Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3.07 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,767
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:ВМРО-ДПМНЕ достави документација до Антикорупциска за случајот „Галеб“

14 Октомври, 2010 ·18:12 Остави коментар

Скопје - ВМРО-ДПМНЕ достави документација до Антикорупциска со која треба да се утврди евентуалната кривична одговорност на Стевче Јакимовски во врска со закупот на ресторанот „Галеб“.

„Спротивно од договорот парите од закупнината наместо на сметката на општина „Гази Баба“ оделе директно на сметката на фирмата на Стевче Јакимовски, „КИТ Консалтинг.

Значи она што претходно го закупил за само 12.400 денари, сега го рента на друга фирма за 36.340 денари или за 24.000 денари поскапо.

За пет години фирмата на Стевче Јакимовски заработила 2 милиони 180 илјади и 400 денари, кои наместо да се исплатат на сметката на општина Гази Баба се исплаќани на сметката на „КИТ Консалтинг“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


Одговор од кој треба да се срами секој нормален човек:


Quote:ДО ГОЛА КОСКА

Препариран фазан


Каква врска има Антикорупциската комисија со приватна фирма? Кој диоптер им треба да прочитаат кој е потписник на договорот. Јас, Стевчо Јакимовски сум основач на фирмата, а не директор. Тоа е сосема исто како за проневерите во Македонски железници да барате одговорност од Трајко Вељановски кој е основач на ова претпријатие, а не од директорот на МЖ
Неколку денови сум во дилема!Што ли значат овие бесмислени прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ? Или се во паника, или се очајно безидејни. Во таква конфузија „направи прес, колку да се направи“, ниту внимаваат што зборуваат, ниту каков ефект ќе постигнат.Почнаа да си пукаат во нога, а на пат се да си извршат класично самоубиство.

Повод ми е последната прес- конференција на господинот, како што го вика мајка ми, Бициклистички. Рие, рие, па одвреме на време ќе летне во јавноста со некој глупав прес: те од каде ми е аудито ( кое е тротинет во однос на „кватрото“ што го вози нивниот градоначалник Сокол Митревски),и на крај слета во „Галеб“. Кога таму, сакам кажам - не знам речам. Се закопаа до гуша.Па замислете, уште го најавуваат: „Гооолем скандал на Стевчо Јакимовски“. Сум ги оштетил дури 20.000 евра, претпоставувам онолку, колку што има во малото џепче (она што ни служи за ситни пари) градоначалникот на Крива Паланка, кој пријави капитал од 3,5 милиони евра?! Значи, уште поголем скандал на ВМРО-ДПМНЕ! Очигледно кутрите пливаат низ водите што сами си ги валкаат, како пирани, па грицни таму, грицни ваму, и заглавија во тиња. Малку ќе грицнеме од Стевче, малку од Заев, а најмногу од Бранко и така ќе си живееме и ќе си владееме. Грицкај, грицкај, ама останаа без месо. Дојдоа до гола коска, оти нема што повеќе да се лаже.Но, главно да ги има во кадар. Си велат“кога не можеме со економска политика, со вработување, со подигање на стандардот на населението,со странски инвестиции, ќе го лажеме народецов со евтини спинчиња и глупави пресови“.Стратегијата е јасна: плукај, плукај што можеш повеќе и подалеку. Како тргнале, ќе воведат олимписка дисциплина, плукање до бескрај. Пикираат на „злато“. Преку „Галеб“ право на Олимпијада.

