Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: EVROSONG 2010
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Скандалозен избор на песна за Евровизија



21.02.2010 18:08
Ѓоко Таневски


Македонија ги избра својот претставник за овогодинешниот избор на песна за Евровизија, кој ќе се одржи во мај во Осло, Норвешка.

Ѓоко Таневски ја имаше силата оваа година да ги победи 28-те учесници на фестивалот „Скопје 2010“ и да си обезбеди место на големата евровизиска сцена.

Во драматичното финале, тој имаше вкупно 22 поени, 12 од жирито и 10 од телевоутингот, а исто толку имаше и второпласираниот Влатко Илиевски, но 10 од жирито и 12 од публиката. Но среќата ја имаше Ѓоко Таневски, бидејќи правилникот на МРТВ, за победник го прогласува оној кој добил повеќе поени од стручните лица.

Исто како и минатата година, вкусот на публиката не се совпадна со она на жирито, па затоа победникот наместо со аплауз, беше поздравен со исвиркување.

Веднаш зад нив се најде Маја Вукичевиќ и нејзината „Фама“, како и Влатко Лозановски со композицијата „Летам кон тебе“.

Македонскиот избор за песна за Евровизија и оваа година си остана на традицијата - скандали колку сакаш. Организаторот годинава им забрани на претставниците од другите медиуми влез во така наречената „Зелена соба“, а секако, уште многу ќе се коментира и за одлуката, дали жирито или пак публиката е таа која треба да одлучи кој ќе патува во Норвешка.
http://izvor


Sekoja godina SKANDAL...Pa koga e takva procedurata zosto taka vikame, ednostavno taka glasale zirito i publikata...takvi bile pravilata....i toa e....Ne treb sekogas da vikame deka e skandal...
НАЦИОНАЛЕН ИЗБОР ЗА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА

Ѓоко Танески е наш адут за Осло


Охриѓанецот Ѓоко Танески ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Осло, Норвешка, додека Влатко Илиевски, кој имаше ист број гласови, заради одлука на жирито остана втор.

Трета по вкупно освоени гласови од жири и публика е Маја Вукиќевиќ, четврт Влатко Лозановски, потоа Наде Талеска, "Браво бенд", Александар Белов, па Ангела Здравкова, дуетот Сузана Спасовска и Дарко Нешовски и десеттата позиција беше резервирана за "Есмас бенд".
Ѓоко Танески, кој настапи со песната "Јас ја имам силата", и Влатко Илиевски, кој ја пееше "Среќа", освоија по 22 поени. Ѓоко имаше 12-ка од жирито а доби 10 од публиката. Влатко, пак, доби 12 од публиката и 10 поени од жирито. Бидејки беа изедначени во борбата за прво место ситуацијата се реши по евровизиското правило -победник е оној кој од жирито има повеќе 12-ки. Ѓоко од шестчленото жири доби една 12-ка повеќе од Влатко.
- Рацете ми се тресат. Немам воздух. И немам што да кажам освен уште еднаш да им кажам благодарам на сите. Евровизиската сцена ја осетив како придружен вокал на Мартин Вучиќ, знам како е и се надевам дека нема да ве разочарам. И да ги поздравам жена ми, која е во Охрид и ќерка ми која сега спие и моите и сите, рече возбудено Ѓоко по прогласувањето.
Победата на Ѓоко не го изнервира второпласираниот Влатко.
- Не се лутам и му посакувам се најубаво на Ѓоко. Се надевав на победа како и сите што се надеваа. Вложив во мојот настап не затоа што е избор за Евросонг, туку затоа што сум таков. Во сите мои настапи вложувам максимално, рече Влатко.
Ѓоко ќе настапи на првото полуфинале на 25 мај во Осло и доколку влезе во финалето ќе го гледаме и на 28 мај.

В.Миленковска
Фото: В. Тануровски

http://izvor
СТИЛОТ НА ДОМАШНИОТ ЕВРОСОНГ 2010

Ѓоко, среди се за Осло!


Естрадата не ја научи лекцијата дека за популарност треба да имаш и глас и песна и харизма и става и гардероба и сценски настап. Со еден збор-да инвестираш во себе и во кариерата. И во Македонија и за Европа

