Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: ЗИКОВ - ЛАТАС
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Quote:Промени

Пишува: Драган П. ЛАТАС

После шест години на власт во ВМРО-ДПМНЕ, без надворешна причина или притисок, без изборен пораз или внатрепартиски судири, решија да извршат генерални смени во партијата. И тоа онаму каде што е најтешко, и најбитно: во темелите на партијата, низ општинските комитети.

За нас во Скопје власт е министерот кој го гледаме на телевизија, или среќаваме на јавни места. За скопјани идентификација на владеењето е врвниот, прв ешалон кој ни е пред нос. Оние дваесетина ликови кои биле во првата линија на изборите, и за кои, во суштина се гласало.

Но, власта е нешто многу пошироко од нив. Повеќе од тоа.

Власта е и царина, здравствени домови, универзитети, катастар...
Во Охрид, Битола, Гостивар, Штип или Струмица... луѓето имаат контакт со директори на подрачни единици, владини агенции, царински испостави... со луѓе кои реално, и секојдневно, ја вршат најпрактичната страна на власта. Со, таканаречениот, втор или трет ешалон на власта.
Тоа е линијата која ви го олеснува, или загорчува животот. Може министерот за внатрешни работи да биде супермен, ама ако локалниот полициски шеф во вашиот град не го бива, за вас полицијата е хаос. И точка.

Таа линија на власта е, по дефиниција, врзана со партиските шефови на владеачката партија од нивната средина. Смената на едниот, без смена на другиот, не би дала очекувани резултати. Затоа, ќе се оди со врзана метода.

Смените ќе почнат наскоро. Пред локалните избори на пролет. Една од битните причини за овие смени во партијата, и втората и трета линија на власта, е и создавање услови за подобри резултати на локалните избори.

Тоа е фер концепт. На парламентарните избори во кампањите, а и во практицирање на својата работа, ги гледаме тие први дваесеттина ликови и според нив, и нивното однесување, даваме или одземаме глас.

Првиот ешалон на власта, министрите, замениците и државните директори победата ја добиле на централните избори, и добиле централна власт. За она што е под нив, секој треба да поработи власта да ја стекне, и да ја задржи.

Груевски реши да изврши смена на над половина од општинските функционери, и шефовите во вториот и третиот владин ешалон, затоа што после шест години време е и други да добијат шанса. Сменетите не се бркаат, не се криминалци или неспособни ликови кои случајно се таму каде што се.

Едноставно, се направила анализа, и се добил резултат дека постои опасност од замор на материјалот, и нема доволно идеја и иницијатива во локалните партиски комитети, како и дисциплина во вториот и трет владин ешалон. Тоа е тоа. Подобро е смените да ги изврши самата партија, отколку да се случат последици заради кои смените ќе ги извршат гласачите.
Вака, гласачот има нови ликови пред себе. Со нов ентузијазам, и со нови амбиции. Власта се сменила, а ВМРО-ДПМНЕ не загубиле на избори. Напротив, ако не се случи војна, или нешто слично, и наредните локални избори Црвенковски ќе ги загуби. Седми пораз на СДСМ во низа.
И покрај поразот, СДСМ ќе си тера по старо.

Не дека во СДСМ нема паметни луѓе. Спремни и способни да створат политика која би била посериозна конкуренција на Груевски. Напротив, има повеќемина такви кои би го можеле тоа.
Но, не можат да го сменат Бранко. А без тоа, нема победа.

Не можат да го сменат затоа што Црвенковски не сменил ништо во партијата, уште од времето кога Сојузот на комунисти на Македонија се трансформираше прво во ПДП, а потоа во СДСМ. Партија која го избра Црвенковски за свој претседател. Основата, јас сум власт, е истата.
Кога Црвенковски дојде на власт во партијата, тој немаше ни триесет години. Денеска има педесет, и се уште е шеф на СДСМ.

Верувам дека никој, тогаш, не се надевал дека младиот Црвенковски две децении ќе владее со партијата како со приватна фирма. Буквално така, како со приватна фирма. Една од главните причини зошто партијата не може да го смени Црвенковски, е фактот дека партискиот имот е под хипотека на негов потпис, и кај негови најблиски пријатели и соработници.

Ако ме смените, ќе мерите улици, е пораката на Бранко.
Кога Црвенковски станал партиска власт, а веднаш потоа со премиерската функција и државна власт, во Русија од власт заминувал Горбачов. По него се изредија Елцин, па Путин, следеше Медведев... само наш Бранко истана шеф во континуитет. Што знае Рус за демократија Icon_razz нека учи од СДСМ.

Некој ќе рече: па Путин владее подолго од деценија. Да, така е. Ама Путин победува на избори, и владее. Бранко губи, а пак е власт во СДСМ.

Кога Бранко стана шеф на СДСМ, во Америка на власт беше Џорџ Буш постариот, како 41. избран американски претседател. По него, се сменија Клинтон со два мандати, па Џорџ Буш помладиот со свои два мандати владеење, и еве истекува мандатот на Барак Обама... а Бранко е се уште шеф на СДСМ.

А СДСМ со Црвенковски, на избори, победиле само еднаш. Во 2002 година, по оние кошмарни воени судири, за кои подоцна се испостави дека Љубчо ја загубил војната, а го добил богатството од кое, без работа, и ден-денес живее.

Дури и Љубчо ја загуби власта во ВМРО-ДПМНЕ. Само Бранко е секогаш тука. Со истата приказна. Државата е во кошмар, пропаѓа, ама јас ќе ја спасам и барам поддршка од вас за тоа. Поддршка од нас добил само еднаш, во 2002 година. Поддршката ја изневери. Ама, затоа, во СДСМ, е поддржуван секогаш.

И сега, од проста логика, не мора научник да бидеш за да сфатиш, ако некој доживеал шест пати пораз во низа повеќе од јасно е дека не го бива. Ако не го бива да води партија која постојано губи, зошто би верувал дека може, дека треба, да води држава.

Зошто во СДСМ немаат сила за промени, најдобро си знаат самите.
Да, точно е дека сите општински организации се под контрола на Бранко. Точно е дека партиските финансии се негово дискреционо право. Точно е и дека партијата е под хипотека, и нема мрдање додека е така... сето тоа е точно.

Арно ама, ако тие немаат сила да менуваат кај себе, како јас да им верувам дека можат нешто, и тоа на подобро, да менуваат во државата?

Политиката е еквивалент за промени. Се менува или концептот, или луѓето. Груевски успева да ги менува луѓето додека му оди. Мирно, и со анализа а не под терет на морање. Во јавноста тоа е видено, и поддржано.

