Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЛУМНИ НА ВЛАДИМИР КОСТОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЛЕТ ВО МЕСТО

[Image: 4.jpg]

Македонското современо општество тапка во место. Што не е ништо ново за сите кои од поодамна ги гледаат работите во нивната суштина. Новa е само смрдеата што сега веќе убива, а која ја континуирано ја продуцираат полициско-партиските-олигархиски центри што се создадоа непосредно пред и на самите почетоци на транзицијата. Тие во изминатите години се претворија во саможиви монструми кои Македонија и нејзините граѓани ги држат како заложници што им ги гарантираат нивните интереси

пишува Владимир Костовски 15.02.2010

Не е битна формата, туку суштината. Ова го знаат сите што имаат два грама мозок и кои не се палат на појавните нешта, туку ги гледаат есенцијалните , важните нешта кај предметите, појавите, луѓето...Исто е и со државата. Државата може да има форма, ама ако нема суштина, таа е осудена на одумирање. Сигурни сме дека Македонија е држава на изумирање ако не се смени суштинското гледање на нејзините витални потреби и на интересите на македонецот, без оглед дали тој бил со македонско, албанско, турско влашко или ромско потекло. Но, за да се случи тоа, треба да прогледаат оние кои ја водат државата, а кои се за тоа избрани и платени од истиот тој народ. Дали е тоа возможно на сегашниот степен на развој? Апсолутно не.

Зашто, за да прогледаат политичките елити што ги имаме на располагање, прво треба да веруваме дека тие имаат волја да прогледаат. Второ, да веруваме дека имаат способност тоа да го сторат. И трето, да веруваме дека процесот на прогледување нема да биде попречен од некој што му одговара да не држи во мрак. Сите три нешта во моментов имаат негативен предзнак.

Дополнително, македонските политички елити кои досега владееја со убавата земја и несреќниот народ, се самобендисани до даска. Особено и оваа последнава, актуелнава, номинално предводена и управувана од Никола Груевски. Што е типичен синдром за недораснати и нереализирани луѓе кога ќе се сретнат со феноменот што го продуцира власта во мали и демократски многу слаби држави - апсолутната моќ. Оттаму, за некакво прогледување и просветлување со оваа и сите други активни политички елити во Македонија, засега не може ни да стане збор.

Демократија на стаклени нозе, апашлук во свилени ракавици


Дваесет години по осамостојувањето, по сите параметри, Македонија е се уште далеку од вредностите што треба да ги поседува современа демократска држава и држава која се потпира на позитивните цивилизациски достигнувања. Населението е масовно сиромашно, при што само оние што имаат среќа да имаат работа, можат да се пофалат дека преживуваат, едвај. Другите, а тие се голема бројка, најмалку колку овие првите, живеат под секое достоинство. Или се на товар на пензиите на нивните родители или чекаат помош од некој роднина кој емигирирал на Запад или се задолжуваат каде стигнат, само за да го прехранат семејството. Фрустрациите кај луѓето се огромни. Кај нивните деца уште поголеми и се создаваат лузни кои оставаат последици за цел живиот. Спроведената криминална приватизација е веќе завршен процес кој е официјално покриен и со законските решенија. Резултатот е зачувани

интереси на владеачките комунисти до 1990 и на нивните деца и внуци, како и на приватниот крупен капитал од само две соседни земји – Грција и Србија. Последната шанса некој нешто во законски рок да оспори околу приватизацијата, ја имаше актуелната влада на Груевски, но се покажа дека и тој, како и претходната „вмровска“ влада на Љубчо Георгиевски, нема политичка волја да го стори тоа. „Фершпед“ – компанија која има десетина фирми ќерки и која е предводена од семејството Накови (Штерјо и синови), стана синоним за рекетарството на сите досегашни влади во Македонија, кога тие ќе се „зафатеа“ со преиспитување на приватизацијата. Она што за секој лаик во правото беше лесено да се добие на суд, во Македонија се претвори во парадигма на апашлук, предводен од власта и елитите во нејзе. Првата „демократска “ влада на Бранко Црвенковски го создаде и обилно го користеа капиталот на оваа компанија за лични и за партиски цели, а двете вмровски влади на Георгиевски и на Груевски, заканувајќи се дека ќе ја поништат приватизацијата, де факто, само ја рекетираа оваа компанија и нејзините нелегални сопственици. Ете, со таква епилог е и приватизацијата на целото македонско стопанство, кое требаше, нели, да послужи како основа за богата држава и среќен народ со пристоен стандард. Кругот се затвори со истекувањето на последните 10 години од последните приватизации во Македонија, по што, ако судски не се покренат валидни постапки, никој нема право натаму да ги ревидира и оспорува. Така се овозможи реакумулација на капиталот, кој сега е исчистен и капиталистички, нели...Но овој процес имаше за последица и разорување на еден систем кој функционираше со помош на силни институции и изградба на нов, кој е скроен по мерка на поединци од елитата, наместо по мерка на државата и граѓаните.

Криминалната приватизација беше возможна само со слаби и недоветни институции. Уништени Државен завод за ревизија, строга контрола врз Народната банка, партиски контролирана и слабо платена полиција, судство избирано во парламентот во кој не учествуваше опозицијата, Управа за јавни приходи, која до скоро не собираше даноци или тоа го правеше селективно, слаба и корумпирана Царинска управа, разорено здравство каде никој до скоро не покренуваше никакви реформи, а кога се покренаа се извитоперија само со цел да останат големите пари(400 милини евра годишно) кај малкуте веледрогерии кои се приврзоци на политичките и полициските елити, неефикасно школство кое создава неспособни деца во првиот степен на образование - до толку неспособни што не можат или со мака го завршуваат средното образование, јавни претпријатија,т.н. „музари“, од каде без трошка срам се одлеваат стотици милиони евра јавни прари за алиментирање на партиски и лични потреби, корумпиран армиски врв...Списокот е огромен. Корупцијата, која е видлива и голема во секој сегмент од македонскиот систем, е потхранувана и од криминални кланови кои се занимаваат со рекет (легален и илегален), со шверц и продажба на дрога, цигари, алкохол и трговија со луѓе. Овие криминални кланови се создадоа во почетокот на деведесетите години од минатиот век, кога под превезот на преживување на државата, а всушност за потребите на Србија, се овозможи контролиран шверц – транзит, на нафта и на сета друга акцизна стока. Шверцот го вршеа фирми и поединци формирани и контролирани од македонската политичка и полициска елита, а кои беа во тесна врска со српската. Полека, овие се поврзаа со криминални кланови во Италија, а потоа и со други европски и светски мафии. Всушност, врската меѓу криминалот, полицијата и политиката никогаш не престана. Со тек на време добар дел од шверцерите станаа успешни бизнисмени кои држат угледни хотелски или текстилни

брендови, а другиот дел, обичните криминалци, се организираа во банди, на кои со помош на едно замижано полициско око им е овозможено да продолжат со криминалната дејност. Резултатот на ваквото разорно дејствување е поразителен. И на јавна сцена и на улица.

Државата - најголем работодавач

Дваесет години по спроведување на транзиција од социјализам во капитализам, најголем работодавач во Македонија е државата, а таа воедно е и најголем купувач на стоки у услуги. Со буџет од 2,5 милијарди евра и кој расте секоја година, со државна администрација од 150 илјади луѓе, зарем може некој да и конкурира. Како најголем купувач, државата мора да купува преку јавни набавки спроведени во каква-таква законска процедура. Тендер, мендер, бакрачи...Речиси и да нема јавна набавка која не спроведена преку коруптивна акција, без оглед дали станува збор за набавка на тоалетна хартија или на хеликоптери за потребите на полицијата или војската. Дури и кампањите на владата или на јавните претпријатија за кои годишно се издвојуваат милиони евра (само тековната кампања на јавното претпријатие што произведува струја-ЕЛЕМ чини 600 илјади евра), одат преку една единствена фирма „Република“, која, за „да не се сетат власите“, формираше десет други фирми – луѓе, што се јавуваат на божемните тендери. Таква е состојбата со т.н. апашлук во свилени ракавици, при што, врвен цинизам е кога те прават слеп при очи, па ќе ти кажат дека Македонија за само две години од кога се тие на власт, паднала од 103 -то на 72-ро место на листата на перцепција на корупцијата што ја прави Транспаренси интернешнл, невладина организација со седиште во Берлин.

Разорното дејствување на смислено ослабените институции на државата се гледа и во темните бројки на криминалот и на страниците црна хроника на весниците. Од земја во која до 1990 бројот на наркоманите што се на хероин или други потешки дроги беа двоцифрени, денеска имате десетици илјади наркомани на тешки дроги и уште можеби стотина илјади тинејџери кои пробале или би пробале некоја пилула (популарното екстази) на нивните забави. Насилниот криминал е, исто така, во голем пораст. Ограбувања на банки или кладилници стана секојдневие, исто како и другите кражби, убиствата, рекетирањето. Дури и самоубиствата се многу зголемени... Поголемиот дел од криминалот што носи многу пари (дрога, цигари, проституција) е организиран криминал, т.е. мафија која делува со помош на политичарите и нивните институции, а потоа нелегалниот профит го пере во државата, инвестирајќи во фирми, угостителски објекти и најмногу во недвижнини. Така, кругот се затвора, а мафијата може да се пофали дека има „своја“ држава.

Во таква состојба, нормално е дека секое приближување на Македонија до современите стандарди е најболно токму за споменатите структури и тие со сите сили се обидуваат да го минираат и најмалиот евентуален напредок, бесрамно и до тој степен, што дури и предизвикување војна не им е непозната метода. Зборуваме и за политичките и за полициските и за олигархиско мафијашките елити.

Лустрацијата е мислена именка

Кој ја спроведе оваа, без сомнение, планска состојба на уништување на старата држава, без да се изгради нова, која требаше да има јасен зацртан пат – евро

атлантски интеграции. Во јавноста, па дури и упатената, многу често владее магла околу ова прашање. Де, тоа било нормална појава на неискуство и незнаење, де, сме имале несреќни времиња, демек војни во соседството, војна кај нас, па економски кризи во светот и слични глупости...

Всушност, проблемот е јасен како бел ден и само оној што не сака да го види, нема да го види. Македонската држава е заробеник на полициско-партиско-олигархиски центри на моќ, формирани пред и во самите почетоци на транзицијата пред дваесет години. Овие центри на моќ најегоистично се водат од сопствените интереси, држејќи ги притоа Македонија и нејзините граѓани како заложници. Секој обид да се смени таквата состојба наидува на жесток отпор, кој некогаш ни личи на невкусна политичка борба, недоветност на судови, на некоректност во медиумите, итн, но, во суштина станува збор за самоодбрана на моќта на монструмот. Таквиот монструм или интересно поврзани групички од монструми, владеат најмногу со помош на тајната полиција, која исто како и во социјализмот, остана „ударна тупаница“ на партијата (во случајов на партиите на власт, кои и да се). Тајната полиција пак, беше успешна и тогаш и денес, во добар дел поради тајните соработници, информатори, во народот попознати како кодоши. А тие и денес се истите како и тогаш. И денес тие се вградени во системот како потпорни столбови на една трула конструкција. Вградени се во секој битен сегмент – школство, здравство, образование, култура, судство, политика... Кога ќе се обидете да го деконструирате или барем рентгенски да го отсликате овој систем, тогаш тој се брани. Со сите средства.

Најдобар пример за тоа е судбината и последните настани со процесот на лустрација, кој после тегнење од неколку години од првата иницијатива и предлог на Стојан Андов, почна да се спроведува. Под форма на заштита на човековите права пред Уставниот суд се покренува и се брани процедура на оспорување на актуелниот закон во неговите најважни точки, од кои една е, соработниците на тајната полиција да се откријат само до 1990, а не до 2008 година, кога законот стапи во сила. Уставниот суд, чие мнозинство членови, исто така, е бирано по волја на политичко-полициските елити, без проблем нареди времена забрана на спроведување на овие неколку членови од законот, со што ја обесмисли суштината на процесот на прочистување на општеството преку лустрацијата. Иницијативата ја покренаа група кодоши или злоупотребувачи на тој систем, како што еден познат театарски режисер и прв човек на моќна невладина организација, заедно со познат поранешен претседателски кандидат, министер за внатрешни и надворешни работи и професор (и двајцата политички недвосмислено блиски до СДСМ).

Всушност, на дело гледаме како дејствува одбранбениот механизам на монструмот, кој не дозволува да биде уништен. И не само што не дозволува, туку понекогаш имаме чувство како да ни се смее, онака цинично и јавно.

Како инаку да се протолкува, освен како цинизам, тоа што деновиве, кога беше актуелна темата со лустрацијата, во еден од скопските театри праизведба има драмата „Суд“ од неодамна покојниот Коле Чашуле. Во драмата „Суд“, (чиј автор е еден од тројцата судии на Методија Андонов Ченто и еден од веројатните кодоши на Венко Марковски), се бара предавникот на еден македонски војвода. Во драмата пак, со времената забрана на неколку члена од законот што се случува на сцената на

актуелниот Уставен суд на РМ, исто така станува збор за перипетиите околу барањето на вистината, за тоа кои беа и кои се македонските предавници.

Како што гледаме, системот поставен пред шеесет години се уште си функционира. И не му фали влакно од глава. Без оглед што смрдеата што ја остава зад себе веќе е неподнослива и убива, а ние, се уште летаме во место.
(This post was last modified: 29-03-2011, 09:25 PM by ЈорданПетровски.)
29-03-2011, 09:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:„ОФИЦИРСКИ ДОМ“

(или Кој управува со Македонија?)

[Image: 2116454552_347794e664.jpg]

Се везден исто. Кога Македонија ќе дојде до некава шанса да исчекори надвор од жабарникот на поранешна Југославија, плус Албанија, плус Грција, веднаш се активираат некакви невидливи сили кои се закануваат дека земјата ќе остане надвор и од НАТО и од ЕУ. Цикличното повторување на ваквите настани и сценарија и нивната анализа, покажуваат дека станува збор за комбинација на разузнавачки активности и на домашната мафијашка структура „со бели јаки“, кои за крајна цел имаат Македонија да остане “темен вилает” или да је нема воопшто

Кој управува со Македонија? Голем дел од граѓаните веруваат дека со земјата управуваат тие што ги гледаат на власт, во случајов ВМРО ДПМНЕ, а дека СДСМ е во опозиција. Еден помал, поначитан дел од граѓаните, што знаат што е глобализација и кои ги интересира што се случува во Ирак, Иран, Авганистан, верува дека со земјата управуваат Американците. Голем, осиромашен и не толку начитан, ама секако не и глупав дел од народот, мисли дека со Македонија управуваат апаши и мафијаши, кои единствено ги интересира што повеќе да украдат...Но, секако, ниту еден од овие одговори не ја отсликува реалноста во целост, онаква каква што ние ја перецепираме и ја разбираме.

Не е спорно дека во Македонија на секои неколку години се спроведуваат општи, локлани или претседателски избори. Не зборувајќи за легалитетот и демократските начела по кои се спроведени, дали сте се запрашале зошто ниту „левицата“, ниту „десницата“ досега не успеа да ја извлече од кал државата. Ниту да го подигне нејзиниот углед во светот, да обезбеди економски развој и среќни луѓе со пристоен стандард или да ги обесмисли сите закани од меѓуетничко, меѓурелигиско потекло или заканите од отцепување на територија и прекројување на границите. Одговорот е едноставен: во Македонија не постои ни „левица“ ни „десница“ во идеолошка смисла, ни „прв“ ни „втор“, ни „трет пат“, ниту пак, постои вистинска политичка борба врз демократски принципи. А тоа е така, затоа што во Македонија нема природен тек на настаните и нема оригинална, автохтона политичка сцена.

Имено, се ова што го гледате на политичката сцена, со исклучок на неколку помали, но, затоа и побезначајни партии, се е создадено вештачки, плански, со целосна оперативна поддршка или со сериозно замешателство на тајната македонска полиција, која заедно со „црвената елита“ од Водно (и која веќе одамна ниту е црвена, ниту пак живее на Водно), ја испланираа „демократската ера“ и „повеќепартизмот“. За ова тврдење кое најмалку 15 години се провлекува како гласина и шпекулација во добро упатени кругови, денеска веќе им и докази, во смисла на изјави или документи излезени од различни извори и никогаш недемантирани.

А чија беше тајната полиција во Македонија? Кон кого се стремеше и чии совети и наредби слушаше „црвената елита“ од 1945 па до крајот на социјализмот? Со мали „скршнуења“ од патот и македонските комунисти и македонските „удбаши“ беа и се уште се, главно српски!!! Без оглед за кое крило работеле - за великосрпските стратегии кои се уште не се умрени и покрај сите нивни порази или за стратегиите за зачувување на Југославија на воената контраразузнавачка служба на поранешната југословенска армија.

Секако дека не е спорно и сето друго замешателство: руско, најчесто реализирано преку српските инсталации во Македонија, американско, кое мака мачеше да најде свои соработници во кои ќе верува, а да не се етнички Албанци, бугарско и грчко, кои често работат синхронизирано со српските инсталации, па до британско, германско, француско, кое е најслабо...

Банда што организира и атентати


Што произлегува од ова? Прво, дека во Македонија нема оригинално создадена автохтона повеќепартиска сцена, туку дека тоа е резултат на длабоко смислен процес на поранешната комунистичка елита, заедно со нивната ударна тупаница, тајната полиција, популарно наречна „удба“, а која денес се вика УБК (Управа за безбедност и контраразузнавање).

Второ, дека таквите планови се спроведени со знаење и од луѓе блиски или директно поставени од Белград, што според нас беше основна причина во Македонија да нема војна уште во 1991, затоа што, едноставно, великосрпските стратези не сметаа за нивни.

Трето, таа клика - која одглуми транзиција, повеќепартизам, демократија, која успеа да ја „распојаса“ македонската економија ограбувајќи ја директно или преку процес на приватизација - таа клика нема реален интерес Македонија да биде во ЕУ или НАТО. Просто, затоа што тогаш ќе мора одговорно да владее и ќе мора да поднесува сметки за своите постапки пред некој што не живее во Жданец, Трнодол. Злокуќани, Водно, Дедиње....

Таа иста клика, комунистичко- џандарска, што ги опљачка банките, па товарот од пљачката го стави врз буџетот, а сега дополнително го пљачка народот не дозволувајќи вистинска конкуренција во Македонија за било што - нема интерес од ред и поредок, од одговорност кон избирачите и кон даночните обврзници.

Таа иста, слободно ќе ја наречеме бандитска групировка што го разболе народот оставајќи го без леб преку масовните отпуштања и стечајни постапки, а потоа го лиши и од елементарна здравствена заштита затоа што го уништи и го уништува јавното здравство поради свои веледрогерии и свои приватни клиники(зегини, пановци, ремедики, систини....) – таа клика нема намера Македонија да прогледа, па нејзините граѓани да ги фрлат во Вардар „со се пљачки“, што би рекле охриѓани.

Таа банда која е распоредена на сиот спектар на политичката сцена е целосно бескрупулозна и не се плаши ниту од атентат(и) врз претседател(и), само за да остане на власт и да ги мултиплицира своите профити од јавни и од криминални пари. Не и е туѓа дури ни идејата за војна, оти таа клика, создадена по идејни насоки и контролирана од Србија, секогаш во Македонија применувала те една иста стратегија – раздор по меѓуетничка линија и омраза меѓу Македонци и Албанци, пред се.

„Официрски“ и Тачи

Оттаму, зарем случајно е, што што во планот за изградба на новиот центар во Скопје до 2014 година, централно место зазема изградбата на Офицерскиот дом – симболот на моќта на српската хегемонистичка политика по Балканските и крајот на Првата Светска Војна.

Зарем случајно е, што на овој тесен простор упорно сакаат да изградат црква, тврдејќи дека тука била „Свети Константин и Елена“, иако таа, де факто, се наоѓала неколку стотина метри поназад, кон „Жена парк“. Значи Црква на плоштад може. А на местото каде муслиманите бараат да се реобнови „Бурмали“ џамијата, „Официрски дом“. Српски симбол на хегемонизам во некогашната Вардарска бановина...

Зарем случајно е што токму сега се затегнуваат односите со потегнување на прашањето за учење на македонскиот јазик од прво одделение?

Зарем случајно е што Мендух Тачи, една од креатурите на таа комунистичко-џандарска банда, сега најде да зборува дека ќе има војна и ќе се менуваат најмалку две граници на Македонија, затоа што „албанците не биле никогаш попонижени“? Вакви примери има уште многу.

Сакаме да кажеме дека сме сигурни оти таа клика, сега, со помош и на нивните газди и креатори на север, работи на ново влошување на македонско-албанските етнички односи и на тоа гледа како на последна шанса да ја спречи Македонија да доживее реален напредок.

Притисок затоа што нема патриоти


А им се брза, затоа што бандата „е прочитана“ и веќе не и е дозволено да се мајтапи со судбината на Македонија, изјавувајќи „сакаме ЕУ и НАТО ама името не го даваме“.

Имено, откако Американците и дел од европските земји и нивните политичари, се уверија дека бандата во Македонија не само името, ами и газот на Грци и на Срби го дава само за да остане на власт и да продолжи да краде, решија да притиснат да се изнајде компромисно решение, иако тука зборот компромис е секогаш проблематичен. И вистина, зошто на пример тие - Американци, Руси, Германци, Британци или кој и да е, повеќе би се грижеле за името од македонските политички елити, во овој текст означени како банди. Ако нашите меѓународни пријатели гледаат дека на водствата на овој народ примарен интерес им е власта како средство за лично богатење и дека за остварување на таа цел за нив нема ништо свето, а по најмалку интересите на граѓаните и на Македонија, зошто тие повеќе би се грижеле за името и за неправдата? Оттаму и притисокот, кој сега во Македонија се доживува како неправеден и надвор од меѓународнот право.

Значи решија да притиснат ние да прифатиме да го смениме, а потоа и Грците да го прифатат името Северна Република Македонија, само со една цел – МКД веднаш да влезе во НАТО и до есен да започне процес на преговори со ЕУ. Тоа нив им треба од икс причини, но најважно е да ја стабилизраат Македонија ако има зафрканции со Косово и Република Српска, за да не мораат да се грижат за Балканот, туку да се пренасочат со цело внимание на Блискиот и Далечниот Исток, на Авганистан и Пакистан, на Кина и Индија...

Соочена со ваквиот притисок, кликата опишана погоре сега грчевито се бори и се обидува да ги фрли во игра сите трикови со кои располага, само за да не дојде до позитивен исход во врска со името, по што, вратите во ЕУ и НАТО се отворени. Таа борба, за да ви стане појасно, не е видлива на прв поглед, ниту пак, за нејзе мора нужно да знаат, на пример, премиерот или некој клучен министер. Таа подземна борба која не се препознава веднаш (како примерот со Официрскиот дом или со некој друг акт како што е вреѓање по телевизиии на емисии од типот „Бумбар„ или „Јади бурек“), е спроведувана по стар испробан рецепт и по шаблони утврдени уште во бивша комунистичка Југославија. Во Македонија и покрај лекцијата од 2001 и покрај рамковниот договор и покрај сите досегашни лоши искуства, гледаме дека манипулацијата од тој тип од страна на бандите се уште функционира и што е најважно, се уште може да се поттурне кај нарадот. Подземнта борба како што објаснивме ја спроведуваат нашите џандарско-политички банди од свои сопствени себични причини, но, во истовреме, одигруваат и за интересите на нивниите идејни креатори и ментори во Белград, што пак е компатибилно и со интересите на сите наши други соседи.

Но, сосема сме сигурни дека овој пат нема да им пројде и дека притисокот од надвор ќе биде убедлив. Ако не со разбирачка, тогаш со вадење на досијеа, аудио снимки, банкарски сметки, и други „убедителни“ методи. А овие, домашниве, во меѓуврме, ќе глумат скарани политички партии, истовремено со весниците во Скопје, кои како што читаме, се во „тешка кавга“.

Реално, не станува збор за ништо друго, отколку „мали сукоб на љевици“ или за глумење на кавга на луѓе од иста провениенција во различни табори.

Владимир Костовски 23.02.2010
(This post was last modified: 29-03-2011, 09:34 PM by ЈорданПетровски.)
29-03-2011, 09:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ЗОШТО СИТЕ САКААТ ДА СИ ГО ИМААТ ЛАТАС!?


[Image: Lataskajmiloshevik_1_zpsb8d958ff.jpg]

Основен столб на секој демократски систем е и јавноста, т.е. медиумите кои креираат јавно мислење и играат улога на watchdog на власта, т.е. чувари на вистинските вредности во општеството. Македонија нема таков цврст столб, бидејќи новинарството и медиумите се уште не се отцепија од комунистичкиот шаблон да бидат трансмитер на власта, оти власта ги формирала и посредно или непосредно ги плаќа. Но, дополнителна штета во македонското новинарство прават креатури кои лажно се претставуваат како новинари, а де факто се платеници од највалкан вид. Еден таков key study случај, е момчето што се врти на името Латас

Составен дел од секое современо демократско општество се и медиумите. Уште со појавата на првите печатени изданија, медиумите од хроничари на настаните во општествата, полека се претвораат во креатори на јавно мислење, што пак, е толку неопходно за политиката и политичарите кога ќе се соочат со истото. На крајот од 19-от век и во целиот 20-ти век, а особено во неговата втора половина, медиумите ја добиваат во целост ја добиваат и улогата на „кучиња чувари“ на демократијата и нејзините вредности, особено на почитувањето на отчетно и одговорно владеење и на човековите права, како цивилизациски вредности.

Така треба да биде и денес во Македонија, доколку зборуваме за вистинско демократско општество, нели. Но, за жал не е така. Ние тука за потребите на овој текст нема да навлегуваме во детална вивисекција на моменталната состојба во македонската медиумска сфера, на рентген сликата за тоа кои медиуми чии се и зошто се такви, како заработуваат и слични ствари. Само ќе споменеме дека во Македонија има „шума“ од медиуми од кои за жал не се гледаат „дрвата“.

Таа работа не е случајна. Не е случајно што еден релативно мал читачки пазар, со уште поскромни економски можности на пазарните субјекти- од кои, нели, медиумите треба да живеат, е поплавен од десетина дневни весници, повеќе телевизии со национална концесија и уште повеќе со локални лиценци, како и стотина радио-станици, од кои 90 отсто се со музички содржини и со ич или минимални говорни содржини. Сето тоа е во најмала рака чудно. Уште почудно е што ретко се гледа пропаѓање на медиуми од економски причини, освен се разбира згаснувањето на јавните радио и телевизиски станици на локално и регионално ниво, кои беа „пуштени низ вода“ во процесот на транзиција, исто така смислено, затоа што тие како јавни медиуми имаа должност да одговараат пред основачите, а во принцип тоа се локалните совети(општинските собранија), што значи единствените кои требаа да го застапуваат јавниот интерес.

Земајќи се предвид, јасно е дека станува збор за намерно поттикнувани процеси од страна на наследниците на комунистите – СДСМ во почетокот на транзицијата. Процесот е поттикнуван со две цели – влијание во јавноста и затскривање на вистинската слика за состојбите во општеството. Ако се направи анализа за тоа како настануваат медиумите во Македонија од 1990 до денес и кои се нивните основачи, со кого се блиски, анализа за тоа како се финансираат и чии реклами објaвуваат, ќе се види дека во 90 отсто од случаите тезата поставена погоре е точна и функционална. И така, денес во Македонија наместо медиуми критичари на секоја власт – лева или десна, и вистински креатори на јавното мислење, ние имаме претежно медиуми хроничари.

Но, види беља, дури и тука не е се како што треба. Па во зависност од медиумот, ние граѓаните добиваме селективна слика за тоа што го одбележува времето. Примерот со последните природни непогоди во Македонија е стравичен пример за тоа каде ни се медиумите и какви ни се новинарите, а уште повеќе газдите – могулите во медиумската сфера. Ако гледате медиуми блиски на актуелната власт, во Македонија прво немаше поплави, па потоа тие биле минимални и се должеле на глобалните климатски промени. Ако ги гледате медиумите блиски до опозицијата, состојбата е катастрофална, Македонија е под вода, а Охридско езеро само што не го поплавило Охрид и Струга, со тенденција за спојување со Преспанско. Граѓанинот, се разбира, е збунет и не е информиран објективно и целосно. Ако имате збунет и неинформиран граѓанин, тој утре на кои било избори – оти нели власта е во граѓаните – нема да знае што да избере и како најдобро да гласа. Ако не знае правилно да гласа, се поткопува демократскиот систем и сите цивилизациски вредности кои тапкаат во место и одат надолу наместо нагоре...Задоволни од таквата состојба, колачот од власта и натаму го делат две клики произлезени од еден ист центар, кој умно смислил како да остане на власт, иако комунизмот, нели умре, а капитализмот е новата мантра.

Ете затоа сме сигурни дека медиумите, креатори на јавното мислење, во Македонија намерно и смислено се развивани такви какви што ги имаме денес. Имате мал милион весници, радија, телевизии, итн, а нема објективна информација. Дезинформирањето пак, особено е изразено во изборните и предизборните периоди, кога медиумите, како прости трансмитери на политиката и без неопходниот фид-бек, се „утепуваат“ од манипулации и лаги пласирани секојдневно, со цел да ги убедат кутрите им консументи, т.е. граѓаните, дека овие „нивниве“ се поарни и се вистинскиот избор.

За Латас


Згора на се, посебна штета во македонското новинарство прават креатури кои лажно се претставуваат како новинари, а де факто се платеници од највалкан вид. Еден таков key study случај, е момчето што се врти на името Латас. Зошто? Бескрупулозност и манипулација, односно лажење наместо факти или извртено толкување на фактите, со никаква грижа на совест кога утре од истиот екран на истата фреквенција на телевизијата ќе ви каже нешто сосема спротивно од вчера... ете тоа се основните карактеристики на човекот кој е прва виолина на еден дневен весник и на една национална телевизија. Во македонското новинарство ќе прочитате разни глупости и ќе најдете многу незнаење. Ретко ќе се сретнете со сериозни истражувачки стории, кои се исклучоци што го потврдуваат правилото. Ќе видите и прочитате и намерно искривени настани, еден куп подметнати информации од полицијата или партиите, особено кога станува збор за некоја криминална сторија...значи ќе видите разно разни глупости и непрофесионалности, но никогаш нема да видите груба лага и манипулација со таква честота како што го прави тоа момчето, што една друга банда, блиска на Фрчкоски, многу често го нарекуваше во колумните „момчето од Застава филм“. И не за џабе. Таа банда која токму преку споменатиот кандидат за претседател, министер, професор, експерт за се...го нарекуваат Драган П. Латас со синтагмата „момчето од Застава филм“, секако, тоа не го правела случајно. Тие имале конкретни материјали во рака од времињата кога експертов, Фрчкоски, беше министер за внатрешни работи. (За неупатените, „Застава филм“ беше пропагандната филмска школа од студијата на Кошутњак во Белград, кои беа директно под контрола на поранешните југословенски тајни полициски и воени служби и кои се грижеа за продукција на најфините пропагандни материјали што беа изработувани во комунизмот, а кои беа наменети за домашните кино и телевизиски гледачи и за претставување на социјализмот во странство).

За оние со два – три грама мозок и без тие материјали работата беше одамна јасна. Одамна беше јасно во која тиква дува момчево. Не мора од порано, доволно беше да ја видите неговата херојска и репортажна способност при настаните во Гостивар и Тетово во јули 1997, кога Бранко Црвенковски со желба да го покрие стравичниот криминал кој резултираше со првата и единствена девалвација на денарот, еден ден пред таа одлука, преку Тито Петковски како прецедник на парламентот, спроведува неофицијална законска одлука за симнување на албанските знамиња во Тетово и Гостивар со околу 5000 илјади полицајци. Во таа срамна акција на која кумуваше и еден „докажан либерал“ како Чокревски на пример (тогаш министер за полиција), Латас, во стил на неговите другарчиња од Белград Дрецун и Лазански, ја одигра главната пропагандна роља, која требаше да ги убеди македонците и србите дека Скопје е на „исправниот пат“ и ја брани српската политика кон албанците, толку штетна и за самата Србија, но и за Македонија.

Значи ако уште тогаш го уклучевте малку мозокот за фини ствари, а не за шпански серии и за реални шоуа, јасно беше дека момчево работи по агенда и тоа по агенда од надвор, широко прифатена и од македонските власти. А за каква принципиелност во неговото „новинарство“ станува збор, само еден пример. На година и пол, а можеби и порано од таа фамозна 1997, кога полицијата удри во Тетово и Гостивар под власт на ДПА водена од Арбен Џафери, самиот Џафери од момчево на телевизија беше фален како единствениот интелектуалец меѓу албанските лидери и со него имаше и кратки и пошироки интервјуа токму на Сител.(патем погоре споменатата банда на Фрчко истото тоа го промовираше во тогашните медиуми под нивна контрола).

Затоа, документот дека момчето, кој по татково потекло е од едно „прекрасно село“ во централна Србија, е соработник на српските тајни служби и нешто мешал околу палењето на американската амбасада во Скопје во 1999, е изненадување само за неупатените. Доволно е само да знаете дека многу блиски другарчиња на Драган П. Латас му се Миле Зечевиќ (црногорски србин кој во времето на премиерствувањето на Бучковски стана шеф на тајната македонска полиција) и споменатиот „колега“ на Латас, Драган Поповски, со кого биле заедно на тој фамозен состанок во кафеаната „Езерце“ во Градскиот парк, кога „си муабетеле“ со агентот на српската безбедносна служба, со формална функција аташе за печат во српската амбасада во Скопје...За Зечевиќ, неодамна, поранешниот министер на полиција Павле Трајанов, кој беше министер токму во 1999, (без да му спомене името) на телевизија кажа дека на камерите и во истрагата бил идентификуван како организатор на палењето, инспирирано од СДСМ, но и од делови од ВМРО ДПМНЕ и дека после настанот се криел по Србија и Црна Гора и преговарал за неговото враќање во Македонија, без да биде уапсен. Есапете сега колку не есапат американците кои го знаат ова, кога истиот тој Зечевиќ, четири години подоцна станува шеф на тајната полиција.

Другиот пак, Поповски, едно време пред неколку години го снема од новинарството. Подоцна разбравме дека отишол на гурбет во Бања Лука, во Република Српска. Да бидеш новинар во Македонија стварно не е заебанција, изгледа. Па така, Поповски одеднаш станал експерт за црна и обоена металургија и станал директор(за нешто) во челичарница во Република Српска во сопственост на семејството Томиќ од Врање (син и татко) некогашни сопственици на Симпо и еден од најверните директорски столбови на покојниот Слободан Милошевиќ. Претходно, „новинарот “ Поповски, често на Сител правеше прилози и ги имаше како гости претставниците на овие двајца, кога се обидоа да купуваат делови од скопската Железара, но дилот не им успеа зашто подоцна се вмешаа Минчо Јорданов и компанијата на Лакшми Митал...

Има момчето Латас и други блиски другарчиња кои јасно укажуваат дека црпи информации и работи на агенди од север, вклучувајќи ги и неговите двајца газди – Љубисав Иванов Ѕинго, кој го однесе на кафе муабет со Милошевиќ и се појавија заедно на РТС и вториот, Бојо Андрески, човекот со интересно офицерско минато и со толку голема улога во „македонско-европскиот“ образовен високошколски систем и во македонските медиуми (ТВ АБ и весникот „Вечер“).

Значи за Латас, момчето кое јавно се фали дека „му го пу...“ маалска другарка од 16 г. уште кога имал 14г (интервју за македонското издание на „Свет“ од 2006 или тука некаде), што само по себе кажува многу, за Латас, момчето кое се фали јавно (и лаже) дека има три факултети, за латас, момчето кое по телевизии изјавува дека има плата од 4000 евра.., се ни е јасно.

Јасно како бел ден ни е и зошто тоа го прави, оти Македонија сепак не е само СДБ- УДБА-ОЗНА, СДСМ-ВМРО ДПМНЕ...Има и други кои знаат нешто повеќе што било и што ќе биде и кои внимателно гледаат како бандиве го лажат, го крадат и го продаваат народов и државата. Јасно ни е се, дури и зошто секоја македонска влада си го сака и си го прибира до нејзе Латас, човекот кој нанесува толку голема штета и на новинарството и на демократијата и на државата и директно и индиректно...Си го прибираат и уште му издаваат тапија за два – три саата дека е чист и оти не е бил српски шпион, ниту македонски кодош. Пази Богати....се наежи цела нација...

За крај

Не е спорно дека во секое општество власта и посебно службите сакаат да си имаат свои луѓе. Но, врбувањето многу често не оди ниту лесно, ниту со пари. Секоја служба си има свои и универзални методи како да врбува некого да работи за нејзините интереси. Ако ништо друго, сме читале и сме гледале по филмови, а фала му на Бога, по нешто и знаеме. Еден од почестите методи кои ги користат службите е следење на, за нејзе, интересната персона и откривање на сите нејзини слабости – дали коцкарски, дали криминални, дали на прашањето на сексот и евентуалните „чудни“ афинитети. Сега, ние за крај ќе ви раскажеме една прикаска од тефетерите на групацијата, за тоа како едно младо момче западнало во канџите на службите на една наша соседна земја, која потоа ги делела услугите од тоа младо момче со нејзините инсталации во Македонија.

Имено, една од работита на секоја служба за контраразузнавање, е и следењето на странските дописници или на домашните персони акредитирани за странски медиуми, како лица кои според практиката, често се користат со новинарството како со маска зад која извршуваат разузнавачки активности. Еден таков дописник за странски медиум од наша соседна земја, на почетокот на транзицијата, бил внимателно набљудуван од службата. Таа, така викаат тефтерите што ги имаме, открила дека овој имал „чудни“ сексуални афинитети. Имено, човеков да ти бил трансвестит или крос дресер или така некако. Уживал човеков во трансформација на себе си во понежен пол и сакал да биде во друштво со мажи што сакале да „онадат“ мажи. И тоа, што помлади, тоа подобро.

И не е баш нај јасно записано како, арно ама, новинаров со чудни навики доаѓа во контакт со едно младо амбициозно момче кое сакало да направи нешто големо во животот, да биде некој и нешто и да му се чуе името во државата. Момчето тогаш се занимавало со некој маркетинг во сферата на радиодифузијата и со новинарство немало благе везе. И така, момчево со бисексуални склоности доаѓа во контакт со новинарството, за потоа молневито да ги достигне небеските височини и како таков да се претставља као „јавно мњење“ или као „opinion maker”. Службата за која што работел стариот дописник со „чудни склоности“, го евидентирала случајот и младово момче го окарактеризирало како „надежно“. И домашнава служба го евидентирала настанот и она го окарактеризила како„ надежно“.

Момчето така добило што сака, а службите кои патем си се пријателски и братски, исто така, си добиле што си сакаат и што им треба. Манипулацијата продолжува. Show must go on….yeah!

Владимир Костовски 08.03.2010
29-03-2011, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Quote:НЕМА ИДОЛИ, ОСТАНАА САМО ИДЕАЛИТЕ

Човечкиот материјал е расиплив. Тоа е стара вистина. Но, оние што ја кроеја политичката сцена и Македонија во транзицијата, посебно внимавале политичката елита да биде од најрасипливот можен материјал. Причината е едноставна. Некој од „автохтоните“ лидери на главните политички партии, да не добие напад на реформистички проблесоци и да го зафркне концептот – Македонија да остане затворено, сиромашно и контролирано општество. Така и бидна. Гошев, Црвенковски, Георгиевски, Груевски, Тачи, Ахмети…се се тоа ликови „со интегритет“, кои, како наместени од креаторите на таа функција, „паднаа“ на првото евро што го видоа - порано или подоцна. Така, со Македонија номинално управуваат марионети- среброљупци, со чија помош земјата и по 20 години „реформи“,останува клоака на Европа

Погоре опишаната ситуација не е тешко докажлива и со она што го имаме како факти и со она што може да се прочита во тефтерите и со она што, од оние што знаат може да се слушне како „сеќавања на едно време“.

Тука ќе ви наведеме неколку примери кои јасно отсликуваат дека по „успешното“ реформирање од двете големи банди на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, генерирани од иста матрица, Македонија по 20 години транзиција е најблаго речено – инвалид, клоака на Европа, апсолутно неподготвена за приклучување во Европската унија. НАТО е сосема друга приказна, иако со само две – три релативно опремени единици на ниво на батаљони, се разбира, не сме ни за таму.

Делата на Гошев

Петар Гошев, човекот кој ветуваше на преминот од социјализам во капитализам, човекот кој макар едвај и на сила, сепак му рече „не“ на Милошевиќ на 14-тиот конгрес на југословенските комунисти, човекот кој во 1990 се заложи да се подготват фер изборни услови за првите повеќепартиски избори во Македонија, денеска е бледа сенка од тие времиња и е претворен во медиокритет, за кого имаше и многу цврсти сомневања изнесени во јавноста, дека е замешан во финансиски афери за своја полза – од ефтино купување земјиште преку измама, до вмешаност во ланците на спортски кладилници.

Како млад комунист, реформски настроен, како лидер на партија на два пати, СКМ-ПДП и ДП, Петар Гошев имаше шанса да биде запаметен како светол лик од македонската современа историја. Наместо тоа, со својата колебливост и непрагматичност во 1992, кога го врати премиерскиот мандат добиен од Глигоров, потоа во 1994 кога ја прифати погрешната одлука на Георгиевски опозицијата да ги бојкотира парламентарните избори и ги остави „црвените“ да хараат цели четири години без никаква институционална контрола и конечно со своето учество со години во

Советот на гувернери на Народната банка на Македонија во средината на деведесетите, придонесе за целата лесностија со која Македонија беше ограбена, опустошена, демократски закочена и седната во скутот по линија север-југ.

