Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!

Full Version: 82 години од смртта на Мара Бунева
You're currently viewing a stripped down version of our content. View the full version with proper formatting.
Pages: 1 2 3 4 5 6
82 години од смртта на Мара Бунева

Македонија
Панихида за Мара Бунева
среда, 13 јануари 2010
[Image: &imgSize=300&vId=3411]
[Панихида за Мара Бунева]

Мирно и без инциденти, набљудувани од неколкумина униформирани и полицијаци во цивил, следбениците на Мара Бунева од Бугарија и од Македонија ја обележаа годишнината од нејзиниот атентат врз српскиот полициски инспектор Велимир Прелиќ.

На местото на уништената, беше поставена нова, импровизирана спомен-плоча. „Ја исполни пресудата на ВМРО над српскиот окупатор“ пишува на обележјето што на кејот на Вардар го постави Ангел Џамбаски потпретседател на пробугарското ВМРО.

Таму беше и Рајна Дрангова, десната рака на Каракачанов. На панихидата присуствуваше и поранешниот македонски министер за спорт, Георги Боев. Во храмот Св.Димитрија покрај името на Бунева беа споменати Ванчо, Тодор, Менча Карничова. Контроверзната Бунева за нејзините следбеници е херој чија идеја сеуште не е оставрена.

„Сметам дека нејзината кауза за која се залагаше не е реализирана иако има независна македонска држава затоа што наследниците на Велимир Прелиќ се инволвирани во целокупниот живот на оваа држава“, вели Никола Поп Илиев,следбеник на Мара Бунева.

Историчарите сеуште го немаат демистифицирано значењето на актот што го извршила оваа контроверзна фигура. Во официјалната македонска историографија актот на Бунева се смета дека е извршен во полза на големобугарската идеја на Вачно Михајлов, а не во полза на македонското ослободително движење и токму заради тоа Македонија нема причина да ја слави Бунева.

Среќко Поповски

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mI...ntId=17053
Pu JAZ'K!!!!!!!Sm_upsetSm_upsetSm_upset
Ebate drzhava!!! Ka paj e policijata BRE! Pa to treba odma da se apsat tie bugarashtini, choveche!!!!!
(13-01-2010, 07:41 PM)Mirza Wrote: [ -> ]Pu JAZ'K!!!!!!!Sm_upsetSm_upsetSm_upset
Ebate drzhava!!! Ka paj e policijata BRE! Pa to treba odma da se apsat tie bugarashtini, choveche!!!!!

Така е!!! Во право си човече!!! Требеше направо на Голи Оток да ги пратишTuktuk0ni Оти не им пратихте пак оние фудбалски фенове на Вардар да тепат 90 годишни дедовци и баби на панахидата???
E druze Mirza, jaz'k!! U pravo si druze. No, kako sto bi rekol ti vo tvojot zargon "JEBIGA"!

Jaz'k! Jaz'k sto moze gospodinot Среќко Поповски da figurira kako e novinar posle eden vakov krajno ideoliski pristrasen izvestaj. (Ova ne e kolumna na negovo licno mislenje tuku VEST).

Bog da ja Prosti Mara Buneva! Ubila SRPSKI okupatorski inspektor - oficer na okupatorot. Kako sto Komitite (ne na FK "Vardar, tuku onie od "Tvrdokornite") ubivale Turski oficeri, slavnite ni partizani za vreme na NOV ubivale fasisti, taka i Mara ubila zlocinec na Makedonskiot narod. Arno ama:
Quote:Историчарите сеуште го немаат демистифицирано значењето на актот што го извршила оваа контроверзна фигура. Во официјалната македонска историографија актот на Бунева се смета дека е извршен во полза на големобугарската идеја на Вачно Михајлов, а не во полза на македонското ослободително движење и токму заради тоа Македонија нема причина да ја слави Бунева.

Druze Среќко Поповски, ti sleduva eden orden od Drugar Mirza!
A mozebi vie dvajcata ste "skolski" od Kumrovec?!

Znaci Mara Buneva, koja ubila SRPSKI oficer e kontroverzna (zasto na "nasive" genijalni akamemici nikako da im se razjasni - da ne recam demistficira - zosto nekoj bi sakal da ubie SRPSKI krvnik) Mozebi ni trebaat novi akademci, nekoi koi ne se guski vo magla! (Oti Druze Среќко Поповски da ti prevedam "mist" e Angliski za "magla")
(13-01-2010, 07:41 PM)Mirza Wrote: [ -> ]Pu JAZ'K!!!!!!!Sm_upsetSm_upsetSm_upset
Ebate drzhava!!! Ka paj e policijata BRE! Pa to treba odma da se apsat tie bugarashtini, choveche!!!!!

Malku da se prosvetlish ako mozesh:

МЕНЧА КАРНИЧЕВА И АЛЕКСА СТОЈМЕНОВ ЈА ПРИЗНАВАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЗАСЕБНОСТ!



Сопругата на Ванчо Михајлов, Менча Карничева, во својата статија Зошто го убив Тодор Паница (1926), никаде не споменува никакви Бугари или Македонски Бугари како жители на Македонија и секаде нашиот народ го именува како Македонци, а за Паница тврди дека од македонски револуционер, се престорил во бугарски полицаец и дека поради тоа решила да го ликвидира.
Денешниот големобугарски пропагатор Алекса Стојменов во своите статии крие дека своевремено бил суден како македонски националист.