Единствена промена која на Груевски не му треба е смената на Бранко.

Quote:КОМЕНТАР: Љупчо Зиков - Поглед на денот ...

ДРАГАНЕ ПАВЛОВИЧУ-ЛАТАС ... ВИДИ ВАКА!

Љупчо Зиков
Не може човек да остане при здрав разум по ваква колумна на Латас... Сега, по шест години Преродба, треба да се надеваме дека „свежината на брановите на промените” ќе донесе на власт нови 150 „гладни деца”, кои ќе продолжат да ги „крчмат” државните буџети! Дали ти текнува, Драгане Павловичу, дека додека свежите бранови ве опиваат сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи моралната поента на своето постоење, оти едноставно, оваа земја не го усреќува сопствениот народ. Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени да нe снема... Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која искрено ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде... „освежен низаеден”!

Сакам да му се обратам лично на Латас! Најлично... Оти, Латас не е глупав човек! Напротив. Македонската дваесетгодишна јадна стварност, што денеска сите ние со „симнати гаќи” ја сведочиме, докажува дека Латас не е глупав човек. Тој секогаш бил таму каде што треба – и во времињата под Бранко, и оние под Љубчо и овие под Груевски!
Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...! Рано претпладне... Се давам во убавина и шарм, адреналин раширен од позитивна енергија на луѓе кои создаваат! Америка излезе од криза... оди напред! А јас ги читам „свежите бранови во ВМРО-ДПМНЕ” и „Промените на Латас” во „Вечер“. Сега се прашувате зошто го правам тоа? Да се убиеш? Ајде де...
Со ништо не се согласив со него во текстот (инаку, редовно го читам Латас - поради прецизните пораки што власта ги испраќа преку него), освен со фактот дека и покрај сe, Груевски повторно го матира Црвенковски и е „десет минути” понапред во политичката битка за задржување на власта! Еве, и јас да додадам дека отсуството на возбуда и вознемиреност во СДСМ од најновите потези на Никола Груевски е само директна потврда колку овие луѓе „удавени во сопствената немоќ и неспособност”, овде само пусто чекаат Груевски сам да си оди, а тие да дојдат на негово место! Што ли чекаат, којзнае... Дотогаш Бранко Црвенковски е само жив штит на власта на Никола Груевски и ништо повеќе. Јадно! И тука нема ништо спорно, Латасе, драг пријателе... Колку да сме начисто дали воопшто застапувам нечии ставови во овој текст! Но, тоа не е поентата, БРЕ фраеру...
Ајде да дебатираме! Но, те молам, без „кур и пичка”, „говно низаедно”, „курви и проститутки”, „педери и шербетлии”, „гз ваков”, „гз онаков” и „гз ти мајчин”. Извини што овде ги потсетувам термините. Го направив тоа единствено со намера да укажам на што мислам, за да не кажеш не сум дефинирал... Одважи се, брифирај се ако треба, спремај се и излези на мегдан да ДЕБАТИРАМЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! А тие се многу поважни од судбината на министрите и вториот и третиот ешалон... Барем да се некои ешалони!

ЗОШТО ОВА ПИСМО ДО ТЕБЕ!

Претеруваш! Ај не сака човек да реагира, да спушта нивоа на комуникација, ама ти, пријателе, ги минуваш сите граници... Па боже наш, како не ти текнува бре, Латасе, кога ги „куцаш” тоа редовите на компјутерот дека колку е Бранко на власт, толку и ТИ сосе Ѕинго сте на власт! Како не ти текнува наутро кога ќе се погледнеш во огледало дека од другата страна излегува Бранко, Љубчо, Никола или Ѕинго... Како не ти текнува дека вие четири, пет, шест таканаречени „мудреци” од медиумските редови (од сите бои) со вашите „свежи селски интелигенции” му ебавте мајка на цело јавно мислење во сите години наназад. Дека ја држите во заложништво целата медиска сцена, а токму такви „полноглавци” ве сакаат по партиите!
На пример, Латас, вистинското прашање сега е дали „свежиот бран промени” ќе го зафати округот на Кратово, „задња пошта” Силекс и Министерството за земјоделство сосе Дирекцијата за субвенции! Баш ме интересира... А? Ајде и за тоа да зборуваме...
Зарем не си помислил, Латасе драги, дека Ѕинго во моментов е со Груевски не заради идеалите на Македонија, „јебо те бог”, туку заради втората етапа на приватизацијата, која е во тек... а тоа е да ја легитимира првата етапа (мое Кратово) и потоа - запоседнувањето на финансиските токови во земјата преку Буџетот! Е што, ние нафта ли пиеме?! За сево ова прилично се заинтересирани и во Брисел и во Вашингтон!
Ама Ѕинго поради тоа беше и со Бранко! И поради истите причини ти тогаш исто звучеше... Се сеќаваш ли на славниот слоган од деведесттите: „Ѕинго педер, напред Вардар...”. Па кога Ѕинго му се жалел на Бранко за поведението на Комитите-Запад на градски стадион, а Бранко му ветил дека ќе среди, па на следниот натпревар на Вардар, Комитите смениле малку и викале: „Ние сме педери, Ѕинго е наш“!!!!
Ти не си глупав човек, Латас, ама претеруваш човече... Зошто, друже, не тргнеш како треба – од позицијата дека и ТИ си истрошено дете на транзицијата како и Бранко и Ѕинго... Ајде, кажи го тоа! Родител во средни години си ти... Мислиш ли ти на иднината на своите деца? Па не е сe во кешот, пријателе!
Во која земја живееш ти?! Зошто не дебатираме за вистинските нешта, туку како „прдеж во гаќи” се вртиме околу тоа зошто Груевски се „освежувал со бран промени” деновиве...
Ја заболе јавноста за освежувањата на владејачката коалиција! Дајте бре, да зборуваме за вистинските нешта... 350.000 невработени, а 420.000 вработени! 150.000 јавна администрација! Алооооо! Трговски дефицит над 500% зголемен за дваесет години! Скоро една милијарда евра увоз на храна! За само две години позајмени се над 650 милиони евра! За што? ОВА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! Ало, фраеру!
Па не е сета вистина БРЕ во устите на Латас и уште четворица сосе „класната раководителка”! Па не читаат само тие... ако воопшто читаат нешто!? Читаме и ние...

ВО ШТО Е ПРОБЛЕМОТ ЛАТАС?! КАДЕ ВРЕЃАШ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?