Натамошната кариера и улога на Гошев во „демократска“ Македонија се одвиваше со натамошни грешки во политиката (дали случјни?), од заедничката партија со Стојан Андов, преку лукративните бизнис интереси што едно време ги имаше со извесен Зоран Синдилиев (човекот нешто тргува со петро-хемија во Македонија), до сегашната позиција на гувернер на НБМ, која ја држи круто, толку што малку му требаше да подлегне на притисоците на Владата за омекнување на монетарната политика, само за да не биде сменет. Можеби се што знаат луѓето кои многу знаат, само шпекулираат и го „мрзат“ Гошев, но едно е сигурно. Тој човек знае скоро се. И молчи!. Доволно, не треба повеќе.

Како член на највисокот раководство во политичките институции во најкритичните години, како член на Советот на гувернери на НБМ во периодот на најбезочното крадење на Македонија и трансфери на капиталот од Македонија кон оф-шор зоните, како гувернер конечно, човекот со „чисти раце“ знае се, а сепак молчи. Зошто? Одговорот нам ни е јасен, а веруваме и на сите со над два грама мозок. А на оние со помалку, можеби ќе го најдат кога овој „херој“ на транзицијата ќе го сретнат на луксузните летни тераси во Порто Карас и другите елитни места за македонските новопечени богаташи разместени југоисточно од Солун.

Делата на Љубчо

Љубчо Георгиевски, човекот кој на два пата имаше шанса да стане вистински национален јунак, ја прокоцка и партијата и државата од две сосема банални причини. Првата е оправдана – неискуство и местење од „комуњарите“ во периодот од 1990 до 1992. Впрочем, поради такви местенки беше и избран да биде лидер на првата историска опозициска партија пред трансферот од социјализам во, божем, капитализам.

Тој немаше никакви подлабоки знаења од ВМРО и вмровштината пред да биде избран за лидер, а беше прилично бос и од другата историја на Македонија. Но, ете, „некако“ го најдоа детето да го изберат за лидер на ВМРО ДПМНЕ на оној историски состанок во кафеанта на браќата Јаковлевци во Берлин, „Ново Скопје“, која веќе две три години и не постои (срушена е). Комунистите, иако луѓе што многу знаат тврдат дека имаа договор да овозможат мирна транзиција и препуштање на власта на ВМРО ДПМНЕ, договорот го изиграа уште со самото инволвирање во формирањето на партијата, преку формирањето на „експертската влада“ на покојниот Никола Кљусев, до рушењето на истата таа влада во август 1992 и целосно нелегитимно преземање на власта наспроти изборните резултати. Киро Глигоров, првиот претседател на „демократска“ Македонија играше активна улога во сите овие политичко – полициски игри и таа негова негативна улога нема да може да ја ретушираат ниту мемоари ниту фарбани учебници по историја.

И така, тоа е првата прокоцкана шанса на Љубчо да стане нешто големо и запаметено во историјата на Македонија. Таа, некако и може да му се прости. Дури и неверувањето дека го местат на Кичевскиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во 1993 кога му беше јасно предочено, па и неслушањето на советите и сосема погрешната одлука да не учествува на изборите во 1994. Ајде, неискуство ќе речеме. Но втората неискористена шанса што ја имаше, а тоа е кога дојде до апсолутна власт во 1998, никогаш нема да му биде простена. Причината е многу едноставна. И покрај тоа што имаше тројански коњ во својата влада во ликот и делото на Васил Тупурковски-Титанов, со неговата Демократска Алтернатива, и покрај тоа што му наместија војна во 2001 година, Љубчо не падна на тие прашања. Падна на првите марки што како мито му беа донесени во куферче во кабинетот, како поздрав за него и за партијата од страна на тутунската мафија, за која знаеше претходно се!

Иако има тврдења дека поткупливоста ја манифестирал многу порано, уште во опозиција, кога партиската „лада“ ја замени со „мерцедес“ и кога почна да ги остварува првите контакти со грците преку претставниците на нивното разузнавање во Скопје, Маноли и наводниот пребег Грилакис, таа поткупливост дефинитивно е докажана кога дојде на власт во 1998. Сето она за кое претходно зборуваше – ревизија на приватизација, војна со тутнската и нарко мафијата, борбата против нелегалниот шверц на луѓе и друго, го напушти уште во првата година од владеењето. Газот му беше до толку извалкан што без проблем прифати да ја дели власта уште во 2001, кога се согласи на формирање на широка коалиција со СДСМ, божем да се спасела Македонија.

Резултатот е поразителен. Најголемата надеж од почетокот на 90-тите во Македонија заврши срамно во 2002 година, со изменета држава со рамковен договор, со изневерни надежи на сите ограбени и измамени граѓани за време на приватизацијата и со огромно лично богатство кое, еве и девет години подоцна, му овозможува лесен и бонвивански живот со егзотични патувања, инвестиции во Македонија и соседството, со имоти во Флорида и Дубаи, фина мазна кожа, младешки лик без подочници и конечно „солење памет“ по локалните медиуми, дека Македонија без поговор треба да го смени името за да можела да опстои како држава. Срамота.

Единственото феномонелошко однесување кај него е тоа што отворено признава дека ја искористил премиерската функција за лично богатење, што само докажува на какво ниво ни се институциите, јавноста и демократијата во Македонија, како и тоа дека постои договор од порано, за кој знае и го има аминувано „меџународната заедница“, да не биде „гибан“.

Делата на Бранко

Бранко Црвенковски е само наизглед нешто побитна фигура од сите споменати во текстов. Тој, вистина, според траењето на политичката сцена, според функциите што досега ги извршувал во Македонија, може да се смета за човек кој е во првите петорица на негативната листа кои ја одбележуваат тажната македонска транзициска природа. Но, дефинитивно е прв на листата кога станува збор за одговорност за две работи – создавање услови за организираниот криминал и за големиот грабеж, што во учтива форма се нарекува приватизација на општествениот капитал.

Човеков, како млад јастреб во раководната структура на комунистичката партија на почетокот на транзицијата, успеа да се наметне на структурите што го избраа како најпогодно „дете“ да му се даде партијата, а потоа и извршната власт преку владата. Бескрупулозен уште од самиот почеток, влегува во отворена војна со Гошев во самата партија, а кон надвор, во војна со тогашниот и денешен главен „ривал“, ВМРО ДПМНЕ. По враќањето на мандатот од страна на Гошев, тој станува претседател на влада, по што, вратите за организираниот криминал и за грабежот во приватизацијата, кој започна две години подоцна, беа ширум отворени.

Важно е да се напомене дека под раководна палка на Бранко Црвенковски беа воспоставени сите линкови за почетната акумулација на нелегалниот капитал преку шверц на сите акцизни, но и индустриски производи кои и беа потребни на Србија во почетокот на военото лудило на просторите на поранешна Југославија. Ембаргото, прво кон Србија, а потоа и ембаргото на Грција кон Македонија, беа повеќе од посакувано плодно тло за формирање криминална база, која потоа делумно ќе учествува и во приватизацијата и на тој начин го испра валканиот капитал.

Тоа, инаку, одеше многу наивно – демек ние немаме друг избор поради празната државна каса, па ајде и покрај мониторингот од УН и од Американците, ќе им овозможиме транзит на Србите на нафта и цигари од Солун до македонско - српската граница, за што, тие ќе плаќаат процент. После тоа, премина и на кршење на ембаргото и за секоја друга стока, а плус, преку Македонија, како македонски се извезуваа српски производи во светот. Лицата и фирмите вклучени во овој бизнис беа строго контролирани од полицијата и никој ако не бил одбран не можел да се занимава со тоа. Само како пример, „Македонија турист“, Фершепд, „Млаз“ Богданци, „Македонски железници“, „Интерфалко“...се се тоа компании со чија помош се транспортираа суровини за Србија, а Бучим на пример, беше една од компанииите кои помагаа српскиот бакар под ознака македонски да се извезува во светот. До кој степен тоа беше под контрола на полицијата покажува и еден бизарен податок. Во тој бизнис, се збори, беше вклучен и братот на еден поранешен министер за внатрешни работи, а денеска пратеник и лидер на политичка партија кој се врти на името Павле Трајанов.

Заедно со нафтата почнаа да се шверцуваат, односно да одат „транзит“ и цигарите, алкохолот и сета друга роба (оружје и муниција) наменета и за српските боишта и за широката потрошувачка. Всушност, тоа беше една координирана акција со наредбодателите од север и таа работа во Македонија се спроведуваше мазно. Поради тоа и Слободан Милошевиќ никогаш немал реална потреба да отвора фронт и во Македонија. Па да, човекот ги знаел реално работите, за разлика од сите кутри и наивни граѓани на Македонија кои мислеле дека нивните политички елити се заинтересирани за сопствена држава. Значи, кругот започнат со шверц на нафта и други секојдневни потрепштини на Србија, продолжи да се исцртува со организирани криминални активности, чија заработка, исто така, во добар дел се переше во Македонија. Кругот дефинитивно се затвори во 1996 и 97-ма, кога во Македонија веќе беа оформени јадрата на мафијата која и тогаш и денес функционира само како привезок или огранок на регионалните српски, косовски и бугарски мафијашки структури и заедно со нив е само дел од големите мрежи на италијанската, руската или албанската мафија. Условите за формирање и затворање на кругот лежат кај Бранко Црвенковски, затоа што од 1992 до 1998 имаше главна извршна функција со чија помош и го обезбеди сето тоа.

Грабежот направен со приватизацијата од 1994 до 1998 е вториот голем грев на „Црвениот“. Во време кога ја имаше извршната власт и со концепт смислен во кујната на старата комунистичка номенклатура, а спроведен со помош на тајната полиција, Македонија беша опустошена, на тој начин што се продадоа за ич пари, најголемите и највредните македонски компании со исклучок на телекомот и на електростопанството. Во тој период, со обилна помош во интелектуална смисла на пишувачите на закони од скопскиот универзитет и со практична помош на две банки, Стопанска и Комерцијална, беа уништени и разграбани не само фабриките што беа успешни, туку и сите земјоделски комбинати, со што, Македонија од земја која сама можеше да се прерани, се најде во состојба да увезува домати и пиперки од Турција и лубеници од Грција. Но, што е уште поважно, да зависи од огромни увози на пченица и пченка.

Во тоа време, на првото владеење на Бранко Црвенковски настана ерозија и на сите други пропратни институции кои се надлежни за безбедност и контрола. Беа систематски уништувани фондовите (здравствен, пензиски и оној за патишта), беа омаловажувани и со плата и со позиција луѓето во полицијата и царината, беше направен хаос во банкарскиот систем со пирамидалните штедилници и со маргинализирање на државната ревизија...Во тоа време на Б.Ц. почна и прливиот на „странски“ инвестиции во Македонија и тоа по само една оска: Белград – Атина. „Скопска пивара“ и „Цементара“ беа фирми меѓници кои ја овозможија пенетрацијата на грчки капитал, кој потоа запоседна и банки и телекомуникации и тутнска и текстилна индустрија, за на крај, грците пред светот да се „просераваат“ дека они биле најголемиот странски инвеститор во Македонија.

Резултатот на ваквото владеење на Б.Ц. за 6 години беше поразителен: Околу 200 илјади луѓе без работа, тотално осиромашување на државата во смисла на празни фондовски каси, организиран криминал кој веќе се етаблира цврсто, градежна и прехрамбена индустрија во рацете на грци и трасиран пат за истото да се случи и со банкарството и телекомуникациите, нешто што формално го спроведе владата на Љубчо.

Делата на Никола

Кога конечно Македонија помисли дека се ослободува од лажните идоли – реформатори во изминатите 15 години, кога помисли макар на миг дека завршува еден грд сон во кој „Мурто и Курто“ си поиграа и уништија судбини на стотици илјади луѓе, тогаш се појави релативно нов лик - „месија“, кој повторно ги подгреа надежите. Никола Груевски, кога по доброволното демисионирање од челната функција на Георгиевски се појави во улога на лидер на партија, оставаше впечаток на момче од новата генерација, техноменаџерска класа која е прагматична и која ја интересира само економијата, како клучен атрибут на силна и стабилна држава.

Овој свој лик Груевски го изгради и со помош на една мошне важна реформа спроведена уште како министер во Владата на Георгиевски, реформата во даночната политика, популарно наречена фискализација. Друго за Груевски, освен дека е љубител на маркетингот како составен дел од неговата работа, не беше познато. Афери од јавен карактер немаше, освен што никогаш не се дозна вистината за четирите станови кои се во посед на неговата мајка...Додуша, во упатени кругови се шушкаше за некакви игри и коцкања по светски берзи на краткорочни периоди со државни пари уште од времто кога беше министер кај Љубчо, па за некои врски со банки од Бугарија, па за блиски врски со српската „реформистичка“ влада од 2002 до 2006 и слични „ситници“, но тоа никој го немаше ниту јавно докажано, ниту пак, некој посебно се интересирал за Никола.

Но, уште тогаш, а денеска особено, се знае дека главен адут, всушност му беше неговата блиска семејна поврзаност со Мијалкови...Единствените на кои им верува беспоговорно се неговите двајца први братучеди, Сашо и Владо, синови на првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Јордан Мијалков. Првиот, Сашо, во моментов прв човек на македонска тајна полиција (УБК) и според сите добри познавачи тој веќе сега е, а со враќањето и на разузнавањето под капата на МВР, ќе биде најмоќниот човек во Македонија. Неодамна Есад Рахиќ, кој од „дилајла“ стана прво бизнисмен, па потоа и пратеник кој едно време беше шеф на парламентарна комисија за контрола на тајните служби, ја потврди старата вистина – оној што ја контролира тајната полиција секогаш ги добива изборите во Македонија.

Брат му на Сашо, Влатко, е високо позициониран во Царинската управа и се смета дека преку свои луѓе и воспоставени механизми управува со царината де факто, иако таму номинално има друг човек за генерален директор. Претходно за време на опозициониот период на ВМРО ДПМНЕ, Влатко беше некаков си директор на една агенција за платежни картички, проект кој проголта два-три милиони евра без трага (доделени уште во времето кога Груевски беше министер за финансии), а потоа агенцијата пропадна.

Се зборува дека Груевски единствено има доверба во овие двајца и дека сета главна кадровска и генерална политика што ја спроведува е директно или благо насочена и контролирана, особено од Сашо Мијалков. Овдека, за упатените, не треба посебно да објаснуваме кое е семејството Мијалкови, какви се нивните врски со се и сешто уште од времињата на поранешна Југославија, преку нивниот чешки период и бизнисите таму, до актуелните врски што особено Сашо ги одржува и дома со претставници на старото српско и југословенско разузнавање, но и со источните и западните разузнавачки центри. Тука притоа не се мисли на она што по функција му е должност и редовна работна обврска. Само ќе кажеме дека во моментов Сашо е човекот кој знае се, буквално, се, дека има нерестриктивен пристап кон сите средства за следење на секој вид комуникација на граѓаните, опозицијата, криминалното милје и дека е гранитниот столб врз кој се потпира Никола. Всушност, најверојатно професорот Ѓорѓе Маријановиќ беше во право кога на почетокот на владата на Груевски кажа дека со извршната власт само привидно управува Никола.

Но да се вратиме на Груевски. Спроведувајќи вонредни избори во 2008, обезбеди шестгодишен мандат, а сега ја тера четвртата. Не беше потребно толку многу време да се видат две важни карактеристики. Едната е неговата нападна лакировка дека е човек кој многу работи и спроведува реформи. Ниту една не е спроведена до крај, а многу од нив, како што е компјутеризацијата на училиштата преку партизанската акција „компјутер за секое дете“, доживеаа тотално фијаско, при што се потрошени повеќе десетици милиони евра.

Она што се очекуваше најмногу од него и каде најмногу се топореше - гринфилд инвестициите, пропадна уште во првите две години, а третата се вадеше на светската економска криза. Борбата со криминалот и корупцијата ја загуби уште во моментот кога полицијата со наредба да остави силен впечаток масовно апсеше и поднесуваше кривични пријави, а потоа сите тие луѓе, еден по еден, излегуваа од притвор или воопшто не влегоа, а онаму каде имаше и првостепени судски пресуди паѓаа како крушки во втор степен. Само да потсетиме од Рубин Зарески, преку Владо Бучковски и Заев, до Ѓорѓи Тренковски или пак, на масовните апсења во акциите „Змиско око“, „Југ“ еден, два три, итн, итн.

Оваа лакировка не успеа затоа што и немаше вистинска политичка волја за расчистување со корупцијата, исто како што немаше вистинска волја и за расчистување со партиското мешање во обвинителството и судството, иако странците многу помагаа во тој поглед, дури и носејќи експерти и модели за организиран криминал.

Нема реформи ниту во здравствениот систем, затоа што се загуби првичната волја носена во голем дел и од тогашниот министер Имер Селмани, па се се сведе на нефункционален систем на плаќање по учинок (т.н. ДРГ систем), на тенедер за набавка на медицинска опрема и апарати од 40-60 милиони евра, кој трета година поради коруптивни интереси се спроведува килаво и што е најважно, на тивко, но, сигурно кадровско и техничко разорување на јавното здравство, поради бизнис интересите на шака олигарси кои го седнаа во скут Груевски, а кои покрај другите бизниси се занимаваат и со приватно здравство („Ремедика“ – Минчо Јорданов, „Мала Богородица“ – Трифун Костовски и Камчеви, а особено „Систина“ – Орце Камчев, поради која сега малку ќе му скратат и на „Филип Втори“ на Жан Митрев).

Не само што нема реформи, туку нема ни Р од нив во енергитиката. Причината е едноставна. Огромни стотици милиони евра годишно одат на увоз на струја контролиран од Груевски, на тој начин што увозот или најголмиот дел од него го дибива само една фирма ЕТФ Македонија или така некако, со која управува Кочо Анѓушев, доминантен сопствник и на велешки „Брако“, а од неодамна и на СИЛМАК од Јегуновце. Всушност, повторно станува збор за делење на братскиот колач меѓу српските и македонските бизнис братсва, затоа што ЕТФ, иако е компанија со номинално седиште во Лондон, е во сосптвеност на познати српски тајкуни, кои со години се занимаваат со трговија со струја. Ја купуваа евтино во Република Српска, Србија и Романија, на пример,(кога имаат вишоци) и ја продаваат екстремно скапо на „прдеж“ држави како Македонија, Албанија, Грција, исто на Србија, итн, кога овие имаат кусок од струја.

А за да оди бизнисот што повеќе, во Македонија на пример, не се гради ниту еден хидро потенцијал, термопотенцијалите работат килаво или ги трошат последните ресурси, а со енергетиката управуваат луѓе кои се покажаа неспособни (континуирано намалено производство на електрична енергија откако ВМРО ДПМНЕ е на власт).

Секако дека нема реформи ниту во инфраструктурата. АМБО е пропаднат проект, гасовод во Македонија нема затоа што Макпетрол платил на време кај што треба за да има посед и монопол врз гасот, иако и оној што е изграден, изграден е со државни пари над 50 отсто, а при одредување на цената на струјата, парното или нафтените деривати, и натаму се одлучува во корист на ЕВН-ЕЛЕМ-МЕПСО, на Топлификација на Хаџимишев и на ОКТА на грците. Секако, на штета на граѓаните и на државните интереси на Македонија.

Единствена реформа која што може да се каже дека колку-толку функционира, е во областа на културата, особено во историјата на

уметност и археологијата, затоа што таму навистина се префрлени огромни средства и има незапамтени активности, иако и таму има крадење на поситно и на покрупно...

Генерално, коруптивноста и неспособноста на владата на Груевски е неспорна и не е ништо помала во однос на владите на Бранко и на Љубчо. Механизмите се движат од користење на веќе етаблирани фирми на олигарси и олигарсчиња, до формирање стотици анонимни, нивни компании кои се јавуваат на тендерите на владата, министерствата или јавните претпријатија. И секогаш ги добиваат. Процентот, велат упатените, бил десет отсто за тој што ќе ја добие работата, 90 отсто за нарачателите или како што денеска ја викаат, „фамилијата“. Како оди распоредот на тие пари во „фамилијата“, во некој друг текст, од некои други тефтери.

Клоака

Поради се погоре кажано, Македонија денеска е дупка или клоака на Европа. Слепо црево. Држава во која демократските и пазарните реформи се мртва буква на хартија. Држава во која заштитата на човековите права е прашање на среќа, пари и статус, не на систем. Држава која не расчистила и нема намера да расчисти со кодошите и апашите. Држава која е спремна да го продаде и името, само среброљупците да останат на власт, по што и тие и оние што ги контролираат од Белград ќе бидат задоволни.

Македонија, срамно, е држава која јавно признава (Н. Груевски), дека ќе ги даде патиштата под концесија „затоа што немала искуство во управувањето и собирањето приход од наплатните рампи“. Држава во која со децении не може да се доизградат десетици километри автопат на главниот граничен премин кон Грција, а да не зборуваме за автопатот кон Бугарија или внатре во земјата. Држава во која железницата со децении крадена (уште од поделбата на Фершпед и Македонски железници) дојде до тоа дереџе да нема локомотиви и вагони, а оние што возат, да се движат со 40 до 60 км на час поради несигурноста и неодржувањето на пругите. Држава во која нема функционален јавен превоз воопшто. Држава во која се форсира увоз на евтини, но, истрошени возила од отпадите на Европа поради популистички поени.

Држава во која нема макар минимално пристоен судски или здравствен систем. Држава во која нема банкарски систем, туку има олигопол на три-четири големи банки кои немаат никаков интерес за кредитирање на бизнисот, туку живеат од бизнис со државата (купувајќи обврзници) и од огромните банкарски камати во кредитирањето со населението. Држава која ќе стане наскоро зависна оти нема енергетска перспектива, оти ништо не се гради.

Македонија е држава во која нема ни демократија, оти поделбата на трите власти е само формална, а медиумите се контролирани. Македонија наместо интегрирано и инклузивно општество, дури и по

рамковниот, е поделена и биполарна држава, пред се, затоа што со децении се спроведуваше српската политика кон албанците, а се користи и денес, кога тоа им е во интерес на среброљупците да скријат некој друг поголем апашлук или кога го продаваат името...

Денес, по дваесет години од независноста, во Македонија е грдо и срамно да се живее. Идоли нема и никогаш ги немало. За оние со помека душа, остануваат само идеалите и сознанието дека еден ден ќе се сменат нештата. Како? Во некоја следна прилика. До тогаш, трпение и верба, оти да повториме: не се само тие!

Владимир Костовски 23.03.2010
29-03-2011, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



Quote:НЕ Е ВАЖЕН ЧАСОВНИКОТ НА ЏАНДАРОТ – ВАЖНО Е ВРЕМЕТО!!!


Мизеријата на која се спаднати македонските демократски стандарди и вредности може да се гледа на милион начини. Последниот пример кој паѓа во очи е „аферата“ со часовникот на првиот џандар на униформиранaта полиција во Македонија, Љупчо Тодорвски- Радникот

И слепиот може да прогледа само ако сака. Ова не е празна поговорка. Taa укажува на важноста на вољата што треба да се има за која било работа да се заврши успешно. Ако се има воља, се друго ќе се обезбеди – верба, знаење, материјални ресурси, човечки фактор, итн. Но, Македонија, почнувајќи со нејзините политички елити и завршувајќи со последниот шалтерски службеник на која било институција, немаат волја за прогледување. Демократските стандарди и вредности се толку ниско паднати, што едноставно, секоја воља и онаму каде постоела, е заменета со ништавната летаргија на живуркање, на место квалитетно живеење, кое треба да биде крајната цел на секој демократски систем.

Исти се стандардите за која било професија, вклучувајќи го и новинарството, кое пак, за бељата да биде поголема, поради неговото значење за власта и за состојбите во едно општество, кај нас дополнително го има и товарот на контролирано.

Добар пример за тоа е последната „афера“ што ја извадија големите македонски медиуми, со уште поголемите новинари во нив, за рачниот часовник на првиот човек на униформиранaта полиција, Љупчо Тодорвски, звани „Радник’.

Големото македонско истражувачко новинарство се сведе на реплика на стара тема – фотографирање на рачни часовници на човекот кој е во фокусот од икс или ипсилон причини и дување афера на ниво на „хиндербуршки цепелин“, кој, како што знаеме, многу често доживуваше несреќи, палејќи се во воздухот и паѓајќи како обичен издишан балон.

И така, „авторитетите“ во македонското новинарство собрани во прокомунистичкиот неделник „Глобус“, го сликаа Радникот или открија на фотката од некој друг, дека човекот носел часовник од 20 до 25 илјади евра. Веднаш, за два дена, на сторијата се налепија сите можни телевизии, весници, билтени и билтенчиња и сите се расприкажаа околу тоа од каде му пари на човекот да купи толку скап часовник. А овој, иако самиот прекар кажува дека е многу вреден, ги „шупчи“ на свој начин, изјавувајќи дека часовникот е фалсификат и кинеска реплика на оргиналот и дека го продава за 50 долари на заинтересирани. Ете, тоа е нивото на македонското истражувачко новинарсто денес, во глобала.

И наместо да се позанимаваат кој е човекот, од каде и како напредувал во кариерата, кои случаи ги работел, колку количина дрога запленил или незапленил и каде му се главните дилери додека работел и на таа проблематика во службата пред да дојде на оваа позиција, ова новинарчињава, запнале со прашањето „од каде ти е саатот, маму ти..., лопове еден“. Да не е тажно, смешно е. Башка, што афери од ваков тип веќе имавме во Македонија. Едната беше со Ролексот на Фрчкоски од крајот на деведесетите години, а другата, ако не грешиме, со часовникот на покојниот Борис Трајковски.

Преспани афери

Во меѓувреме, сите големи и вистински афери, македонската јавност поради контролираните медиуми и неуките новинари, ги преспа. Ја преспа вистината за приватизацијата, го преспа шверцот кој никогаш не престана, а од кој се алиментираат и политичките гарнитури и џандарите и новата олигархија, ја преспа војната во 2001 и на крајот, не разбра зошто нема лустрација...

Во тие денови кога јавноста се занимаваше со часовникот на „Радникот“, на пример, беше објавена веста дека штедилницата „Фершпед“ престанала со работа и дека од солидарниот фонд што беше основан по налог на Народната банка од пред некоја година, ќе бидат отштетени целосно сите што имале влогови до 10 илјади евра. Зошто е ова важно?

Затоа што на пример, Штерјо и „Фершпед“, се некој вид модел за тоа како се правеше приватизацијата во Македонија. Човекот од директор на компанија за шпедиција во рамките на „Македонски железници“, преку административен инженеринг и груби фалсификати стана еден од најголемите и најбогатите бизнисмени во Македонија, кој потоа беше уценуван и рекетиран и од двете политички елити, само за да не оди во затвор и да не го изгуби богатството.

Во меѓувреме, откако правно се обезбеди, откако успеа да му застаре делото и да не се плаши за својата иднина, Штерјо, веќе уморен од се, најпрво почна да го распределува богатството на двајцата синови, а сега и да ги чисти сите дејности што му се товар и му прават загуби. Газдата на Александар Палас хотелот во Скопје, газдата на некогаш најмоќната шпедиција преку која одеше и шверцот на нафта за Србија, газдата на винаријата Сковин и на илјадници хектари лозови насади, газдата на уште десетина фирми со различна дејност, сега спокојно ужива во плодовите на неговиот живот и во богатството кое го сподели со семејството.

Слично е и со стотоци други директори на фирми, фирмички, банки и штедилници, кои во спрега со политиката натрупаа огромно богатство за себе и за нивните семејства, како и за нивните ментори во политиката, заштитници во полицијата и судството, кои на најдолен можен криминален и неморален начин станаа нови богаташи и респектабилни бизнисмени. Влакно од глава не им фали за тоа што поаѓајќи од своите тесни интереси, стотици илјади луѓе оставија без работа и на улица, што ја поткопаа економската сигурност на земјата и што на својата татковина и ја залепија етитекетата корумпирана земја.

Еве, да го земеме примерот со персоната што се врти на името Доне Таневски. Станува збор за човекот кој управуваше и ја приватизираше компанијата наречена „Македонија турист“, чији репрезентативни објекти се хотелите „Холидеј Ин“ и „Бристол“ во Скопје, а која во посед има уште десетици хотели, мотели и ресторани во главниот град и низ Македонија. Овој човек, на пример, со помош на своите заштитари во политиката, полицијата и судството, исто така, усепа да си купи мирна иднина и да ужива во плодовите од својата макотрпна работа, иако, група поранешни вработени во фирмата цела деценија упорно го гонеа низ судскиот систем на земјата.

Покрај за даночно затајување и злоупотреби со набавки за својата компанија, за што беше дури и обвинет, Доне на пример, заедно со својот компањон, славниот композитор Копров, никогаш не одговорија на прашањето од каде им се стотици милиони германски марки за да функционираат како еден вид банка. Станува збор за случај од 1994 или 1995 година, кога неговата компанија на крајот на годината пријавила вкупен приход за оданочување нешто над триесет милиони марки. Меѓутоа, хартиите до кои дошле вработени во компанијата и кои потоа беа изнесени и во медиумите, покажаа дека истата година компанијата на други компании во земјата им позајмила, во истата таа година, над 100 милиони германски марки како краткорочни позајмици. И никому ништо. Никој не обелодени од каде се парите и дали станува збор за перење пари добиени од шверцот на акцизни стоки за Србија во тоа време.

Ист е случајот и со некогаш угледната компанија „Македонија табак“. Иако низ дел од македонските и балканските весници се отворија сериозно прашања за мега шверцот на цигари што се одвива(ше) пред се на Балканот, со помош на сега покојниот Данчо Шутурков (за кој патем се зборува дека никој не го виде неговото тело по објавувањето на веста дека починал по долго и тешко боледување), никој, никогаш не одговораше за такви кривични дела, а понајмалку главните. Шверцот доведе до растур на целоокупната македонска тутунска индустрија која и денеска не може да застане на свои нозе, иако по дефиниција е меѓу најпрофитабилните бизниси. Она што како пооделни примери го имаме, а тоа е апсење на некоја си госпоѓа Сулејмани од Тетово за проневера на државен тутун складиран во тетовската тутунска индустрија, апсење и судење на некој си поранешен заменик министер за земјоделство во врска со стечајот на тутнскиот монопол во Крушево и конечно неодамнешното апсење и судење на босот Бајруш Сејдиу од Куманово, се само исклучоци кои го потврдуваат правилото. Уште повеќе ако се знае дека и тие исклучоци, како во примерот со Бајруш, се направени под жесток притисок на американците, кои пак во конкретниов случај го имаа проблемот со загрозување на нивниот бизнис интерес во Србија, бидејќи црните пратки на цигари на Бајруш го покриваа и Косово и Јужна Србија, во присутво на „Филип Морис“ и на „Бритиш Американ Тобако“ во тој регион.

Примери за незаконски приватизации измешани со организиран криминал и со очигледна тешка корупција има на стотици. Исто толкави се примерите на гарантираната сигурност што ја уживаат сите чинители во овој процес. Од банкарството и финансиите, преку црната и обоената металгурија, од трговијата со електрична енергија преку здравството и бизнисот со лекови, до текстилната и земјоделската гранка. Секаде пљачки, корупција и криминал кој е овозможен од двете партии кои од осамостојувањето до сега се на власт во Македонија.

Бранко и Никола „спорат“ за ревизија на приватизацијата

И сега, после сите тие пљачки и формирани криминални мрежи во кои е измешано се – од лични и партиски интереси до инволвирани служби на соседни земји со сосема други крајни цели, сега во Македонија Бранко Црвенковски го отвори прашањето за преиспитување на приватизацијата, со предлог за измена на уставен член и на кривичниот законик преку кои ќе се избрише незастареноста на делото и враќање на процесот назад. Овој што е на власт пак, Никола Груевски, одговара дека сите правници што ги консултирал му кажале оти тоа може да важи само за во иднина, а не и за тоа што поминало. Господ да чува од толку лажење и правење драми!

Едниов во опозиција, иако главно осомничен за најголемиот дел од криминалната приватизација во земјава, а сосема сигурен дека не му можат ништо, предлага нешто што тој самиот имаше можност да го стори во неколку мандати. Овој другиов, иако кога дојде на власт имаше можност да ги отовори сите овие прашање, сега глуми дека делата застареле, а ако се изменеле прописите, тоа ќе важело само за во иднина, што би се рекло и за неколку случаи кои се во тек додека е тој на власт. Иако и двајцата лажат од правен аспект погледнато, многу поголема и поочигледна е моралната димензија на расправата што ја отворија и која бесрамно покажува дека станува збор за две јагниња од иста мајка цицани.

Македонското контролирано новинарство во меѓувреме, само трча по изјавите како мува што е привлечена од мирисот на изметот и ќе се занимава со часовникот на Радникот, наместо со вистинските прашања од типот каде се парите.

Кој навистина ни го мери времето

Во меѓувреме, еден друг часовник неумоливо го мери времето. Слично како во песочниот часовник, така времето брзо истекува за Македонија. Со таложење на криминалот и корупцијата што ги продуцира една иста банда поделена во две партии, која користи иста полиција и исти податоци кога ќе дојдат на власт, ние остануваме надвор од цивилизираниот свет, кој нема да не прими, баш како на времето во 1948 кога се исфрли паролота „Исток не отпиша – Запад не не запишуе“. А кога ќе истече тоа време, воопшто нема да биде и битно зошто сме надвор. Ќе останеме „надвор од времето“, па дури тоа да го мериме и со кинескиот фалсификат на „Радникот“.

Примерите со други земји од нашето соседство, вклучувајќи ги и другите корумпирани режими од соц-лагерот, јасно го посочуваат патот по кој треба да се движи земјата. Ако во Србија, на пример, не може да се чувствува сигурен веќе никој, вклучувајќи ја и легендата Мишковиќ и неговата имеприја „Делта“, ако во Хрватска се бара главата на поранешниот премиер Иво Санадер и се реотвараат прашања за приватизацијата и криминалот преку гиганти какви што се „Подравка“ или порано ИНА, ако во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, мозокот на целиот клриминал, од приватизациониот преку организираниот, се повлекува мирисајќи дека работата е доведена до крај, не може Македонија да остане изолирана, а нејзините џелати внатре во земјата да се надеваат дека и натаму мирно ќе владеат преку смена на гарнитурите на секој еден, до два изборни циклуса.

Примерот на Киргистан јасно покажува што се случува во земји кои сакаат да си играат дрндупка со интересите и со договорите што ги имаат со големите сили. А после нешто такво, оддеднаш сите ќе видиме и кој и зошто ги предал македонските национални и државни и нтереси, што се случувало со името, со знамето, со војната, со лустрацијата...конечно по една таква разврска, ќе видиме навистина колку е саатот и кој ни го мери времето!

Владимир Костовски 11.04.2010
29-03-2011, 10:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6


Quote:БИТПАЗАР 1992 – ШУТКА 2010

Дека во Македонија се е исто како и лани и полани и оломнани.., лесно е докажливо. Тепањето на Ромите во Шутка покажа оти за ниту милиметар се немаат поместено начините на кој политичките елити лажат за да ги прикријат своите пљачки и лошо владеење. Стапот, се разбира, секогаш е за најслабите и најсиромашните, преку кои власта со огромен цинизам и бесрамност ја учи нацијата на европските стандарди и закони

Сега веќе далечната 1992, во Скопје имаше немири од голем размер, кои на некој начин станаа еден од битните елементи што ги одредија натамошните меѓуетнички основи и развојот на државата. На другата страна од Вардар, на Битпазар, дојде до оружена пресметка помеѓу полицијата и голема група Албанци. Пресметката, навидум, започна наивно, но во Македонија ништо не е случајно и наивно, особено ако го знаете контекстот.

Штотуку формираната „политичка влада“, наспроти „неефикасната експертска влада“, се обиде, божем, да спроведе ред и закон во државата. Владата на Бранко Црвенковски беше формирана во септември 1992, а првата поголема акција за спроведување на правната држава, беше изведена веќе на почетокот на ноември 1992.

На шести ноември таа година, после пладне, полицијата од полициската станица Битпазар почна со заплена на цигари што ги продаваа уличните продавачи на цигари, најчесто деца и младинци, насекаде околу Битпазар (и во цела Македонија). При покажувањето мускули и мачкањето очи на домашната и светската јавност, дојде до грубост од страна на полицијата, по што, прво спонтано, а потоа и организирано, се насобраа неколку илјади Албанци кои со камења фрлаа по полицијата, каменуваа возила, автобуси и таксисти кои се најдоа на главниот булевар што минува покрај пазарот. Каменувањето продолжуваше, а заканувачки, одвреме, навреме, се слушаше и по некој истрел од пиштоли.

Во раните вечерни часови на сцена стапи импровизираниот полициски план за разбивање на демонстрантите и воспоставување на јавниот ред и мир. Од една страна, од кај Судската палата во Скопје тргнаа во јуриш луѓето од специјалната единица на МВР, додека од друга страна, од страна на Чаршијата и полициската станица Битпазар, тргна друга група полицајци, обидувајќи се да ги фатат демонстрантите во обрач. Зад специјалците се втурнаа обичните џандари и инспектори во цивилки, апсејќи се што ќе им се стори сомнително. Почна периодично, а потоа и се позачестено кориситење на огнено оружје. Куршуми фрчеа на сите страни, при што, до разбивањето на немирите и целосносто воспоставување на редот и мирот, минаа неколку часа, практично до полноќ.

Акцијата за која издаде команда, ја набљудуваше лично Љубомир Фрчкоски, министер за внатрешни работи во тоа време, експерт, претседателски кандидат, професор и што ли уште не. Небаре е Наполеон лично, стоше во отворен џип на специјалната полиција на самата раскрсница меѓу Судска палата и Битпазар и со својата умна глава која знае се, „стручно“ се мешаше во полициските работи на терен, по што, билансот беше повеќе од трагичен.

Пет лица беа убиени, од кои четворица умреа веднаш. Тројца Албанци и една Македонка, како колатерлана штета. Најмалку 40 лица беа ранети, повеќето демонстранти, но и полицајци, а околу 100–на беа уапсени уште истата вечер или до изутрината наредниот ден. Материјалната штета беше огромна. Политичките последици, уште поголеми, а, тогашната власт тврдеше дека го спроведувала законот и се борела против шверцот на цигарите.

Цигарите ги шиткаа тепачите

Така беше тоа во далечната 1992 година. Денес сме 2010, односно, осумнаесет години по тој настан. Некои нови деца на истата локација (како впрочем и во цела Македонија), и натаму продаваат шверцувани и фалсификувани цигари. Од сите брендови, што би рекле модерно. Впрочем, продажбата не само на шверцувани и фалсификувани цигари, туку и на друга брендирана, а фалсификувана роба токму на тој пазар (и секаде во Македонија), никогаш и не запрела од независноста до сега и покрај сите „натчовечки“ напори или „преродбенички“ усилби.

За да знаеме зошто е тоа така, треба да се одговори на прашањето зошто во тие години, а и денес, има плева од цигари што се продаваат на диво на Битпазар (и во цела Македонија). Одговорот е едноставен. Од формирањето на првата македонска влада па се до крајот на деведестите години од минатиот век, кога се склучија некои првични договори со ЕУ, македонскиот и регионалните црни пазари за цигари се снабдуваа од фри-шопшовите на македонските граници. Скопскиот конкретно, се снабдуваше најмногу од фришоповите на Блаце, кон Косово, Крива Паланка, кон Бугарија и Богородица кон Грција.

Со сите фришопови, буквално со сите, управуваа луѓе блиски до власта или во договор со нејзе. Тоа одеше по политичка или по корупциска линија. Дозволите за работа на бесцарински продавници на самата граница ги издаваше Владата по предлог од МВР и Министерството за економија или така некако.

Веќе тогаш, а и подоцна, главните фришопџии беа фирмата Ваљон (за да му се удоволи на албанскиот коалиционен партнер, тогаш ПДП-НДП) и уште десетина други фирми на Македонци, луѓе блиски до власта. Меѓу нив беше и брат му на овој министеров, што тепаше народ за да ја сузбие трговијата со цигари, значи Фрчкоски помалиот, потоа сопругот на една професорка од Правниот факултет во Скопје која во втората влада на Бранко стана и некаков министер-експерт, потоа семејството на некогашната судијка, претседател на Апелациониот суд во Скопје, а сега адвоката и бизнисменка Ленче Софрониевска, итн.

Значи, луѓето од тогашната македонска власт предводена од Бранко Црвенковски и под менторство на Киро Глигоров, влетувајќи во една многу поголема регионална, па и светска игранка за шверц на цигари што ја организираат директно големите тутунски компании преку мафијашки структури или директно преку корумпирани политичари и влади - беа главните снабдувачи со такви цигари на македонскиот пазар. Истите тие, бесрамно, употребија оружје и сила против сопствениот народ, правдајќи се дека се бореле против криминалот и за правната држава. Истите тие, преку тогаш единствената телевизија, државната МТВ, тврдеа дека со тоа зло се занимаваат исклучиво Албанците и оти на тој криминал морало да му се стави крај и да завладее ред и поредок.

