Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 2.23 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ КЕ НИ КАЖЕ ЗОШТО СЕ СМЕНИ ???!!!
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Нели благо речено ПАЃА в очи како некој постојано да го турка Лиобчо низ телевизиите на разни интервјуа, дали сме ние гледачите навистина до толку блесави или пак Режисерот само не` мисли за блесави...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
31-03-2011, 05:25 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

(31-03-2011, 05:25 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Нели благо речено ПАЃА в очи како некој постојано да го турка Лиобчо низ телевизиите на разни интервјуа, дали сме ние гледачите навистина до толку блесави или пак Режисерот само не` мисли за блесави...

Коњанику, проблемот е во тоа што Љубчо од Патриот стана Супер-Предавник.Посебно се интересни ставовите околу тоа дали имало или не Бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите ставови за името.
Во 1991 година тој изјавува дека немало Бугарофили, додека во врска со Грците тој изјавува тотално нешто друго. Во денешно време,повикувајќи се на авторитетот и легимитетот како весник за Слободна и Независна Македонија сето тоа го уништи, и зазема тотално други позиции.
Сега е прашањето за колку грста азно се смени?
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
31-03-2011, 05:37 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(31-03-2011, 05:25 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Нели благо речено ПАЃА в очи како некој постојано да го турка Лиобчо низ телевизиите на разни интервјуа, дали сме ние гледачите навистина до толку блесави или пак Режисерот само не` мисли за блесави...

А нели е уште по "нежно" што неговите телевизиски насптапи се најчесто кај Васко Евтов и на А1?
31-03-2011, 05:53 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

На прашањето зошто толку тврди ставови одговорите подолу
(25-03-2011, 01:50 PM)hristo Wrote: македонската сегашност. Вашите строги и крути разбирања за КОС и УДБА треба да ги коригирате. Таа структура е разпарчана и поделена. Некои останаа со СДСМ, некои се приклучија на ВМРО-ДПМНЕ, некои работат за други, странски служби. И не СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да работат од ист центар, нивниот заеднички именител е узурпација на власта и лично богатење, а се користи ниската информираност и свест кај Македонецот. Верувам дека кај челните луѓе, кај барем една таа структура има и други државни агенди за иднината на МК.Мојот личен став, кога гледам, дека не може да се направи организирана структура која ке биде вистинска алтернатива на овие два центра на моќ во МК, е да се користи секоја изјава, секоја информација која работи против нив. Вашата агенда е многу построга, исклучива и подразбира рушење на се и создавање ново. Сами кажавте, да се затвори А1, па после да се рушат и други, парафразирам.
На крај, во повеќе наврати кажав за присатен СТРАВ кај обичниот Македонец. Ако си толку храбар и гинеш за македонската кауза, ке ти дадам еден предлог. Дојди во Македонија и бори се. Веројатно нема потерница по теба, па да не смееш да дојдеш тука. Дојди, а ние ке ти помогнеме...ама политичката агенда ке ја правиме заеднички.

Quote:УДБА – тајна комунистичка полиција
Текстов го објавил Марјан Попески на 12 Август, 2010 во Мисла, Политика | 0 коментари
Во пресудата од 23.05.2002.година, Врховниот суд на Република Словенија тврди дека УДБА е злосторничка организација:„Споменатиот интерен извештај е историски документ, кој настанал во некогашната тајна полиција, позната под името УДБА.

Денес е познато дека таа служба не се занимавала само со разузнавачки задачи, туку и сама организирала разни криминални активности, плански ги изведувала, па дури и конструирала постоење на кривични дела и одговорност за нив. За таа цел фалсификувала, фабрикувала или подметнувала обвинувачки докази. Жртвите на таквите активности, по правило политички противници, или поинаку мислечки, во периодот на тогашниот режим немаа можност да ги разоткријат конструктите на УДБА и да бидат рехабилитирани“.

Дека е така сведочи еден удбаш. И тоа не кој било, туку помошникот на шефот на УДБА за Словенија, Алберт Светина, во својата книга „Од ослободителна борба до бандитизам“: „Во Ослободителниот фронт и во партијата се вклучив заради борба за национално ослободување, а по крајот на војната завршив во ОЗНА, во бандитизам. Баш во бандитизам, и тоа поради противзаконски дејства, кои ОЗНА илегално ги изведуваше надвор од законската власт и од судството. Се занимаваше со работи што се карактеристични за бандитизам. Зарем не е бандитизам доколку им крадете на луѓето и ги крадете претпријатијата во странство, имотот илегално го префрлувате преку граница и со него управувате илегално, надвор од државните институции. Нејзините припадници во Трст, малку по војната, меѓу другото украдоа и пари, кои беа наменети за месечна плата за работниците и ги донесоа во Љубљана. Од друга страна, ОЗНА одземаше приватна сопственост без секаква основа. Доколку на озновците, или на членовите на ЦК им се допаднеше некој стан или куќа, сé заедно едноставно ќе запоседнеа, а сопствениците ќе ги сместеа зад решетки, доколку не одеше поинаку“.

