Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: Охрид подготвен за најмасовната верска манифестација Богојавлен
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Охрид подготвен за најмасовната верска манифестација Богојавление - Водици
18.01.2010 - 21:01 |

Во Охрид утре ќе се одржи најмасовната верска манифестација, традиционалното фрлање на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод православниот празник Богојавление - Водици.

[Image: vodiciohridopsto_4564.jpg]

За фаќање на осветениот крст во Охридското Езеро за оваа година се пријавени околу 1.200 верници, а се очекува настанот да го следат повеќе од 25 илјади луѓе, во најголем број верници од Охрид и земјата, но и гости од странство. Манифестација ќе ја следи и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Прославувањето на големиот верски празник Свети Јован Крстител ќе почне рано изутрината со богослужби во сите парохиски цркви во Охрид и Дебарско-кичевската епархија. Централната црковно-народна манифестација потоа се префрла на Градското пристаниште во Охрид, каде ќе се одржи и главниот настан – фрлањето на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. Крстот од бродот „Македонија“ во водите на езерото ќе го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.

По примерот на Ерусалим, гостите во Охрид на неколку штандови на плоштадот ќе можност да купат мал сувенир, христијански сет што содржи мал дрвен крст и четири шишенца со света вода, света земја од Плаошник, осветено масло и миро од моштите на Свети Јован Крстител.

Здружението на граѓани за афирмација на МПЦ, „Богојавление“ кое е и организатор на прославата за Водици, најави и повеќе активности на 20 јануари, за Денот на рибарите што се организира во месноста Сараиште. Таа уникатна манифестација - традиционалното капење на рибарите, ќе биде збогатена со штандови на кои угостителите од Охрид за посетителите ќе нудат бесплатна греана ракија, вино, плашици. Годинава организаторите за оние што ќе влезат во вода обезбедија две буриња со вино – за оној што прв ќе доплива до него и за највозрасниот учесник.

За да привлечат што повеќе туристи за овие две манифестации во Охрид, хотелиерите на ривиерата ги намалија цените, некои од нив нудат специјални аранжмани за популарни цени, а за гостите во повеќето угостителски објекти ќе се точи бесплатна греана ракија.

Одбележувањето на големиот православен празник Свети Јован Крстител и манифестацијата Водици во Охрид оваа година ќе бидат снимени на филмска лента, од романска филмска екипа предводена од младиот охридски режисер Илија Пиперкоски.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.
Водици 2009-та – во Скопје му се посреќи на Илија Стојановски … Христос се јави, вистина се јави!


[Image: Vodici2009-5Small.jpg?t=1263903340][Image: Vodici2009-7Small.jpg?t=1263903748]
[Image: Vodici2009-3Small.jpg?t=1263903829][Image: Vodici2009-1Small.jpg?t=1263901034][Image: Vodici2009-8Small.jpg?t=1263904043]