Груевски ист како и Црвенковски


Денес ја имаме истата ситуација. Шверц на цигари и нивна улична продажба има на Битпазар, а и во цела Македонија. Само што, сега цигарите доаѓаат преку други канали. Најчесто два. Од Црна Гора и Косово и преку грчкиот фришоп кој без гајле си работи на Евзони, иако оваа земја оддамна е членка на ЕУ. Нешто помалку роба стига и од Албанија и од Јужна Србија. Но, Груевски денес не се гори на истото млеко на кое се изгоре Црвенковски и неговиот пулен Фрчковски. Тој цигарите не ги ни перцепира како проблем, занимавајќи се со нив единствено преку ригорозниот закон за забрана на пушење на јавни места.

На Груевски многу полесно и помодерно му е да се занимава со божемна борба против кражба на интелектуална сопственост, а тоа е, народски кажано, фалсификати на светски познатите марки. И не кај цигарите, оти тоа нешто е „џиш“, туку со текстилот и други средства за лична употреба. Но, лагата е иста како со цигарите од Битпазар 1992.

Во Шутка пред неколку дена инспекторите на државните органи фатија шверцувана и фалсификувана текстилна стока во висина од неколку десетици илјади евра. Но, увозот на таа фалсификувана брендирана роба, исто како и со цигарите од 1992, оди преку големопродажбата, што ја извршуваат сал неколку фирми или поединци во Македонија, контролирани од власта. Потоа, сите помали, вклучувајќи ги и јаднициве од Шутка, купуваат од нив.

Власта, наместо да дојде до изворот, исто како и во Битпазар 1992, преку груба примена на полициска сила и медиумски театар, во кој, божем, 17 полицајци се повредени, мачка очи, тврдејќи дека се бори за стандарди и за владеење на правото. Удри кај сиромашните, да не речеме најсиромашните слоеви на населението, правејќи од нив нов, дополнителен социјален проблем. Впрочем, дека целата акција е мачкање очи најдобро се виде утредента, бидејќи сите дуќани повторно беа отворени и повторно се продаваше истата брендирана, а фалсификувана, ем шверцувана стока. И што сега?

Сега, наместо да глумат млади мајмуни и да го лажат македонскиот народ и светот дека, еве, нешто, као се бореле за правна држава и за стандарди, најдобро е да си ги подзачистат корумпираните раце, кои до лактови им се брцнати во валканите пари и други богатства.

Патем и овој инцидент, како и секој друг во Македонија има и „ддв“, односно, т.н. додадена вредност од страна на властите. И овој инцидент се ползува од нив ем за создавање магла за да се прикрие вистинскиот извор на криминалот, ем за да се затскрие глупоста што ја тркалаат преку ридот – смена на името.

Владимир Костовски 20.04.2010
29-03-2011, 10:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:КОЈА БУДАЛА ДАВА 10 МИЛИОНИ НА МПЦ?





[Image: MPCVladici.jpg]

Последниот трансфер на народни пари во висина од 10 милиони евра на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија(МПЦ-ОА), кој треба да биде извршен по налог на актуелната македонска влада, уште еднаш покажа дека во Македонија се e на продажба, па дури и Господ Бог. Да дадеш пари на криминалци и грешници сокриени под мантии треба да си или како нив или будала...

Мошне интересна вест можеше да се прочита деновиве во македонските гласила. Државата, поточно владата и нејзиното министерство за финансии одобриле 10 милиони евра на МПЦ- ОА, кои треба да и бидат дадени преку обврзници, на име на денационализација на имотот на Црквата. Се разбира дека државата мора и треба да плаќа за се што некогаш, во нејзино име, го присвоил и си го направил туѓото свое.

По воведувањето на социјализмот и победата на комунистите во 1945, во наредните деценија и пол, две, стотици илјади граѓани се соочија со буквална кражба на личниот имот и друга сопственост, во име на некаква социјална правда и утопистички идеали. Тоа се спроведуваше, се разбира, насилно и кој ќе дадеше малку отпор се соочуваше со страшната рака на режимот. Значи државата, сега кога живееме во наводна демократија, мора да го врати тоа и да плаќа за своите гревови од порано. Но,тука има неколку, ајде да ги кажеме „зафрканции“, од помал и поголем обем.

Неколку „ситни зафрканции“

Првот прашање што може да се постави, ако гледаме чисто формално правно, е чиј имот одземала државата после Втората Светска Војна? Формално, режимот со кој со години управуваа Тито и Лазо, тогаш одземала имоти кои биле во владение на Српската Православна Црква. Зашто, да се потсетиме, МПЦ, за прв пат ја формализираше својата желба за афтокефалност, преку автономија во 1957 година. Настрана тоа што СПЦ со пари ги купи епархиите на Охридската Архиепископија од Вселенската патријаршија во дваесетите години од минатиот век (за милион и пол тогашни златни франкови), настрана тоа што епархиите во Македонија од секогаш биле и ќе бидат македонски и ничии други, сепак, факт е, дека најголемиот дел од имотите што по војната ги одзела државата ги одзела од друг правен субјект, а не од МПЦ. Тоа е едната „зафрканција“.

Втората е, зошто државата, т.е. владата на Груевски се решава за ваков голем трансфер на пари (обврзници кои можат да се продаваат на берза), во момент кога буџетот има многу дупки, кога кризата се уште трае и кога во исто време, илјадници граѓани на секаков можен начин се одбиени од истата таа држава и нивните комисии за денационализација, со најразлични правни трикови и финти. Тука се испреплетени различни криминални интереси на поединци кои се дел од власта или можат да и се приближат, преку пари се разбира. Па така, има случаи кога на еден ист простор, некому му враќаат земјиште и добива градежна маркичка, која потоа, ако е во Скопје, вреди милиони евра, а некој негов сосед, веднаш до него, се одбива со образложение дека на тоа место според детални урбанистички планови(ДУП) на општините или на градот, таму ќе имало зелена површина. Веднаш после тоа, ДУП-овите се менуваат како чорапи и на наводната зелена површина, која општината ви ја откупила за мали пари, повторно никнува зграда со повеќе десетици станови која исто така вреди милиони.

Или пак, има случаи кога ве одбиваат со образложение дека на вашиот дедо кога му го одземале имотот, власта му платила и затоа сега не ви следува ништо. А се знае како партизаниските бандити по втората војна плаќаа – или со апс или со куршум. Има и уште подрастични примери, кога ваше одземено земјиште успеал да го „денационализира“ некој друг, со лажни документи извадени преку корумпирани службеници во катастарските канцеларии, иако, во последниве две - три години, барем таму се воведува некаков поголем ред. Има илјадници вакви примери мотивирани од секаков друг интерес, само не од интересот да се задоволи правдата и со такви неправди, денес се соочуваат многу македонски граѓани. И токму затоа, уште пофрапантно е што Груевски се решава на ваков чекор, на МПЦ да и врати 10 милиони евра одеднаш, без притоа да помисли макар малку на илјадниците граѓани (од кои многумина сеуште веруваат во таа иста Црква), кои ги остава на цедило.

Третата „зафрканција“ што може да се воочи, е дека со оваа одлука директно можат да се влошат меѓурелигиските, а со тоа и меѓунационалните односи во Македонија. Бројни се примерите на одбивање на враќање на имоти или пари на Исламската верска заедница или на други верски институции и организации, како на пример Бекташката заедница. ИВЗ и другите верски групи во Македонија, одвреме – навреме соопштуваат дека имаат проблеми со враќање на нивните имоти, одземени, исто така, по втората војна од партизаните и тогашаната „народна власт“.

Ова прашање доаѓа до израз уште повеќе ако се земе предвид изјавата на секретарот на Скопската епархија на МПЦ-ОА, Коста Станоевски, кој веднаш по одлуката на Владата за враќањето на парите, изјави дека Црквата умно ќе ги вложела парите во нови имоти и верски објекти, вклучувајќи ја и изградбата на црквата на градскиот плоштад во Скопје, за која се крена толку многу прашина во јавноста и меѓу муслиманските верници. Тие, со право, веднаш побараа и се уште бараат, ако на плоштадот се гради/возобновува црквата Свети Константин и Елена, тогаш државата да дозволи и обновување на Бурмали џамијата, која се наоѓала веднаш до Камениот мост.

Патем, за помалку упатените, Бурмали џамија беше срушена од српските власти по окупацијата на Македонија по Балканските војни и на нејзино место беше изграден Официрскиот дом – обележје на српската кралска армија, кој пак беше срушен од земјотресот во 1963, а кој сега, во идентична форма планира да го реизгради Груевски, со намера да биде зграда на администрацијата на Скопје. Во случајот со Свети Константин и Елена пак, станува збор за злонамерно рушење на црквата која наводно била многу оштетена во земјотресот, за на нејзино место властите да го изградат Градскиот трговски центар и Паркот на жената борец спроти Собранието. Значи да заклучиме. Ако парите се даваат со намера да се финансира изградбата на црква на плоштадот, Груевски треба да биде свесен дека нема да може да ја запре изградбата на Бурмали џамијата, освен ако не мисли да отвори пат за граѓански немири и нова меѓуетничка криза во Македонија. ИВЗ има целосно морално право да си ја бара локацијата за изградба на Бурмали џамија, а аргументите од типот „џамија на плоштад не даваме“ или „вие имате стотина џамии во и околу Скопје па нова баш на плоштад не може“, не држат вода, ама баш ич.

Досега набројавме три проблематични елементи кои се во спротивност со здравата логика државата да и враќа пари одеднаш и во толкав обем на Црквата. Ако се логицира зошто тоа го прави нашиот Никола, не може а да не се забележи, дека само два дена пред оваа одлука, поделената Австралиско-Новозеландската епархија на МПЦ-ОА со која администрира владиката Петар, јавно му изрази поддршка на Груевски во врска со неменување на името на државата во спорот со Грција и на неговата одлука, за ова прашање ако дојде на дневен ред, да биде распишан референдум. Дали е можно, на Никола кој полека ги испушта конците од рака во однос на неговот владеење поради криминалот, корупцијата, партизацијата и волунтаризмот со кој владат тој и ВМРО ДПМНЕ, сега да му биде потребна поддршка од црквата во секој поглед, со цел да остави впечаток кај народот дека неговата власт ете, и од Бога е поддржана? Тешко за верување дека е до толку наивен.

Сепак, логицирање зошто Никола ги дава парите на МПЦ-ОА, станува уште поинтересно ако се постави прашањето кому ги дава тие пари.

Кој управува со МПЦ?

Македонската православна црква, сега од скоро и Охридска архиепископија, е верска институција создадена формално правно во 1957 година, како неспорен израз на желбата на Македонецот да има покрај своја држава и своја црква. МПЦ – ОА е наследник не само на Охридската архиепископија, туку и на автокефалната Архиепископија на Јустинијана Прима уште од шестиот век и нејзиниот прв архиепикоп Кателијан. Така што, правото на постоење на автокефална македонска црква, кое кореспондираше и со желбата на македоските граѓани да имаат своја верска институција, е неспорно. Но, спорно е тоа што македонските верници никогаш не можат да замислат и да сакаат, со нивната црква да управуват, де факто, неверници, на кој помило им е „царевото од божјото“. Ако денес се анализираат состојбите во кој се наоѓа МПЦ, ако се анализираат ликовите кои владеат со црквата од најниско до највисоко ниво, а посебно ако се погледне малку подобро во самиот врв на Црквата, а тоа е Светиот архиерејски синод(САС), ќе се дојде до заклучок дека со нашата ни Црква управуваат, благо речено неверници, а ако реално зборуваме со народски јазик кажано, криминалци, кои одамна требале да бидат распопени.

Тука заморно е да се потсетува на сите скандали и афери во кои е вмешан врвото на МПЦ (со чесни исклучоци на два—тројца владици кои се примени во САС пред некоја година), но поради поткрепа на погорната теза, мора да се споменат неколку случаи.

Случај Изгрев, како последен од поголемите, е повеќе од јасен. Архиепископот Стефан, на своја рака решава да „ги оплоди“ парите што ги доби преку хотелите „Изгрев“ и „Бисер“ што му ги врати како надомест за одземеното земјиште уште владата на Љубчо Георгиевски. Притоа, Архиепископот се доведе во ситуација да се здружи со бизнисмени криминалци, со кои има потпишано и документи дека ќе прави бизнис, т.е. им го дава хотелот, па потоа, на берза мораше да го купува веќе дадедениот хотел за 1,5 милиони евра со цел да не пукне брука, за на крај, кога се пропадна, да се прави како ништо да не било. Во меѓувреме, уште еднаш се виде братската љубов меѓу црквата и државата како во старите времиња. Бизнисмените од Струга кои го прокоцкаа имотот на црквата благодарение на алчноста и наивноста на поглаварот на истата таа црква, беа осудени од надлежен суд во Скопје за организиран криминал, во процес во кој беа обвинети и и осудени и судии, нотари и адвокати.

Но види чудо, во целиот случај на кој работеа полицијата и обвинителеството, МПЦ, Стефан и неговиот секретар, кој исто така е потписник, не се ни споменуваат, а камо ли да биле под некоја истрага или обвинение. Сосема е јасно, дека нашиот Никола го има спасено архиепископот и овој сега му е должник.

Црковен имот се продаваше на Грци

Пред околу две години имаше афера и со одлука за продажба на црковно земјиште на кое има непроценливи археолошки богатства во околината на Скопје. Земјиштето требаше да биде продадено на грчки инвеститор во чија сопственост е скопската цементарница, но по избивањето на скандалот во јавност, таа работа пропадна. На тоа земјиште има и 12 мали црквички и манастири а се појавија и шпекулации дека грците всушност го купуваат не за потребите на Цементарата, туку за земјиште кое ќе му биде дадено на криминалецот, предавникот и одродот Зоран Вранишковски, кому србите му направија црква во Македонија со идентично име Православна охридска архиепископија(ПОА).

Но, нашиот дедо Стефан не мирува. По овој скандал имаше уште еден, за информираше дел од македонскиот печат. Со бизнис намери за кои е потпишан и некаков преддоговор МПЦ го изнајмува земјиштетот зад крстот на Водно на грчка компанија „Килитрон“, која наводно ќе градела електрични централи на сончев погон и на погон на ветер. Главен инвеститор во „Килитрон“ е кум на тогашниот грчки премиер Костас Караманлис, а поголемиот дел од потребните документи, според изјава на македонскиот содружник во бизнисот, ги обезбедил Тито Петковски (грчкиот сват) и повторно нашиот драг секретар на скопската епархија, отецот Коста Станоевски. За оваа работа од тогаш се нема слушнато, но факт е, дека во истото тоа време, на потегот од село Долно Соње, до Крстот, некој си инвеститор откупуваше земјиште на ангро, придонесувајќи на тој начин и локален пораст на продажната цена на тоа земјиште за четири пати, кое инаку не вреди многу. затоа што таму нема вода.

Со нашиот архиепископ се врзани и многу други афери за кои во јавноста одвреме навреме шпекулира. Од бизниси со ЕВН, поранешно ЕСМ, каде некој зад кого стои Стефан, бил голем снабдувач на ЕВН за разна стока, до ситни бизниси како што е оној за изградба на железната ограда пред Соборниот храм во Скопје, кој наместо преку тендер на најповолен понудувач, е даден на фирма по избор на архиепископот. Истото важи и за срамниот билборд од огромни размери пред истиот тој храм во центарот на Скопје, кој иако затскрива добар дел од црквата, е одобрен за поставување од архиепископот во директна спогодба со сопственикот на фирмата. Фирмата инаку е „Групација Лазов“, сопственост на познатиот скопски мативода со добри врски во српската мафија Буцо Лазов.

Дедо Стефан има замешано прсти и во рентањето на неколу манастири кои се претворени во хотели од висока категорија и луксузни ресторани како што е тоа случајот со манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон на Водно. Договорот за жал е долгодецениски, а за ситни пари за црквата, но, веројатно нешто покрупни за во други џебови,

Владици среброљупци

Но, не се подобри ништо ни другите владици. Исто такво рентање на извесна фирма Маркони, на времето направи и владиката Тимотеј со најпознатиот манастирски комплекс во Македонија Свети Наум, во Охрид. И овој договор е долгодецениски. Такви договори има и по другите епархии на МПЦ и тоа се само дел од гревовите.

Што да се каже пак, за среброљубието на владиката Петар, кој поради пари се закрви со илјадници Македонци во Австралија. Земајќи ги нивните имоти, т.е. црквите изградени од нив и со нивни пари и тоа на земјиште кое им го доделила австралиската влада, само за да се слеваат парите од верските процесии кај него, тој отиде до таму што фрла анатеми врз верниците, ги икслучува од МПЦ и со сила ги тера луѓето своите верски потреби да ги извршуваат во грчки или српски цркви на петиот континент. И интересно, за сето ова е информиран до детали и нашиот Никола Груевски, кој поради тоа што не сака да преземе ништо, иако со своето влијание во МПЦ може, беше дури и принуден да ја откаже ланската посета на дел од македонските општини во Австралија, затоа што му порачаа дека е непожелен.

Патем истиот тој владика Петар, кој освен што е среброљубец е и „српски ѓак“, и другарче со еден од најголемите јастреби во српската црква, владиката Амфилохије (Радовиќ), е главниот виновник за промоцијата на двајца други владици во МПЦ. Зоран Вранишковски, неспорен грчки и српски шпион и криминалец, кој потоа мораа да го исклучуваат од САС и од МПЦ, беше духовно чедо токму на Петар. Вториот владика за кого ќе позборуваме во некоја друга прилика, кој исто така беше духовно чедо на Петар, е владиката Наум.

Можеме уште примери да набројуваме до сто и едно и назад, но сите покажуваат дека главата на МПЦ олицетворена во Светиот синод смрди. А ако смрди од главата, нормално е и телото да засмрди. Ситни гревови и гревчиња прават и повеќето останати свештеници на МПЦ на сите нивоа. Гледајќи во „добар“ пример - каде архиепископот и другите владици за пари и влијание се појавуваат при отворање на се и сешто во Македонија, од водоводи, патишта и спортски сали, до осветување на бизнис или приватни објекти за домување на криминалци - свештениците од понизок ранг го прават истото. Токму затоа, се случува да ве венчаваат на Велики петок (ова е намерно претерување само за да се долови колку ги почитуваат верските догми) или пак, да светат и благословуваат коледарски огнови кои се во спротивност со православието и каде масовно се пие греана ракија (ова не е претерување, туку е жална реалност која се случува во Македонија).

Црква, попови, УДБ...

Состојбите се такви какви што се во МПЦ, не случајно. Свој основачки удел во ваквите состојби се разбира има и државата и тоа онаа комунистичката, а оваа денешнава само го продолжува добро натепканиот пат за соработка. Не е тајна дека комунистите, иако дозволија и го потикнаа формирањето на МПЦ, посакаа истата да им биде строго под контрола, за да можат преку нејзе да го контролираат и народот. И така, поради мешање на државата, а особено нејзината тајна полиција, тогашната УДБ-а во црковните работи, за владика или за обичен поп, не се стануваше така лесно. Или, како се земе. Токму затоа, поради трајна соработка со полицијата и режимот, тогаш а и до неодамна, за владика може да биде избран човек кој има извршено убиство во младоста, додуше од негрижа, а не со умисла или пак, човек кој толку многу ги сака(л) жените, но во истовреме и владичкиот трон, така што не може да се реши каде попрво.

Се разбира, како и во секоја друга Црква од источното или западното христијанство, имаме и случаи на педерастија и педофилија меѓу владиците, има и други гревови, но еден им е изгледа заеднички. Повеќето ако не и сите, по примерот на сите поранешни социјалистички земји, биле и се информатори или соработнци на УДБ-а, со друг, понароден збор, кодоши. Токму затоа, од оној пропаднатиот килав закон за мачкање очи на Стојан Андов, законот за лустрација, поповите, т.е. црквата беше вметната во категорија каде не е предвидена лустрацијата.

И сега што? Ништо. Освен констатацијата дека МПЦ не може да стане призната автокефална црква од другите православни цркви (кои се во истите лајна заглибени до гуша), поради своите корумпирани владици, кои немаат храброст да направат сојуз со другите непризнати православни цркви - имаме уште една констатација.

Имено, оној кој решил на такви луѓе какви што се владиците во МПЦ да им даде одеднаш 10 милиони народни пари, во име на денационализација, мора да е или будала или криминалец. Третото, наводната праведност, верољубие и калкулациите дека црквата ќе помогне за авотритетот кај народот, да повториме, едноставно не е за верување.

Владимир Костовски 02.05.2010
29-03-2011, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8


Quote:ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Улогата на полицијата во Македонија во сите процеси од независноста до сега, е енормна. За жал, освен во конфликтот во 2001, практично сите овие 20 години таа е во улога на кочничар на демократските процеси, иако, се разбира, за таа негативна улога, вината не е само кај полицијата, туку е поделена во спрегата политика-полиција-бизнис

Минатата недела во македонскиот неделник „Фокус“ беа објавени два текста кои зборуваат за големи афери поврзани со организиран криминал, а во кои директно е вмешана полицијата, се разбира во негативна улога, т.е. како извршител или алка која помага во извршувањето на истиот тој криминал. Во првиот случај, сторијата раскажува за ланец на рекетарски бизнис извршуван директно од двајца или повеќе инспектори на Управата за безбедност и контраразузнавање(УБК), т.е на таканаречената тајна полиција, кој со години се случува во Битола.

Имено, почнувајќи од 2002 година, инспекториве со помош на еден свој соработник дознаваат пикантни детали за разни личности претежно од Битола, кои или се занимаваат со криминални дејанија или имаат други гревови во приватниот живот. Лицава се познати, т.е. се занимавааат со бизнис или се лекари или нешто друго, но, главно лица кои имаат пари. И наместо информациите од соработникот под кодно име „Кактус“ да ги користат во име на службата и за расчистување на криминалните дејства, инспекториве делуваат илегално и со базата податоци која ја собираат, подоцна ги уценуваат истите тие лица, барајќи им огромни суми пари. Рекетираат врз база на закани дека ќе завршат со кривични пријави или дека во јавноста ќе им бидат пласирани афери од приватниот живот кои ги имаат (станува збор за брачни неверства или случаи на хомосексуализам).

Соработникот „Кактус“, кога видел како се користат неговите информации, уште во 2005 година пред инспектори на УБК (тогаш ДБК) во Скопје, дава изјава во која опишува точно 12 дела на рекетирање извршени од групата битолска џандари. Но, наместо како во добрите американски филмови од Б продукција, епилогот да биде хепинед, на рекетариве ниту до ден денес не им фали влакно од глава, иако пријавата стигнала и до врвот на полицијата и до врвот на претходната власт на СДСМ, но и на „новата“ на ВМРО ДПМНЕ по 2006 година. Во меѓувреме, потврдиле и рекетираните лица и „Кактус“, рекетариве не само што не престанале туку и се осилиле, со тоа што ја задржале основната нишка на крајна претпазливост, гледајќи да остават што помлаку траги зад себе.

Милиони евра од малверзации со тутунот

Вториот случај, т.е. сторија, говори за вмешаноста на полицијата во малверзациите со тутун од складиштата на некогашната Тетово табак, кога таму како доминантна личност се појавува познатата Ѓулер Сулејмани, откако станала сопственичка на мал дел од управувачкиот пакет, но на своја страна го придобила и поголемиот дел од менаџментот на фирмата. Станува збор за организиран криминал преку малверзации со државен тутун и тутун на некогашната Македонија табак, подоцна Македонија табак 2000, кој е откупен од страна на државата по една цена, а е продаван по многу пониска, со цел да се избегнат давачките и ќарот во висина од неколку милиона евра да заврши во приватни џебови.

Интересно е, што и во овој случај полицијата имала многу прецизни информации од свој вработен од одделот за организиран криминал во Тетово, кој обезбедил дури и точен датум на утовар на тутнот, локациите на претовар во Македонија и крајната дестинација – Молдавија. Совесниот полицаец дошол дури и до сознанија дека во целиот случај на некој начин е вмешана полицијата, затоа што еден високо позициониран учесник во криминалната група управувал возило со таблички регистрирани на друго возило во МВР!!!. Но, иако информацијата од совесниот полицаец ја имале неговите шефови, тогаш не е преземено ништо, а полицаецот како награда добил преместување во друга полициска станица.

Читајќи ги внимателно двете стории, кои, инаку, имаат доволно фактографски елементи, нема сомневање дека станува збор за реални случаи на инволвираноста на полицијата во криминалните зделки. И во двата случаи е прашана втората страна, која молчи, а случаите очигледно се затскриваат од јавноста и од правната процедура. Сето ова беше повод за размисла за улогата на полицијата во сите процеси наназад во Македонија од почетокот на независноста во 1990 година.

Џандари - мешетари

Анализирајќи ја улогата на полицијата во демократските и процесите на јавната и државната безбедност во земјата по периоди и случај по случај, неминовно се доаѓа до поразителен заклучок дека таа улога е крајно негативна, со исклучок на периодот од 2001 година, кога МВР, заедно со мал дел од АРМ го поднесе првиот главен удар од мини војната во која загинаа околу 100 бранители, а, неколку стотици беа ранети.

Двајца познати полицајци, вградени како потпорни столбови во транзицијава која никако да заврши и кои многу се мешале во овие работи во Македонија, често знаат јавно да кажат дека полицијата го понела и главниот товар на демократските зачетоци кон крајот на осумдесетите години од минатиот век. Тие се фалата со нивната улога во обезбедување на референдумот за независност на Македонија (потајно се фалат дека да не биле „совесните џандари“ од нивен калибар, резултатот од референдумот многу лесно можел да биде негативен), се фалат дека се справиле со Југословенската (српската) војска во процесот на осамостојувањето, дека ги грабнале евиденциите на воените обврзници, дека ја штителе првата македонска влада, дека ги обезбедувале границите и што ли уште не.

Но, откако многу вода протече низ Вардар за овие години и многу време помина од Вевчани 1987, па случајот со „осумтемина“, па пиштолот на Џобе (Глигорие Гоговски-последниот социјалистички премиер на СРМ), работите станаа многу појасни. Особено со вадење на документите на виделина за природата на војните во поранешна Југославија и за улогата на тајната полиција во сето тоа, како и со документите и сведоштвата на еден начелник на генералштабот на ЈНА за полициско учество во криминални - шверцерски активности уште за време на кризата на југословенскиот социјализам, со цел да се обезбеди самофинансирање. Сега, горе - доле е познато, дека во настаните во Македонија од почетокот на 90-тите од минатиот век, полицијата само ја играла улогата на добро смисленото сценарио, како Македонија да одглуми независност, а де факто, да остане под српска контрола.

Доаѓањето на Киро Глигоров од Белград за кандидат за македонски претседател (а имајќи ги предвид поновите сознанија дека тој бил стар соработник на КОС – тајната служба на некогашната ЈНА), како и улогата на тогашните челници на македонската полицијата, особено тројца од онаа позната осумка, како и икс, ипсилон други детали кои се случуваа пред тоа и потоа, сосема ни дава за право да изнесеме тврдење дека полицијата уште во самиот зародиш на независната македонска држава ги вгради своите пипци насекаде, со кои и ден денешен силно роварат и ги кочат демократските процеси во Македонија. Ова најмногу се однесува на формирањето на политичките партии, на резултатот од првите повеќепартиски избори, на смената на првата експертска влада и улогата на полицијата во тоа, како и најповеќе, разбира се, на сиот организиран криминал кој во почетокот најмногу се занимаваше со кршење на ембаргото, помагање на Србија до бесвест со нафта и оружје и шверц на цигари кој следуваше во наредните години, а кој, како што може да се види, не е запрен ни до ден денешен.

Први на „браникот“, а и копаат гроб на државата

Всушност, цело време врвот на полицијата во Македонија работи против нејзините интереси во целост. Тука нема намера да се обвини целата полиција. Напротив. Најголемиот нејзин дел, особено од униформиранта полиција, се обидува(ше) да си ја заврши работата професионално и патриотски. Но, без оглед дали на власт е СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, без оглед на тоа кој е министер, вториот шефовски ешалон на полицијата секогаш работел, де факто, за туѓи интереси и ја мателе водата во Македонија.

Типови како браќата Чокревци, Павле Трајанов, Слободан Богоевски, Бојан Бојановски (особено овој), покојниот Добри Величковски, Зоран Верушевски, Љубомир Михајловски -Џанго, „црногорецот“ Миле Зечевиќ, Бранко Бојчевски.., секогаш ја готвеле секоја каша во Македонија. Формирањето на политичките партии во кои замешаа дебели прсти, следење и отворање досијеа на „политички неподобни“ лица по линија на т.н. „македонски екстремизам и национализам“ – во суштина се што е ВМРО, просрпска политика во однос на меѓуетничките односи, особено на релација Македонци – Албанци, неоткривањето на лицата одговорни за бугарските летоци во предвечерието на првите парламентарни избори, инцидентите на повеќето масовни протестни собири, „откривањето“ на планот за т.н. „Илирида“, криминалната приватизација во која учествуваа како помагатели или директно, атентатот врз Глигоров во кој давале логистичка поддршка, аферата „Големото уво“, која следеше по неуспешниот обид помогнат од нивна страна за создавање на НЕП (ново парламентарно мнозинство со цел

Љубчо Георгиевски предвремено да замине од власт).., сето ова се само дел од нивната валкана активност која ја кочи и уништува Македонија.

Круна во активностите им е организација на почнување на мини војна во Македонија во 2001 година, успешно играјќи на иста карта со Србите и Грците, а со премолчна согласност на Германците и Американците, во која пак најголемиот дел од полицијата потоа се бореше херојски. Крајната нивна цел им беше враќање на СДСМ предвреме и нелегално во власта, за да можат да продолжат некои стари дилови, поради што и џандариве и овие од СДСМ, мртви ладни влегоа во организација на фингирана војна.

Уште една нивна голема или т.н. крунска активност е организацијата на шверцот на нафта, цигари и оружје на релација Македонија – Србија, со разгранок кон Црна Гора и Босна и прикривање на српските суровини и готови производи или полупроизводи, кои се извезуваа преку Македонија за цело време на ембаргото. Мистер Чифлиганец, како сте денес, напредуваат ли зградите што ги градите ширум Македонија?

Ја формираа и мафијата во Македонија

Во тие години од 1992 до 1995, кога ембаргото беше укинато, е создадена и македонската, мафијашка структура, која потоа влезе во бизнис со рекетарство, контролирано, а и формирано од истите тие џандарски шефови. Впрочем, има ли подобар пример за тоа отколку агенциите за обезбедување, кои десетина години работеа на диво, без законска регулатива. За ова не е никој друг виновен освен луѓето што го водеа МВР, бидејќи дозволија формирање на агенции без закон, а потоа, они го контролираа рекетот од истите тие „обезбедувачи“.

Ако некому не му е јасно како сетоа тоа почна и како се одвива, само ќе споменеме дека можете да настрадате ако не сакате да тие да ве обезбедуваат. Без оглед дали водите мала банка, пицерија или обична семкара. Обезбедувањето беше по цена од 50 германски марки, а денес е 50 евра по објект, во просек. Само агенцијата на Бранко Бојчевски, на пример има промет од над еден милион евра месечно. Денес, главна конкуренција им е агенцијата што по пола ја водат телохранителите на премиерите Георгиевски и Груевски, познатите Рамче и Урко

Македонската мафијашка структура оддамна почна да работи и со дрога, под знаење и контрола на полицијата. Настрана од фактот дека од депото на МВР(од сефот кој се наоѓа во кабинетот на министерот) кон крајот на деведесетите исчезнаа 27 килограми кокаин, за кои, вистината ја знае се уште живиот, доста вреден соработник на џандарите, Петрит Аме, друг познат факт е, дека уловот на дрога е минимален или поточно речено недоволен да се прекине со регуларно снабдување на македонскиот пазар со наркотици. Напротив, се стекнува впечаток дека полицијата работи во функција на производителите на најзастапената тешка дрога во Македонија, хероинот, затоа што уловот на хероин е слаб, за разлика од, на пример, ефтините марихуана или хемиските дроги во пилули, наречени општо екстази.

За да се постигне сето ова, сите досегашни политички гарнитури и полициски шефови работат по иста методологија. Мали плати за вработените во МВР, стресови на секои четири години поради партиски притисоци и одмазада врз луѓето кои биле од „спротивниот табор“, напредување во службата надвор од сите стандарди за државна служба, а камоли со почитување на специфичните стандарди за полициската служба...

Ваквото волунтаристичко работење продолжува и за време на сето досегашно владеење на владата на Н. Груевски, а главен иницијатор на таквото работење е „човекот од најголема доверба“ на Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков, прв човек на УБК. Нека не ве залажуваат спротивните формални изјави на министерот Гордана Јанкуловска. Таа, преку примерот со брзината со која ја издаде тапијата на Латас, дека не бил соработник на домашна или странска служба, покажа дека е човек без кичма кога станува збор за волјата на премиерот и на братучедот.

И она што реално го гледате како борба со криминал, на пример намалувањето на трговијата со жени или апсењето на Бајруш Сејдиу, сопственикот на Тутунскиот комбинат од Куманово, се должи единствено на силни притисоци од американските власти и нивните тајни служби, кои поради една или друга причина, овие криминални активности ги сметаат и за сопствена закана.

Главната штета што ја прават овие џандари врз демократските процеси во Македонија, сепак се изборите и контролата врз другите две власти – судската и законодавната. Повторно ќе ги употребиме зборовите на еден пратеник – кој ја контролира тајната полиција, тој ги добива изборите во Македонија. Сосема точно. Со други зборови, кога луѓето на чело на УБК што, божем, биле на СДСМ или на ВМРО ДПМНЕ, дозволиле нивните партии да ги загубат изборите, тоа не е случајно. Имено, полицијата располага со толку голема моќ на фалсификување на изборни резултати и контрола врз членови и претседатели на изборни комисии, што едноставно, не е можно да не ги штима резултатите ако сака. Таа е во состојба и преку организирање на изборни или предизборни инциденти, да влијае врз севкупниот изборен процес. Преку своите соработници во изборните штабови на партиите и во самите врвови на главните политички партии, полицијата е во состојба да влије на едната или другата страна ако разликата во резултатот не е премногу голема во полза на едните, наспроти другите. Значи, моќта на тајната полиција, преку вградените џандарски „легенди“ во нејзе, е практично неограничена.

Кој ја контролира полицијата?

Се поставува прашањето, под чија контрола е ваквата полиција. Сложен одговор со повеќеслојна содржина. Генерално, се чини дека полицијата ја контролира партијата на власт. Но, не е така. Сите оние џандари именувани во колумнава, во суштина, отсекогаш работеле за еден центар. Тоа е Србија, бидејќи врските воспоставени со структурите од некогаш заедничката држава не можат да се прекинат така лесно.

Нивните колеги од Белград се додека постоеше заеднички интерес на Србија и овдешните политички-полициски структрутри да дејствуваат стратегиски проитив „надворешниот“ непријател, беа единствени и одлично се разбираа. Денес, кога тие времиња се одамна минато и кога веќе доаѓаат нови и многу пообразувани полициски службеници, таа конекција е нешто ослабната, но, не е изумрена, ни најмалку. Впрочем, последниот инцидент на тромеѓето меѓу Косово, Јужна Србија и Македонија, со проанаоѓањето на арсенал со оружје од страна на македонската полиција, јасно го покажува тоа.

Значи, генералната контрола беше (и се уште и постои јака спрега), од Србија. Но, воопшто не се за занемарување и другите канали на контрола или „заемно корисна соработка“. Пред се, тоа се политичките елити од двете божем различни партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, кои во текот на овие 20 години станаа едноставно зависни од џандарите, а веднаш потоа и крупниот бизнис и организираниот криминал.

Имено, од сета светска, па и домашна практика, а да не зборуваме за теорија, сосема е јасно дека нема успешно дејствување на мафијата без тесна соработка со корумпираните полицајци. Да не мисли некој дека во Македонија е различно? Или да не се потпира некој на изјавата на Љубомир Михајловски Џанго од пред неколку години, кој како министер за полиција изјави цврсто и самоуверено, дека во Македонија не постои мафија или мафијашки групи какви ни биле познати во светот!? Всушност, човекот е делумно во право, затоа што локалниве мафијашки групи најчесто се испостава на големите регионални, а преку нив и на светски познати мафии, пред се на италијанските, а потоа и на руската и на албанската.

Поради се погоре кажано, јасно е, дека кој и да сака да и помогне на Македонија да тргне напред во освојувањето на нови демократски стандарди и слободи, еден од приоритетите треба да му биде и реформа на полицијата. Но, тука, уште една важна напомена.

Кога на почетокот на деведесетите, министер за внатрешни работи стана „експертутката“ за се, Љубомир Данаилов Фрчкоски, зборувајќи за тогаш гласните барања кај дел од совесната и стручна јавност дека е потребно распуштање на тајната полиција и во ист ден нејзино повторно структурирање, но, прочистена од сите валкани луѓе во нејзе кои одиграле крајно негативна улога за време на социјализмот, тој тогаш се спротивстави со тезата дека биле потребни еволутивни а не револуционерни промени.

Е па „драги мои“, што би рекол Фрчко, ако Македонија сака реформирана полиција, тоа дефинитивно треба еднаш за секогаш да се стори по револуционерен, а не по еволутивен пат!

Владимир Костовски 12.05.2010
29-03-2011, 10:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9


Quote:ДЕТЕ ЉУБЧО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТЕ ЗАПАМЕТИ- ДЕФИНИТИВНО!



За 20 години практицирање на власт од кои пола на ВМРО ДПМНЕ пола на СДСМ, од „бугари“ глава не кренавме. Само нешто, сите ми имаат или македонски или српски или грчки пасош. И во легалниот бизнис кај „странските инвестиции“ во Македонија, а и во криминалните структури. Се нешто Срби или Грци што за Бугари ни ги претставуваат. Бре, мајката...Целта на сите овие операции врз „десницата“ во Македонија била и останува иста. Кај Македонецот да се убие каква било идеја за ВМРО како автохтона национална организација која се бори за Македонија.



Кога во минатиот петок беше објавено интервјуто на Љубчо Георгиевски за неговата кариера за минатото, итн, многумина, утредента коментираа – aх паднаа маските. Гледам и на форумов на Котле се разви жива дискусија и освен со исклучоци, се тера истиот заклучок-маските паднале-Љубчо е Бугарин. Туго, туго...


Никакви маски не паднаа. Се случи само едно: Љубчо Георгиевски покажа дека навистина има многу гревови на душата за кои го држат тајните служби во Македонија и дека за да спие мирно и да си ужива во незаконски стекнатото огромно богатство, треба да си одработи задачи кога од него тоа ќе биде побарано.


Констатацијата дека паднале маските во смисла на некаков доказ дека, ете, Љубчо отсекогаш бил „Бугарин“ и оти сега и самиот си признава, едноставно немаат блага врска со реалноста. Исто, како што нема врска со реалноста и кога пред некоја година се обидуваа тоа да го прикажат со наводниот негов бугарски пасош, со адреса на живеење во Благоевград. Тогаш во медиумите и во политичките кругови тоа се земаше како крунски доказ доказ дека човекот е Бугарин, а не Македонец и оти зад ВМРО ДПМНЕ и зад него лично, отсекогаш стоела бугарската разузнавачка служба.


Интервју со стратегиска задача


Што всушност беше интервјуто објавено минатиот петок?

Љубчо и „Васе“, како што милно го нарекуваше Георгиевски новинарот од кого беше интервјуиран, само одлично исфингираа некаков скандалозен разговор со однапред зададени цели. Главната стратегиска цел беше да му се повтори на Македонецот пораката што како расипана плоча ја вртат сите комунисти и џандари што во срцето им е Белград – не постои автентично и автохтоно македонско движење за слобода и за самостојност со име ВМРО, туку тоа отсекогаш биле комунистите и партизаните под раководство на КПЈ и Тито!


Такви проблеми пред повеќе од еден век имаше ТМОРО, па ВМРО, а денес, гледаме дека имаат и сите граѓани и симпатизери на сите партии со предзнакот ВМРО. Тоа беше, почитувани читатели на овој форум и на овие колумни, главната стратегиска цел на интервјуто на Васе со Љубчота. Таа стратегиска цел се провелкува со децении и се повторува кога ќе затреба поинтензивно, како сега, а латентно, постојано.


Впрочем, за истата стратегиска цел и со истиот јазик зборуваат едно чудо „експерти“ организирани најчесто од Сорос, а сите со папочна врска врзани за комунистите во Македонија, т.е. за СДСМ. Со ист јазик зборува често и експертутката Фрчковски, што впрочем беше нотирано и во минатата наша колумна.

Со ист јазик од страна на левицата најчесто зборува и оној „косовски“ бард, Тито Петковски, кој пред првите парламентарни избори во Македонија, сите тоа добро го знаеме, ја спроведе „оперетската“ операција „бугарски летоци“.


Значи, народе, нема ништо ново и никакави маски не паднале. Систематично и континуирано, тајните служби и комунистите ја форсираат истата песна, на различни носачи на звук. Така беше уште и пред формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, со движењето МААК, исто така од полицијата формирано. И таму се наводно беа збрале „бугарофили“. Впрочем и Љубчо прво беше член на тоа движење, на сега веќе двајцата покојни, лесна им земја, „бардови“ меѓу информаторите и во македонската литература, Гане и Анте.


Истата песна комунистите и џандарите ја вртеа и со формирањето на првата експертска влада на чело со покојниот Никола Кљусев. Иако целата прва македонска влада беше на Киро Глигоров, тоа не му пречеше лично тој да ја претставува како вмровска, додека во истовреме, службите постојано исфрлаа приказни дека сите до еден биле страшно големи вљубеници во Бугарија и во идејата дека сме „с,штио народ, со с,штио език“.