За првиот шеф на УДБА за Словенија, Иван Мачек, вели дека имал само четири одделенија основна школа. Во борбата со Зденка Кидрич за шеф на УДБА победил заради поголемата суровост. Член на УДБА се станувало со посебна проверка од раѓањето па до денот на приемот. Бидејќи бил во позиција да прима удбаши, Светина вели дека при изборот за него било најважно кандидатот да е вистински комунист и да е подготвен да го ликвидира непријателот. Не на фронт со оружје, туку во својата околина или каде било на друго место. Удбаши станувале обични луѓе, но подготвени да убијат, без разлика дали се работи за роднина. Според него, удбаш е човек без душа, кој е подготвен да изврши сé што УДБА ќе побара. Поради тоа, во своите редови прибирала убијци. Крвници биле срж на УДБА, а меѓу нив се истакнувале Море и Шилих, кои уживале дури и кога убивале партизани. Според Светина, ОЗНА (подоцна УДБА) била банда на убијци, натопена со болшевизам и сталинистичка бездушност.

Многу корисно за македонските услови е сведочењето на Светина дека удбашите што биле дисциплински казнувани, завршувале како директори во стопанството во странство. Тие шверцувале дрога, цигари и алкохол. Бази имале на неколку места по Словенија. Светина пишува сам за себе: „Според упатствата на Мачек, организирано крадев и правев други противзаконски работи“. Според него, УДБА толку се осилила, што по 1948 година упаѓала во државите на источниот лагер и киднапирала непријатели на СФРЈ. Овој заклучок произлегува од неуспешниот обид на киднапирање на Верстовшек од Унгарија. Тројцата браќа Пупош биле фатени и обесени во затвор во Унгарија. Удбашот Светина вели: „Удбашкиот систем, по углед на советскиот, беше построг и понечовечки од гестаповскиот“. Удбашите се делеле на разузнавачи и ликвидатори. Едните не смееле да знаат за другите. Авторот ја опишува судбината на ликвидаторот Франц Поковец. Нешто се замерил со партијата и на 24.5.1961 е извршен обид за убиство во Љубљана. Бива ранет и преживува. По оздравувањето целосно се повлекува од јавниот живот. УДБА цело време го следела. Отишла дотаму, што ја присилила неговата жена да работи за УДБА и цело време да известува за сопствениот маж. Поковец почнал да се сомнева во својата жена, но не можел да си помогне: „Сомневањата за нејзината присилна работа за УДБА му ги потврдила дури пред нејзината смрт, откако веќе неколку години морала во детали да ја известува УДБА за својот маж… Кога се приближувал нејзиниот последен час, собрала толку сила, го прегрнала и го молела за простување. Му се исповедала за својата долгогодишна несреќа и притоа горко плачела. Наредниот ден била мртва“.

Од цитираното може да се заклучи дека УДБА е многу поопасна од мафијата. За волја на вистината, треба да се каже дека УДБА првобитно е формирана за заштита на народот и борба против окупаторот и таа улога успешно ја остварува за време на војната. Меѓутоа и мафијата во деветтиот век, за време на арапската окупација на Сицилија, имала позитивна улога. Арапскиот збор мафија значи прибежиште, каде што се криело домашното население пред арапските освојувачи. Се работи за општ социолошки примерок, кога организацијата создадена за одбрана на легитимни интереси на најшироките маси, кога ќе дојдат кормилари злосторници без белег за да можеш да ги препознаеш, ја насочуваат кон други цели.

Меѓутоа, ниеден пример не ја потенцира толку сличноста помеѓу мафијата и УДБА, како вистинскиот настан, според судијата Фалконе (убиен од мафијата). Кога Фалконе го прашал тукушто затворениот Френк Копола што е мафија, мафијашот му одговорил: „Има три кандидати за местото јавен обвинител. Првиот е необично прониклив, признаен и почитуван стручњак. За другиот се договориле странките на владејачката коалиција. Третиот е идиот. Службата ја добива третиот. Тоа е мафија, господине“.

Извор

(31-03-2011, 09:49 PM)montehristo Wrote:
(31-03-2011, 09:23 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(31-03-2011, 09:04 PM)Makedonec Wrote: Секое чудо за три дена....чисто дневно политичко вадење на долен веш....

Не верувам дека некој во државава ќе има храброст Б.Ц да го стави во притвор барем на 5мин,едноставно немогуче...оти батето е способно да жртвува цела држава...ако треба и цијанид ќе испие ама тој човек додека е жив нема да биде осуден,макар колку и да има или нема докази Icon_razz



Се слагам со тебе 100%. Што е причината за стравот.?? Aко ја дознаеме причината ке осознаеме многу.
Причината е водосиеата што тој и неговата банда ги поседуваат за сите останати, така да можат кого и во било кое време да уценуваат.
Тоа е причината, тој е УДБашки/КОСовски испрдок, од таму нема излегување жив(за тоа сте во право).
Затоа и самиот вели што ќе ми е Македонија без партијата.
Затоа што тие без нивната партија се никој и ништо.


Доволно е да се запрашаш, кој ги бираше судиите 1996, и по кој аршин, а како ги контролираат и какко ги контролирале пред 1996 и 1991, одговор се досиеата а и оние вработени во УДБа во Битола па ќе ти биде се јасно.



An inch today is tomorrow’s mile.
31-03-2011, 11:17 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(31-03-2011, 05:37 PM)basilius_2 Wrote:
(31-03-2011, 05:25 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Нели благо речено ПАЃА в очи како некој постојано да го турка Лиобчо низ телевизиите на разни интервјуа, дали сме ние гледачите навистина до толку блесави или пак Режисерот само не` мисли за блесави...

