Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 1 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОРИ И СЕ ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#41

Poglednete go videoto !!!!!!!!!!

http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Vid...tID=137669

CACKO Konopiski na ovaa bi rekol :

NE MOZAM DA VERUVAN NI NA OCI NI NA USHI !!!!!!

A NEMA POTREBA NI DA SE ZBORUVA !!!!

Ovaa zamislete go na ubaviot kavadarecki dijalket izgovoren od CACKO.
09-05-2011, 12:26 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#42

Молкот од страна на медиумите под контрола на Груевски е знак дека ова е вистина и тоа преголема вистина за да може да ја надвикаат со празни фрази како што правеа до сега. Засега решија дека е најдобро што повеќе да ја игнорираат аферава...

09-05-2011, 02:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

(09-05-2011, 02:10 PM)acko Wrote: Молкот од страна на медиумите под контрола на Груевски е знак дека ова е вистина и тоа преголема вистина за да може да ја надвикаат со празни фрази како што правеа до сега. Засега решија дека е најдобро што повеќе да ја игнорираат аферава...

Оваа ке биде пресилен адут во рацете на опзицијата за да легитимно ги оспорат изборите.

Мислам дека и ЕУ нема да остане само набљудувач на оваа флагрантно кршење на човековите слободи.

Комитетот за Демократизација на Македонија во текот на утешниот ден ке испрати писма до неколку Влади и Организации и ке го представи случајот.
09-05-2011, 02:28 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#44

(09-05-2011, 02:28 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Оваа ке биде пресилен адут во рацете на опзицијата за да легитимно ги оспорат изборите.

Мислам дека и ЕУ нема да остане само набљудувач на оваа флагрантно кршење на човековите слободи.

Комитетот за Демократизација на Македонија во текот на утешниот ден ке испрати писма до неколку Влади и Организации и ке го представи случајот.

ДПМНЕ погреши од самиот почеток, се фатија на мантрата дека единствено може да се опстане на власт доколку се се контролира. Наместо да тргнат во конечно ослободување на Македонија, тие решија да ја задржат истата состојба, а играчите да ги натераат да играат за нив. Тоа не успева, а дојдоа во добро време, огромно разочарување од другите, огромна подршка за нив. Вистински момент за вистински реформи, но врхушката реши поинаку...

09-05-2011, 02:46 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#45

Чекајте, врз основа на што треба да му веруваме на А1? Јас во ова ќе верувам дека е вистина само ако институциите, заедно со меѓународната заедница ги оспорат изборите и изборите пропаднат, САМО поради оваа афера. Зашто, ако е вистина, поголем доказ за нерегуларни избори од ова-НЕМА.
(This post was last modified: 09-05-2011, 03:19 PM by Nikola.)
09-05-2011, 03:19 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#46

(09-05-2011, 03:19 PM)Nikola Wrote: Чекајте, врз основа на што треба да му веруваме на А1? Јас во ова ќе верувам дека е вистина само ако институциите, заедно со меѓународната заедница ги оспорат изборите и изборите пропаднат, САМО поради оваа афера. Зашто, ако е вистина, поголем доказ за нерегуларни избори од ова-НЕМА.

Затоа што за овие работи сме слушнале и пред да ги објави А1! А, погледни ја и реакцијата на ДПМНЕ со нивните медиуми, па тие и за постини работи дигаа огромна џева... Зависи како ќе се турка ова афера понатаму, можеби власта ќе биде принудена да престане да молчи и да распалат жестоко со нивниот арсенал. А, да, најглупо нешто што може ДПМНЕ да го направи сега е да ја затвори А1. Самоубиство за нив, а и штетно за Македонја тоа да се случи во предизборие...

09-05-2011, 03:33 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#47

Морам да признам дека со објавување на оваа вест барем кaј мене А1 се испра за едно половина од глупостите што ги направи во изминативе 9 месеци.

Македонец, треба многу повеќе да те загружива фактот што ДПМНЕ се користи со вакви методи, одошто да ја овинуваш А1 за обзананувањето на овој криминал.