Потоа, така беше и во сите наредни кризни моменти за Македонија – од одлуката да го смениме името и демонстрациите што во Македонија и во дијаспората по тој повод беа организирани, до одлуката за промена на знамето и потпишување на привремениот договор со Грција. Песната за опасноста од ВМРО како бугарофилско движење продолжи и преку атентатот врз Киро Г., кога истиот ден, два часа подоцна, Сашо Орданоски како тогашен директор на Македонската телевизија, враќајќи се од кабинетот на Љубомир Фрчкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, на спикерите во телевизијата им даде лажна вест оти „близу до местото на настанот се забележани две лица со брада и со возило Рено 9 со велешки регистарски таблички, како се одалечуваат од местото на настанот“. Точно 21 ден подоцна на ова Фрчко ја надоврза и приказната за „мултинационалната компанија од една соседна земја“(бугарски Мултигруп), како нарачател на атентатот.


„Македонистите“ на Змејко


Истата приказна со опасноста од бугарофилското крило во ВМРО ДПМНЕ се вртеше и со оној наводен раскол во летото на една година пред изборите во 1998, кога ИК на ВМРО ДПМНЕ се подели на „бугарофили и македонисти“. Ова „македонистиве“, формално предводени од Борис Змејковски, а во заднина од Доста Димовска, наводно ја бранеа Македонија од бугарштината на Љубчо и другите членови на раководството на партијата, непосредно пред изборите. После тоа, а и денес, гледаме дека „македонистиве“ со „бугарашите“ нешто и немаат некои несогласувања, па си одат и си се враќаат во матичната партија или коалицираат со нејзе преку своите сателити кога ќе си посакаат. За бизнисите пак, меѓу нив, ич збор не стануе. Тие никогаш не запреле...


Ако се сеќавате, истатата приказна за опасноста од Бугарија беше подгреана и по победата на ВМРО ДПМНЕ во 1998, кога по една година беше потпишан договор за пријателство со Бугарија, во кој беше ставена формулацијата дека договорот се потпишува на официјалните јазици на двете земји. Тогаш, во тој период, главниот „бугарофил“ во ВМРО ДПМНЕ беше Доста Димовска, на која комуњариве и ја лепеа изјавата дека Македонија е поделена кај Групчин. Демек, коалицијата со ДПА на Тачи и Џафери функционира одлично, затоа што ВМРО ДПМНЕ и ДПА си имале договор да функционираат од Групчин на исток и од Групчин на Запад. Бре, бре, бре.


Малку подоцна, кога веќе се виде дека за да се смени ДПМНЕ предвреме од власт ќе треба да се исфингира и војна, оваа изјава со Групчин одлично им дојде за да се накалеми повторно приказната за бугарофилството. Сиот тој процес кулминираше со јавно изнесената теза на Љубчо во колумна во Дневник, дека Македонија треба да се подели и да има размена на територии со Албанците, по што ќе настанел просперитет. Секако, ваквото тврдење не беш случајно дадено. И тоа одлично послужи, за на него тајните служби да накалемат нова варијација на истата приказна – демек планот на Љубчо бил прво Македонија да се подели, па потоа македонскиот дел да го припои кон Бугарија.


Сите овие песни, односно варијации на иста тема продолжија и понатаму по 2002 година. Најчесто ги употребуваше Бранко, како алиби за на народот да му објасни зошто морал да коалицира со Али Ахмети, со кого Македонија една година претходно војуваше. Иако, интензитетот на употребата на приказната за ВМРО ДПМНЕ како бугарофилска партија опадна во периодот по 2002, кога Љубчо беше планирано заменет со Никола Груевски, приказната е се уште жива и се вади кога ќе затреба, како сега на пример.


И во тоа пеење на старите комуњарски песни, одлично и повторно се снаоѓа „големиот војвода“ Љубчо, кој бесрамно се фали дека „сам ја кроел идеологијата на партијата на илјадници јавни собири, митинзи, телевизиски настапи..“


Скандалозно беше само бесрамното лажење


Дека интервјуто беше местено и оти во него многу се лажеше, може да се забележи од повеќе факти. На пример, „новинарот Васе“ никогаш не бил поумерен и потолерантен кон соговорниците, а во истовреме, му даваше шлагворот со прашањата и одговорите на Љубчо, за овој да ја каже очекуваната работа.


Така, ако добро забележавте, Љубчо имаше проблеми да објасни што е. На прашњето дали тој се чувствува како бугарофил, одговорот беше „да“, па „не, јас се чувствувам како Македонец, припадник на македонската нација“. Лажење отворено имаше и во делот кога Љубчо објаснуваше што се бугарофилите. Сите што имаат два грама мозок ги навреди, тврдејќи дека тоа се луѓе што сметаат оти Македонците и Бугарите во минатото биле ист народ.


Меѓутоа, највпечатливото лажење во интервјуто беше дека тој нема никакви соработки со никакви служби и дека зад формирањето на ВМРО ДПМНЕ не стоеле ниту спрски, ни бугарски, ни грчки, ниту некакви други тајни служби. Тука нашиот Љубчо, како „барбика“ трепкаше со очите, поцрвене во образите и го вртеше погледот.


За да биде приказната уште поуспешна, Васе му натура реченица во која „Љубчо ја направил партијата возејќи се со Лада Самара, а сега бесрамници во истата партија го сметале за предавник“. И овој клима со глава и уште преку мртвата му мајка сака да поентира, тврдејќи дека кога се случил трагичниот момент од неговиот живот, „повеќе телеграми со сочувство добил од луѓе од СДСМ, а не од луѓе од ВМРО“. Што треба со ова да каже е повеќе од јасно.


Конечно, поентата и крешчендото на интервјуто беше во двапати повторената реченица дека „две третини од Извршниот комитет и половина од Централниот комитет биле бугарофили“. И тоа, според Љубчо, траело „од деведесетите до 2002, кога тој ја напуштил партијата“. Како и реченицата дека, „идејата за самостојна и независна држава во деведесетите години ја понесоа бугарофили“.


Бесрамно лажење. Лага до лага се нижеа во „скандалозното интервју“, кое според мене е скандалозно само по квантитетот на лагите што беа пласирани таму.


Тактичките цели на интервјуто


За стратегиската цел на оваа канонада на лаги веќе напишавме – да се убие во поим секоја идеја на македонскиот гласач во ВМРО. Но, имаше и други цели на тактичко ниво. Првата таква и најважна, беше ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Оној што треба да има директен бенефит е опозицијата, односно СДСМ.


Значи Љубчо не е глуп да работи на своја штета и на штета на својата партија. Токму затоа, тој одработи по порачка на тајните служби, а во директна полза на Бранко Црвенковски. Зошто?


Иако, Никола Груевски е манипулатор од голем тип, сепак, тој како што гледаме врз основа на неговата непопустлива политика околу името, има огромна подршка кај гласачите. Кај кои гласачи и кој е тој народ што го поддржува во анкетите, ниту за оваа прилика, ниту за него уште помалку, е важно. Важно е дека и покрај сета манипулација што ја прави и покрај тоа што одработува за тајните служби и комунистите како со лустрацијата на пример, и покрај сета софистицирана коруптивност што ја инсталира(аат) во партијата и државата, популарноста му е се уште огромна.


А доаѓаат кризни денови, кога треба да се исполни нешто што му е ветено на Јорго Папандреу уште пред изборите во 2002 година, а тоа е смена на името. Со Никола тоа е неизвесно.

Второ, софистицираноста на кражбата што ја прави сегашнава гарнитура на власт се состои во тоа што од нејзе се исклучени олигарсите на другата банда, на Бранко. Таа банда сега е без стабилен извор на приход, па и се брза, т.е. мора што поскоро да се врати на власт. Како, дали директно како СДСМ или со некоја форма на полулегалност како што е некоја си техничка влада или пак, преку некое друго движење и партија, тоа во овој момент исто така не е важно.


Важно и е на опозицискава банда што поскоро да ја смени другава банда од истиот произход, а која моментално е на власт. И бидејќи отворена борба е невозможна, мора да се расклимави поддршката преку климавење на патриотизмото на ВМРО, т.е. со тоа што уште еднаш ќе се покаже дека ВМРО е само една предавничка партија која работи во интерес на Бугарија. Колку прозрачно и наивно.


За 20 години практицирање на власт од кои пола на ВМРО пола на СДСМ, од „бугари“ глава не кренавме. Само нешто, сите ми имаат или македонски или српски или грчки пасош. И во легалниот бизнис, кога зборуваме за „странските инвестиции“ во Македонија, а и во криминалните структури. Се нешто Срби или Грци, што за Бугари ни ги претставувааат. Бре мајката.


Дете Љубчо, ти мирно да си спиеш додека не те стигне божја или земска казна. И оваа доверена задача маестрално ја одработи. Македонија ќе те памети, дефинитивно!



Владимир Костовски 02.06.2010
30-03-2011, 12:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10


Quote:ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ВМРО ДПМНЕ – ОД РЕКОРД ДО МЕКДОНАЛДС!

По дваесет години од основачкото собрание на ВМРО ДПМНЕ едно е јасно - Македонија и натаму е на дното затоа што „најмакедонската партија“ била и е дел од големиот проект на службите за препарирње на комунизмот по падот на Берлинскиот ѕид. Тоа не е изoлиран процес кој се случувал само во Македонија, но нас, се разбира не интересира само она што е во нашиот двор. За среќа, маските паѓаат и покрај сите напори на домашните “креатори” да ја зачуваат оваа нивна вистина. Таа веќе е јавна и им станува јасна на Македонците и во Македонија и во Туѓината


Деновиве на една од телевизиите на комунистичко-полициско-олигархиската власт во Македонија одеше реклама за големиот митинг што го организираше владеачката ВМРО ДПМНЕ по повод 20 годишнината од основачкото собрание. Дојдете сите во толку и толку часот на сенародниот митинг, да прославиме 20 години ВМРО ДПМНЕ. „Од Рекорд до Мекдоналдс – За татковината се работи“!

Можеби луѓето од пералната за пари (вистинската дејност на рекламната агенција на ВМРО ДПМНЕ што го подготвила спотот), имале поинаква креативна замисла, но свесно или несвесно, не можеле да смислат подобра симболика за тоа каде е, и што стана со ВМРО ДПМНЕ за само 20 години од нејзиното основачко собрание на 17 јуни 1990 година. Од некогашната продавница Рекорд во центарот на Скопје, до сегашниот ресторан Мекдоналдс има околу 150 должни метри. Тие 150 метри се најдобрата симболика колкава е и што остана од „најмакедонската“ партија која се изборила за независноста, за сопствена валута, армија, фудбалска репрезентација...Впрочем, оние се уште вистински и искрени поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ, а не партиски војници кои имаат членски книшки за да добијат работа, се токму толку, што поголем простор и не им е потребен.

Вештачки плурализам


За што зборуваме тука, јасно им е на читателите на овој форум и на овие колумни од поодамна. Не на сите, ама како кој се приклучува и чита, тоа го разбира. Она за што пред десетина-петнаесет години само со ретки исклучоци можеше да се прочита во по некој македонски печатен медиум, сега практично е тема со која се занимаваат сите и фактите не можат да бидат сокриени и покрај сите здружени обиди на една мала група битанги.

Формирањето на ВМРО ДПМНЕ како тема, стана интересна за многу медиуми. Основањето на „најмакедонската партија“, како што деновиве на А1 телевизија ја нарече Марјан Ѓорчев, е парадигма која кога ќе биде целосно расветлена, ќе ја покаже сета лага околу формирањето на другите партии во Македонија пред дваесетина години, како проект, со кој требаше пред светот да се одглуми дека, ете и ние станавме „американци“ и воведовме политички плурализам, демократски стандарди и пазарни вредности.

Вистината е следна: ВМРО – ДПМНЕ и сите други политички партии во Македонија, сите до една, се вештачки формирани партии и тие не се плод на желбата на луѓето политички да се самоорганизираат со цел да ја искажат својата воља за тоа во каква држава и со кои стандарди сакаат да живеат. Формирањето на оваа партија и на сите други, е строго контролиран процес, базиран врз незапирливите промени во светот и врз реалната потреба на Македонците да расчистат со едноумието.

Идејата за вакво нешто не е оригинална. Таа е увезена и има една стратешка и крајна цел – комунистичката елита да го замрзне своето владеење, макар што системот во кој ќе владеат се викал и капитализам!

Како се одело со рализација на идејава, станало јасно дека ќе мора да се редефинира малку позицијата и оти нема да можат сами да ја изведат, туку ќе мора да се потпрат на „ударната тупаница“, наречена низ историјата ОЗНА- УДБ-СДБ-УБК, како и низ еден нов слој контролирани богаташи што тие ќе ги направат и кои денес општо ги викаме олигарси.

Така што, слободно може да се каже дека денес со Македонија вистински владее комунистичко-полициско-олигархиско друштво како организирана структура, која, за жал на Македонија и Македонците, станала толку самозадоволна и себична, што сега се соочува со тоа да остане и без држава!

Големиот проект

Но да одиме по ред да ги објасниме уште еднаш нештата. Накратко, за тие што прв пат се соочуваат со горката вистина. Прво за оригиналноста на идејата. Процесот е „увезен“ од „братска“ Москва. Тој е смислен од КГБ уште на почетокот и средината на осумдесетите години од минатиот век, кога ним им било јасно дека ја губат битката и дека ќе има „Берлински ѕид“.

На братските служби и држави, вклучувајќи ја и тогашната СФРЈ, им е пренесен планот како тоа треба да се реализира. Прво, да се извади сето богатство и капитал надвор, во странство. На Запад, на Блискиот или на Далечниот Исток, сеедно. Кој како милува.

Потоа, да се формираат политички партии за да може народот да биде „организиран“. Тие партии, сите од ред, да бидат „демократски“ и „проамерикански“. Заради зачувување на сентиментот и подобро маскирање, било дозволено да остане и по некоја, баш комунистичка и анти-американска, ама да биде маргинализрана.

Потоа да се „урне“ комунизмот и да се организираат „повеќепартиски“ избори, на кои се разбира, ќе победат „најнационалните“, „најкапиталистичките“ и „најамериканските“.

Потоа, следна фаза била да се воведе приватизацијата, по можност без реална денационализација. Овој процес е правен откако извесен период работниците во големите и средните комунистички претпријатија се држат целосно безперспективи, без производство, без пазари и без плати.

Настанува приватизацијата преку манипулативни закони и процеси, во кои фирмите што имаат перспектива преоѓаат во рацете на поединци, избрани од власта. Парите претходно префрлени во странство, во компании формирани од нив или во оф-шорни зони, се враќаат во земјите. Стопанството заживува, се прават профити, а трошките се делат на народот.

Демокртаски процеси нема никаде, баш никаде во сите овие земји, а причината е сосема јасна. На власт е истата елита – т.е. нивните синови, ќерки, внуци. Нема реална денационализација, нема реална лустрација, нема реална демократија во која владее народот преку своите легитимни избраници во парламентот. Нема поделба на трите власти како алфа и омега за секоја демократија, нема пазарни услови за работење...

Овој комплексен процес кој е замислен од една од големите светски сили, денес можете да го видите во сите пост комунистички земји. Секаде, со помали или поголеми разлики, може да се препознае. Тоа што Американците го научија трикот отпосле, по некоја година и сега се обидуваат да го издвојат „сувото од сировото“, како што тоа го прават деновиве во Бугарија на пример, не ја менува болната вистината дека, де факто, ние и денес живееме во едноумие.

Тој процес е спроведен и во поранешната СФРЈ, како и во поранешната СРМ. Технологиите и тактичките игри биле различни во сите поранешни републики на Југославија и затоа изгледаат различно, но карактеристиките им се заеднички.

Играње на картата на национал-шовинизмот, заплашувањата со војна, (чиј почеток во Словенија, Хрватска и Босна беше класичен комунистички договор меѓу тогашните комунистички новопечени елити и Москва, а крајот беше голема игранка во која беше вклучена Америка и некои регионални сили), и играње со стравот од сиромаштија и безперспективност.

ВМРО ДПМНЕ – плод на комунисти и удбаши


Македонските комунисти со помош на тогашното раководство на тајната полиција(Слободане Б., дали мирно спиеш?), како безпоговорни следбеници на Белград, „дозволуваат“ формирање на повеќепартиски систем. Прво во игра ја уфрлаат Лигата за демократија, па МААК, но откако гледаат дека тоа е премногу „меко“, а лидершипот премногу неинветивен, ја создаваат и ВМРО ДПМНЕ, а потоа и „либералите“, преку поранешната младинска организација и еден вистински младинец каков што е Стојан Андов.

За ВМРО ДПМНЕ наоѓаат „погодно дете“ кое го прогласуваат за војвода и му го креваат рејтингот. Дететот Љубчо Г. за кое пишувавме и во претходната колумна, на почетокот не е свесно, а потоа, кога ја дознава играта, било до толку закашкано, што решило да си ја игра и ден денес.

Партијата, како што денес веќе може да се потврди и документирано, е формирана со помош на една „голема легенда“ од Туѓината, Драган Богдановски и други докажани македонски емигранти-активисти, како и со помош на сигурни соработници на полицијата од Македонија. Само еден од активистите од емиграцијата кој учествува во иницијативниот одбор, набрзо по тие настани ја увидува играта на македонските комунисти и се повлекува. Објавува дури и јавно писмо во Македонија, но процесот веќе не може да се запре.

Комунистите потоа формираат уште десетици други партии, а за најсилната, вклучувајќи ја и онаа нивната наследничка, СДСМ, наоѓаат друго погодно дете, Бранко Црвенковски – бескрупулозно и безидејно, заинтересирано само за моќ и за пари. Тоа дете, за разлика од првово дете, играта ја знае од почеток, иако не ги знае деталите.

Целиот процес е под будно око на Белград, а преку Белград и на Москва. Сите се заинтересирани ништо стратешки зацртано да не излезе од контрола. Малку подоцна, сосема малку подоцна, во играта се вклучува и Атина, а потоа и Анкара и Софија. Но, само Грците, покрај Србите, за дваесет години успеваат многу длабоко да пенетрираат и да се грижат за своите стратешки цели во Македонија, се разбира со дозвола и соработка од Белград, додека другите, иако влијателни, остануваат далеку зад. Москва и Вашингтон продолжуваат да го надгледуваат процесот и да си ги играат своите големи игри. Македонци, како што гледате, во процесов нема.

Ете така во Македонија е спроведен процесот на „демократизација“и „плурализација“.

Разочарување до разочарување

Народот, како и секој неинформиран народ, се лепи на приказната и верува дека навистина расчистува со едноумието. Масовно прифаќа членски книшки и со невиден ентусијазам формира месни и општински комитетите и основни партиски организации. Уште помасовно излегува на митинзи и на избори, верувајќи дека нешто од него зависи.

Но, по првичната еуфорија дека избрал „најмакедонска“ партија која ќе го брани македонскиот национален интерес и од сите соседи и од сиромаштијата, се соочува со, прво благи, а потоа со се поголеми разочарувања.

Прво, иако ја избра „најмакедонската“ партија, таа не формираше влада, туку беше поставена некоја експертска. По четири години, 1994, иако народот на таа „најмакедонска“ партија се уште и веруваше масовно, таа се откажа од изборите и ги остави „бившите комунисти“ сами да владеат четири години.

За време на тие четири години се случи најголемиот грабеж што можеше да му го направат – манипулативната приватизација. Продолжија да го ограбуваат бесрамно и преку разни банки, штедилници, ТАТ-ови. Кога немаа каде, беа принудени на девалвација на денарот, која ја покриваа со „пиздарии“ по српски рецепт – Гостивар(јули 1997).

Но, народот се уште веруваше и по четири години, во 1998, пак гласаше за „најмакедонската партија„. А таа, како „најмакедонска“, не само што продолжи со ограбувањето, туку и се трудеше да биде подобра и да стигне да доограби од тоа што останало.

А потоа, си дозволи наивно да влезе во стапица, во која мораше да „се пушти и малку крв“, за да се продолжи играта. Да, за 2001 година зборуваме.

„Војната“ заврши со федерализирана Македонија и со процес на натамошно разградување на македонското национално битие.

Во 2002 година, се врати СДСМ на власт. Грабежот продолжи. За да продолжи и играта, едното дете мораше да демисионира и на негово место да донесат друго. Љубчо беше заменет од Никола, со помош на Љубчо. За да биде маскирањето што подобро и другото дете, Бранко, формално мораше да демисионира од извршната власт и да глумат лудило.

По четири години натамошно ограбување и распродавање и на тоа што остана(ЕСМ), на власт дојде повторно „најмакедонската“ партија, овој пат со новото дете, кое не беше претставено како војвода, туку како способен економист. Еве, четврта година од владеењето на тоа дете и на „најмакедонската“ партија, од економијата не остана ниту Е.

Фондовите и касите во Македонија се се попразни. Дебатите наместо да се водат за Македонија во 21-от век, се насочуваат кон историјата и проектни глупости од типот Скопје 2014, а константно се манипулира со стравот од нова војна преку разни оперативно-тактички методи на полицијата и преку вештачки дебати - дали на градскиот плоштад во Скопје требало покрај црква да има и џамија.

Името не го даваме – ја дадовме државата

Името не го даваме. Се разбира. Ама ја дадовме државата. Од сите горенаведени процеси најзадовлно си трљаат раце сите околу Македонија. Само Македонецот остана со прстот во уста, полека сфаќајќи што му се случувало.

За тој Македонец денеска вооопшто не е битно дали Гојко и Мане учествувале во формирањето на партијата како соработници на ДБ и дали Змејко му го чува капутчето на Љубчо, исто така по налог на ДБ. Воопшто не е ни битно дали Драган Богдановски бил констатен соработник на полицијата уште додека лежел во Идризово или се решил на соработка малку подоцна при отпочнувањето на процесот на преминот од комунизам во „капитализам“.

Ич „не го боли“ денешниот Македонец и за тоа дали покојниот Никола Кљусев бил „вмровец у душа“ или лежел на Голи Оток затоа што како убеден комунист не можел да добие некое унапредување, па се побунил.

Не му е важно на Македонецот ни за тоа дали покојниот Мијалков бил само „нормален“ соработник на ДБ, поради својата професија или бил и офицер на КОС и дали откако одбил да ги слуша поранешните наредбодавци, Петар Грачанин му организира атентат пред Врање.

Тој, денешниот Македонец, не размислува и за тоа зошто Мартин Треневски, соработник на ДБ, син на офицер на УДБ, беше избран за министер во првата влада, а потоа висок функционер и амбасадор, дури и во оваа последнава на „најмакедонската партија“.

Македонецот денес не се замара ни со тоа како можеше во „најмакедонската“ влада на Љубчо Г. од 1998, министер за надворешни работи да му биде уште еден соработник на ДБ, овој пат поради својата професија, С. Чашуле, син на „великанот“, Бог да му душа прости, Коле Чашуле – судија поротник во процесот против првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто.

Воопшто не му е битно на Македонецот и дали Доста Димовска, долгогодишен најблизок соработник на Георгиевски и кадровик во ВМРО ДПМНЕ, била всушност уфрлена во партијата во 1991-1992 како докажан соработник на ДБ, по што, одвнатре го контролирала проектот на комунистичко-полициско-олигархиската власт.

Не му е битно ни дали Саво Климовски, висок функционер на Демократска Алтернатива и коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, е всушност висок српски разузнувач и близок пријател со семејството на покојниот Слободан Милошевиќ.

Не му е битно, всушност, дали целиот проект со ДА на Тупурковски, Камбовски и Бојановски, беше дело на српските разузнавачки служби и нивните филијали во македонската полиција, со цел да се остварат воените планови за Косово и прелевање на кризата во Македонија.

Исто како што не му е битно на денешниот Македонец, зошто и како, најверните соработници на Груевски, целата „млада гарда“ министри, директори, советници, станаа „заколната вмровци“, откако претходно беа во подмладокот на ДА на Тупурковски.

„Крај Вардарот седиш – се нагоре гледаш“


Денешната генерација Македонци овие имиња не ги ни познава. Овие личности за нив се небитни. Битни им се процесите, за да знаат зошто живеат во бесперспективна држава.

Да знаат зошто живеат во држава во која големиот економист што моментално им е премиер, им кажува дека државата мора да ги даде под концесија патарините, зашто немала искуство да работи ефикасно со патарини!!?

Сака оваа генерација Македонци да дознае и како тоа, покрај сите реформи во јавното здравство, ако сака квалитетна здравствена услуга мора да оди кај Камчевци, Угриновци или Минчовци и дебело да плати за своето здравје.

На денешниот Македонец му е важно да знае зошто мора да се зачлени во партија за да добие работа. Макар и под форма договор за дело, односно хонорарно. Му е важно да знае и зошто мора да биде битанга и да се понижува и да го кодоши својот колега од работа, само за да добие решение за неодредено време.

Исто така му е важно да знае, зошто и покрај факултетска, магистерска и докторска диплома, мора да бара солуција за работа во Туѓина и да се иселува, исто како и пред 100 години.

Важно му е да знае и тоа, зошто на телевизиите и радијата и натаму повеќе е застапена музика од српската, отколку од македонската естрада.

Зошто, во популарните трујач - емисии за избор на пеачи аматери водени од разни „Вучиќи“, децата одбираат да пеат повеќе српски, отколку македонски песни.

Важно му е наденешниот Македонец да знае и зошто во сопствената земја не може секаде слободно да зборува македонски и гласно да каже дека е Македонец, туку мора да размислува за солуции во кои ќе молчи или ќе го учи и јазикот на малцинството.

Не му е јасно на денешниот Македонец, зошто во Македонија, а особено во Куманово, по сите кафетерии луѓето страсно навиваат за Србија во фудбал. Со дресови на Србија или на поранешна Југославија, со знамиња на северниот сосед и со емоции невидени кај нив кога игра македонската репрезентација.

Сето тоа драги наши Македонци, е затоа што македонската комунистичка елита повеќе од 60 години се пронаоѓа во еден стих од старата македонска песна Јовано, Јованке: „Крај Вардарот седиш, мори, се нагоре гледаш“.

Кон Дунав и Сава, кон „Београде, вечни граде наш...“

Не го злоупотребувајте ВМРО

Е се дотогаш, на годишнините на „најмакедонската“ партија ќе ни доаѓаат поразителни вести од Брисел. ЕУ, како извитоперен клуб на моќните држави од Европа во кои нема правда и меѓународно право за „малите“, никогаш нема да не прими ако не си го смениме името. Истото важи и за онаа другата, бесперспективна алијанса, НАТО.

Секако, тоа не значи дека мора и треба да го смениме името за да опстоиме и да бидеме богата, среќна и слободна демократска држава. Но, за да се оствари тоа, комунистичко-полициско-олигархиската елита, која што владее со државата, треба да биде макар малку патриотска и да ја сака Македонија. За да најде алтернатива и за да гради држава со демократски и пазарни принципи, држава на среќни и богати граѓани.

Но, колку што можевме да видиме од изминативе 60 години, кај оваа елита нема ни М од Македонија. Тие Македонија ја гледаат само како средство за лично материјално богатење и празнење на своите фрустрации што ги имале како деца. Како „поле за орање“ за сопствени плодови, што се наследува од колено на колено, од дедо на внук, во еден затворен круг што порано живееше на Водно.

И затоа сега, дојдоа до состојба да мораат да позајмуваат, за да можат да крадат!

Каков апсурд, да се задолжуваш во странство за да можеш преку разработените механизми на јавно крадење, пардон јавна потрошувачка, да продлжиш да крадеш.

Кај се видело и чуло Марјане Ѓорчев – човече со лепливи раце, да бидеш „најмакедонец“, а да си го крадеш сопствениот народ, сопствената држава? Да ја крадеш иднината на неродените генерации Македонци!!!

Затоа, кога „За Татковината се работи“, стигнавте да се соберете од Рекорд до Мекдоналдс.

Македонецот денес има само една сериозна замолница до вас: Не се преставувајте лажно и не го злоупотребувајте светото име ВМРО!


Владимир Костовски 16.06.2010
30-03-2011, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11


Quote:РЕВОЛУЦИЈА –ДЕФИНИТИВНО!


Случувањата во Македонија и во најголемиот дел посткомунистички земји по паѓањето на Берлинскиот ѕид, го цементираат уверувањето, дека само по пат на револуционерни промени е можна вистинска трансформација од еден недемократски во демократски систем во која било држава. Токму тоа и треба на Македонија денес, за да може да се одлепи од калта во која се валкаат ни криви ни должни неколку генерации нејзини граѓани. Проблемот е решлив, но за жал, подготовките и реализацјата се долготраен процес


Дојдено е времето малку посериозно да се помисли околу тоа што и како ќе се случува во Македонија понатаму. Како што може да се согледа од досегашните диксусии и текстови, не само тука на форумов, туку и во секојдневната комуникација меѓу луѓето што го користат својот мозок и за размислување, а не само за битисување, Македонија полека, но сигурно, тоне во апатија. Таа апатиија изразена и преку бројки, е резултат на согледувањето кај граѓаните дека со државата, всушност, нема кој да управува како што треба.

Граѓанството и селанството, т.е. народот - без оглед на старосна граница, на пол, на етничка или верска припадност, во доминантен дел е сигурен во едно: она што го гледа на политичката сцена како актуелна власт, како опозиција, како парламентарна или вон-парламентарна политичка сила, како граѓанско здружение, без оглед дали станува збор за синдикално движење или некои си таму Граѓани за европска Македонија, како институција од кој било тип, владина, невладина, црква, верска заедница.., НЕ ИМ ВЕРУВААТ!

Ова не е интуитивен впечаток. Станува збор за прецизни бројки кои произлегуваат од секоја анкета во последниве година-две, без оглед дали анкетите ги прават странци или домашни специјализирани фирми. Дури и во оние анкети што ги прават пералниците за пари формирани од власта, со застрашувачки имиња што треба да им дадат научна верификација- институити, ако малку ја согледате суштината на бројките, ќе видите дека над половината од анкетираните, всушност не поддржуваат никого, не му веруваат никому и де факто, не знаат што натаму.

Навистина, што натаму?

КПО

За да се тргне во издржана анализа што натаму, треба да се детектираат основните грешки во системот. На упатените луѓе, на тие што знаат да размислуваат и сакаат да читаат, како и на комунистичко-полициско-олигархиската (КПО) фаланга што управува со Македонија од 1945 па наваму, тие грешки им се јасни.

Проблемот е што првиве се премалку и се безвољни нешто да променат по формален пат и преку организирано дејствување, се разбира политичко, а вторава категорија пак, јасно е, се обидува преку целосна контрола на сите канали кои би довеле до каква-таква промена, да ги задржат нештата овакви какви што се, т.е. да продолжат бескрупулозно да владеат само и само за лични интереси.

Но, поради новите генерации Македонци и поради Македонија се разбира, никој од тие што знаат да размислуваат и да делуваат, немаат право да престанат да го прават тоа!.

Токму затоа, токму поради нив, тука на ова место ќе повториме нешто што е многупати во разни времиња кажано-промени мора да има, врз анализа и соогледување на лошите нешта кои доведоа до ова дереџе.

Првиот дефект

Накраткото сумирање на дефектите во денешниов, божем демократски систем во Македонија, мора да тргне од првиот факт-политичките партии, како основни носители на процесите во парламентарната демократија.

Политичкиот систем во кој делуваат политичките партии што влегуваат во парламентот е таков каков што ние, затоа што сите политички партии се производ на еден центар, на една идеолошка матрица произлезена од Комунистичката партија на Македонија, која во 1990 само формално ја предаде власта.

Процесите кои повеќепати сме ги опишале, општо кажано се сведуваат на вештачки плурализам, преку формирање и контролирање на политичките партии. Тие водат онаква политика каква што сакаат менторите, денес собрани во КПО врхушка.

И бидејќи Македонија не е изолирано место во вселената, бидејќи ништо не почнало и нема да заврши со 1945, се разбира дека во тој процес на контрола на процесите, се замешани повеќе фактори – Србија и Русија како папочна врска на македонските комунисти, од една страна и општо кажано Западот, предводен од Америка, од друга. Се што се случувало и што ќе се случува натаму, е и ќе биде поврзано во кругот РУСИЈА(преку Србија) – КПО – АМЕРИКА.

Заклучокот околу првиот и примарниот дефект би бил: во Македонија постои вештачки политички плурализам, темелен врз вештачки создадените политички партии пред 20 години, кога поради историските процеси на светско ниво требаше да се транзитира од едноумие во повеќеумие.

Вториот дефект

Таквиот вештачки плурализам, да повториме, е создаден со помош на ударната тупаница на комунистите – тајната полиција. Бидејќи на дело е се уште тој вештачки плурализам, кој на Македонија не и озвозможува вистинска демократија и вистинска насока, сосема е јасно дека таа уударна тупаница се уште делува и се уште е активна.

Таа ударна тупаница, т.е. џандари расфрлени во разни институции и организации во Македонија, се уште активно ги контролираат процесите во земјата по наредба на своите налогодавачи од пред дваесет години. Се разбира, кокетираат тие и со шефови на север, на исток и на запад, одработуваат и за нив по некоја задача, оти знаат дека мораат.

Наградата им е минорна, т.е. во овие дваесет години ги собираат трошките, па стигнале до некоја трговска фирмичка, до некоја луксузна куќа, пар викендици и по неколку скапи возила. Но, генерално, тука им е лимитот и со тоа се задоволни...

Заклучокот околу вториот дефекет би бил: во Македонија еднаш засекогаш мора да се расчисти со таа ударна тупаница и да се формира вистинска, а не квази полиција, која ќе им служи на државата и на народот, а не на комунистичката олигархија и на центрите од надвор.

Лустрацијата е алфа процесот од кој мора да се тргне при исправањето на вториот дефект.

Третиот дефект

Поради ваквите состојби опишани погоре, во Македонија за овие дваесет години никогаш не профункционираа и останатите елементи на еден слободен, демократски систем, кој треба да продуцира богато општество и среќни граѓани, што е всушност третиот системски дефект.

Имено, Македонија не познава и се уште не видела на дело функционирање врз основа на поделба на три независни власти и четвртата квази власт. Во Македонија само на хартија власта е поделена на законодавна, извршна и судска, а медиумите, како четврта власт, која всушност треба да ја има улогата на „куче-чувар“ на демократијата и на основните вредности во општеството, едвај да функционира делумно и повеќе формално, отколку суштински.

Ниту извршната власт е управувана и контролирана од законодавната, ниту имаме независна судска власт која ќе ги контролира претходниве две, ниту имаме слободни медиуми. Секаде, во сите институции на овие три власти и четврта полувласт, своја шака има положено чуената КПО елита, која управува со генералните процеси во Македонија.

Поради тоа денес имате смешна ситуација, се што ќе и предложи извршната власт на законодавната тоа да мине од прва и без проблем, опозицијата во парламентот да е само демократски декор и гласачка машина, а судската да нема сила ништо независно и објективно да исконтролира и исправи. Дури ни тогаш, како што однадвор се чини, во случајот на Уставен суд, бидејќи тие одлуки се само дел од борбата на двете банди во истото трло и немаат суштинско значење.

Сето тоа е благо и апатично проследувано од бројните медиумски куќи, затоа што нивната сопственост, уредничката поставеност и степен на образованост на новинарите што работат таму, не дозволува ништо повеќе од искривено претставена реалност и голо следење на фактите, кои многу често, што е срамно, се прикажуваат лажно и неточно.

Ваквата состојба со нефункционалните четири власти доведува до затнување на нормалното функционирање во сите институции во Македонија. Од премиер, до последниот службеник на некое истурено одделение на неко министерство во најзабутаната и најсиромашната општина во Македонија; од претседател на парламент до последната службеничка во некоја нефункционална, декорна парламентарна комисија, кава што е онаа, на пример, за контрола врз службите за безебедност; од претседател на Врховен суд, до најнископоставениот во хиерархијата, судски писар, кој се уште, на почетокот од 21-от век, чека да добие компјутер и интернетска врска...

Ваквата состојба ги затнува и другите полузависни или независни тела со контролна улога во демократијата, каква што е онаа несреќна анти-корупциска комисија или пак, какви се грото од околу 5-те илјади невладини организации.

Ваквата состојба, сите овие институции или организации ги искривува до степен на карикатура, која откако ќе ја погледнете, кисело и цинично ќе се насмевнете.

Да заклучиме околу третиот крупен системски дефект: непостоење на вистинска, функционална и оддржлива поделба на властите, секогаш нужна за една парламентарна демократија.

Четвртиот дефект

Исто како и третиот и следниот дефект кој сега ќе ви го опишеме, се должи на првиот или првите два: Во Македонија денес нема слободен пазар или слобода на пазарот. Не постојат вистински пазарни вредности, ниту пак вистинска конкуренција.

Не постои еднаквост на пазарните субјекти и исти услови за сите. Се во врска со пазарот е искарикирано, до степен на квази.

Државата, т.е. јавните институции и претпријатија се најголемиот работодавач. Потрошувачката на оние пари што ќе останат кога ќе се поделат платите и социјалните задолженија, го диктираат пазарот и пазарните услови. Зборуваме за буџетот на државата од 2,2 милијарди евра, кој всушност е главниот замаец што ја движи економијата.

Не постои ни вистински банкарски систем. Имате збир на банки кои прават олигопол контролиран и насочуван од државата и нејзините финансиски и фискални политики и нејзиното огромно влијанија кај Народната банка.

И кога работите така стојат, кога државата ви е најголемиот пазарен субјект на некој начин, јасно е и зошто постои четвртиот дефект: во Македонија не постои пазарна економија.

Еволуцијата на Фрчковски-идеолошка лага за прикривање

Ваквите состојби никогаш нема да овозможат стабилен раст и развој, затоа што државата, т.е. КПО, едноставно не може да се откаже од спроведувањето на нејзините/нивните тесни интереси.

Наместо држава како збир на интереси на слободни индивидуи, т.е. граѓани, имаме поистоветеност на државата со партијата, т.е. де факто делување „државата, тое е партијата“, а партиите, се знае чии се. И така, се се врти во круг. Едно дваесет години.

Овие четири системски дефекти, КПО вешто ги прикриваше овие 20 години и сееше магла околу причините за слабото функционирање на ова или она.

Идеолошки најчесто тоа го оправдуваа, со тезата дека промените треба да се правата меко и со пополека.

Тоа може да се согледа од една реченица на ексепртутката за се и нивен виден претставник, Фрчкоски, кој по еден сосема друг повод, на почетокот на транзицијата изрече „славна“ мисла дека промените во полицијата морале да се одвиваат по еволутивен, а не по револуционерен пат. Зашто, само така ќе сме го заштителе општеството да не ни забегало во хаос и криминализација.

Оваа парадигматична мисла ако ја компарираме со денешните состојби во кои се наоѓа Македонија, многу јасно ја покажува целата умисла, сиот пеколен план за долгодецениското одржување на власт на битангите што си играат со иднината на нашите и вашите деца.

Промените мораат да почнат од првиот дефект

Може ли да се исправат нештата? Може, да и тоа дефинитивно да заклучиме, не по еволутивен, туку по револуционерен пат. Тука, секако, не се мисли на крв, зашто Македонија низ историјата и премногу непотребна крв има дадено од своите чеда.

Тука под револуција се мисли на револуционерни промени и кинење на сета идеолошка врска со оние што сметаат дека историјата на Македонија започнала од нив, од 1945.

Исправањето на нештата треба да започне од исправањето на првиот дефект, на вештачката плурализација и вештачки создадените и контролирани партии. На македонските граѓани денес, како што веќе е напишано погоре, јасно им е дека нема што да бараат од постојнава понуда на политичкиот пазар.

Над половината од граѓаните се разочарани до коска од Глигоровци, Љубчовци, Бранковци, Груевци...разочарани се до коска и од другите етнички групи од нивните лидерчиња и партии. И ним им е јасно дека тие, ДУИ, ДПА, ДА, ПДП, итн, не се плод на нивните потреби и барања, туку се дело на КПО.

Што значи, дека во Македонија денес постои единство кај нацијата, без оглед на разликите што постојат по разни основи. Тоа единство просто и едноставно се дефинира како потреба за нова или поточно речено, нови политички партии, кои ќе бидат одраз на вистинското барање и потреба на граѓаните да живеат среќни, во слободна и богата држава и самите да можат да си ја планираат сегашноста и иднината.

Како до тие нови политички субјекти, кога веќе констатиравме дека сите институционални канали се затнати. Патот еден – повторно низ институциите на системот. Тој е затнат, но, не е стопроцентно затворен.

Дијаспората е замаецот

Бидејќи Македонија не е изолиран остров, бидејќи таа држава декларативно и формално е дел од светскиот поредок, бидејќи се изјаснила како држава која ќе почитува основни вредности и човекови индивидуални и колективни права и бидејќи како таква е примена во меѓународната заедница и во главното колективно тело на таа меѓународна заедница, кое се вика Организација на обединетите нации, сосема е јасно дека постои простор за дејствување во насока на радикално менување на општествената стварност.

Но, тука мораме да потцртаме еден клучен факт. Формирањето на нови политички субјекти во Македонија, оригинални и неконтролирани, ќе биде ѓаволски тешко. Преку продор и контрола на секој поединец кој што се обидува да направи нешто, КПО врхушката најчесто успева да ги сотре сите такви обиди во нивниот почеток.