Коњанику, проблемот е во тоа што Љубчо од Патриот стана Супер-Предавник.Посебно се интересни ставовите околу тоа дали имало или не Бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите ставови за името.
Во 1991 година тој изјавува дека немало Бугарофили, додека во врска со Грците тој изјавува тотално нешто друго. Во денешно време,повикувајќи се на авторитетот и легимитетот како весник за Слободна и Независна Македонија сето тоа го уништи, и зазема тотално други позиции.
Сега е прашањето за колку грста азно се смени?

Видете, ова ваше пишување ми вели дека вие сте имале големи очекувања од Љубчо.
Затоа така пишувате строго за него, се чувствува големо разочарување кај вас.
Но, запрашајте се дали сте можеле вие да постапите поинаку.
Еве, јас да сум бил на негово место, не, ајде вака, би можеле да го споредиме со Јоцо во некои аспекти.
Како и Јоцо, и тој бил опкружен со кодоши и соработници на УДБа/СДС/КОС, кај Љубчо се уште и поприсатни, може да се каже дека сите кои го опкружувале му работеле позади грб.
Во случајот на Јоцо, тие него го уништуваат финансиски, здравствено, социјално и го тераат да си замине за да не се врати.
Во случај на Љубчо, тој да заминел тој можеби и ќе бил гонет, така да наместо Љубе, можеби тој ќе завршел во Хаг, а можеби на пат за таму и да му се случела некоја несреќа како на Трајковски.
Така да тој прифатил нешто да биде пињата која во јавност служи за удирање по неа со цел јавноста да се испразни, и тоа доста добро си го наплати.
Што се случува тука, Телалот работи за УДб/КОС/СДС и нормално дека злосторите свои ќе ги претставува за грешки а на противникот ќе ги преувеличува и преименува за злостори.
Знаете има една книга која јас радо ја споменувам, тоа е: "Influence" by "Robert Cialdini". На страната 45 вели:(прво на англиски , па на Македонски)
Quote:#Responsibility
The requester's concession within the rejection-then-retreat technique not only caused targets to say yes more often, it also caused them to feel more redponsible for having "dictated" te final agreement. Thusthe uncanny ability of the rejection-then-retreat technique to make its targets meet their commitments becomes understandable: A Person who feels ewsponsible for the terms of a contract will be more likelly to live up to that contract.#
Mакедонски
“ Одговорност
Oтстапките на Барателот во техниката одбивање-паповлекување не само што предизвикало жртвите да да велат да почесто, туку и да се чувствуваат поодговорни при “диктирање“ на крајниот договор.
OОваа необјаснива способност на одбивање-па-повлекување да ги направи жртвите да ги исполнат своите должности постанува разбирлива:Индивидуата која се чувствува одговорна за условите на договорот ќе биде поверојатно дека ќе се придржува на тој договор.

Го работеле до толку што тој мислел дека има контрола.
Но за сите оние диктати кој тој мислел дека ги поставува мислам дека се изнудени баш од оние кои го манипулирале и кои и сега го манипулираат.
Јас сум на мнение дека тој сеуште не знае кај се наоѓа.
Јоцо, ти си во предност, ти го имаш своето досие.
Неговото е сеуште отворено, тој по мене е кукла која е управувана уште, што е уште поопасно.
Како и во фудбал кога одвојувате еден или двајца играчи да покриваат еден напаѓач така и НП служи за пацифизирање на поголем дел од автономно мислечките граѓани.
Секако со цел да бидат контролирани.
Не знам, можеби забегувам, но можам да го разберам Љубчо за некои работи, секако дека не го оправдувам, неговите грешки се само негови, и одговорноста е негова, се надевам само дека кога ќе се самопреиспита ќе дојде до сите негови пријатели-ангели-контролори.

An inch today is tomorrow’s mile.
01-04-2011, 01:19 AM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

[quote='montehristo'

Го работеле до толку што тој мислел дека има контрола.
Но за сите оние диктати кој тој мислел дека ги поставува мислам дека се изнудени баш од оние кои го манипулирале и кои и сега го манипулираат.
Јас сум на мнение дека тој сеуште не знае кај се наоѓа.
Јоцо, ти си во предност, ти го имаш своето досие.
Неговото е сеуште отворено, тој по мене е кукла која е управувана уште, што е уште поопасно.
Како и во фудбал кога одвојувате еден или двајца играчи да покриваат еден напаѓач така и НП служи за пацифизирање на поголем дел од автономно мислечките граѓани.
Секако со цел да бидат контролирани.
Не знам, можеби забегувам, но можам да го разберам Љубчо за некои работи, секако дека не го оправдувам, неговите грешки се само негови, и одговорноста е негова, се надевам само дека кога ќе се самопреиспита ќе дојде до сите негови пријатели-ангели-контролори.

Nema nishto da dodavam shto i da kazham mozham samo da rasipam.No jasno e edno neshto deka pocnuvame site zaednicki da razmislluvame sekoj na svoj nacin no cellta e edna ista stignuvanje do vistinata.
I shto ocekuvam sega.Sega brgu centrovite ke treba da ufrllat nekoj so desen ekstremen komentar za da se prekine so vakov nacin na konstruktivno razmislluvanje.Ke pocekam da vidam dali ke bidam vo pravo


[/quote]

01-04-2011, 11:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Како почна комуњаризацијата на ВМРО ДПМНЕ, односно онаа што Љупчо несака да го каже.