Во врска со соборците на Ванчо Михајлов кои ја признавале македонската национална посебност ќе презентираме уште еден, според мене, сензационален податок. Сопругата на Ванчо Михајлов Мелпомена (Менча) Карничева (1900-1964) е позната по тоа што извршила атентат врз федералистот Тодор Паница (убиец на водачот на Илинденското востание Борис Сарафов). Атентатот, како што е познато, бил извршен на 8 мај 1925 година во виенскиот Бургтеатар. Подоцна Менча е осудена во виенскиот суд, но поради тешката болест е ослободена од затвор и е депортирана во Бугарија, каде во 1926 година се мажи за Ванчо Михајлов. Истата, 1926 година (29 јануари), во тогашниот ванчомихајловистички весник Независна Македонија објавено е сведоштво напишано од самата Менча во кое таа ги образложува причините што ја натерале да го ликвидира Паница. Нормално, поради тогашните политички состојби, таа одбегнува да ја спомене нејзината врска со ВМРО, па убиството го прикажува како нејзин самостоен акт, но она што е интересно за нас во овој текст се следните моменти:
- Никаде во подолгиот текст, буквално никаде, таа не споменува дека во Македонија живеат Бугари или македонски Бугари, туку секаде во текстот сосема јасно и децидно нашиот народ го именува како Македонци!
- На неколку места во текстот јасно пишува дека македонската борба треба да се одвива вон влијанието на Бугарија,а пиринска Македонија не ја смета како составен дел на Бугарија,туку ја именува како бугарска Македонија!
- Дава сведоштва за Тодор Паница, кои се во спротивност со ставовите за овој деец кај голем дел од нашата досегашна официјална историографија. Помеѓу другото таа сведочи дека Тодор Паница: имал легално издаден пасош од кралска Југославија (која тогаш на големо ја тероризирала вардарска Македонија) на име Николиќ (татко му се викал Никола) и имал посебни документи издадени од југословенскиот режим за слободно движење на територијата на јужна Србија; дека одржувал постојана врска со просрпски ориентираните контрачети - составени од Македонци во служба на големосрпскиот режим, чија главна цел била денационализација и посрбување на Македонија, поради што вршеле тероризирање на македонскиот народ - Паница од Виена се допишувал со некои од овие контрачетници и заедно ги насочувале акциите, а дома имал и фотографии од нивните чети; дека српските весници од тоа време отворено го величеле Паница како: борец против Македонскиот комитет, кој поради тоа честопати престојувал во Србија и тоа во хотел во Белград; дека имал одлични односи и со грчката влада и честопати слободно престојувал во Грција поради неговите активности против Македонскиот комитет (како доказ споменува негова фотографија од Атина)и т. н.

МЕНЧА ГО НАПАЃА ТОДОР ПАНИЦА КАКО БУГАРСКИ ШПИОН!

Инаку, како што тврди самата Менча, отпрвин Тодор Паница и нејзе и бил идол како македонски револуционер, кој не сакал да има никакви врски со Бугарија, но поради тоа што подоцна потпаднал прво под влијание и служба на Бугарија (земјоделската влада), а потоа и на Југославија и Грција, во нејзините очи тој станал предавник на независноста на македонската борба, па затоа решила да го ликвидира. Еве што пишува Менча Карничева:
Во летото 1920 година во Лежене (Бугарија) се сретнав лично со Тодор Паница. Тогаш тој ми рече дека никогаш нема да се стави во служба на ниту една бугарска влада поради што длабоко го почитував и ми беше мило што за Македонија работат такви верни и тврди борци, готови на секакви жртви...
Подоцна, меѓутоа, Менча тврди дека станала разочарана од неговата соработка со бугарската земјоделска влада и тврди дека тогаш Паница, за да не биде прогонуван од оваа влада како ,,незаконски воен профитер", активно се вклучил во нејзина служба во борбата против македонските автономисти. Во еден таков вооружен судир во пиринска Македонија, Паница,како борец во служба на бугарската земјоделска влада, одвај успеал да се спаси од македонските автономисти. Во врска со овој пресврт кај Паница Менча пишува:
Што се случи со претходно декларираната независност на Паница во однос на бугарските влади? Зарем тој наеднаш стана бугарски полицаец во служба на бугарската влада, кој тргна против народот, за кој со години пред тоа работеше? Во бугарскиот дел на Македонија Стамболиски не беше воопшто популарен токму поради самоволијата што таму се случуваа од страна на органите на неговата власт. Тамошното население, како македонско, недвосмислено пројавуваше симпатии кон одамна започнатата македонска борба, а Паница тргна со оружје да ги урне тие симпатии и, ако може, да ги натера Македонците да ја поткрепат политиката на Стамболиски. Таа политика всушност беше насочена директно против македонското движење - се знаат тајните преговори со Србите во Ниш за заедничка борба против ВМРО, како и многубројните пројави на злодејства против легалните организации на Македонците во Бугарија.
Фрапантните пројави на чувство за македонска национална посебност за македонскиот народ од страна на Менча Карничева (инаку по националност Влаинка од Крушево), кои овде најмногу доаѓаат до израз, ги оставам без коментар. Што се однесува до написот, таа продолжува да дава (според неа),,аргументи" за просрпската и антимакедонска ориентација на Паница, па цитира и една негова изјава, според која, Паница во Виена наводно изјавил:
Кога конечно во Бугарија ќе се воспостави селанско-работничка власт, таков масакр ќе ги снајде Македонците што дури и оние кои ќе останат живи, нема да смеат да се наречат Македонци!
Понатаму Менча дава (според неа) и други "аргументи" за наводната антимакедонска дејност на Паница и неговата блискост со Стамболиски:
Паница беше незадоволен од некои министри во кабинетот на Стамболиски поради тоа што сметаше дека им недостасува храброст во борбата против Македонците. Посебно му пречеше Томов. Паница имаше договорено средба со Стамболиски што требаше да се одржи на 12 јуни 1923 година, но поради превратот кој се случи на 9 јуни не успеаја да се сретнат. На таа средба обајцата требало да се договорат за неопходните решителни мерки против Македонците.
Националната определба Македонци Карничева ја искажува и на други места во овој текст и никаде не споменува Бугари или македонски Бугари како жители на Македонија. Текстот го завршува со констатацијата дека:
Така лесно се продаваше Паница, а за тоа време Македонија, земјата за чие ропство тој - дојденец од Бугарија - стана познат, продолжуваше да се свива од болки и да се капи во солзи.
И овде таа јасно става до знаење дека Паница (како Бугарин по националност) е дојденец во Македонија, која е под ропство.
Не навлегувам во коментар во врска со нејзините ставови околу Паница, туку истите само ги презентирам. Ова значи дека за целосна оценка на Паница и на Стамболиски (кој впрочем и не бил толку негативен, како што е овде опишан, бидејќи и самиот нудел автономија на пиринска Македонија) ќе треба да се прочитаат и аргументите за досегашниот позитивен третман кај најголемиот дел од нашата официјална историографија кон овие дејци.

