mungos
21-02-2010, 10:34 AM
Цар Самоил (958 - 6 октомври, 1014) бил 23. владетел што управувал со Самоиловото царство на територијата на денешните Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија, на преминот од 10 кон 11 век. Иако не успеал да ја сочува независноста на неговата земја под налетите на византискиот император од македонската династија Василиј II (наречен Вулгароубиецот или Бугароубиецот - Vasíleios II ŏ Voulgaroktónos после битката кај Беласица), Самоил успешно се спротиставувал со децении и претставува единствениот водач што го победил Василиј II во битка.
Гледна точка на македонските историчари
Македонските историчари го гледаат востанието на комитопулите против бугарската власт во 969 година, како чин на осамостојување на бугарската власт во Македонија и формирање на база за нова, македонска државност. Исто така се смета дека главното население било македонско, покрај останатите народности кои ги опфаќало царството.
Некои од основните карактеристики на Самоилово царство:
* Основата на државата биле населението и територијата на Македонија, па според тоа и државата е македонска
* Целата надворешна и внатрешна политика на државата била поразлична од онаа на претходното бугарско царство
* Титулите во хиерархијата на Самоилово царство се разликувале од бугарските (немало кавхани, боили...)
Терминот „Бугари“ кои го користеле тогашните византиски историчари и хроничари, а кој се искористува денес за бугаризација на Самоиловото царство, не се однесувало на етнички карактер на народот, туку тој термин се користел како гео-политички термин. Имено, Јован Зонара, кој пишува неколку децении од покорувањето на Самуиловото царство, во 1018 г., во својот "Речник", објаснува што треба да се разбере под поимот "Бугарија" и тоа кога вистинските области на Бугарите носат други имиња[5].
Во "Речник" Зонара вели дека ова политичко име на втората македонска држава и било дадено за време на преговорите во 970 г. И не тврди само Зонара за Самуиловото царство, дека е всушност поранешното северно-македонско кнежество Славинија. Византискиот полководец Никифор Вриениј и управник на Драч, гушејќи го востанието од Ѓорѓи Војтех во 1072 г. ,во своите Спомени, иако го користи политичкото име (Бугарија), морал да дообјасни каков народ живеел овде, па вели:
"Бидејќи Печенезите вршеле препади во Тракија и во Македонија , племето на Словените ја отрфлило византиската власт и ја пустошело и ограбувало Бугарија. Биле разграбени Ниш и Скопје.
Човек не запознаен со деталите од политички наметнатото име на Македонците, читајќи ги овие редови, ќе помисли дека Словените од Македонија ја нападнале вистинската Бугарија од онаа страна на Стара Планина. Но, востаниците ги отфрлиле византиските институции во Македонија, ги ограбиле магацините со оружје со цел да се вооружат и ги избркале византиските гарнизони од Македонија. Спомнатите Скопје и Ниш, најмалку биле во вистинска Бугарија. По ова Вриениј е управник на цела Македонија а целта е како што вели "..преку него да се смири засилениот словенски народ" . Од се ова, јасно е дека тогашното име на Македонците не одговара на вистинската етничката припадност иако византиските хроничари ја нарекувале со име Бугарија, но тоа е само политичко-тематско име.
Изнесените податоци потврдуваат дека на Македонците од западна Македонија во 970 г., надворешни сили (Византија, рускиот кнез Свјатослав и бугарскиот сојузник - Унгарците), но и внатрешната состојба му наложиле на кнез (цар) Давид, доброволно или не, да ги прифати условите на Византија, неговата држава го добива тематското име - "Бугарија", а со тоа и народот името - "Бугари". Впрочем како и другите пространства до Мизија . Во "Историја" од византискиот писател Михаил Аталијат, при описот на востанието од Петар Делјан во 1041 г., за ова политичка зделка од 970 г[9]. се вели:
"А Мизите, на кои им било ставено името 'Бугари', како сопствено име, кренале бунт..."
![[Image: ohrid.church.samoil.jpg]](http://faq.macedonia.org/images/ohrid.church.samoil.jpg)