Додека јас, Драгане Павловичу-Латас, во деведесеттите години пишував големи критики за политиките на Бранко Црвенковски и заедно со „Дневник“ ја уривавме неговата влада, а јас ја градев мојата голема новинарска кариера, ТИ истата таа власт на Црвенковски слепо ја бранеше... Сосема исто како што денеска тоа го правиш со владата на Никола Груевски! Нема никаква разлика. Да, секако, тоа е истото она време кога, како што раскажуваш во својата вчерашна колумна, стариот Буш беше претседател на САД, па Бил Клинтон, па младиот Буш, до денеска Обама... Но, тоа е и ТВОЈОТ голем проблем...
Затоа, денеска, Латасе, мој драг пријателе, нас во „Капитал“, а сигурен сум и поголем дел во јавноста, воопшто не нe интересираат „вратоломиите” на министерката за внатрешни работи и каков полициски „бос“ бил Каширски... Ниту нe интересира кога ќе им почнат смените во Владата! Баш нe заболе за тоа... Како што ич не нe боли дали имаат замор на материјалот...
Ајде да не ја замајуваме јавноста! Ајде да дискутираме за ВИСТИНСКИТЕ НЕШТА! Еве кои:
Прво, кои се ефектите од 12-15 милијарди евра, колку што приближно „тежат“ сите буџети од 2006 година наваму?! Голем дел од овие пари, освен што беа „изедени” за плати на јавната администрација - партиски наредена за гласање - отидоа преку каналите наречени „капитални инвестиции” во познатите проекти низ Скопје. Колку од овие пари, во најмала мера, „се недомаќински потрошени”?! Државниот завод за ревизија има тони хартии со извештаи за ова... Запрепастен сум колку и странски влади знаат за тоа како се трошат парите во Македонија.
Второ, голем дел од парите контролирани од луѓето министри и директори на Ѕинго се „крчмеа” и преку каналите наречени субвенции за земјоделците... Со овој кеш од сите нас македонските граѓани се создаваше новата бизнис-елита.
Никој нема ништо против нагонот да работи, да инвестира и да прави пари, но денес од оваа позиција некој да ви соли памет дека многу прави и се одрекува во името на светлата патриотска иднина за Македонија е рамно на ретардација пред оние кои гледаат и разбираат и судбината на илјадници кои секој месец се иселуваат од земјата! Годишните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија, секако, СЕГА нема да бидат предмет на анализа. Но, еден ден сигурно една влада ЌЕ МОРА (Брисел и Вашингтон ќе побараат) да се наврати на овие прашања... како се трошеа македонските државни буџети.
Трето, некој ќе мора „онака свежо и брановито во промени” да одговори зошто во Македонија банките не даваат кредити и не се отворени за сите компании и идеи еднакво, а парите ги чуваат во НБМ. Зошто? А во исто време милијардите преку Буџетот се распределуваат на начин како ќе каже главниот „борд”. Кој ќе плаќа за овој злочин? Зошто за ова не разговараме, Латасе, мој драг пријателе? Ајде на ова да се задржиме малку повеќе...
Четврто, или зошто не разговараме, Драгане Павловичу, за тоа кој сe има под 5% акции во македонските компании и кои ликови групирани здружно ги контролираат финансиските текови во земјата... Зошто овде немаме „свежи брановити промени”...
Петто, зошто не разговараме, Павловичу, за „многу интелигентниот” заклучок на НБМ и нејзиниот гувернер дека најголемиот резултат во Македонија за дваесет години е стабилноста на денарот и НА ЦЕНИТЕ!!!!! Да, стабилноста на цените, ама на кое „факинг” високо ниво! Па ти, Латасе, самиот пишуваше и цели вести правеше за цените на Топлификација. Стабилни цени на високо ниво – парно, нафта, струја, бензин... Удри му, Латасе, 18% (мислам дека треба да знаеш да вадиш проценти, ако не знаеш, јави се...!!!) ДДВ, па види колку е тоа приходи во Буџетот. А нашите бизниси нека „пушат”, Латасе мој драги...!? Агрокор од Загреб и Имлек од Белград да се вечни за Македонија!? Така ли?
И сега треба да се радуваме на „свежината на брановите на промените” да донесе на власт нови 150 „гладни деца” кои ќе ги крчмат така собраните даноци како производ на ВИСОКИТЕ СТАБИЛНИ ЦЕНИ! Дали ти текнува, Латасе, дека додека свежината ве опијанува сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи поентата на своето постоење? Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени и пијани од убавини едноставно да нe снема...
Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Кажи... Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде, Латас!

Quote:ЉУПЧО ЗИКОВ, ДРУЖЕ...
ВИДИ ВАКА - ДА МИ ГО ДРЖИШ ВО РАКА!

Миленко Неделковски

Нема да навлегувам во твојот дуел со Латас. Тоа е меѓу вас двајца.

Имам друга забелешка за тебе. Ако си во САД и во Рокфелер центарот во Њу Јорк, не значи дека си го фатил бога за муда. Многумина биле таму. Тоа што си таму само значи дека си во центарот на светското зло, ништо повеќе.
Да те цитирам ...“Се давам во убавина и шарм, адреналин раширен од позитивна енергија на луѓе кои создаваат! Америка излезе од криза... оди напред!...“

Љупчо, и ти, како и Латас, не си глупав човек (пак те цитирам). Напротив. Тоа значи дека ова што го пишуваш го правиш или по нарачка или сакаш да не замајуваш. Или за паричка, или за внимание, или за контрауслуга...
Убавината и шармот каде ги виде? Кај демонстрантите на Вол Стрит што беа претепувани како свињи?
Позитивниот адреналин каде го виде? Преку државната интервенција (да живее Маркс и неговиот Капитал) во големите компании и банки родени во либералниот капитализам. Да, да, да... Оној Либерален капитализам што се исмеваше на државниот интервенционизам на Чавез, на Путин, на кинезите...
Каде виде енергија и создавање? Во разрушените градови, села и инфраструктура во Ирак, Авганистан, Либија...?
Каде виде дека оди напред? Во тоа што е “дужна ко Грчка“, задужена кај големиот непријател Кина?!
Каде виде излез од кризата? Еве, да цитирам и некој друг, не само тебе. Макс Кајзер: Unemployment has hit migrant communities in the United States so hard that a startling new phenomenon has been detected: instead of receiving remittances from relatives in the richest country on earth, some down-and-out Mexican families are scraping together what they can to support their unemployed loved ones in the United States.

