Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ИЗБОРОТ НА ТАЛЕР ДА БИДЕ ПОДМИТЕН Е СЛУЧАЕН ???!!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Sunday Times nastavil past poslancem EP, vpleten tudi Thaler
Božo Mašanović, Bruselj
ned, 20.03.2011, 16:24

Britanski tednik pod krinko lobistov novačil poslance za sodelovanje proti plačilu: 14 jih je skoraj šlo na limanice.


Zoran Thaler je za Delo zatrdil, da se je spustil v igro, ker je hotel ugotoviti, kdo stoji za tem komplotom, saj je bil »do zadnjega« prepričan, da je afera vodena iz Makedonije, kjer so ga že novembra lani skušali očrniti – Thaler je namreč parlamentarni poročevalec za Makedonijo – obenem pa si je »prizadeval, da ne bi prestopil praga zakonitosti«, saj zanika, da bi prejel kakršenkoli denar za dopolnilo na direktivo o odškodninskih shemah za vlagatelje, ki ga je vložil na začetku februarja. Thaler je tudi zatrdil, da bo podpredsednici Wallisovi poslal vsa potrebna pojasnila, prav tako tudi predsedniku komisije za boj proti korupciji.
Целиот текст

Quote:2. Без оглед на тоа, сакав да откријам кој стои зад овој обид да се
дискредитира моето име овојпат. Во ноември 2010 година, во Македонија бев мета на неуспешен обид за компромитирање на мојата репутација каде се тврдеше дека сум бил осомничен дека сум правел профит од ПР консултации преку словенечката компанија (се мисли на Пристоп, која ја изработи стратегијата „Надеж“) за екс-претседателот на државата и сегашниот лидер на опозицијата партија во Македонија. (Бранко Црвенковски)
Тоа е причината зашто јас бев многу нестрплив за да се дознае кој стои
зад новиот напад не многу долго после тоа, веќе во декември 2010
година.
Во почетокот на март 2011 година, конечно, стана јасно дека тоа е
"Sunday Times" и / или некој зад веснкот со своите "тајни" операции.
(""Sunday Times" е инаку добро позната по својата отворена анти-ЕУ
уредувачка политика која постојано ја потенцира)

3. Цело време на нивниот обид за компромитација на мојот интегритет,
јас никогаш не ги земав парите што им беа понудени и немав намера да
го сторам тоа во иднина. Понатаму, јас не го потпишав "договорот за
соработка", која ми беше понуден, ниту пак им издадов "фактура" која
тие постојано ми ја предложуваа и бараа.



Quote:okip

In to še ni vse. Makedonci trdijo, da so Grki tega lopova podkupili, da je za EU napisal negativno poročilo o Makedoniji. Upam, da bo kdo iz EU (na naše seveda ni računati) preveril te obtožbe. Makedonija ni le trg za naše gospodarstvo. Makedonija je ena sama tragedija, Slovenci smo tam spoštovani in dobrodošli in če je to resnica, nas je lahko pošteno sram.
21. marec 2011, ob 103840


И тоа не е се. Македонците тврдат дека Грците го поткупиле тој крадец дека за ЕУ напишал негативен извештај за Македонија. Се надевам дека некој од страна на ЕУ (за нашите се разбира не сметам) да се разгледа наводите. Македонија не е само пазар за нашата економија. Македонија е една голема трагедија, Словенците се почитувани, и добредојден таму и ако е ова вистина, можеме да бидеме навистина засрамен.
21-03-2011, 02:00 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

Тоа си е нивна работа,тешко дека некој од Македонија има вмешано прсти.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
21-03-2011, 05:16 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Па се наметнува прашање: на која Служба Талер и` е пиунче?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-03-2011, 05:26 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#4

(21-03-2011, 05:26 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Па се наметнува прашање: на која Служба Талер и` е пиунче?

Neznam dali ima nekakva vrska ili ne ama Taler mnogu se druzheshe so borcive za promena na imeto....sorosidite.
21-03-2011, 08:39 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#5

Таму врие од корупција... и социјалистички начин на размислување... Интересно ми е како Англичаните и Чесите ги плескаат. Но, тоа го прават од внатре(!) и со сосема други аргументи од нашите антиглобалисти и русофили.

