Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЛУМНИ НА ВЛАДИМИР КОСТОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21



Quote:Медиумска војна - „мало морген“
вторник, 12 октомври 2010 19:06

„ДОБАР ТИ ДАН“ ЛАТАСЕ!


[Image: Latas.JPG]

Состојбата со медиумскиот простор во Македонија досега сме ја опишале повеќепати. Но, дека догорело до нокти, покажуваат два факта – Латас преку Сител одвреме на време се заборава каде е, па почнува гледачите да ги поздравува со „добар дан“; во истовреме, Канал 5 на стариот Стојменов отвори „војна“ кон Велија Рамковски, која е толку жестока што може да ве прелаже па да помислите дека владата на Груевски сака да го среди медиумскиот пазар по европски терк. Не, станува збор само за тактички игри околу две банди кои во суштина имаат ист газада на север, а овде се тепаат околу коските што им ги остава Големиот брат Пред извесно време група македонски творци и уметници кренаа врева околу веста дека познатиот српски маг на ентртејментот и на великонационалните политики, Жика Митровиќ, сопственикот на Пинк телевизија и еден од најбогатите луѓе во Србија, ќе ја купува македонската пропадната телевизија К-15. Имено, групава уметници се подзапалија околу фактот дека, ете, сега турбофолкот ќе има и своја платформа во Македонија, преку која директно ќе атакува во медиумскиот простор и ќе го полни македонскит етер со кич, претежно во музичката уметност.

Директно да им одговориме на нашите загрижени пријатели: македонските гледачи и досега во изминативе 20 години самостојност, беа „отруени“ со српскиот турбо фолк и тоа на два начина – едниот е со проширувањето на телевизиската понуда преку сателитски и кабловски мрежи, другиот е преку огромниот наплив на српски и хрватски турбофолкери и фолкерки, кои преку ефтина продукција безмилосно и во огромни количини ја „вртат“ мнозинството од радио станиците во Македонија, а која се заокружува со богатата концертна активност на истите тие „естрадни уметници“. Па конечно, за турбофолкоризацијата на Македонија, а со тоа и влијанието на една странска кич култура која се етаблира на тие простори, најдобро зворува податокот дека во историјата на современа Македонија, најпосетен концерт беше неодамнешниот концерт на Цеца Ражњатовиќ во рамките на прилепскиот Пиво фест, на кој присусуствува според некои медиумски извештаи околу 100 илјади луѓе!!! Срамота, која само ја реактуелизира потребата дека е догорено и крајно време нешто да се преземе на тој план. Иако, последниот обид на владата на Љубчо Герогиевски за законско ограничување на процентот на странска и домашна музика пуштана во етерот низ македонските радио станици, како и за ригорозна контрола на профитите што ги остваруваат организаторите и самите пеачи, односно на данокот што го плаќаат, заврши неславно. Имено, после здружениот бунт на приватните радиодифузери, потпомогнати од таканаречената левица, која гракна дека тоа биле фашизоидни идеи, намерата на владата беше напуштена и се остана по старо, а по малку и полошо. Впрочем, до каде се забегани тие работи зборува фактот дека организатор на концертот на Цеца во Прилеп беше локалната вмровска градска власт на чело со градоначалникот Марјан Ристевски и тоа само кратко време(неколку месеци) откако ВМРО на Груевски реагираше против организацијата на концертот на Северина во Куманово од страна на СДСМ-овскиот градоначалник Зоран Дамјановски Циц.Но, на загрижените уметници и креативци кои кренаа свој глас против одлуката на тројцата сопственици на К-15, познатите хумористи, сатиричари и душички кои се продаваат на оној кој плаќа повеќе, треба да им се предочи и уште нешто.