Пак да те цитирам: ...“Како не ти текнува дека вие четири, пет, шест таканаречени „мудреци” од медиумските редови (од сите бои) со вашите „свежи селски интелигенции” му ебавте мајка на цело јавно мислење во сите години наназад. Дека ја држите во заложништво целата медиска сцена, а токму такви „полноглавци” ве сакаат по партиите!“...
Овој дел не го сватив, искрен да сум. Ама бидејки му се обраќаш на Латас, малку сум збунет. Он је помлад од мене, ама знам дека е од маало зад Градска “Црвена“ болница. Тоа на Центар ми личи. Да не шпекулирам за кого мислиш во овие “4, 5, 6 мудреци“, ама секако тоа не се некои што се твои истомсиленици. “Свежи селски интелигенции“!!!???? Хмммм, на кого ли мислиш? Секако, не мислиш на некои што се од твојот сој (племе). Знаеш ли на кого мислиш? На оние што ми текнува, а што сакаш да ги навредиш, еве од каде се: Една моја колешка е од Ленинова, значи пак Центар. Еден помлад колега водител, екс дисџокеј, е од кај улица Железничка, пак Центар. Да не ти набивам понатаму комплекси, мене ми е фамилијата од Циган маало (ЕПИЦЕНТАР), а јас сум од Буњаковец, пак Центар!!! Жалам. Ти од кај си?
Дозволи ми да се послужам со српскиот јазик, во описот на она што произлегува за тебе како личност, од твоето фалење со одењето во Рокфелер центарот и барање сељачаана меѓу колегите во Скопје: “Кад се сељак покондури, ту и бог не помаже“!

Поздрав, Миленко

ПС
Да даде господ, за она за што си навистина таму, а што ти е исклучително важно, да ти се оствари. Искрено, на тоа поле, ти посакувам успех
Зиков го растури Латас. Го оголи како што мајките ги соблечуваат посраните дечиња. Паушалните пофалби и глорификации од Латас за новите владини промени ги поништи како пренадуван балон. Миленко, во негов стил, како дел од “ новинарската“ провладина елита се затрча на помош на Латас. Кажа полно празни работи, а главните поенти на Зиков останаа неодговорени. Само го потврди неговиот “идеолошки“ профил-Америка и Енглеска бит ќе земља пролетерска.Smajlito
(03-05-2012, 09:19 AM)hristo Wrote: [ -> ]Зиков го растури Латас. Го оголи како што мајките ги соблечуваат посраните дечиња. Паушалните пофалби и глорификации од Латас за новите владини промени ги поништи како пренадуван балон. Миленко, во негов стил, како дел од “ новинарската“ провладина елита се затрча на помош на Латас. Кажа полно празни работи, а главните поенти на Зиков останаа неодговорени. Само го потврди неговиот “идеолошки“ профил-Америка и Енглеска бит ќе земља пролетерска.Smajlito

Да, Зиков го соголи Латаса до коска ама дали кажа збор за неговите ментори. Дали нив ги соголи или чека да ги апасат па да почне да ги соголува.
(03-05-2012, 02:30 PM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]

Е, Јордане, па тоа е Македонија.Не прочитав дека некој друг му одговори на Латас, вклучувјки ме мене, а и тебе. Кој знае и кој има смелост зборува. Или вистината е само на едно место ?

Еве, и јас да додадам дека отсуството на возбуда и вознемиреност во СДСМ од најновите потези на Никола Груевски е само директна потврда колку овие луѓе „удавени во сопствената немоќ и неспособност”, овде само пусто чекаат Груевски сам да си оди, а тие да дојдат на негово место! Што ли чекаат, којзнае... Дотогаш Бранко Црвенковски е само жив штит на власта на Никола Груевски и ништо повеќе. Јадно! И тука нема ништо спорно, Латасе, драг пријателе... Колку да сме начисто дали воопшто застапувам нечии ставови во овој текст! Но, тоа не е поентата, БРЕ фраеру..

(03-05-2012, 03:47 PM)hristo Wrote: [ -> ]

На Латаса ние му одговоривме одамна. Само за чудо тој одговор не им се допадна ниту на Зиков ниту на Геровски ....

ЗОШТО СИТЕ САКААТ ДА СИ ГО ИМААТ ЛАТАС!?
(04-05-2012, 12:59 AM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]

Одлична колумна на Костовски. Спомна дека на Зиков и Геровски не им се допаднал текстот за Латас! Имаш некој нивен текст за тоа или некоја нивна реакција!?

(04-05-2012, 08:19 AM)hristo Wrote: [ -> ]
(04-05-2012, 12:59 AM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]На Латаса ние му одговоривме одамна. Само за чудо тој одговор не им се допадна ниту на Зиков ниту на Геровски ....

ЗОШТО СИТЕ САКААТ ДА СИ ГО ИМААТ ЛАТАС!?

Одлична колумна на Костовски. Спомна дека на Зиков и Геровски не им се допаднал текстот за Латас! Имаш некој нивен текст за тоа или некоја нивна реакција!?

Ако им се допаѓаше ке ја пренесеа.
Колумната го открива онаа што ниту зиков ниту Геро несакаат да се открие.
Браво за Зиков
Па доста тоа Латас како бесрамник со уличарски жаргон ѓоамити новинар напаѓа луѓе како вели ..си ја одработува работата за која му плаќаат . А нели како самиот се фали бил најплатен пропагнадист со 4000 евра месечна плата
Латас , Миљенко , Мирка воопшто и не се новинари туку добро обучени комуњарски пропагандисти .тие се нус комунистички продукт
Кај нив се сведува на тоа ..." ко да више "
Се додека во Македонија опстојуваат вакови пијано уличарски наводни новинари се дотогаш ќе нема новинарство

Quote:Фергусон

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Уредникот на весникот Капитал, Љупчо Зиков, кој престојува надвор од државава, во својата колумна објавена неделава ме повикува на полемика.

Причината за тоа бил мојот коментар, редовно објавуван во Вечер секој понеделник, дека е прилично позитивна новина тоа што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ прават смени, и обновување на партиската база, сега кога не се присилени на промени после изборен пораз, или внатрепартиски поделби. Дека е тоа шанса за нови луѓе, кои носат нова свежина, идеи и енергија. Така и бива.
Доказ, смена на првиот човек на Катастар. Кога македонскиот катастар е прогласен за најефикасен во Европа, и негов трансфер во Патишта.

Дека промените во партијата се нужни и во СДСМ. Таа партија ја предводи ист човек, Бранко Црвенковски, веќе дваесет години по ред. И затоа што СДСМ има шест последователни изборни порази.

Во тој повик, лично писмо до мене, Зиков тврди дека и јас сум уредник долго време и треба да дадам пример со сопствена смена.