Најдобра илустрација се, можеби, лидерите на два синдиката во Македонија, кои и покрај доблеста што ја искажуваа на почеток, за многу кратко време станаа „отпишани пушки“.

Зборуваме за независниот синдикат на образованието СОНК и за онаа персона што се врти на името Дојчин и за Здружението на бранителители Достоинство и нејзинито лидер што се врти на името Стојанче.

Обајцата почнаа цврсто и решително, што е најважно искрено и целните групи кон кои алудираа веднаш во нив препознаа лидери. Поради тоа добија на масовност и остварија големи почетни успеси.

Но, за кратко време, кога КПО ја препозна опасноста во нив, со познати и видени методи на ударната тупаница ја постигна целта. Првиот го нема со години веќе, замолкна, а вториов нема никаква иднина, затоа што веќе ја тера водата на воденицата каде веднаш ги мелат – ќе биле политички активни на следните избори, што значи дека или ќе дадат поддршка на СДСМ и нивните полтрони од типот на Љубе или ќе формираат некој приврзок партија, колку да го доразбијат гласачкото тело.

Примерот со Дојчин и Стојанче покажуваат зошто исправањето на првиот дефект ќе биде ѓаволски тешка работа. Токму затоа, можеби, најбрзиот пат за исправање на грешките треба повторно, како во деведесетите години, да започне со активност на дијспората.

Се уште е рано да се навлегува во детали, но јасно е дека кога дијспората, особено онаа што не се откажува од својата татковина без оглед колку им е добро во новите татковини, ќе се избори за поголема улога во Македонија, има шанси за забрзување на процесот на формирање вистински и оригинални политички партии во државата.

Предусловите се на страната на таа, би ја нарекле квалификувана дијаспора, која, ем е економски независна и силна, ем е одлично информирана, ем е добро етаблирана во новите општества каде била принудена, подвлекуваме, принудена да емигрира.

Таквата дијаспора предусловите ќе ги заокружи со функционалното стапување во сила на новиот изборен закон, кога ќе може и да го направи првиот институционален чекор со седнувањето во пратеничките клупи во Собранието на Македонија.

Иако, некому може да му се чини ова како утопија, особено ако се има предвид улогата на дијаспорите во другите посткомунистички земји, Македонија, е сепак, специфичен случај.

Иако, на прв поглед македонската дијаспора е малубројна и слабо организирана, иако на прв поглед таа се уште е контролирана од ударната тупаница, сето тоа се само квази пречки и изговори.

Македонската дијаспора, за среќа, располага со доволно чесни и умни луѓе, кои, секако, ќе знаат како да и помогнат на матицата и на сопствениот народ, кој не по своја вина се наоѓа во такава срамна позиција денес. Впрочем на македонската дијаспора досега никој од 1945 наваму не и подал вистинска рака.

Време е да се исправат грешките онаму каде што во 1989/90 само формално започнаа-токму со Драган Богдановски и неговото ДПМНЕ, де факто скроени во Белград и Скопје.

Време е за суштинско, а не формално започнување на нов процес и нова политичка битка.

Време е конечно, да се „раскурца“ толку често повторувана лага од еден од првите пиони на КПО, професорот Маријановиќ, дека секој народ си ја заслужува власта што ја има.

На народот, за да ја заслужува власта што ја има, треба да му дадете две нешта: да биде информиран и да има избор. Во Македонија, ниту е народот информиран како што треба, ниту пак имал избор.

Затоа, да повториме, мора да се исправи првиот дефект, а тоа е вештачката плурализација на политичкиот простор. После, сите останати дефекти ќе се исправат, што би се рекло, сами од себе.

Но, не треба никогаш да се забориви, дека ова е долготраен процес и оти резултатот не треба да се чека преку ноќ. Впрочем, на оние наши славни претци од пред 100 и кусур години, па се до 1934, тоа совршено им било јасно!

Треба само да погледнеме малку во нив, а потоа малку во огледалото и да се запрашаме – достојни ли сме?


Владимир Костовски 03.07.2010
30-03-2011, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Quote:Македонија на Македонците (1)*


КОДОШИ - СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ


Секој нов политички субјект што има чесни и искрени намери да владее со Македонија поради нејзе и нејзините граѓани, а не поради свои егоистички интереси, како прва цел треба да си запише целосна демонтажа на информаторската мрежа во Македонија и дијспората




Инсталациите во Македонија заедно со комунистичко-олигархиските структури подготвуваат нов обид за измама со реобновување на идејата за „третиот пат“.

Овој проект е се поочигледен ако се следат дневните извештаи и темите што ги наметнуваат одредени медиуми – репери за намерите на КПО (комунистичко-полициско-олигархиската) групацијата, за која, како што сме напишале досега, реално владее со Македонија од 1945 година.


Нивната намера се уште не е докрај отворена, бидејќи се менува на дневна основа, т.е. во зависнот од реалните состојби на теренот, расположението кај избирачите и секако, надворешно-политичките околности т.е. напредокот во прашањето за спорот со името и одлуките што во врска со тој спор ги носат влијателните фактори во Европа и САД.


Па така, „големата идеја“ од пред една година за нова трета опција да се октроираат познати инсталациски структури преку Институтот „ДЕМОС“, многу брзо беше напуштена, бидејќи произлегоа некои несогласувања меѓу двете банди од исто генетско потекло.


Потоа, се измешаа суети и настанаа прекини во некои претходни договори за тесна медиумска соработка помеѓу три влијателни столба – весниците на ВАЦ, медиумите на Велија Рамковски, наречен „пиљар“ и не помалку влијателната телевизија на Борис Стојменов, Канал 5. (Стојменов, за неупатените, е човекот што е еден од оние ВМРО-овци по потреба за преку ден, а дел од КПО за преку ноќ).


Проектот ДЕМОС пропадна и поради личните заложби на Никола Груевски и Бранко Црвенковски - секој од свои лични мотиви воден - да не се дозволи во дадениот момент кој беше многу значаен за нив, да се уфрли некој што би можел да им ја одземе „славата“ за се она што и го направија на Македонија во нивното долгогодишно управување.


Но, и покрај неуспехот на ДЕМОС и покрај видното опаѓање и релативен неуспех на другите нивни проекти, какви што се партиите на Селмани и на Љубе Бошковски, а најопасен од сите нив беше проектот ДА со Васил Тупурковски, инсталаците не мируваат и за секој случај и натаму работат на формирањето „влијателни“ партии од т.н. трет пат, иако, се гледа, се помалку имаат креативни способности тоа да го маскираат.


Најнов обид беше претсавувањето на т.н. „Трета опција за Македонија“ или ТОМ, направено толку лошо и набрзина, што покажува дека нивната желба во трка со времето да сторат нешто, ги принудила на лансирање недефинирани и не докрај осмислени акции.


Овој пат, карактерстично е само тоа што станува збор за манипулација која треба да биде прикриена со тоа што партијата или Третата опција за Македонија ќе ни дошла однадвор, од дијаспората, од Германија (очигледно најдобро „обработена нива“ од страна на КОС и УДБ) на која преку глава и било да финансира само две опции, па ете ни се нуди трета.


Човекот кој пред камерите не ги знаеше ни имињата на луѓето во иницијативниот одбор да ги наброи, ги претстави како 12 апостоли, а за да се огради во старт, рече дека има можност да го имало и апостолот Јуда меѓу нив.


Овој обид, овој ТОМ, дефинитивно нема да биде никаков предизвик за избирачкото тело во Македонија, но, може да нанесе штета на вистинската потреба од нова политичка опција, која како што напишавме во минатата колумна, по наше длабоко убедување, навистина треба да дојде од дијаспората и работите да продлжат онаму каде што беа згрешени во старт во 1990, кога името ВМРО и легендата Драган Богдановски беа злоупотребени од страна на комунистите и полицијата, со цел да инсталираат лажен повеќепартиски систем во Македонија.


Но, како и да е, ние ќе продолжиме со развивање на идејата, како тоа треба да се стори, а особено, што треба да работи и врз какви цели треба да се базира програмата на идната оригинална македонска партија.


Македонските школи ги компјутеризираат српски измамници од меѓународен ранг


Секоја нова политичка партија во Македонија, бидејќи сите се исти и формирани од ист центар, тврди дека Македонија ќе ја направи економски силна и демократска држава, која ќе ја интегрира во колективни системи и меѓународни сојузи какви што се НАТО и ЕУ, по што таа ќе биде држава на среќни граѓани. Притоа, бележат список на желби и божемни програми, кои најчесто се пишувани колку да се задоволат стандардите дека треба да се има некаква програма, студија, концепт...


И бидејќи хартијата трпи се, нели, најчесто во таквите колоквијални вежби што не се достојни ни за студенти на факултети по политички науки, се ставаат толку небулозни и нереални нешта, што е просто неверојатно, а потоа, без никаков срам, со нив излегуваат пред избирачите.


Дури и кога ќе се наведе некаква добра идеја, таа останува само на ниво на идеја, која во пракса при евентуален обид за спроведување, се сведува на ѕверско трошење на народни пари од буџетот, што на крај се претвора во отворена кражба, „за партијата“ и божем нејзината каса.


Земете го примерот само со идејата и акцијата „компјутер за секое дете“, што ја спроведуваат овие од „преродбеничкава“ банда на Груевски. Брилијантна идеја која во пракса се претвори во едно големо ништо за оние за кои беше наменета, но затоа десетици и десетици милиони евра завршија во џебовите на партијата, нели, и во фирми блиски до нив кои беа избрани за имплементацијата.


За тоа како се изведуваат вакви прердбенички акции можете да прочитате на следниво линк: http://www.vecer.com.mk/default.asp?Item...9492AFD78F).


За да ви биде сликата појасна, треба да се знае дека станува збор за истата српска компанија која само неколку месеци подоцна со Македонија потпиша договор вреден 15 милиони долари за купување на 55 илјади компјутери (http://www.comtradegroup.com/ComTradeGro...icleId=192.


Нејзиниот дилер за Албанија и сопственик на филијалата во Кипар, деновиве имаше некаква мала несреќа со Цесната која излетала од еден хрватски аеродром, каде Дамир Фазлиќ се упатил со својот пријател да крстарат со нивната јахта по Јадранските острови.

Не знаеме каде летува сопственикот на македонската филијала на CT групацијата, дотолку повеќе што неколку месеци пред договорот за компјутерите добил задача да го прошири и асортиманот на LG производите во Македонија: http://www.comtradegroup.com/ComTradeGro...icleId=163


Лустратцијата како прв чекор


Поради вакви примери, умно би било, новиот политички оригинален субјект што очекуваме да се формира и да се обиде да ја доведе Македонија во вистинска насока, да не речеме да ја спаси, да појде во исцртувањето на своите цели многу поскромно, да ги димензионира така што ќе знае дека може да ги исполни, а притоа, да ги избегне сите опасности што демнат. И од КПО и од нивните ментори од север и разни други стапици на кои може да се наиде, ако не се следат умно стратешките правци во меѓународната политика. Тоест, ако не се следат внимателно чекорите од неколкуте субјекти што го чинат мултиполарниот свет на денешницава, но пред се и се уште, Москва и Вашингтон.


Секако, тука треба да се имаат предвид и силината и безмилосноста на големите мултинационални корпорации, но и суровоста на која е подготвена мафијата доколку почуствува дека нејзините интереси се стратешки загрозени.


Вака на прв поглед се чини дека тоа е сизифовска работа, но цврсто стоиме на убедувањето дека Македонија и нејзините граѓани имаат капацитет да влезат во една таква крупна игра, во која еднствената цел и крајниот влог, е Македонија.


Во тие сал неколку стратешки идеи што треба да бидат зацртани како цел на идната македонска партија, прва и основна, со најголеми букви запишана, секако дека треба да стои лустрацијата.


Спроведување на акцијата за целосно откривање на сите стари инсталации на комунистичкиот режим, т.е. откривање и отстранување од каква било јавна функција на сите доушници кои кодошеле од идеолошки причини.


Заправо, ваквите доушници кодошеле за пари, за привилегии или поради тоа што биле уценувани, а идеолошки жртви биле кодошените, чии животи се менувале драматично поинаку, на полошо, по актите на кодошење.


Зошто овој процес на лустрација е алфа и омега во секоја реформа на Македонија? Едноставно, затоа што поради кодошењето настанува своевидна сеча на најистакнатите прогресивни умови во Македонија, на македонската и на интелигенцијата на другите малцинства што живеат во државата.


Како што се случувало тоа до 1990, така се случува и денес, иако многу пософистицирано. Разликата е во тоа што денес луѓето не се испраќаат во Идризово или на некој си Голи Оток, туку се уништуваат ментално, економски, а понекогаш и физички.


Со притисокот што истата таа полиција и истите тие кодоши го прават врз луѓето што сакаат поинаква Македонија, таа ги уништува или ослабува до максимум сите интелектуални и економски потенцијали на земјата и со тоа директно влијае врз нејзината иднина.


На повеќето од нас, денес најверојатно многу ни е појасно зошто КПО се обиде во целост да го уништи проектот наречен лустрација и зошто таа софистицирана задача му беше доделена на Стојан Андов.


Имено, КПО сфати дека темелите на нивното безбедно останување на власт и по почетокот на транзицијата, е само доколку имаат своевиден систем за рано предупредување и јавување за потенцијалните нивни загрози.


Политиката е жива материја, парите исто така, поради што нештата можата да станат непредвидливи. Оттаму, системот на владеење за да се задржи таков каков што бил, налага контрола на сите институционални и вонинстиуционални форми на дејствување и центри на моќ во една држава.


КПО тоа го има постигнато на тој начин што едноставно ја презеде старата комунистичка школа – кодош во секоја улица, во секое маало и пред секое гранапче, кодош во секоја берберска или молеро-фарбарска задруга, конечно кодоши по весниците, институциите на извршната, законодавната и судската власт, како и кодоши во медиумите.


Секоја платформа на изразување, секоја институција што претставува каков – таков центар на моќ, секоја фирма поголема или помала, но, која е некаков играч на некаков пазар, локален, регионален или меѓународен (такави заправо и немаме), мора да биде контролирано.


Така правеа комунистите. Така прават и „демокративе“. Системот за рано набљудување, јавување и тревожење воспоставен преку старата и новата кодошка мрежа, им овозможува рано планирање на мерките за против удар, контрола или целосно уништивање на секоја закана по нивната власт и нивното лично богатство.


Методите на дејствување денес се инакви, како што рековме, но не им се непознати и убиствата.


Тоа впрочем најјасно се виде во случајот со атентатот врз Глигоров, кога освен што посегнаа по неговиот живот, посегнаа и по животите на сите можни сведоци и полусведоци, со цел да ги избрашат и последните траги.


Да не зборуваме пак, дека се подготвени и на поголемо „пуштање крв“ за здравјето на нивниот систем, како она што беше со режираната војна од 2001 година, која заврши со Охридскиот рамковен договор.


Стојан Андов – човек за софистицирани задачи


Свесни за значењето на овој нивен безбедносен штит, КПО реши по секоја цена да не дозволи реално спроведување лустрација во Македонија. Но, како и со формирањето на повеќепартискиот систем, решија да одглумат чесни намери за лустрација, па стигнаа и до закон за лустрација, кој како што гледаме е целосно неприменлив и е мртво слово на хартија.


Таа софистицирана задача му ја дадоа на единствениот „стар лисец“ после Глигоров, Стојан Андов, кој, се разбира со „одлично“ напишаниот закон на некој начин се штити и самиот себе си, особено неговата улога

во почетоците на транзицијата во Југославија и Македонија и формирањето на лажниот повеќепартиски систем.


Овој „стар лисец“ во изминативе 20 години одигра одлично и во полза на КПО, било да станува збор за залажување на народот дека живееме во повеќепартиски систем, било во залажувањето на народот околу првиот Устав, измените на првиот Устав по барање на Бадинтер, вторите измени по барање на Холбрук, а потоа и измените направени по Охридскиот договор. Многу забележителна е и неговата улога во приватизацијата и лобирањето за одредени компании во Македонија – крупни играчи во енергетската сфера и во сферата на осигурувањето (МАКПЕТРОЛ и КЈУБИ).


Поради се погоре напишано, од исклучителна важност е, секој нов политички субјект што има чесни и искрени намери да владее со Македонија поради нејзе и нејзините граѓани, а не поради свои егоистички интереси, како прва цел треба да си запише целосна демонтажа на информаторската мрежа во Македонија и дијспората.


Тука мислиме на оној дел од информаторската мрежа кој работи за полицијата или параполицијата на КПО и кој се занимава исклучиво со кодошењето по идеолошка основа, односно со тоа кој бил за голема, а кој за мала Македонија, кој бил вмровец, а кој на линија, кој можел да го загрози „уставниот поредок“ со повикување на рушење на се уште актуелниот комунизам, итн, итн.


Од лустрацијата секако треба да бидат внимателно изземени сите информаторски мрежи и групации на полицијата воспоставени со цел таа да биде поефикасна во борбата против криминалот и корупцијата или пак во безбедносна смисла од домашни и надворешни закани по државата.


Во натамошниот дел од статијава ќе се обидеме да ги детектираме другите клучни стратешки цели на идниот политички субјект што треба да и помогне на Македонија да се врати во вистинскиот колосек.


Лустрацијата иако е дел од реформата на политичкиот систем, ја издвоивме сосема посебно, затоа што таа де факто не е услов, туку предуслов за каква било реформа во Македонија...


(продолжува)


Владимир Костовски 16.07.2010


*(под синтагмата Македонија на Македонците се мисли на Македонците како нација, што значи, треба да се чита „Македонија на сите граѓани на Македонија“)
30-03-2011, 12:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13


Quote:Македонија на Македонците (2)*


НОВ ИСТОРИСКИ ДОГОВОР



Има два типа на постигнување на единство во една држава која е по природа мултиетничка, мултиконфесионална, мултикултурна. Едниот е, доминација на мнозинскиот народ врз другите. Вториот е, екстремна толеранција и беспрекерно владеење на правната држава во целост, особено во сегментот почитување на колективните и индивидуалните човекови права. Ако тоа подразбира целосна самоуправа, кантон, регион или федерална единица во која и да било државно - правна смисла, зошто да не? Македонија не треба да се плаши да стане еден вид Швајцарија на Балканот. Напротив, тоа може да биде нејзината предност.



„Пресудата“ на Меѓународниот суд за правдата во врска со независноста на Косово веројатно ќе придонесе за отворање на очите и кај оние најзакоравените и најфундаменталните патриоти-романтичари.


Оваа одлука јасно ја потврди старата вистина дека меѓународното право е една пивтиеста, глинена категорија и дека тоа се толкува според волјата на големите, моќни играчи на светската сцена, иако не е незанемарливо и прогресот на стандардите во областа на човековите права во изминатите 100 години, барем на хартија и декларативно.


Тоа е така, без оглед на избалансираност во експликацијата на Судот, без оглед на привремената радост кај нашите „здрави“ проевропски и пронатовски сили, без оглед на слепоста со која македонското МНР веднаш ја поздрави и ја протолкува како потврда на визионерството на македонската надворешна политика.


Оттаму, сосема е јасно дека Македонија мора во градење на своите стратешки цели да се однесува мудро и прагматично, би рекле попрагматично од кога било. За значењето на оваа одлука во врска со надворешната политика на Македонија ќе пишуваме нешто подоцна, а сега ќе се осврнеме на внатрешната политика, затоа што конечно, надворешната политика, всушност, е само одраз на внатрешната политика и состојбите во секоја земја.


Она што на Македонија и е неопходно, она што од секогаш и недстасувало, е цврстина и интегрираност внатре. Некој вид национално единство на земјата за нејзината сегашност, особено иднина. Најпроблематични во тој поглед се меѓуетничките односи, а потоа и квалитетот на уставно - правните решенија врз кој почива системот, што се уште лажно го претставуваат демократски.


Цврстината и решавањето на меѓуетничките односи е можно на два сосема спротивставени начини. Едниот е доминација и цврсто владеење на мнозинскиот народ, т.е. македонскиот и примена на неговите правила на игра, застапување првенствено на неговите интереси и поистоветување на интересите на земјата со интересите на народот.


Овој начин се уште е присутен во светот. Без оглед што не е „трендовски“, што, така да речеме, излегол надвор од времето, т.е. од современите постигнувања

во областа на почитувањето на правата на луѓето во светот, особено во мултиетничките општества, моделот на доминација на мнозинскито народ е присутен и во „најдемократска“ Европа, во нашето соседство, т.е. кај сите наши први комшии, во Турција, на Блискиот и Далечниот Исток, во Централна Америка, итн.


Треба да се истакне дека, покрај тоа што е веќе непопуларен, овој модел е прилично скап модел. За да може мнозинскоот народ да управува во една мултинконфесионална и мултуиетничка земја по пат на доминација на мнозинското население, треба постојано да ги одржува во топ форма оние институции на земјата кои се столб на безбедноста, правосудството, т.е целиот репресивен апарат. Но, овој модел, според целото досегашно светско искуство, во иднина гледано, е губитнички модел.


Тоа особено ќе дојде до израз со се поголемиот степен на образование на луѓето, зголемената самосвест и културно издигање на т.н. репресирани малцинства. Интернетот и пристапот до секоја информација во реално време си го чини своето, а ист ефект во кумулативна смисла ќе има и последната одлука на Меѓународниот суд со која ја започнавме статијава.


Вториот модел е сосема спротивен од првиот и за него тука ќе стане малку повеќе збор. Тој не е модел на сила, туку на екстремна толеранција и владеење на правната држава во целост, особено во сегментот почитување на колективните и индивидуалните човекови права.


За да се постигне кохезијата и силината на Македонија внатре, по што ќе следи и успехот во нејзините стратешки цели во надворешната политика, потребни се многу порадикални и пореволуционерни чекори од досегашните и суштинско менување на некои одредници во политичкиот систем и структурата на самата држава. После тоа, логично е да се оди во реформата и на другите нешта, какви што се поставеноста на економскиот и социјалниот систем, образванието, медиумската сфера, итн.


На идните носители на власта во Македонија е дали е покорисен и поприменлив првиот или вториот модел. Ние накусо го образложивме првиот, познат во цивилизацијата од пред македонското царство и собено во и владеењето на Римјаните. А, сега нешто и за вториот, кој сепак, по наше скромно мислење, е фаворит на новото време, на 21.век.


Сосема нов тип меѓуетнички односи


Мекото ткиво на Македонија во последните 60 години е јасно изразено и тоа не е непознато и за најобичниот лаик. Меѓуетничките односи, посебно односите помеѓу конститутивниот народ, македонскиот и најбројното малцинство, албанското. Од односот меѓу 63 процентното православно население (читај Македонци) и 30 отсто муслимани (читај Албанци), директно е меѓузависно секое придвижување на Македонија во позитивна или негативна насока.


Порано во една колумна веќе беше образложено дека односите помеѓу Македонците и Албанците во Македонија отсекогаш бил обременти со слепото следење на српската внатрешна и надворешна политика кон албанското прашање, која пак се покажа целосно неуспешна и погрешна.


Впрочем, истата таа погрешна македонска политика водена за српските интереси, пред 40-тина години доведе до масовно иселување на турското малцинство, претежно од западна Македонија, чие место беше пополнето со големи групи Албанци од Косово. Во таа смисла, Македонија секогаш, на некој начин е жртва на туѓи интереси.


Политиката на владеење со сила врз малцнските заедници и доминација на матичниот народ секогаш создавала тензична ситуација, малцинствата биле потиснувани до тој степен да почнат да ја мразат и да не ја чувствуваат како своја земјта во која се родиле и живеат, за на крај, да заврши како што заврши со Косово. Еден ден ќе се создадат поволни околности меѓу големите сили, тие ќе го искористат внатрешното незадоволство кај малцинството, ќе манипулираат со тоа остварувајќи ги своите геостратешки интереси на државно, а корпоративни на микро ниво, самото малцинство ќе создаде отпор до степен на прераснување во бунт и оп, готова работа. Ни со крв потоа не можете да ја решита работата во полза на мнозинскиот народ.


Тоа Македонија делумно го почувствува на своја кожа, кога една, практично увезена и договорена војна во 2001 година, резултираше со примирје и со смена на уставниот и законскиот поредок. Иронијата беше во тоа што Македонија тогаш ги направи сите оние отстапки кои можеше да ги направи уште десетина години порано, при самото конститурање на независноста во 1991 година. Со тоа можеше да ги пресретне настаните од иднината и сето тоа да го нарече мудра државна политика, што како модел ќе го извезува во смисла на ширење безбедност, политички и културни вредности.


Но, како и сега, „српските“ кадри во македонската политика беа многу, многу силни и тогаш, а се што се правеше, всушност беше во српски интерес и за одбрана на српските стратешки војни, кои Белград ги изгуби сите од една – и на западниот фронт и со Црна Гора и со Косово. По ова, од држава со излез на топло море и територија која требаше да биде поголема барем за Република Српска (Хрватска Краина беше намерно предадена во директен договор меѓу покојните Милошевиќ и Туѓман), Србија остана затворена континентална земја и помала за уште 20 тина илјади километри, губејќи го и Косово. Прво воено, а еве сега на тоа му е даден и легитимитет со одлуката на Меѓународниот суд на правдата.


Повеќе од Рамковниот


Затоа, Македонија не смее да ги повтори грешките од минатото. Македонија ако мудро играше уште во 1991 година ќе беше многу силна држава, зашто ќе беше единствена. За постигнување на тоа единство, кое сега е дополнително нарушено и од владеењето на двете банди од исто генетско потекло(СДСМ и ВМРО ДПМНЕ), нужни се цврсти и единствени односи со Албанците во Македонија. Толку цврсти, што ќе доведат до тоа албанското етничко малцинство да ја чувствува Македонија за своја матична држава, да ја сака, барем исто колку и матицата Албанија и да почне да ја споредува по добро, а не по лошо.


Конечно, добри врски и заеднички соживот до степен кога на македонскиот Албанец нема никогаш да му биде проблем да се каже дека е македонец, во смисла Албанец од Македонија, исто како што на времето речиси никој од нив немаше проблем да се каже дека е југословен, т.е. Албанец од Југославија.

Албанците што биле на гурбет низ Германија и Швајцарија, на пример, тоа многу добро го знаат, исто како и оние Албанци кои што живеат и работат во САД и кои немаат никаков проблем да се претставуваат како Американци.


Како до тоа? Македонија водејќи една погрешна и туѓа политика, во која во последните 20 години беа произведени „Илирида“, „Бит-пазар“, „Мала Речица“ или „Гостивар“, итн, итн, се доведе до тоа дереџе, во 2001 година да мора да се соочи со погодно тло за манипулација и режираната војна да биде претставена како бунт на малцинствата поради недостиг на колективни и индивидуални човекови права. Токму во тоа се трансформираше почетното уфрлање на бандитски групации од Косово во Македонија, за на крај да заврши со примирје и т.н. рамковен договор, кој доведе до смена на Уставот.


Смената на Уставот произведе смена на законите, за на крај, се да се сведе на исполнување на она што Албанците го имаа како политички барања уште при пишувањето на првиот Устав во 1991 година. Дури и повеќе, зашто Македонија де факто е трансформирана со сила од мултиетничка во бинационална држава, со многу елементи кои се предуслов за федерална држава


Се разбира, „умните“ уставотворци, како што се Љ. Фрчковски или Владо Поповски тоа денес нема да ви го признаат и се уште ќе се фалат дека со својата памет пишувајќи го Уставот во 1991 година, како и со својата советодавна улога за време на Охридските преговори ја „спасиле работата“ и пред се унитарноста на Македонија.


Кога веќе е таква работата, кога така не учи историското искуство кое довело до сегашната состојба, треба да се преземат радикални и храбри решенија, зашто се уште не е доцна да се постигне толку посакуваното единство на меѓуетнички план меѓу Македонците и Албанците. После такво единство, двата етникума можат да се борат за сопствените интереси и интересите на сопствената држава Македонија, а против заедничките опасности што ги имаат од север и од југ.


Можното решение за идните носители на власта во Македонија би било озаконување на реалната и постоечката состојба, со мали измени кои ќе гарантираат опстанок на државата и погребување на конфликтите предизвикани од етничка или верска побуда.


Озаконување, на тој начин, што Македонија би била еден вид федерација. Дали тоа ќе се стори директно со менување на Уставот во таа насока или индеректно со легализација на кантоналната, регионална, т.е. политиката на силна автономија на региони, тоа засега и не го сметаме за многу битно.


Нов историски договор


Ако на македонските Албанци им е потребен самоуправен регион, кантон, федерална територија, за да ја стекнат вербата дека Македонија е нивна држава и дека Македонците им се браќа и немаат никакви задни мисли кон нив, тогаш тоа може да се постигне преку еден вид нов историски договор.

Тој нов договор би имал предуслови без кој нема да може да биде реализиран.


Темели на тој нов договори би биле целосна самоуправа, но без право на отцепување, а како дополнителни гарантори на тоа и на економската одржливост на државата, би останале заеднички единствената валута, единствени монетарни надлежности на централната банка, надлежноста на некои државни органи какви што се оние за регионален развој или уште поважно управување со природни ресурси, како и функционирањето на криминалистичката и контраразузнавачката полиција по примерот на американското ФБИ. Би се задржала и единствената надлежноста на судскиот

систем во трет степен, во смисла на надлежност на Врховниот и Уставниот суд и би останала заедничка Армијата, како и надворешната политика, иако самите федерални или регионални единици би имале висок степен на автономија и во тој поглед. И ништо повеќе.


Целата управа на таа територија од правен, урбанистички аспект, основниот безбедносен аспект, управување со природни ресурси (со исклучок на водата за која мора да постои согласност од целата заедница), се друго, значи, би било надлежност на регионот, кантонот, федералната единка.


Основно е во старт да се постигне договор и тој да биде запишан во новиот договор и новиот устав, дека федерализација на Македонија може, но без право на сецесија. Оти, да не заборавиме, Македонија не само што нема територија за давање повеќе, туку има за земање.


Албанците и Македонците, т.е. во иднина македонците заедно, ќе можат потоа да се посветата самите на себе, т.е. на државата многу попродуктивно отколку со сегашнава недоверба, која се регенерира, се градат нови брани, јаз помеѓу народот/народите, заплашувања едни со други, оттуѓеност и практично живот кој води до нови конфликти и војни.


Мултуиетничноста заеднички интерес


Во смисла на поддршка на остварување на колективните човекови права, идната македонска политичка владеачка партија во смисла на овој нов историски договор треба да ја истурка позицијата на мултиетницитетот на Македонија и да ја смени праксата во насока дека едно малцинство не може да биде порелевантно од друго.


Во таа смисла, сето она што е предвидено како бенефит за Албанците, треба да го уживаат и припадниците на сите други малцинства и етнички групи во Македонија. Значи Турци, Роми, Власи, Срби, Бугари, итн, итн...Сите тие ако се групирани на едно географско место, треба да уживаат право на формирање самоуправа, регион, кантон, федерална единка.


Сегашниот принцип, сегашното уставно уредување, во кое божем државата е унитарна, а де факто федерална, ако државата само на хартија е мултиетничка а де факто бинационална, е крајно неправедна и непрагматична политичка ситуација.


Во Македонија денес проблеми имаат сите нејзини граѓани. И Македонци и Албанци и Турци и Власи и Срби и Роми и Бугари, но, само проблемите на Албанците се издигаат на пиједестал и само за нив се дискутира.


Кога принципот на Бадинтер, како пример, би бил воведен секаде, тогаш нема да има незадволен народ, малцинство или етничка група. Зошто на пример, 40- те илјади Срби или дупло повеќе Турци, не би имале исти колективни права како Албанците. Зошто, конечно, огромната влашка или ромска популација би била сведена само на декор, со по еден свој помошник, заменик министер или директор на некое јавно претпријатие.


Принципот на мултиетничност бара и принцип на хируршки справедлива еднаква политика кон сите. Од тој апсект, дефинитивно е потребно сите малцинства да бидат третирани подеднакво, а не некои да бидат третирани поеднакви од другите. Тоа треба важи во секоја пора на системот, вклучувајќи

го и јазикот. Не може судовите да не можат да донесат правосилна судска одлука ако списите не биле преведени на албански јазик, а да судат без проблем ако не се преведени на ромски, турски , влашки, итн. Како за едните, така за сите. Така се гради сложна и единствена држава, бесконфликтна во смисла на почитување на етнички или културолошки разлики.


Другиот пат е мајоризација и пат на доминација, кој како што гледаме, не е исплатлив за малите држави и во овој актуелн миг на меѓународната политичка сцена, секогаш може да донесе неочекувани проблеми кои можат да бидат спинувани до бесконечност, т.е. до целосна загуба на територијата, односно до распад на државата.


Преку тој нов историски договор треба да се направат дополнителни уставни измени со кои ќе се озакони Македонија на Македонците, т.е. на Македонија на сите – на македонскиот народ и на малцинства кои живеат во нејзе, и притоа никој да нема ексклузивитет да решава за нејзината иднина.


Потребни се измени во сите три власти. Во Законодавната, т.е. во Собранието, каде ќе треба да се формира дом на регионите, кантоните или на федералните единки. Во централната извршна власт која ќе владее по принципот на инклузивност на министри од сите етнички припадности. Во судската, каде на третиот степен, во Врховниот или Уставниот суд, ќе седат најобразуваните правни експерти во Македонија.


Потребни се и смени и во сите други закони, вклучувајќи го и изборниот закон, кој ќе се измени во насока да бидат загарантирани максимум места во парламентот за претсавници на малцинските заедници.


Практично, функционирањето на државата во уставно правна смисла би било слично со функционирањето на поранешната федерална Југославија, при што јасно ќе бидат разграничени сите надлежности на централните и на регионалните извршни, законодавни и судски власти.


Можеби ова некому ќе му звучи како утопија или како рецепт за распаѓање на Македонија исто како што се распадна и Југославија, но тоа е погрешен заклучок. Зашто, Југославија не се распадна затоа што сите нејзини федерални единки беа еднакви, туку затоа што некои, како српската, хрватската или словенечката беа поеднакви од другите. Се распадна затоа што некои доминираа и сакаа така и да остане, како што тоа го правеа Србите. Се распадна, конечно, затоа што под маса се водеше строго национална политика која влечеше на српска, хрватска и словенечка страна, дури и во економскиот развој на конститутивните единици на авнојска Југославија.


Менување на индивидуалните човекови права


Предноста на еден ваков нов модел на Македонија ќе биде огромна. Македонија дури тогаш со право ќе може да се надева дека ќе ги разбуди македонците што како малцинства живеат во соседните земји, да ги поттикне да се борат порешително за своите и колективни и ииндивидуални човекови права. Македонија со еден ваков модел ќе ги изложи на невиден притисок застарените унитаристички и класично националистички, како и се уште имепријални политики, толку забалежливи кај своите соседи.


Откако колективните чоекови права ќе се издигнат на степен на максимално можно почитување, она што е уште поважно е развој до совршенство на индивидуалните човекови права.


Ако денес ги погледнете малку посуштински работите, ќе забележите дека де факто, проблемите на мнозинскиот македонски народ не се нешто многу поразлични од проблемите на граѓаните од кое било малцинство. Албанецот, Турчинот, Ромот, Македонецот.., се соочуваат подеднакво со лоша и корумпирана државна администрација.


Сите заедно живеат мизерно затоа што заедно се крадени од мафијашка структура која како наследник на комунистичката елита и натаму со помош на тајната полиција и параполиција успева да владее со државата.


Сите заедно немаат осноновно човеково право на економска сигурност, на квалитетен здравствен систем, на квалитетно образование, на квалитетна социјална сигурност, на слобода на мислата и говорот, на еднаквост пред законите...


Сите ние заедно и Македонци и Албанци и Турци и Роми...ги имаме истите проблеми кога ќе се соочиме со корумпиран судски систем, со корумпирани полицајци или цариници или пак, кога ќе посакаме подобри услови за живот.


Македонија денеска има стратешки проблем со тоа што не ги исполнува основните човекови права на своите граѓани, меѓу кои, дури и правото на живот. Иако сите овие права се гарантирани во Уставот, лесно може да се случи да го загубите својот живот или животите на своите најблиски поради истата таа недоквакана и недозреана државна управа што владее со Македонија, за најмала баналност.


Тажни се примерите во кои губите живот поради несовесност или корумпираност на лекари во јавното здравство или поради лоши патишта, кои пак, во вкупниот биланс на случени сообраќајни несреќи никогаш не стојат како фактор. Секогаш вината се префрла врз луѓето, со онаа шаблонска полициска фраза - „неприлагодено возење според условите на патот“...


Но, уште потажно е, кога умирате на рати, поради тоа што за туѓи интереси, за интереси на елитата, сте биле избркани од работа како технолошки вишок или стечаец и оставени на цедило. Или умирање на рати кога поради брзо мафијашко богатење, државата ќе ги земе под заштита авторите на разните пирамидални направии од типот на ТАТ кои ви го зеле и последниот заштеден денар...


Македонија денес е држава во која дури и не смеете слободно да критикувата или зборувате. Значи нема основна слобода на говорот во целост, затоа што, ако случајно станете преопасен со своите критики, на овој или на оној начин ќе ве изеде „црна помрачина“.


Ете затоа, да повториме, секој кој што има намера чесно да владее со Македонија во иднина, ќе мора да се заложи за беспрекорно почитување на индивидуалните човекови права.


Впрочем, во тој случај, убедени сме, колективните права ќе останат како второстепна категорија која нема толку да се чувствува како проблем кај народите, малцинствата и етничките групи што живеат во Македонија...


(продолжува)


Владимир Костовски 27.07.2010


*(под синтагмата Македонија на Македонците се мисли на Македонците како нација, што значи, треба да се чита „Македонија на сите граѓани на Македонија
30-03-2011, 12:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14


Quote:Македонија на Македонците (3)*
вторник, 10 август 2010 16:11


МАКЕДОНСКИОТ NEW DEAL

[Image: new_deal_wpa.jpg]



Новата владеачка политичка елита ќе мора конечно да го стартува македонскиот „нов договор“, односно да ги започне реформите со цел економско заздравување на државата, која дури тогаш ќе биде привлечна за странските инвестиции, ќе има свое место во регионалната политика и ќе ги алиментира потребите на своите граѓани



Не се сеќаваме баш најдобро, но, некаде сме прочитале дека некогаш, не така оддамна, во Македонија имало и пософистицирано индустриско производство од правење петожилни кабли и топење на олово – цинкова руда или железо. Некаде сме прочитале дека во таа земја до пред едно 20 години имало една фабрика во близината на Скопје која правела автобуси. ФАС се викала и врз основа на некаков договор за стратешка соработка, прво со германски МАН, а потоа и со Мерцедес, се правеле автобуси кои се уште можат да се видат по улиците на Скопје и другите градови, а ќе ги видите и низ земјите од Третиот свет, кога тие автобуси биле значаен извозен производ.

Фабриката пропаднала во почетокот на транзицијата. Пред неколку години од банката која ја поседуваше врз основа на хипотеки од деведесетите, ставени врз фирмата со цел полесно да се ограби, ја купил извесен новопечен бизнисмен по име Славе Рашпаскоски. Тој, иако имал намера да го обвнови производството и полека да го врати капацитетот од најдобрите времиња, очигледно не „подмачкува“ кај што треба, па никако да добие работа во Македонија.

Не може човекот да стигне на ред од разни „камчевци“ со нивните понуди на кинески „дабл – декери“ или на разни украински лобисти во Македонија, кои успеаја на Скопје да му шитнат неколку стотини украински автобуси од последниот тендер за обнова на градскиот јавен превоз.

Исто така сме прочитале, дека на времето постоела некоја фабрика ХЕПОС, во составот на големиот металопреработувачки комплекс МЗТ(Металски завод Тито), која правела софистицирани системи за кочење на возила на шини. Таа фабрика ги произведувала кочниците за повеќето железнички компании во поранешна Југославија, а велат дека последната голема зделка на почетокот на транзицијата и била шиткање кочници за тролејбусите низ градовите во Чешка и Словачка. По периодот на “трансформација на општествениот капитал“, читај прелевање на капиталот во тесна сопственичка група одбрана од комунистичката елита на почетокот на деведесетите, таа фабрика почнала повторно да произведува и да развива свое производство, дури и да извезува, а потоа се шитнала на некој италијански концерн за системи за кочење.

Пред три - четири години, Италијанците ги купиле Американци, а на тој начин и ХЕПОС. Но, од тогаш до денес, за таа компанија не можете да прочитате ни ред. Но, како и да е, таа дури може да се вброи и во поуспешните транзициски приказни.

Во рамките на тој гигант МЗТ, имаше и една друга фабрика која правеше некакви запчаници и цели редукторски и менувачки кутии за тешки товарни возила и за возила за специјална намена, меѓу кои и за тенкови. Оние што се занимаваат со машинство велат дека менувачи и редуктори се ѓаволски сложена работа и оти тоа знаење и искуство не смее да се пушти низ вода. За жал, со “трансформација на општествениот капитал“ и таа фабрика отиде низ вода.

Кога сме веќе кај производството за специјални намени, во Македонија имаше и други такви фабрики. Едната е во Самоков во близината на Македонски Брод, која со децении успешно произведуваше спортска и борбена муниција и експлозиви. Фабриката со години не работи, благодарение и на „големиот“ бизнис потег на Владо Бучковски од времето кога тој беше премиер, кога целиот комплекс му го шитна на некој Грк за милион и нешто илјади евра, кои патем никогаш не ги уплати. Гркот и не се ни појави во Македонија, освен за да ги испразни магацините на фабриката во Самоков и да ги шитне за многу поголема сума веќе готовите производи. Нешто него и го осудија ама не е достапен за државата. Дури сега,, по години неработење, некои Чеси ја купиле и ветуваат дека ќе го обновеле производството.