Но, сепак, најголемиот криминал во сето ова е фактот што Македонија има толку малоумна Власт. При услови на тајно гласање како може некој да докаже дека донел 1 глас (својот), а за 15 да не зборуваме?!?!?!?
(This post was last modified: 09-05-2011, 04:14 PM by Solenik.)
09-05-2011, 04:13 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#48

Glasase? Da da shefe
Kolku glasovi donese so tebe? 48 shefe
Bravos

Golema afera UPM
09-05-2011, 05:12 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#49

(09-05-2011, 04:13 PM)Solenik Wrote: Морам да признам дека со објавување на оваа вест барем кaј мене А1 се испра за едно половина од глупостите што ги направи во изминативе 9 месеци.

Македонец, треба многу повеќе да те загружива фактот што ДПМНЕ се користи со вакви методи, одошто да ја овинуваш А1 за обзананувањето на овој криминал.

Но, сепак, најголемиот криминал во сето ова е фактот што Македонија има толку малоумна Власт. При услови на тајно гласање како може некој да докаже дека донел 1 глас (својот), а за 15 да не зборуваме?!?!?!?

И јас тоа се прашувам...Освен ако нема некои шифри кои не ги знаеме (гледаме) на гласачките ливчиња па да знаат кој е кој број...нема друго...Друга работа, пак која укажува на нелогичности е-Зошто некој кој е вработен во администрација по партиски клуч, треба да му се укаже да гласа за оној кој го донел таму, и неговото семејство е сигурно свесно дека за нивно добро е да си го дадат гласот за оние кои таму го вработиле нивниот член...Е сега 15 члена колку што наводно се бара да гласаат опфаќаат сигурно и во поширокото семејство или пријатели.
Значи, зошто би сакале да ризикуваат да паднат оние кои ги донеле на власт и да им се разниша работното место?
Од друга страна, ако е ова вистина, значи стварно се малоумници тие на кои ова им текнало!
Значи има две опции-Или А1 лажат-сушат, или имаме власт за медицинска опсервација!
09-05-2011, 05:12 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#50

(09-05-2011, 03:33 PM)acko Wrote:
(09-05-2011, 03:19 PM)Nikola Wrote: Чекајте, врз основа на што треба да му веруваме на А1? Јас во ова ќе верувам дека е вистина само ако институциите, заедно со меѓународната заедница ги оспорат изборите и изборите пропаднат, САМО поради оваа афера. Зашто, ако е вистина, поголем доказ за нерегуларни избори од ова-НЕМА.

Затоа што за овие работи сме слушнале и пред да ги објави А1! А, погледни ја и реакцијата на ДПМНЕ со нивните медиуми, па тие и за постини работи дигаа огромна џева... Зависи како ќе се турка ова афера понатаму, можеби власта ќе биде принудена да престане да молчи и да распалат жестоко со нивниот арсенал. А, да, најглупо нешто што може ДПМНЕ да го направи сега е да ја затвори А1. Самоубиство за нив, а и штетно за Македонја тоа да се случи во предизборие...

И мене ме чуди тоа што уште не реагираат...Ќе видиме што ќе прават понатаму. Ако победи ДПМНЕ или А1 ќе се затвори или ќе се продаде на друг газда, зашто Велија ќе биде осуден.
09-05-2011, 05:16 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#51

(09-05-2011, 05:12 PM)Nikola Wrote: И јас тоа се прашувам...Освен ако нема некои шифри кои не ги знаеме (гледаме) на гласачките ливчиња па да знаат кој е кој број...нема друго...Друга работа, пак која укажува на нелогичности е-Зошто некој кој е вработен во администрација по партиски клуч, треба да му се укаже да гласа за оној кој го донел таму, и неговото семејство е сигурно свесно дека за нивно добро е да си го дадат гласот за оние кои таму го вработиле нивниот член...Е сега 15 члена колку што наводно се бара да гласаат опфаќаат сигурно и во поширокото семејство или пријатели.
Значи, зошто би сакале да ризикуваат да паднат оние кои ги донеле на власт и да им се разниша работното место?
Од друга страна, ако е ова вистина, значи стварно се малоумници тие на кои ова им текнало!
Значи има две опции-Или А1 лажат-сушат, или имаме власт за медицинска опсервација!