ТЕРМИНОТ МАКЕДОНЦИ Е УПОТРЕБЕН ВО НАЦИОНАЛНА СМИСЛА

Овде сакам да го потенцирам фактот за употребата на терминот Македонци од страна на Менча Карничева. Дека не станува збор за географски, туку за национален поим, доволно зборува самата суштина на овие нејзини изјави. Ако под географска определба како македонци се подразбираат луѓе од различни нации, кои живеат во Македонија (вклучувајќи ги и Србите, кои тогаш веќе почнале да се населуваат во Македонија), тогаш од нејзините горенаведени цитати такво нешто не може ни да се насети, бидејќи (барем кога се во прашање Србите како географски македонци) надвор од здравата логика е да се тврди дека, кога таа пишува оти Македонците имаат легални организации во Бугарија, мислела и на Србите како географски македонци. Во овој контекст треба да се гледа и на припадниците на останатите националности кои живееле во Македонија, т.е. биле географски македонци: Албанци, Турци, Власи, Роми и други. Никој од нив немал свои легални организации во Бугарија, па според тоа терминот Македонци треба да се сфати исклучиво како национална (а не како географска) категорија, бидејќи токму Македонците (како нација) биле тие кои тогаш единствено имале свои легални организации во Бугарија, за разлика од сите останати националности во Македонија, т.е. од останатите географски македонци. Впрочем, познато е дека сите оние Македонци, кои сметаат дека Македонците се Бугари обично го избегнуваат терминот Македонци, заменувајќи го со македонски Бугари или само со Бугари, што не е случај со написите од Менча, барем кога станува збор за гореспоменатиот мошне обемен текст.
Исто така сакам да потенцирам дека нејзиното оцрнување на Тодор Паница само го пренесувам како такво без да навлегувам во коментирање на неговата оправданост, но секако дека кај секоја историска личности има и негативни и позитивни дејанија и крајно време е да се напушти црно-белото или бело-црното толкување на нашата историја.
Shto pishuvale vesnicite togash:

[Image: files?file=Atentat%20Prelik%201%20Politika%20fotka.jpg]


[Image: files?file=Atentat%20Prelik%203%20Politi...tentat.jpg]

[Image: files?file=Atentat%20Prelik%205%20Politi...atorke.jpg]

Kapidan

Извадок од книгата на Љубимир Тошев, во која по децениски истражувања, ги изнесува фактите за неправедно заборавената Мара Бунева.
[Image: 6sbulaf.jpg]

На двапати таа 1926 година, Мара Бунева се обидуваше да им ги скрати дните, грдите дни ним, на великиот жупан Вилдовиќ, на владиката черносотонски Варнава и нему, на референтот правен Велимир Прелиќ; на двапати се обиде, на двапати не успеа - оти тие што ги чекаше да ги испрати онаму од каде без воскрес нема враќање - од нејасни причини - не и се најдоа на нишан.

