Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3.07 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ
Author Message
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#4

Кавгаџијата Стевчо ќе го спасува СДСМ
Вторник, 29 Декември 2009 20:14
Се случи престројување на македонската политичка сцена. Во опозициониот блок се изврши престројување на силите. Во момент кога неговата матична партија успеа да се оттргне од сенката на поголемиот вечен партнер СДСМ и да застане на свои нозе, тој како нејзин единствен градоначалник, и’ зададе силен удар. Изгледа дека Стевчо успеа да ја затвори вратата за понатамошна соработка на двете партии.
Од СДСМ побрзаа да се пофалат со трансферот кој успеаа да го направат и со кој триумфално се пофалија дека е во насока на окрупнување и засилување на опозицијата. Иако за јавноста ова беше изненадувачки со оглед на тоа што Стевчо Јакимовски важеше за истакнат член на Либерално демократската Партија и член на Извршниот одбор во моментот кога ја напушти партијата, за многумина познавачи на состојбите во политиката ова и не беше некое големо изненадување.

Само за потсетување, Јакимовски, беше и еден од кандидатите на конгресот на ЛДП, на кои се избираше заменик на Пенов и на кој победи Манасиевски. Уште од тогаш се говореше за две струи во партијата, за една која е за поголема самостојност и ја предводи Манасиевски и друга која е за тесна соработка со СДСМ предводена од Јакимовски. Неговата идеја беше поразена, па од тој момент тој стана неофицијална фракција на партијата. Продолжи да остварува тесни врски со СДСМ кои денес резултираа со негово преминување во бранковиот тим. Дури и во време на годинешните локални избори, Стевчо себеси повеќе се гледаше како кандидат на СДСМ, одошто на ЛПП. По завршувањето на изборите побрза да ја пофали поддршката на СДСМ и да ја искритикува својата партија за неспособност. Уште од тогаш тој и на јавноста и на својата партија им испрати знаци за промена на партиските бои, нешто за што го поврзуваа од времето на неговото министерување во владите на СДСМ, или од лидерската трка во ЛДП.

Дали доколку станеше претседател на ЛДП ќе ја претопеше целата партија, која меѓу другото важи за една од постарите партии која никогаш не била најкрупен, но секогаш била значаен политички фактор, за кој ретко се лепеле коруптивни етикети. Дали ваквиот експертски углед не дава простор на некои нејзини членови да се профилираат? Дали Стевчо природно му припаѓа на СДСМ?
29-12-2009, 11:03 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ - by NACIONALIST - 29-12-2009, 11:03 PM