција во парламентот, со став во интервју за неделник, дека секоја борба во институциите и секоја институција е подобра од демократија на улица и на плоштад.
А третата невеста, тиквата ја собра на начин што оправда и посака и во иднина полициски интервенции, секогаш кога граѓанската непослушност ќе се испречела пред процедурите и институциите на власта или изборите!
Во ритмот и римата на кумановската песна, по оваа фасцинација од моќта на пастирските пендреци и собирањето стручни тикви – невестите „заспаа“, а ќе ги разбуди подоцна свекрвата.
Имено, колешките не знам дали воопшто знаат, но ја предадоа науката незнаејќи дека во нововековната политичка филозофија (да не одиме во античката каде истото е присутно), барем од Џон Лок се заснова правото на отпор (Right of rebellion) против нелегитимната влада во рамките на, со општествениот договор, легитимната држава (во Втората расправа за владеењето во делот 17 и 18 за узурпацијата и тиранијата, и тоа уште од 17 век). Лок вели дека на власта, која ги узурпира правата на граѓаните, која применува неправедна и неправна гола сила, може да и се спротиставиме (may be opposed). „Растурете ја таквата влада и вратете го природното право во рацете на граѓаните повторно… да изберат легитимна влада.“ (Princ, стр. 397-403 и 414-415) .
На линија на тоа засновање на правото на отпор или на правото на бунт се протега огромна и богата политичка теорија и практика на она што денес го нарекуваме делиберативна демократија (драги учителки селски). Она што Хана Арент, Ј. Хабермас и Џ. Ролс го нарекуваат право што извира од „општествениот договор“, а не само од Уставот и го чинат праксите на граѓанската непослушност и вон-институционалната борба за демократија, зголемена партиципативност, инклузивност или деридијански кажано: борба за правдата која треба да дојде (и која го трансцендентира позитивното право)!
Отпорот и граѓанската непослушност, вели Јирген Хабермас, се плебисцитарен притисок врз институциите, што не се само машина за носење одлуки врз системската инерција на институционализираната политика. Граѓанската непослушност (Г.Н.) ја обелоденува неправдата, ја прави реална за набљудувачот, со неа се открива реалната репресивна сила на државата во однос на одредена група ѓраѓани. Г.Н. е театрална и перфомативна (Џудит Батлер) и има јасен естетски аспект. Хабермас заснова уште една многу важна теза дека сè што е легално не мора да биде и легитимно и, во овој расцеп, кој никогаш не може да биде зацелен и надминат, се позиционира граѓанската непослушност и правото на отпор. Фашизмот нè научи дека не треба да веруваме до крај и без остаток на институционализираната демократија, со која Хитлер дојде на власт. Оттаму, Г.Н. е нормален дел од уставната демократија, извор на нејзиниот легитимитет, на јавната делиберативност и инкузивност. Со неа се излага „јавниот аргумент“ на ненасилен, на демонстративен и на симболичен начин.
За разлика од револуцијата и насилното рушење на поредокот (ова за учителките селски) Г.Н. се разликува супстанционално бидејќи не го напаѓа уставниот поредок како таков, туку засилено го легитимира, и ги прифаќа казните кои произлегуваат од свесното не почитување на законите кое го применува (и со тоа ја потпира правната држава). Свесно кршејќи ги законите и прифакајќи ја казната за тоа, Г.Н. упатува на нивната суштествена неправедност и нелегитимност од аспект на лојалноста кон принципите на правдата од „општествениот договор“ (Џ. Ролс), како симболичен гест на обединување во заедница . Со тоа, Г.Н. е демократизација на самата демократија, особено во услови на институционална остеопороза.
Посебна улога граѓанската непослушност има во рушење на диктатури (и на нелегитимни влади во демократии), но за тоа на следниот час!
Но што да ве учиме, драге невесте! Јасно е дека сте „фасциниране од тврдоќу пастирског стапа“ кој беше употребен на 24 декември во парламентот, но земете си ги стручните тикви под мишка и марш на подука „куде свекрву“.
Љубомир Данаилов Фрчкоски