И... осамна во чудесна седефеста светлина, изѕемнато, тресејќи се од студ - 13 јануари 1928 година - петок беше денот, денот беше пазарен - стаса денот кога ќориот ѓавол требаше да ги плати сметките.
Во тоа претпразнично утро зачекори - врвеше 9 часот - нозете ја однесоа на мостот Генерал Бојковиќ, та откако го измина мостот железен, киниса по пајкомаалото, по улицата Немањина натаде Бит-пазарот.
Таа не стигнувајќи до црквата фати џаде по левиот кеј крајвардарски насловен со “13 Октобар”, со датумот на српското “ослобоѓење Скопја”, низ Пајко малето - Мара стигна до Мост Цара Душана и, оставајќи го зад себе Камениот мост, стапна во Ново маало, стапна на Кеј Војводе Путника; стапна на кејот по кој требаше да помине - по долгото и прецизно следење на неговото движење - врховниот вдахновител на сите инквизиторски тортури кон сè македонско; да помине душовадникот на чиј миг којзнае колку невини Македонци, до смрт тепани, коските ги фрлија, ги оставија во катакомбите на жупанијата дранговградска, којзнае колку луѓе обителски оглувеа или полудеа, откако по наредба на душојадецот сјенички - тоа беше врвот на монструозноста прелиќева - измеќарите негови, садистички им ги забиваа прстите свои во меката коска зад ушите на жртвите и таму ги држеа тие прсти сè додека ним, на несреќниците крв не ќе им потечеше од ушите и со превртени очи не ќе се ничкосаа наземи, а тој - гнасата садистичка! – се мајтапеше со маките на страдалниците.

На десниот брег вардарски, на кејот Војводе Путника, меѓу 12 и 12,30 часот требаше - така сметаше Мара - да помине Прелиќ и таа, ѓомити на прошетка го пушти чекорот слободно да чекори по тротоарот од спротивната страна од брегот вардарски, во насокаод Народната банка накај Филијалата на Хипотекарната банка.
По тој тротоар заоде само сега во обратна насока, од Хипотекарната банка накај Народната банка, кога по некое време надуено, се зададе, следен од гавазот свој - Албанец беше телохранителот Прелиќев - весело, по неколку на екс излокани ракии потпевнувајќи: “И мама и тата даќе мени дуката…”.
Мара, која се наоѓаше на тротоарот наспроти тротоарот по кој џилити фрлаше чумата црна, ја премина улицата поплочена, се качи на тротоарот спротивен, се размина, правејќи се оти не го гледа, со Прелиќа, застана на 7-8 метри зад ќориот ѓавол, од џебот таен на капутот зеленкаст со раката десна го извлече маузерот, го впери револверот во оној во кого требаше да го впери, го повлече петлето - сета сцена почна да се одигрува токму во дванаесет часот и четириесет минути на кејот Војводе Путника, на половина пат меѓу куќата на Прелиќ и филијалата на Хипотекарна банка, на каршилак од Звезда, кафеаната крајвардарска - намерно првиот куршум - јунак в грб не стрела! - го истрела покрај црната чума, намерно целта не ја потрефи, но штом душовадецот се сврте - тоа тетовката го чекаше - штом го здогледа мермеросаниот од уплав сурат негов, мафтајќи со рацете сака нешто да каже, повторно го повлече петлето, па одекна уште еден истрел, по него уште два, можеше да го застрела и гавазот албански, ама немаше потреба за тоа, за сето време на стрелбата тој не мрдна со рацете, не направи никаков сомнителен потег, остана како закопан на тротоарот крајвардарски.
Петтиот куршум - кога забележа дека олицетворението на злото српско, со нозе спружени кон реката вардарска, а со глава легната на улицата, се прпела во крвта сопствена - го задржа за себе, стрелајќи си во градите самата крвта си ја пролеја.
Еден џандармериски наредник, еден обичен џандар и еден офицер џандармериски притрчаа и и го одзедоа револверот: “Оставете ме, јас сакам да умрам!” извика Бунева, обидувајќи се да се фрли во споулавените води вардарски, ама ни за тоа немаше сила, па, кога дојде еден автомобил, џандарите во него, вкупом со Прелиќа, ја сместија Мара и автомобилот ги одвози таму Крњевото, таму Воената болница, таму Полумесечината, така дранговграѓаните ја именуваа Болницата воена.

Атентаторката и атентатираниот - и едната и другиот сè уште беа живи - и беа предадени во рацете на дежурниот лекар на болницата. Лекарите констатираат дека куршумот со кој се самозастрела Бунева направил катастрофална пустош во градите нејзини - атентаторката веднаш не починала само затоа што куршумот големокалибарски не ги погодил големите крвни садови.
За властите истражни, одржувањето на Бунева во живот имаше, не е тешко да се погоди зошто, поголема важност одошто животот на правниот референт - и, токму личниот лекар на Александар I Караѓорѓевиќ - Костиќ со:
-Јели, госпоѓо Маро, због чега сте убили Прелиќа? - ја запраша Мара, која, иако тешко ранета беше при свест.
- Дали е жив? -без да му одговори на прашањето, на јазикот мајчин го запраша таа хирургот кралски, та штом доби потврден одговор:
- Ја сакам својата татковина Македонија и умирам за неа, придушено, поради недостатокот на кислород, со огромен напор изусти младата жена тетовска, а до неа од некаде далеку, од некаде многу далеку докрили:
- Господо, то вам је жена, - докрилија думите на хирургот дворски упатени до истражителите окупаторски и тие думи на генералот Миливоје Костиќ беа последното нешто што докрили до органите за слух на Бунева.