Слична судбина имаше и една друга фабрика од Прилеп, Еурокомпозит ли се викаше, која никако да застане на нозе и се дави во долгови, иако произведува разни типови борбена галантерија и оружје. Од рачни фрлачи, преку шлемови и заштитни елеци, до надградба на транспортни борбени возила.

Сме прочитале дека во Македонија на времето се правеле и фрижидери. Замислете, тоа ви е еден сложен технолошки систем (исто како и клима уредите), а ние таа технологија сме ја имале во Битола, каде постоела некоја фабрика која се викала “Фринко“. Во периодот на “трансформација на општествениот капитал“, фабриката изчезна, денес таму се руини и иако имаше некој обид од некоја турска компанија да го купи тој пропаднат капацитет, од тоа до ден денешен нема ништо. Затоа пак, Македонија денес на големо увезува фрижидери од цел свет, а понајмногу од словенечката компанија „Горење“.

Имало и некоја фабрика „Треска“, која произведувала мебел. Од кујни и спални до дневни гарнитури и други производи од дрво. Компанијава била позната ширум поранешна Југославија и во соседните земји. Имала свој дистрибутивен центар кој со своите уникатни портокалови камиони на кои пишувало Треска, на некој начин била еден од најпознатите извозни брендови на Македонија. Потоа, во процесот на “трансформација на општествениот капитал“, во средината на деведесетите, оваа компанија им била доверена на спасување на „либералите“ на Андов. Компанијата била така „спасена“ што денес е руина и не постои, а нејзиниот продажен простор низ поранешна Југославија беше „либерално“ разграбан за без пари, се разбира во договор со последниот менаџмент на Треска и со кадрите на Андов...



Опустошено земјоделство, исцицано сточарство

Можеме вака да набројуваме до утре. Но, и овие примери се доволни за да разберат читателите дека Македонија, сепак, не била „претежно

земјоделска земја“ и земја на „полуфабрикати“, туку дека била земја во која се произведувале и технолошки посложени готови производи, кои имале, а ако останале и се развивале, ќе имале и денес свое извозно место на пазарите во светот.

За жал, во процесот на “трансформација на општествениот капитал“, комунистичката елита ниту знаеше, ниту сакаше да ги задржи овие капацитети и со тоа да и помогне на земјата. Единствено за што беа заинтересирани е ограбување и заработка на „лесни пари“, преку полусуровинско производство, она во кое не требаат големи нови инвестиции и развој. Но, тоа е токму она кое е најризично и е зависно од движењата на металите на светските берзи или од судбината на поголемите такви компании во соседството, со кои македонскиве тесно соработуваа.

За таа комунистичка елита која ја разграбуваше Македонија, дури и земјоделството и се виде сложена работа. Големите и сложени агрокомбинати ги растурија, сите до еден, а од пред некоја година почнаа да ги купуваат парче по парче и да произведуваат она што им носи лесна заработка, како на пример вино. Пченица и пченка нема доволно па секоја година се увезува, компири само за на зелените пазари, а единствено струмичките домати, кои од секогаш биле во рацете на индивидуални струмички земјоделци и натаму се добра извозна гранка.

Слично е и со сточарството кое беше значаен сегмент од македонската економија. Од некогашните преку пет милиони грла ситен добиток, денес нема повеќе од 500 илјади. Големите системи за преработка на млеко и млечни производи ги уништија, се со цел да им се направи простор за извоз на истите такви производи на нашите драги комшии од север, кои дури и ја купија најголемата млекарница во земјата, битолската, па сега ни шиткаат битолско сирење направено од српско млеко.

За тоа време, македонските сточари кои пред некоја година беа силно охрабрувани од „преродбенициве“ на Груевски да земаат кредити и да купуваат крави, сега мака мачат како да преживеат, па садат компири. Млекото оддамна никој не им го купува (зашто треба да се увезува млеко на српскиот сточар), кравите ги шитнаа за без пари, а под закана им е целиот имот поради хипотеките од банките. „Преродбениците“ се прават како да не се „од овде“, а оние другите од СДСМ, како никогаш да не чуле и не учествувале во целиот процес на уништување на македонската земјоделска и сточарска база.

И после се, они давале субвенции во земјоделието. Кое? Тоа што претходно и сега здушно го уништуваат?



Богата земја

Македонија денес, после 20 години братска делба на пленот, односно на се она што го правеше национално богатство, делува прилично тажно и неперспективно. Најголем работодавач и бизнисмен е државата со своите 2,2 милијарди евра буџет. Но тие се трошат непродуктивно и најчесто или на непрофитни инвестиции или на услуги.

Услугите патем се и прва дејност во државата која учествува во сосздавањето на бруто домашниот производ(БДП) со околу 60 проценти. Тоа значи дека националното богатство на Македонија почива најмногу врз услуги и трговија. Индустријата и покрај сите напори здушно да се уништи, учествува во БДП-то со околу 20 проценти, а земјоделието, бидејќи ние сме нели „земјоделска земја“, со цели 12-13 проценти.

Поради ваквите соодноси не може да се намали и стапката на невработеност, која упорно се држи на над 30 посто од работоспособното население. Поради тоа и природните закономерности, се поголем број луѓе во Македонија живеат врз трудот на еден те ист, мал број на вработени. Не треба да си економски експерт за да се заклучи дека на тој начин постепено ќе доаѓа до зголемување на општата сиромаштија и до се помалку пари и начини за полнење на фондовите и за исполнување на социјалните обврски на државата.

Но и покрај здушното крадење и практично неводење економска политика (таа се води единствено преку нешто поразумната и потранспарентна политика на одржување на стабилноста на денарот и внимателно чување на девизните резерви во последните години, што пак, е политика на Народната банка, а не на владата), македонскиот БДП се уште се држи на некоја граница за која може да се каже дека не е катастрофална. Со БДП од оклу 5- 6 милијарди евра или според други податоци од околу 8-9 милијарди американски долари, земјата не спаѓа во редот на ултрасиромашни земји.

Бидејќи во изминативе 20 години речиси и да немало сериозни странски инвестиции (најсериозните биле во телекомуникациите и банкарството), може да се заклучи дека Македонија била многу богата земја. Внимавајте, на толку, де факто украден капитал извезен во странски оф-шорни компании и од кој по нешто реинвестиран во Македонија, најчесто во трговија и услуги, на толку малку, односно николку странски „грин филд“ инвестиции во индустриското производство, со такво опустошено земјоделство и сточарство, Македонија се уште има по околу 5-6 илјади евра домашен производ по глава на жител, годишно. Овие бројки значат само едно. Македонија економски се уште има шанси.



Инвестиции и реформи


Секоја нова чесна и патриотски ориентирана македонска владеачка елита, овие шанси треба да ги зграпчи на прва и својот патриотизам да го покаже не со изградба на споменици (како еден од начините на крадење на јавните пари преку тендерските манипулации), туку со преземање на реални и цврсти економски и политички мерки за раст на македонската економија.

Можеби во светската економија и политички констелации многу работи се промениле во изминатите седумдесетина години. Но, некои нешта остануваат константи и тука нема значајни промени уште од времето на американскиот new deal на демократите на Френклин Рузвелт, со што успеаја на власт да се задржат со децении. Практично тоа значи зголемено мешање во економијата од страна на државата, со крајна цел зголемување на економската активност, национално богатство и лично богатство на своите граѓани.

На прв поглед ова ќе прозвучи контрадикторно од две причини. Првиот контрааргумент би бил слобода на пазарот и што помало мешање на државата. Вториот би бил дека државата и денес е главниот бизнисмен во Македонија и на некон начин работодавач, па од тоа ништо. Земјата и натаму е во криза и економски слаба.

На овие контрааргументи ќе ги спротивставиме нашите: во Македонија нема слободен пазар и еднакви услови за претприемачите. Во Македонија нема слободни синдикати. Во Македонија нема праведно и брзо судство што би ги решавало споровите. Во Македонија нема банкарски систем кој би бил во функција на развој на стопанството. Во Македонија нема праведен даночен систем со кој државата на соодветен начин би ги финансирала своите потреби, а во исто време не би ја оптоварувало економијата.

Во Македонија, навистина, државата е и најголем работодавач и е најголем инвеститор, но, како што напишавме погоре, тоа се главно непродуктивни инвестиции. Од друга страна, јавната администрација поради екстремната партизираност на државата е во постојан пораст, со што постојано се зголемува расходната страна за сметка на приходната. И поради сето ова, поради фактот дека во Македонија денес процесите се само квази процеси, цврсто сметаме дека има простор за поквалитетно мешање на државата во заздравување и раст на економската сила на земјата.

Она што мора веднаш да се направи е да се искористи предноста дека Македонија денес е ниско задолжена земја. Надворешниот јавен долг не надминува 30 проценти од бруто националниот годишен производ на земјата. Внатрешната задолженост е уште толку или малку повеќе. Но овие факти воедно покажуваат дека недостасува развојна страна во конципирање на буџетската и вкупната економска политика на земјата.

Новата македонска владеачка гарнитура со чесни патриотски и несебични намери мора да пристапи, под број еден, на големо задолжување од надвор и помало задолжување внатре. По наши проценки тоа задолжување би можело да оди меѓу три и четири милијарди евра и би било наменето за развој на четири сегмента. Инфраструктура, енергетика, здравство и образование.



Пари во патишта и железница


[Image: user756_1153716786.jpg]

Не навлегувајќи во детали зошто, само ќе кажеме дека Македонија денес е зад Албанија и Бугарија во однос на патната и железничката поврзаност на земјата. И внатре и со соседите. За 20 години се уште нема во целост автопатска врска по коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а да не зборуваме за многу полошата состојба со коридорот 8 од исток кон запад, односно од бугарската граница до албанската.

Згора на се, „преродбеничкиот“ премиер пред нецела година даде историска изјава дека државата „немала искуство“ во менаџирањето со патарините, па тоа бил уште еден аргумент патиштата во Македонија да се дадат под концесија.

За железницата не сакаме ни да зборуваме. Таа е во толку јадна и бедна состојба што денес оние што имаат потреба од транспорт, тврдат дека многу е поекономично да ја транспортираат својата стока со камиони, отколку со возови, што е апсурд каков што ретко може да се сретне некаде во светот.

Инвестициите во патната и железничката инфрастуктура повеќекратно ќе се одразат позитивно на македонската економија. Наместо денес единствена градежна активност на државата да биде изградба на згради во центарот на Скопје, со инвестиции во патишта и железници Македонија ќе се претвори во огромно градилиште, кое ќе генерира нови работни места тековно и нови работни места кумулативно, со доаѓањето на реални странски инвеститори кои би инвестирале во земја со средена и модерна инфрастуктура, преку која лесно и брзо можат да ги транспортираат своите производи.

Една од позитивностите би била, сосема онака попатно да споменеме, и намалување на притисокот за населување и живеење во Скопје поради работа. Кога Македонија би поседувала современа патна и железничка инфрастуктура, не само оние од Тетово ли Куманово, туку и луѓе од Гостивар, Велес, Штип, итн, би можеле секојдневно да патуваат во Скопје за работа и да се враќаат со брзи линии дома за половина час или 45 минути.

Вака, сите ови луѓе кои поради пропаднатите економии и можноста само во Скопје да најдат работа, се присилени да размислуваат за времено или трајно населување во главниот град, со што негативно влијаат и за рамномерниот економски развој и за оптоварување на сите капацитети за нормално живеење што ги нуди Скопје.



Македонија мора да изгради нуклеарна централа



Следното големо инвестирање на државата треба да биде во енергетскиот сектор. Капацитетите на Македонија за производство на електрична енергија се лимитирани и се се со краток век на издржливост. Главниот произведувач е ТЕЦ Битола со своите три блока, а нешто подобрата состојба годинава во однос на произведената и потрошената струја, се должи на добрата хидролошка состојба и на намалената економска активност на големите потрошувачи, т.е. фабриките.

Но среднорочено гледано, нема перспектива. Познато е дека нема економски, уште поточно индустриски развој, без енергија. Дали тоа ќе биде струјата, дали гасот, дали мазутот,сеедно. Но, воопшто не е сеедно од аспект на стабилноста и независноста на една земја и од аспект на тоа дали струјата ќе ја купувате или ќе ја произведувате.

Поради икс причини, ние цврсто стоиме на убедувањето дека Македонија мора да инвестира во една нуклеарна централа, со не повеќе од два блока, со моќност од по половина гигават или нешто повеќе од сегашното вкупно производство на ТЕЦ Битола.

Но, покрај во производството на нуклеарката, парите треба да се инвестираат и во производство на струја од вода, ветер и сонце. Во ваков случај, Македонија ќе стане економски независна земја која ќе има доволно електрична енергија за потребите на своите граѓани, за потребите на економијата и за извоз. Цената на овој зафат не треба да надмине околу една милијарда долари, според константните цени на светскиот пазар за чинење на киловат час добиен од нуклеарка.



Пари во образование и здравство

Следната голема инвестиција треба да биде во образованието и здравството. Македонија има катастрофално образование и според квалитетот на образовниот систем, но и според условите за одвивање на наставата.

Реформите и тоа радикални, се нужни во менување на системот на јавно образование, а парите треба да се инвестираат и во купување на знаење и во објекти, за да можат нашите деца да имаат достојни и пријатни услови за учење.

Сегашните трикови со градење спортски сали и тениски игралишта или со купување десетици илјади компјутери (преку српски фирми) кои во многу училишта и не можат да се приклучат, затоа што претходно треба да се замени електричната инсталација стара и по 50 години, се трикови за мали деца и претставуваат нецелисходно трошење на јавните, заедничките пари, што ги собираат во буџетот од сите во оваа држава.

Инвестициите во образованието, но, не преку отворање на државни универзиитети во секое село, туку преку квалитативно менување на системот на школување уште од основното, па во средното и на крај во високото школство, е начин да се дојде до нова образувана генерација македонци, која ќе понуди еден ден нови решенија за натамошен опстанок и развој и на државата и на нациијата.

Конечно, образован човек е и информиран човек. Информиран човек потешко или никако не можете да го излажете и само таков човек може да донесе квалитетен суд кој вреди, а кој не вреди на политичкиот пазар. Само таков човек утре може да размислува за развој и на своето семејство и на компанијата во која работи и на државата во целина. Ете затоа нужно е огромно инвестирање во образованието и преку задолжување во странство, покрај другите, т.е. домашните извори.

Конечно, од големите позајмени пари, голем дел треба да се инвестираат во јавното здравство. Од две причини.

Првата е квалитетна здравствена нега на домашното население. И тоа, пред се, во примарниот здравствен систем, кој ќе делува како еден вид превенција да не се трошат дополнителни средства за лекување во секундарното и терциерното здравство.

Здраво население значи и богато население. Значи работна сила која преку редовен систем на здравствена нега, од дете до старост, ќе ја имате на располагање за економските потреби од кој било вид. Здрав човек е работоспособен човек кој може да придонесува за своето семејство, за компанијата во која работи и за државата во целина. Здрав човек нема да одлева милиони и милиони евра за лекови, за оперативни зафати, за постоперативни третмани на негување. Индиректниот импут во економијата е очигледен и на него имаат одбрането магистерски и докторски тези илјаднци истражувачи во светот.

Но, квалитетно јавно здравство има уште еден директен импакт врз економијата. Со квалитетни и добро опремени болници, јавниот здравствен систем во Македонија, преку една умна развојна и ценовна политика, може да биде и значаен контрибутор во полнење на буџетот преку давање здравствени услуги во регионот, па евентуално и пошироко.

Како што ние денес одиме за трансплантација на бубрег, јетра или коскена срцевина во странство, со подигање на квалитетот на јавните здравствени установи, од извозник на пациенти можеме да станеме значаен извозник и продавач на медицински услуги.

Впрочем, искуствата што ги имаат костозголобната болница во Охрид, скопската Клиника за онкологија или едно кратко време и Стоматолошката клиника, се повеќе од речити и позитивни. Овие установи за пристојни суми продаваат медицински услуги на граѓани од Косово, Албанија, Северна Грција, а имаше малубројни, но, позитивни примери на носење пациенти за стоматолошки услуги од Европа.

Здравствениот туризам денес е значителна економска гранка во развиениот свет и секоја нова политичка гарнитура што ќе владее со Македонија тоа не смее да го испушти како значаен извор на приходи за здравството, а со тоа и растоварување на расходната страна на буџетот и фондот. Ете затоа треба да се инвестиира и преку позајмени пари во здравството.



Други реформи-реформи на умот

[Image: images?q=tbn:ANd9GcQJW_S9cS-kPUPjxXSRwuT...HLkCciV4g=]

Секако, македонскиот new deal подразбира и редица други инвестиции и реформи, но пред се реформи на умот.

Македонската патриотска владеачка елита, на пример, треба да изврши реформи во законодавна смисла и врз законите за работни односи и за синдикално здружување. Новата македонска влада, со чесни и патриотски намери, треба да ги тргне своите шепи од синдикатите и нив да ги поттикне да се развиваат слободно во интерес на своето членство, а не во интерес на владеачката партија.

Македонија во изминативе 20 години никогаш не се ни обиде да се ослободи од комунистичката навика, синдикатот да го третира како продолжена рака на партијата. Оттаму, Македонија денес и покрај постоењето на три големи општи синдикати, од кои едниот, божем „државен“, а другите божем „независни“, де факто нема синдикално движење и претставува срам во поглед на заштита на правата на луѓето од нивните работодавачи.

Партијата на власт преку полициски мерки секогаш ги контролирала сите синдикални движења во државата, а синдикатите ги третирала за демократски декор пред развиениот свет. Тотално погрешна политика која доведува до масовно незадоволни работници, кои откако изгубиле надеж во државни институции, изгубиле надеж во судска заштита, немаат заштита ни кај синдикатите во кои членуваат и плаќаат членарина.

Паралелно со тоа треба да се оди и на измена на работното законодавство, кое без икслучок во изминативе 20 години се менуваше на лошо, т.е. во интерес на тесна група олигарси и нивните интереси. Да се биде денес македонски градежен работник, да се биде работничка во текстилната индустрија или да се биде работник кој сака да има деца и да земе трудничко и породилно отсуство, е незамисливо мизерно, дури и под минималните стандарди кои ги пропишува развиениот свет.

Константното кратење на правата од работниот однос можеби носат краткорочни поголеми заработувачки за сопствениците на компаниите и за државните фондови, но долгорочно, наместо развој, носат регрес и назадување. Да се разбереме, туку не праиме муабет за 13-та, 14-та или 15-та плата. Тука не зборуваме за одземање на можноста работодавачот да го отпушти работникот од работа. Тука зборуваме пред се за европски но и за американски модел на заштита на елементарните права на вработениот што ги има од работниот однос.

Секако, под број еден, правото на исплата на неговата плата на време, правото на заштита при работа и правото на одмор.

Новата македонска владеачка гарнитура треба да направи инвестиции и реформи, и во македонското судство, во македонскиот банкарски систем, во даночната политика која треба да ги поттикнува инвестициите во индустријата и другите извозни сектори, итн, итн.

Значи македонскиот new deal го замислуваме како комплексна операција, временски ограничена и со јасни и мерливи крајни цели. Кога тие цели ќе се остварат, потоа може да се зборува за постепена дерегулација на пазарот и оставање на пазарните субјекти да се раководат од пазарните законитости.

Но, за да се постигне сето тоа, треба да се има, знаење, политичка воља и пред се чесни намери. Политичката елита која владее со Македонија од 1945 треба да се откаже од себичните намери во интерес на македонските граѓани и во интерес на Македонија.

Недозволиво е веќе врз Македонија да се гледа како на феуд со неограничена можност за лично богатење, а на македонците како на суровина која постојано ќе се цица за интересите на комунистичката елитата и на нивните ментори на север...

(продолжува)

Владимир Костовски

*(под синтагмата Македонија на Македонците се мисли на Македонците како нација, што значи, треба да се чита „Македонија на сите граѓани на Македонија“)
12-04-2011, 09:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15


Quote:Македонија на Македонците (4)*
недела, 22 август 2010 19:20


ОХИ“ ЗА ПРЕГОВОРИ НО САМО СО ПЛАН „Б

Без прецизен и остварлив план Б, секое ад-хок „патриотско“ решение за напуштање на преговорите би се свело на најбезумно предавство на сопствената држава и нација, како што тоа, на пример, го направиле Хитлер кон Германците или Слободан Милошевиќ кон Србите или Тито со помош на Лазар Колишевски кон Македонците во 1949...За да не ни се повторат историските грешки, комунистиве кои сега владеат со Македонија или треба да почнат да го разработуваат планот „Б“ веднаш и заеднички или нека бидат поготвени на божја и земска казна ако направат ново предавство на Македонија

[Image: 633925151133927169_trst.jpg]

Во оваа колумна проблемот со името ќе биде третиран само во еден нејзин дел, како големо, актуелно и единствено крупно неразрешено прашање во односите на Македонија со своите соседи, што може да се третира не само како билатерален, туку и како меѓународен проблем. Поголемиот дел од овие редови, сепак, ќе бидат наменети на надворешната политика што ја води Македонија и ќе биат логичен след на претходните три колумни кои се однесуваа на можните патишта за развој на државата, што би ги презеле новите политички власти, патриотски ориентирани и толку нужно потребни на нацијата и на државата.



[Image: Pq1uACz0.jpg]


Трите постулати



Првиот постулат од кој треба да се тргне во анализата за тоа каква надворешна политика и е потребна на Македонија, секако е константата, дека надворешната политика секогаш е одраз на внатрешната. Оттаму, сосема е лесно да се заклучи зошто Македонија нема автентична, забележлива и константна надворешна политика. Тоа е така затоа што целата внатрешна политика во земјата од периодот на осамостојувањето до ден денешен, е една голема перверзија во која главни актери се наследниците на бившите комунисти од една страна и „работниот народ“ од друга.



Крајна цел на сите внатрешни политики што ги водеа близнаците СДСМ и ВМРО ДПМНЕ беше и е, продолжување на власта на гарнитурата дојдена во 1945, со нагласено лично богатење на таа гарнитура, која по паѓањето на социјализмот како светски процес, сега нема ни потреба да ги крие своите клептомански амбиции. И бидејќи целта ги оправдува средствата, на оваа полиитчка елита, намерно расцепена во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, надворешната политика им беше само нужна дополнителна алатка, која умешно ја користеа како и каде ќе стигнеа или ќе беше побарано од нив, само и само за да останат и натаму на власт.



Резултат на тоа е неумешност за справување со конфликти со соседите, нестабилност во генералните курсеви на државата во меѓународните процеси, и немање визија за да се препознаат вистинските интереси на силните држави кои би можеле токму поради нивните интереси да бидат силни заштитници на Македонија во нејзините регионални и меѓународни односи.



Вториот постулат од кој треба да се тргне во разјаснување на проблемов, е фактот дека од формирањето на државата од АСНОМ 1944, Македонија де факто, немала своја надворешна политика и такво искуство. Многу добро е познато дека делегирајќи ги своите права во заедничката федерација Југославија, Македонија се откажала од своите надвотрешно-политички интереси, а дури и кога тоа од време на време се обидувала да го постави како проблем, секогаш тој проблем бил разгледуван од аспект на односите на Југославија со соседите, пред се со Бугарија и со Грција.



Тоа се гледа многу добро од неколку клучни примери, од кои еден може да се означи и како тешко национално предавство што го доживеал македонскиот народ. Доволно е само да се потсетиме на веќе апсолвираната тема за која се знае се – граѓанската војна во Грција 1946-1949, во која, македонскиот народ беше крваво изигран и предаден за сметка на интересите на тогашниот југословенски комунистички режим и за сметка на големите играчи од тоа време САД-В.Британија-СССР.



Како класична монета за поткусурување, македонскиот народ, иако за тоа беа свесни и во ООН преку нивните комисии на теренот, беше прво поттикнуван и помаган во своето востание, мислејќи дека ќе добие самоуправа и можно присоединување со матицата земја, а потоа оставен на цедило на грчките монархо-фашистички фаланги. Совеста се переше со тоа што на бегалците им беа обезбедени околу 40 илјади домови претежно во Македонија, но повторно, со цел да бидат контролирани и безопасни, ги раштркаа низ цела Македонија, вклучувајќи ги и најзабутани планински села, додека на предавничката структура што го потпиша примирјето со Грција, им беа дадени најдобрите локации на Водно и на други места во главниот град и веднаш беа активно вклучени на раководни позиции во разни општествено-политички структури.



Стрелањата на бунтовните и ранетите, почнувајќи од касарната во Штип, на скопско Кале и во болниците кај Катланово и во Јасеново, беа строго прикривани до ден денешен, а само некои од најзначајните актери од тоа време, како Лазар Колишевски, за да си ја растоварат душата, прикриено им ги имаат признато на нивните биографи неколку години пред да умрат, така што за оние што знаат да читаат меѓу редови, оставиле какво – такво сведоштво.





Македонската надворешна политика е српска

[Image: Kosovka_devojka-1.jpg]






Преку овие два постулата опишани погоре, доаѓаме до времето кога како независнза држава можевме и имавме прилика да кроиме независна надворешна политика? Дали? Секако не.



Прво, затоа што Македонија од 1991 до ден денешен и натаму функционира како составен дел на Србија и како истурена српска територија на југот, благдарејќи пред се, на огромната инсталациска мрежа од отворени, прикриени и најприкриени српки пријатели и соработници, во сите структури на македонското општество. Од таму, никој не треба да се чуди зошто за времето на блокадата на српската воена машинерија предводена од Милошевиќ, генералите на поранешната ЈНА и Српската црква, Македонија одигра маестрална логистичка улога, снабдувајќи ја српската воена машинерија со оружје, муниција, но најважно, со гориво.



Од друга страна, Македонија и во времето на деведесетите и ден денешен, ги игра велелепно сите српски игри околу нивното, во моментов, најболно внатрешно-политичко прашање, а тоа е Косово и односите со Албанците. Оваа поставеност на македонската надворешна политика е до толку поапсурдна што е константно спроведувана, иако Србија постоојано ни удира нож во грб секогаш кога тоа ќе и се посака.



Во 1992 година Милошевиќ им предлага на Бугарија и Грција поделба на Македонија. Бугарите одбиваат планот пропаѓа. Во 1995 година мафијашите


[Image: atentat.jpg]



во српско-македонска организација „го пукаат“ Глигоров, со крајна цел да предизвикаат голема дестабилизација, да го оневозможат спроведувањето на „Интерим Акордот“, што го избоксуваа на сила САД и да ги реализираат повторно српско-грчките темелни интереси: Македонија да ја снема од политичката карта, а територијата да биде поделена меѓу двата „братски народа“, што ги дели само 200 км од Табановце до Евзони.



Во 1997 година Србија го поттикнува насилното решавање на проблемот со знамињата во Гостивар, надоврзувајќи се на претходните такви операции. Од „Илирида“, преку „Мала Речица“ до „Битпазар“. Во 1999 година, организираат терористички акции против Американците и другите војски стационирани во Македонија, а како круна, беше палењето на амбасадата на САД, што имаше за последица заладување на американско-македонските односи и спречување на извлекување на значајни надворешно-политички бенефити од тоа што отстапивме територија за војските на НАТО и што најмногу помогнавме во справувањето со проблемот на над 300 илјади бегалци и протерани Албанци и Роми од Косово.



Откако Србија ја загуби и таа војна, та значително учествуваше во „извезената војна“ во Македонија во 2001 година, што може да се заклучи од нејзината „данјаска“ политика од тоа време. Прво ни кажува дека ќе има напади на тероистички структури во Танушевци и Брест, а пота, кога војната ќе се разгори, на терористите од УЧК и на Македонските Лавови, подеднакво им шиткаше снајпери, униформи и минофрлачки гранати. За волја на вистината тоа го правеа и други наши соседи, па и Германци и Американци. Крајната цел на Србите беше и остана иста – пред меѓународниот фактор да докажат дека на косоварите не треба никако да им се даде држава, оти нивните намери се територијално аспиративни, со цел да создадат големо албанска држава на Балканот. Жртвата како и секогаш беше колатерална, односно „братска“ Македонија.



Така е и денес. И денес е актуелен просрпскиот интерес во надворешната политика на Македонија, иако овие од Белград отворено кажуваат дека би биле задоволни со прекројувања на границите на Балканот и нова територијална поделба во Косово и во Босна.



Се разбира они треба да земат. Македонија во тие планови, треба да даде!!!



Горенаведените примери се достаточни да го поткрепат заклучокот дека Македонија од 1991 година немала и не водела своја надворешна политика.





Еквидистанцата на Глигоров-погубна



Дополнителен фактор беше и тој што од 1991 до 1995, со својот авторитет, надворешната политика во голема мерка му беше доверена и исклучиво во надлежност на Киро Глигоров, кој направи две - три кардинални грешки.

[Image: predsedniki.jpg]


Едната беше таа што не сакаше на време да ја осамостои Македонија, слепо слушајќи ги своите ментори од Србија, дека државата нема сила да преживее. Па така, задоцни со приклонувањето на вистинска страна на почетокот на војната во поранешна Југославија.



Втората кардинална грешка му беше прифаќањето на примем во ООН под референцата ПЈРМ, заедно со обврската ставена во резолуција на Организацијата, да преговараме за конечно решение на спорот за името. Последиците ги чувствуваме и денес.



Третата кардинална грешка му беше она од што денес, исто така, тешко можеме да се ослободиме, а тоа е некоја квази политика на неврзаност што ја тераше Тито, само што овој пат, таа на регионално ниво беше декларативно наречена политика на еквидистанца. Таа политика беше објаснувана како политика на еднаква одалеченост на Македонија од нејзините соседи, т.е. да не биде со никого блиска од четирите соседа. Но, во пракса, како што добро ви е познато, таа политика се сведуваше на сосема блиски односи со Србија, иако тие се формализираа дури во март 1996 година. Потоа, на сосема понизни односи со Грција и на целосно непријателски односи со Тирана и Софија.



Ваквата еквидистантна погрешна политика на Глигоров, се спроведуваше до крајот на неговиот мандат во 1999 година, а сосема мал обид да ја промени, направи на почетокот на својот мандат Владата на Љубчо Георгиевски, кој се обиде да ги поправи односите со Бугарија и да го реши името со Грција, слепо верувајќи им на најопасните од сите опасни просрпски кадри во Македонија, тогаш лоцирани и органзирани во Демократската Алтернатива на Васил Тупурковски. Поради кои, надворешната политика на Владата на Георгиевски ја направи и најголемата грешка, признавањето на Тајван.



Да не должиме премногу со историја. Заклучокот од се погоре изнесено е јасен. Македонија од 1991 немала своја надворешна политика, а искуствата биле повеќе штетни и трагични, отколку позитивни.



За да се фокусираме на тоа каква надворешна политика и треба на новата владеачка гарнитура во Македонија, која мора да се создаде ако крајната цел е опстанокот на државата и нацијата, не е лошо да се повтори урокот, кој вели дека за добра надворешна политика се важни две работи – малку историја, многу сегашност и најмногу аналитика за идните случувања и движења на меѓународните процеси. И втората поука од истиот урок, следење на интересите, а не на сентиментите.





Мултиполарност –новата реалност



Она што треба да го знае секоја нова чесна и патриотски ориентирана владеачка гарнитура што во иднина ќе управува со Македонија, е дека од средината, а особено од крајот на деведесетите години на минатиот век, е изместен соодносот на силите во светот. Имено, по распадот на СССР и комунистичкиот блок, се чинеше дека САД, заедно со своите најверни сојузници во Европа, ќе владеат со светот во наредните илјада години, што е сон на секоја империја. Но, сонот многу бргу беше разбиен, особено по зајакнувањето на Русија, откако мајсторите во КГБ решија да ги пофаќаат конците и да ги вратат нештата онаму каде што биле.



Се разбира, благодарени на нивната аналитика, тие разбраа дека најдобро своите цели можат да ги остварат преку нова доктрина во меѓународната политика, а тоа е замена за педесетгодишната биполарност со нов термин наречен мултиполарност.



Авторот на оваа нова доктрина, стариот руски разузнавач што беше новинар, министер за надворешни работи, премиер.., Евгениј Примаков, секако дека знаел оти тоа е најдобриот неиритантен пат за остварување на целите на Москва: враќање на голема врата како клучен фактор за остварување на сите надворешно-политички приоритети на Русија.



Иако, во голем дел денешната меѓународна политика и натаму ја кројат Вашингтон и Москва, преку воведувањето на мултиполарниот принцип во кроењето на меѓународните односи, значително место добија Кина, Индија, Јапонија, Германија и други. Ги наведуваме овие земји како економски и воени џинови, кои осилени од ваквиот став на Москва, осилени од сопствената моќ, веќе со години отворено бараат промена на меѓународните принципи втемелени во Организацијата на Обединетите народи и проширување на неговото клучно тело Советот за безбедност со најмалку четир нови постојани членки, кои би имале право на вето. Иако, засега тоа тешко оди во рамките на процедурите на ООН, Македонија имаше прилика да почувствува што значи нејзиниот глас во ООН, кога не едно од претходните Генерални собранија се расправаше за темата.



Имено, МНР во Скопје буквално беше опседнато со дипломатите од овие земји кои се обидуваа да го добијат позитивниот глас на Скопје за проширување на Советот за безбедност. Се разбира, ние бевме само едно мало шрафче во целата игра, но со глас подеднаков тежок како и на Бразил на пример.



Скраја да е од Македонци русофили



Да не забегаме во детална експликација на оваа под-тема, само сакаме да укажеме на важноста на препознавање на процесите во светот при кроењето на автентична и оригинална надворешна политика, насочена исклучиво кон интересите на државата и нацијата.


[Image: f6-karikatura35-1.jpg]


Значи, секоја нова политичка гарнитура во Македонија ако сака реално да ги оствари интересите на државата, треба да знае дека во светов денеска има и други играчи освен Вашингтон и тоа треба да го уважува. Се разбира, ние не велиме Македонија да се сврти кон Москва, скраја да било, оти само неинформиран Македонец е русофил, туку велиме, дека треба да ги почитуваме интересите и на повеќе други играчи во меѓународните односи и да имаме некој баланс при водењето на надворешната полтика. Зашто, занемрувањето на интересите на една Русија, Индија, Кина, Јапонија, Германија, па и на серија други големи држави на Блискиот и Далечниот Исток, во Африка или во Јужна Америка, би било играње на погрешна карта, која најбрзо и најболно може да ни се врати токму во спорот за името со Грција, на пример.


Да не зборуваме сега за економските апспекти, кои за мала држава каква што е Македонија, може да бидат од огромно значење. Замислете што, на пример, би значело за Македонија ако добие некој за нас огромен, исклучително поволен заем за развој од некоја од овие држави или од повеќето заедно, од неколку милијарди евра, кој би бил ставен во функција на развој опишан во претходната колумна насловена како Македонскиот нов договор.


За нас тоа би било пресвртен момент – за позајмувачите капка во морето, дадена со цел да си ги остварат дел од нивните стратешки развојни интереси.

Кога на ова ќе се надоврзе апсектот на големите пазари што се отвораат, не заборавајќи ја тука и Африка како неексплоатирано пазарно подрачје, сосема е јасно со каков потенцијал Македонија, до ден денешен се коцка, фрлајќи ја својата карта само на таблата каде што доминира Америка и НАТО и нивните сојузници од Европската унија.



И уште еднаш да повториме, да не бидеме погрешно разбрани. Не се залагаме за напуштање на интеграцијата со Запад. Само се залагаме за „фрлање поглед“ на другата страна и пронаоѓање заеднички интересовни спојки, се во полза на Македонија и нејзините основни интереси – богата, стабилна и силна држава во која ќе живеат среќни и здрави граѓани.




Намерите на Грција се јасни



Во тој контекст треба да се разгледуваат и опциите за затворање на единственото македонско билатерлано и меѓународно прашање – спорот со Грција. Не е точно дека спорот е апсурден и дека немаме избор. Ниту барањата на Грција се апсурдни, ниту пак ние немаме избор.



При решавањето на овој спор треба да се појде од препознавање на грчката намера. Таа е една и единствена. Да не постои држава Македонија и да не постојат Македонци како народ и нација. Причината за ваквите намери на Грција се јасни. Тие со тоа само сакаат да го заштитат она што не е нивно и што го зеле со крв и на сила.



Секое постоење на силна македонска држава и на јасно осознаена нација, нив ги прави слаби и уплашени, зашто они, како силни Христови верници, знаат дека гревовите направени од нивните татковци, еден ден ќе ги плаќаат нивните деца. Знаат дека иако се „џилитаат“ со пари, со армија и со национал-шовинизам, дека еден ден, во овој турбулентен свет чие движење никој со сигурност не може да го предвиди, може да го загубат и она што го имале пред да тргнат во крваво освојување северно од Олимп, пред век и половина.



За да ги намалат тие шанси, нив им треба да умре „наследникот“, односно да нема кој да си го бара назад своето. Без оглед како ќе го бара. Ним им треба умирање на Македонија како силна и независна држава и непостоење на македонски народ и нација со свој јазик и култура. Дали тоа ќе го направат со измена на името преку кое ќе се менува и идентитетот, во зависност од решението за името и другите клаузули, дали тоа ќе го направат со само постојано поткопување на економската сила на Македонија, помагајќи им на домашниве џелати во самоубиството на Македонија, дали ќе го направат помагајќи формирање некакви други сојузи на Балканот и пикајќи ја поделена и ослабена Македонија во нив, не е ни важно. Важно им е да ја ослабата до обезличување или да ја снема македонската држава.



Значи да расчистиме, тоа се мотивите.Какви ни се алтернативите? Ги има најмалку три. Сите три вреди да се разгледаат, зашто сите со со плусеви и минуси.





Географска одредница е погубна



Првата ни е, веднаш да прифатиме промена на името со географска одредница и да издејствуваме на тој начин, барем влез во НАТО до крајот на годинава и датум за почеток на преговори со ЕУ.

Плусот во оваа операција би бил следен. Македонија би добила кава - таква безбедносна гаранција во однос на своето главно домашно отворено прашање, односно, интеретничките односи и што е можеби поважно, би добила шанса за зголемено странско инвестирање во земјата од страна на западни компаниии, оти за нив, членствоото во НАТО на некоја држава, е сепак фактор кој значи.



За надворешната позиција на Македонија, исто така, се отвораат поголеми можности, затоа што како членка на НАТО со право на вето, можеме да добиеме поголема тежина во какво било водење на поамбициозна регионална и меѓународна политика.



Но, има едно големо Но...Тоа големо Но, се состои од фактот, што прво, членството во НАТО не овозможува по „дифолт“ гаранција за безбедноста на некоја земја, ниту пак, по „дифолт“ ги отстранува можностите од непријателска политика на друга земја членка на НАТО кон Македонија. Така што, ниту нешто многу поголеми нема да ни бидат безбедносните гаранции од евентуална непријателска политика на Албанија или Грција кон Македонија, ниту пак, ќе имаме гаранција дека во евенетуален внатрешен судир од големи размери во Македонија, НАТО ќе успее да ги спречи Тирна, Атина или Софија да играат активна политика под маса или на маса.



Единствено многу поволно од безбедносен аспект, е тоа што, нашиот влез во НАТО ќе значи засилена брана кон дејствувањето на инфилтрираните српски и руски инсталации во Македонија. Тоа ќе биде добро од апсект кој веќе е објаснет, а тоа е отстранување на влијанијата на српската држава во надворешната политика на Македоонија.



Втриот минус што е многу потежок од првиот, е фактот што прифаќање инстант решение за промена на името со географска одредница, дефинитивно ја води водата на грчка воденица и смена на идентитетот. Ние не смееме да забравиме дека во дваесетиот и дваесет и првиот век, Корејците од Северна Кореја и Германците од Источна Германија ги нарекуваваме и цел свет ги нарекуваше Севернокорејци и Источногерманци.



Со прифаќањето на географска одредница за Македонија, ние дефинитивно би биле Северномакедонци, Вардарци или незнам што друго, но секако не би биле Македонци. За светот зборувам не за нас.



Во тој случај, сосема е јасна последицата во однос на историското право на наследство на Беломорска Македонија и во поглед на толкувањето во светот за тоа кој има право на посед на таа територија. Да не збооруваме за другите негативни аспекти во нашите чувствителни односи со Албанците, Србите, Бугарите.



Од овие причини, ние сметаме дека ад-хок прифаќање на промена на име со географска одредница е повеќе неповолен, отколку позитивен исход за иднината на Македонија, која еиднствено што ќе добие е членство во НАТО и датум, пазете, само датум за преговори со ЕУ.



Одложена промена на името е делумно прифатливо



Втрата алтернатива што ја има Македонија е условено прифаќање на промена на име, но не според географска одредница, туку друг тип на решение.



Вакво нешто слично, неодамна предложи една невладина организација со седиште во Брисел Предлогот нивни беше прифаќање на име Северна Македонија, со тоа што, името би стапило во сила, т.е. во внатрешна и меѓунродна употреба во моментот на прием на Македонија за полноправен член на Европската унија.Со оглед на фактот што преговорите за членство во ЕУ не траат помалку од пет години, овој предлог се чини поприфатлив од првиот.



Со таа забелешка, што секоја владеачка гарнитура што ќе сака да го примени овој предлог како решение, треба да знае дека промената на името не смее да се базира врз географска одредница, туку да се најде некое трето решение од типот Република Македонија (Скопје) или Демократска Република Македонија или Уставна Република Македонија или нешто слично.