Штое главниот проблем тука? Тоа што имаме власт која што вработува партиски членови во администрација, за тоа страдаме сите ние со тоа што ги плаќаме. По училишта, здравство, се запослуваат само преку партија, значи дискриминација. На крај, сите ние сме подложни на притисок за да гласаме за власта, да се потпишеме на тој список по барање на некој роднина, пријател, сакајќи да му помогнеме, а притоа да не гледаме што всушност е позитивно или негативно од ова владеење и каде ќе не однесе. Не може да биде нормално вработените да бидат уценувани со збирање на потписи. А имаше и такви примери во прилогот каде што ПАРТИЈАТА ТРЕБА ДА ПОМОГНЕ И ЗА ВЕШТАЧКО ОПЛОДУВАЊЕ!!!! Значи, и за најинтимни работи ти е потребна подршка од партијата. Ако не гласаш нема деца...

Тешко дека можат да бидат сто проценти сигурни дека тие ќе гласаат за нив. Како што разбрав овие требало да излезат до 12 часот (зарем е нормално да мора да излезам да гласам и да ми кажат до колку саат?), ако веќе овие излегле да гласаат , а се надеваат на нешто, или се плашат да не изгубат сигурно дека ќе гласаат за власта (повеќето, освен некои кои што се изреволтирани од таква постапка, а нема што да изгубат). Исто така, се работи за податоци кој на кое гласачко место гласа. До толку прецизно се оди. Така полесно ќе се види кои си ја завршиле работата, а кои не. А, да не забораваме дека ние бевме држава во која се расправаше дали треба да се забрани гласање така што борјчето место во круг ќе се стави во квадрат, триаголник, или ќе се остави некокаков знак. Вакви ливчиња имаше многу на претходните избори, затоа и се покрена таа дебата.

09-05-2011, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

(09-05-2011, 05:32 PM)acko Wrote: Тешко дека можат да бидат сто проценти сигурни дека тие ќе гласаат за нив. Како што разбрав овие требало да излезат до 12 часот (зарем е нормално да мора да излезам да гласам и да ми кажат до колку саат?), ако веќе овие излегле да гласаат , а се надеваат на нешто, или се плашат да не изгубат сигурно дека ќе гласаат за власта (повеќето, освен некои кои што се изреволтирани од таква постапка, а нема што да изгубат). Исто така, се работи за податоци кој на кое гласачко место гласа. До толку прецизно се оди. Така полесно ќе се види кои си ја завршиле работата, а кои не. А, да не забораваме дека ние бевме држава во која се расправаше дали треба да се забрани гласање така што борјчето место во круг ќе се стави во квадрат, триаголник, или ќе се остави некокаков знак. Вакви ливчиња имаше многу на претходните избори, затоа и се покрена таа дебата.

Ацко можат!! Гласањето се изведува на следниот начин : првиот што влегува веке има гласачко ливче со заокружен кандидат, тоа го спушта во кутијата. Ливчето кое го добива од изборната комисија го носи надвор и го предава на екипата задолжена од Грујо за тоа изборно место.
09-05-2011, 06:03 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#53

(09-05-2011, 06:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Ацко можат!! Гласањето се изведува на следниот начин : првиот што влегува веке има гласачко ливче со заокружен кандидат, тоа го спушта во кутијата. Ливчето кое го добива од изборната комисија го носи надвор и го предава на екипата задолжена од Грујо за тоа изборно место.

Помислив и на тоа, нели го викаат кај нас ’бугарски воз’. Само мислев дека е потешко да се изведе тоа. Потребни се поголем број на празни ливчиња, се надевав дека не е толку лесно денес да се дојде до празни ливчиња...

09-05-2011, 06:48 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#54

(09-05-2011, 06:48 PM)acko Wrote:

А, да не е како "глaсањето" за Тито. Тогаш како што знам се пуштало џамлија во една ЗА и една ПРОТИВ. се' било тајно, ама, кој да ти знаел дека кутиите имале "канализација" и долу во подрумот седеле "набљудувачите". Кој гласал ПРОТИВ, право на ќотек.
09-05-2011, 07:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

(09-05-2011, 06:48 PM)acko Wrote:
(09-05-2011, 06:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Ацко можат!! Гласањето се изведува на следниот начин : првиот што влегува веке има гласачко ливче со заокружен кандидат, тоа го спушта во кутијата. Ливчето кое го добива од изборната комисија го носи надвор и го предава на екипата задолжена од Грујо за тоа изборно место.

Помислив и на тоа, нели го викаат кај нас ’бугарски воз’. Само мислев дека е потешко да се изведе тоа. Потребни се поголем број на празни ливчиња, се надевав дека не е толку лесно денес да се дојде до празни ливчиња...