Веднаш по испраќањето на ќориот ѓавол на подземно рандеву со Рогатиот и самозастрелувањето на Бунева, писателот романски Н. Тачит во Алманахул Аромнеск ќе напише:
“Мара Бунева ... интелигентна и пламена патриотка; беше активен член на македонската организација во Скопје. Oткако сред бел ден, во центарот на Скопје го уби Прелиќа, се самоуби стрелајќи си еден куршум во срцето и умира пред Прелиќ.
Мара Бунева зазема место меѓу мачениците на Македонија, кои сакаа да умрат за својата измачена татковина. Македонците насекаде во светот го празнуваат споменот за таа Македонка, нарекувајќи ја: Убавата маченичка на потиснатата Македонија!”

Ова ќе го каже писателот романски за Мара, а дописникот на парискиот весник Лувр, во написот печатен на 7 април 1928 година, Бунева ќе ја нарече македонска Шарлота Корде. Болеслав Тахауер, аташе за печат при унгарската амбасада во градот софиски, ова писмено ќе го соопшти:
“Ќе биде повеќе од банално да се тврди дека без крвопролевање ниеден народ не ја извојувал својата слобода. Тоа се однесува на сите народи, освен за тие што до слободата стигнаа со посредство на дипломатските.
Но Србите, коишто го воздигнуваат споменот на убиецот на австроунгаскиот престолонаследник, без никаква грижа на совеста ќе ја осудеа Мара Бунева... Во лицето на Мара Бунева гледаме еден борец за слобода на својот народ.
...Таа (Мара Бунева, м.з.) е влезена во крвавата историја на македонските маченици и оној ден кога Македонија ќе биде слободна, таа ќе заземе видно место во историјата на Македонија, која ќе се изучува во училиштата.”

Сè до пропаста на титовата Југославија, србомакедонистичка пропаганда, раководејќи се од кралалександровската пропаганда, ја третира хероината незаборавна како џандарка подготвена да убие за пари. Почнаа да одржуваат панихиди во почетокот на дваесет и првото столетие, поставија спомен-плоча на местото крајвардарско, на местото каде што Бунева на 13 јануари 1928 година, токму во дванаесет часот и четириесет минути му го скрати грдото суштествување на ќориот ѓавол и самата крвта си ја пролеа. На тоа место крајвардарско патриотите македонски поставија плоча во чест на Мара Бунева, но не помина многу време, ниту многу вода протече низ коритото вардарско - рожбите на србомакедонизмот зедоа да ја бербатат спомен-плочата, ултрахулигански зедоа да го сквернават споменот за хероината бесмртна, хероината која, доследно го оправда единственото вјерују нејзино: “Сè за Македонија, ништо за себеси!”
[Image: 822o7e1.jpg]
[Image: 6t614dz.jpg]

Kapidan

На една од телевизиите, сега покојниот Спасе Шуплиновски изјави дека и' бил роднина на тетка ми. Јавноста треба да знае дека не е никаков род со нас, ние него не го познаваме, немаме никаква семејна врска со него. На истата телевизија слушнав изјава и на еден свештеник, која по панихидата во црквата ’Св. Димитрија’ рече дека Мара не била чесна жена, имала повеќе мажи, дека му била љубовница на Владимир Прелиќ, што не е вистина. Не е вистина и тоа дека била љубовница на адвокатот Андрејчин од Тетово, кого српските власти го ликвидирале истиот ден кога е извршен атентатот. Со семејството Андрејчин бевме соседи и големи пријатели. Многу невистини се кажаа за тетка ми Мара и се извалка нејзиниот образ. Таа била омажена жена, а атентатот го извршила од патриотски побуди. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои. Мојата баба никогаш не сум ја слушнала да каже ниту еден збор бугарски. Многу добро се сеќавам на неа. Мајка ми од Скопје ќе ме испратеше за Тетово со малиот воз, кој патуваше девет часа, и јас кај неа ќе останев цело лето. Не паметам да ми прозборила бугарски збор“, вели револтирано внуката на Мара Бунева.

Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си. Фала му на Бога, сега можеме да кажеме тоа што сме. Ние дома сите се чувствуваме Македонци. И сестра ми и брат ми, кој почина многу млад. Беше голем патриот. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци
“, раскажува Герасимовска, која се омажила во Тетово, каде што и денес живее .

demmian

Откорната спомен-плочата на Мара Бунева
Коментари (1)
26.01.2010 14:14



Откорната спомен-плочата на контроверзната Мара Бунева на кејот на Вардар. Иако беше нелегално поставена од општина Центар за А1 велат дека тие не ја отстраниле.

Најверојатно овој вандалски чин е дела на непознати сторители.

Следбениците на Мара Бунева во име на бугарската кауза на 13. овој месец поставија импровизирана спомен-плоча на кејот на Вардар. Со цел да ја заменат искршената плоча од пред неколку години.

Бугарка или Македонка, Мара Бунева и 82 години по нејзината смрт е контроверзна личност во македонската историја.