Сител ТВ – најважната српска телевизија во Македонија

Пред К 15 да стане и официјална платформа на турбо фолкот во Македонија, во таа земја оддамна постои една гоооолема, огромна де факто, српска телевизија, која ги промовира ултра комунистичките и ултрасрпките идеи. Тоа е „македонската“ телевизија на вечниот пратеник, „другарот Ѕинго“, формално менаџирана од неговиот син Горан, а директно управувана од единствениот новинар во Македонија со тапија дека не бил српски, ниту било каков странски шпиун, Драган, „П со точка“, Латас.Огромен би бил списокот на испади, што директни, што индиректни во вестите на оваа телевизја, во која се агитирало за Србија и нејзините политики, стари или нови на Балканот, за односите на Србија со Македонија, за тоа дека србите биле и ќе им останата најдобри пријатели на македонците, за тоа дека македонски непријатели се албанците и бугарите, додека хоризонотот им се проширувал со погледите на север или на југ, со србите и грците, итн....Тоа што се случува во вестите на оваа телевизија континуирано повеќе од една деценија, тоа се случува и во другите сегменти на нивните програмски појаси. Телевизија обилува со кич ефтини серии преземани од српското продукциско подрачје, а во забавниот дел од програмата се случува исто, со постојани гостувања на српски турбо-фолк автори, особено додека таму работеше и твореше преку своја емисија Драган Вучиќ, кој сега се пресели на Канал 5. Исто е и со филмската програма: оваа телевизија „ги отру“ македонските гледачи со старите југословенски филмови од комунистичката и посткомунистичката ера, па тие се изнагледаа и партизански филмови и српски филмови од понов датум, каде беше презентиран српскиот поглед за последните војни на Балканот.Впрочем, телевизијата толку „мирише“ на Србија, што нејзинииот прв човек, одвреме на време, се подзаборава каде е, па гледачите на среде вести, попладневни, ги поздравува со „добар дан“. Ова се случи на 11.10.2010 во попладневниот термин, во редовните вести од 15 и 50 минути. Е, па, наздравје. „Добар ти дан“ Латасе, а и на цела Македонија!!! Белким ќе се освестиш еден ден(на Македонија се мисли), дека сепак, вистината не е во онаа стара српска големонационална изрека ширена со децении - „причај српски да те цео свет разуме“.

Каналето 5 не заостанува

За да не останат покусо, тука се и нивните „конкуренти“ кои одвреме на време прават иста концепција, иако многу подзаскриено. Имено, само ден порано од скандалот на Сител со Латасовото „добар дан“, на вториот канал на Канал 5, наречен Канал 5 плус, преку ден се емитуваше стара српска тв серија „Полицаецот од Петлово брдо“, која се емитуваше на изворен српски јазик. Без превод! Вакви примери, чат-пат, се среќаваат и на другите „национални“ тв канали во Македонија, но тоа веќе не е вредно ни за помен, затоа што, како што веќе рековме, напливот на српскиот јазик и култура во Македонија преку медиумите е огромен, а по наше длабоко мислење е смислен и не случаен, зашто тој трае со децении. Па не за џабе, Киро Глигоров при крајот на деведесетите години од минатиот век изјави дека мисли оти „дебугаризацијата“ на Македонија е завршен процес!!!Но, тука сакаме да ви го свртиме вниманието на уште една актуелност која во моментов се случува на македонскиот медиумски простор, која заедно со напливот на ино-културниот кич, само покажува дека во тој медиумски простор навистина догорело до нокти и е само прашање на време кога целата таа лажна слика, тоа „потемкиново село“ дека во Македонија владее демократија и плурализам во сферата на јавниот збор, ќе се урне како кула од карти.