И второ, при прифаќањето на едно вакво решение, треба да се оди на пакет гаранции. Тој пакет би подразбирал писмена обврска на Грција да се откаже од сите други барања од Македонија, еднакво третирање на македонските пасоши со сите останати во светот, признавање на сопственичките и наследни права на Македонците што ги оставија своите имоти таму и признавање на малцинските права на денешните Македонци, што како грчки државјани живеат во Егејска Македонија.



Едно вакво понудено решение би можело да придонесе за совладување на чувството на повредена гордост и надминување на душевната болка што ќе ја почувствува секој македонец што ќе се согласи неговата држава под притисок и уцени да го менува сопственото име.





ОХИ преговори, но, само со план Б



Третата алтернатива што ја има Македонија е подеднакво легитимна и има свои плусеви и минуси. Таа е целосно напуштање на преговрите за името и соопштување на светот дека таквите преговори се надвор од секоја логика и под секое достоинство, дека не се дел од меѓународната пракса и меѓународното право и дека Македонија не може и натаму да оди со себепонижување и понижување на нејзините граѓани.



Она што треба да се има предвид е, дека Македонија го испушти моментот оваа политика да ја воведе релативно безболно, а тоа беше по одбивањето на НАТО да не прими за полноправна членка на Самитот во Букурешт, поради противењето на Грција. Бидејќи е сосема јасно дека Грција таму ја прекрши Привремената спогодба и членот 11, таквииот став на Македонија веднаш по тој настан немаше да мине со последици во однос на непридржувањето до резолуциијата на ООН од 1993, која не обврзува „да разговараме“ со нашиот јужен сосед. Сега, Македонија ќе мора да создаде или да чека слична ситуација како во Букурешт, доколку сака да нема негативен одраз тој нејзин евентуален потег.



А сега за суштинскиот проблем на една ваква, според нас, најоправдана позиција која треба да ја заземе Македонија.



Напуштањето на преговорите за името, тоа треба да го знае секоја умна политичка гарнитура што ја сака Македонија, бара опсежни подготовки, проценки, анализи и што е најважно, Черчиловски „крв, пот и солзи“ при изодувањето на таквиот пат.



Пред се, треба да ја снабди земјата со доволно економски и стратешки резерви, за да може да издржи ново ембарго од Грција.



Потоа, треба да има изградено веќе готиви алтернативни решенија за непречено премостување на алиментирањето на македонскиот увоз и извоз преку солунското пристаниште.



Понатаму, треба да има веќе разрабоотен конкретен план и остварено почетни позиции за продор и развој на односите со големите играчи во светот, а чии главни градови не се Вашингтон и Москва, и конечно, треба да направи многу опсежни дипломатски подготовки на сите клучни играчи во светот, но и на оние најмалите, да им ја објасни и оправда таквата македонска надвоорешна политика.



Има уште многу да се пишува на оваа тема, но се заедно тоа би го нарекле прецизно изработен план Б, пред да се пристапи кон формално напуштање на преговорите за името.



Без таков прецизен и остварлив план Б, секое ад-хок „патриотско“ решение за напуштање на преговорите би се свело на најбезумно предавство на сопствената држава и нација, како што тоа на пример го направил Хитлер кон Германците или Слободан Милошевиќ кон Србите или Тито со помош на Лазар Колишевски кон Македонците во 1949...



За да не ни се повторат историските грешки, комунистиве кои сега владеат со Македонија или треба да почнат да го разработуваат планот Б веднаш и заеднички или нека бидат поготвени на божја и земска казна ако направат ново предавство на Македонија. Ако немаат сила за него, нека го разгледаат условентото решение со прмена на името или нека ја отстапат доброволно власта на оние кои сакаат, знаат и можат.



Владимир Костовски



*(под синтагмата Македонија на Македонците се мисли на Македонците како нација, што значи, треба да се чита „Македонија на сите граѓани на Македонија“)

12-04-2011, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16


Quote:Македонија на Македонците (5)*
понеделник, 06 септември 2010 02:10



КАКВА ДРЖАВА- ТАКВИ МЕДИУМИ!


Македонија е држава со медиуми кои се движат од делумно до целосно контролирани и медиуми кои се (зло)употребуваат во функција на корупцијата и организираниот криминал. Тоа не е случајно, туку е цел процес, кој бил смислен на времето, а сега функционира по инерција и не може да се промени без значително влијаније од државата и од странски или домашниот капитал.




Пред некој ден на државната телевизија (која по дефиниција треба да е јавен сервис) имаше тв дебата на тема успешноста на Владата на Никола Груевски во изминатите четири години. ТВ дебатата беше организирана смислено и плански и се одржа веднаш по прес конференцијата на Груевски во Владата на истата тема, после која тој веќе го доби прекарот македонскиот Кастро (говорел повеке од 1,5 часа). Лица на тв дебатата, познати: водител, вечниот Петар Ѕалев, гости – „новинарот со тапија“, Латас, „партизанката“ Мирка, биографот на Црвенковски, С. Крамарска, Зекири од Алсат и Бети од А1 или каде е сега не знаеме...Освен Крамарска, која беше донесена да го украси декорот и да го засили зборот „дебата“, како и Зекири, кој ја имаше истата функција ама само до пола, сите од ред имаа само пофални зборови за четирите години владеење на Груевски.



Те премиерот ова, те, она, те владата правела реформи, го тресела општеството, те името го бранела, те опозицијата била критизерска и анти-реформска, и што ли уште не. Се собрале „евет-ефендии“ кои не знаеја кој колку повеке да се изрази пофално. А онаа кутрата од „Утрински“, Крамарска, иако лично мисли поинаку, толку се беше уплашила од нахалноста во „дебатата“ од страна на Мирка и Латас, што не успеа да „г, кне“, а камо ли да срочи теза која ке ја брани издржано и ќе понуду опсервација која заслужува внимание.



Но, тоа е така, затоа што домаќинот, а тоа беше портпаролскиот тим на ВМРО ДПМНЕ, смислено ги бираше гостите кои потоа само му беа соопштени на водителот, вечниот Ѕалев, дипломец на првата генерација на скопскиот факултет за новинарство. И баш беше фино што им се обракаше со терминот „колеги“. Таму сите си беа колеги, но само формално по новинарската професија, а суштински, по задачите што континуирано ги работат по налог на своите шефови, а кои немаат допирна точка со Н од новинарство и се сведуваат на широка палета од пропаганда, кодошење и разузнавање.

[Image: wolf-in-sheeps-clothing.jpg]

Единствена карактеристика по што оваа тв дебата се разликуваше од другите вакви организирани порано, откако е Груевски на власт, е што штабот во ДПМНЕ не можеше да собере доволно партиципиенти за драмолетката во еден чин во студиото на МТВ. Имено, ваквите местени тв дебати веќе толку се изблаткани меѓу самите новинари, што повеќето се срамат и не сакаат да учествуваат во нив. Па така, за разлика од порано кога доаѓаа по 15-20 новинари, сега се собраа едвај 5. Но, за новинарите нешто подоцна, а целта на овој вовед е да покаже на кое ниво се одвива општествената улога на медиумите и новинарите во Македонија и тоа во медиумот кој е најповикан од сите повикани да ја остварува јавната контрола врз власта, а тоа е јавниот сервис Македонска радио телевизија.


Контролирани сите четири власти


[Image: prisoner02.jpg]

Медиумите во секое современо општество се сегмент без кој не е можна функционална демократија и ефикасен одржлив пазарен систем. Тие, да повториме нешто што веќе тука сме го напишале, не за џабе во светот се дефинирани како четврта власт. Распределбата на власта на парламентарна, извршна и судска е клучно за вистинските демократии. Како што во Македонија не постои таква распределба и тие не функционираат независно, така не постои ни четвртата власт – медиумите, кои секаде во современите демократии имаат улога на чувари на темелните принципи на демократиите и глас на јавноста, т.е. ги пренесуваат мислењата на граѓанинот, кој по дефинција треба да е вистинскиот суверен во државата, затоа што преку избори го предал својот глас на свои претставници да ги застапуваат неговите интереси.



Во Македонија процесите се контролирани од 1944 до ден денешен. Како што беше се контролирано во социјализмот, така се контролирани и во плурализмот, вклучувајќи го и самиот трансфер од еден општествен систем во друг, т.е. самиот процес на плурализација и демократизација во 1989/90/91.



Креаторите на тој процес, старата комунистичка гарнитура и нивните деца и внуци, тоа го спроведуваа преку нивната ударна тупаница, тајната полиција и тоа досега многу добро го правеа и го прават. Крајната цел им беше контрола над сите процеси во државата, задржување на моќта и влијанието врз се што мрда, за да можат непречено да ги зачуваат влијателните позиции и личното богатство. Знаејќи за улогата на медиумите и влијанието што тие можат да го извршат, од самиот почеток посветија многу време за остварување на таа контрола.



Во почетокот немаа големи проблеми. Во Македонија не постоеја многу медиуми.

Македонската радио телевизија (МРТ) со сите свои редакции и Нова Македонија во областа на печатените медиуми, со исто така своите бројни редакции. За да разберат помладите, но и повозрасните читатели што значеа овие два медиума во социјализмот, само ќе наведеме два податока: генералните директори на двата медиумски система имаа директна телефонска врска, т.н. црвен телефон со кабинетот на претседателот на претседателството на Сојузот на комунисти на Македонија и второ, регистарските таблички на нивните службен возила, долго време носеа ознака иста каква што носеа функционерите од СКМ и државнито врв. Доволно за оние што знаат да читаат.


Новинарот бил општествено-политички работник

[Image: ytringsfrihet.jpg]


На почетокот на транзицијата немаше поголеми проблеми. Масата новинари од старата и средна генерација, учени дека новинарот е „општествено-политички работник“, лесно се справуваа со младата генерација надојдени новинари во овие два система. Кога ќе се случеше некој поважен настан, без оглед дали некој од младата генерација новинари имал или немал уреднички статус и некакви овластувања, контролата врз процесот на известување и информриање за поважниот настан секогаш ја преземаа „старите гардисти“. Така не можеше да се протне ништо неконтролирано или по некои стандарди во новинарството што младите веке почнаа да ги учат, контаат и полека да ги туркаат во тие два медиума.



Доволно е само да се извадат од архивите тв емисиите со вести и дебатни емисии или насловните страници на Нова Македонија од тоа време и се ќе ви биде јасно. Овие два медиума ја туркаа генералната политика зацртана во Белград: Македонија да е против независноста, Македонија да е на страната на Србија во почетните процеси на распаѓање на Југославија, Македонија да им е благодарна за се и сешто до тогаш само на комунистите(СКМ и СКЈ, АВНОЈ и АСНОМ биле единствени темели на Македонија), плурализмот е опасен по државата (ВМРО ДПМНЕ е бугарофилска партија), итн.

Значи, предисторијатот на денешната состојба на деулмно или целосно контролирани медиуми во Македонија е јасен. Други медиуми немаше.



Оние обиди во почетокот со партискиот весник „Глас“, додека се уште докрај не ја исконтролираа целата ВМРО ДПМНЕ - која комунистите ја создадоа во оваа денешна нејзина форма - е случај за кој добро е познато како се одвиваше и како заврши. Но, уште тогаш имаше обид од страна на ударната тупаница на комунистите, тајната полиција, да ги апсорбираат сите млади и незадоволни новинари во друг медиум кој тие го смислија и за кого го одредија еден од браќата Плевнешовци да го води божем, а тоа е Република. Неславната кратка историја на Република е само полуспешен обид на УДБ да ги собере на едно место слободомислечките новинари и да ги контролира преку медиум што таа го смисли и го финансираше. Но, откако виде дека секое појавување на пазарот на друг медиум освен оние на Нова Македонија е се уште опасно, веднаш го згаснаа.


Фингирана демократија – фингиран медиумски плурализам


Дури откако процесите во државата беа ставени под контрола, по 1992 кога дојде до нелегално преземање на власта од страна на СДСМ по уривањето на владата на Кљусев, а особено по 1994, кога на вторите фалсификувани избори комунистите и нивните сателити сами влегоа во парламентот и сами 4 години ја водеа државата, тогаш веќе беа создадени услови да се тргне во втората фаза, во фингирање, т.е. измамнички процес на плурализација и во медиумскиот простор. Така тргнаа, прво проектот за „независна“ телевизија и се појави најпрво А1 ТВ, а една или две години подоцна, во областа на печатените медиуми, се најде и „замена“ за Нова Македонија, па се појави Дневник.



Свој голем печат во создавањето и во двата медиума има одиграно помладата генерација на комунистите кои тогаш беа во извршната власт и кои нешто се разбираа од принципите на демократијата и тоа што таа го бара, а особено една персона која се врти на името Љубомир Данаилов Фрчкоски. Двата медиума инаку се две различни приказни.



Додека телевизијата е директен продукт на штабот на комунистите и нивната ударна тупаница, тајната полиција, Дневник е почетна иницијатива и желба за вистинско слободно новинарство на неколку новинари и уредници од тогашниот систем на Нова Македонија, но кој се разбира не беше оставен слободно ни тогаш, а ни денес. Разликата меѓу двата медиума, инаку, се гледа и денес.

Ако ги споредите А1ТВ ќе забележите дека таа е претворена во вистински инструмент на комунистите, дел од олигарсите и личните интереси и амбиции на сопственикот, Велија Р. Таа телевизија некритички и надвор од сите стандарди е претворена во медиумска ударна тупаница на СДСМ.



Ако го погледнете „Дневник“, тој и ден денес успева во еден дел, не секогаш, да ја одржи појдовната идеја да биде неутрален и секогаш да ја критикува, пред се власта, во моментот кога владее. Што значи, кога на власт беше СДСМ, весникот пишуваше критички за решенијата на нивната влада. Кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, весникот пишуваше и пишува критички за ВМРО ДПМНЕ, иако ова правило има периодично големи отстапки. Како во едно кратко време кога за премиер се устоличи Хари Костов на пример.



Разликата меѓу А1 и Дневник е всушност сплет на околности – од успешни индивидуалци што го раководеа весникот, до финансиската сигурност што ја доби откако почна да прави огромни профити од продажба на реклами и од својот голем тираж, а подоцна и почетната сигурност што ја имаше откако германскиот издавач ВАЦ влезе во Македонија.



Како и да е, двата медиума направија огромен рејтинг во почетните години, благодарение и на презаситеноста на публиката од државните медиуми, МРТ и Нова Македонија. Тие и денес, иако се сосема различни од почетните години, го потврдуваат и другото правило на пазарот, прв појавен – прв купен, т.е. држат водечки позиции во елетронското и печатеното новинарство, иако се далеку од слободни и неконтролирани медиуми.



Значи појавата на овие два медиума сосема беше во склоп на желбата на тогаш владеачките комунисти да го исфингираат и процесот на плурализација во медиумите. Согледувајќи го новинарството и како добар бизнис и можност за перење пари, освен за општествено влијание, почнаа да се раѓаат другите исфингирани медиуми и да се остварува симбиозата политика – медиуми- бизнис.



Едно од тие првенчиња беше неделникот „Фокус“, бидејќи на пазарот се појави глад за неделно печатено новинарство. Еден олигарх и еден пензиониран висок офицер на српските и македонските тајни служби, тука одиграа клучно влијание и дадоа финансиска и политичка логистика).



Потоа почнаа да се редат, Сител ТВ, како директен заштитник на интересите на најконзервативната струја меѓу српските и македонските комунисти и како српска тв испостава во Македонија, па Канал 5, како испостава на лажните крила на ВМРО ДПМНЕ кои глумеа плурализам на десницата, па Телма, како директен заштитник на бизнис интерсите на олигарсите во областа на енергетиката, па повторно залет во печатените медиуми од страна на олигарсите кои ги формираа Утрински весник и Вест (Трифун Костовски и Штерјо Наков), па повторно Велија со Време, Шпиц, Коха и серија други печатени продукти кои се појавуваат и згаснуваат, па во поново време една друга олигархиска персона и еден од најбогатите луѓе во Македонија Минчо Јорданов излезе со реобновената Нова Македонија, па Алфа телевизија на Штерјо, пред нејзе и Алсат на покојниот Веби Велија, која исто така е протеже на енергетските интереси на олигарсите, но и на нивните интереси во бизнисот со цигарите и наркотиците (без оглед што однадвор изгледа дека е застапник на интересите на УЧК на Косово и на Албанците на Балканот воопшто)...



Сликата се прекопира и на локално ниво



Редоследот и датумите кој кога се појавил, не е толку ни важен. Истите процеси што се случуваа во „големото новинарство“ се случуваа паралено и на локално ниво. Серија локални бизнисмени и партиски или полициски кадровици почнаа на локално ниво да формираат едно чудо телевизии, а посебно радија, како најевтина инвестиција во областа на медиумите. Се појавија и чат-пат локални весници, а целиот тој процес беше следен со континуирано слабеење (финансиско и кадровско) на јавните локални медиуми, кои структурно беа врзани за општините, а технички со МРТ.


Процесот на контрола беше целосен. На национално и на локално ниво во областа на медиумите се направи р,шум. Откако се намножија во огромен број и тоа стана прескапо, откако економската база на целата држава отиде многу доле, локалните медиуми кои во почетокот беа многу амбициозни, полека, еден по еден почнаа да згаснуваат.


Тоа особено се однесува на локалните телевизии, но и на многу радио станици, така што денес има останато претежно радија со по еден, двајца, тројца вработени. Бидејќи правење сопствена програма, а и емитување вести стана скапо во услови на никакви или мал број реклами, овие радио станици денес емитуваат претежно музички програми, а ретките вести се сведуваат на бесплатните сервиси што ги добиваат од државната агенција МИА или од кражба од други извори.


Нивното влијание веќе е занемарливо, а во услови на покриеност на државата со сателитски и кабловски мрежи и со интернет, кога сите гледаат национални канали, веќе е и непотребно за идејните основачи на локалните медиуми во транзиција – комунистите.

Фокусот е насочен кон контрола на националните медиуми, особено на телевизиите, па дури потоа на весниците, како значително помалку влијателни во градењето на јавното мислење, а во поново време тие разбираат дека мора да го контролираат и интернетот, откако ја разбраа моќта на оваа мрежа и влијанието што го остваруваат продуктите на интернет.


Било да се работи за социјална мрежа како Фејсбук, било да станува збор за форуми како овие на Котле или пак за блогови на независни мислечки ориентирани луѓе.



Сите телевизии работат за ист центар


[Image: 03_move_jpg_595x1000_q85.jpg]

Каква состојба имаме денес во Македонија и што е она што може и мора да го преземе секоја нова патриотски ориентирана власт во Македонија, која нема да има ништо заедничко со комунистите и нивните две главни партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.



Една анализа направена по предвремените избори пред две години која се појави во Фокус, покажа какво е и колкаво влијанието на медиумите, особено на телевизиите во креирањето на јавната свест, покажа за кого всушност тие работат и чии интереси застапуваат. Анализата се однесуваше на парите што ги дале главните политички партии во Македонија за финансирање на нивните медиумски настапи.



Се покажа, според финансиски податоци на самите телевизии, дека главните партии за рекламирањето кај нив, за платени емитувања на нивните собири и конвенции, за претставување на самите политичари, потрошиле повеќе милиони евра. Сумите се движеа од 1 до преку 10 милиони евра, според цената на тв саекунда што ја продаваат телевизиите. Но, реално, тие пари не влегле или влегле десетинки од нив Зошто?



Сите телевизии од ред, ама баш сите, на главните политчки партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ им давале огромни попусти на тв секундите и минутите, што некогаш надминувале и 100 отсто од цената, т.е ги емитувале бесплатно. Кој им бил интересот ќе речете? Идејниот интерес е оној што го наведовме во почетокот – кај граѓаните успешно да се продолжи со наметнување на идејата дека живеат во деморкатија и плурализам и дека се сведоци на некаква борба на политички и економски идеи за управување со државата.



Материјалниот интерес е исто така огромен и загарантиран. Победникот по стапувањето на престол и преземањето со државната каса се оддолжува повеќекратно – од скапи тв реклами и пропагандни емисии (особена специјалност на владата на Груевски) до насочување на реклами на тие телевизии на фирми блиски до власта преку нивни маркетинг агенции или конечно, добивање на разни тв права за преноси на одредени настани, особено спортски, што се остварува преку влијание на власта во разните спортски сојузи и федерации, од фудбал, преку ракомет до кошарка и тенис...



Материјалниот интерес е загарантиран и преку масовно неплаќање на давачките кон државата за вработените новинари, што е премолчно одобрено од власта, одбегнување на плаќање на даноци од реклами, што исто така е премолчно одобрено од власта, масовно кршење на правата на вработените кои работат под притисок и контролирано, што е исто така премолчно одобрено, па дури и охрабрувано од власта, итн.



Како и да е, финансиската анализа за парите што ги потрошиле партиите во медиумите, особено во телевизиите, покажува многу добро и недвоосмислено, дека сите тие работат во суштина за ист центар. Иста групација на луѓе што контролира се во политиката и бизнисот, ги контролира и медиумите во Македонија, особено телевизиите. Симбиозата политика – медиуми – бизнис е повеќе од очигледна за секој човек што знае да гледа и да мисли, а да не зборуваме за професионалците.


Медиумите како алатка на организираниот криминал



Оваа симбиоза, за голема жал, го опфаќа и организираниот криминал и корупцијата, зашто овие негативни појави се контролирани од истата групација луѓе што две децении лажат дека Македонија живее во демократија и има пазарна економија.


Медиумите во Македонија, преку одредени уредници и новинари, денес во значителен дел учествуваат во интригите на главните носители на процесите на корупција или одработуваат за интерестие на организиранито криминал.



Ова најчесто се прави преку дефокусирање на јавноста од главните проблеми или преку смислени кампањи кон одредени јавни личности, без оглед на која функција се наоѓаат. Доколку кај главните носители на корупцијата – без оглед дали тие се во актуелната власт или во опозицијата – некој или нешто им попречи на патот за затворање на бизнис зделките преку јавните, т.е. буџетските пари, тогаш се употребуваат медиумите под делумна или целосна контрола.



Ако опасноста е поголема, поголем е опфатот на медиуми што треба да помогнат пречката да се отсттрани. Ако е процес, како што е незадоволство од некоја состојба или ако е некој закон кој треба да се смени во некој дел поради одредени бизнис интереси, тогаш се отвора со ништо непредизвикана дебата за дадениот „проблем“ во државата. И тоа се врти по спирала во сите медиуми.



Истото се случува ако станува збор за конкретен човек, јавна личност, носител на некаква функција или фактор во некој сегмент од општеството. Ако се оцени дека тој е пречка за остварување на коруптивните интереси, тогаш се отвора кампања против него со значителен квантум на полувистини кои треба да ја уверат публиката дека „тука нешто смрди“ или дека „каде има чад има и оган“.



Отстранувањето на тој човек од позицијата што ја има и поради што станал пречка, потоа оди многу полесно. Впрочем, примерот со последната таква смена на првиот човек на Агенцијата за спречување на перењето пари Ване Цветанов, е школски пример за погоре кажаната аксиома за поврзаноста на медиумите со полтиката и олигарсите.



Потполно исто денес медиумите во Македонија(што не е измислица на Македонија и на комунистите), се злоупотребуваат за интересите на организираниот криминал. Докажани и познати мафијаши, дилери на дрога, шверцери на оружје или на цигари, се прикажуваат за безгрешни души кои ете, некој сакал да ги наклевети.



Од друга страна, секој исклучок што само го потврдува правилото во полицијата или правосудството, значи секој малку посовесен џандар, обвинител или судија, ако се заинати да се р,чне со мафијашиве, ја доживува на своја кожа нивната сурова одмазда. Прво ќе биде наклеветен во медиумите во кои мафијата има делумна или целосна контрола, а потоа лесно, низ „процедурите на системот“, ќе биде сменет.



Да заклучиме, освен многу негативната улога во креирањето на јавното мислење за политичките процеси во земјата, делумно или целосно контролираните медиуми во Македонија имаат исклучително важна, засега повеќе негативна од позитивна улога во справувањето со двете клучни зла за Македонија. Тоа се корупцијата која е широко распространета и организираниот криминал, кој се повеќе влијае за одвивањето на сите значајни процеси во државата. Од воспитувањето и одгледувањето на здрави деца до носењето важни политички или економски одлуки, а понекогаш, како во 2001 година, одигра многу значајна улога и во фингираната војна во земјата во која загинаа над илјада луѓе, а беше сторена и огромна материјална штета, како и несогледливи последици врз политичките процеси што следуваа потоа.


Новата влада може и мора да го смени миљето



Што може да стори некоја идна патриотски ориентирана и неоктроирана власт во Македонија во поглед на средување на ваквата состојба во медиумите? Може многу, но сето тоа треба да биде внимателно водено, да не се случи мафијата и комунистите да возвратат дека станува збор за обид за контрола на медиумите и кршење на правото на слободно информирање. На ова досега сме биле честопати сведоци, кога некој од внатре или од надвор дообронамерно ќе се обидел да укаже на злоупотребата на медиумите.



Секоја идна влада мора да собере политичка волја, да не се обидува да ги контролира медиумите. Особено не е дозволиво спој на политички партии и лидери како сопственици на медиуми што се декларираат независни. Тоа треба и строго законски да биде контролирано, а не како до сега само формално да функционира во законот.



Меѓу првите мерки треба да донесат измени во кривичното законодавство и целосно да го декриминализира кривичното законодавство во делот што се однесува на медиумите.

Слободата на информирање е загарантирана во уставот и нема што КЗ да се занимава со медиумите во тој поглед.



Секоја информација пласирана во медиумите носи и одговорност за нејзината точност. Тоа се решава само преку граѓанска парница во која наклеветениот има право да ја побара правдата и финасиска отштета на име материјална и нематеријална штета. И ништо повеќе. Со реформа во судството и со судии кои знаат да проценат и да изведат докази (а не тоа да се остава само на адвокатите на одбраната и на тужителот), а притоа нема да се плашат од последиците, работите во медиусмкиот простор околу пласирањето на вистинита и навремена информација, сами ќе се средат.



Второ што може и треба веднаш да го направи новата влада, е вистински и функционален закон за достап до информации од јавен карактер. Ова што сега го има како законско решение во Македонија е повеќе да се замаглат нештата и да се исполни демократската форма – демек еве и ние имаме закон за пристап до информации од јавен карактер. Тоа што законот е нефункционален, тоа што и така нефункционален не го есапи никој, исто како и контролното тело за спроведување на законот, тоа само придонесува за натамошна конфузија околу валидноста на информациите што ги пласираат медиумите, придонесува за поле за манипулација и ширење дезинформации.



Значи, новата власт е должна до последно и без исклучок на медиумите да им овозможи законско поседување на сите информации од интерес на јавноста, а особено оние информации поврзани со трошењето на буџетските пари.



Трето што мора да го направи секоја нова чесна влада во Македонија, е да го ослободи јавниот сервис од контрола и од статусот државен, т.е. партиски сервис. МРТ мора да биде навистина јавен сервис кој ќе биде во функција на јавното информирање на сите слоеви во општеството, а воедно, како единствено надлежен, ќе се занимава и со поткрепа на националната култура и творештво и ќе игра образовно воспитна улога кај помладата генерација, а ќе биде и најсилна медиумска куќа која ќе се грижи за документаристиката и архивската граѓа, во смисла на забележување на процесите во државата во даден момент и чување на снимениот материјал.



Ова не се постигнува лесно, но, не и особено тешко. Прво и основно е финансирањето, кое сега е делумно решено со претплатата, откако со години беше оставено да нефункционира и на тој начин да се разградува техничката и кадровската база на МТВ. Но, има и други модели ако јавната радиодифузна такса се покаже како нефункционална. Тоа е преку посебен данок, на пример,што би го плаќал секој вработен во Македонија и кој ќе се однесува на финансирање на јавниот сервис.



Треба да се измени и начинот на избирање на раководните тела на МТВ и наместо тоа да го прави мнозинството во Собранието, треба да се земат примерите од Англија со ББЦ или од Германија со АРД. Таму, во контролната функција на тоа дали телевизииве се јавен сервис или не, учествуваат сите сегменти од општеството. Сите се инволвирани и имаат свои претставници во бордовите или контролните совети – од политичките партии, преку црквите и невладините организации, до синдикатите. Тие ги избираат менаџерските тимови и ја контролираат програмата во глобала, а финансиите најчесто ги контролира трето независно тело кое извештаи поднесува до овие совети. Успешни модели има доста, само треба да се има политичка волја да се спроведат.



Четврто што може и мора да го овозможи секоја нова чесна политичка власт со Македонија во однос на медумската сфера, е да им овозможи на сите еднакви услови на пазарот. Како што рековме погоре, не може и не смее државата да толерира неплаќање даноци кај некои медиуми, а кај некои не. Не може државата за одредени медиуми да биде мајка а за други маќеа. Не може и не смее државата да ги купува медиумите и да им се одолжува со тоа што кај тие што и одговараат ќе се истури со пари за рекламни спотови и кампањи, а кај други што не и се по ќеиф, ќе одреди неформална забрана за рекламирање или објавување јавни огласи и тендери.



Државата може и треба да изгради критериуми по кои ќе се решава во кој медиум ќе треба да се огласува за да исполни некоја своја цел и за таа цел да ги информира граѓаните, .т.е. даночните обврзници.



Петто, државата мора да ги унифицира и олесни сите законски пречки за формирање нови медиуми или за медиумски групации. Денес на запад веќе не е зло ако некој поседува телевизија да поседува и радио или весник. Кризата во медиумската свера ги натера лани законодавците во Велика Британија да го овозможат тоа на локално и регионално ниво. Во Македонија, само формално се штити јавноста од монопол, со тоа што не е дозволено да поседувате печатен и електронски медиум. Во стварност, сведоци сме на повеќе такви медиумски групации, а најеклатантен е примерот со Велија Рамковски.



Шесто, новата влада може и мора да го охрабри секое ново вложување во медиуми, особено ако станува збор за независни или општествено корисни специјализирани медиуми кои ќе информираат строго за одредени проблематики. Телевизиска продукција за поттик на наука, весник за следење на јавното здравство и правата на пацииентите, радио што ќе се занимава со продукција и поттикнување на заборавени ретки музички форми, било да се современи, било да се етно форми, магазин посветен на еколошките проблеми, итн. Специјалзиирните медиуми, за разлика од „медиумите за се’, можат да дадат значителен придонес во посеопфатно и попрецизно информирање на јавноста за даден проблем.



Кодошите надвор од новинарството



Седмо, секоја нова чесна и патриотски ориентирана власт во Македонија може да придонесе да го зголеми квалитетот на јавното информирање преку поттикнување на процеси што водат до квалитетни новинари и квалитетно новинарство.



Имено, државата може и мора да се потруди, конечно, да формира угледна високообразовна институција за изучување на новинарство, новинарски техники и медиуми, во рамките на јавното образование, односно на државните универзитети.



Еден од значајните елементи за лошата состојба со медиумите и новинарството во Македонија е токму слабиот и низок квалитет на новинарите што работат . Настрана од фактот што веќе почнаа да се отвораат и функционираат приватни школи за новинарство, државата мора да се потруди и да инвестира во квалитетна вискообразвона институција во рамките на јавното образование.



А за да го поттикне до крај форсирањето на квалитет во новинарството, на пример, би можела да донесе и законска обврска, во медиумите како новинар да не може да работи никој што или нема соодветна школа за новинарство или што барем не поминал семестар или два за доквалификација за новинарство, откако претходно завршил некој друг факултет или друга школа. Современите трендови во новинарството и новите технологии, секако го бараат тоа и тука не смее да се прави компромис



И осмо, дефинитивно многу важно, а тоа е поврзано со првиот текст од овој серијал, кој се однесуваше на процесите на лустрација: државата, т.е. тајната полиција, мора да се ослободи од услугите на своите соработници, т.е кодошите разместени во сите медиуми во Македонија. Тие и денес се замаецот на регресот во новинарството и медиумската свера во Македонија – клучна за функционирање на секоја вистинска демократија!

За нив, за нивната улога во македонската транзиција, во некој следен текст...

(крај)


Владимир Костовски

*(под синтагмата Македонија на Македонците се мисли на Македонците како нација, што значи, треба да се чита „Македонија на сите граѓани на Македонија“)



12-04-2011, 09:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:ПРИВАТИЗАЦИЈАТА JA НАПРАВИЛ КЉУСЕВ!?



За љубов на вистината, господине Андов, немојте да лажете како што лажевте во вашето неодамнешно интервју за А1, дадено по друг повод. Немојте да изјавувате дека „основите на приватизацијата ги поставила уште Владата на Кљусев, а Црвенковски само морал да ги спроведе“. Но овој текст не е посветен на Вас, туку на неопходноста од ревизија на приватизацијата во Македонија, а вие сте наведени само како морален изрод кој имаше една од клучните улоги во ограбување на сопствениот народ и држава



Светот денес не е нималку ист како пред 100 години кога почна да се разавива капитализмот на 20-от век. Светот денес воопшто не личи ниту на оној кога тој капитализам под влијание на сопствените слабости и на социјализмот во СССР започна да се „демократизира“, да се хманизира и да станува капитализам со „човечки лик“. Процесот што го започна Френклин Делано Рузвелт продолжи по Втората Светска Војна во Европа која почна да се соочува со опасноста од проширениот социјализам на другата страна од завесата. Под влијание на овој факт, но и како последица и на силната работа на источните служби, западна Европа во педесетите и шеесетите години од минатиот век се соочи со растечка свест за потребата за социјална држава и со свест за зголемен опсег на работничките права.



Резултат на сето тоа беа серија мерки на капиталистичките влади кои водеа до една цел – општественото богатство да се дели порамноправно, почнувајќи од пристојни плати за вработените, до серија социјални мерки за евтино или бесплатно школство или здравство. Најдалеку во сето тоа отидоа скандинавските држави кои овој правец во намален обем го задржуваат и ден денешен, иако веќе оддамна констатираа дека тоа им претставува огромен товар за нивните економии и го обременува нивниот даночен систем. Да не зборуваме на пример за здравствените системи во В. Британија, Франција или пак лидерот во тоа поле, Канда.



ФАВОРИЗИРАЊЕ НА КОРПОРАТИВНИОТ КАПИТАЛ



Но, денешниов свет, свет на глобализација, воопшто не личи ниту на овој погоре опишаниот. Главниот проблем е што денешните правци на развој на капитализмот носат внатрешни судири во самите општества и претставуваат кочница за развој на прогресивни идеи и нивната реализација, па тие остануваат само на ниво на декларативни заложби и за по дома и за надвор.



Промената е настаната поради тоа што од средината и крајот на осумдесетите, водечките земји во светот на капитализмот се решија за серија мерки кои водат кон поддршка на само на елитата и на корпоративниот капитал. Најголемата од сите големи капиталистички економии, САД, тоа први почнаа да го промовираат, а како лидери во глобалните економски текови (барем до неодамна, додека не им се случи да им рикне системот преку манипулациите на Вол Стрит и на банкарите со хипотеките), почнаа да ги следат и другите земји.

Не од што многу сакаа, туку затоа што и нивните корпорации толку многу се беа изврзале со американските што веќе немаа каде.



Како и да е, политиката водена за фаворизирање на интересите на најголемите енергетски, воени, фармацевтски и банкарски компании или фондови, доведе до процеси за кои можеме да кажеме дека го разоруваат традиционалното капиталистичко општество. Ваквата клима настаната пред се поради силниот наплив на (легалната) корупција во политиката, при што, најголемите донатори за изборите стануваат најголемите корпорации (http://www.opensecrets.org/pres08/contri...=n00009638) Тоа пак, води на некој начин кон лажна парламентарна демократија, во која народот само привидно управува. Претставниците на народот кои секој мандат се избрани за да се грижат за благосостојбата на сите, всушност почнуваат да се грижат само за интересите на елитата, претворајќи го на тој начин капитализмот и либерализмот во сурогати, кои немаат ништо со основните постулати на најдобриот од сите досегашни системи на општествено уредување.



Докази за тоа има многу, а тука ќе наведеме само неколку, колку да ви стојат како теми за размислување. На пример, американските аналитичари се прашуваат денес зошто од економската криза последиците не се правилно распоредени и зошто не настрадале сите што вадат леб од бизнис.



Анализирајќи ги податоците дошле до заклучок дека иако многу Американци се погодени, иако бројот на оние што примаат долгорочна финансиска помош од државата како невработени лица драстично е зголемен, не настрадале дечките од Вол Стрит, ниту другите што ја сочинуваат елитата. Напротив, нивните показатели говорат дека страда обичниот Американец, дека средниот слој и натаму неумоливо се деструктуира и преоѓа во низок, сиромашен слој, а, дека бројот на милионери расте. Но, најфрапантен е податокот дека елитата, вклучувајќи ги тука и главните корпорации, плаќаат се помалку и помалку даноци, затоа што тоа е тренд што го водат десетина американски влади наназад.



Според податоците на истите аналитичари постојано се зголемува процентот на учество во националниот производ на овие еден одсто елита, но се зголемуваат и нивните приходи, благодарејќи на даночните олеснувања за нив. Како поткрепа е и фактот дека постојано расте и бројот на милионери во САД, па во 2009 тој пораснал за 16 проценти во однос на 2008. Во исто време, постојано расте и бројот на лицата кои се сметаат за сиромашни, така што, според нивни извори, денес секој шести Американец е корисник на некој вид социјална помош во форма на разни владини програми за ублжување на сиромаштијата предизвикана од економската криза. (http://www.usatoday.com/news/washington/...0_ST_N.htm)



ПРИВАТИЗАЦИЈА БЕЗ ВИЗИЈА ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ОПШТЕСТВОТО


[Image: srusena_zgrada.2.jpg]


Но, зошто сиот овој вовед? Само затоа за да се разбере дека за да се направи успешен модел на политички и економски систем, треба да се разбираат нештата во светот и да се има визија за тоа каде е и каде се движи светот околу нас, поточно речено моќните што го владеат светот.



Во Македонија од почетокот на транзицијата немало, ниту пак со овие политички елити ќе има такво согледување. Нив ги интересираше голо крадење, во функција на зголемување на моќта што ја имаа нивните претходници, старите комунисти. И токму затоа, глуви беа на сите обиди за поинаков модел на приватизација, каков што спроведоа на пример некои денес успешни земји и на западниот пазар, какви што се Словенија, Полска или Чешка. Не, „нашиве“ говеда што здушно ја пљачкаат оваа земја едно дваесет години беа заинтересирани за строго контролиран процес на приватизација со цел богатството да остане во нивни раце, преку серија одбрани пиони што се нафатија заради лично богатство да учествуваат во таа валкана игра. Темелите беа криво поставени, а ако се криво поставени, крива е и куќата, па таа со тек на време станува нефункционална за живеење, со опасност, од најмал потрес да се урне. Таква е Македонија денес.



За љубов на вистината, а поради типови како онаа персона која многу лаже, господинот Стојан Андов, ќе потсетиме како се одвиваше тој процес.



Додека СДСМ го предводеше Петар Гошев (уште една персона која отпосле многу се „исквари“ и беше купена), оваа партија се залагаше за ваучерски модел на приватизација, кој е ем далеку поправеден, ем предизвикува помали потреси, ем се покажа поефикасен. Но, тоа не беше планот. Планот на старите комунисти, како што веќе е кажано тука, беше тој процес да заврши што поскоро без оглед на цената. Гошев беше сменет на преминот од 1992 со 1993 година, затоа што не се нафати да формира Влада по секоја цена, по што овој процес можеше да се насочува поинаку.На негово место и во партијата, а веднаш потоа и на чело на владата дојде Бранко Црвенковски. По ова, процесот на приватизација можеше да тече без проблем, а особено по 1994, кога опозицијата, вклучувајќи ја и тогашната партија на Гошев, Демократската, заедно со ВМРО ДПМНЕ, решија да ја напуштат парламентарната власт поради протест од фалсификуваните избори.



Во периодот од 1993 до 1994, тесниот врв на СДСМ, кој веќе беше на власт по соборувањето на експертската влада на Никола Кљусев (читајте ги мемоарите на Н. Кљусев), донесе план и го реализираше, да се изготви криминален закон за приватизација кој го нарекоа Закон за трансформација на претпријатијата со општествениот капитал. Задолжено лице за реализација на овој план, т.е. за изработка на законот беше Јане Миљовски, како пион во рацете на старите комунисти поради татко му Кирил Миљовски. Потписници на овој закон беа и една серија суруши од правниот и Економскиот факултет во Скопје. Законот е објавен во Службен весник во јули 1993 (http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=556), а прв реализатор требаше да биде и бидна Тито Беличанец, како претседател на Агенција за приватизација, а потоа негови успешни наследници беа Мирољуб Шукарев и Верица Хаџивасилева и серија други...