Quote:"MITO, MORE MITO - I KORUPCIJA"



Минатата влада на СДС, во чии редови се случуваа најголемите малверзации, успешно се одржуваше на власт, со тоа што кога некој ќе претераше во лакомоста и во грабежот со голема помпезност ќе го "сменеа" од високото место (т.е. ќе го преместеа на друго, дури и подоходовно)
Се случуваат "мистериозни" работи кои ме потсетуваат на нешто веќе видено и добро познато. Види промени! Сега "јавните набавки" повторно ги добиваат фирми кои се или лични на самите носители на највисоки функции во новата власт или пак се на блиски од непосредното семејство


Пишува: Спиро ХРИСТОВ 25.02.1999

Народот гласаше за промени. Гласаше за партиите од кои очекуваше да стават крај на сите дотогаш видени и невидени неправилности. Гласаше за нови луѓе, некорумпирани, чесни. Луѓе на кои беа принудени да им веруваат. Нови луѓе кои нема да се однесуваат како претходниците, кои ќе ги извлечат од кризата и кои конечно ќе ги поведат кон подобар живот. Но…

Народот гласаше како што гласаше и на власт ја донесе "Коалицијата за промени" составена од ВМРО-ДПМНЕ и Демократската алтернатива, на кои при конституирањето на новата власт им се придружи с# уште нерегистрираната ДПА. Ја формираа новата Влада и најавија енергични мерки за искоренување на сите неправилности оставени од старата власт. За таа цел формираа и многубројни анкетни комисии за испитување на дотогашните јавни набавки. Дури најавија донесување на Закон за борба против митото и корупцијата кој веќе е во собраниска процедура и е пред донесување. Сето тоа е многу позитивно. Позитивни се и најавите во него дека никој што е на висока позиција, па и никој од неговото потесно семејство, не смее да се занимава со исти или слични бизниси што би имало врска со местото на кое е избран. Во врска со "општите" промени, новите министри уште на почетокот, покрај тоа што менуваа с# и сешто околу нив, најавија испитување на сите јавни набавки, контигенти и тендери кои се случиле во нивните министерства во периодот пред нив. Поднесоа голем број кривични пријави против сите оние кои во минатото правеле малверзации. Но, барем досега, тоа некако многу јалово им оди. На почетокот гласно најавените кривични пријави како да им паѓаат во вода. Очигледно нивните претходници во таа област се вистински професионалци. Сето тоа добро го покриле со "валидни" документи, а искористувајќи ги недореченостите во постоечките закони, кои претходно тие и ги донесоа, како да сметаат дека од сите обвинувања ќе се извлечат неказнети. Зар и тоа е можно? Па сите знаеме што се случуваше во изминатите неколку години. Но, за голема жал на народот, изгледа дека тоа сепак ќе се случи. Колку се самоуверени и сигурни дека зад себе не оставиле никаква трага. Досега ниту еден од нив ниту е притворен, ниту е осуден, ниту пак е затворен. Ниту пак некој покажува некаква паника, па да се обиде да избега или да ја напушти државата. Најверојатно незаконски печалените пари им се некаде далеку на сигурно, недостапни за никого. Се поочигледно станува дека "луѓето" си беа вистински махери во "матење" на водите во кои успешно си пливаше нивниот "ОКТОПОД".


ДУЕЛОТ МЕЃУ "ЗУС" И "БС"