На конто ова Зиков бара да полемизираме околу наведеното. Јавно.
Во принцип, овие триесет години, колку што сум во новинарството, не практицирам лични полемики. Никогаш не сум се мерел со никого. Се мерам само со самиот себе. Каде сум денеска, во однос на вчера. Се друго е ирелевантно.

Затоа, не полемизирам. Не се докажувам никому персонално. Работам јавна работа. Мерлива, видлива и критикувана. Тоа е постојана полемика. Ако, од триесет години стаж, над дваесет години сум уредник, и тоа во силни медиуми, токму тоа е основен доказ дека мојата работа е некому потребна. И успешна.

Но, Љупчо Зиков е мој колега, уредник, и оттаму заслужува одговор на поставените тези и прашања. Не полемика. Само одговор на лично писмо.

Прво.
Бранко Црвенковски е на јавни функции: шеф на партија, премиер и претседател... над две децении. Живее од наши, јавни пари, и затоа за својата работа е одговорен пред нас, кои го плаќаме. И бараме да си оди. И тоа што поскоро. За да имаме опозиција која е конкурент на оваа власт. И за да не се уништи цела една генерација млади членови на СДСМ, кои немаат шанса.

Второ
Јас, за разлика од тоа, не сум функционер, платен од јавни пари. Работам во приватна фирма. Па, од тие причини, за мојата работа одлучуваат гледачите, читателите и моите газди. Тие процениле дека ме бива. Ме ангажирале, и плаќале за одработеното. На конто тоа, имам најдолг уреднички стаж од било кого во една редакција. Барем десет години наназад имам најголеми приходи меѓу новинарите. Секако, уредно пријавени и оданочени.

Наједноставно објаснето: кога некој ќе одработи успешно во приватна фирма над дваесет години, добива златен саат од фирмата. Кога некој е на функција над дваесет години, завршува исфрлен низ прозор. Толку за тоа.

И Зиков, и неговиот омилен Бранко, ги помешале поимите јавно и приватно. Не случајно, секако. Затоа и јавното се третира како приватно.

За разлика од Љупчо Зиков, или Никола Младенов, Геровски... јас не морам да бидам газда на медиум за да добијам шанса да бидам уредник. Напротив. Мојата работа е менаџерска, платена од приватни пари. Додека вредам, ме плаќаат. Како и секој друг менаџер, тренер, режисер, уредник...

Кога Зиков би имал некое образование, па некој би го подучувал на тоа... или, во недостаток на школо, кога би читал нешто друго освен завршни сметки и дневни изводи, би знаел дека сите големи имиња во новинарството биле уредници по дваесет-триесет години. Јас сум само потврда на правилото. А правилото е:
Мајк Валас, легендарниот уредник на магазинот "60 минути", бил уредник во големата Си-Би-Ес телевизија 40 години! Лари Кинг беше уредник во Си-Ен-Ен 25 години... додека си во Америка, распрашај се колку долго, на главни функции, биле уредниците на Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Фигаро.. на Би-Би-Си, РТЛ... најславните времиња на наведените, и слични медиуми, се непосредно поврзани со децениски долги мандати на главните, и/или редакциски уредници.
Треба ли да те потсетам колку долго менаџери на своите фирми биле шефовите на Епл, Фолксваген, Оракл, Омега, ИБМ, Фиат... речиси ниту една голема фирма, освен по исклучок, нема менаџер со стаж под десет години!

Патем, славниот Манчестер Јунајтед, еден од трите најдобри во Европа, има ист тренер веќе дваесет и пет години. И, шо праиме сеа?
Во политиката е поинаку. Над дваесет години на врвна јавна функција биле: Гадафи, Мубарак, Кастро, Сталин, Садам Хусеин... па, ти сега види ја разликата.

Јас сум уредник во Сител петнаесет години по ред. Во Вечер веќе седма година. Седум пати биран за новинар на годината. Генерален секретар на Македонската асоцијација на новинари. Имам издадено две авторски книги. Мој директор, и газда во Сител, е Горан Ивановски, со уште подолг мандат.

За тие петнаесет години во Сител програмата на која сум уредник е во врвот. Со постојан раст на гледаност и на приходи. Сител, денес, има основачки капитал од десет милиони евра, повеќе од дуплиран за време на мојот мандат. Годишен промет од програмата кој е седумкратно поголем од оној пред дванаесет години.

Најмалку пет, од десетте најдобри македонски новинари денес, се од Сител. Сите, до еден, името го направиле во таа телевизија. Тоа е тоа.

Па, пријатељу, како што гледаш, ништо не е лесно, а ни случајно.
Имам и јас до тебе неколку, логични прашања.

Зошто ти мора да си отвориш весник, со лични пари, за да имаш функција, а никој досега не сметал за потребно, и исплатливо, да те ангажира, и плати од свои пари за тоа. Парите преку Бранко, и неговите, не ги рачунаме.

Како себе се сметаш за експерт по економија, а немаш школо.
Како си на стручен престој во САД, а не знаеш англиски.
Како сметаш дека Капитал е добар производ, а имаш ултра мал тираж.

Како тоа да работиш за Минчо Јорданов, и си против странски инвестиции во Македонија, како Битолска млекара, Агрокор... дали само инвестициите на Минчо, кого лично го почитувам, се добри. Дали во име на Минчо имаш серија плукања по Груевски, Ставревски, Ѕинго, Бојо Андрески? За што си тужен.

Кој ти го плаќа престојот во САД, со оглед на тоа дека според пријавените приходи во УЈП, ни ти ни Капитал немате баш такви пари на располагање?

Правило ли е, Бранковите новинари, како Геровски, Николче Младенов, Сашо Орданоски, Борјан Јовановски, ти... да имате спорни пари и биографии.

Еднаш, во ваква прилика, напишав: секој Моцарт има свој Салиери. За жал, мојот се вика Николче Младенов.

Љупчо Зиков не е ни Салиери. Обичен, сезонски уличен музичар.

Поздрав,
Алекс Фергусон

Одговорот на Латас е гола вода.
(06-05-2012, 11:37 PM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]

Одговор на Латас не е “ гола вода“. “ Гола вода“ , има симболично значење, но ако се разбере како гола вода, значи дека се работи за обична, што подразбира чиста вода, т.е. вода за пиење. Ова “ гола вода“, ако тој израз се прифати како еуфемизам за празнотија на еден став или текст, е блуткава, нечиста, заразена со фекалии и бактерии вода, чие пиење станува многу опасно за здравје на корисникот, посебно за неговото ментално здравје. Латас,како сите празноглавци, одговори со безобразна ароганција, но ја промаши темата. Не одговори на ниту едно прашање поставено од Зиков. Од друга страна, во таа, условно кажано полемика, тој го спомнува и Никола Младенов како негов Салиери. ( лик од филмот “ Амадеус“ посветен за живот на Моцарт, каде ликот Салиери е претставен како негов конкурент-плагијатор, т.е. уметник без дарба). Е, ако Латас го прогласува Никола Младенов за негов Салиери, тогаш светот треба да се преобрне, т.е. сите досега усвоени и етаблирани вредности треба да се преиспитаат. Латас само потврди која е неговата морална и новинарска вредност... а , тоа е нула.