Имаше тука и други персони, како гопоѓата од КИМ Консалтинг, но суштината е следна: прво се пристапи кон приватизацијата, за по дури 4 години да се донесе првиот закон за трговските друштва каде беа регулирани и правата на малите акционери, т.е на имателите на обични акции стекнати уште со приватизацијата од Анте Марковиќ. Во меѓувреме, преземањето на акции со сила, со лаги и заплашувања; преземањето на акции од страна на банки врз основа на претходно договорени кредити со огромни камати; преземањето на акции со купување по пат на задолжување во банки со кредити на име на самата компанија; преземањето на акции и сопственост врз основа на фиктивни и местени судски спорови; преземањето на акции врз основа на непостоечки договори за задолжување со трети фирми; преземањето на акции врз основа на лажни документи од државни органи и институции; преземањето на акции по основ на соработка со партнери какви што се оф шорни компании формирани од истава таа банда што ровареше дома.... се сЕ тоа процеси кои како поединечни случаи биле толку многу, што го потврдуваат системот, а не исклучокот од правилото. Резултатот е следен. По десет години од законот, во Македонија е приватизиран имот во висина од околу 10 милијарди евра (неофицијални бројки), а во државната каса се слеале нецели десет отсто и тоа заедно со Телекомот и ЕВН. Еве некои бројки од пред продажбата на ЕВН (http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21954)





АНДОВ ЛАЖE БЕЗ ПАРДОН



Така што, за љубов на вистината, г. Андов, немојте да лажете како што лажевте во вашето неодамнешно интервју за А1, дадено по друг повод. Немојте да изјавувате дека „основите на приватизацијата ги поставила уште Владата на Кљусев, а Црвенковски само морал да ги спроведе“. Уште има живи сведоци и на тој процес, но и на договорите од средина на деведестите помеѓу „вашата“ компанија Макпетрол и тогашната влада за учество на Макпетрол во изградба на гасоводниот систем и формирањето на претпријатието ГАМА, каде што јасно се гледа дека Макпетрол не е доминантен сопственик. Но, за жал со низа трикови и манипулации, вашата компанија до ден денешен врз основа на поткупени премиери и судови, успева да докаже дека е во најмала рака сосптвеник на 50 отсто од гасоводниот систем. Поради сето ова, државата повеќе од 10 години не може да ги користи бенефитите од (тогаш) ефтиниот гас и да се развива на сеопшто задоволство.



Но, да се навратиме на суштинското прашање? Може ли Македонија да оди напред со ваква структура на економијата, со старата генерација менаџери за кои видовме како ги стекнале богатствата и колку се успешни и со луѓе кои можат да продаваат пуфки само на локалните листи за рекетирање од типот „100 најуспешни менаџери во Македонија“? Само со едно око фрлете поглед на ранг листата на Форбс или на некои други релевантни листи каде се наоѓаат денес компаниите од Македонија во споредба, не подалеку, од оние во Југоисточна Европа, па се ќе ви биде јасно. Најголемите енергетски или телекомуникациски компании во Македонија, исто како и најголемите банки, не се подолу од двестотото, тристотото, четисистотото место во таа екипа и во тој ранг. Значи дефинитивно, не само поради големината на пазарот во Македонија, оваа македонска, ајде да ја наречеме бизнис елита, е меѓу последните дупчиња на свиралчето во конкуренција со компаниите од Југоисточна, а да не зборуваме за цела Европа.



Тоа е така зашто во оваа држава големите компании своите богатства не ги правеле преку конкуреција и развој на своите производи, туку врз строго изграден систем на монопол и подмитување, што им овозможувало удобно да живеат на овој затворен пазар и да не создаваат дополнителни вредности од кои би имала ќар и државата и општеството. Тоа е така токму поради криминалниот начин на приватизација кој им овозможуваше на домашните и светските мангупи да купуваат не само бизнис, туку и инфраструктура што била градена со парите на сите во претходниот систем. Никој денес во светот не продава инфраструктура. Прдеж држави како Македонија, Албанија, Србија, Хрватска... да!



Со с# бизнисот и целата енергетска мрежа во државата. Со с# бизнисот и целата комуникациска мрежа во државата. Со с# бизнисот и целата патна или железничка инфраструктура. Со сe бизнисот (банкарски) и целата мрежа на долгови преземена од државата, па банката продадена чиста, итн, итн. Примери колку ти душа сака.





РЕВИЗИЈА МОРА ДА ИМА



Така на тој начин нема напред, нема поголем прогрес, нема успешна економска приказна. Ако нема успешна економска приказна, нема успешен економски систем, нема ни среќни ни богати граѓани, зашто ќе нема с# повеќе пари за задоволување и на општите обврски на државата, а тоа е социјалниот, образовниот и здравствениот систем. Ако нема тоа, нема ни интерес за големите светски корпорации да дојдат тука и да купат некоја македонска компанија.



Затоа, од особена важност е да се преиспита уште еднаш целиот процес на приватизација во Македонија. Правни основи ако нема - ќе се создадат и тоа по други основи, а не по основ на измена во кривичното законодаваство. Постојат илјадници начини некого да натерате да го предаде тоа што не е негово, т.е. што го стекнал на нелегален начин, ако ги имате документите и власта кај вас и се разбира ако сакате. Постојат и илјадници начини дури и да го натерате да и го врати тоа богатство и имот како подарок на државата, за да се спроведе приватизацијата наново и легално.



Треба само да се сака. Но, според судбината на личниот и бизнис патот на Штерјо Наков и според односот на сите досегашни влади кон него, сосема е јасно дека со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и со сите нивни деривации, вклучувајќи го и „либералот„ Андов, за оваа работа ќе требааат некои други дечки наместо овие гниди што го исцицаа сопствениот народ и ја обезличија сопствената држава.



Владимир Костовски
(This post was last modified: 12-04-2011, 10:04 PM by ЈорданПетровски.)
12-04-2011, 10:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Нова македонска борба
вторник, 21 септември 2010 12:26


ДА СЕ УРНАТ „КОЦКИТЕ“ КРАЈ ВАРДАР!


-Уште на почетокот кога Стојан Андов почна да го менаџира законот за лустрација, т.е. за прочистување на општеството од гнилежот од човечки материјал што се согласил од кои било причини да соработува со тајната служба, на упатените им беше јасно дека од тој процес нема да има ништо. Праксата, неколку години подоцна тоа го потврди...

[Image: phphta10.jpg]

-...Новата македонска владеачка елита ќе има уште една задача. Да им изгради споменик на жртвите на кодошеењето. Тоа би бил еден убав споменик кој може да се смести (бидејќи се друго зафатија со глупости), кај „коцките“ на Вардар, некогашното и денешно седиште на Централниот комитет на КПМ.



Работата е повеќе од јасна. Немањето политичка волја да се расчисти со комунистичкото во Македонија е темел на се што е денес лошо во државата. Немањето волја да се расчисти со конците што во општеството во целина и во секој негов поединечен сегмент ги држи тесна структура на моќници, која се потпира на широка структура на соработници, се покажа погубна и во внатрешната и надворешната политика и во бизнисот и во т.н. надградба или духовното битисување воопшто.

Немањето политичка волја е првата и последната причина зошто работите се такви какви што се и во расчистувањето со соработниците на тајната полиција од пред транзицијата и со оние идеолошки соработници што денес во друга форма, исто така работата за истата таа тајна полиција.

Тефтерите и книгите се кај нејзе, оперативните и стратешките информации се кај нејзе, моќта е кај нејзе и токму затоа, исто како и во социјализмот, таа останува „ударна тупаница“ на владеачката каста. Која е таа. Без оглед дали се викала ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, лажна, вистинска, исправана, неисправна, таа каста е иста од времете какво што во Македонија го оставија Тито и Лазар Колишевски.

Најдобар доказ за тоа се последните информации околу работата на комисијата за лустрација. Но, најпрво само накратко да потсетиме како дојде до ова денес:





Лустрацијата ја бараше Запад


Под притисок на западните партнери на Македонија, а особено САД, од Македонија беше побарано пред некоја година да го заврши процесот на лустрацијата. Основниот мотив кај странците е јасен – како Македонија се приближуваше до НАТО така тие сакаа да имаат почиста ситуација во земјата, т.е. да знаат со кого си имаат работа.

Имено, нивното искуство од Бугарија и Романија, но и од другите постсоцијалистички земји, им покажа дека не можат никогаш да бидат сигурни во тајноста на плановите или во спроведувањето на оперативните задачи, затоа што бившите социјалистички земји беа пробушени надолжно и попречно со разни мрежи на агентура – што од тајните полициии на тие земји, што од тајните полиции на соседни земји, а во голем дел од нивниот(на Западот) архи-противник Русија.

Знаејќи го тоа, имајќи лошо искуство во операциите во југоисточна Европа, на Блискиот, Средниот и Далечниот Исток, тие решија од сите нови кандидати за НАТО да бараат прво процес на „прочистување“ па потоа да видат колку можат да се потпрат врз нив.

Ете тоа беше основниот мотив кој ги натера властодршците во Македонија да го отворат процесот на прочистување или популарно наречен лустрација. Немојте да мислите дека некакви демократски проблесоци кај СДСМ, ВМРО ДПМНЕ или кај Андов ги натерал на тоа.

Та тие имаа, особено ВМРО ДПМНЕ, такви барања уште од 1991 година, но никој од нив, од тие две водечки партии и нивните сателити, не мрдна ниту со мало прсте да преземат нешто околу расчистувањето со старите политички процеси во земјата.

Кога дојде до првата посериозна власт на ВМРО ДПМНЕ во 1998 и таквите притисоци одново почнаа да растат, старите комунисти изнајдоа лек за испумпување на притисокот со т.н. „отворање на досијеа“ - лимитиран процес, во кој ако оние од „ударната тупаница“(тајната полиција) под некаков изговор или причина ќе оценеа дека вие „немате“ досије, никогаш и нема да си ја видите својата папка.

Неисе, тоа бидна и заврши, а дури и таков лимитиран и контролиран процес доведе до тектонски поместувања во откривање на вистината, затоа што многу луѓе што беа упорни, успеаја да натераат други да проговорат и така клопчето барем за малку почна да се одмотува. Но, дојде т.н. „војна“ во 2001 и бурата околу тоа заврши.



Каков закон - таква комисија


Да се навратиме на основното барање на западните партнери на Македонија – сакате во НАТО, расчистете малку по тоа „тефтерите“, па да видиме кој каде е и за кого е.

И така пред четири години почна одново да се разгорува темата за лустрација. Ветар во едрото и даде силно отпочнатиот ист процес во Бугарија и по некоја вест за одеците на одамна завршените такви процеси во земјите од прват линија на фронтот во времето на „железната завеса“, Источна Германија и Полска. И пазете сега, итрециве, одново смислуваат игра за да божем, ем волкот биде сит, ем овците на број.

Го наоѓаат „либералот“ Стојан Андов, кој на возрасни години „се загрижил“ за демократијата во Македонија, Европа светот и пошироко и решил да помогне со своето искуство, да го „изменаџира“ проблемот.

[Image: andov.jpg]

Човекот на техничко ниво одлично си ја заврши работата. Ценејќи ги сите околности, притоа и главната, дека во политичките елити во Македонија никој не е заинтересиран вистински за да ги отворат книгите од сефовите на полицијата, тој направи неприменлив закон.

Резултатот го видовме деновиве. Од неколку стотици имиња кои Комисијата успеала да ги разгледа за изминативе месеци, барем за тројца некако успеала да добие некакви документи што укажуваат на тоа дека тие лица соработувале со тајната полиција – двајца пратеници и еден судија.

И што се случи. Она што е очекувано. Оние кои најмалку имаат интерес да се отворат тефтерите, политичките партии, преку своите претставници во комисиите (баш своите зашто тие ги бираа), успеаја да ги сокријат барем времено имињата на двајцата пратеници, едниот од ДУИ, другиот од ВМРО ДПМНЕ и да останата и натаму „чисти“. Неее, ние кодоши во нашата партија – НИКАКО!

Но, бидејќи неконтролираното протекување информации до јавноста, меѓу другото и поради невештоста на претседателот на таа комисија, доведе до состојба во која назад информациите веќе не можат да се вратат, решија како жртвено јагне во овој случај да послужи судија на уставниот суд.

Целта е со неговото име, т.е. функција да се даде оддишка на народот и на јавноста и тие да не притискаат за уште. Башка, на власта на Груевски убави и легна како некој вид одмазда до истиот тој суд поради многуте контри што ги ставаше на разни закони и подзаконски акти.

Да биде иронијата уште поголема, самиот тој уставен суд, како инструмент на старите комунисти, се замеша во законото за лустрација, правејќи го дополнително нефункционален со тоа што забрани други субјекти да објавуваат иМиња на кодошите, без оглед дали поседуваат документи или не.

Значи уште еднаш да повториме, што тоа се случи и на што се сведе целата работа. Ништо што не сме го знаеле – волја за лустрација нема и целиот процес се сведе и се сведува на една голема шарена лага.

ВМРО ДПМНЕ е лева зашто кодошите во нејзе се левичари!

Причините се исто така познати – кога старите комунисти ја кроеја транзицијата со помош на полицијата, ги кроеја и партиите, идните главни актери во новата политичка сцена. Тоа значи дека создаваа партии или во веќе создадените партии, уфрлаа нивни соработници, т.н. Кодоши, колку што можат повеќе.

Нормално, најмалку имале потреба да уфрлаат во нивната „матична“ партија СДСМ. Најмногу во новоформираните партии што на почетокот личеа на десница, МААК и ВМРО ДПМНЕ.

Патем, кога денес се прашувате зошто десницата по своите политики личи на класична левица, одговорот веројатно ви е јасен. ВМРО ДПМНЕ е левичарска партија затоа што кодошите што ги уфрлија во највисоките нејзини редови се левичари по идеолошка ориентација.

И сега, откако возовите поминаа, откако и „новите“ партии станаа стари, станаа дел од системот во кој одлично се вклопија, се разбира дека немаат мотив, причина, намера да си го расипуваат комодитетот.

Да се урнат „коцките“ крај Вардар

Што да се прави? Сега откако целиот процес е избламиран и јавно и целосно, остануваат само две нешта.

Едното решение е со кодошите да се справуваме „партизански“. Кој како знае и умее, во рамките на своите можности треба да ги „исцуцули“ на јавна сцена. Со сиот ризик тоа да се претвори во линч, во кој покрај сувото ќе настрада и суровото.

Вториот начин е полегалистички, но е бавен. Да се почека доаѓањето на власт на нова македонска владеачка елита, која поаѓајќи од интересите на државата ќе го спроведе процесот како што треба.

Со вистинска политичка волја да ги отвори архивите и сефовите на полицијата, да направи проценка што е кодошење од идеолошка причина а што е сериозен прикриен агент соработник неопходен на државата поради нејзината внатрешна и надворешна безбедност, да ги даде на јавноста овие првиве и да им забрани бавење со каква било јавна работа.

На крај, таа нова македонска владеачка елита ќе има уште една задача. Да им изгради споменик на жртвите на кодошеењето.

Тоа би бил еден убав споменик кој може да се смести (бидејќи се друго зафатија со глупости), кај „коцките“ на Вардар, некогашното и денешно седиште на Централниот комитет на КПМ.

Тие „коцки“, како зграда без историска вредност треба да се урнат и на нивно место да се изгради споменик на знајните жртви од идеолошкиот терор во Македонија, од кој физички и психички настрадаа повеќе десетици илјади граѓани или попрецизно, најмалку 160 илјади. Како дојдовме до оваа бројка? Лесно. Бројката од прогонуваните и следените по најмалку четири члена од нивните семејства кои исто така го трпеле и ги трпат можеби и денеска последиците од тој терор, ја дават оваа вкупна бројка од околу 160 илјади луѓе.

Тие жртви секако заслужуваат многу повеќе да имаат споменик (и сатисфакција во процесот на лустрација), отколку што тоа го „заслужила“ српската кралската војска на која ќе и го реобноват Офицерскиот дом на плоштадот Македонија.

Владимир Костовски
(This post was last modified: 12-04-2011, 10:13 PM by ЈорданПетровски.)
12-04-2011, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19



Quote:УРИВАЈТЕ ГИ ЛАГИТЕ НА КОМУНИСТИТЕ!


[Image: 2eeeq9t.jpg]

Друг пат нема. Секој со своите доблести и способности треба да ја користи секоја можна прилика да се бори за вистината околу „македонцките работи“. Да се избори со една голема лага, според која „комунистите ја создале Македонија“ и оти пред 1945 на овие простори немало ништо македонско и никој друг не се борел за нејзе.



Што да се прави, се наметнува прашањето само по себе на луѓе на кои им е јасна големата слика. Што да се прави, се наметнува прашањето на луѓе што со години читаат колумни и анализи од малкуте добри и независни интелектуалци и новинари, што имаат храброст да излезат јавно со своите согледувања за бесрамното черечење на македонското ткиво и по институционална и по економска и по духовна линија.

Што да се прави, e прашањето за оние кои разбрале совреме, и тоа не се плашат и не се срамат јавно да го кажат, дека мизеријата во која денес живее македонецот е вештачки и намерно создадена од продадени, одродени, безрбетни луѓе, кои егофилично, своето го ставиле пред заедничкото. Нелуѓе, кои се согласиле да бидат запчаници во една сложена машина, во која моторниот погон движен од идеологијата полека прешол на друг тип гориво што е микс од (туѓиот) национализам и (мафијашки) пари. Машина во која Македонија и македонците се мелени за сосема туѓи интереси.

Ова прашање, што да се прави, се наметнува од сосема практичен аспект. Тој се сведува на следното. Имено, дали има излез и дали овој начин на борба, со откривање на вистината со просветлување на јавноста, е ефикасен, т.е. дали ги менува социјалните, економските, политичките аспекти на живеењето во земјата.
Впрочем, суштинското прашање е дали ваквиот начин на борба ја менува свеста и начинот на размислување кај луѓето?

Одговорот и на двете прашања, по наше длабоко убедување, е позитивен. Тоа што некому му се чини дека е бавно, ако се погледне во историски контекст на процеси и на сфаќања, всушност и не е така бавно. Ако погледнете само малку преку плотот и ѕирнете во еден timline за Македонија, каков што е оној на ББЦ на пример, ќе видите за што зборуваме.





Со комунизмот борбата трае и денес


На пример, ако погледнете дека една регресивна идеологија во смисла на современи демократски процеси, каква што била комунистичката, т.е. социјалистичката, која владеела тука и се уште владее од 1945, тогаш борбата за освојување на политичкиот простор на современата десница или на либералните идеи и не е толку долга.

Уште повеќе, ако земеме предвид дека во периодот од 1945 до 1990 и институционално, политичкиот, економскиот и духовниот простор бил забранет за туѓи политички мисли, освен на оние на левицата.
[Image: Stojan%20Andov%20Tito%20Petkovski.jpg]
Да ги погледнеме и изминатите 20 години. Системот декларативно и правно е сменет, просторот за слободна политичка борба е отворен, но, де факто, како што на се повеќе луѓе им е јасно, „се е исто као и раније“. Нема вистинска конкуренција меѓу политичките партии оти самите партии се вештачка творба. Нема борба на идеи, зашто главните партии што се менуваат во опозиција и на власт се од иста мајка родени.

Нема слободен пазар, затоа што големиот бизнис во државата го водат од нив избрани и заштитени луѓе.

Нема слободно судство, затоа што судовите ни се преполни или со кодоши или со политички уплашени и безрбетни правници, поради кои Јустиција нема намера да го тргне превезот од очите, зашто и срам од тоа што ќе го види.

Сето ова ни укажува дека и во овој периодод 20 години, не се сменило многу во поглед на вистинско ослободување на просторот за борба од страна на неколку политички благородни групации, кои власта ја разбираат како можност за имплементација на идеии и политики што ќе довдат до прогрес и благосостојба на сопствениот народ и држава.

Затоа, ако убаво се разгледа временскиот период во кој цениме дали и колку е направено само врз основа на вистинитото информирање на јавноста за реалноста во која живее и со која е опкружена, тогаш нема дилеми дека сепак е направено многу.

Зашто да не заборавиме, сликата на оние кои слепо веруваат оти овие од ВМРО ДПМНЕ се десница, а оние од СДСМ се „државотворна“ левица, постојано се менува во корист на луѓето што ценат дека и двете опции се гола вода и еден вид тешко бреме, да не речеме „срање“ за Македонија.

Ако писмените ја одредуваат иднината на земјата и влијаат на процесите, писмените во Македонија полека, но сигурно сфаќаат дека „тука нешто смрди“. А кај што смрди има и оган, по што нешто е труло, Шекспировски речено, и треба да се замени со ново.



На народот му треба само вистината

Ова е дотолку пофеноменално затоа што македонската јавност била обликувана и креирана од толку малку проблесоци и слободни медиуми, што практично зборува за големината на интелигенцијата на самиот народ. Ние никогаш не сме ја подржувале тезата дека народот е глуп и тврдењето каков народ таква власт, односно дека сам си ја избира бељата.

Народот во Македонија едноставно толку многу бил лажен, со што е лесно се обајснува зошто дозволува(л) тоа да му се случува одново и одново – 1994/1998/2002/2006/2008, зборуваме само за парламентарните избори. Ако македонскиот народ бил правилно информиран за сите битни процеси во земјата, регионот и светот, секако дека ќе се поставел поинаку и во самиот иборен процес.

За жал, тој најчесто бил труен со медиуми кои најчесто се или политичко-полициски или мафијашки „испрдок“, а кои глумаат јавност и „седма сила“ или „четврта власт“. За среќа наша, ем народот е природно интелигентен, па учи од сопствено лошо искуство, ем технолошкиот напредок во светот, особено платформите на кои се носат информациите веќе се толку отидени напред, што не може да се воспостави некаква глобална контрола и таа да трае „вечно“.

Тука пред се мислиме на глобалнат мрежа која измислена за други потреби на самите нејзини креатори, се претвора во единствениот слободен прозорец кон светот. Интернетот игра и ќе игра се посилна улога во градењето демократија. Сигналите стануваат се посилни, сателитите се повеќе се множат, а уредите на кои ги добиваме и бараме информациите се се помали и подостапни.

Притоа, најважно од се е, што во овој простор граѓанинот бара и избира информации од милиони извори, наместо прилично скромната понуда во овој поглед што ја има со дневните весници или со електронските медиуми, па дури и да се во огромен број, како што е случај во Македонија.

Во таа смисла, дури и еден ваков скромен форум каков што е Котле, ја покажува сета своја сила и моќ, пред се во Македонија, основниот простор за кој се пишува и за кој се размислува на форумот. Примери има недоброј, но, ние тука ќе наведеме само неколку, а еден посебно ќе го обработиме.




Лустрација, име, приватизација


Овие три теми не дека не беа обработувани во македонските медиуми и пред појавата на Котле. Но, мошне интересно е што коментарите и колумните објавени на Котле денес стануваат референтни во поглед на пристапот кон темата или времето на нејзината реактуелизација во медиумите во Македонија.

Така на пример, после жестоки дебати на форумов, особено после неколку многу жестоки колумни, фидбекот во Македонија беше таков што главните медиуми почнаа одново да се занимаваат со лустрацијата.

Притоа, исто како што јасно се познаваат сите траги на неизгазен и свежо наврнат снег, така јасно се очитуваше кој медиум зад кои тези стои, со што всушност јасно се очитуваше дали и колкава е нелагодата кај политичко-полициското подземје и надземје од евентуалното разоткривање на целата фарса. Фарсата со лустрацијата, чија кулминација ја гледаме денеска, на форумиве на Котле и во колумните објавени тука, оддамна беше предвидена.

Исто е и со името. Благодарение на текстовите и мислењата објавени тука, во Македонија беа разобличени неколку иницијативи кои имаа за цел погрешно водење и насочување на процесот од страна на истата таа мафијашко-политичка структура, чија крајна цел е цементирање на ваква Македонија каква што е, за да може и натаму непречено да управуваат и да крадат а полза секако имаат и нивните ментори од Белград.

Тука особено е вредна за спомен иницијативата што ја тераат групацијата ММДЧП и Џорџ Атанасовски, со бомбастичен повик „Никој нема право да преговара за моето име“. Тајмингот на појавувањето на иницијативата, луѓето што ја покренаа, крајната цел, сето тоа беше убаво разобличено тука на форумов.

Фидбекот во Македонија беше очевиден. Иницијативата во која тајната полиција и олигарсите полагаа голема надеж заврши како издишан балон. Поголемиот дел од народот денес сфаќа дека проблемот на Грција со нашето име, де факто е и наш голем проблем и без да се изнајде начин да се премавне, Македонија уште долго ќе биде зачаурена земја во која ќе царува истата групација, т.е. децата и внуците на оние од 1945г.




Андов се обидува да ја поткрепи лагата


Посебно интересно е каков вознемир предизвика разобличувањето на лагите на Андов околу приватизацијата во Македонија, т.е. неговиот обид да се амнестира себеси и Бранко Црвенковски од целиот процес, кога излезе со тврдење дека основите на приватизацијата ги поставил Никола Кљусев и неговата влада.

Откако на Котле беше објавена колумната за оваа фрапантна лага
(http://kotle.ca/index.php?option=com_con...y&Itemid=1)
која инаку беше искажана во негледан термин на А1 телевизија и тоа по сосема друг повод и тема на разговор во студиото, веднаш се јавија бранителите и соработниците на итриот лисец.

Најгласен во одбранта беше „дечкото либерал“, Ивон Величковски. Откако видоа дека тоа не е доволно, а благодарение на фактот што македонските медиуми повторно го реактуелизраа овој процес, се отиде со тешка артилерија, па на телевизијата на еден кодош што тврди дека не е, на 20.09.2010 беше организирана тв дебата за приватизацијата воопшто.

Гостите се „мој до мојега“. Пишувачот на законот Јане Миљовски излезе со тврдење дека поинаку не можело оти државата немала пари, па напишал закон со кој очекувале божем милиони долари од странски фирми да нагрнат во Македонија. Притоа, бесрамно се пожали оти пријателите му рекле, „а би ти Јане остана со прстот во уста“, додека другите се изнакрадоа.

Вториот гостин Мирољуб Шукарев, еден од првите директори на Агенцијата за приватизација излезе со теза дека имало мали слабости во примената на законот(демек тој не бил лош) и дека недостасувале само малку контролни механизми.

И двајцата гласно тврдеа дека ревизија на приватизацијата не може да има и дека таа била замислена уште во 1992, а Јане само случајно го напишал законот во 1993!

Третиот гостин, заедно со водителот Роберт, не се ни за коментирање. Затоа пак, целата емисија беше кристално јасен обид за поткрепа на лагите на Андов и поткрепа на тврдењата на Црвенковски дека моделот на бил лош и оти за него гласала и тогашната опозиција.

Но, Андов, очигледно предизвикан од огромниот интерес за оваа тема на интернет (за што го известува неговиот соработник Величковски), во последниот број на Фокус од 24 септември 2010, се обидува уште еднаш да ја оправда својата лага и да го одбрани Црвенковски. Притоа лисецот прави еден голем пропуст, признавајќи дека Кљусев, во соработка со Глигоров се залагале всушност за модел на приватизација по Анте Марковиќ, „само малку дотеран“.

Со што, самиот признава дека приватизацијата во Македонија, онаква каква што ја видовме, всушност е замислена и институционализирана во времето на Бранко Црвенковски, односно од септември 1992 до јуни 1993.





Котле е еден од вистинските начини


Примерите погоре се наведени за да покажат дека нема друг поефикасен пат и друг легален начин во борбата за вистински демократија, освен со постојано изнесување на вистината и ставање на столб на срамот на узурпаторите на истата, кои за да ги зачуваат своите моќни позиции во недемократскиот систем што самите го креирале, постојано лажат.
[Image: _39863890_pm300ap.jpg]
Борбата со комунизмот, да потсетиме не е нова и трае и денес. Таа за македонците е стара најмалку од 1893 и се уште е актуелна. Изнесувањето на виделина на сите нивни лаги, очигледно ги прави нервозни и несигурни, па прават се поголеми грешки. Како оваа последнава на Андов во Фокус. Или како папзајанијата што ја направија со лустрацијата, со што на народот му помогнаа да рабере дека многу лажат.

И така доаѓаме до одговор на прашањето на почетокот. Што да се прави?
Друг пат нема. Секој со своите доблести и способности треба да ја користи секоја можна прилика да се бори за вистината околу „македонцките работи“.

Да се избори со една голема лага, според која „комунистите ја создале Македонија“ и оти пред 1945 на овие простори немало ништо македонско и никој друг не се борел за нејзе. Врз основа на таа лага тие створија недемократски и нехумани државен систем и власт, кои траат до ден денешен.

Нивно е да се обидат да продолжат да лажат и да владеат. Наше е да се бориме за вистината и за вистински прогресивни промени. Во таа смисла, Котле стана одлично корисно и моќно средство во таа борба.

Владимир Костовски
12-04-2011, 10:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,896
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20



Quote:СЛУШАЈТЕ ГО ПРЛИЧЕВ!



Прашањето за спрот за името со Грција мора да се реши што е најитно можно. Потребата од такво нешто е очигледна. Ова прашање се заканува да го раскине националното ткиво на македонците и да биде трагично злоупотребено од страна на политичарите без два грама мозок, кои го водат или сакаат да го водат народот и државата.


Некаде на крајот од 19.век, еден од најголемите поети и преродбеници што ги дала Македонија, напиша поезија која по својата содржина, композиција и уникалност, е ремек дело. Григор Прличев ја напиша поемата „Хилјада и седимстотин шездесет и второ лето“, поттикнат од својот порив низ уметност да овековечи една голема неправда што му се случила на неговиот народ и на родниот му Охрид.

Поемата која и денес е актуелна и со задоволство се изведува и се пее ширум Македонија, зборува за судбината на последниот „патријарх“ на автономната Охридска архиепископија/патријаршија, за отец Арсениј, кој во таа далечна година со ираде, т.е. со указ на турскиот султан, е разрешен од духовната функција, а Црквата е укината.

Според историските записи и народни сведоштва со кои располагал и Прличев, секако, овој настан не е случаен и се должи на големо инволвирање на тогашните грчки владици во Истанбул. Имено, Цариградската патријаршија не можела да се помири со фактот дека и покрај вековното ропство македонскиот народ со помош на својата црква опстојува, и со свој јазик и писмо, посветено го слави Господа, мечтаејќи истовремено за своја слобода.

Прличев или „Вториот Омир“, секако ги знаел грците подобро од нас. Тој не зборувал за обичните грци, кои обично немаат врска со шовинситичките политики на своите политички и црковни елити. Тој зборувал токму за расипаност на грчките духовници, кои сакале да ја исползуваат својата лоби група во Истанбул, на дворот на султанот, за да може преку клевети и лаги да уништат еден свој архи противник.

Целта и последиците од таквата политика, еден век подоцна, Прличев ги опеал во следните стихови од 1762 лето:

[Image: Prlicev.jpg]

...„Ќе пратит владици Грци, лицем светци, срцем в,лци
Ќе ве дават ќе ве стрижат, ќе млзат до крв

Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
Да се мрази син со татка и со брата брат.

И ќе викнете до бога и крило не ќе најдете
Смирени ќе наведнете глави доземи

Ќе ми бидете сираци, така било записано
Елате ми да ве гушна за последен п,т“...



Колку ли е само актуелна и денес таа поделба за која зборува Прличев. Колку ли е само актуелно и тоа веднење глави доземи и ден денешен. Уште од укинувањето на Охридската архиепископија во таа 1762/3 година, до ден денешен. Од тука јасно може да се види за секој што сака да гледа, дека проблемот е стар и вековен, а воопшто не е „апсурден“ и „неразбирлив“, како што често сакаат да го претстават домашните одродници и странците кои се прават на „три и пол“ и се исчудуваат на кавгата.

Спорот долгорочно гледано е опасност



Спорот што на современа Македонија и го наметна Грција уште пред 1990 и кој поради актуелните позиции на Грција и констелации на Балканот стана и македонски спор, сега се заканува по единството на државата. Не по опстанокот, туку по единството, што може да доведе до ново одложување и децениско таворење на Македонија во балканската кал.

Спорот кој македонскиве комунистички слуги во 1991/2 се правеа дека не го разбираат баш најдобро, поради грижата на совест од предавството што го направија кон македонците во Егеј во 1949 годинан, се усложни поради тоа што прифатија да ја играат игранката на Грција, наместо да го сосечат во корен и безмилосно.

Сега е време за итно решавање на овој спор. Ќе повториме, не поради опстанокот на Македонија. Ние тие опции веќе сме ги поминале и тука и во Македонија, и сме ги дискутирале на едно разумно и логичко ниво. При што сме дошле до заклучок дека Македонија навистина е забавена и онеправдана во нејзиното пристапување кон ЕУ и НАТО и дека има огромни штети за демократијата, па и за економијата во земјата.
Но, и дека постои и друг пат и прашање е само дали се сака и се може да се одбере. Тој пат можеби и сигурно е потежок, но секако дека е пат и е алтернатива.

За да ви стане појасно зошто споров треба итно да се расчисти, треба само малку од страна да погледнете како истите тие комунистички „државотворци“ кои не турнаа во оваа каша со нивната попустлива политика, сега се обидуваат да го искористат како алатка во нивната вечна борба за приграбување на власт. И тоа онака како што тие најдобро знаат – нелегитимно и надвор од сите демократски прописи, по пат на измами, пропаганда и надвор од изборен процес, единствениот легален пат во цивилизираните и демократските општества.

Но, кој знае, бидејќи Македонија се уште не е функционална демократија, можеби затоа овие си земаат слобода и право така да дејствуваат.

Широк фронт


Зборуваме конкретно за еден широк фронт на битанги, бандити и полуписмени олигарси и нивни слуги, олицетворени во политички партии, бизнис сектор и невладини организаци, кои спорто за името и негово решавање во полза на Грција го претставуваат како прашање на живот и смрт за Македонија.

[Image: macedoine_crvenkovski220.jpg] [Image: 25DFD80A84FED8448BE1D875EBB22BB0.jpg]

Во тој широк фронт моторната сила се СДСМ со Бранко Црвенковски на чело и „либералот“ Стојан Андов, кои ова го прават од првиот ден откако се на власт, а особено откако во 1998 стапнаа и за прв пат ги почувствуваа „студените“ опозициони води.

Околу нив се серија други помали партии, лидери и лидерчиња, а многу важна улога како спотер играат главните албански партии во власта и опозицијата, кои се ползуваат од страна на оваа банда за да бидат претставени како константна закана за Македонија. Тие чат-пат влегуваат во такви пазари со нив, иако, барем досега, генерално, лидерите на албанските партии стоеле настрана од овој процес.

Околу оваа банда на „државотоворни“ лидери се наоѓа еден широк слој полуписмена олигархиска елита, која станала таква благодарение на бандава, а зад нив и интелектуална банда, разместена во разни невладини и хуманитарни организации, професори и новинари во различни медиуми.

[Image: 05.11gem-volan.jpg]

Нивните ставови, што од неукост, што од романтични чувства дека припаѓаат на „левата“ банда, а што од незнаење и глупост, постојано им се сервираат на македонските граѓани со една цел, да го убедат да го прифати неприфатливото – да си го смени името и сопствениот идентитет.

Ракописот на овие, де факто грчки лобисти во Македонија, е препознатлив од километри. Тој ракопис ни го читаат или како „експертски“ или како „влијателни меѓународни невладини организации“ или како „дипломатски извори во Брисел и Вашингтон“.

Ваквите ставови на бандава и нивните помошници секако дека им одговораат најмногу на Грција, но и на западните земји, поради бршење на историјата и на она што се нарекува колективна грижа поради нечиста совест околу Македонија и македонското прашање, кое заедно со курдското и палестинското, еве сеуште ја обременува меѓународната политика веќе два века.

Големата игра е надвор од Македонија и името



Западните земји имаат и уште една причина за поддршка на Грција и не треба да правиме драма од тоа. Тоа што во моментов на оваа наша банда во грб и дува поволен ветер од ЕУ и од САД, кои исто така лобираат за смена на името и брзо решавање на спорот со Грција, не значи дека западните земји во Македонија не можат да препознаат кој е кој и кој е што.

Тие добро знаат дека разлика меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и нивните две банди нема. Но, она што нив сега ги интересира се стратешките големи игри на големата карта. Во таков случај тие препознаваат доволно одродени и продадени душички во Македонија, кои за грст долари би си ја продале и сопствената мајка, а камоли државата и народот.

И играат со нив и на нивна карта, со цел Македонија да и удоволи на Грција, спорот да се затвори и потоа Балканот да биде решен или да останат уште некои „ситници“ да се дозавршат. Тоа ним им одоговара, исто како што им одговара цела Југоисточна Европа да биде полноправен член на ЕУ и НАТО, со што фронтот против архинепријателот Русија и против новите предизвици со БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина), би можеле да ги решаваат фокусирани кон тамошните географии и континенти, наместо сеуште да се „заебаваат“ со Балканот.

Но, со ваков поттик на „левата“ банда во Македонија да го притиска и раздорува сопствениот народ да си го смени името и идентитетот, се отвора друга опасност. „Десната“ банда околу ВМРО ДПМНЕ веќе разбра дека нејзината популарност и покрај сите глупости и пљачки врз сопствениот народ, се должи сеуште на тврдиот став во однос на името. Тоа пак, отвора фронт за широка игранка од Исток, кои, што преку Србија, што директно, гледаат шанса да се замешаат во споров и да ја убедат Македонија да остане надвор од ЕУ и НАТО.

Крајниот резултат од ваквото делување на нашите две банди, „левата“ и „десната“,
се исклучително неповолни.Македонија ќе ја има, со зачувано име и идентитет или без него, но, ќе остане инвалидизирана држава со низок демократски потенцијал, која потоа многу лесно може да се ора како сфера на интерес. Било од Запад, било од Исток, преку нивните пулени во соседството.

Бурлеските со МПЦ


Ете тоа е глобалната игра. Во таа игра сосема е смешно кога БЦ ќе изјави дека ако не се реши името до ноември, Македонија ќе пропадне како држава. Исто така е смешно, кога Стојан Андов ќе ви каже дека Македонија ќе ја снема и оваа генерација македонци ќе бидат виновни за тоа ако Груевски не го реши прашањето за името до самитот на НАТО во номври.

Подеднакво се смешни и македонските новинари и невладини организации и нивниот придонес кон слични такви мислења што доаѓаат од странски невладини организации, кои се залагаат за промена на името, па дури и на националниот идентите на Македонците.

А најсмешно од се е, што во спорот за името се јави Македонската православна црква и „распопите“ на чело со архиепископот Стефан. Они го бранат името, замислете.
После сите пљачки на народни пари во македонија и на сите други континенти, после сето „курвање“ со комунистите и нивните истурени одделенија во партиите со предзнак ВМРО, после сето коленичење пред СПЦ и сета мизерија со тоа што грчки и српски шпиони ги примија и ги устоличија за владици, па после мораа да ги расчинуваат, после сите гревови на душа што ги имаат правено со кодошење и во сладострастие, а за сметка на УДБ-а, сега они се засегнале од спорот за името и застанаа на тврда линија. Откако пред нецели две години го сменија своето име и од МПЦ се прекстија во МПЦ-ОА. Бурлеска!

А Бранко бил скандализиран. Тоа било погубно за државата. Демек Црквата се мешала во политиката, а Македонија е секуларна држава. А, бе иди бегај. Кога Црквата требаше да работи во корист на комунистите цели 60 години тогаш не бевте скандализирани. Тогаш се беше ок, а МПЦ беше „важен општествен чинител“. Смешно и тажно истовремено.

Раздорот е веќе на дело!


Како и да е, смешно или тажно, факт е дека пропагандниот притисок што го прават двете банди е огромен. Тие буквално го делат националното ткиво на два дела, иако мнозинството од граѓаните, на кои се уште чавка не им го испила паметот, знаат да соберат два и два. Но соодносот на оние што знаат да соберат два со два и на оние кои се збунети по ваквиот пропаганден притисок, опасно се приближува до изедначување.

Постои реална закана македонскиот народ утре да биде поделен пата-пата околу спорот за името. Како што би рекол Прличев, да се мрази син со татка и брата со брат.

Всушност на дело е една таква подлеба, која засега е на ниво на вербални препукувања. Но, кога омразата ќе биде напумпана до максимум, тогаш реална е опасност од распад на националното ткиво, дури и да се зачува името. Тоа ќе доведе до растурање на националната енергија, која е збир од индивидуалните позитивни енергии.

И наместо да се размислува за прогрес, за алтернативните патишта што и стојат на државата на располагање, наместо да се размислува за средување на сопствениот двор во смисла на воведување вистински демократски стандарди и расчистување со корупцијата и организираниот криминал, ќе се размислува за бунтови и востанија на 11 октомври или на 7 ноември и на други глупости.

Тоа ќе ја зголеми несигурноста кај македонецот, а со тоа и апатијата, по што, шансите за прогрес ќе се минимизираат и ќе останат како аманет за некоја друга генерација македонци. Таквата позиција што ќе ја закопа Македонија во место, е директна последица на таа подлеба на бандитски табори на „александристи“ и на „славомакедонисти“, на божемна десница и на божемна левица, на „предавници“ и на „државотворци“. А сето тоа го направија старите комунисти и никој друг. Оние што ја командаат Македонија од 1945 до денес.

Оттаму, проблемот со името мора да се реши навистина брзо. Одлука мора да се донесе во смисла дека или Македонија ќе го замрзне своето барање за прием во полноправно членство на ЕУ и НАТО и ќе бара алтернативи или дека ќе седне на директна маса со Грција да проба да постигне прифатливо решение кое би го издржало тестот на иден референдум.


Во меѓувреме, за да си го зачувате духот и верата, слушајте го Прличев малку повнимателно и почесто. Можеби се околу овој спор со грците ќе ви се разјасни веднаш и многу лесно. А потоа, полесно ќе ги разберете домашниве некадарници што го бараат вашиот глас на избори.

Владимир Костовски
12-04-2011, 10:32 PM
Reply