Но, на новата Влада сигурно дека не & е работа да се занимава само со митото и корупцијата на своите претходници. И оваа Влада, во контекст на сето она што го ветуваше пред изборите, мора да презема конкретни мерки за развојот на државата. Значи и оваа Влада мора да функционира и да работи. А за да работи, и таа започна со објавување на: Јавни набавки, контигенти, тендери итн. за своите министерства и јавни претпријатија. Некои од тие објави веќе и завршија. И што се случува околу нив? Се случуваат "мистериозни" работи кои ме потсетуваат на нешто веќе видено и добро познато. Види промени! Сега нив повторно ги добиваат фирми кои се или лични на самите носители на највисоки функции во новата власт или пак се на блиски од непосредното семејство. Само еден пример. Деновиве е доделен тендер за снабдување на министерствата со копир хартија. И, "чудно", тоа го добива фирмата на министерот за финансии, Борис Стојменов. Но, уште почудно е што веќе наредниот ден тоа право му се одзема и му се доделува утешниот тендер за снабдување со обрасци за завршни сметки и други ситни документи. А одземениот тендер му се доделува на Здружението за унапредување на стопанството, "ЗУС" - претпријатие околу кое се вртеа најголемите афери во изминатиот период. Главниот снабдител на претходната власт на сите оние документи за кои се трошеа големи пари. Претпријатие кое е спомнато и во кривичните пријави што министерот за внатрешни работи, Павле Трајанов, ги поднесе против своите претходници - Љубомир Фрчкоски и Томислав Чокревски, преку кое се вршела набавката на сите документи потребни на МВР - од лични карти, обрасци, формулари, па с# до пасошите кои се набавуваа во големи количини. Колку ли само милиони марки и долари исчезнаа и се прелеаја во приватни џебови? Колку голема е разликата од набавната до продажната цена? Како да не можело самото Министерство директно да ја изврши набавката од печатницата "Киро Дандаро" од Битола, па морало тоа да оди преку ЗУС. Тоа допрва ќе се испитува. Но, сега посебно ме зачуди повторната појава на тендери на ова претпријатие, а уште повеќе ме зачуди и ме вчудовиде тоа што ова претпријатие почна и да ги добива тие тендери. Зар е вистина објавената вест на А1-телевизија дека сега зад тоа претпријатие стои лично директорот на Агенцијата за обнова и развој Васил Тупурковски кој за време на изборната кампања добил не мали парични средства од тоа претпријатие токму за таа кампања? Ајде за "Алмако" се разбра веднаш по изборите, бидејќи двајца од сопствениците на таа фирма веќе се министри во новата Влада, но ете сега се појавуваат и нови имиња на неговите финансиери на предизборната кампања, кои веќе & се добро познати на јавноста од минатиот период - имиња од кои јавноста не само што е зачудена, туку е и вчудовидена. Тоа н# наведува на помислата дека покрај наведените сигурно има и многу други за кои с# уште не се знае. Исто така деновиве се случува и една друга, мошне интересна и чудна работа. Имено, на неговата Агенцијата за обнова и развој & е отстапен на користење цел кат од деловната зграда на "Македонија Табак". Зошто интересно и чудно? Затоа што на чело на тоа претпријатие се наоѓа Страшо Неловски, кој не само што беше кандидат на СДС на минатите парламентарни избори, туку е и член на највисоките органи на таа партија. Дали пак зад сето ова стои секогаш "мистериозниот" таканаречен "крал на тутунот" и како што се зборува, еден од најбогатите луѓе во Македонија Данчо Шутурков, човек за кого многумина сметаа дека со доаѓањето на новата власт конечно ќе заврши и неговото владеење. А многуте "малверзации" околу тутунот и цигарите во последните години конечно ќе се откријат пред јавноста. Дали и тој беше и тоа, еден од најголемите финансиери на предизборната кампања на Демократската алтернатива? Од ден на ден с# почудни работи се откриваат. Вистината за многу матни работи, полека но сигурно излегува на виделина.

А што се случува со народот, со гласачите? Некои не сакаат да поверуваат во овие работи и не сакаат да си признаат дека можеби згрешиле на последното гласање, па инаетчиски изјавуваат: "Ами и претходниците го правеа истото". Но, поголемиот дел од народот од ден на ден с# повеќе чувствува горчина од ваквите работи и с# повеќе и погласно почна да се запрашува: Дали и овој пат можеби погреши при гласањето на последните парламентарни избори?


(This post was last modified: 01-04-2011, 09:35 PM by ЈорданПетровски.)
01-04-2011, 09:34 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(01-04-2011, 09:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Како почна комуњаризацијата на ВМРО ДПМНЕ, односно онаа што Љупчо несака да го каже.


Ќе мора, ќе мора, јас сум на мислење дека тој би бил заштитен сведок број два, веднаш по заштитниот сведок број еден кој ќе е инсајдер во УДБа и СДС.
Но, за тоа по доаѓање на ПРВАТА Демократска Власт во Македонија.
An inch today is tomorrow’s mile.
01-04-2011, 10:12 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Луѓе, она кое против се борите вие, УДБа или подземје или како и да го викате сеедно, е некако и некогаш, победливо, ама смислата не можам да ја приметам. Морам да забележам едно нешто. Народот не можете да го победите во неговите убедувања. Каква е таа бе ДЕМОКРАТСКА АЛТЕРНАТИВА составена од најголемите, не Титовисти, него од најтврдото, најсуровото, можеби и сталинистичко крило на КПМ. Како е можно да се протне таква лага. Што е за вас, објаснете ми, причината за немањето вистинска перцепција кај луѓето овде, ако не е менталниот склоп и она во кое тие сакаат да веруваат и да го слушнат. Значи, или јас не го зборувам истиот јазик со оние кои истите тие демократи ги гласале, или можеби треба подруго да ги толкувам зборовите кои овде се кажуваат. Можеби демократ овде значи сталинист. А Љубчо не го приметува се тоа, од неговите говори од 1990, 100% сум убеден дека не бил глуп и не ги знаел работите појасно од било кој. Не може никој да ме убеди дека е овде од незнаење нешто толку очигледно и веќе видено. Која е бе таа тајна служба, што им вика на луѓето, абе знаете, овие се старци потрошени, излезени од едноумието, ама и покрај се, тие се демократи. Не е се така едноставно, префрли ја цела вина на една група на луѓе, па како тие да се победат. Проблемот е многу подлабок, дури и психолошки, со гаранција можам да потврдам.
(This post was last modified: 02-04-2011, 03:13 AM by Nikola.)
02-04-2011, 03:08 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(02-04-2011, 03:08 AM)Nikola Wrote: Луѓе, она кое против се борите вие, УДБа или подземје или како и да го викате сеедно, е некако и некогаш, победливо, ама смислата не можам да ја приметам. Морам да забележам едно нешто. Народот не можете да го победите во неговите убедувања. Каква е таа бе ДЕМОКРАТСКА АЛТЕРНАТИВА составена од најголемите, не Титовисти, него од најтврдото, најсуровото, можеби и сталинистичко крило на КПМ. Како е можно да се протне таква лага. Што е за вас, објаснете ми, причината за немањето вистинска перцепција кај луѓето овде, ако не е менталниот склоп и она во кое тие сакаат да веруваат и да го слушнат. Значи, или јас не го зборувам истиот јазик со оние кои истите тие демократи ги гласале, или можеби треба подруго да ги толкувам зборовите кои овде се кажуваат. Можеби демократ овде значи сталинист. А Љубчо не го приметува се тоа, од неговите говори од 1990, 100% сум убеден дека не бил глуп и не ги знаел работите појасно од било кој. Не може никој да ме убеди дека е овде од незнаење нешто толку очигледно и веќе видено. Која е бе таа тајна служба, што им вика на луѓето, абе знаете, овие се старци потрошени, излезени од едноумието, ама и покрај се, тие се демократи. Не е се така едноставно, префрли ја цела вина на една група на луѓе, па како тие да се победат. Проблемот е многу подлабок, дури и психолошки, со гаранција можам да потврдам.