(07-05-2012, 01:03 PM)hristo Wrote: [ -> ]
(06-05-2012, 11:37 PM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]Одговорот на Латас е гола вода.

За кумановци изразот "гола вода" дефинира празнотија, неаргументираност, ништавност....
Единствено нешто што е точно во текстот, е тоа дека Никола Младенов му е конкурент и плагијатор на Латаса. "Плагијатот" се состои во тоа што Младенов копирајки го Латас, почна да работи за службите.
Quote:КОМЕНТАР: Љупчо Зиков - Поглед на денот ...

Кој Фергусон!?

[Image: LjupcoZikovSlika3.jpg&imgSize=300]
Љупчо Зиков

Се согласувам потполно, Фергусоне, со твојот „длабоко интелигентен заклучок” дека си најплатениот новинар во Македонија! Па многу сешто си одработил!? Колку и како си даночен тоа ќе се види еден убав сончев ден...!? Но, кога станува збор за вака заработени пари какви што ти заработуваш - сери се на тие пари...! Нобеловецот Иво Андриќ на едно место вели „...Доџу тако времена када памет зашути, будале проговоре, а фукаре се обогате...”!?

„Never argue with an idiot. He will drag you down to his level and beat you with experience”... А, Фергусоне...!? Ти се допаѓа ли? Да не сакаш, можеби, и на шпански да ти ја кажам?!

Само има една работа што не можам да ја разберам цел ден разработувајќи ги твоите ниски страсти во една така бедно срочена колумна како одговор на мои дилеми за важни теми околу иднината на македонската економија. Колку не си спремен, докторе по економски науки! Не ми е јасно како така како голем менаџер и уредник, за каков се сметаш, сепак, не најде сили и знаење да се идентификуваш со некои од овие големи ликови што ги броиш (Епл, Фолксваген, ИБМ, Фиат...). Ама тоа е оти не читаш, пријателе, не следиш, не се надградуваш... Најлесно ти беше со фудбалерот-тренер Фергусон. Не го очекував тоа од тебе! Од тебе, така наакан, очекував најмалку Џобс!

Но, една недела додека го спремаше овој глупав одговор некој те подучил дека не сум многу по фудбалот, па не би знаел за Фергусон и би ми звучело фасцинантно! И видиш навистина, тие што те спремале за ваков „примитивен одговор без месо” вистината ти ја кажале... Јас и не знаев кој е Алекс Фергусон!

Искрено... Знаеш ли на кој Фергусон си помислив во првиот момент?... На ФЕРГУСОН - најсилниот ТРАКТОР на светот! Прашај по твое Зелениково, ќе ти раскажат за оваа неверојатно проста, но силна направа... Тоа е ТРАКТОР! ФЕРГУСОН!!! А не „Тома Винковиќ...”

Види Фергусоне...

Шефовите на Епл, покојниот Стив Џобс, како и на Мајкрософт (Бил Гејтс и Стив Балмер) се сосема спротивно од тоа што имаш желба да го поентираш. Џабе се измачуваш... Не си читал, Фергусоне, многу... Можеби нешто си начул, ама не си разбрал...

На пример, Стив Џобс бил замолен да си замине од компанијата еден период во осумдесеттите години затоа што не се вклопувал во концептот на компанијата... И си заминал, Фергусоне... Тоа е нешто слично како ти сега да бидеш замолен од твојот газда во Сител да си заминеш оти не се вклопуваш во концептот, кој можеби треба да се менува... Од примитивно кон нешто повозвишено... Да ви личи на приходите што ги остварувате за кои се фалиш... На милионите евра што ги заработувате - телевизијата и ти лично!?

Нескромно е од тебе да се споредуваш со големите имиња на споменатите американски телевизии и емисии... Не треси зелени! Не ги омаловажувај нив и оваа професија од која живееш...

Кога сме кај професијата, Фергусоне. Велиш: „седум пати новинар на годината”!? Види, Фергусоне... Да си седум пати новинар на годината само по себе е ретардација... И не е за кажување. Па, затоа и имаме вакво новинарство какво што имаме денес. Оти токму ти, Фергусоне, си седум пати новинар на годината... И тоа си бил одликуван во сите влади во овие 20 години... „Сите влади ти закачиле ордени”! Па тоа и ми беше поентата, „интелигентен фудбалеру...“

Quote:Го канам сер Фергусон - компетентен и угледен македонски доктор на науки - да отвориме јавна дебата на следните големи теми! Дебатата би ја реализирале на место што тој би го одбрал и со водител по негов ќеф:

ТЕМИ

-350.000 невработени, а 420.000 вработени!?

-150.000 јавна администрација! Зголемување на платите на јавната администрација, наместо намалување на бројот на административци?

-Трговски дефицит над 500% зголемен за 20 години!

-Скоро една милијарда евра увоз на храна! Драматично зголемување од 2006 година наваму, а во услови кога за субвенции за домашното земјоделско производство се одвојуваат баснословни суми! Каде одат тие пари? Кој го собира кремот од субвенциите? Ретардирано... Во период на чудно отсуство на Сведмилк, крал на млекото во Македонија беше српската компанија Имлек (неофицијално, неодамна продадена), каде што некои наши колеги (Фергусон треба да знае за тоа!?) имаа не до крај јасни маркетиншки релации! Пари на сите страни, а македонските сточни фондови последните години драматично се намалуваат... Сите направија пари, само земјоделците не...

-За само две години се позајмени над 650 милиони евра! За што? За дефиниран само 3% раст, кој треба да се оствари единствено преку изградбата на згради во центарот на Скопје... И раст преку јавната потрошувачка, кој треба да го реализира огромната јавна администрација...!? Земјата е приклучена на апарати за дишење...

-Каде се капиталните инвестиции во патишта низ целата земја?

-Колку е долгот на државата кон приватните компании?