Јас сум се богател на сметка на Општината Гази Баба, а тие кутри не можат глава да кренат од сиромаштија без закупнината од мојот бивш ресторан. Замислете тој им е економскиот столб во Гази Баба, но и поранешна мајка хранителка. А закупнината, која патем им се плаќа не редовно, туку и три месеци однапред по 600 евра, малку им е. Сакале да штрбнат и од потзакупот.Се разбира може под услов, ако и тие, заедно со мене инвестираа во „Галеб“ во неговото проширување, надградба, модернизација на кујната по ХАЦЦП-систем, новите тоалети, магацини, покриви, врати, прозорци, парно греење, климатизација... Но, од математичките операции тие знаат само одземање. За давање малку тешко им оди. Земањето им е заштитен знак. Место лавот, како симбол, нека си ја земат жирафата, таа постојано пасе во туѓи дворови. Тие сакаат и нивно и туѓо.Па сакаат и закуп, и потзакуп, и јадење и пиење и кафеана, и се кај нив во џеб. Или во стомак. Нели е логично прашањето кое сами го извадија на површина, зашто ако таа мене ми е „златен рудник“ за богатење, ја затворив кафеаната уште во 2005-година? Кој си ја сече гранката на која седи? Па не сум толку луд? Сепак сум некој економист по професија.

Е јас да ви кажам, драги вмровчиња. Ја затворив од таквите како вас и пред се', од Вас. Со години ве ранев бесплатно, на половината од вашите шефови партиски лидери, подлидерчиња и подлизурковци, холестеролот им се качи од мрсно јадење во „Галеб“. Едно време, ви стана и регрутен центар за гладното членство кое допрва требаше да го придобиете. Е после тоа настапуваа моите маки. Нема кој да ја плати сметката. Де ќе плател градоначалникот, де заменикот, де службите, и така ме шетаа во круг до бескрај. Па ова не е мојот потпис, па нема писмо од Општината, и т.н. и т.н. И зијанот не ми паѓаше толку тешко, колку „шетањето по ќерамиди“. А јас министер наместо да се занимавам со државни проблеми, треба да се занимавам со неплатените сметки од гладните вмровчиња. И затоа го ставив клучот на врата и го издадов „Галеб“ во потзакуп. Од вашите „гагачки“, глава не можев да кренам , а не уште да ќарам, па и да се збогатам. За вмровските јубилеи, приеми и коктели, ич да не зборувам. Понекогаш ќе најдевте и по некое спонзорче да покрие некоја вечера, а тоа најчесто беше пак од народна каса, на пример Градското собрание. Е тогаш до крај доаѓаше вмровската мизерија. Во раните утрински часови до даска поднапиени, со оптегнати стомаци од повеќечасовното гнетење, не си одеа додека на повеќето од нив не им дадевме по едно виски под мишка за да пиеле и утре. На градска сметка се разбира. Е сега, знам дека им е мака. Дојде друг газда на кафеаната, кој не дава за џабе, туку секој цех сака да си го наплати чесно. Услуга за пари. Бизнисот така се држи, а не со прес конференции. Или тие си мислат: накркај се, не плати, потоа плукај по пресови.Сметката е порамнета.

А на вашите шефови пак, акциите им пораснаа, па сега не јадат во „Галеб“ туку во разни Воденици, во Ањи, во други отмени кафеани. Пројде дождот, да ти се плукнам во чадорот. Ама и друго е јасно. Не може цела партија, сите во воденицата да се храните. Само пусто, на вашата војска и посиромашно членство „Галеб“ им остана в срце. Што да се прави, се очите им се тука.Туку, деновиве ме изнасмеа еден пријател од Чешка, до кај што стасале вашите лаги и плукачки пресови. Ми вели: „Добро бре, дали се овие нормални што зборуваат, има ли некој да ги преслуша? Ако е вистина ова што го велат, мртви ладни, пред два милиони народ признаваат дека единаесет години ги работиш како бавча,меѓу кои четири вмровски градоначалници, вклучително и градоначалникот на Скопје. Ти се богатиш, а нив не им даваш ништо. Си признаа дека за нив си Марадона. А тие упорно си ќутат. Или им е арно, или се глупи како ноќ! Не знам што да помислам?“ Му велам толку им дофаќа умот. Лага , лага и само лага. Четири години виреат само на лаги, како коприва на буниште. Лагата ќе си ја брендираат како своја заштитна маркичка.