Quote:Владеењето на Груевски најдобро го опишува еден пасус од “Првиот круг” од Александар Солхенетцин, околу смртната казна и Сталин. Имено, Сталин донел декрет со кој ја забранил смртната казна, но ја заменил со ликвидација од страна на КГБ, на кулагите и сите негови противници и приврзаници. Со тоа тој станал поголем хуманист и прогресивец од Западот и Америка.
02-04-2011, 03:33 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Доколку навистина пречката на македонските евроатлантски интеграции можела да се отстрани со еден брз потпис за промена на името, тогаш прашањето е зошто не го сторил тоа дури беше премиер?
07-04-2011, 05:08 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(07-04-2011, 05:08 PM)Solenik Wrote: Доколку навистина пречката на македонските евроатлантски интеграции можела да се отстрани со еден брз потпис за промена на името, тогаш прашањето е зошто не го сторил тоа дури беше премиер?

Ако сме искрени, сега со компромис ќе влеземе во НАТО, а и ќе почнеме преговори со ЕУ. Тоа постојано го велат од Букурешт наваму сите од САД до ЕУ...

П.С. Да не влегуваме во непотребна дискусија, но нели името веќе беше променето? Или Кирца го зачувал името на времето со саканата ни референца?

07-04-2011, 05:21 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(07-04-2011, 05:21 PM)acko Wrote:
(07-04-2011, 05:08 PM)Solenik Wrote: Доколку навистина пречката на македонските евроатлантски интеграции можела да се отстрани со еден брз потпис за промена на името, тогаш прашањето е зошто не го сторил тоа дури беше премиер?

Ако сме искрени, сега со компромис ќе влеземе во НАТО, а и ќе почнеме преговори со ЕУ. Тоа постојано го велат од Букурешт наваму сите од САД до ЕУ...

П.С. Да не влегуваме во непотребна дискусија, но нели името веќе беше променето? Или Кирца го зачувал името на времето со саканата ни референца?

Во 1998-2002 ова не било опција?
07-04-2011, 07:59 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Не. Тогаш требаше да се исполнат и други критериуми за влез во НАТО и почнување на преговори со ЕУ. Сега без разлика колку добро сме ги исполниле тие критеруми, од таму ни велат дека тоа сме го завршиле и пречка е името.

07-04-2011, 08:59 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(07-04-2011, 08:59 PM)acko Wrote: Не. Тогаш требаше да се исполнат и други критериуми за влез во НАТО и почнување на преговори со ЕУ. Сега без разлика колку добро сме ги исполниле тие критеруми, од таму ни велат дека тоа сме го завршиле и пречка е името.

Депешата од Викиликс е од 2008-ма. На мене не ми личи дека со промена на името има гарантиран влез во НАТО. Напротив забелешките кои се направени тогаш, сеуште не се задоволени.

Quote:

DEFENSE REFORMS ON TRACK; POLITICAL & ECONOMIC REFORMS KEY OBSTACLES REF: STATE 7173 Classified By: P/E CHIEF SHUBLER, REASONS 1.4 (b) & (d). ¶1. (C/REL NATO) SUMMARY:

Macedonia is in its 7th MAP cycle and has made significant progress in meeting its defense reform goals, but still falls short in terms of meeting political and economic MAP criteria. To be considered a strong candidate for NATO membership by mid-2007, with a view to receiving an invitation in 2008, we believe Macedonia should meet the following key criteria:

Strengthen democracy and the rule of law, and combat corruption by :

--conducting free and fair parliamentary elections in 2006 that meet internationally-accepted standards;

--fully implementing the judicial reforms package to strengthen the independence and efficiency of the judiciary; and, --showing significant progress in aggressively prosecuting high-profile corruption cases.

Create a better business environment by:

--meeting the milestones established for World Bank-financed projects on real estate and cadastre registration, and implementing judicial reforms regarding contract enforcement; and, --completing in a transparent manner the privatization of the state energy distribution and generation companies, with full accountability for the use of funds derived from that action.

Continue defense reforms by:

--pursuing defense personnel downsizing while ensuring equitable representation of ethnic minorities in the Armed Forces, but in a manner that ensures qualified personnel are selected and that training and promotion standards are not lowered.