Не знам каде прочитав едно интересно објаснување од Талер, сакал да види дали позади сето ова стои МИ6 и ЦИА... Icon_razz

21-03-2011, 08:48 PM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#6

Quote:Талер му рече збогум на Европскиот парламент

[Image: 2C2C8F566B4422438EB967DB60BD4A22.jpg]

Известувачот за Македонија вчера мораше да си поднесе оставка во Европскиот парламент поради скандалот со „Сандеј тајмс“

Слободанка Јовановска


Зоран Талер и' рече вчера збогум на функцијата во Европскиот парламент, а со тоа и на на позицијата известувач за Македонија. Само еден ден откако „Сандеј тајмс“ го обвини него и уште двајца европарламентарци дека биле подготвени за стотина илјади евра да протнат амандмани во интерес на некои компании, Талер свика прес-конференција во Љубљана, на која соопшти дека за да не и' попречува на истрагата, решил да си даде оставка.

Ден пред тоа, Талер демантираше дека е виновен, дека зел какви било пари за политички услуги или дека прифатил каква било најава за исплата, па целиот скандал е обид да се наштети на неговиот интегритет. Иако Талер тврдеше дека нема да се повлекува, вчера и тој, како Австриецот Ернст Штресер, не ги издржа притисоците и си даде оставка во ЕП.

Словенечките медиуми шпекулираа дека е можно да го наследи Андреј Хорват, кој е следен на партиската листа, но и неговото име е вмешано во некаков финансиски скандал, така што наследникот засега не може да се прогнозира. Дали наследникот на Талер, пак, ќе биде и иден известувач за Македонија, уште е потешко да се каже и, според процени од Брисел, би требало тој да биде избран повторно од групата на социјалистите, но и не мора, а ќе зависи од новиот пазар на партиите.

Талер, кога беше избран, беше примен како среќно решение за Македонија, бидејќи е од Словенија, земја наклонета на нашата евроинтеграција, која има слух и за ставовите во однос на спорот со Грција. Талер не беше миленик на власта во земјава поради критиките околу реформите, па скандалот отвори пат таа да излобира некое поприфатливо име од народните партии, иако досега за оваа функција се нудеа, главно, Грци или парламентарци поттикнати од нив.

Скандалот уште во неделата ги крена на нозе сите во Брисел, иако за ЕП не е својствена никаква активност во викенд. Портпаролот Жауме Душ ги нарече обвинувањата многу сериозни и соопшти дека Парламентот веќе отворил истрага, освен за Талер и за Романецот Адријан Северин, и за Австриецот Ернс Штресер, двајца социјалисти и еден од народните партии, инаку сите бивши министри во своите земји.

На прес-конференцијата во Љубљана, Талер не одговарал на прашањата на новинарите и само ја прочитал изјавата, што предизвикало од нив звучни негодувања. Во соопштението тој порача дека со неговата оставка сака да даде можност да се разгледаат сите факти и околности околу обидот за негова компромитација, и тоа без оптоварувања и притисоци. „Во согласност со моите етички стандарди, сакам да се добие целата вистина и да докажам кој дејствувал законски а кој нелегално“, стои во соопштението.

За случајот се заинтересирале обвинителството и антикорупциската комисија во Словенија, па Талер веќе вчераутро на нивно и на свое барање бил да ја објасни својата страна од приказната. Британските медиуми го оценија скандалот како најтежок во 53-годишната историја на ЕП, а лидерот на групата на народните партии, Жозеф Дол, изјави дека ако се докаже оти обвинувањата се точни, очекува сите тројца да си поднесат оставки во ЕП. „Нашите граѓани мора да имаат доверба во своите парламентарци и секое неморално и неетичко однесување нема да се толерира“, рече тој.