-Кои се ефектите од 12-15 милијарди евра, колку што приближно „тежат“ сите буџети од 2006 година наваму?! Голем дел од овие пари, освен што беа „изедени” за плати на јавната администрација - партиски наредена за гласање - отидоа преку каналите наречени „капитални инвестиции” во познатите проекти низ Скопје. Колку од овие пари, во најмала мера, „се недомаќински потрошени”?! Државниот завод за ревизија има тони хартии со извештаи за ова... Запрепастен сум колку и странски влади знаат за тоа како се трошат парите во Македонија.

Годишните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија, секако, СЕГА нема да бидат предмет на анализа. Но, еден ден сигурно една влада ЌЕ МОРА (Брисел и Вашингтон ќе побараат) да се навратиме на овие прашања... како се трошеа македонските државни буџети.

Второ, голем дел од парите контролирани од луѓето министри и директори на Ѕинго се „крчмеа” и преку каналите наречени субвенции за земјоделците... Со овој кеш од сите нас македонските граѓани се создаваше новата бизнис-елита.

-Како пропадна ЗИК Џумајлија?

-Зошто три години Сведмилк не се рестартираше?

-Зошто македонските банки не даваат кредити?! Некој ќе мора да одговори зошто во Македонија банките не даваат кредити и не се отворени за сите компании и идеи еднакво, а парите ги чуваат во НБМ. Зошто?

-Како тоа во исто време милијардите преку Буџетот се распределуваат на начин како ќе каже главниот „борд”? Фирмите се дават во неликвидност, паѓаат, поевтинуваат и пропаѓаат! Кој ќе плаќа за овој злочин? Зошто за ова не разговараме Фергусоне, мој драг пријателе?

-Кој се има под 5% акции во македонските компании и кои ликови групирани здружно ги контролираат финансиските текови во земјата?... Зошто овде немаме „свежи брановити промени”?...

-Зошто не разговараме, Фергусоне, за „многу интелигентниот” заклучок на НБМ и на нејзиниот гувернер дека најголемиот резултат во Македонија за 20 години е стабилноста на денарот и НА ЦЕНИТЕ!!!!! Да, стабилноста на цените, ама на кое високо ниво?! Стабилни цени на високо ниво – парно, нафта, струја, бензин... удри му, Фергусоне, 18% (мислам дека треба да знаеш да вадиш проценти, ако не знаеш, јави се...!!!) ДДВ, па види колку е тоа приходи во Буџетот. А нашите бизниси нека „пушат”, Фергусоне мој драги...!? Агрокор од Загреб и Имлек од Белград да се вечни за Македонија!? Така ли?

Ај сега по ред – точка по точка!

Најпрвин, сакам да изразам жалење што воопшто се обидов да те поканам на јавна дебата, на широка отворена сцена... Но, ја користам пригодата пак да те поканам на ЈАВНА ДЕБАТА. Да зборуваме за - 10 економски прашања што упорно ги избегнуваш, па ја насочуваш темата – демек, јас сум ги напаѓал Груевски и Ставрески! И ние во „Капитал“ не сме биле за странски инвестиции! Е па, не сме за странски инвестиции во кои македонското млеко ќе го контролираат српска и хрватска компанија! Како што Словенија не го дава Меркатор на Хрватите!? Тоа се бре, суштински прашања, што до тебе не допираат на овој начин! Допираат на сосема друг, помалку нејасен начин!? (види рамка)!

Ти како доктор по економски науки и како патриот, од Александар до денес, ова мора да го чувствуваш! Зошто не излезеш на јавна полемика? Кој ти вика да се споредуваш со мене, како што велиш - „не се споредувам со никој, туку сам со себе”... Зошто не дозволиш јавноста да нe слуша како зборуваме за важните теми? Ајде да се гледаме во очи и да зборуваме - да не пишуваме... Дури ако сакаш и на твојата телевизија! Дури и водителот избери си го сам... Или еве, ако сакаш, ќе дебатираме на друга емисија, на друга телевизија, твој обожавател!?

Зошто избираш рововска битка? Па, тоа е тактика од Првата светска војна. Зошто, како секој просперитетен доктор на науки и интелектуалец, не избереш не да се споредуваш, туку да зборуваш за ВАЖНИ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ (види ја рамката во текстот за кои проблеми те канам).

Види, Фергусоне, јас сe уште не сум доктор на науки од причина што на мојот универзитет тешко се студира. Бараат бре, многу знаење и читање... За на твојот универзитет (чинам, беше Eвропски – само не знам овој, или оној од Чикаго, или Кембрич-Мембрич беше, де потсети ме жити се...) се слуша сешто...!? Брзо одело таму...

Но, не барај да ти ја објавиме докторската дисертација (сиже) во, како што неодамна ми порача „угледното бизнис-списание „Капитал“”, оти не примаме секакви дисертации на објавување. Објави си го во „Вечер“... Поугледен е од „Капитал“!

Ти го омаловажуваш гигантот во твоите очи – „Капитал“! Па, се бара ли медиум за објавување на сопствените големи животни дела ако не го цениш медиумот каде што бараш да ти биде тоа објавено?! Ако не го цениш „Капитал“, не го цениш ниту твојот докторат! Неваспитање, богати!

Фергусоне! Немаш потреба да спинуваш за Никола Груевски, демек јас сум се занимавал со „свежите промени во Владата”... Напротив ... реков - „...ја заболе јавноста за свежите промени во Владата...” во контекст на големите економски проблеми (види рамка), па те повикав на јавна дебата, очи во очи но, на ТАА тема, а не на твојата фрустрација – дека демек, јас порачувам дека требало да бидеш сменет.

Ти овде безобразно подметнуваш кога велиш „дали во име на Минчо имам серија плукања по Груевски, Ставрески, Ѕинго, Бојо Андрески...”! Безобразно подметнување...! Каде виде ти серија плукања кон првите двајца?! За вакви подметнувања ли си седум пати најдобар новинар во земјата? Така ли ги зголемуваш сопствените приходи? Никој од овие, освен Ѕинго, не беше експлицитно споменат...! Сe останато оди на твоја чест...

Ако мислиш за тоа дека Бојо ме тужи за онаа работа околу универзитетот..., па сега ти ја користиш пригодата уште еднаш ЈАВНО ДА МИ СЕ ЗАКАНУВАШ!!!, тогаш мојот одговор е – нека тужи...! Вие можете да тужите... Вие дури можете и да ме добиете на суд...! Тоа нема да биде никаква вест, вест ќе биде ако јас ве добијам на суд!? Но, за едно мора да сте свесни, Фергусоне... Животот е долг... Животот е многу долг!?