Key Message: Should Macedonia fail this task, it would call into question the country,s readiness to present itself as a strong candidate for a NATO membership invitation in 2008.

----------------------------------------------------------------------

ПРЕВОД:

"Македонија е во својот 7-ми ПВА (План за Воена Акција) циклус и има направено значаен напредок во остварување на целите за реформи во Одбраната, но, сеуште нема сторено доволно за да ги исполни политичките и економски кртитериуми на ПВА. За да биде сметана за сериозен кандидат за членство во НАТО, за да може да очекува покана за прием, ние сметаме дека Македонија треба да ги исполни следниве критериуми до средината на 2007. година:

Да ја зајакне демократијата и владеењето на Законите, и да спроведе борба приотив комрупцијата преку:
-- спроведување на слободни и чесни парламентарни избори во 2007. година, кои ќе бидат спроведени според меѓународно-прифатени стандарди;
-- комплетно спроведување на судски реформи, за да се зајакне независноста и ефикасноста на судството; и,
-- да покаже значаен напредок во гонење на високо-профилни случаи на корупцуја.

Да создаде подобри услови за стопанисување (бизнис) преку:
-- да се сретнат воспоставените цели за проектите финансирани од Светската Банка во однос на недвижнини и регристации во Катастарот, и спроведување на судски реформи во однос на почитување на воспоставените договори; и,
-- спроведување на транспарентна приватизација на државните претпријатија за производство и дистрибуција на електрична енергија, со целосен отчет за како ќе се искористат парите добиени од овие дејства.

Да ги продолжи реформите во Одбраната преку:
-- намалување на воениот персонал, додека истовремено да се запази еквивалентноста на малцинските припадници во Оружените Сили, но на начин преку кој квалитетот на изберениците и нивната обука нема да страда.

Клучна Порака: Доколку Макеоднија не успее да ги исполни наведените задачи, тогаш не ќе може да биде сметана за сероизен кандидат за покана за членство во НАТО во 2008. година."




Името никаде не се споменува во конткест на услов за прием во НАТО.

07-04-2011, 10:31 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Во депешава не пишува, но тоа е само една обична депеша, на самиотот на НАТО во Букурешт веќе се виде дека тоа е проблемот, а истото го повторуваа и подоцна. И од администрацијата на Буш и Обама. Да се седне и да се најде компромис и Македонија ќе влезе во НАТО. Во спротивно излегува дека Буш се зафркавал кога во Букурешт велеше дека Македонија ќе биде примена, дека сме ги исполниле условите и сл., а Грците само послужиле како алиби.

Ти мислиш дека не не примија поради тие наведени неколку точки во депешата и доколку се реши со нив веднаш ќе не примат?

08-04-2011, 12:00 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Aцко,
оваа депеша треба нешто да ти осветли.
Тука нема ни збор за политика, оваа депеша е со чисто дипломатски речник.
Кога Америка се обраќа со јавни пораки таа има предвид и тоа како тие пораки ќе се интерпретираат во јавноста, посебно Грчката.
Тоа ти е политика.
Оваа депеша никој нормален во Американската дипломатија немал намера да ја обзнани во јавноста.
Во оваа депеша дипломатот кој ја има испратено депешата се задржува на срцето на проблемите.
Американците дипломатијата ја земаат смртно озбилно, исто и Грците
Дали ние имаме сериозни дипломати кои размислуваат со своја глава и патриотски и ладнокрвно?
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 08-04-2011, 12:19 AM by montehristo.)
08-04-2011, 12:18 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(08-04-2011, 12:00 AM)acko Wrote: Во депешава не пишува, но тоа е само една обична депеша, на самиотот на НАТО во Букурешт веќе се виде дека тоа е проблемот, а истото го повторуваа и подоцна. И од администрацијата на Буш и Обама. Да се седне и да се најде компромис и Македонија ќе влезе во НАТО. Во спротивно излегува дека Буш се зафркавал кога во Букурешт велеше дека Македонија ќе биде примена, дека сме ги исполниле условите и сл., а Грците само послужиле како алиби.

Ти мислиш дека не не примија поради тие наведени неколку точки во депешата и доколку се реши со нив веднаш ќе не примат?

(08-04-2011, 12:18 AM)montehristo Wrote: Aцко,
оваа депеша треба нешто да ти осветли.
Тука нема ни збор за политика, оваа депеша е со чисто дипломатски речник.
Кога Америка се обраќа со јавни пораки таа има предвид и тоа како тие пораки ќе се интерпретираат во јавноста, посебно Грчката.
Тоа ти е политика.
Оваа депеша никој нормален во Американската дипломатија немал намера да ја обзнани во јавноста.
Во оваа депеша дипломатот кој ја има испратено депешата се задржува на срцето на проблемите.
Американците дипломатијата ја земаат смртно озбилно, исто и Грците
Дали ние имаме сериозни дипломати кои размислуваат со своја глава и патриотски и ладнокрвно?

Со други зборови кажано, Американците си го тераат својот интерес, а тоа е да се популарни и кај едните и кај другите. Сигурни се дека Грција ја врши влаканата работа, па затоа тие можат да ни велат "името е проблем".