Според „Сандеј тајмс“, новинарите преправени како лобисти им понудиле ваков договор на над 60 европратеници, но само овие тројца влетале во замката. Талер и Штресер во разговорот со преправените „лобисти“ се пофалиле дека парите нема да ги декларираат пред соодветната парламентарна комисија, додека Северин рекол дека ќе пријави само еден мал дел од хонорарот. Сите тројца им потврдиле дека понудените амандмани, што им ги изготвиле лажните лобисти, ги ставиле во парламентарна процедура за испитување и евентуално усвојување. Додека Северин призна дека наплатил извесни консултантски услуги, но дека тоа било во рамките на дозволените лоби-активности во ЕП, Талер и Штресер тврдеа дека отпочеток знаеле дека ги местат, но сакале да видат до каде ќе одат во тоа.

Инаку, земањето пари за протнување амандмани и регулативи е спротивно на прописите во ЕП, иако тие се лабави и може да се толкуваат мошне слободно, а лобистите се официјално регистрирани во ЕП. За недекларирање на сите финансиски интереси, европратениците може максимално да бидат казнети со десет дена суспензија и притоа не примаат плата, но може да учествуваат во гласање. (С.Ј.)


Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
22-03-2011, 04:05 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

Quote:Инаку, земањето пари за протнување амандмани и регулативи е спротивно на прописите во ЕП, иако тие се лабави и може да се толкуваат мошне слободно, а лобистите се официјално регистрирани во ЕП. За недекларирање на сите финансиски интереси, европратениците може максимално да бидат казнети со десет дена суспензија и притоа не примаат плата, но може да учествуваат во гласање. (С.Ј.)

Малку ме изненадуваат лабавите правила на ЕУ кон тие што земаат мито и непријавувањето на парите.
Ваквиот приод на ЕУ,каде пратеникот нема да биде казнет само ги охрабрува пратениците да земаат мито.
Во Америка кога потпреседателот на Ричард М. Никсон, Спиро Агну зеде мито ја изгуби работата и отиде во затвор.
Во Америка и Канада, ако сте политичар и ве однесат во затвор, по излегувањето во Канада го губите правото на глас и да бидете адвокат.
Во Америка, легате затвор и потоа немате право да се занимавате со политика, но и да држите адвокатска пракса,како и да земате заеми од банка.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
23-03-2011, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(21-03-2011, 05:16 PM)афион Wrote: Тоа си е нивна работа,тешко дека некој од Македонија има вмешано прсти.



Quote:СТЕЧАЈ ЗА МЕДИУМИТЕ И „НОВИНАРИТЕ“ ВО МАКЕДОНИЈА !

Со големо задоволство и сладострастие ги проследуваме информациите за аферата поврзана со тројцата европратеници, меѓу кои и нам познатиот Зоран Талер. Задоволството и страста не се од иста природа и мотив кои ги има во моментов и интензивно ги чувствува лидершипот на десната банда во македонската политика, номинално предводен од премиерот Н. Груевски.

Тие ако нема друг начин, преку своите „длабоки“ Орцекамчевски врски во британската влада, секако дека ќе изнајдат начин да им се заблагодарат на уредништвото и на новинарите на Сандеј Тајмс, кои успеаја мудро и минуциозно да ги насанкаат корумпираните политичари. Секако дека задоволството кај лидершипот на десната банда е потполно, зашто сега ќе имаат дополнителен погон во нивната пропагандна антиевропска машина да ги заверглаат старите приказни дека Талер е скриен СДСМ-овец и дека за таа цел тајно соработувал и со „дописничките“ од Брисел на македонските медиуми, се’ со цел да се урне ВМРО ДПМНЕ од власт и на законски или незаконски начин да се врати „левата“ банда на СДСМ.

Ние, се разбира, нема да невлегуваме во овие тврдења, иако по открититето на Сандеј Тајмс не би не зачудило се’ што се тврди за Талер да е точно, до последната буква.
ИЗВОР
23-03-2011, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



Quote:Талер најави тужба против „Сандеј Тајмс


Поранешниот пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Зоран Талер кој поради корупциски скандал поднесе оставка на функцијата, ќе ја тужи корпорацијата „Њуз Интернешенел“ на медиумскиот моќник Рупер Мардок, поради незаконски снимениот разговор со него.