Победникот на домашниот избор за песна за Евровизија Ѓоко Танески има два ипол месеци да го среди ноншалантниот изглед за на сцената на Евросонг во Осло, Норвешка. Да ослаби најмалку пет килограми, да почне да вежба, да јаде умерено и здраво и да избере модерна а едноставна гардероба. Да се прости од ѓерданот околу врат и од долгите блузи или кошули кои ептен штрчат под ракавите на сакоата. Да поработи на својот сценски изглед а не само на гласните жици. Време е да почне европски да ја тера кариерата.
Домашниот Евросонг покажа дека ниту три дена не ни се доста за блеснеме три минути на евровизиската сцена. Суетата е посилна од законите на шоубизнисот. Демек, доволен е гласот, песната и така и така, а за сценскиот настап ќе размислуваме во пет до дванаесет. Ретко кој на домашната естрада сериозно ја сфаќа кариерата и популарноста па потоа им се виновни ѕвездите од регионот.
Секоја чест на поп-пејачката Маја Вукичевиќ чиј сценски изглед не мора да ви се допаѓа, ама е секогаш е професионално изработен, провокативен и со стил. И Влатко Илиевски полека, ама сигурно докажува дека освен што убаво изгледа и има вкус за облекување, сериозно го сфатил својот настап во Универзалната сала, а со тоа и својата кариера.
Л. Сабит


http://izvor
Moeto viduvanje za Evrosongot bi go stavila vo nekolku tocki:

1. Zosto sekoja godina izborot e SKANDALOZEN ???? Dali e toa stav na novinarite ili pak na narodot ??? Ili pak vo zirito ???
Sekoja godina so nova prikazna....ako nesto vi e somnitelno, nemojte da glasata, pa neka go izberat samo so ziri...

2. Sekoj peac sto ce go izberat ce mu najdat maana. Ako e dobar kako interpretator, togas ne mu e dobar scenskiot nastap, ne se dobro oblekuva, ne ubavo izgleda i.t.n.

3. Sega za godinesniov pretstavnik bil eden od najdorite peaci, ama ete bil razvlecen rakavite mu bile mnogu dolgi, trebal da simne barem 5 kg.....

Pa ne li e sramota...Koga go izbrale gledacite i zirito, znaci nekade se tuka..Kako se oblekuva, pa toa e negov stil, a za kilazata, mozebi taka mu e dobro na covekot...A koj gi zacrtal pravilata toj peac kolku kila treba da bide...
A pak sto se odnesuva do scenskata izvedba... sekoja godina od tie koreografi...cirkus se pravi...A cij scenski nastap bese dobar, na Karolina, na Tamara......
A za oblekuvanjeto, od site napravija cirkus....kako glupo go oblekoa Toseta, pa Tamara, za Karolina da ne zboruvam...a pak Vlado Janevski bese oblecen kako kondukter...covekot sekogas e ubavo oblecen, a togas....Pa ostavete gi peacite sami da si se najdat kade se i da ne pravite od niv "glupi avgust"... Tie se mladi, ubavi, talentirani....i neka pokazat sto znajat i umejat...

Na godinesniov pretstavnik samo bi mu pozelila da otpee najdobro sto moze, da nema trema, i da se oblece kako bi se cuvstvuval toj naj lagodno za da moze polesno najubavo da ja otpee pesnata.

mungos





Moj izvor za na evrovizija
(02-03-2010, 04:12 PM)mungos Wrote: [ -> ]Moj izvor za na evrovizija



MIslam deka ovaa tvoja pesma ne e vo red, bi trebalo da ja smestis na nekoe drugo mesto.

mungos

Kako toa mislis deka ne e vo red?

Sto mu fali na pesnata?

I taka celiot izbor e cirkuz pa ne e loso edna vakva pesna so razlicna muzika(za da ne e plagijat) da pustime na nekoja evrovizija.
1.So izborot koj se pravi sekoja godina da odat bledi kopii na Elvis Prisli itn. nema da se odi napred tuku samo ke se odi nazad.
2.Po se izgleda se koristi terminot "SKANDALOZEN" so cel da se opravdaat neuspesite na Makedonija na sekoj Evrosong sto se odi.
Eve go intervjuto sto go dade nasiot pretstanik, Gjoko Taneski za ovaa gogin, pa se digna tolku buka, tolku smeenje...







Pogledajte go Gjoko, a sledi intervjuto na Tamara, koe pomina bez ismejuvanje.







Pogledajte gi i dvajcata, pa da podiskutirame....
Овој Расел Дејвис му вика

You had your first rehearsal in the morning, or it was afternoon, when it was, И овој Ѓоко одговара:

Niice, nice....

SmeshkoPosTapshanje
Minatata godina zboruvaat so Tamara novinarite taa ne znaese da kaze Paket na Angliski.
Taka e Cile, na Tamara nisto ne i najdoa maana, a na Gjoko kolku po stampata go ismejuvaa.

Toj barem bese dobar, ja otpea penata, dobro izgledase, i sto e naj vazno ne falsirase.
Епа Менче, што да се прави кога живееме во сексистичко општество полно со женски шовинизам и предрасуди кон машките, особено кога не знаат англиски, па се глупираат Icon_razz
(11-06-2010, 04:00 PM)Път Wrote: [ -> ]Епа Менче, што да се прави кога живееме во сексистичко општество полно со женски шовинизам и предрасуди кон машките, особено кога не знаат англиски, па се глупираат Icon_razz
U pravo si Pat,treba da se oslobodime i od tie predrasudi i da sfatime deka site sme ednakvi pred Boga i Zakonite, Ednite pred Drugite.