Начинот на кој се гласа, гласачките ливчиња, се направени за да е возможен таков фалификат. Пред некој ден гласав за прв пат тука во Канада, гласчките ливчиња се направени можнаоста за фалсификат да е сведена на научна фантастика .

Во светот се е измислено, на нашиве властодршци-УДБа- до сега не им одговарало да има чесни избори.

09-05-2011, 07:09 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#56

^ Јок. Немало веќе толку џамлии, ги изгубиле ’децата-министри’ играјќи се во владата... Icon_razz

09-05-2011, 07:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57

Демант на ВМРО ДПМНЕ :

http://www.makedonija24.mk/content/show/...entId/4443
09-05-2011, 07:59 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#58

(09-05-2011, 04:13 PM)Solenik Wrote: Морам да признам дека со објавување на оваа вест барем кaј мене А1 се испра за едно половина од глупостите што ги направи во изминативе 9 месеци.

Македонец, треба многу повеќе да те загружива фактот што ДПМНЕ се користи со вакви методи, одошто да ја овинуваш А1 за обзананувањето на овој криминал.

Но, сепак, најголемиот криминал во сето ова е фактот што Македонија има толку малоумна Власт. При услови на тајно гласање како може некој да докаже дека донел 1 глас (својот), а за 15 да не зборуваме?!?!?!?

Е, мој Ацко. Ако новинарите на А1 направат уште една слична новинарска истражувачка акција...отиде Соленик меѓу поклониците на А1. Нас, првите бранители на слободно новинарство во жална МК...никој нема да не спомне.Smajlito

09-05-2011, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#59

Quote:Жолтата куќа

„А1 го допре дното“, вели ПАРТИЈАТА, која го достигна врвот во заплашување и притисоци врз гласачите

Се сеќавате, нели, на „жолтата куќа“ во градот Бурељ, во северна Албанија? Оние со кратко памтење ќе ги потсетам дека беше поведена истрага поради основано сомнение дека во таа куќа нелегално им биле отстранувани внатрешни органи на киднапираните Срби, а потоа органите биле продавани за нелегална трансплантација.

Според она што завчеравечер го прикажа ТВ „А1“, се потврдува дека и Македонија има „жолта куќа“, не само според бојата на фасадата туку и според нелегалниот „протокол за оперирање“, со кој демократскиот организам на земјава е претворен во тежок медицински случај.

Тоа е онаа фреквентна трикатна куќа во центарот на Скопје на која со крупни букви пишува „ВМРО-ДПМНЕ“. Нема граѓанин во земјава што не ја видел во живо или на телевизија, бидејќи во последните пет години околу неа толку многу се врти с` што, сама по себе, стана силен вител кој кон дното повлече с` што се најде на патот на преродбата...

Се декларираше како демократска партија за македонско национално единство, а се претвори во класичен антипод на с` што нејзиното име требаше да симболизира, генерира и да гарантира. Денес во жолтата куќа на ВМРО-ДПМНЕ со уцени и заплашувања се оперира и се отстранува слободното право на глас, за подоцна нелегално да се трансплантира во изборните резултати. Храбрите револуционери на ВМРО кои некогаш оделе во битка „еден на десет“, денеска за свои самонаречени наследници имаат штапски глувци обучени само за салонски местенки - делат, множат, кројат и чекаат еден да им бајпасира 15 или 30 гласови.

Ве молам, да не се правиме недоветни. Ова што завчера го објави „А1“ е храбра и јавна ТВ-потврда на она што сите го знаат, но го премолчуваат од страв. Колку роднини, пријатели, соседи и сватови ви се јавиле досега со една иста молба: „Аман, да ве ставам на списокот како гласачи за партијата, оти ќе ми отиде работата. Децата ми се на половина пат, кој ќе ги храни, кој ќе ги школува. Ве молам...“

Вака, возрасни луѓе, вработени во образовни, јавни и во државни установи, понижени и уценети, секојдневно молат и бараат „сигурни гласачи за партијата“. ВМРО-ДПМНЕ вчера испрати демант во кој ништо не демантираше, освен што изрече куп квалификации за „А1“.