Тоа сепак не е пречка Владата да направи нејзина восочна фигура, во Музејот на ВМРО која ќе ја смести на само неколку стотици метри од местото на кое го убила српскиот офицер.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119121
(26-01-2010, 05:56 PM)demmian Wrote: [ -> ]Откорната спомен-плочата на Мара Бунева
Коментари (1)
26.01.2010 14:14



Откорната спомен-плочата на контроверзната Мара Бунева на кејот на Вардар. Иако беше нелегално поставена од општина Центар за А1 велат дека тие не ја отстраниле.

Најверојатно овој вандалски чин е дела на непознати сторители.

Следбениците на Мара Бунева во име на бугарската кауза на 13. овој месец поставија импровизирана спомен-плоча на кејот на Вардар. Со цел да ја заменат искршената плоча од пред неколку години.

Бугарка или Македонка, Мара Бунева и 82 години по нејзината смрт е контроверзна личност во македонската историја.

Тоа сепак не е пречка Владата да направи нејзина восочна фигура, во Музејот на ВМРО која ќе ја смести на само неколку стотици метри од местото на кое го убила српскиот офицер.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119121

Ako za srpskata okupacija se pishuvalo i zboruvalo slobodno, Mara Buneva sekako ke bila MAKEDONSKI HEROJ. No trebalo vo imeto na bratstvoto i edinstvoto od sekjavanjeto na makedonecot da se izbrishe deka postoele SRPSKI ZLODELA koi bile straotni. I taka skoro site borci za NEZAVISNA i OBEDINETA MAKEDONIA od 1913 do deneska se proglasuvani za Bugari. Namesto da se "svesti" Makedonecot deka povtorno go manipuliraat shaka srbomani toj ne prevzema nishto da si gi odbrani heroite.

Edno prashanje, do tie koi na Mara Buneva i go osporuvaat deloto-deka ne bilo za Makedonski interesi: koi bile studentite zaradi koi Buneva go izvrshila atentatot.
Pismo na bratot na Mara buneva, Boris:


Quote:"Фокус" бр. 612, 23 март, 2007 година, стр. 34-36

" Почитуван г. министре,

Во текот на септември 1941 година, заедно со семеjството, сопругата и синот, се преселив во Скопjе, при што од Софиjа jа пренесов сета покуќнина.

Немаjќи сопствен дом, бидеjќи моите родители живеат во Тетово, од чиновникот за државни имоти ми беше определено да живеам во куќата на ул. 248 бр. 6, во коjа jа сместив сопствената покуќнина. Порди настаните на 8-ми септември 1944 г., го напуштив Скопjе без да jа изнесам покуќнината и заминав за Софиjа. Причините поради кои jа напуштив татковината Македониjа, ќе ги изнесам подолу.

Поради различните патишта по кои одев за слободата на Македониjа, денес сум определен како неподобен жител на татковината..., иако постоjано живеам со убавата мисла дека ќе ми биде дозволено да живеам во Македониjа и да бдам полезен. ...

Тоа мое решение да живеам во Бугариjа е привремено и ми налага да си jа соберам покуќнината. Домашните ми jавуваат дека во куќата во коjа се наоѓа покуќнината се вселило службено лице, кое одбило да ги пpедаде работите. ...

На почетокот на молбата ветив дека ќе ги изложам причините поради кои ги напуштив Скопjе. Бев загрижен за навлегувањето на Љотиќевците и Дража Михаиловичевите вооружени групи, за кои имаше сведоштва дека се веќе во Сурдулица и второ, ако останев во Скопjе, ќе требаше да се потчинам на германските воjски.

Од Љотиќевците и Дражамихаиловичевците се плашев дека како стар борец на ВМРО ќе посегнат по мене, а на Германците не сакав да им служам.

Треба да ви раскажам за следното:

Неколку денови пред бугарските воени и административни власти да jа напуштат Македониjа, во кабинетот на обласниот директор Тома Петров, на состанок бевме повикани неколку граѓани.

Обласниот директор ни рече дека бугарската влада му наредила да свика состанок со видни граѓани и да основa 'привремена македонска влада' под покривителство на германската воена команда и германскиот конзул во Скопjе, и таа влада треба да jа обjави автономиjата на Македониjа.

Сите присутни требаше да се изjаснат. Jас прв се jавив за збор, и буквално го кажав следново:

' Господине директоре, не во 11 часот, туку сега земете го телефонот и соопштете им на министрите, да им jа ебам маjката, зошто ни советуваат да jа обjавуваме автономиjата на Македониjа. Ние тоа нема да го направиме.

Господине директоре, вие не водите сметка дека меѓу нас нема пpедставници на тие што имаат право да зборуваат, тие што се по планините. Вие ли сте врската со нив, со тие што утре ќе влезат со оружjе в рака во градот? Тие со право ќе кажат: кои сте вие да основате привремена влада на автономна Македониjа без нас да не прашате? Вие ли, кои цели три години танцувавте во воениот клуб, вие ли имате право на такво нешто без да сте ополномоштени од нас, кои во тоа време бевме во планината и водевме борба со бугарските и германските власти? ...Затоа господа предлагам понатаму да не дебатираме по ова прашање. '

Господине министре, моjот став по ова прашање им беше познат и на германските воени власти и на германскиот конзул, и го ризикував животот во Скопjе поради повлекувањето на бугарските власти.