Медиумска војна, мало морген

Имено, по летошниот напад на А1 против Канал 5, кога телевизијата на Велија поентираше со тоа што ги прими петте избркани новинар(ки) од телевизијата на Стојменов, сега „империјата го возвраќа ударот“. Имено, од петокот навечер се до средината на оваа недела, сите вести на Канал 5 започнуваат со жестоки критики за бизнисот на Велија во медиумската сфера. Па полека, излегуваат на виделина фактите за кои сите знаеме, дека Велија нема вработени новинари во весникот Време, дека не плаќа даноци на добивка или дека лажно пријавува остварени приходи, дека од владата на Груевски само во 2009 добил 8 милиони евра на име на реклами, дека не ги исплаќа платите во целост, итн. Еден куп бројки и факти, заедно со се „критика“ кон владата дека и покрај тоа што ги знае овие бројки и факти, не ги испраќа своите органи во инспекција и чешлање на бизнисот на Рамковски, кој ете, „не му плаќал и на Скопски пазар“, иако користи негови простории под кирија, а башка, рекетира фирми ако не му се согласат на договор за реклама...Бреееее.Човек да се зачуди од каде наеднаш „колегиве“ од етерот почнаа да си вадат очи. А дали случајно мислите дека Канал 5 или Сител кој сега за сега молчи и се држи во резерва како тешка артилерија, работат нешто поинаку?Па и на врапците што малку од малку ги гледаат работите во оваа сфера им е јасно, дека сите телелвизии или речиси сите, работат по ист принцип, а ние тој веќе сме го опишале. Сите се или на политичката или на олигархиската (често тоа е едно) елита и сите се создадени на времето заради замајување на јавноста дека има „демократија“, поради перење пари или поради потребите на организираниот криминал. Има понешто и од потребата за заштита на бизнис интересите од страна на осилена политичко-полициска рекетарска елита, но се кога ке се собере и одземе, па му се сведува на исто.Повторно ќе ги споменеме огромните попусти и кон „левите“(СДСМ) и кон „десните“(ВМРО ДПМНЕ), за нивните рекламни спотови во време на предизборните кампањи. По што, кога едните или другите ќе дојдат на власт, им се оддолжуваат праворвемено и поштено, исплаќајќи им огромни суми за владини или општински реклами, реклами од јавни претпријатија или од бизнис елита блиска до власта. А таа кутрата е секогаш блиска до власта...Оттука, последнава „фронтална битка“ на Канал 5 кон А1, не треба поинаку да се сфаќа освен како опомена до Велија Рамковски да не се занесува многу во кокетирањето со Бранко Црвенковски, кој, вистина, го подлажа човечево од прилепско, дека може да биде идниот премиер на Македонија доколку СДСМ дојде на власт.Чашата по наше мислење ја прелејаа тендециозните кампањи на А1 ТВ контра владата на Груевски во тековната огромна криза со лозарството и винопроизводството во Македонија, како и бесплатното емитување спотови на СДСМ во контекст на подготовките за „есенското востание“. Се чини, за прв пат Груевски се подисплаши од моќта на А1, па реши малку да го дисциплинира „јагнето кое излегло од стадото“.

„Јагнето ќе го вратат во стадото“


[Image: DEAACB4CA9942F4A88186475DFEA1ECB.jpg]

Вакви повремени медиумски војни како заплашување и праќање пораки од некоја елита сме се изнагледале во Македонија во изминативе деценија и половина. Она што досега не се видело во таа земја, е системско решавање на проблемите во медиумската сфера, особено јасното разграничување и доследна примена на законите за тоа кој смее да биде сопственик на медиуми и дали смее истовремено да држи електронски и печатени медиуми.Велија Рамковски е помалку „луд“ и „забеган“ човек, човек за кого на големо се зборува дека се служи со валкани методи во бизнисот и оти е човек кој не плаќа никому или плаќа само онолку колку што тој мисли дека треба и во време кога треба, а не според договорите и реалните односи. Но верувајте, Велија не е до толку „луд“ и „забеган“ да се коцка со сопственото богатство и лична физичка безбедност, во смисла дали утре ќе заврши во затвор или не. Од друга страна, ниту сегашнава влада на Груевски не е исклучок од сите досегашни влади на „левицата“ или “десницата“ , која иако ги има сите факти за нечие незаконско работење во медиумите, не презема ништо повеќе освен по некоја закана „од трети лица“ упатена од време на време.Оттаму, немојте да се залажувате дека сега е времето кога ќе настане средување на нештата во медиумската сфера. Станува збор само за тактички игри околу две банди кои во суштина имаат ист газада на север, а овде се тепаат околу коските што им ги остава Големиот брат и медиумите што како механизам можат да им помогнат да ги глодаат тие коски, вредни додуша, стотоиц милиони долари. Та конечно, да не заборавиме, сите или речиси сите медиуми на македонскиот просотор, особено електронскиот, ги создаде еден ист политичко-полициско-олигархиски центар и сите заедно играат игра со иста крајна цел!!!
12-04-2011, 10:42 PM
Reply