„А1 го допре дното“, вели ПАРТИЈАТА, која успешно го достигна врвот во заплашување и притисоци врз гласачите. Прашувам, дали е тоа истата ВМРО-ДПМНЕ која во анкетите води 2:1 во однос на опозицијата, а нејзиниот лидер и 3:1?

Зошто една партија, толку горда на резултатите од „преродбата“, со толку висок рејтинг и сигурност во својата победа, со ваков срамен шопинг на гласови се подготвува за изборен мегдан? Тие најдобро си знаат зошто анкетите мораа да ги претворат во средство за мобилизирање, а не за анализирање на волјата на гласачите.

Но, она што е најморбидно во целата оваа мизерија, е фактот дека на некое семејство дури и ин витро интервенцијата му зависела од фактот дали ќе обезбеди гласови за ВМРО-ДПМНЕ. Да ве потсетам, тоа беше истата оваа, божем, демохристијанска партија, што се залага за многудетно семејство и истроши милиони за такви кампањи, а згора на тоа, тврди дека здравството сега е скроено по мера на осигурениците. На површина, пак, како шило боде вистината дека без глас за ПАРТИЈАТА човек не може ни да се надева на пород.

По ова, во Македонија заврши приказната за „фер и демократски избори“. Во нормалните демократии никој не нагласува дека изборите ќе бидат фер и демократски, бидејќи тоа се подразбира. Тоа е исто како да ветиш дека водата ќе биде мокра. Само кај нас одржувањето фер и демократски избори е доведено до ниво на недостижен идеал. Сега е многу појасно зошто е така. Ако власта, која е најодговорна за спроведувањето на изборите, срамно и безобразно го компромитира тој идеал со однапред капарисани гласачи, не можеме да зборуваме за фер избори, туку за изборна техника на државен удар, изведена преку диригирано и строго контролирано гласање.

Во тој контекст, а пред с` во чест на Денот на победата над фашизмот, ви препорачувам да ја прочитате книгата „Техника на државен удар“ на Курцио Малапарте, писател, дипломат и новинар, кој во 1931 година го објави првото дело во Европа против Хитлер. Мусолини го протерал од Италија, но по десет години се вратил и во 1944 го објавил уште позначајното дело „Kaputt“, кое му донело светска слава. Во него ги опишува ужасите на војната, а во една од тие епизоди и моментот кога од „едната страна“ му било покажано котле полно со човечки очи, од убиените борци од „другата страна“.

[Image: 4945D03036E942469539D254FC077A68.jpg]

Денеска е 10 мај 2011 година. Времињата на жолтите куќи и на собирањето котлиња со човечки органи, човечки очи и гласови треба да останат минато свршено време. Секој има право да се бори за победа, но само на чесен, а не на криминално-лесен начин.
Катерина Блажевска

Se_klanjamSe_klanjamSe_klanjamSe_klanjam
09-05-2011, 11:41 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#60

(09-05-2011, 10:34 PM)hristo Wrote:
(09-05-2011, 04:13 PM)Solenik Wrote: Морам да признам дека со објавување на оваа вест барем кaј мене А1 се испра за едно половина од глупостите што ги направи во изминативе 9 месеци.

Македонец, треба многу повеќе да те загружива фактот што ДПМНЕ се користи со вакви методи, одошто да ја овинуваш А1 за обзананувањето на овој криминал.

Но, сепак, најголемиот криминал во сето ова е фактот што Македонија има толку малоумна Власт. При услови на тајно гласање како може некој да докаже дека донел 1 глас (својот), а за 15 да не зборуваме?!?!?!?

Е, мој Ацко. Ако новинарите на А1 направат уште една слична новинарска истражувачка акција...отиде Соленик меѓу поклониците на А1. Нас, првите бранители на слободно новинарство во жална МК...никој нема да не спомне.Smajlito

Немој така Христо, јас не сум Грујовист--не бришам историја!! Тука на Котле се' е документирано, така што не ќе можам да ти го превземам твоето место. ;)

Само, внимавај, се испараа, ама тоа не значи дека не ги направиле сите тие гомненици, што впрочем и се гледа во колебливоста на некои да ја прифатат веста како вистинита. Да беше нова "Не газат по нозете" и јас ќе бев скептик. За ова не се колебам, оти сум му го видел умот на Грујо и дефинитивно чекам поголеми глупости до изборите.
10-05-2011, 12:40 AM
Reply