Некоj би прашал: а зошто не отиде в партизани? На тоа прашање, еден човек како мене би можел кратко да одговори: немав гаранциjа дека ќе бидам примен од нив, ниту пак сакав да бидам смешен и да се определувам во последната минута за да се наредам до тие што со месеци беа по планините. ...

Великобугарин сум до толку, до колку сум можел да имам право да живеам во сопствената татковина Македониjа, слободен и невознемируван. За слободата на Македониjа сум се борел против великобугарството, за што во Бугариjа сум бил осуден на смрт и сум лежел во затвор 5 години и 4 месеци.

Ако бев великобугарин ќе се согласев на државна служба во Скопjе коjа настоjчиво ми беше нудена. Ако бев великобугарин, барем на едно државно собрание во Македониjа ќе говорев. ќе пишував во весниците за великобугарството...

Ако бев великобугарин, немаше да ги одбегнувам прославите и банкетите, иако сум бил специjално канет....

И наjпосле, ако бев великобугарин, ќе отидев на приемот во општината организиран од цар Борис. Упорно бев покануван да присуствувам, но откажав и не отидов. Тоа ќе го потврди и г. Кирил Жерновски, коj во своjство на помошник на кметот имаше наредба да ме покани.

И кога официjалните органи ми составуваа белешки дека одбегнувам од тоа, им одговарав:

'Додека бугарските власти jа сметаат Македониjа за своjа колониjа, jас не сакам со присуството да го потврдувам тоа'. ...

Како член на В.М.Р.О. Да, таков бев, и имав престапи против бившото Кралство Jугославиjа. Титовата Jугославиjа и Федерална Македониjа не можат и не треба да бараат сметка од тие кои по своjата идеологиjа се бореле против Кралска Jугославиjа. В.М.Р.О. и неговите членови не водеа борба против новата демократска Титова Jугославиjа.

Почитуван г. министре,

Интересно е да наредите едно сеопфатно истражување на моjата деjност од 1941 г. до 8-ми септември 1944 година...И ако се докажат моите полезни работи во Македониjа, да наредите да ми се врати покуќнината според приложениот список, за дa останам со добри чувства кон управителите на моjата татковина Македониjа во коjа мечтаам да живеам.

Со почит кон вас и за доброто на моjата татковина Македониjа

Софиjа 15 октомври 1945 година
Со почит,
Борис Бунев "
(26-01-2010, 05:56 PM)demmian Wrote: [ -> ]Откорната спомен-плочата на Мара Бунева
Коментари (1)
26.01.2010 14:14



Откорната спомен-плочата на контроверзната Мара Бунева на кејот на Вардар. Иако беше нелегално поставена од општина Центар за А1 велат дека тие не ја отстраниле.

Најверојатно овој вандалски чин е дела на непознати сторители.

Следбениците на Мара Бунева во име на бугарската кауза на 13. овој месец поставија импровизирана спомен-плоча на кејот на Вардар. Со цел да ја заменат искршената плоча од пред неколку години.

Бугарка или Македонка, Мара Бунева и 82 години по нејзината смрт е контроверзна личност во македонската историја.

Тоа сепак не е пречка Владата да направи нејзина восочна фигура, во Музејот на ВМРО која ќе ја смести на само неколку стотици метри од местото на кое го убила српскиот офицер.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119121

http://media.a1.com.mk/media/video/10/pl...-26-01.wmv
(26-01-2010, 07:35 PM)vancevtodor Wrote: [ -> ]Edno prashanje, do tie koi na Mara Buneva i go osporuvaat deloto-deka ne bilo za Makedonski interesi: koi bile studentite zaradi koi Buneva go izvrshila atentatot.

Eve koi biel STUDENTITE:


Quote:ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

На атентатот што го изврши Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија - во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена.

Од студентите членови на ММТРО, прв бил уапсен Димитар Ѓузелов, на 29 мај 1927 година, а потоа и другите. Судењето започнало на 15 ноември 1927 година и траело само неколку дена. Тоа побудило големо интересирање и за него пишувале сите поголеми европски весници. Пресудите биле изречени на 10 декември 1927 година. Деветмина од нив биле осудена на казна затвор - Димитар Ѓузелов од Дојран и Иван Шопов од Гевгелија на по 20 години строг затвор, Димитар Нацев од Струмица на 15, Димитар Чкатров од Прилеп на 10 години. На петмина од нив - Харалампие Фукаров, студент на Машински факултет во Белград, Тодор Гичев од Штип, Борис Андреев од Велес, Штерјо Баздов од Крушево и Борис Светиев од Битола им е изречена казна од по пет години затвор. Другите единаесетмина: Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманов, двајцата од Велес, Јордан Сапунџиев од Дојран, Кирил Вангелов, Христо Хаџикимов, Благој Манев, Тодор Христов, Страхил Иванов, Кирил Караџов, сите од Штип, биле ослободени.

mungos

Поддржувачите на ликот и делото на Мара Бунева вчера поставија нова, импровизирана спомен-плоча на Кејот на Вардар во Скопје, одбележувајќи ја годишнината од нејзината смрт. Тие годинава првпат направија јасна дистинкција меѓу, како што рекоа, македонските Бугари и Македонците и побараа овој ден, на извесен начин, да претставува и ден на помирување меѓу Македонија и Бугарија.