Мене пак, лично, ми прави мерак една друга работа.Од целата оваа папазјанија, најголем ќар имаат граѓаните на Гази Баба. Конечно го видоа својот градоначалник Тони Трајковски. Со изгубен поглед, излета од тешка илегала, со лик како препариран фазан, ( од многу работа или лежење). Кога ќе се погледнам јас пак на огледало,што да видам: Обелев, остарев со подочници. И тој и јас имаме иста функција. Јас со искуство, логично е да ми е полесно. Тој без искуство, би требало да му е потешко. Но, тој е поубав отколку кога дојде на власт. Измазнет, стокмен , личен на мајка. Па нормално ќе биде поубав од што беше , кога го чуваат како да е конзервиран. По се изгледа спие во апарат за длабоко замрзнување, па каков ќе легне, таков станува. По пола ден крати од староста, а другиот дел од деноноќието ужива во кметската функција. Ни дупки, ни улици, ни канализација, ни комарци во Стајковци го интересираат. Само го боли она запче што се вика „Галеб“. И замислете најголемиот проблем во Гази Баба му бил „Галеб“. Другото - се решил. Затоа беше со изгубен поглед, и не знае што зборува, оти срам му е со која тема се појавува пред своите граѓани. Кој за што, тие нешто околу рестораните, јадењето и пиењето. А работата и лопатата се само за Груевски. Како не му е грев, премиерот како физикалец, со плускавци на рацете,а тој ужива ли ужива во спокојот и комоцијата на својата градоначалничка функција.

А сега уште им требаше да продолжат со циркусот „Медрано“, овој пат пред вратите на Антикорупциската комисија. Демек сменија локација циркузантиве.Само ги прашувам, каква врска има Антикорупциската комисија со приватна фирма? Кој диоптер им треба да прочитаат кој е потписник на договорот. Јас, Стевчо Јакимовски сум основач на фирмата, а не директор. Тоа е сосема исто како за проневерите во Македонски железници да барате одговорност од Трајко Вељановски кој е основач на ова претпријатие, а не од директорот на МЖ. Значи повторно само празни плукања. Па нека плукаат... можат само да ми плукнат под прозор. И нека продолжат со лагите. Почнаа со обвинување за 300 евра, сега стасаа до 50.000. Како им тргнала приказнава ќе стасаат и до 500.000 евра. Лаги, лаги и глупости. Е затоа после ќе им паѓа косичката, им се подискривуваат устињата. Од лажење, секако.Ама за секој случај нека си го подготват џепчето и чекмеџето да си ги платат сите отштети од нивната клеветничка и плукачка политика.

За изјавата дека Стевчо Јакимовски, Велија Рамковски и СДСМ не можат да дојдат на власт, можам само да ги потсетам: СДСМ и Стевчо Јакимовски веќе се на власт во Карпош.

Ми доаѓаат на ум зборовите на познатиот генералот Весли Кларк, кој сега продава софтвери за лотарија по Балканот. При неговата посета на нашиот Генералштаб, на вечерата организирана во негова чест, на нашите генерали им изразил чудење за тоа колку противвоздушната одбрана на Милошевиќ била немоќна над 6.000 метри и затоа авионите на НАТО безбедно ги гаѓаа во која сакаат цел во Србија.

И јас им порачувам на овие „тазе испилени“ летачи- бомбардери. Може да плукаат колку сакаат. Отровните стрели на ВМРО-ДПМНЕ не стигаат до мене. За нив јас летам над 6.000 метри височина. Тоа за нив е предалеку. Но, на „Летот над кукавичиното гнездо“ му се гледа крајот. Или самите ќе слетаат, или ние ќе ги собориме. Најдоцна за 18 месеци!

Стевчо Јакимовски
(Авторот е градоначалник на Општина Карпош)
18-10-2010, 03:26 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ - by ЈорданПетровски - 18-10-2010, 03:26 AM