За твоето прашање: "Ти мислиш дека не не примија поради тие наведени неколку точки во депешата и доколку се реши со нив веднаш ќе не примат?"
Прочитај го ова, па кажи ми што мислиш ти:

Quote:Форум Плус, број 34, 13.05.2006


Top Secret

ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕ СТАНА ЧЛЕНКА НА НАТО СО БУГАРИЈА И РОМАНИЈА


Вилијам Коен, секретарот за одбрана на САД во времето на Бил Клинтон, на 23 декември 1997 г. оствари посета на Италија, Босна и Македонија. Пред посетата, како што е обичај, кабинетот на Коен побарал анализа од подредените во Пентагон за тоа што се случува во Македонија и како може што побрзо да £ се даде помош на Македонија за нејзино зачленување во НАТО.

За потребите на мислењето од командата на Јужното крило на НАТО во Неапол било побарано офицерите кои требало да го придружуваат Коен во неговиот балкански дел од турнејата да се информираат што подобро за ситуацијата во Македонија. Секретарот за одбрана на САД, со увид во развојот на настаните околу Косово, имал став дека треба да £ се помогне на Македонија за дополнување на дефицитот во нејзиното армиско вооружување. Во кабинетот на Коен се говорело за воена помош и до 80 милиони долари.

До заминувањето на Коен на турнејата, во неговиот кабинет биле слеани многу информации за регионот и за Македонија. Она што изненадувало биле информациите за димензиите на развиената соработка на македонските власти со Белград во кршењето на ембаргото за извоз и увоз на оружје со Србија. Списоците на кршењето на ембаргото биле толку обемни, што инстанци во кабинетот на Коен наложиле зголемено следење на центрите што го дозволиле ова.

Како резултат на овие продлабочени анализи откриена е операцијата за набавка на автоматски пушки од Србија за потребите на македонската армија, по 700 германски марки по парче. Исто така, камиони натоварени со цевки за рачни фрлачи зоља веќе биле на македонско-српската граница за извоз во Србија, а оттаму се товареле ракети за зољи што требало да се извезат во Македонија.
Во ретроактивните анализи за тоа што точно е работено меѓу Скопје и Белград во сферата на кршењето на ембаргото бил откриен извозот на српска муниција, преку Македонија, за Тајланд, како и македонскиот извоз за Србија на систем за противвоздушна одбрана, набавен преку македонски компании блиски на македонското Министерство за одбрана, потоа резервни делови за авиони МИГ-21 и МИГ-29, резервни делови за хеликоптери, како и илјадници тони алуминиум за гизли производ на Тисен Есен, милиони каписли за куршум 7,62 мм, купишта друга воена опрема, експлозиви, рачни фрлачи, гориво за ракети...

Според информациите на Пентагон, ваквата воена српско-македонска соработка во тој период изнесувала повеќе од 200 милиони долари. Во тоа не влегувале обидите за набавка на опрема за прислушување, делови за радари и ракети воздух-воздух и земја-воздух, како и радари од најсовремена технологија. Желбите на Србија биле огромни, па со сигурност се знае дека, во екот на борбите во Босна, од Гевгелија биле увезени и реекспортирани за српска Босна неколку камиони радиостаници Моторола, како и 300 пешадиски радари за откривање жива сила.

После сето ова, во Пентагон заклучиле дека тогашниот македонски министер за одбрана и тогашниот наш премиер, како и министерот за финансии и шефот на тогашната ДБК, се главната логистичка поддршка за вооружување на воинствените намери на Србија.
По ваквите сознанија, Коен на разговорите со македонската страна ја изоставил понудата за доопремување на АРМ, а Пентагон ја ставил македонската влада на "црвено" во тековната и идна политичко-воена соработка. Посетата на Коен во декември 1997 г. била "дипломатски" возвратна на гостувањето на Благој Ханџиски на Вашингтон на 18 април истата година. Кога министерот за одбрана Лазар Китановски, пак, на 7 април 1998 г. го посетил Пентагон и енергично ги лобирал Строб Талбот и Френклин Крамер САД да го изнајмат Криволак како нивен воен полигон во регионот, американскиот одговор бил студен и воздржан, воден од информациите за македонското кршење на ембаргото со Србија за оружје и воена опрема. Американски извори тврдат дека во тоа треба да се бараат и главните причини зошто НАТО избегна да ја покани Македонија, во групата со Романија и Бугарија, да £ се придружи на најмоќната воена алијанса во светот.
[1]

08-04-2011, 01:25 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Монтехристо, ти тоа што го пишуваш е во ред, но слоганот ’зборат едно, а мислат друго’ може да се употреби за секоја работа, така ништо не би направиле. Имаме некои опипливи работи како што е Букурешт и тоа што се случуваше таму. САД таму сакаше да станеме членка на НАТО, Буш тоа и го изјави, го изјави и после тоа. Сега ако одиме според вашето останува опцијата дека САД всушност не сакаат да ја видат Македонија во НАТО. Можеби сте во право, но мене не ми е за верување.

И што правиме ако дојде некој на власт што ќе прифати компромис, тогаш пак нема да не примат во НАТО?

ОК.Ќе си останеме со различни гледања и за ова прашање... Icon_razz

08-04-2011, 01:53 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

И имаше и други депеши, во кои стои за тоа како може да се реши спорот со името. Мислам дека имаше една од Париз, каде има опции како да се реши спорот и Македонија да влезе во НАТО.

08-04-2011, 02:29 AM
Reply