Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонската епопеја низ Њујорк тајмс“
Author Message
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#21

Еве писмо до уредникот на американски Евреин по повод Илинденското востание. Брајлсфорд во „Мекдонија; нејзините народности и нивната иднина“ Евреите (доселени од Шпанија по нивното протерување од Фердинанд и Изабела) ги опишува како верни сојузници на Турците. Можеби ова објаснува зошто во Македонија немало никаков посериозен обид да се спасуваат Евреите за време на нацистичката окупација во Втората светска војна.

Quote:Македонија и цивилизацијата


до уредникот на Њу Јорк Тајмс

Тие што си ласкаат себеси дека деновите на Крстоносните и Светите војни се поминати и никогаш нема да се вратат; дека националните напади за плачкање и грабеж, како индивидуалните акти на бандитство, што се пропишани по националните закони на морали, и гледани со чест дека правдата и хуманоста се единствените водечки духови во државните канцеларии, ќе треба веднаш тие брзо оформени мислења да ги променат кога ќе треба да се соочат со поведението на Христијанските војски во Кина од пред три години, и случувањата во тоа седиште на интрига и криминал—Македонија! Постпаките на преставниците на „високите цивилизации“ во Кина, со сите нивни ѕверски казнени експедиции и пљачкашки напади, се премногу познати за да треба да се  рекапитулираат, бидејќи се прашања од минатото и оттука ја негираат можноста за поправка; како и виновното поведение на извесни Сили во Македонија во сегашниот момент, посебно Русија и Австрија, како и Бугарија.
Дописите во денешните весници информираат дека „бугарската агенција во Монастир се користи како уред за регрутација“ и „дека е јавно познато дека рускиот конзул е активен симпатизер на движењето,“ како и „дека бугарските банди имаат окупирано турски град,“ дека „состаноци на еминетни Македонци се држат дневно во Софија,“ и дека „Силите ќе гледаат да го локализираат бунтот“ итн.

Сево оваа укажува дека оваа не е борба на опресиран народ кој има за цел да ја отфрли поробувачкиот синџир кој станал неиздржлив, туку дека е дело на шпекулантски  интригантски странски агенти во земја на сојузник—во строго прекршување на основните принципи на меѓународното право, а да се случило спротивното, тогаш би имале строги протести и можеби и некој ултиматум, додека „Големата Порта не обивнува никого!“

Русија, над сите, е сигурно незаинтересирана да се вмеша себеси во оваа пајажина од дух на хуманост и незаинтересирано сочуство за неколку стотици Македонци надвор од нејзините граници, додека може да се почуствува и невозмирен поглед кон страдањето на милиони на Полјаци, Евери и Финци во нејзините граници.

Ниту пак Австрија ја исцрпила фонтаната на нејзината добродушност во нејзиниот третман на Унгарците и Полјаците така да е приморана некаде другаде да бара да ја покаже својата добродушност.

Факт е дека алчноста и пљачката се главната причина на сегашните настани на Балканот, дека местното население љубоморно ја посакува земјата, и не можејќи да ги употреби средновековни, и сега застарени методи на повикување на религијата како претекст за повик на оружје против „турскиот неверник“ или „безбожните Кинези,“ тие сега се одлучија да бидат скришно активни во темнината, надевајќи се дека подбуцнувајќи ги простите Македонци да спроведуваат акти на пљачка и крвопролевање, што ќе доведе до заслужени акти на насилие од страна на нивните турски господари, со што тие ќе се здобијат со можност за подигање на плак за нивните невино-убиени и малтретирани со-верници во раце на „нетолератните“ Мохамедани, и со тоа да ги запалат огништата на фанатизмот така разбудени додека не се здобијат со нивните одамна формирани цели врз „Болниот од Бсофор.“

Харолд Берман
Џерси Сити, Њу Џерси, 8 Август 1903 година
13-11-2019, 04:39 PM
Reply
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#22

Quote:Писма до уредникот на „Тајмс“


Англија и Македонија

До уредникот на „Њујорк тајмс“:

  Со голем интерес го прочитав писмото на „В.Х.В.”  во вашето издание од изминатата недела кое се осврнува на одговорноста на Англија за турските ѕверства, цитирајќи некои возвишени стихови на Вилијам Ватсон. Но зошто да се повикуваме на поезија, притоа кривејќи ја Англија за неактивност во Ерменија кога цврсти факти ја потвдуваат нејзината директна одговорност за сегашната несреќна состојба во Македонија? Приказната не е долга:
  Во 1878 година спогодбата помеѓу Русија и Турција ѝ даде независност на Македонија, ослободувајќи ја од турското робство. На Берлинскиот конгрес на кој Беконсфиелд, тогашниот премиер на Англија, беше владеачкиот дух што го вознемири овој договор и ја поврати Македонија на Турција. За нејзиниот удел во оваа трансакција, Англија го доби островот Кипар, кој сѐ уште е под нејзина контрола.
  Дипломатскиот триумф на Лорд Беконсфиелд и големите овации кои му беа упатени наоѓаат жалосен коментар во ужасот на масакарот врз Македонците кој е директно предизвикан од Англискиот курс пред 25 години.
SCOTUS.
Њујорк, 17 септември 1903 година.
03-12-2019, 02:45 AM
Reply