[Image: images?q=tbn:ANd9GcQankZfvW3Ojy8Legyy38D...dfO-mVvmUR]

Неодамна весникот „Сандеј Тајмс“ со тајно снимање на разговори откри корупција во ЕП, а една од жртвите беше и Зоран Талер. На словенечкиот евро пратеник во наводен разговор со „руски тајкуни“ му биле понудени неколку стотини илјади евра за во парламентот да поднесува амандмани за финансиски закони кои ќе бидат во нивна полза, на што Талер се согласил.

„Новинарите се користеа со незаконски методи како би го постигнале медиумскиот ефект“, изјави Талер.

Заедно со Словенецот дел од скандалот беа и Адриан Северин (Романија) и Ернст Штрасер (Австрија). Талер понудил парите да му бидат исплатени преку британска фирма, по што ја добил првата рата од 25.000 евра. Штрасер ја добил истата сума, додека на Северин му биле исплатени 12.000 евра. Откако Талер и Штрасер дознале дека се врбувани, рекле дека со месеци знаеле дека станува збор за местенка и дека имале намера да ја откријат компанијата која стои зад лобистите.

Поранешниот евро пратеник смета дека позитивниот исход од неговата тужба нема да го смени јавното мислење во Словенија, кое го осуди неговото коруптивно однесување, но дека позитивниот исход ќе биде мал „фластер на раната“.

Корпорацијата на Мардок, според пишувањето на „Њуз Интернешенел“ ќе основа фонда за исплата на обештетување која нема да биде поголема од 100 илјади фунти, но Талер смета дека повеќето од оние кои ќе го тужат весникот ќе побараат паричен надоместок.

Словенецот Зоран Талер, меѓу другото, беше специјален известувач за Македонија во Европскиот Парламент. По коруптивниот скандал и оставката ЕП за наследник на Талер го назначи бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин од Коалицијата за Бугарија, член на групата на Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите во ЕП.
18-04-2011, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Лоша вест за Груевски:


Quote:Зоран Талер ослободен од обвинението


Брисел - Европската канцеларија за спречување корупција - ОЛАФ, по девет месеци истрага заклучи дека не постојат докази за неприфатливо однесување од страна на европратеникот Зоран Талер, па тој треба да се ослободи од обвиненијата.

Во март лани Талер беше обвинет од страна на британскиот неделник „Сандеј тајмс“ дека земал мито за да влијае на содржината на одредени предлог-закони. Словенечкиот европарламентарец ги негираше сите обвинувања, но сепак поднесе оставка за да остави простор за непристрасна и непопречена истрага.

Тој за сето тоа време бараше од властите во Словенија да си ја завршат обврската во независна процедура и да разоткријат чии постапки биле легални, а чии нелегални. Според Олаф, Талер целосно соработувал со истрагата и дал пристап до сите мејлови и информации потребни за водење на случајот. Сега Талер е задоволен што победила правдата и побара што е можно побргу да се објават резултатите од домашната истрага.

„Од март минатата година постои писмо во кое изразувам подготвеност да соработувам во истрагата, но властите досега не ме инволвираа во неа. Фер би било ваков неславен медиумски случај како мојот да добие правен епилог што побргу. Критичката јавност верува дека никогаш нема доволно волја да се направи тоа, иако жртвата на медиумски линч не добива сатисфакција“, изјави Талер.

Аферата, која потоа еруптираше во голем скандал околу нелегалните и контроверзни методи на работење на „Сандеј тајмс“, и' стави крај на парламентарната кариера на Зоран Талер во Брисел, па одлуката на ОЛАФ отвора дилема - дали неговата оставка беше избрзан чин под притисок и можно ли е негово враќање? Талер пред да даде оставка на функцијата беше известувач на ЕП за Македонија, а индиректно како поттикнувачи на неговото прислушкување од страна на „Сандеј тајмс“ се посочуваа властите во нашата земја, кои покажуваа нервоза поради неговите критики за реформите. (Н.Р.)
06-02-2012, 02:38 AM
Reply