Под забележливо засилено полициско присуство поменот во црквата „Св. Димитрија“ и чествувањето на контроверзната Бунева поминаа без инциденти. Во групата од 40-ина присутни имаше и гости од Бугарија, меѓу кои и потпретседателот на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.

- Мара Бунева се бореше за легитимна праведна цел, за независна македонска држава и чинот што го изврши беше легитимен, казнување еден злосторник кој го малтретирал овдешното население. И од тој аспект таа е херој на македонските Бугари и ќе остане вечен ориентир дека треба постојано да се бориме за подобра иднина на нашата држава и на идните поколенија - изјави Никола Поп Иванов.

Според него, мисијата на Бунева не е завршена и таа сега треба да се реализира со демократски средства и со легитимна борба за воспоставување вистинска демократија во државата.

- Не, не сакам и не ги идентификувам Македонците и македонските граѓани со македонските Бугари. Мара Бунева е македонска Бугарка, а за Македонија се бореле и многу Албанци, Власи, Турци и Срби и сите тие си имале свои херои - рече Поп Иванов, одговарајќи на новинарска забелешка дали потенцирајќи ги македонските Бугари сака да ги идентификува со Македонците.

mungos

А кој се тоа македонски бугари?
(12-02-2010, 11:21 PM)mungos Wrote: [ -> ]А кој се тоа македонски бугари?

Ванчо Михайлов и сите преродбеници! Сега стана ли ти ясно?Icon_wink

mungos

Не можи сите дај список.А за вашата љубов кон Ванчо Михајлов ќе ви се објасни кога ќе ви дозволат да ги видите царските архиви.
(12-02-2010, 11:21 PM)mungos Wrote: [ -> ]А кој се тоа македонски бугари?


Eve ti objasnuvanje od Akademik Katardziec:

Quote:ФОРУМ: Неодамна, во едно интервју, висока функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за тезата дека левицата во Македонија секогаш била ориентирана кон Белград, а десницата кон Софија, ми го посочи примерот на Димитар Влахов - левичар од ВМРО (Обединета), кој се декларирал како Бугарин.

КАТАРЏИЕВ: Да, тоа е точно. И не само Димитар Влахов. Павел Шатев, Панко Брашнаров, Ризо Ризов и др. Меѓутоа, овде тезата е погрешно поставена. Не е работата во тоа дали левицата се определуваше за Србија, а десницата за Бугарија. Тука се мешаат поимите. Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931-32 година е направена грешка. Сите тие ветерани останаа само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам. Тука мора да се спомене еден феномен. Поделбата на Македонија 1913 година одигра извонредно штетна улога во свеста на Македонецот. Зошто? Затоа што ја прекина нормалната комуникација - политичка, културна, економска - меѓу Македонците. Го прекина процесот на создавање на единствена македонска историја на целиот македонски простор. Македонските прогресивни сили ги врза за прогресивните сили на земјите во коишто опстојуваа. Тие почнаа да ја прифаќаат политичката определба и филозофија на земјите меѓу кои Македонија беше поделена. Така, во текот на НОБ, кога дојде времето за поврзување, постоеше огромен јаз во свеста на Македонецот од трите дела на земјата. Сите велеа дека се Македонци, ама сите на тој поим му даваа поинаква содржина. Кои доаѓаа од Бугарија, тие сметаа дека треба да дојдат на чело и да ја водат Македонија, особено ветераните како Шатев и Влахов. Тие, практично, се чувствуваа како Бугари. ВМРО (Об.) не мрдна од обичниот политички македонски сепаратизам."

Mungose vo crvenio bold e najgolemata vistina. I namesto deneska da se obideme da go reshime toj problem nie go prodlabochuvame.
Za da go reshime MAKEDONSKIOT problem treba da svatime ushte edna VISTINA, Vardarska Makedonija ne bila slobodna do 1991 a nitu slobodna nitu samostojna od 1991 godina do deneska.

mungos

Ванчетодор ако се огледувам во зборовите на катарџиев ќе треба србин да се пишам.Нека не го брани Македонецот еден ваков самоизвикан историчар.Напротив по 1913 година Македонецот кој бил во заблуда сваќа дека не е ни србин ни бугарин а ни грк.Затоа што политиката на овие братски народи била асимилаторска а не ослободителна.Точно е дека се раскина врската во смесла дека имаше граници,но народот и понатаму си живееше во своите огништа.

Ни еден од овие ветерани не направил штета кај Македонецот,но затоа од 1946 година и доаѓањето на Колишевски се направиа најголемите штети врз духот на Македонецот.



А за твојот ник ни Ванчо ни Тодор ги сметам за Македонци,освен што се родени тука тие се изроди на Македонскиот народ.Ја започнаа најгрвавата војна помеѓу самите Македонци.


Не е точно дека Сандански ја започна.Од 1908 до 1922 година немало толку убиства,колку што следеле послем овој период.
Pages: 1 2 3 4 5 6