Се согласувам потполно, Фергусоне, со твојот интелигентен заклучок дека си најплатениот новинар во Македонија! Во сите 20 години... Многу си ти одработил... Колку и како си даночен тоа ќе се види еден убав ден...!? Но, кога станува збор за вака заработени пари, какви што ти заработуваш - сери се на тие пари... Нобеловецот Иво Андриќ на едно место вели „...Доџу тако времена, када памет зашути, будале проговоре, а фукаре се обогате...”!

Велиш дека „ти работиш во приватна фирма”(!?). Комерцијална и приватна телевизија!? Како бре, приватна фирма, чиј газда е сто (100) години претседател на Социјалистичката партија..., коалиционен партнер во сите досегашни влади во 20 години независна Македонија (вклучително и во оваа) и пратеник, ако не се лажам, повеќе од 20 години, дури и во СФРЈ во осумдесеттите години!? Во најтврдиот комунизам...! Што заслуги ќе беа тоа?

Но, едно ќе остане засекогаш јасно како бел ден - комбинатот на твојот газда е производ на лошата транзиција од почетокот и средината на 90-тите години, кога ти и твојот газда исто така бевте во власта (во онаа)! Тие овозможија така, а од тебе создадоа траума за јавната медиумска сцена, до ден-денешен! И што денеска оваа генерација Македонци ја плаќаме цената на „евтините страсти” – какви што ти, Фергусоне, и продаваш на твојата читачка публика!

А телевизијата каде што ти си Алекс Фергусон е само чист производ на денешните македонски „налудничави медиумски односи”! Отсуство на демократија и пазарна економија, кои се потиснати од огромниот притисок на картелите, монополите и партиите во Македонија! Во таа силна врска со партиите има огромна корупција... Да, апсолутно се согласувам дека приходите ви се многу големи! Силни сте! И на Велија му беа и тој беше силен...

За крај...

За крај го оставам најподлото од арсеналот на Фергусон...

Тој ме прашува... зошто морам да отворам весник со мои лични пари за сам да си бидам уредник, па вели: „...парите преку Бранко да не ги рачунаме...”!

За ова последното со „Бранковите пари”, сер Фергусон, ќе мора да докажуваш на суд... Оти од ништо не се плашам, освен од твоето хушкање кај ешалоните на ВМРО-ДПМНЕ, каде што со ваква изјава ме правиш „топовско месо”! За ова ќе одиме на суд, за, не дај Боже, и првиот ешалон на владејачката партија да не се посомнева дека се финансирам од Бранко! Дојдоа такви времиња да треба да се плашиме за животите, Фергусоне – само јас знам каква недела поминав по текстот... Се може да се очекува денес во Македонија!?

А за она првото – зошто сум отворил весник со мои пари!!!!??? Да ти се плукнам на докторатот ако уште не можеш да сфатиш, иако ако земам во обѕир каде си го завршил и не ми е чудно што те научиле!

Знаеш ли ти воопшто, Фергусоне, што е внатрешен порив... Дали си почувствувал некогаш потреба да посакуваш, да сакаш, да сонуваш... Имаш ли ти соништа... визии... Да победуваш... Потреба да раскажуваш приказни... Си инвестирал ли ти некогаш во нешто? И колку?

НЕМАШ и не си? Ако си..., тогаш тоа не се твои пари! Трошиш туѓи пари, кои не ги заслужуваш! Затоа и 20 години седиш во Сител и ја силуваш македонската јавност со твоите „новинарски срања” за кои си добил седум награди за најдобар новинар...! Ајде излези од таму и покажи се... инвестирај... Раскажи една нормална длабоко човечка и професионална приказна. Ајде веќе еднаш...

После оваа Латас ке треба сам да се погреба. Зиков го уби начисто .....

Quote:Миленко Неделковски

Ваков глупав текст, со толку погрешни заклучоц, шупливи тези и искомплексираност не очекував дека ќе пршчитам од Зиков.
Добил наредба да го напише предходниот текст/колумна. Глупава беше, Латас одговори и го напика у на мајка му селото.
И, сеа, кога од гомна треба да се вади, само уште повеќе тоне во герисот.
За туги бели дворови (и идеи) изгина Зиков.

Препорачувам текстот да не се обидувате да го прочитате повеќе пати (таква потреба ке ви се роди оти ништо не се разбира напишаното). Но, не препрочитувајте, џабе е. И Зиков неможе да си ги разбере тезите.

Овој "сам се убивал" со коментаров.
(07-05-2012, 10:03 PM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]

Зиков ги погреба двата најголеми корифеји на власта. Недостасува само Мирка да земаше учество, па сите тројца топ-тан да исчезнат од новинарската сцена на РМ.

(07-05-2012, 01:21 PM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]
(07-05-2012, 01:03 PM)hristo Wrote: [ -> ]
(06-05-2012, 11:37 PM)ЈорданПетровски Wrote: [ -> ]Одговорот на Латас е гола вода.

Одговор на Латас не е “ гола вода“. “ Гола вода“ , има симболично значење, но ако се разбере како гола вода, значи дека се работи за обична, што подразбира чиста вода, т.е. вода за пиење. Ова “ гола вода“, ако тој израз се прифати како еуфемизам за празнотија на еден став или текст, е блуткава, нечиста, заразена со фекалии и бактерии вода, чие пиење станува многу опасно за здравје на корисникот, посебно за неговото ментално здравје. Латас,како сите празноглавци, одговори со безобразна ароганција, но ја промаши темата. Не одговори на ниту едно прашање поставено од Зиков. Од друга страна, во таа, условно кажано полемика, тој го спомнува и Никола Младенов како негов Салиери. ( лик од филмот “ Амадеус“ посветен за живот на Моцарт, каде ликот Салиери е претставен како негов конкурент-плагијатор, т.е. уметник без дарба). Е, ако Латас го прогласува Никола Младенов за негов Салиери, тогаш светот треба да се преобрне, т.е. сите досега усвоени и етаблирани вредности треба да се преиспитаат. Латас само потврди која е неговата морална и новинарска вредност... а , тоа е нула.

За кумановци изразот "гола вода" дефинира празнотија, неаргументираност, ништавност....
Единствено нешто што е точно во текстот, е тоа дека Никола Младенов му е конкурент и плагијатор на Латаса. "Плагијатот" се состои во тоа што Младенов копирајки го Латас, почна да работи за службите.

После ова твоја изјава, во Македонија не се поздравувам со никого! Сите ми се сомнителни. А и жената си...почнав да ја гледам под око. Прво пуштам таа да почне да јаде од приготвеното, па после јас. Така ке биде додека не заживее вистинската лустрација. После, ке се вратиме во нормалниот режим на живеење.23